QuoteReply#1Topic: Ски центри (општо) Posted: 04-Dec-2008 at 10:29
ТУРИСТИЧКИОТ ЦЕНТАР НАД БИТОЛА ЧЕКА ИНВЕСТИТОРИ За ски центарот Пелистер потребни 60 милиони евра
Доколку се средат односите со најголемиот донатор, швајцарската
агенција за соработка и развој , и се изнајдат нови инвеститори,
Националниот парк "Пелистер" Битола, може да прерасне во голем
зимско-летен туристички центар. Ден пред почетокот на одбележувањето на
60 - годиШниот јубилеј, директорот на паркот СаШо Мицковски вели дека
швајцарците треба да дефинираат кои од проектите би можеле да ги
поддржат до 2010 година.
"Двете студии за развој на зимскиот туризам на Пелистер, изработени од
словенечки и Швајцарски експерти, предвидуваат бројни сместувачки
капацитети во потпелистерието, а скијачките терени би биле во
повисоките делови на планината, кај Орлови Бари, каде снегот се
задржува подолго време", вели Мицковски.
Ваквата идеја постои долго време и за неа биле заинтересеирани и голем
број странски инвеститори. Проектот би чинел околу 60 милиони евра. За
изградба на инфраструктурата би биле потребни 15 до 20 милиони евра, а
остатокот би се вложил во изградба на прифатилиШта и хотели.
Во меЃувреме, Пелистер останува само место каде битолчани и ретките
гости од надвор, претежно од соседна Грција, можат да се нагостат само
со чист планински воздух. И оваа зима скијачката патека кај Копанки Ќе
остане неискористена, бидејЌи веЌе неколку години не функционира
единствената жичарница на Пелистер со која управува Планинарскиот
спортски клуб "Пелистер". http://www.vest.com.mk/default.asp?id=160445&idg=8&idb=2540&rubrika=Makedonija
Пештанците Наумче и Татјана Јанески успеаја да привлечат гости од цела Европа со изградбата на вила во Ниже Поле, но се незадоволни од инвестициите во ски-центарот
Она што ретко на кој битолчанец му успева - да ја наполни викендичката во Ниже Поле со туристи - му појде од рака на охриѓанец. Нижеполци велат: побарајте сместување кај охриѓанецот, зашто другите објекти не работат. На снегот се постилаат педесетина вили, но претежно се со катанци на вратите.
- Немавме ништо заедничко со Битола и Ниже Поле. Водиме селски туризам во Пештани, а пред шест години од езеро одлучивме да се качиме на планина - раскажуваат сопружниците Наумче и Татјана Јанески, сопственици на вилата „Дамаја“. На почетокот, додека ја граделе во облик на пелистерска елка, на надморска височина од 1200 метри, стравувале дали ќе им тргне работата. Но, една грешка на туристичка мапа им донела туристи.
- Поминуваа странци со мапи, на кои беше исцртан непостоечки пат преку Орлови Бари до другата страна на планината. Беше назначен како асфалтиран и дека преку него може да се оди за Маловишта. Луѓето одеа до ски-центарот на Ниже Поле и се враќаа назад, зашто натаму нема ништо - вели Јанески.
Тие се единствените угостители на Пелистер што повикале странски експерти да ја измерат загаденоста на воздухот. Анализите покажале аерозагадување е еднакво на нула. На гости им доаѓаат Шпанци, Германци, Англичани, Чеси, Словенци. Потпишале договор со неколку планинарски друштва од Европа, кои пролетва ќе престојуваат кај нив. Ќе им понудат прошетки со коњи низ планина. Веќе шест години овие угостители се растргнати на релација Охрид - Битола. Науме работи на аеродром во Охрид, а сопругата Татјана е директор на училиштето во Пештани.
- Проблем е тоа што недостигаат содржини за туристите, а државата не дава ни поволни кредити. Една година подготвувам документација за подигање голем кредит од Будимпешта, каде што оваа дејност се поддржува - вели Јанески. Јанески се прашува како е можно Општината и државата со прст да не мрднат и да не инвестираат во еден убавец како Пелистер.
- Туристи доаѓаат дури од Шпанија, угостителите се волни за работа, но кај државата и Општината нема интерес за инвестиции во ски-терени. Сега се вложуваат големи пари на Кожув, каде што буквално се почнува од нула - со поставување вода, струја, изградба на пат. Овде тоа го има, а сепак од едната страна на планината, кај Ниже Поле, има само еден ски-лифт, а на другата, кај Копанки, три години не се скија - се чуди Јанески. И туристите на Пелистер се едногласни дека планината плаче за инвестиции. Има само еден ски-лифт, а нема ни жичница.
Со ски-центарот Пелистер стопанисува јавното претпријатие „Стрежево“ од Битола. Тоа располага и со проект за ски-терени на Орлови Бари, но за негова реализација не се ни зборува. Од претпријатието негираат дека планираат центарот да го дадат под концесија на приватник. Одбиваат да зборуваат и за идните планови, се' додека не добијат генерален директор, кого го немаат со месеци откако претходниот, Никола Котевски, стана пратеник.
оваа и баш не е некоја голема вила но средена е и на добра локација е сместена 40° 59'58.20"N 21°14'36.61"E одма над директорските викендички, а пред самиот влез на ЗРЦ Стрежево. "вилава" има поглед на Бабин Заб, но штета требало мислам да ја свртат или отворат кон југ кон Дебел Рид и Пелистер, инаку од тука до жичарата односно до печурката која е на падините на Неолица има ~3км. местово е прилично добро, бидејќи е во вдлапка но издигнато на плато кое е отворено кон југ од таму и името ниже-поле па речеси двапати има повеќе сончеви часови него што тоа е случај со Копанки, тука минува и реката Сапунчица која се формира од циркот Големо езеро, прилично чиста река го полни Драгор односно прво оди во каналот сетне како вода за пиење за Битола. климата е одлична, но неретко бидејќи е високо и во длапка особено наесен нижеполе е во облаци, но пејсажот е уникатен а и местото има некаква посебна атмосфера, имам чувство небаре бачила тука имало уште во неолитот знаат битолчани за што зборувам...
едно време се залетаа да го урбанизираат, но луѓето и без тоа почнаа да си креваат викендици и вили, иако претежно под селото а помалку ваму горе кај одморалиштето, обично стихијно една тура во осудесетите друга во деведесетите, и сега последнава, сите тие тука и околу одмаралиштето се дивоградби, инаку има неколку поголеми вили сега што се градат а има и неколку заглавени од оние од деведесетите како што е хотелот на Кире Ѓаоло...
интересно место сепак далеку од терените и сместувачките капацитети на другите зимско рекреативни центри, но за битолчани а и за сите кои сакаат да го качат Пелистер или да се расшетаат по Баба планина местово е извондредно.
Најголема посетеност во изминативе 10 години бележи зимско рекреативниот центар Попова Шапка оваа сезона. За време на викендите бројката на посетители се движи меѓу 5 и 10 илјади гости. Капацитетите на хотелите се исполнети, а освен домашни има и гости од Косово, Албанија, Војводина и Хрватска. И времето наклонето на овој туристички центар. Снежната покривка влева надеж дека годинешнава зимска скијачка сезона ќе потрае и ќе биде повеќе од успешна.
Директорот на друштвото за угостителство и туризам на Попова Шапка Перо Димитриески ни изјави дека е задоволен од досега сработеното. Зимскиот распуст е завршен но од 1 феруари доаѓаат студентите од двата тетовски универзитети. Зимскиот одмор е скапа работа но од 15 февруари цените на хотелските услуги ќе бидат намалени. Овој викенд се очекува пуштање во употреба на најатрактивната скијачка патека Цери Пашина, мегутоа дождот кој вчера падна на Попова Шапка најверојатно ќе го одложи двоседот ќе биде целостно функционален наредниот викенд.
Натпреварите на Попова Шапка во вториот дел од годинешнава скијачката сезона почести и помасовни. На 28 февруари и 1 март ќе се одржи познатиот Шарпланински Куп на 8 март следува Бека купот а една недела подоцна ќе се одржи универзијадата. На сета оваа природна убавина и туристичкиот успех во изминатиов дел од сезонава кој го оствари раководството и новиот директор на ски-центарот Перо Димитриески црна дамка остава дотраената инфраструктура. Малите инвестиции не можат да влијаат за натамошно зголемување на посетеноста, а за што природни услови постојат.
Пример за тоа е детското одморалиште Попова Шапка кое повеќе години не работи. Судбината на одморалиштето и натаму е неизвесна. Беше огласено за продажба но огласот деновиве беше повлечен. Од министерството за труд и социјална политика под чија капа е одморалиштето, соопштија дека огласот е повлечен по налог на антикорупциската комисија а причина се локалните и претседателски избори закажани на 22 март годинава.
По
десет години, Попова Шапка на голема врата се враќа во нов сјај.
Обновени се хотелите и ски лифтовите, а патеките никогаш поубави.
На
еден метар снег и метар и половина на патеките Цирипашина и Ајдучка
Рамнина, само изминативе две недели уживаа повеќе од 10.000 домашни и
гости од повеќе балкански земји.
„Попова Шапка има досега околу
2,5 метри паднато снег, терените се истапкани и можат да дојдат
слободно туристите да скијаат, сите ски лифтови работат. Моментално се
работи на патеката Цирипашина, која веројатно овој викенд или наредниот
ќе биде пуштен“, вели Перо Димитриески, раководител на ДУТ „Попова
Шапка“.
На Ајдучка Рамнина ќе се гради ново „бачило“, а во план е
изградба на уште еден ски лифт, со што овој зимски центар ќе има вкупно
осум.
Попова Шапка од оваа сезона започнува да оживува. На нејзините
терени се враќа и познатиот Шарпланински куп. Според познавачите, ова е
еден од ретките зимски центри коишто нуди вакви убавини и патеки коишто
се адекватни, како за почетници, така и за професионални скијачи.
„Ќе
има доволно снег за Шарпланинскиот куп кој ќе се одржи на 28. и 1.
март, потоа има БК куп, Универзијада. Очекуваме да дојдат гости да
видат што е убавината на Попова Шапка. Мислам дека и од Скопје
скијачите ја знаат Шапка и треба да дојдат да видам колку е убава сега
и што нудиме сега“, изјави Перо Димитриески.
Ако на другите центри уживањето може да го расипе недостигот на снег, на Шапка секогаш има доволно снег и најмногу сонце.
„Можам
само да им кажам на сите мои пријатели и познати што не се денеска
овде, да им биде жал што не се присутни на Попова Шапка“, рече Ивица
Хаџииљоски, турист.
Иако во работен ден, на сонцето, снегот и чистиот воздух и денеска неможеа да им одолеат стотици скијачи.
последниов клип само кажува во колку лоша состојба е патеката и жичарата на Копанки, но тоа е тоа кога сеуште под државна капа се истите слично како и во Крушево, со една разлика што бар Крушево решија да ја продадат па таму работите ќе се раздвижат за некое време! е сега ова со најавите за ски патеки кај Орлови Бари е навистина спектакуларна информација, местото е навистина уникатно веднаш е под големото езеро а и самата бара е повремено глацијално езеро, исто снег и простор за скијање има во недоглед, добро не е баш до толку во недоглед, но дефинитивно повеќе и далеку подобри косини него постојниве како стрежево и копанки, може и супер Г спуст патека да бидне на тој потег итн.
она што ме буни е тоа дали само патеки ќе има или ќе дозволат таму да никне цел туристички комплекс? иако и според текстот на лсл и според подолнава информација станува збор само за патеки, не ме чуди горе да се кренат и поо уште неколку планинарски домови она што е јасно е дека дури сега се носи нов дуп за нижеполе после шеесетите, незнам само како ќе ги вклопат постојните дивоградби од ’80 и ’90тите, но едно е сигурно кој искористил досега сигурно ќе куртули
Туристичко-рекреативната подзона Ниже Поле, исто така дава можности, особено за развој на зимскиот туризам. За таа цел изработена е студија од страна на Кооперативното ателје за Архитектура и урбанизам во Женева, каде се предвидува користење на терените во месноста Орлови Бари. [1]
ако навистина се реализира оваа замисла Пелистер односно Баба планина ќе стане навистина атрактивен зимски туристички центар!
клиповиве планинарскиве ски тури по Пелистер се екстра, штета нема пошироки кадри и од самата околна природа но и вака се добри, длабок снег, височини од 2000-2600м, плус она со планинарските ранци на грб ми е малку и напорно за скијање, добро зависи каква тежина мкнат со себе, но доволно се и кабасти за покомфорно скијање.
патем за она претходно најавените размислувања за искористување на орлови бари, малку терале поопуштено пред две години, но во меѓувреме ретерирале властите со амбицијата, таков бар заклучок можам да извлечам од текстов подоле, освен ако новинарот лошо ја склепал информацијата или намерно оставил простор за шпекулации!
Странски инвеститори се заинтересирани за изградба на зимско-летен туристички центар во месноста Орлови Бари на планината Баба, најави градоначалникот на Битола, Владимир Талески. Тој вели дека комплетниот проект тежи 60 милиони евра. За изградба на инфраструктура ќе бидат потребни 15 до 20 милиони евра, а остатокот ќе се вложи во изградба на прифатилишта и хотели.Јавното претпријатие „Стрежево“ одамна има започнато изградба на патот кон Орлови Бари и за оваа сезона најави интензивирање на земјените работи.
Дека Орлови Бари се навистина атрактивна локација потврдува и директорот на Националниот парк „Пелистер“, Славко Дамески. ,,И ние ја протежираме оваа идеја“, вели тој. „Изработени се студии од швајцарски, словенечки и македонски експерти за можноста за развој на зимскиот туризам и сознанијата говорат дека пределот кон Муза е најповолниот терен на планината Баба за развој на зимски туристички активности“.
Развојот на туризмот е една од главните определби на Националниот парк „Пелистер“, кој најверојатно во иднина ќе има и поголема површина. Имено, Владата на Република Македонија утврди потреба за репрогласување на паркот за посебно заштитено подрачје, но сега со проширени граници. „Груба процена е дека кон паркот треба да се придодадат околу 2.000 хектари нови површини. Од ресенска страна тоа ќе бидат извориштата од Брајчинска Река. Иницијативата ја поведоа жителите на селото Брајчино каде што минатите години реализиравме проект за развој на екотуризмот, па сега сакаат да бидат под наша капа“ вели Дамески. Од битолската страна кон Националниот парк „Пелистер“ би требало да се присоединат високите врвови на Муза и Орлови Бари, место кое е живеалиште на копитарите кои живеат во националниот парк. Водните ресурси во овој дел од планината имаат специфични растителни и животински видови кои заслужуваат да бидат ставени под режим на заштита.
ова е точно за дивите коњи на Пелистер тие претежно на овој потег се вртат бар таму можат да се видат, но доколку пуштат ски патеки или добра инфраструктура нагоре или тие ќе загинат некаде грција или ќе треба да се припитомат! туку ајде еве го и ретерирањето околу тоа каде се може да се гради на тој потег според подолново интервју на БТ градскиот татко, туристичкиот комплекс си останува доле нижеполе а горе ќе бидат терените, евентуално ако пуштат екстра два-три нови планинрски домови инаку ова баш каде што е месноста орлови бари е буквално во територијата на националниот парк веднаш до големото езеро блиску до врвот Муза 40°57'33.6"N 21°13'26.0"E незнам само дали според проектот би требало да има и патеки и од другата страна на сртот спрема Преспа или само на источната страна ќе ги трасираат, но сигурно ќе се надоврзат кон постојната рамничарска патека на стрежево 40°58'50.6"N 21°15'18.8"E која е на крајот од асфалтираниот пат спрема орлови бари, која најверојатно ќе служи за ученици и аматери.
...Една од поинтересните идеи кои ги добиле е за уредување на Националниот парк Пелистер. Градоначалникот вели дека поголемиот дел е заштитен, но се работи на детални урбанистички планови во некои делови.
-Да се направи стратегија, ние очекуваме студии, но тој во голема мера е заштитен и не може тука да се планираат големи градби. Но, за Пелистер, некаде кај Ниже Поле подготвуваме ДУП којшто ќе предвиде кој објекти тука можат да се изградат што би биле на некој начин урбана поддршка на сето она што треба да се случува кон Орлови Бари. Тоа ќе го направиме и ќе го понудиме до инвеститорите на тендер, изјави Талески.
е сега ова маркеров по Црвена река (од г.Ез.) притока на Сапунчица кој ги спојува Нижеполе - г.Езеро - Крани најверојатно порано го барал тоа шеикот за рута за железница која ќе ги спои БТ и Преспа т.е Нижеполе и Крани, не е лошо и сега да се размисли за вакво нешто, единствено што е дискутабилно е дали вакво нешто би изреметило нешто во националниот парк, и воедно дали е поисплатливо монореил или жичарница, вака би можело буквално да се направи уникатен спој од Пелистер и Преспанско а и комотно Крани и Брајчино можат да нудат и зимски туризам, па со најавеното отворање на граничниот премин Маркова нога, прес цела година Преспа да биде атрактивна за туристи!
Спид рајдинг е најновиот зимски спорт во развивање . Постојат многу предрасуди за него: најмногу заради тоа што луѓето го гледаат крајниот резултат, не земајќи го во предвид начинот на обука кој е многу постапен и започнува на сосема благи косини.
За да се занимавате со овој спорт, не значи дека треба да бидете врвен скијач. Најповолните терени за бавење со истиот, се стрмните планини, што не важи за почетниците и пилотите со средно знаење.
Школата за обука со спид рајдинг крила, започнува да работи во втората сермица од Декември на скијачките центри во Македонија: Кожув, Шапка и Шарпланина.
во Ски центарот на Галичица се наоѓаат една жичара и три ски-лифтовина на надморска височина од 1.450 до 2.150 метри, до нив се стигнува преку панорамски атрактивниот асвалтен пат кој ги поврзува Преспанското и Охридското езеро со многу убава глетка на двете езера.
Реализација на старата идеја за ски центри на Галичица - Капитал - 25.01.2007 Асоцијацијата на македонските хотели (АТАМ) достави два проекта за скијачки центри околу Охрид до Европското тело за туризам. Проектите се за финансирање на проект за изградба на ски центри на Галичица. Претседателот на АТАМ, Дончо Таневски вели дека двата проекти се веќе на разгледување во европските тела и дека очекува позитивен исход. „Од 40 земји кои конкурираа со свои проекти за развој на туризмот, нашите два проекти влегоа на финално разгледување”, вели Таневски. Изградба на скијачки комплекс на планината Галичица над Охрид како идеја постои веќе десeт години. Со првичниот проект се предвидуваше изградба на жичарници и ски терени на Галичица. Не се предвидуваше градење на хотелски комлекси, туку туристите и во зимскиот период требаше да ги користат постојните хотелски капацитети. Жичарницата требаше да го скрати времето од хотелите до скијачките терени, а требаше да биде активна и преку лето. За овој проект пред неколку години беше заинтересиран и познатиот словенечки скијач, Бојан Крижај. [1]
Туристички работници од земјава се сериозни партнери, додаде Поповска и напомена дека се големи шансите македонскиот туризам да направи револуција. Премиерот Груевски ги информирал хотелиерите дека Владата одобрила средства за реализирање на проектите околу активирање на ски ценатрот Галичица. “Охриѓани може да се надеваат дека годинава ќе проработи зимскиот центар Галичица. Ако се оди како што треба, ќе има рекреативно скијање”, рече Таневски. 15.02.2008 [1]
Португалскиот компанија "Аквапура" очекува годинава да стартува изградбата на елитниот туристички комплекс во Отешево, кој треба да чини до 50 милиони евра. Според претставникот на "Аквапура" Јордан Плевнеш, урбанистичкиот план е финализиран и наскоро ќе стартува изработката на главниот проект. "Изработката на главниот проект за туристичкиот комплекс се очекува да трае до три месеци. Проектот ќе биде презентиран на Архитектонскиот факултет во Скопје, по што ќе стартува и изградбата", објаснува Плевнеш. Изградбата на монденскиот комплекс се одложува веќе две години, но според Плевнеш одолжувањето нема да влијае врз износот на инвестицијата. Напротив, португалската компанија планира до 2011 година, кога се очекува да биде завршена градбата, комплексот да биде проширен со нови содржини во ски-центарот кој ќе се наоѓа во Националниот парк "Галичица". "Комплексот ќе биде збогатен со нови содржини во зимскиот центар, кој ќе се наоѓа во Националниот парк 'Галичица'. Има повеќе експертски фондации од Европската унија кои ќе работат на хармонизирање на она што го нуди Националниот парк 'Галичица' и она што може да го направи 'Аквапура', со што ќе го стави Отешево на светската туристичка мапа", вели Плевнеш. [1]
дали знае некој каде се точно терените, јас немам претстава бидејќи имам отидено само еднаш во основно па малку ми е се измрдано мислам дека е оваа локација 40°59'11.54"N 20°52'09.08"E но не сум баш сигурен сепак на некои места се спомнува дека терените се на 10км од отешево...
Правилата за добивање планинарска книшка во иднина ќе бидат многу построги, а сите поделикатни тури ќе мора да имаат планинарски водачи, велат од Центарот за обука на планинарски кадри
На Осоговието нема зимска маркација, па планинарите од земјата и од странство кои не го познаваат теренот се во опасност
Необележани патеки и недостиг од засолништа во најголем дел од планините, како и непостоење единствена горска служба за спасување е проблемот со кој се соочуваат планинарите во зимските месеци. Драмата со четворицата планинари, кои поради снежната бура и густата магла викендов останаа заробени во Осоговските Планини, го исфрли на површина проблемот со обезбедувањето на основните услови за планинарење, подготовките, приодот и опремувањето на освојувачите на планинските врвови. Некои дури сметаат дека искачувањето на високите врвови треба да биде забрането во зимски услови бидејќи ризиците се огромни, а и најголем дел од планинарите не се доволно опремени.
ПАТЕКИТЕ БЕЗ ЗИМСКА МАРКАЦИЈА
Кривопаланчанецот Стојанче Костовски (62) е искусен планинар, кој на Царев Врв ( 2.085) на Осогово се има искачено 181 пат од кои 70 во зимски услови. Неколкупати му се случувало да се загуби, како што тоа му се случи во неделата додека со својот пријател Јорданчо Костов (60) се симнувале од врвот, но секогаш успевал да најде излез од снежната планина.
- Пред десет години Планинарското друштво „Руен“ го маркира теренот со дрвени столпчиња, но тие веќе се уништени. Потребно е да се поставаат соодветно обележани бетонски столбови, што е приоритет и на планинарското друштво, но за тоа се потребни пари. На теренот нема ниту засолништа, кои им се неопходни на планинарите. Ова се елементарни услови, кои мора да бидат обезбедени, бидејќи за Осоговието постои огромен интерес. Доаѓаат се' повеќе планинари од другите краишта од земјата и од странство, кои не го познаваат теренот, а на оваа планина се организираат и меѓународни трансферзали. Истовремено, неопходна е и спасувачка служба, која треба да биде финансирана од општината или државата, каде што секое искачување на планината ќе биде пријавено - вели Костовски.И од Асоцијацијата на професионални водачи во планина потврдуваат дека најголем дел од нашите планини немаат зимска маркација.
- Освен изолирани случаи, како Солунска Глава, во другите региони во земјава немаме зимска маркација и затоа планинарите треба добро да промислат пред да се впуштат во какви било авантури.Одличен пример е ски-центарот Кожув, каде што во рамките на туристичко-рекреативниот центар има совршена маркација, каква што е потребна и за другите планински предели - вели генералниот секретар на Асоцијацијата, Константин Циривири.
Тој е и раководител на Центарот за обука на планинарски кадри при Федерацијата за планинарски спортови на Македонија. Како проблеми ги истакнува стручно-техничка едукација на планинарите и нивната несоодветна процена на условите при освојувањето на планинските врвови.
- Од поединечни случаи на непромислено однесување на поединци не смееме да донесуваме заклучоци за македонското планинарство, затоа што ние имаме изградено квалитетен систем за планинарење. Центарот за обука соработува со планинарските друштва и нашите планинари се релативно добро обучени. Но, треба да се знае дека не секој што ќе добие планинарска книшка е добар планинар. Ако нема правилен приод кон овој спорт и не ги процени реалните можности, временските услови и другите услови, се прават грешки, кои може да бидат кобни. Затоа, во иднина правилата за добивање планинарска книшка ќе бидат многу построги, а сите поделикатни тури мора да имаат планинарски водачи - вели Циривири.
НЕДОСТИГ ОД ЛИЦЕНЦИРАНИ ВОДАЧИ
Според Циривири, во државава се' уште нема доволен број лиценцирани водачи. Засега има стотина, а потребни се околу 300 за да ги задоволат потребите не само на планинарските спортови, туку и на планинскиот туризам.Планинарите велат дека во државава нема посебна горска спасувачка служба, туку само одделни тимови, кои дејствуваат во рамките на Црвениот крст, и кој нема свои пунктови во градовите, или тоа се приватни обезбедувања на одделни планинарски објекти и центри.
- Службите во државава надлежни за реагирање во вакви случаи се разединети и нема никаква координација меѓу нив. Честопати не се знае која од нив треба да интервенира во одреден случај, префрлувајќи ја одговорноста еден на друг, додека на луѓето им е потребна итна помош и бараат спас од нив.Повеќето служби функционираат само на хартија. Ниту имаат возила, ниту опрема, ниту добро обучени тимови, кои секогаш ќе бидат подготвени да ја дадат потребната помош.Потребно е во државата да се формира посебна спасувачка служба, која ќе дејствува како самостојна институција и ќе биде подготвена да одговори при вакви случаи. Доволно е да го следиме примерот и искуството на Бугарија, каде што овие служби дејствуваат совршено и има посебни тимови, обучени за интервенција при различни ризици - вели наш соговорник, кој сакаше да остане анонимен. Друг проблем е и неопременоста на планинарите поради скапата опрема. Само двајца-тројца планинари имаат соодветни чевли за планинарење, а да не зборуваме за друга опрема. Ретко кој има и карти, бусоли, а никој нема ЏПС-апарати за водење. Секој што планинари треба да инвестира во овој спорт или да се воздржи од ризици. Неодговорноста може скапо да се плати - велат планинарите од Крива Паланка. Жаклина Цветковска
СТАВ Спас за спасувачките тимови
Двајца планинари од Крива Паланка залудно, речиси два дена, чекале спасувачите да ги извлечат од снежната бура што ги зафатила на Осоговските Планини. На крајот самите се спасиле од сигурна смрт. Кој бил должен да ги спаси? Полицијата? Дирекцијата за заштита и спасување? Центарот за управување со кризи? Никој не можеше да даде конкретен одговор кои служби за спасување се надлежни и во кои случаи тие треба да реагираат. Државата нема посебна спасувачка служба, туку само одделни тимови што меѓу себе не се координирани, немаат опрема или не функционираат во сите градови во земјава.
Спасувањето на само еден човечки живот е доволна причина за формирање државна служба со професионално обучени тимови, во полна готовност. Не треба спасувачите да чекаат дозвола да позајмат хеликоптер од МВР или пак од АРМ, бидејќи секоја потрошена секунда некого може да чини живот. Залудно трошиме пари за спотови во кои каниме туристи да ја посетат Македонија, ако немаме некој што ќе ги спаси истите ако се зaгубат во планина.
Враќање на стариот сјај на Шарпланинскиот скијачки куп беше најавен вчера од организацискиот комитет на средбата со новинарите, пред неговото одржување на 28 февруари и на 1 март. Организаторите поканија за учество повеќе високорангирани скијачи од Албанија, Австрија, Белгија, БиХ, Бугарија, Хрватска, Унгарија, Франција, Грција, Италија, Црна Гора, Романија, Русија, Србија, Словенија, Турција, Словачка, Швајцарија и Украина.
- Рано е да се каже кој ќе учествува, зашто пријавувањето е до петок. Работиме на тоа да доведеме учесници со минимум 25 ФИС-точки, односно натпреварувачи што се во топ-300 на светската ранг-листа. Можеме да потврдиме дека ќе има неколкумина со 20 ФИС-точки и тие ќе го направат атрактивен купот. Работиме со наши пријатели во странство преку кои лобираме да дојдат што позвучни имиња - изјави Жарко Трпкоски, директорот на натпреварот. Од нашите претставници, најмногу ќе се очекува од олимписките кандидати Александар Витанов и Антонио Ристевски. Вкупниот победник, по слаломот и велеслаломот, ќе добие 2.000 евра, второпласираниот 1.000, а третопласираниот 400 евра. Велеслаломот ќе се вози на патеката „Орлова“, а слаломот на „Езерино“. Според организаторот, двете патеки се подготвени.
- По две години пауза, традиционалниот меѓународен куп се враќа на спортската карта на Македонија. Знаеме дека поранешни победници на Шара подоцна се афирмирале во големи имиња. Со помош на гостите од странство, сакаме да ги поттикнеме нашите млади да се вклучат во овој спорт и да гледаат перспектива во него - вели Димитар Танурков, претседателот на ОК.Технички делегат ќе биде Дамир Сафиќ од Хрватска. Почесен гостин ќе биде легендата на овие простори, Бојан Крижај, кој ќе има улога на советник. На 28 февруари на програмата се двете трки, во велеслалом во 10 и 13 часот, а следниот ден се двата натпревара во слалом, во 9 и во 12 часот. Покровител е Владата на РМ и премиерот Никола Груевски.
Битолски
средношколци упатија апел до надлежните и бизнисмените да инвестираат
во Пелистер, каде што четири години нема услови за скијање
Пелистер да не падне во зимски сон и оваа година е апелот што го
испратија средношколците од гимназијата „Јосип Броз Тито“ до јавноста,
надлежните органи, туристичките работници и бизнисмените. Младите се
жалат дека планината им е до петици, а се принудени да патуваат со
километри и да трошат пари за да скијаат на Кожув или Маврово. Тие се
чувствуваат хендикепирано зашто ова е четврта година како нема скијање
на Пелистер.
Во некогаш атрактивниот ски-центар Копанки и
годинава нема да се запали семафорот што некогаш го регулирал
жичничкиот сообраќај. Жичницата не работи поради дефект на сајлата чија
замена чини околу 30 илјади евра.
- Скијач сум од мојата шеста
година и скијам професионално. Веќе неколку години не тренирам на
Пелистер зашто нема услови. Таму жичницата е премногу стара, не работи,
а не да се помислува на атракции како ноќно скијање. Одиме на Маврово
или Кожув, каде што сега е подобро отколку на Пелистер. Таму го
изведувам тренингот. Тоа е дополнителен трошок за моите родители, а
многу помалку би ги чинело ако можев да скијам на Пелистер - изјави
Александра Павлова, ученичка во гимназијата.
Средношколците
наместо на планина, со штеки за скијање се прошетаа низ Широк сокак.
Наместо на планина, послужија топол планински чај во центарот на
градот, иако температурата надвор достигнуваше 15 степен над нулата.
-
Дали е подобро да се пие планински чај тука на Широк сокак или на
Пелистер? Потребно ни е да се врати скијањето. Пелистер со години се
заборава, воопшто нема инвеститори што вложуваат во него. Ние не можеме
ништо поконкретно да направиме зашто сме деца, само апелираме. Апелот
го упатуваме до пошироката околина да се јават инвеститори, да ја
согледаат убавината и рационално да се искористат убавините - изјави
средношколката Кристина Михајловска.
До пред четири години во
Копанки вриеше од туристи и скијачи. Тука првите спустови ги направија
не само македонски, туку и други познати скијачки имиња од поранешните
југословенски држави. Денес патеката е обрасната со грмушки, а поради
неодржување, на неа растат и елки. Планинарскиот клуб „Пелистер“, кој
ја стопанисува ски-патеката, нема финансиска моќ да ја смени сајлата од
жичницата.
- Жичницата е стара 35 години и оттогаш не е
направен генерален ремонт, поточно не е сменета сајлата, а во светот се
менува на пет години. Специјална инспекција од Машински факултет пред
неколку години утврди дека е напукната сајлата и не сакаа да ни дадат
сертификат за работа. Разговараме со наши иселеници од странство да
влезат како концесионери и да се поправи жичницата- изјави Димче Попов,
претседател на планинарскиот клуб.
Но, проблем претставуваат и
климатските промени. Поради затоплувањето последните години одвај и да
има снег на Копанки. Местото е на надморска височина од 1500 метри, а
во светот се инвестира во зимски центри на над 2000 метри.
Тоа
што замре скијањето на Пелистер е на штета на туризмот во Битола, а
состојбата се одразува и врз посетеноста на туристичко-угостителските
капацитети на планината.
Најголема посетеност во изминативе 10 години бележи зимско рекреативниот центар Попова Шапка оваа сезона. За време на викендите бројката на посетители се движи меѓу 5 и 10 илјади гости. Капацитетите на хотелите се исполнети, а освен домашни има и гости од Косово, Албанија, Војводина и Хрватска. И времето наклонето на овој туристички центар. Снежната покривка влева надеж дека годинешнава зимска скијачка сезона ќе потрае и ќе биде повеќе од успешна.Директорот на друштвото за угостителство и туризам на Попова Шапка Перо Димитриески ни изјави дека е задоволен од досега сработеното. Зимскиот распуст е завршен но од 1 феруари доаѓаат студентите од двата тетовски универзитети. Зимскиот одмор е скапа работа но од 15 февруари цените на хотелските услуги ќе бидат намалени. Овој викенд се очекува пуштање во употреба на најатрактивната скијачка патека Цери Пашина, мегутоа дождот кој вчера падна на Попова Шапка најверојатно ќе го одложи двоседот ќе биде целостно функционален наредниот викенд.Натпреварите на Попова Шапка во вториот дел од годинешнава скијачката сезона почести и помасовни. На 28 февруари и 1 март ќе се одржи познатиот Шарпланински Куп на 8 март следува Бека купот а една недела подоцна ќе се одржи универзијадата. На сета оваа природна убавина и туристичкиот успех во изминатиов дел од сезонава кој го оствари раководството и новиот директор на ски-центарот Перо Димитриески црна дамка остава дотраената инфраструктура. Малите инвестиции не можат да влијаат за натамошно зголемување на посетеноста, а за што природни услови постојат. Пример за тоа е детското одморалиште Попова Шапка кое повеќе години не работи. Судбината на одморалиштето и натаму е неизвесна. Беше огласено за продажба но огласот деновиве беше повлечен. Од министерството за труд и социјална политика под чија капа е одморалиштето, соопштија дека огласот е повлечен по налог на антикорупциската комисија а причина се локалните и претседателски избори закажани на 22 март годинава.Kiss - Зоран Димовски - 22.01.2009
Скијачките патеки, чистиот воздух и убавата природа. По ова е препознатлива Шар планина. Било лето или зима таа мами туристи како од Македонија така и од соседството. Во пресрет на зимската сезона, која стартува од следниот викенд, хотелите беа реновирани. Попова Шапка е подготвена да ги пречека туристите велат угостителите, ветуваат квалитетна услуга.
И покрај тоа што со години нема поголема инвестиција во инфраструктурата овој бисер на зимскиот туризам е на добар пат да го врати изгубениот сјај. Тоа што е дадено од бога е преубаво велат туристите и токму поради тоа редовно доаѓаат на Попова Шапка. Но, потсетуваат дека треба уште многу работа.
Претседателот на месната заедница Попова Шапка вели дека урбаниот хаос кој владеел во викенд населбата е зауздан. Покрај постојните 430 викендички годинава биле издадени парцели за уште 260 нови објекти. Дел од нив започнале да се градат незаконски.
Ризвани за идната година најави асфалтирање на патиштата во викенд населбата и поставување на улично осветлување. Оптимист е, вели дека работите се одвиваат во позитивна насока. Со иницијативата за прогласување на Шар планина за национален парк, Шапка ќе добие во разновидност вели тој. На повисоките скијачки патеки има околу 20 сантиметри снег, но туристичките работници очекуваат најавените снежни врнежи да го означат почетокот на зимската сезона за да можат идниот викенд да ги угостат првите скијачи.
Во текот на септември на Попова Шапка се случиле многу нови работи.Завршен е комплетен ремонт на сите жичари и ски лифтови. Тоа подразбира целосен сервис на столбовите, сајлите, корпите и сите други придружни елементи. На пат се нови сидра за ски-лифтовите и треба да пристигнат на крајот на септември.Исто така на жичарата Церипашина корпите добија нов изглед, комплетно се реновирани, така што сега тие се многу поудобни. Исто така, сервисиране се машините за уредување на патеките - два ратрака еден тип PB 240 D, вториот PB 200D.Следниот месец треба да пристигнат два нови ратраци Рisten Bully 400. Во изработка е нова мапа на скијачките терени така што скијачите може лесно да се снаоѓаат на патеката.Секоја патека ќе добие своја ознака, а долж истите ќе бидат поставени соодветни ознаки. Што се однесува до набавка на нови жичари и реновирање на хотелот,
оваа година тоа нема да се направи поради добро познатата економската
ситуација која владее во моментов. Новина од оваа година на Шапка ќе биде тоа што составен дел на скијањето ќе биде телевизија и
радио кои ќе емитуваат програма во живо од скијачкиот
центар.
Одлични вести после долго време од Шапка. Извенете на српскиот, но за жал во нашите медиуми не најдов никаде посоодветно пшренесување на истата вест.
07.11.2009.POPOVA ŠAPKA- Stiže novi ratrak Pisten Bully 300 Bliži se početak nove skijške sezone. Proteklog letauski centru Popova Šapka dogodilo se dosta novih stvari a urađeno je sledeće: 1. Kompletan remont (sajli, stubova, sidra) svih ski liftova - Teteks, Aerodrom, Mali jelak, Ge 2. Kompletan remont dvosede žičare Sv.Ilija 3. Generalni remont dvosede žičare Ceripašina (korpe su dobili novi lik, stubovi kompletno servisirani o obojeni, sajla sređena, svi drugi prateći elementi kompletno servisirani). Što se tiče ski liftova i žičara, ovih dana treba da dođe stručna ekipa sa Mašinskog fakulteta iz Skoplja da zvanično provere i potvrde da je sve u redu i da mogu da startuju sa radom. 4. Ski staze su očišćene od kamenja 5. Servisirana mehanizacija za održavanje staza ratrak, Pisten Bully 240D i 200D 6. Do kraja meseca stiže novi ratrak Pisten Bully 300 7. Hotel Slavija (kompletno zamenjena građevinska stolarija prozori vrata, novo parno grejanje, novi enterier, bazen). Sto se tiče ostvarenih aktivnosti proteklog leta nije sve išlo kao što se planiralo a glavni problem je bila svetska ekonomska kriza. Cena ski pass-a za ovu skijašku sezonu još nije definisana ali narednih dana i to će da se uradi tako da ce se uskoro i to znati. Od manifestacija koje će se održati ove godine na Šapci najznačajnije su: Šarplaninski kup, Univerzijada u skijanju, Mounntbike takmičenje na snegu što je novitet ove godine, Državno prvenstvo Makedonije u skijanju u više kategorija. Od objekata koji će da rade ove sezone, na prvom mestu su dva hotela, "Popova Šapka" i "Slavija" sa kojima gazduje Drustvo za ugostiteljstvo i turizam Popova Šapka u čijem vlasništvu su i žičare. Što se tiče ostalih objekta, tu je hotel "Teteks", Planinarski domovi "Šara ski" i "Smreka", više odmarališta preduzeća.
Стотици туристи на Попова Шапка
Зоран Јованоски Коментари (0)
22.12.2009 19:51
Еден метар снег на подготвените патеки за скијање, санкање, сноубординг, обновени ски лифтови, стотици туристи од целиот Балкан. Вакво е на Попова Шапка на десеттина дена од почетокот на зимската сезона.
„Ова богатство што ни го дал Господ, тешко е да не го користиш. Овде е прекрасно, патеките се прекрасни, овде сум веќе два дена, и времето е супер“, велат туристите.
Работат сите седум ски лифтови, а повторно во употреба е двоседот на популарната патека „Цирипашина“.
„Сите жичари и ски-лифтови се ремонтирани, набавени се резервни делови од гуми, од федери, од сидра, од цела електро опрема“, изјави Светислав Евтоски, раководител на ски-лифтови и жичарници.
Од студените и снежни предели, во базен со топла вода и поглед кон манастирот Свети Наум. На овој туристички центар работите конечно тргнаа по нагорна линија. Обновени се и дел од сместувачките капацитети.
„Оваа година направивме мало реконструирање на објектот. Што се однесува до парното греење, комплетно го опремивме. Едниот дел кој е над базенот го обновивме комплет со прозорци и врати“, рече Зоран Марковски, Хотел „Славија“.
Шапка има најмногу сончеви денови во текот на годината, снег во изобилие. За оние кои не ги сакаат зимските спортови, тука се чистиот воздух и стрмните падини за прошетка.
Попова Шапка се уште е со најниски цени од 2.400 денари за пансион и 800 денари дневен билет за скијање. Капацитетите за новогодишните празници се речиси во целост резервирани.
You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum