build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Спортски
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Спортска сала Расадник

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21079
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Спортска сала Расадник
    Posted: 11-Apr-2023 at 06:52
САЛАТА „РАСАДНИК“ СО КОЈА МЕНАЏИРА ФИРМАТА „ИМПЕРИАЛ ДАНЕЛА“ СЕ РАСПАЃА ЗАТРУПАНА ВО ЃУБРЕ, А ДРЖАВАТА НЕ МОЖЕ ДА СИ ЈА ЗЕМЕ НАЗАД ОТИ НИКОЈ ОД ФИРМАТА НЕ СЕ ПОЈАВУВА НА ПРИМОПРЕДАВАЊЕ









Вработени во околните згради и деловни објекти со кои разговаравме ни рекоа дека салата работела само неколку години откако била дадена под концесија, а потоа е оставена да пропаѓа.

„Целиот објект и просторот околу е небезбеден, но и покрај тоа ниту е заградена ниту е затворена. Секој може да влезе. Стравуваме дека еден ден ќе избие пожар“, велат граѓани.

Партијата СДСМ во изборната кампања за градоначалник на Скопје во 2021 година објави документи дека фирмата „Империал Данела“ е на градоначалничката Данела Арсовска. Тогаш од партијата кажаа дека Арсовска имала долгови за кирија кон државата од околу 130.000 евра, и за струја од над 50.000 евра. Арсовска беше поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и стана градоначалничка, но приказната за салата „Расадник“ остана неоткриена. Таа тогаш се закануваше дека ќе тужи, а денеска, како градоначалничка вообичаено не одговара на новинарски прашања кои не ѝ се допаѓаат.

Според документите до кои дојде САКАМДАКАЖАМ.МК салата е издадена под закуп во 2002 година. Договорот е склучен меѓу Јавното претпријатие за стопанисување со објекти за спорт во сопственост на државата и фирмата „Империал Данела“. Во договорот стои дека објектот се доделува на користење на 25 години односно од 1 јануари 2002 година до 31 декември 2026 година, а месечната кирија е 1.000 евра.

„Закупувачот се обврзува во објектот да изврши реновирање на кровна конструкција, поставување паркет на теренот, реновирање на соблекувални, обновување на системот за греење, набавка на спортски реквизити , уредување на просторот околу салата. Сите инвестициски зафати треба да се завршат до 2010 година“, стои во договорот.

На 25 септември 2002 година склучен е и анекс на договорот со кој фирмата „Империал Данела“ го добива под закуп и дворот околу салата со површина од 7.800 метри квадратни. Со анексот се предвидува изградба на хотел со 24 легла, пет терени за сквош, фитнес центар, базен и 15 бунгалови.

Но, не само што овие услови од договорот не се исполнети туку салата е уништена и оставена со долгови за неплатени кирии и сметки за струја.

Владата за прв пат за салата расправала во 2019 година кога се носи одлука да се додели на Општина Кисела Вода. Од јавното претпријатие по ваквата одлука на Владата испраќаат покани до фирмата „Империал Данела“ да се изврши примопредавање на објектот, да се подмират сите долгови и да се направи увид во каква состојба е објектот. Но, одговори од фирмата не добиваат.

https://sdk.mk/index.php/naslovna/salata-rasadnik-so-koja-menadhira-firmata-imperial-danela-se-raspaga-zatrupana-vo-gubre-a-drzhavata-ne-mozhe-da-si-ja-zeme-nazad-oti-nikoj-od-firmata-ne-se-pojavuva-na-primopredavane/
Carpe diem
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 11-Apr-2023 at 20:13
Дали уопште некој мисли дека додека не се разреши ДУП-от за Расадник дека некој би инвестирал во реновирање на пропадната спортска сала. Па со сите превирања и пренаменување земјиште од згради во зеленило во Расадник, ова местото на спортската сала е гарант намирисано од урбаната мафија. Едвај чекаат да ја срамнат и да изградат стамбени згради.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21079
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 09-May-2023 at 17:01
ВЛАДАТА ЈА ПРЕДАДЕ САЛАТА „РАСАДНИК“ НА ОПШТИНА КИСЕЛА ВОДА, ФИРМАТА „ИМПЕРИАЛ ДАНЕЛА“ КОЈА ЈА МЕНАЏИРАШЕ УШТЕ НЕ ГИ ПЛАТИЛА ДОЛГОВИТЕ

Општина Кисела Вода го презеде управувањето со спортската сала „Расадник“. Јавното претпријатие за стопанисување со објекти за спорт ја предаде салата во владение на Општината, откако го раскина договорот со фирмата „Империал Данела“.

Фирмата „Империал Данела“ ја доби салата под концесија на 25 години во 2002, за месечната кирија од 1.000 евра. Но, наместо да направи современ спортски центар, ја уништи и ја остави во долгови, односно должи за кирија 180.000 евра, а за струја 50.000 евра.

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски вели дека Општината нема да има никаква обврска за подмирување на долговите кои ги остави „Империал Данела“. Јавното претпријатие за стопанисување со објекти за спорт кое ја издаде под закуп во 2002, по судски пат ќе бара да се подмири долгот со оглед на тоа дека од фирмата никој не се јавува на нивните повици.

„Со овој чин, ставаме крај на 30-годишната негрижа која овој објект го претвори во руина, во демолиран, небезбеден и целосно уништен простор кој од најголема гордост, стана најголем срам, не само за Кисела Вода, туку и за цела Македонија. Општината сега ќе направи проект, по што ќе се распише тендер за избор на фирма која ќе ја реконструира салата. Очекувам до крајот на годинава градежните работи да почнат“, вели Ѓорѓиевски.

САКАМДАКАЖАМ.МК пред еден месец направи обиколка на салата и објави текст дека таа се распаѓа, затрупана во ѓубре. Објектот однадвор е со искршени прозорци, демолирани и исшарани влезни врати. Вратите не се заклучени, па секој може да влезе, дури и деца иако станува збор за небезбеден и опасен објект. Сликата внатре во салата е ужасна, како да претрпела ураган или бомбардирање.

Освен што е валкана и затрупана со ѓубре и стакло, сè што има во неа е искршено. Демолирани се столчиња и расфрлани на сите страни. Подот е оштетен, затрупан со ѓубре, измет и расфрлани реквизити и дресови кои некогаш ги користеле спортистите. Кошевите се искршени и лежат на подот, а головите за ракомет искинати. На скалите лежат пцовисани птици. Од таванот висат парчиња и шипки, па впечатокот е дека секој момент ќе почне да се паѓаат делови.

https://sdk.mk/index.php/naslovna/vladata-ja-predade-salata-rasadnik-na-opshtina-kisela-voda-firmata-imperial-danela-koja-ja-menadhirashe-ushte-ne-gi-platila-dolgovite/
Carpe diem
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 09-May-2023 at 18:05
А да размилите да се продаде, на пример?! Како во секоја нормална капиталистичка држава? Или уште ќе симулираме пред јавноста дека државно е подобро?
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21079
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 03-Jul-2024 at 18:38
Градоначалникот Ѓорѓиевски и Министерот Ристовски најавија реконструкција на салата “Расадник”

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес заедно со министерот од новоформираното Министерство за спорт, Борко Ристовски, ја посетија салата “Расадник”. Најавија дека после децении негрижа од поранешното раководство почнува процесот за нејзина реконструкција. Во финална фаза е нарачаниот проект од Општина Кисела Вода која од минатата година по долг и мачен процес, правно и без долгови ја презеде од Јавното претпријатие за стопанисување со објекти за спорт. По изготвувањето на проектот, ќе може да се премине кон градежни активности кои треба да го вратат на граѓаните овој култен дом на спортот од кои скопјани имаат прекрасни спомени. Проектот кој се очекува да чини околу 1.5 милиони евра ќе биде финансиски покриен од Министерството за спорт.
- На мое големо задоволство, денес заедно со министерот од новоформираното Министерство за спорт, Борко Ристовски, сме во салата “Расадник” за да информираме за нешто што се чекаше со децении наназад. По еден долг период одбележан со негрижа и занемарување, некогашниот симбол на спортскиот дух на нашата општина и градот, салата “Расадник” конечно ќе биде реконструирана и вратена на користење на граѓаните.
Во текот на минатата година, Општина Кисела Вода правно го презеде управувањето со овој објект. Без наталожените долгови спортската сала “Расадник” беше преземена од Јавното претпријатие за стопанисување со објекти за спорт, кое има задача да стопанисува со државни спортски објекти, но и да инвестира во одржување на спортските комплекси, а кое поради 30-годишната негрижа салата ја претворило во руина, во демолиран, небезбеден и целосно уништен простор.
Уште тогаш, по извршениот увид, утврдивме дека е неопходна темелна реконструкција и веднаш започнавме со процесот на подготовка. Сакам да информирам дека Општина Кисела Вода го нарача проектот и тој е во финална фаза. Откако ќе биде готов, започнува реконструкцијата. Со оглед на тоа што се работи за искучително скап зафат, големо е моето задоволство што можам да информирам дека средствата се обезбедени и тој ќе се реализира преку Министерство за спорт во Владата на Република Македонија.















https://www.facebook.com/OpstinaKiselaVoda
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21079
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 30-Nov-2024 at 15:40
ПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА САЛАТА „РАСАДНИК“, ВЛАДАТА НА ВМРО-ДПМНЕ ВО 2002 ЈА ДАДЕ НА ФИРМАТА „ИМПЕРИАЛ ДАНЕЛА“ НА АРСОВСКА KOJA ЈА УНИШТИ

Денеска почна реконструкцијата на спортската сала „Расадник“ во скопска Кисела Вода. Реконструкцијата ќе чини околу два милиона евра, а парите се обезбедени од Министерството за спорт. Градежните работи ќе траат 15 месеци.

„Ова е еден посебен момент, бидејќи нешто што со децении е оставено да пропаѓа, сега започнува да се реновира, да се реконструира и да добива еден современ, модерен лик. Салата ‘Расадник‘ ќе биде дом на многу спортски клубови, меѓу кои и на ракометниот клуб ‘Вардар‘“, рече министерот за спорт Борко Ристовски.

Градоначалникот на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски кажа дека оваа сала е доказ за 30 години наназад како не функционирал системот во нашата држава и како многу ветувале, а ништо не реализирале.

Општина Кисела Вода ја доби во владение салата во 2023 година. Претходно, 20 години стоеше руинирана и запустена откако во 2002 година од тогашната влада на ВМРО-ДПМНЕ кога премиер беше Љубчо Горгиевски беше дадена под концесија на фирмата „Империал Данела“ на актуелната скопска градоначалничка Данела Арсовска.

Партијата СДСМ во изборната кампања за градоначалник на Скопје во 2021 година објави документи дека фирмата „Империал Данела“ е на градоначалничката Данела Арсовска. Тогаш од партијата кажаа дека Арсовска имала долгови за кирија кон државата од околу 130.000 евра, и за струја од над 50.000 евра. Арсовска беше поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и стана градоначалничка, но приказната за салата „Расадник“ остана неоткриена. Таа тогаш се закануваше дека ќе тужи, а денеска, како градоначалничка, вообичаено не одговара на новинарски прашања кои не ѝ се допаѓаат.

Според документите до кои дојде САКАМДАКАЖАМ.МК и обајвениот тест во април 2023, салата е издадена под закуп во 2002. Договорот е склучен меѓу Јавното претпријатие за стопанисување со објекти за спорт во сопственост на државата и фирмата „Империал Данела“. Во договорот стои дека објектот се доделува на користење на 25 години односно од 1 јануари 2002 до 31 декември 2026, а месечната кирија е 1.000 евра.

На 25 септември 2002 склучен е и анекс на договорот, со кој фирмата „Империал Данела“ го добива под закуп и дворот околу салата со површина од 7.800 метри квадратни. Со анексот се предвидува изградба на хотел со 24 легла, пет терени за сквош, фитнес центар, базен и 15 бунгалови. Но, не само што овие услови од договорот не се исполнети, туку салата е уништена и оставена со долгови за неплатени кирии и сметки за струја.

Владата за првпат за салата расправала во 2019, кога се носи одлука да се додели на Општина Кисела Вода. Од јавното претпријатие по ваквата одлука на Владата испраќаат покани до фирмата „Империал Данела“ да се изврши примопредавање на објектот, да се подмират сите долгови и да се направи увид во каква состојба е објектот. Но, одговори од фирмата не добиваат.

На крај, Општина Кисела Вода лани во мај ја добива салата од Владата, но тогаш долговите уште не беа расчистени.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/pochna-rekonstruktsijata-na-salata-rasadnik-vladata-na-vmro-dpmne-vo-2002-ja-dade-na-firmata-imperial-danela-na-arsovska-koja-ja-unishti/
Carpe diem
Back to Top
 Post Reply Post Reply

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.125 seconds.

Copyright ©2007 - 2025  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.