Кочански сообраќај (општо) |
Post Reply | Page 123> |
Author | |||||
FT
Senior Member Joined: 22-Jun-2010 Location: Kocani Online Status: Offline Posts: 573 |
Quote Reply
#1 Topic: Кочански сообраќај (општо) Posted: 24-Apr-2020 at 14:26 |
||||
Рушење на објекти за продолжување на бул. Стево Теодосиевски и изградба на два кружни текови во Кочани. Имаше проект за рушење на мостот и изградба на нов мост со кружен тек ама ништо од тоа јер нема пари секако.
Edited by FT - 24-Apr-2020 at 14:27 |
|||||
|
|||||
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply #2 Posted: 25-Apr-2020 at 19:53 | ||||
Овој бул. Стево Теодосиевски ќе се проширува целосно долж линијата што ја имаш нацртано? Во тој случај изгледа дека е направена експропријација со сериозен обем А оваа вертикалната улица ќе се чепка нешто, или на неа само кружен тек ќе се прави? |
|||||
FT
Senior Member Joined: 22-Jun-2010 Location: Kocani Online Status: Offline Posts: 573 |
Quote Reply #3 Posted: 25-Apr-2020 at 20:06 | ||||
По целата линија ќе се проширува а само долниот кружен тек ќе се гради, моја грешка. Според општината откупени се 10к м2. Инаку оваа улица, ул. Димитар Влахов, вертикалната улица(не знам име) и ул. ВМРО се еднонасочни, така да не знам што би праеле со планираниот булевар. Edited by FT - 25-Apr-2020 at 20:16 |
|||||
user8642
Senior Member Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2034 |
Quote Reply #4 Posted: 06-Jun-2020 at 13:29 | ||||
Мислам дека вреди сите вести на оваа тема за овој булевар во Кочани да се соберат на купче во нова тема. Ретко кога има примери од други градови.
Милина да се гледа како булдожер расчистува со чиревите од минатото во еден град. Да ни се множат вакви снимки.
|
|||||
FT
Senior Member Joined: 22-Jun-2010 Location: Kocani Online Status: Offline Posts: 573 |
Quote Reply #5 Posted: 08-Jun-2020 at 13:21 | ||||
Бидејќи сме фасцинирани од рушењето , еве ви уште неколку (неквалитетни) слики:
На овие две раскрсници би требало да има кружни текови: Ова е улицата која ги спојува двете раскрсници: Edited by FT - 08-Jun-2020 at 13:26 |
|||||
zorant
Groupie Joined: 26-Aug-2019 Online Status: Offline Posts: 93 |
Quote Reply #6 Posted: 10-Jun-2020 at 09:40 | ||||
Димитар Влахов (од раскрсницата со Стево Т. до Вел Јан) би била двонасочна исто со по две ленти, или?
|
|||||
FT
Senior Member Joined: 22-Jun-2010 Location: Kocani Online Status: Offline Posts: 573 |
Quote Reply #7 Posted: 10-Jun-2020 at 14:53 | ||||
Нема информации за тоа, но додека не се направи кружен тек на мостот, не верувам дека ќе биде така бидејќи без кружен тек би настанал уште поголем хаос на мостот. |
|||||
zorant
Groupie Joined: 26-Aug-2019 Online Status: Offline Posts: 93 |
Quote Reply #8 Posted: 22-Aug-2020 at 21:28 | ||||
Има некој напредок тука? Одамна не сум бил во Кочани.
|
|||||
zorant
Groupie Joined: 26-Aug-2019 Online Status: Offline Posts: 93 |
Quote Reply #9 Posted: 11-Dec-2020 at 11:44 | ||||
Урнат уште еден објект на улицата „Стево Теодосиевски“ – нови кружни текови на „Тодосија Паунов“ Со цел да се пробие новата сообраќајна лента од Двојниот мост до крстосницата во Стришани, викендов беше урнат уште еден објект на улицата „Стево Теодосиевски“, поранешна „Ленинова“. Согласно урбанистичкиот план, оваа улица e планирана со по две ленти во двата правца, со разделно зеленило меѓу нив. Со експропријацијата, Општина Кочани откупува вкупно 9 765 квадратни метри, површина со вкупно 30 парцели, од кои девет се државно земјиште, а на останатите се евидентирани 29 сопственици. На судска одлука се чека за два објекти, а за уривање остануваат вкупно четири, од двете страни на улицата „Стево Теодосиевски“. |
|||||
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20966 |
Quote Reply #10 Posted: 23-Jan-2021 at 13:04 | ||||
Продолжува уривањето на старите градби на улицата „Стево Теодосиевски“, поранешна „Ленинова“. На просторот во близина на Спортската сала денеска се урива уште еден објект. Со тоа се создаваат услови да почнат дел од градежните активности што ќе претставуваат подготовка за изградба на втората коловозна лента.
Со овие суштински промени, централното градско подрачје ќе добие урбан лик, а сообраќајот – понормален тек. https://www.facebook.com/opstinakocani |
|||||
zorant
Groupie Joined: 26-Aug-2019 Online Status: Offline Posts: 93 |
Quote Reply #11 Posted: 23-Jan-2021 at 18:01 | ||||
Знае ли некој дали за рушење е предвидена и последната куќа на Ленинова од десната страна, на ќошот? Така би се отворило доста простор таму.
|
|||||
zorant
Groupie Joined: 26-Aug-2019 Online Status: Offline Posts: 93 |
Quote Reply #12 Posted: 04-Feb-2021 at 16:41 | ||||
|
Почнаа работите за изградба на три од засега петте предвидени кружни текови на булеварот „Тодосија Паунов“. |
Најинтензивни се активностите на кружниот тек спроти „Стокомак“, којшто ги вкрстува „Тодосија Паунов“ со улицата „Македонска“. |
Според проектната документација изработена од стручни лица, на овој ќе се надоврзува уште еден, спроти новата бензинска пумпа „Лукоил“, каде булеварот „Тодосија Паунов“ се спојува со улицата „Киро Кикенски“. |
Третиот кружен тек што ќе се гради во првата градежна етапа е спроти Автобуската станица. |
Изработена е проектна документација и веќе наскоро се очекува распишување на оглас за избор на изведувач по пат на јавна набавка за изградба на уште два кружни тека... |
Originally posted by FT Имаше проект за рушење на мостот и изградба на нов мост со кружен тек ама ништо од тоа јер нема пари секако. |
Originally posted by stef4o Деновиве се очекува да започне реконструкцијата на левиот коловоз на „Тодосија Паунов“ којашто се реализира преку програмата на Светска банка, со поддршка од Министерството за транспорт и врски. |
Originally posted by Théoden
Решението за тој проект: |
Почнува изградбата на новиот кружен тек што ги спојува улиците „Тодосија Паунов“ и „Индустриска“.
Минатата седмица изведувачот на работите, „Стоименов“ започна со изградба на ограден ѕид и со други подготвителни работи.
Паралелно со овој, ќе се гради и кружниот тек што ја спојува улицата „Тодосија Паунов“ со „Кирил Ѕ’мбов“, поранешна „Енгелсова“, кај печатницата „Генекс“. Тој ќе има радиус од 10,5 м, а во негова функција е и изградбата на потпорни ѕидови во должина од 100 метри, од јужната страна на улицата.
Од петте планирани, досега се изградија два: кружниот тек којшто ја вкрстува улицата „Тодосија Паунов“ со „Македонска“ и веднаш до него, којшто е спој со улицата „Киро Кикенски“.
Се очекува новите сообраќајни елементи да овозможат побезбедно и полесно движење на фреквентната улица.
Post Reply | Page 123> |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |