build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Воздухопловство
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Авиокомпании и линии

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 56789 242>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #121 Posted: 21-Mar-2009 at 18:31

Originally posted by гитаро

А за името Македонски Авиотранспорт, па и во Грција има многу, многу фирми со претставка македонски (пр. македонски јајца, македонско млеко, македонски весник итн.) но ни 1% од нив не се ни големи, ни профитабилни (баш спротивното), едноставно кој сака си го користи името. Така што коментарите што ги слушам дека МАТ било срамота да се вика Macedonian Airlines апсолутно не се издржани, тоа си е име, не значи дека најдобриот само треба да се вика македонски.

можеби проблем евентуално би било заштитата на MAT како бренд во Бирото за заштита на индустриската сопственост кај нас, незнам дали и како го имаат ова регулирано со државата и дали со лиценцата оди и името, но и така утре ќе го менуваме името на државапа па ова и нема толку да влијае доколку МАТ евентуално ја изгуби лиценцата за национален превозник...

инаку самото учество на капитал од надвор во МАТ не би влијаело околу лиценцата се додека мнозинскиот пакет е во рацете на домашни фирми.

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #122 Posted: 21-Mar-2009 at 18:42
Еееееј бетон од кај сега МАТ и индустриска сопственост. Ја би се сложил на крпење на финансиските дупки на МАТ одека да се реновира аеродромот и да се направи тој трасфер делот, па после сите авиокомпании ќе можат да вртат повеќе промет преку скопскиот и охридскиот аеродром. После ако не иде ни тогаш, тогаш веќе нека се иде и со компензации и со сите логични капиталистички методи.
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #123 Posted: 21-Mar-2009 at 22:14

е ајдеде од каде Smile секоја попрофесионална компанија си го заштитува брендот името  и кратенката може и само дома а може и надвор.  а дали ова на МАТ е заштитено или не тоа незнам, но логиката е националниот превозник да има предзнак Македонски, но немора по секоја цена да гласи МАТ, може да тера и како Македонски Авиосообраќај МА (Macedonian Airways) или пак Македонски Авиолинии МА (Macedonian Airlines), односно има простор за маневрирање.

не ме чуди во иднина доколку ТАВ регистрираат македонска компанија самите тие да се изборат за предзнакот национална авио компанија на МКД.

инаку да може да чекаат околу долговите сигурно тоа и ќе го направеја, но очигледно е дека јамката им е затегната па сега затоа и ваквите најави за "партнерство".   



Edited by beTon - 21-Mar-2009 at 22:14
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #124 Posted: 31-Mar-2009 at 04:38
 
Крстевски ќе го приземји МАТ

Директорот на воздухопловните власти тврди дека компанијата должи над 20 милиони евра, а од МАТ најавија дека ќе поднесат тужба за клевета

Националниот авиопревозник МАТ може да ја изгуби дозвола за работа ако Владата утврди дека компанијата не ги исполнува економските услови за работење поради долгови од над 20 милиони евра, како што тврди Агенцијата за цивилно воздухопловство.

Извештајот за наводните долгови на МАТ, Агенцијата веќе го пратила до Владата, која треба да го разгледа на следната седница и да донесе одлука. Раководството на националниот авиопревозник ги отфрла тврдењата дека должи толку пари и најави тужба поради клевета против директорот на Агенцијата, Зоран Крстевски.

Директорот на Агенцијата тврди дека за долговите на МАТ дознал од самите компаниите и институции на кои авиопревозникот треба да им даде пари. Дел од нив писмено се обратиле до Агенцијата барајќи решение за ситуацијата. Според Крстевски, МАТ на Агенцијата и' должи два милиона евра, на претпријатието за аеродромски услуги 3,6 милиони, на Евроконтрол 2,5 милиони евра. Српската компанија „ЈАТ ервејз“ пред околу еден месец ја известила Агенцијата дека МАТ и' должи 7,9 милиони евра, а компанијата „Бобмардиер“, од која нашиот авиопревозник зел авион на лизинг, барала да и' се исплати долгот од 3,9 милиони евра.

- Овие долгови ги нема во завршните сметки што ни ги достави МАТ, кои не се потпишани од овластен ревизор. Поради тоа не ја знаеме точната состојба во која се наоѓа компанијата. Во изминатиот период за многу нешта се постапувало нестручно и во јавноста е создадена лажна слика за компанијата. Затоа извештајот го доставивме до Владата, која наскоро ќе го разгледува на седница и ќе одлучи што понатаму. Целта ни е да се оцени вистинската состојба во која се наоѓа авиокомпанијата - вели Крстевски.

Според него, лиценцата може да се одземе ако се утврди дека одредена компанија не ги исполнува економските услови за работење, не исполнува технички услови за одржување на авионите, нема авиони или обучен кадар. За раководството на авиопревозникот овие тврдења се небулозни и непроверени. Оттаму објаснуваат дека му должат пари само на Евроконтрол, но се' уште не знаат точно за колкава сума се работи.

- Износот на долгот се' уште го утврдува одборот на директори. Тој долг е направен во времето кога МАТ превезуваше бегалци. Тогаш ни беше речено дека тој долг ќе биде намирен, но никој не кажа кој и кога ќе го стори тоа. Директорот на Агенцијата нема законско право да прави извештаи за компанијата, без нив да ги види одборот на директори и да процени дали податоците во нив се точни. Зачудува фактот што никој од нашата компанија не е повикан на таквите разговори - вели Ѓорѓи Чачкиров, оперативен директор на МАТ. Тој објаснува дека компанијата сега преговара со ЈАТ за заемна соработка, за која двете авиокомпании се силно заинтересирани.  Зарем некој кон кого имате толкав долг, како што тврдат од Агенцијата, би сакал да соработува со вас? - вели Чачкиров.

Скопје-Цирих со компанија од Дубаи

Авиокомпании од Турција, Велика Британија, Дубаи и од Црна Гора биле заинтересирани да летаат од Скопје за Цирих, објави вчера директорот Крстевски.Според него, зголемената конкуренција ќе ги намали цените на билетите. Од МАТ, пак, обвинуваат дека странските компании сакаат да летаат само во шпиц-сезоната, која трае од мај до средината на септември и од 15 декември до 15 јануари, кога ќе можат да остварат профит. А во мртвиот период линијата повторно ќе ја опслужува само МАТ.

Даница Тунтевска
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #125 Posted: 01-Apr-2009 at 00:44
 
 
 

СО ВЛОГ ОД ПЕТ ИЛЈАДИ ЕВРА

Регистриран нов МАТ

Во Централниот регистар на Македонија, минатиот петок била регистрирана уште една авиокомпанија МАТ ЕРВЕЈС ДООЕЛ Скопје. Новата компанија има седиште на Партизанска во центарот на Скопје.
Како сопственик на новата македонска авиокомпанија фигурира друштвото за финансиско услужни дејности ГОМЕС ФАЈНЕНСИНГ ДООЕЛ Скопје. Управител и комерцијалист на фирмата е Виолета Зафировска, која има неограничени овластувања во внатрешниот и надворешниот промет.
Новата македонска авиокомпанија е регистрирана со паричен влог од 5.000 евра, колку што ќе изнесува вкупната основна главнина на друштвото.
Како се случило новата авиокомпанија да има исто име како постојната домашна авиокомпанија МАТ, од редовниот авиопревозник не појаснуваат.
"Таа компанија нема врска со нас. Немаме коментар за името на таа компанија", изјавија вчера од МАТ.
Авиокомпанијата сe уште не побарала дозвола за работа од Агенцијата за цивилно воздухопловство. Директорот на Агенцијата Зоран Крстевски вчера изјави дека нема нова домашна авиокомпанија што од нив бара АОЦ.
"Откако ќе се регистрира компанијата, треба да поминат минимум 90 дена за да може Агенцијата да ја испита подготвеноста на компанијата за летање, почнувајќи од нивниот бизнис план, воздухопловот со кој ќе лета, екипажот, одржувањето и слично. Нема таков пријавен субјект што бара да регистрира нова авиокомпанија во Македонија", вели Крстевски. (А.С.)

 
 
 
 

МАТ ќе го тужи в.д. директорот на УЦВП Зоран Крстевски

Скопје, 31 март - Македонскиот авиопревозник МАТ најави дека ќе поднесе кривична пријава против в.д. директорот на Агенцијата за цивилна воздушна пловидба Зоран Крстевски, поаради, како што соопшти, изнесени лаги и невистини за наводните милионски долгови на компанијата и непроценливата штета што ја нанесе на МАТ.

По повод најновите случувања на релација Македонски авиотранспорт и АЦВ, МАТ во соопштението наведува дека нема земја во светот во која цивилните воздухопловни власти се против сопствениот домашен авиопревозник и оти Македонија е единствениот случај за ова, благодарение на, како што се вели, исклучително личниот став на в.д. директорот Зоран Крстевски и скриените мотиви засега само нему познатии.

Од МАТ го обвинуваат Крстевски дека за време на неколкумесечното в.д. директорување, го уништи и продолжува да го разградува сето она што во сферата на цивилното воздухопловство е направено и постигнато во последниве две децениии.

- Единствениот негов успех и достигнување по што ќе остане запаметен е експресното издавање на уверение за работа и АОЦ сертификат на турската компанија Старлајн ерлајнсс со што освен одговорноста за нашите цивилни воздухопловни власти, од наводната турска инвестиција нема ниту трага ни глас, а за интересот за Република Македонија знае само в.д. директорот Крстевски лично, се наведува во соопштението.

Според МАТ, недолично е што македонскиот национален авипревозник не бил информиран за намерата за промена на билатералната спогодба и за започнатите преговори. - МАТ не беше поканет да присуствува на овие преговори, наспроти присуството на сите Швајцарски авиокомпании од швајцарската страна, со кои швајцарските воздухопловни власти цел месец претходно вршеа консултации, се наведуваат во соопштението.

МАТ го обвинува Крстевски дека во услови на длабока рецесија во светски размери од која најмногу се погодени авиокомпаниите во светот и кога сите влади вклучувајќи ја и македонската, ги помагаат авиокомпаниите и целокупната економија во земјите тој сака да го урне македонскиот национален авиопревозник кој, како што се посочува, за 15 годишното постоење успеа да ги достигне врвните светски стандарди и да произведе стотици професионални кадри во оваа сфера.

Од МАТ потсетуваат дека во мај минатата година компанијата се стекнала со меѓународно признат сертификат ИОСА за организација и безбедност, со што МАТ се вбројува во највисоко безбедните авиокомпании во светот, дека за време на 15-годишното постоење немале ниту еден единствен инцидент и забелешка од извршените инспекциски надзори од страна на домашните и странските воздухопловни власти. МАТ, стои во соопштението, никогаш не бил ниту е монопол на кој било пазар и 15 години успешно се бори со конкуренција со 12 странски авиокомпании зад кои стојат нивните држави, а во Македонија отсекогаш секој можел и може да добие право за летање без какви било ограничувања, како на пример Кроацијаа, Адриаа, Малевв, ЈАТ и други кои летаат и по два пати дневно кон Македонија и обратно.

Во соопштението се додава дека минатата година по барање на МАТ е раскинат договорот за единствен редовен авиопревозник склучен помеѓу МАТ и Министерството за транспорт и врски.

- МАТ никогаш не бил и не е единствениот авиопревозник на релација Скопје- Цирих - Скопје како што тврди в.д. директорот, туку напротив со години наназад како дезигниран претставник од швајцарската страна оперира швајцарската компанија Хелветик ервајзз со неограничено право на летање, а повремено, како чартер компании оперираат и швајцарските компании Еделвајзз, Хелооо и Ер Берлинн.



Edited by vardar - 01-Apr-2009 at 00:51
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #126 Posted: 28-Apr-2009 at 16:42
Македонија и Грција потпишаа договор за прелет на авиони

Контролата на летање на Македонија и Контролата на летање на Грција денеска во Атина потпишаа Договор за оперативна соработка, со кој во иднина ќе се зголеми бројот на прелетите, над Македонија и обратно во правец на Грција, согласно препораките на ЕУ за единстено европско небо.

На чинот на потпишување, директорот на Агеницјата за цивилно воздухопловство, Зоран Крстевски изјави дека ова е прв документ, кој по пет години го потпишуваат македонските и грчките власти, и според него истиот во голема мерка ќе придонесе, како за подобрувањето на регионалната соработка, така и во обезбедувањето ефикасна услуга на Контролата на летање.

http://netpress.com.mk/vest.asp?id=54848&kategorija=2

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #127 Posted: 28-Apr-2009 at 17:07
Добро би дошле некакви детали околу договоров. Дали ова на некој начин го тангира и МАТ (пишува дека договорот е помеѓу контролите на летање)? Дали конечно МАТ ќе може да да прави барем прелети без проблеми?
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #128 Posted: 25-May-2009 at 21:14
каква вест капак туку се вбројува изгледа и новата линија за Подгорица, ова во кризава треба да не окуражи дека не сме за жалење колку што си мислиме Laugh
а ова за Подгорица мислам дека ќе издржи до есента, после негледам кое фајде од неа, тоа и така до сега имаше чартер летови кон Црна Гора, ова сега треба да значи дека интересот за таа дестинација достигнал критична точка или пријателство ние на највисока нога па сега ајде да го крунисаме со редовна линија!
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #129 Posted: 05-Jun-2009 at 13:11
Ново акционерско друштво Македонска Навигација

Регистрирано ново акционерско друштво Македонска Навигација (М - НАВ), за контрола на летање како давател на услуги за воздухопловна навигација.

М - НАВ која беше регистрирано вчера ќе функционира како посебен субјект надвор од АЦВ. По регистрирањето претстои распределба на кадрите и останатите детелни сегменти од сепарацијата на двата правни субјекти.
“Со регистрирањето на новиот субјект М - НАВ, се затвора петгодишниот процес поврзан со сепарацијата на АЦВ, која е во согласнот со Законот за воздухопловство, Договорот за воспоставување заедничка воздухопловна област, како и во согласност со препораките на ЕУРОКОНТРОЛ за заедничко европско небо“, се вели во соопштението од Агенцијата за цивилно воздухопловство.

Акционерското друштво Македонска навигација ќе работи на унапредување на радарскиот систем,  на зголемување на безбедноста на авиосообраќајот и на бројот на прелетите, како и на понатамошна едукација на кадрите во воздухопловната навигација.

http://netpress.com.mk/vest.asp?id=57045&kategorija=1

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #130 Posted: 09-Jun-2009 at 02:34
Авиоврска Црна Гора-Македонија

Од наредната недела авиопревозниците Монтенегро Ерлајнс од Подгорица и БХ Ерлајнс од Сараево ќе воспостават авиолинија помеѓу Црна Гора и Македонија. Авион на БХ Ерлајнс на 17 јуни ќе полета на релација Скопје-Подгорица-Скопје, а од 22 јуни и црногорскиот авиопревозник Монтенегро Ерлајнс ќе ја отвори воздушната линија Тиват-Скопје-Тиват. Босанскиот патнички авион од типот АТР 72, ќе лета два пати неделно (среда и петок) поврзувајќи ги Подгорица и Скопје, а авионот на црногорскиот авиопревозник помеѓу Тиват и Скопје ќе сообраќа четири пати - понеделник, среда, петок и недела.
На овој начин Црна Гора и Македонија конечно ќе воспостават редовен авиосообраќај што има за цел интензивирање на стопанската и бизнис соработката меѓу двете земји, посебно во туризмот, како и полесна комуникација на дијаспората со матичната држава.
На барање на амбасадата на Црна Гора во земјава, македонските воздухопловни власти значително ги намалија цените на хендлинг услугите за Монтенегро Ерлајнс што се очекува да придонесе и цената на авиобилетот да биде прилагодена на куповната моќ на граѓаните на двете земји.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=7025C87449633A4186667E4062BCB7A5
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #131 Posted: 16-Jun-2009 at 15:14
АВИОТРАНСПОРТОТ ВО МАКЕДОНИЈА НАЈСКАП
Цените на билетите превисоко летаат

Трипати се поскапи авионските билети од Македонија, отколку да се патува од некоја од соседните земји. На патниците повеќе им се исплати да одат во Софија или во Солун и оттаму да летаат до посакуваната дестинација, отколку директно од Скопје. Така, на пример, билет во еден правец Скопје - Келн преку „Германвингс“ чини 180 евра, а билетот Солун “ Келн преку истата компанија само 60 евра. Патниците се жалат дека нашите компании што имаат договор за заедничко летање со странските авиокомпании нереално ги покачуваат цените. - Порано билетот до Келн беше многу поевтин, но, најверојатно, видоа добар бизнис, па цената драстично се зголеми. Сега место од Скопје, до Келн патувам преку Солун. Разликата е огромна. И со патот од Скопје до Солун заштедувам 100 евра. Авионскиот билет од Солун до Келн ме чини 60 евра, и тоа со поголемиот дел се аеродромски такси, а авионскиот билет, кога ќе пресметаш, ме чини само 15 евра. Да се чудиш. Стандардот ни е низок, а цените ни се повеќе од европски “ вели наша иселеничка што живее во Германија. Причината за високите цени на авиобилетите во Македонија, според туристичките оператори, е во монополот на авиокомпаниите што летаат кон одредени дестинации. Тие се жалат дека поради високите цени на авиобилетите не можат да склучат аранжмани, поради што имаат огромни загуби. - Авионските билети кај нас се многу скапи. Ако живеете во странство и имате понуда да одите во Лондон за 50 евра и истовремено имате понуда да одите во Скопје за 300 евра, нормално дека ќе одите во Лондон. Оваа држава не сфаќа дека странците што доаѓаат трошат пари. Тие пари ги земаат фирмите што произведуваат и државата - вели Миле Спироски, претседател на Асоцијацијата на туристички агенции во Македонија. Спироски вели дека странските туристи можеме да ги привлечеме само со пониски цени. - Секој сака да патува квалитетно и евтино, само така може да ги привлечеме туристите. Сега на странците повеќе им се исплатува да одат во Париз, Мадрид. Нашите соседи што излегуваат на море имаат пониски цени. Лани од Лондон за Бугарија и за Хрватска, повратен билет чинеше 70 евра, а за кај нас 400, 500 евра “ информира Спироски. Иста е и состојбата со нашите туристи што сакаат да патуваат во странство. Поради високите цени на авиобилетите нашите туристи вообичаено патуваат во соседството, без да видат нови, подалечни дестинации. Од агенцијата „Игуана“, велат дека годинава немаат понуди со авион. Место Турција, каде што поради далечината најмногу се патува со авион, годинава повеќе се бара Грција како дестинација. - Цените за Грција ми се многу посоодветни. Секоја година чекам да паднат цените на авиобилетите за да можат да одам на Тенерифе, на Канарските Острови, но никако да дочекам. Само за пат ми требаат 1.000 евра. Многу е чудно авионот да те чини повеќе од самиот аранжман “ се пожали Христина Томева.



http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=3&tabid=1&EditionID=1732&ArticleID=115785
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #132 Posted: 26-Jun-2009 at 23:47
Авиоврска Сараево-Подгорица-Скопје


Босанско-херцеговската авиокомпанија БХ Ерлајнс вчера реализира промотивен лет на релација Подгорица-Скопје-Подгорица по повод воспоставувањето на авиоврската меѓу Сараево-Подгорица-Скопје. По тој повод, генералниот директор на БХ Ерлајнс Нуџеим Речица истакна дека отворањето на оваа линија е важен политички и економски проект за Македонија, БиХ и Црна Гора.
- Таа авиоврска која поврзува три републики од поранешната Југославија е многу важна за овие држави кои се определени на патот кон ЕУ, но е важно и за регионот, пред се затоа што е воспоставена на почетокот на летната туристичка сезона, што е од важност за туристите од БиХ и од Македонија - истакна Речица.

Авион на БХ Ерлајнс од 17 јуни веќе лета на релација Подгорица-Скопје-Подгорица.
Повратна карта Сараево - Скопје - Сараево чини од 49 евра плус аеродромските такси, а во промотивниот период повратен билет Подгорица - Скопје - Подгорица чини 29 евра плус аеродромски такси.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=1A33A5E6F7E730488C74FAFA27F498EB
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #133 Posted: 27-Jun-2009 at 00:46
Ne deka ne e dobra ovaa vest, ama da se koncentrirame na otvaranje avionski vrski so Madrid, London, Moskva, Paris, Brisel, Kiev, Warsczawa... Sramota sto nemame letovi do najgolemiot evropski aerodrom - London Heatgrow, kon evropskata prestolnina Brisel, kon najgolemiot grad vo Evropa - Moskva, kon Paris moze bi najvaznata evropska metropola po mnogu aspekti, evropskata vrska so Juzna Amerika-Madrid... 
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #134 Posted: 20-Jul-2009 at 15:26

„Отвореното небо“ не носи евтини авиобилети

Во авионскиот сообраќај се вртат многу пари и затоа државата ќе мора да ја разгледа опцијата за постоење на домашна компанија која ќе влијае на странските компании да понудат поевтини и поквалитетни услуги

%20
Република Македонија нема изработено сопствена стратегија за авиосообраќајот и преземањето на концептот на „отворено европско небо“ нема да донесе конкуренција и намалување на цената на авионските билети. Во авионскиот сообраќај се вртат многу пари и затоа државата ќе мора да ја разгледа опцијата за постоење на домашна компанија која ќе влијае на странските компании да понудат поевтини и поквалитетни услуги, сметаат дел од експертите во авионскиот сообраќај.

- Од наредната година стапува на сила договорот за Заедничка европска област. Тоа значи авиокомпанија која ќе полета од Скопје и слета во Виена, може да зема патници од Виена и да лета за Цирих. Станува збор за тотална дерегулација во авиосообраќајот како да сме влезени во ЕУ. Дилемата е дали ни треба домашна авиокомпанија и дали таа ќе може да се соочи со таквата конкуренција. Во отсуство на стратегија се очекува односите во авиосообраќајот да се регулираат по „природен“ пат, односно преку пазарот - вели Кире Каевски, пензиониран пилот со долгогодишно искуство во оваа дејност, кој бил и раководител на секторот за безбедност во Агенцијата за цивилно воздухопловство.

Според него „отворањето на небото“ воедно не значи и воведување на конкуренција меѓу авиокомпаниите и до намалување на авионските билети за македонските патници, кои и досега плаќале поскапи билети во однос на останатите земји во опкружувањето. Концептот на „нискобуџетни“ авиокомпании, вели тој, не одговара за нашата земја. Овие компании се базираат на честа фреквенција и полни авиони. Македонија не може да го обезбеди тоа и затоа ваквите компании не полетуваат од нашите аеродроми.

- Погледајте колку се авионските билети од Скопје или од Белград, Солун или, ако сакате од Приштина. Кај нас нема конкуренција, зашто странските компании не си конкурираат меѓу себе. Една лета за Виена, друга за Будимпешта. Конкуренција се јавува кога некоја домашна или друга странска компанија летаат на истите дестинации. Таква конкуренција ќе немаме во иднина - појаснува Каевски.

Давањето на државна финансиска помош за некоја авиокомпанија е погрешно и тоа само ќе ја ограничи конкуренцијата и ќе ги доведе во нерамноправна позиција останатите авионски оператори. Поради тоа негово мислење е да се основа компанија со делумна или со мнозински или малцински удел на државата.

- Ако се има стратегија и ако добро се размисли ќе се види дека е подобро да постои таква компанија, од која државата би имала поголема корист. Погледнете го примерот со „Кроација ерлајнс“, која од нејзиното постоење е во загуба. Но, ако се погледнат девизниот прилив, исплатата на даноци по сите основи, вработувањето и користењето на хрватски ресурси и производи и што се најважно пониските авиобилети тогаш има повеќе странични ефекти за таа земја, дециден е Каевски.

Во врска со спорот меѓу МАТ и воздухопловните власти Министерството за транспорт и врски застана на страната на Агенцијата за цивилно воздухопловство, која не му ја продолжува дозволата за летање на единствениот авион на МАТ.

- Министерството за транспорт се грижи за законското работење на која било авиокомпанија во Македонија. И МАТ мора да ги почитува сите законски прописи од аспект на задоволување на безбедносните стандарди и исполнување на финансиските обврски. Немаме никакво барање за замрзнување на долговите од МАТ и тоа ќе го разгледаме откако ќе биде доставено до нас - ни изјави министерот Миле Јанакиески.

Од МАТ побараа одложување на плаќањата на обврските за извршените аеродромски услуги и за лошата финансиска состојба го обвини првиот човек на АЦВ, кој не дозволи враќање на авионот на МАТ, кој се наоѓа на сервис во ЈАТ во Белград. Авиокомпанијата им должи околу 20 милиони евра на различни компании, поради што од АЦВ побараа МАТ до септември да достави финансиска програма за консолидирање на фирмата. Доколку не биде направено тоа, на МАТ ќе им биде одземена дозволата за работа, најавија од АЦВ.




Барање за нови домашни компании

Во Македонија моментално нема домашна авиокомпанија, додека од скопскиот и охридскиот аеродром летаат 12 странски компании. Странските „оператори“ имаат редовни линии до Виена, Белград, Љубљана, Загреб, Дизелдорф, Истанбул, Прага, Тирана, Сараево и Подгорица. Лани 42 отсто од вкупните патници и 37 отсто од операциите беа на МАТ. Годинава има за околу 40.000 патници помалку.

До АЦВ поднесено е барање за добивање дозвола за летање на компанијата Ер лифт сервис, во која премина поголем дел од кадарот на МАТ. Исто така, и МАТ ервејс го обнови барањето, кое претходно им беше одбиено од воздухопловните власти, а интересирање за отворање нови компании пројавиле и две странски фирми.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=7209102375&id=10&prilog=0&setIzdanie=21742
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #135 Posted: 22-Jul-2009 at 12:52
 
ИНТЕРВЈУ СО ЗОРАН КРСТЕВСКИ, ДИРЕКТОРОТ НА АГЕНЦИЈАТА ЗА ЦИВИЛНО ВОЗДУХОПЛОВСТВО

Полесно се лета без МАТ
 

Пониски цени на авиобилетите, воспоставување линии со земји до кои сега нема директна врска и проширување на конкуренцијата на домашниот авиопазар од средината на следната година најави Зоран Крстевски, директор на Агенцијата за цивилно воздухопловство во интервјуто за „Време“. - Од 2006 година Македонија е потписничка на мултилатерална спогодба за единствен воздушен простор. Со тоа од средината на 2010 година треба да се овозможи ослободување на сите ограничувања за редовни и за чартер-линии во рамките на Европската унија. Од први август годинава АЦВ потпиша договор со Европската агенција за воздухопловна безбедност со која се прифаќаат сите стандарди и регулативи што важат за Европската унија, што е чекор напред - вели Зоран Крстевски.

 у За колку проценти е намален патничкиот сообраќај поради светската економска криза?
- Според последните податоци, падот на сообраќајот варира и се движи околу 10 проценти, што е во рамките на падот во Европа. Причината за ова е глобалната криза, а свое влијание имаше и новиот грип. Но, ние очекуваме заздравување на пазарот. До 2020 година очекуваме двојно зголемување на авиосообраќајот.

у Ова предизвика намалување на приходите од аеродромските такси. Дали се одрази тоа врз финансиската состојба на АЦВ и на аеродромите?
- Ефектите од намалување на авиосообраќајот се лоши за аеродромите. Но, сега постои редовна наплата затоа што најголемиот должник МАТ подолго време не оперира и порационално се користат финансиските ресурси. Македонија уште од 2001 година ги намали сите такси. Ние имаме најевтини аеродромски такси во регионот, но тоа не е доволно. Поради тоа Владата ги даде на концесија двата аеродрома.
 
уКако ја гледате иднината на авиосообраќајот во Македонија?
- Македонија досега го развиваше концептот на авиосообраќајот од 90-тите години на минатиот век обидувајќи се да го заштити воздушниот простор од конкуренцијата. Тој концепт не донесе ништо во изминатите години. Напротив, некои обиди за формирање авиокомпании пропаднаа, притоа повлекувајќи да нема развој ниту на аеродромите ниту на контролата на летање.
 
у Во последно време сте експониран во јавноста поради спорот со МАТ, што се случува таму?
- Приоритет во авиосообраќајот е безбедноста и таа е обврска како на операторите така и на воздухопловните власти. Очигледно е дека внатрешните финансиски проблеми на компанијата, кои се подолгорочни, влијаат да се одржи редовност на сообраќајот во обем како што си го замислиле. И сето тоа во услови со само еден авион, кој се уште е на поправка, но така, очигледно, не може.
 
 у Дали има промена во цените на билетите по приземјувањето на МАТ?
- Дојде до извесно намалување на цените на билетите. Се очекува уште поголемо намалување на цените од 2010 година. Сегашните високи цени се карактеристични за линијата Цирих. Авиобилетите на релација Приштина до Цирих чини 110 до 140 швајцарски франци, а кај нас никогаш не била под 400 франци, а во сезона достигнуваше и до 900 франци. Значи, поради пониските цени за Цирих ни ги зедоа патниците.

у Значи ли ова дека Приштина го зазема местото на скопскиот аеродром?
- Кај нас само МАТ леташе. Ако не беше тој, не леташе никој друг. Сега потпишавме договор за либерализација со швајцарската конфедерација, кој е на ратификација во Собранието. Со овој договор ќе имаме право на повеќе авиокомпании што ќе летаат и од Македонија и од Швајцарија. Значи секоја авиокомпанија, во зависност од интересот, ќе може да си бара аеродром од каде ќе лета. Ова до сега не беше можно. До сега што морало да лета било МАТ. Владата во 2000 година потпиша договор со МАТ со кој сите линии му припаѓаа само на МАТ. Тој договор истекува в година. Годинава во февруари се потпиша и анекс на договорот, кој му овозможува да ги задржи линиите до крајот на годинава. В година на линиите на МАТ ќе може да лета тој и некоја друга компанија.

у Во моментов немаме директни линии до Лондон, Париз, Рим. Има ли интерес од компаниите за воспоставување вакви линии?
- Министерството за транспорт водат интензивни разговори за Македонија да се поврзе со други дестинации. На 29 ќе се разговара со „Бритиш ервејс“ за заживување на линијата Скопје - Лондон. Остварени се контакти со „Визер“, „Хелветик“, „Герман вингс“, „Еир Берлин“ и некои други.

Се бараат нови компании
Како што се одвиваат работите, Македонија ќе остане без национален авиопревозник. Дали сметате дека државата губи најмногу?
- АЦВ не ги штити комерцијалните интереси на авиокомпаниите. Тие треба да се докажуваат на пазарот. Ние се водиме од аспект на безбедноста и на исполнувањето на условите да се оперира. Тука се финансиската состојба на авиокомпаниите, компетентноста на персоналот, контролата на техничкото одржување на авионот. МАТ дел од линиите ги загуби поради долговите со Евроконтрол, не лета за Италија, не лета за Германија и за други земји. Министерството за транспорт размислува на Владата да & предложи дел од тие линии да бидат поддржани од компании што ќе имаат интерес да летаат. За нив веќе има интерес од „Туркиш ерлајнс“, од „Свис“, од „Кроација“ од „Адрија ервејс“.
 
 
Vreme
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #136 Posted: 25-Jul-2009 at 14:55
Фина вест. Баш ме интересира како ќе влијае безвизниот режим на авиосообраќајот. Јас очекувам конечно да се одлепиме од оние 600 и кусур илјади патници годишно. Мислам дека од самиот старт ќе има скок во сообраќајот и дека конечно ќе се создаде логика за нискотарифни компании (нормално ако и аеродромските власти ги создадат условите за тоа).

БРИТАНСКАТА АВИОКОМПАНИЈА СЛЕДНАТА НЕДЕЛА ДОАЃА НА ПРЕГОВОРИ

"Бритиш ервејз" сака да лета од Скопје

Според директорот на АЦВ Зоран Крстевски, "Бритиш ервејз" е една од големите компании кои долгорочно го испитуваат пазарот, а македонските власти сакаат да ги искористат можностите што се создаваат од идната година со визната либерализација и со потпишаните договори за отворено небо

Британската авиокомпанија "Бритиш ервејз" ги разгледува можностите пак да лета од Скопје, а в среда следната недела нејзини претставници доаѓаат на разговори со домашните воздухопловни власти. Координатор на еднодневната посета е Министерството за транспорт и врски, но неговиот портпарол Драган Симоновски вчера не одговори на нашето прашање за што ќе се разговара со претставниците на британската авиокомпанија.
На средбата ќе присуствува и директорот на Агенцијата за цивилна воздушна пловидба Зоран Крстевски. Според директорот Крстевски, "Бритиш ервејз" е една од големите компании кои долгорочно го испитуваат пазарот, а македонските власти сакаат да ги искористат можностите што се создаваат од идната година со визната либерализација и со потпишаните договори за отворено небо.
"Идната година од јуни престануваат да важат билатералните договори со кои државите ја регулираа слободата на летање. Авиокомпаниите, кои сега редовно сообраќаат на релации од домицилните аеродроми, в година ќе можат да летаат и од трети држави. Пазарот ќе се либерализира, ќе биде еден и целта е да се искористи првиот бран, односно на нашите аеродроми да се привлечат повеќе авиокомпании", објаснува Крстевски.
Извори за "Вест" велат дека не е исклучена можноста "Бритиш ервејз" од Владата да побара гаранција дека ќе откупува минимален број седишта месечно во летовите на компанијата за потребите на државните институции кои би се фактурирале по пониски, дисконтни цени од редовните.
Ако преговорите, кои се почнати поодамна, завршат успешно, авиокомпанијата може да се очекува да полета од Скопје најрано во текот на март 2010 година, со почетокот на идната летна сезона.
"Бритиш ервејс" од 1999 година леташе од Скопје, но во 2001 година го напушти Скопскиот аеродром, официјално поради комерцијални причини, но во јавноста се шпекулираше дека на одлуката влијаеле и безбедносните проблеми во земјава.
"Бритиш ервејз" во моментов во регионот има директен лет од Лондон до Белград, Приштина, Софија и Тирана.


http://www.vest.com.mk/?ItemID=34945CF9DC85404C89B1C560F4684014


Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #137 Posted: 30-Jul-2009 at 04:47
 

НОВИ СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ ВО АВИОСООБРАЌАЈОТ


British Airways се враќа на македонското небо


Британската авиокомпанија "Бритиш Ервејс" сериозно е заинтересирана да воспостави авионски линии до Македонија. Од авиокомпанијата очекуваат од идната година кога ќе стартува визната либерализација македонските граѓани повеќе да патуваат и со тоа да има очекувано зголемување на воздушниот патнички сообраќај во земјата. Тие по десетгодишна пауза најавуваат директни летови Лондон-Скопје и обратно, како и зголемување на бројот на понудени дестинации до кои исто така ќе се лета директно.

Како што информираат од Министерството за транспорт, ова на министерот Миле Јанакиевски вчера му го пренеле претставници на Бритиш Ервејс кои се дојдени работно во земјава. На средбата која што се одржа во Министерството, Јанакиески на претставниците на авиокомпанијата им ги посочил предностите за оперирање во Македонија и плановите за модернизација на аеродромскиот систем преку проектот за издавање на македонските аеродроми под концесија.
Средбата е организирана со помош на Агенцијата за странски инвестиции на РМ. Инаку, бртитанската авиокомпанија порано имаше директни летови Лондон - Скопје и обратно речиси две години, а ги прекина во 2001 година, поради тогашните воени настани во земјава.

 
 
Vecer
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #138 Posted: 26-Aug-2009 at 20:14
Третманот на една од авио компаниите кој работат во Македонија



Со повратен лет од Скопје до Будинпешта со платена карта од



Со малиот Foker, страшно тесен и со огромна бука нарочно во заднит дел



Со изобилно послужување од



И среќа ако не ве посипат ако потражите уште некое кафе или пиалок.

И на крај замислете колку чини карта во еден правец, со сите овие удобности и квалитет !?
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #139 Posted: 17-Sep-2009 at 15:41

Монтенегро Аирлајнс ќе лета за 29 евра од Скопје кон големите европски градови

Авиосообраќајот во Македонија се уште останува најскап во регионот. Високите цени се правдаат со малиот број компании што летаат од домашните аеродроми и скапите аеродромски услуги, но и скапиот керозин што им се нуди на авиокомпаниите. Ако во соседните држави летаат по триесетина компании што нудат високобуџетни летови и до 30 евра до сите европски градови, кај нас со само 12 странски авиокомпании цени на авиобилетите остануваат скапи и неконкурентни.

Актуелните понуди достигнуваат и над 300 евра во еден правец. На пример, кон Будимпешта цената на билетот чини 350 евра, Тирана 290, Виена - 230, Цирих од 250 до330 евра, Загреб 220, Софија 270, Франкфурт 250, Истанбул од 120 до 180 евра. За разлика од кај нас, од приштинскиот или софискиот аеродром цените се пониски за 20 %.

Лошата состојба во авиосообраќајот е обид црногорската авиокомпанија Монтенегро Аирлајнс да влезе на македонскиот пазар. Најавија летови за 29 евра кон сите поголеми градови низ Европа.

Дејан Бојаниќ- комерцијален директор во Монтенегро Аирлајнс вели дека секој ден ќе летаат авиони од Скопје преку Подгорица до сите евроски градови.

Обид повторно да се врати на македонскиот пазар прави и Бритиш еирвејс, компанија која пред неколку години поради нерентабилност си замина од Македонија.

http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=44&egId=14&eventId=53372
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #140 Posted: 23-Sep-2009 at 14:34
 

ДЕРЕГИСТРИРАНО ЕДИНСТВЕНОТО ЛЕТАЛО НА НАЦИОНАЛНИОТ АВИОПРЕВОЗНИК


МАТ остана без авионот боинг 737-500


Со ова, МАТ е пред згаснување бидејќи, освен што го нема единственото летало за вршење на авиосообраќај, оттаму не ни побарале да го продолжат уверението за работа кое му истече на 1 септември. А клучниот услов кој МАТ треба да го исполни за да може да ја продолжи дејноста е до воздухопловните власти да го достави финансискиот извештај за 2008 година и да има барем еден авион за вршење на дејноста


Боингот 737-500, единствениот авион на авиокомпанијата МАТ е испишан од регистарот на воздухоплови на Македонија. На барање токму на авиокомпанијата, Агенцијата за цивилно воздухопловство деновиве направила дерегистрација на боингот" кој, поради познатите причини и натаму стои во Белград, во сервисот на ЈАТ техника. Информацијата ја потврдуваат и од Агенцијата, но и од МАТ од каде засега се воздржуваат од какви било коментари и најавуваат повеќе детали во наредниве денови.
- Од МАТ писмено побараа да го испишеме нивниот авион од регистарот на воздухоплови што и го сторивме. Дали ќе побараат регистрација на нов авион, не знам. Работните дозволи на МАТ-овите пилоти се уште се важечки - ни изјави директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство, Зоран Крстевски.

Со ова, компанијата е пред згаснување бидејќи, освен што го нема единственото летало за вршење на авиосообраќај, оттаму не ни побарале да го продолжат уверението за работа кое му истече на 1 септември. А клучниот услов кој компанијата треба да го исполни за да може да ја продолжи дејноста е до воздухопловните власти да го достави финансискиот извештај за 2008 година и да има барем еден авион за вршење на дејноста.

Иако нема официјална потврда, во јавноста се шпекулира дека МАТ свесно оди на опцијата да згасне со работа, а потоа да продолжи да функционира по капата на МАТ Ервејз, која од пред неколку месеци е регистрирана како компанија на сегашната адреса на претставништвото на српски ЈАТ Ервејз. Од МАТ Ервејз, во која има кипарски капитал, претходно побараа да ги запишат во македонскиот регистар на авиокомпании, но нивното барање беше одбиено од АЦВ поради неисполнување на условите. Неодамна министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески на средбата во Белград со неговиот српски колега не сакаше да обелодени повеќе детали дека ЈАТ Ервејз има регистрирано компанија во Македонија под името Аеромак, со која ќе сообраќа во земјава.


 
Vecer
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 56789 242>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.523 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.