Grand Prix of Macedonia (Skopje) |
Post Reply |
Author | |
FoSsiL
Senior Member Joined: 01-Mar-2009 Location: Аеродром Online Status: Offline Posts: 4699 |
Quote Reply
#1 Topic: Grand Prix of Macedonia (Skopje) Posted: 29-Sep-2013 at 15:03 |
Дали подржувате да се организира Grand Prix of Macedonia (Skopje) во Формула 1? Секако доколку ФИА одлучи тоа да се случи...
Односно дали е добра идеја Македонија да направи сѐ што е потребно за да ја обезбеди и организира Grand Prix of Macedonia (Skopje)? И како конечно прашање, Дали може воопшто да го стори тоа? Мојата идеја е тоа да биде градска трка во Скопје, и тоа да изгледа некако вака: Бело - патеката Жолто - пит стоп Црвено - трибини (провизионално) за други елементи... понатаму... |
|
Македонија - Земја на чудата!
|
|
Teglarot
Senior Member Joined: 15-Nov-2012 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 569 |
Quote Reply #2 Posted: 29-Sep-2013 at 17:43 |
Нормално, секој нормален при чиста свест би поддржал вакво нешто
Само што ние немаме капацитет да организираме многу попрости работи, а не пак Ф1 гранд при. |
|
FT
Senior Member Joined: 22-Jun-2010 Location: Kocani Online Status: Offline Posts: 573 |
Quote Reply #3 Posted: 29-Sep-2013 at 18:02 |
Секако, животна желба ми е да посетам Ф1 трка.
Само стазата не ми изгледа многу 'атрактивно'. |
|
zabegan
Senior Member Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
Quote Reply #4 Posted: 29-Sep-2013 at 19:14 |
јас сум огромен фан на Ф1, ама сепак сметам дека секаква идеја за гранд при во Македонија е тотално несериозна, дури и доколку имавме економски здрава земја, затоа што денес, се во Ф1 е бизнис и политика, Берни Еклстоун не сака да ги врати во формула 1 најлегендарните патеки од најразвиени земји, а не па да се замара со некоја бедна државичка
плус, дај не зезај, кај нас едни ридско-брзински трки се одржуваат со последен здив, а не па нејпрестижниот мотоспорт да успее... инаку, Фосил, што се однесува до твојата идеја: патеката е премногу долга, свиоците се досадни, има преголем број на трибини и треба ремонт на цел центар да се направи, и тоа не зборам само за афалтот |
|
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|
gjoko
Senior Member Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
Quote Reply #5 Posted: 29-Sep-2013 at 21:05 |
големиот бос Берни Еклстон не оди никаде ако нема многу пари.Него го интересираат само места каде можи да се прават добри зделки-арапските земји,азиските тигри,Кина,САД,сега Русија,Индија....Од година во година трките во Европа ќе се намалуваат све повеќе.Турција ја изгуби трката,Имола,Франција,Германија втората трка,Португалија,....така да не се надеваме многу.Во овој спорт сум сериозно навлезен од аспект на обичен љубител,и знам дека немаме ни теоретски шанси.
Интересно грците имаа шанси,а што ќе испадне ќе видиме? Вгодина веќе ќе се возат 22 трки,што е премногу за една сезона |
|
zabegan
Senior Member Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
Quote Reply #6 Posted: 30-Sep-2013 at 01:00 |
Индија од наредната сезона ја отфрлаат после само две сезони траење, а Бахреин секоја година се соочува со политички проблеми, во Кореа нема никаква заинтересираност за спортот и трибините се полупразни од друга страна пак, ја вратија Австрија на календарот (иако ревизирина патека), а на големо се трачари враќање на Ф1 во Аргентина, Португалија, Јужна Африка од балканов најголеми шанси досега имала Хрватска (Загреб поточно), Херман Тилке (миленикот на Берни) дури претстави потенцијален дизајн за тамошна патека, или пак евентуално враќање на Турција...Македонија во целава приказна? тешко... се зависи од тоа дали некој има економско-политички интерес од земјава (политички велам затоа што на пример Унгарското гран при се прослави како првата патека зад челичната завеса назад во 1986 и сеуште е во календарот) |
|
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|
shyes
Senior Member Joined: 09-Sep-2007 Location: Australia Online Status: Offline Posts: 259 |
Quote Reply #7 Posted: 27-Dec-2016 at 00:54 |
Ќе биде многу полесно и поизводливо ако се фокусираме за Рели неместо Ф1.
|
|
“Without knowledge, skill cannot be focused. Without skill, strength cannot be brought to bear and without strength, knowledge may not be applied.”
|
|
zabegan
Senior Member Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
Quote Reply #8 Posted: 27-Dec-2016 at 18:07 |
Како прво, ние не знаеме домашен шампионат да организираме како што треба, нити пак некој сеуште има интерес да финансира/организира таков настан Бугарија успеа барем на една година кај нејзе да го привлече светскиот рели шампионат, зошто не би можеле и ние? барем некој од европските или јуниорските шампионати да го донесеме тука.. а имаме еден куп локални патишта кои се прекрасни за рели Се надевам дека во иднина Игор Стефановски ќе се обиде да направи нешто кај нас доколку напредува во ETCC и WTCC Edited by zabegan - 27-Dec-2016 at 18:16 |
|
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|
Post Reply |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |