Ветерници |
Post Reply | Page 123 11> |
Author | |||
La Linea
Senior Member Joined: 07-Nov-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2067 |
Quote Reply
#1 Topic: Ветерници Posted: 10-Jan-2008 at 17:32 |
||
Леле колку сум скептичен за ова со зелен пазар... А еве нешто што би било многу интересно да се оствари
Словенци, Германци и Австријци сакаат да градат ветерници во источна Македонија пишува: ИВАН БОЈАЏИСКИ Жител на нашиот главен град прашува штипјанец што има ново во Штип.
„Па, дува многу силен ветер“, рекол штипјанецот. „Ама, јас те прашав
што е ново“, рекол скопјанецот и продолжил по својот пат. Според Љуботенски, Овчеполието, Штипско, потегот Неготино-Радовишко
(регионот околу Конче), Ѓуриште кај Свети Николе, Пробиштипско,
Виничко, Плачковичкиот терен, Осоговските Планини се најветровитите
места во Македонија. Тој тврди дека на овој потег може да се изгради
цело море од ветерници кои значително би го подобриле билансот на
производство на електрична енергија од домашно потекло. „Пред десет
години, кога ги завршив мерењата, со компанија од Данска, најпозната во
производството на ветерници за добивање електрична енергија, постигнав
договор за инвестирање во овој сектор. Но, тогаш во нашава држава не
постоеше законска можност за приватни инвестиции во производството на
струја. Ветерниците требаше да се постават во Штипско, но целиот процес
се одложи се' до денес. Ќе бидам упорен и по најмногу три години ќе го
реализирам овој свој сон“, вели Љуботенски. Тој е цврсто решен во
близина на својата винарска визба, која е лоцирана шест километри од
Штип на патот кон Радовиш, да инсталира ветерница со јачина од 250
киловат-часови, во што ќе инвестира половина милион евра. Ќе има
доволно струја за својот капацитет, но и пазарен вишок. Вели дека
инвестициите во ветерници се скапи, дека започуваат да се враќаат по
десетина години, но нивното одржување понатаму не бара никакви пари, а
овозможува високи профити. Германското искуство со ветерниците е најдобро „Германија најдобро ја користи енергијата на ветерот која во
вкупното производство на струја учествува со приближно 30 проценти.
Австрија, Данска, Холандија, Шпанија се отидени многу напред во
користењето на енергетските можности на ветерот. Во Германија,
последниве години, во самата архитектура на зградите, се инсталираат
мали, бесшумни ветерници од десет киловати кои обезбедуваат автономија
во снабдувањето со струја. Во Јапонија, во куќите се вградуваат мали
централи на ветер со елипси од само 50 сантиметри. Тие се планираат во
проектите на зградите. Тоа е голема „мода“ во земјата на изгрејсонцето.
Ние имаме одлични предуслови за примена на такви решенија“, смета
Љуботенски. |
|||
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
|||
UrbanFreak
Senior Member Joined: 28-Oct-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1732 |
Quote Reply #2 Posted: 10-Jan-2008 at 19:36 | ||
Ова со ветерот е навистина интересно. Само не ми е јасно, како би бил дефиниран откупот и планирањето на производството, кога нели нема 365 дена по 24 часа ветер на ниту една локација??? Какви се гаранциите дека во секој момент тие ветерници ќе произведуваат струја, посебно што складирањето и акумулирањето на големи количини електрична енергија е многу неефикасно, скапо и речиси невозможно. |
|||
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply #3 Posted: 10-Jan-2008 at 20:27 | ||
Да ова е интересна тема. Јасно е дека тој дел на Македонија има добар потенцијал за производство на електрична енергија од ветар. А на глупостите на новинарот от типот за складирање на електрична енергија не би им обрнувал многу внимание. Претпоставувам дека при поголемо учество на ел. енергија добиена од ветар, системот најдобро би се балансирал со зголемување на домашните хидро капацитети, кои се најфлексибилни по некоја моја лаичка ама прилично очигледна логика. Исто така и со отвореност на пазарите на ел. енергија. Еве уште една глупост:
Во Германија во 2006 достигнале прилично голема искористеност на потенцијалите и вкупното учество на ветерот во производство на ел. енергија бил блиску до 5%. Тоа е секако фантастичен резултат, ама е далеку од 30% кои не знам како успеале да се најдат во текстов. Edited by Cloverstack - 10-Jan-2008 at 20:37 |
|||
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply #4 Posted: 10-Jan-2008 at 20:35 | ||
@ La Linea
Пак си забораил да ставиш линк |
|||
pbanks
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
Quote Reply #5 Posted: 10-Jan-2008 at 21:16 | ||
еве уште една вест
Извор: Канал 5 |
|||
La Linea
Senior Member Joined: 07-Nov-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2067 |
Quote Reply #6 Posted: 11-Jan-2008 at 01:03 | ||
БРАВО!
А чекајте малце - „складирање на енергија“? Па зарем не може да се извезува - ако станува збор за вишок на енергија? Зарем е теоретски возможно СКЛАДИРАЊЕ на толкаво количество енергија?! @Clover ... http://www.globusmagazin.com.mk/?ItemID=51D3CB12BA768F47922E916DB724E2AD Edited by La Linea - 11-Jan-2008 at 01:04 |
|||
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
|||
La Linea
Senior Member Joined: 07-Nov-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2067 |
Quote Reply #7 Posted: 13-Feb-2008 at 19:08 | ||
Супер Не разбирам. Дали ова значи дека овие компании ќе добијат дозволи да градат ветерници? Edited by La Linea - 13-Feb-2008 at 19:10 |
|||
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
|||
blejdsk
Senior Member Joined: 05-Feb-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 320 |
Quote Reply #8 Posted: 08-Apr-2008 at 00:57 | ||
ДОМАШНИ ФИРМИ БАРААТ АЛТЕРНАТИВНИ ИЗВОРИ НА ЕНЕРГИЈА
Ветерници над Охрид На Галичица се мери брзината на ветерот за да се утврди дали Охрид може да користи алтернативни извори на енергија На определени делови на планината Галичица кај Охрид, поставени се мерни инструменти кои треба да покажат дали градот може да се снабдува со струја од алтернативни извори на енергија, односно преку ветерници. Инструментите ги поставиле домашни фирми, а резултатите од нивните испитувања наскоро ќе бидат познати. Стручњаците најмногу ги интересирала брзината на ветерот и континуитетот во движењето на воздушните маси, ни изјави вчера градоначалникот на Охрид Александар Петревски, кој деновиве заедно со уште петнаесет градоначалници од Македонија престојуваше во Австрија. Нашите градоначалници имале можност да се запознаат со австриските искуства во користењето на водата за производство на струја, но и со алтернативните извори на енергија. "Ние таму, посебно во Долна Австрија, имавме можност да видиме како водата, гасот, ветерот, па и отпадот се користат за производство на струја. Иако се работи за скапи проекти, за нас од Македонија посебно беше интересно искористувањето на отпадот и на ветерот во производството на електрична енергија. Можеби Охрид, поточно неговата околина и не е толку погоден за градба на ветерници, но за просторот на Овчеполието, според кажувањата на стручњаци, тие би покажале добри ефекти", ни изјави градоначалникот Петревски. (Д.Ч.) http://vest.com.mk/default.asp?id=149829&idg=8&idb=2343&rubrika=Makedonija |
|||
lslcrew
Senior Member Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
Quote Reply #9 Posted: 08-Apr-2008 at 00:59 | ||
Има некои проекти и за мариово, и за овче-поле мислам! Ај кога ќе се среди темава све ќе си дојде на место.
|
|||
blejdsk
Senior Member Joined: 05-Feb-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 320 |
Quote Reply #10 Posted: 08-Apr-2008 at 01:03 | ||
Ја го отворив топиков а ти ми го презема а? а што си ти @La Linea , a baska i si mnogu brz..
Edited by blejdsk - 08-Apr-2008 at 01:04 |
|||
vardar
Senior Member Joined: 03-Mar-2008 Online Status: Offline Posts: 1106 |
Quote Reply #11 Posted: 08-Apr-2008 at 01:28 | ||
fight fight fight |
|||
ProMKD
Senior Member Joined: 25-Feb-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 244 |
Quote Reply #12 Posted: 08-Apr-2008 at 02:01 | ||
Ова со ветерници неколку на галичица и може да допринесе за туризмот.. доволно ќе биде да бапнат една слика од галичица со ветерница на туристички флаер и готово - Охрид станува покрај антички град, и модерен и "зелен" град! Со памет може ова само добро да донесе
|
|||
Katz
Newbie Joined: 09-Apr-2008 Online Status: Offline Posts: 0 |
Quote Reply #13 Posted: 09-Apr-2008 at 14:40 | ||
Во 2004 година бев во најсеверната област Шлезвиг Холштајн во ветерен парк (2.400 ветерници, инсталирана моќност 1.600 мегавати). Тогаш 22 % од струјата во оваа област беше произведена од ветерници.
Посебно северниот дел на Германија има голем потенцијал и се инсталирани ветерници со моќност од преку 10.000 мегавати).
Повеќе за една од германските фирми што се заинтересирани да инвестираат во Македонија може да прочитате на www.seeba-online.de/
|
|||
La Linea
Senior Member Joined: 07-Nov-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2067 |
Quote Reply #14 Posted: 09-Apr-2008 at 19:54 | ||
Здраво Катз
|
|||
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
|||
ProMKD
Senior Member Joined: 25-Feb-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 244 |
Quote Reply #15 Posted: 09-Apr-2008 at 21:36 | ||
Добродојде Katz. Дали си истиот Katz од пунгас.ком ?
|
|||
Katz
Newbie Joined: 09-Apr-2008 Online Status: Offline Posts: 0 |
Quote Reply #16 Posted: 09-Apr-2008 at 22:38 | ||
Yup.
Фала за добродојдето. Edited by Katz - 09-Apr-2008 at 22:39 |
|||
vardar
Senior Member Joined: 03-Mar-2008 Online Status: Offline Posts: 1106 |
Quote Reply #17 Posted: 09-Apr-2008 at 23:16 | ||
Велкам Катз |
|||
La Linea
Senior Member Joined: 07-Nov-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2067 |
Quote Reply #18 Posted: 30-Apr-2008 at 12:50 | ||
Одлични бројки!
|
|||
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
|||
vardar
Senior Member Joined: 03-Mar-2008 Online Status: Offline Posts: 1106 |
Quote Reply #19 Posted: 30-Apr-2008 at 22:35 | ||
Се мисли 1-3 мегават по ветроелектрана или за сите 40??????? Ако е по 1-3 тогаш ова е стварно добра вест, на пример козјак има 80МВ а еден блок во рек битола 225 МВ така д анов какпацитет од 40-120МВ воопшто не е мала работа особено за наши услови.....
|
|||
La Linea
Senior Member Joined: 07-Nov-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2067 |
Quote Reply #20 Posted: 30-Apr-2008 at 22:51 | ||
Просечно годишно производство на Козјак е 156 GWh, а максимално годишно производство на овие 40 ветерници ќе биде 4.5 GWh. Не е некоја фрапантна бројка, ама е супер почеток. |
|||
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
|||
Post Reply | Page 123 11> |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |