build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Станбени
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Прилеп и Битола
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Прилеп и Битола

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 13>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
S.P.Q.R. View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Jan-2010
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 212
  Quote S.P.Q.R. Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Прилеп и Битола
    Posted: 19-Nov-2010 at 22:45
 Зграда Македонија 2, се градеше подолг период конечно е при крај

01.

02.

03.

04.


Највисоката зграда во Прилеп, со своите 13 спратови

01.

02.


Нова зграда почна да се гради на кејот но немаше табла за да видам за каква инвестиција се работи

01.

02.

Македонија е во дилема дали да одбере ужас без крај или ужасен крај
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5423
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 20-Nov-2010 at 16:44


100% иста како двете кули во Битола. Само во Прилеп што е една.

Edited by гитардемон - 20-Nov-2010 at 16:45
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
S.P.Q.R. View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Jan-2010
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 212
  Quote S.P.Q.R. Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 20-Dec-2010 at 14:52
Еве нешто подобри слики од зградите Македонија, Македонија 2 и 13 катницата во Прилеп

01.

02.

03.

04.


Македонија е во дилема дали да одбере ужас без крај или ужасен крај
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1179
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 07-Jan-2011 at 12:29
Грдо,грдо
Back to Top
JOE View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2010
Location: Bitola
Online Status: Offline
Posts: 220
  Quote JOE Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 14-Jun-2011 at 19:00







Случајно поминвав од тука и реков да сликнам за на форум нешто од зградите во "Областа"

Edited by JOE - 14-Jun-2011 at 19:06
Back to Top
JOE View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2010
Location: Bitola
Online Status: Offline
Posts: 220
  Quote JOE Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 14-Jun-2011 at 19:03


Edited by JOE - 14-Jun-2011 at 19:11
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 14-Jun-2011 at 20:03
ЈОЕ колку чини квадрат у овие станови, и на што се грејат?
Back to Top
nouseforname View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 16-Dec-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 156
  Quote nouseforname Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 14-Jun-2011 at 21:45
a kaj e ova?
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5423
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 14-Jun-2011 at 21:52
JOE
Groupie
Joined: 03-Feb-2010
Location: Bitola
Online Status: Offline
Posts: 49


Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
JOE View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2010
Location: Bitola
Online Status: Offline
Posts: 220
  Quote JOE Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 14-Jun-2011 at 22:11
Originally posted by N23

ЈОЕ колку чини квадрат у овие станови, и на што се грејат?

Незнам немам многу инфо ама ке дознаам
Back to Top
nouseforname View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 16-Dec-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 156
  Quote nouseforname Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 14-Jun-2011 at 22:42
hahah ne vidov ,lelel steta so i u bitola vakvi gadni zgradi pocnaa da pravat,a 2rata slika 2red taa zgradata visokata vo sredina e stara a sega renovirana?

JOE:imam nesto barano ,ako te interesira vo centar u bitola edna zgrada do Epinal e 750E od metar a mislam deka e so parno ,a inace moze e poskapo zosto stanot bese sega izgraden i + bese nesto lukzuzno opremen
Back to Top
JOE View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2010
Location: Bitola
Online Status: Offline
Posts: 220
  Quote JOE Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 14-Jun-2011 at 23:01
Originally posted by nouseforname

hahah ne vidov ,lelel steta so i u bitola vakvi gadni zgradi pocnaa da pravat,a 2rata slika 2red taa zgradata visokata vo sredina e stara a sega renovirana?

JOE:imam nesto barano ,ako te interesira vo centar u bitola edna zgrada do Epinal e 750E od metar a mislam deka e so parno ,a inace moze e poskapo zosto stanot bese sega izgraden i + bese nesto lukzuzno opremen


Незнам дали добро те разбрав за која зграда збораш ама за таа што е до високата зграда со зелена и гријава фасада мислам дека е неколку години постара од овие ама не сум сигурен. Иначе не те разбрав што точно прашваш за тие зградите кај епинал?За луксизни станови близу епинал се зградите Обител што се од карши Епинал и се луксузни и наменети Кремот.Доконкретизирај го прашањето па ако знам ке ти одговорам


Edited by JOE - 14-Jun-2011 at 23:02
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 13-Jun-2012 at 13:05
На „златниот рид“ никнува нов град

Изградбата на луксузниот станбено-деловен комплекс на рускиот инвеститор Јуриј Липухин во битолската касарна е само почеток на изградбата на цел нов град во овој најатрактивен дел во Битола, кој се наоѓа во подножјето на Тумбекафе



Русите беа први што го скршија мразот и почнаа градба во некогашната битолска касарна, каде што земјиште купија голем број инвеститори. Без многу помпа и сечење ленти и панделки, завчера официјално почна изградбата на луксузниот станбено-деловен комплекс „Јуриј“ на рускиот инвеститор Јуриј Липухин, кој, за жал, не дочека да присуствува на поставувањето на камен-темелникот, бидејќи минатата година почина.

Но, и покрај тоа, неговото семејство одлучи да го изгради овој станбено- деловен комплекс за да се испочитува неговата голема желба да гради во Битола.

Станбено-деловниот комплекс „Јуриј“ ќе опфаќа површина од 35.000 квадратни метри, а во него во три ламели ќе се градат најлуксузни станови и деловни објекти. Вкупната вредност на инвестицијата изнесува 8,5 милиони евра.

Откако општината Битола од АРМ ја презеде касарната, локалната самоуправа и градоначалникот Владимир Талески се фатија со работа и го осмислија овој дел на градот.

Според деталниот план, во касарната ќе се гради буквално цел нов град, со голем број објекти и нова инфраструктура.

Покрај големиот број станбени згради и деловни објекти, во касарната ќе се градат и над сто индивидуални станбени објекти, детска градинка, училиште, голем трговски центар, неколку хотели, полициска станица, пожарна, катни гаражи, поликлиника, здравствен дом, а ќе се гради и голема ротациона кула, на чиј врв ќе се изгради и најмодерен ресторан, од каде што секој посетител ќе има прекрасен панорамски поглед на градот.

Овој дел на Битола воедно ќе биде и универзитетски центар, бидејќи по добивањето на објектите локалната самоуправа некои од нив веќе му ги отстапи на универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола, а ќе се гради и филмско студио, со што практично ќе се реализира идејата на градоначалникот Талески за Битола да стане филмски град.
Становите по светски стандарди
Изградбата на станбено-деловниот комплекс „Јуриј“ ќе трае нецели две години, а становите ќе бидат изградени по светски стандарди, со најсовремени екоматеријали, луксузни плочки, паркети, инсталации, санитарни јазли, џакузи, кади, какви што досега не се практикувале во станбената изградба во Битола, а цената на квадратен метар сепак ќе се движи од 700 до 800 евра, вели проектантот на комплексот Јорго Шундовски, бивш министер за урбанизам.


Извор: Нова Македонија, http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=6131292165&id=10&prilog=0&setIzdanie=22603

Back to Top
JOE View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2010
Location: Bitola
Online Status: Offline
Posts: 220
  Quote JOE Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 26-Jun-2012 at 20:58
Back to Top
macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Feb-2008
Location: Lerinsko
Online Status: Offline
Posts: 754
  Quote macedonia Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 13-Jul-2012 at 23:04
Can some give me the coordinates? Thanks

VIDEO: JURI stanbeno deloven prostor - OrbisTV




Edited by macedonia - 13-Jul-2012 at 23:05
Back to Top
makonix View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 08-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 520
  Quote makonix Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 19-Jul-2012 at 11:43
објектов ми изгледа на една висока касарна
Back to Top
JOE View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2010
Location: Bitola
Online Status: Offline
Posts: 220
  Quote JOE Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 19-Jul-2012 at 12:35
разочаран сум, ништо посебно не се зградиве
Back to Top
nouseforname View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 16-Dec-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 156
  Quote nouseforname Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 19-Jul-2012 at 13:51
jas si mislev deka toa ke bidat nekolku bloka vo nekoi moderen stil ama ova bas i nisto novo pa duri i za bitola....
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 1151
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 19-Jul-2012 at 15:11
Моментот со стаклото е интересен, а и поткровјето е прифатливо решено. На прв поглед подобри се од Grand Prestige кај Алумина. Кај боите треба некоја промена.
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 25-Jul-2012 at 17:55

Промовирана новата населба Градина

Во последната објава за продажба на градежно неизградено земјиште сопственост на Република Македонија по пат на електронско јавно наддавање, по прв пат се понуди домување во семејни куќи, предвидени во Деталниот урбанистички план за урбана единица 11.05 и 11.04, во населба наречена Градина, на местото на поранешните оранжерии.

Новата населба е замислена како модерна европска населба, за 13. 000 жители, еден мал современ град во поглед на намените кои се предвидени. Предвидената населба овозможува идеални услови за задоволување како на основната човекова потреба за домување. Населбата Градина е на само 1,5 км раздалеченост од строгиот центар на Прилеп. За потребите на овој комплекс предвидена е комплетна инфраструктура, која ќе се изведи според Деталниот урбанистички план. Инфраструктурата е предвидена по европски стандарди: широки улици, тротоари, велосипедски и пешачки патеки, енергетски ефикасно осветлување, централно греење, многу зеленило, градинка, училиште, спортски центри, трговски центри и се она што претставува модерна и урбана населба.

Инвеститорите во оваа населба ќе бидат задолжени да градат градби кои ќе ги задоволуваат критериумите на енергетска ефикасност, односно користење сончева енергија, термика во изградбата, технолошка вода и сл.

Населбата Градина е со површина од 42 хектари, со предвидени градежни парцели за станбени куќи и станбени куќи со посебен режим, парцели за станбени згради, за деловни објекти, големи трговски и угостителски единици, за образование, објекти за спорт и рекреација, како и парцели за комунална супраструктура односно за изградба на трафостаници.

За станбените куќи и станбените куќи со посебен режим предвидени се 368 градежни парцели. Станбените куќи со посебен режим се со просечна површина на парцела од 600м2, додека станбените куќи со просечна површина на парцела од 300м2 и со максимална дозволена височина за градба од приземје, 2 ката и поткровје.

За станбени згради се предвидени 24 парцели со површина на парцела која се движи од 800 до 4300м2 и со максимална дозволена височина за градба од приземје, 3 ката и поткровје, до височина од приземје, 9 ката и поткровје.

Предвидени се 7 парцели за мали комерцијални и деловни намени со просечна површина на парцела од 1000м2 и максимална дозволена височина за градба од приземје и два или три ката, во зависност од големината на парцелата.

За намената големи трговски единици-Б2, во која спаѓаат трговски центри, супермаркети, затворени пазари, превидени се 7 градежни парцели со просечна површина на парцела од 5000м2 и максимална дозволена височина за градба од приземје, 2 ката и поткровје.

За големи угостителски единици-Б3, каде што спаѓаат ресторани, таверни, дискотеки, предвидени се 2 градежни парцели со просечна површина на парцела од 1100м2 со максимална дозволена височина за градба од приземје и 3 ката.

Парцелата предвидена за изградба на училиште во оваа населба е со површина од 11 336м2 и со височина од приземје и 2 ката.
Предвидени се 2 градежни парцели за изградба на спортско-рекреативни сали со површина од 700 и 23 000м2.

Во границите на оваа населба, а во консултации со ЕВН, предвидени се 13 парцели за изградба на трафостаници кои се потребни за нормално функционирање на оваа населба.

Во последната објава за продажба по пат на електронско јавно наддавање, понудени се 14 градежни парцели, со просечна површина на парцела од 300м2, со максимална дозволена височина за градба од приземје, 2 ката и поткровје. Предвидената површина за градба се движи од 90 до 160м2.

Откако ќе биде продаден овај модул, ќе се пристапи кон продажба на останатите модули, онака како ќе пристигнуваат елаборатите.
Почетна цена за електронското наддавање на овие парцели е 61ден. за м2, со нареден чекор од 10ден.

На јавното наддавање можат да се пријават физички и правни лица. Пријавувањето е во тек и ќе трае до 23.август, а јавното наддавање ќе биде на 30.август.


Извор:http://www.prilep.gov.mk/news/mk/promovirana-novata-naselba-gradina/
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 13>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.129 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.