build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Јавен превоз
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Метро во Скопје?

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 5678>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 886
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #121 Posted: 19-Jan-2019 at 18:17
Ние немаме нормални сообраќајни решенија помеѓу самите градови, а не па градски јавен транспорт базиран на метро или ЛРТ Big%20smile Science fiction

На мнозинството луѓе им е "испод част" да влезат во бус. Оттука треба да почнеме со разгледување на проблемот.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #122 Posted: 19-Jan-2019 at 18:36
Originally posted by ironm

Ние немаме нормални сообраќајни решенија помеѓу самите градови, а не па градски јавен транспорт базиран на метро или ЛРТ Big%20smile Science fiction

На мнозинството луѓе им е "испод част" да влезат во бус. Оттука треба да почнеме со разгледување на проблемот.


навиките се менуваат. „Испод част“ ќе го снема со тек на време ако имаме јавен транспорт на кој може да сметаме.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #123 Posted: 19-Jan-2019 at 18:40
Инаку, ЛРТ муабетот е актуелен со последните најави на Шилегов. Веројатно никој не повлече дискусија бидејќи ни е збоктисано од лажни ветувања.

Човекот бил до Загреб, видел и сеа ќе го работел проектот по нивни модел и со нивна помош. Многу ме плаши дека се работи за оној менталитет што не дофрла подалеку од Белград и Загреб. Загреб можеби нема така лош јавен транспорт, но нивната класична трамвајска мрежа е од друго време и не е нешто што ни е потребно во Скопје.

Самото тоа што веќе се зборува за вртење по Кочо Рацин - 11 Октомври - Димитрие Чуповски - Св. Климент Охридски наместо тунелот, ми укажува дека повторно ќе ни се изневерат очекувањата дека ќе се направи нешто како што треба (ако почне да се прави).
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #124 Posted: 20-Jan-2019 at 11:39
Иако не верувам, но ако стварно се фатат да го прават трамвајот можеби е добро време да се активираме малку, да не зезнат работа, зашто сигурно ќе зезнат.

Ако не се успее да се издејствува тунел, барем да бидеме сигурни дека нема да ги постават шините во крајна десна лента, и да им се објасни дека треба да стојат во средина.
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #125 Posted: 20-Jan-2019 at 12:07

Се согласувам, таа битка е побитна, тунелот се прави и накнадно. И не е само шините да бидат во средина, туку да имаат комплетно независна траса која нема да зависи од семафорите по Јане Сандански и Партизанска, што без денивелации е невозможно.

Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #126 Posted: 20-Jan-2019 at 12:59
Јас лично сум за некој хибрид од обичен трамвај и ЛРТ. По Јане Сандански и Партизанска да си оди на ниво на земја, со тоа што секоја раскрсница да се прилагоди за да се овозможи предност на трамвајот.

Што мислам:
1. Раскрсници од типот на Мекдоналдс и Веро во Аеродром да станат кружни текови.
2. Раскрсници од типот на бул. Србија - бул. Јане Сандански и Партизанска - бул. 8 Септември да станат денивелирани со кружни текови, односно булеварот што го сече трамвајот да оди под земја, Србија, 8 Септември, а на Јане Сандански и Партизанска да се формира кружен тек.
3. Двете раскрсници кај Транспортниот центар да станат еден голем кружен тек, да се затвори преминот под Железничка, тука да има трамвајска станица со дополнителни содржини во склоп на Транспорниот центар. Кружниот тек всушност ќе се формира со двете паралелни улици и двете напречни улици на Железничка, односно таа кај приватните автобуси и таа кај Пошта 2.
4. Идеално ќе биде да се направи тунел од НБРМ до Соборна, со тоа што ќе може да се оди со површински коп бидејќи е трамвај и не бара многу големи радиуси на криви и ќе може да се протне преку Ново Маало (паркингот) - Жена Парк - Рекорд - Даме Груев - Партизанска (Соборна), односно да ги следи сегашните улици и празни простори. Тунелот според мене освен што е важен да се одвои трамвајот од останатиот сообраќај, важен би бил и за формирање на добра трансферна станица на Рекорд. Главната линија да оди под земја, а идните трамвајски линии што ќе поминуваат на Рекод и автобуските линии да бидат на земја, со тоа што Рекорд и 11 Октомври би биле затворени за автомобили.
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2664
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #127 Posted: 20-Jan-2019 at 16:43


И сето ова очекуваш да го направи човекот, кој максимално што направи е повторно пуштање на затворената автобуска постојка во ГТЦ, која патем повторно ја затворија?

Каде е градско-приградската железница, каде е подобрениот јавен превоз, каде е билетот за едно возење?
Каде е мостот помеѓу Јане Сандански и Ќерамидница, каде се паркиралиштата кај Хиподром и Сарај, каде е новиот Клинички Центар?

Освен демагогија, ама баш ништо нема да направи.
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
The Wild Boy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2020
Online Status: Offline
Posts: 497
  Quote The Wild Boy Quote  Post ReplyReply #128 Posted: 14-Sep-2021 at 11:24

Наскоро!!! Спремам нешто големо, со помош на еден пријател (експерт) од странство. Ќе видите наскоро за што станува збор.


Edited by The Wild Boy - 14-Sep-2021 at 11:30
Back to Top
Vire View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Aug-2021
Online Status: Offline
Posts: 390
  Quote Vire Quote  Post ReplyReply #129 Posted: 14-Sep-2021 at 17:52
Што спремаш дипломска ? Немој не ми давај лажна надеж дека ќе почне метро да се гради во Скопје
Back to Top
andree View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 15-Dec-2021
Online Status: Offline
Posts: 1
  Quote andree Quote  Post ReplyReply #130 Posted: 15-Dec-2021 at 15:39

tunel samo od rampa do gorce
Back to Top
The Wild Boy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2020
Online Status: Offline
Posts: 497
  Quote The Wild Boy Quote  Post ReplyReply #131 Posted: 20-Feb-2022 at 20:47


Cheers

За брзо ќе дознаете!
Back to Top
Aowek View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 22-Sep-2021
Online Status: Offline
Posts: 53
  Quote Aowek Quote  Post ReplyReply #132 Posted: 20-Feb-2022 at 21:44
Друже кој од Ченто ќе ти се качи на воз бе да дојде до Железничка па да фаќа метро?

7 км од центар ти е Ченто ако не успеат да напраат метро до таму да се утепаат на мапава Оризари метро линија има. Целосно утната е мапава. Источниот дел на градот пак е лошо поврзан.
Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Location: Tamworth,UK
Online Status: Offline
Posts: 1008
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #133 Posted: 21-Feb-2022 at 10:10
Малце си претерал со станиците
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2664
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #134 Posted: 10-Mar-2022 at 16:59
Eве едeн неуспешен метро-план.

https://en.wikipedia.org/wiki/Chelyabinsk_Metro

Edited by phenomenon - 10-Mar-2022 at 16:59
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
The Wild Boy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2020
Online Status: Offline
Posts: 497
  Quote The Wild Boy Quote  Post ReplyReply #135 Posted: 28-Apr-2022 at 03:42
Епа дечки, после некое време го завршив тоа што го имав на ум...

Подолу е мојот метро план + градско - приградската железница за овој град. Има и слики, а и линк од самата траса на Google My Maps, каде што можете комотно да си зумирате и да гледате точно каде што оди.













https://www.google.com/maps/d/edit?mid=18HoAXBe37NzuVG-YfSFGxlRavEmyPnFH&usp=sharing

Е сега, да разјаснам неколку работи:
- Планот не е финален, секако ќе трпи измени, ако треба ќе се тргнат непотребни линии, ќе се додадат други, ќе се менуваат станици, итн...
- Непотребните станици ги тргнав, ослободив доста простор во неколку делови од градот. Сепак има неколку места (како центарот на градот) каде што едноставно немаше смисла да отстранам станици, бидејки сепак центар е, очекувано е да има поголема густина на станици (погледнете го метрото во Парис како за пример).
- За тоа што ми пишавте во врска со Ченто како бил глупо поврзан... епа претходната пат заборавив да напоменам дека таа жолта линија всушност е градско - приградската железница. Значи станиците за градско - приградската железница се со знак воз, а станиците за метрото се со знак M. Да не ве буни тоа.
- Знам дека повеќето станици, кривини, и трасата дека не се 100% точни и кажувам дека немам, нит сум имал намера да ги направам 100% точни. Целиот овој "план" е чисто направен, на некој начин илустративно да се покаже од прилика како градот би можел да се поврзе подобро со нов вид на јавен превоз кој што е ефикасен, брз, нема никаква допирна точка со сообраќајот и улиците, и е eco - friendly.
- Знам дека ваков проект би коштало многу. Не ми е поентата тоа сега, туку чисто да приложам нешто што можеби ќе се најде во корист.

Слободно можеме да дискутираме, отворен сум за дискусија, кој сака слободно може и да си го симне тоа што сум го навртал (мислам има опција да се ископира) и да проба да се нацрта.

Слободно очекувам мислење од вас, прифаќам помош, заедно можеме да се обидеме да направиме нешто што ќе испадне супер.

За проектов има уште доста работа, но мислам дека сега за сека е океј вака. Не сум некој експерт по ова, па се потрудив колку што го знам градот, да направам нешто што мислам дека барем за сега е океј.

Размислував и за кружна линија, но реално тоа би зависело од тоа како градот ќе се развива во иднина. Ако погледнете, третата метро линија, т.е последната станица завршува веднаш после Шуто Оризари. Тоа така го направив, бидејќи слушав овде на форумот дека на таа локација негде во Визбегово ќе се градела нова населба. Потенцијалот новите населби да се врзат со метро би бил секако голем. На неколку места до, околу и надвор од Скопје има слични такви празни површини на кои што би можеле да никнат нови населби, и дури тогаш да се проширува метрото, да се прават кружни линии, нови линии, итн...

Евентуално кога ќе направиме нешто совржено од овој проект, целта ќе ми биде да се огласам на неколку места па да се крене неков вид на "metro advocating", промовирање на ваков метро систем, па можеби ќе стигне ова и до некој од градската власт... ќе видиме, не сум во брзање.
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2692
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #136 Posted: 28-Apr-2022 at 08:54
Мислам дека виолетовата, сината и кафеавата линија би биле премногу за Скопје. Портокаловата и зелената се сосема доволно.

Исто така, супер би било метро и железничките станици да бидат споени.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
The Wild Boy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2020
Online Status: Offline
Posts: 497
  Quote The Wild Boy Quote  Post ReplyReply #137 Posted: 28-Apr-2022 at 12:24
Originally posted by Staro Skopje

Мислам дека виолетовата, сината и кафеавата линија би биле премногу за Скопје. Портокаловата и зелената се сосема доволно.
Исто така, супер би било метро и железничките станици да бидат споени.


Слушај сега, за почеток Скопје може и само со портокалова линија да се покрие (прва линија) која што би променила и би помогнала многу.

Секако и зелената линија (втора линија) би била тука од голема важност.

Другите линии чисто ги ставив, што може во иднина да се направи ако се развива градот уште повеќе.

Зависи како ќе порасне градот, колку ќе порасне, и за колку време. Со овие други линии Карпош, Тафталиџе, Ѓорче Петров и Аеродром се поврзуваат уште подобро.

Е сега, евентуално дури и со само 1 линија пак може да има добра поврзаност, ако тие делови од градот што се малку по далеку од самата метро линија добија добро пешачко и вело поврзување.

Е сега, за спојување на метрото со железничкиот систем, мене не ми е изводливо. Подолу ќе објаснам зошто:

Како прво, ако би се градело метро во Скопје, тоа најдобро би било да биде од типот на "Light Metro", т.е. лесно метро.

Разликата во Обично vs Лесно Метро е тоа што лесното метро е малку помало, нема потреба од огромни платформи, и станици, може да оди и на потесни шини, користи или трера шина за напојување или како кај возовите преку пантограф. Најголемата предност е тоа што лесното метро е по евтино од обично метро. Еве градови како Софија веќе користат лесно метро, исто и Солун ќе користи лесно метро. За градови од 700,000 до 1,200,000 жители таков тип на метро е соодветен.

Секако ќе треба да се гледа станиците, тунелите, и се друго остало да се направи како што треба, препроектирано, со повеќе простор, па ако градот порасне доста во иднина и ја надмине таа бројка над 1,200,000 жители, тогаш едноставно само ќе треба да се донесат пошироки метроа, и да се инсталираат пошироки шини.

Метрото како систем на многу места во светот си е посебен систем. Во Амстердам метрото не оди по шините на градско - приградска железница, во Лондон има нешто што се вика "Overground", кој што е посебен надземен возен систем, и "Deep Level Tube", кој што е метро системот. Тие 2 се сосема различни и на ни еден начин не се спојуваат.

Дополнително, ако метрото и градско - приградскста железница би се споиле, тогаш ќе треба да се додаде "трета шина" за напојување на веќепостоечките чини. Особено кај железничката станица ќе треба пак да се модифицираат платформите. Секако ова може да се избегне, ако се оди со систем кој што ќе се напојува преку пантограф, или пак да има метроа кои што кога ќе се под земја да се напојуваат преку "трета шина", а кога ќе се над земја преку пантограф.

Овде доаѓаат и многу други фактори. Лесното метро ако оди со потесна ширина на шините, тогаш нема да може да оди на веќе постоечките, и ќе треба да се ставаат потесни шини врз веќепостоечките, што би значело поголема работа за оддржување. А гледаме кај нас шините како се оддржуваат, толку добро што самите возови си фаќаат пожар кога пуштаат искри, запалувајки ја истата таа нарасна трева кој што никој не ја исекол уште од кога се осамостоивме...

Еве подолу еден линк за тоа што е лесно метро:
https://en.m.wikipedia.org/wiki/Medium-capacity_rail_system

Ваков систем се користи насекаде низ светот, дури и во далеку поголеми градови и места, како на пр. Тајпеј, Куала Лумпур, Копенхаген, и други...

Едноставно за мене, градско приградската железница треба да има добра поврзаност со самиот метро систем. Некои од дополнителните линии се врзуваат на градско - приградската железничка линија, и секако дека главната точка на поврзување би била во самата железничка станица која што би се модифицирала со соодветен подземен пристап кон метро системот. Дури тогаш да видите како ќе зазживее транспортниот центар. И секако дека доста од автобуските линии ќе треба да се пренаменат да носат патници блиску до метро станиците од каде што би се продолжило со возење во метро.

Брзина од 70 до 100 км/ч (на правите делници) би било сосема доволно. И јас мислам лично дека најдобро е да се оди со напојување преку пантораф.

Да не заборавиме дека главната цел на една таква градско - приградска линија (како што е и впрочем во многу држави во светот) е да се донесат жителите од крајните делови на градот, од подалечните општини, од околните села, брзо, лесно, безбедно и ефикасно во централниот дел на градот.

Ние буквално ја имаме таа инфраструктура, за почеток само 3 километри ќе треба да се изгради нова пруга до самиот Аеродром, тоа ќе промени многу работи.

Во иднина секако веќепостоечката инфраструктура би се надоградила со целосно нови, дуплирани шини, целосна електрификација на системот, и секако нови и темелно реновирани веќе постоечки станици.

За некои работи буквално ни треба малку труд да ги направиме, само со вакви идиоти што доаѓаат на власт веќе 30 години, абер нема ништо да се направи. А самиот проект за градско - приградска железница постои чинам уште 1984...

Edited by The Wild Boy - 28-Apr-2022 at 12:28
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2692
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #138 Posted: 28-Apr-2022 at 19:06
Не мислев на спојување на приградската железница и метрото, туку поврзување на станиците (некаде си го сторил тоа, некаде не иако има можност).

Пореалистично решение би било изградба на приградска железница под Јужен Булевар, по трасата на старата пруга. Но имајќи предвид дека ние на постоечки пруги немаме приградска железница, а Скопје демографски го достигна својот врв, мислам дека нема потенцијал за вакви големи инфраструктурни проекти. Да беше поинаку и Скопје да растеше кон 750,000 жители може и ќе имавме метро линија.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
The Wild Boy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2020
Online Status: Offline
Posts: 497
  Quote The Wild Boy Quote  Post ReplyReply #139 Posted: 28-Apr-2022 at 21:06
Originally posted by Staro Skopje

Не мислев на спојување на приградската железница и метрото, туку поврзување на станиците (некаде си го сторил тоа, некаде не иако има можност).

Пореалистично решение би било изградба на приградска железница под Јужен Булевар, по трасата на старата пруга. Но имајќи предвид дека ние на постоечки пруги немаме приградска железница, а Скопје демографски го достигна својот врв, мислам дека нема потенцијал за вакви големи инфраструктурни проекти. Да беше поинаку и Скопје да растеше кон 750,000 жители може и ќе имавме метро линија.


Се мислев доста за Јужен Булевар. Знам дека таму порано поминувала железжничка пруга.

Но како што гледам, каде што се гради подезмниот тунел под лимак, простот кој што е оставен за некаков си вид на јавен превоз е многу мал. Тие 2 тунели не ми изгледаат доволно широки дури ни еден трамвај да соберат. Се надевам дека грешам.

Еве хипотетички ако има некаква железница, тешка или лесна, каде би поминувала таа после тунелот под лимак? По улицата Митрополит Теодосиј Гологанов, од левата страна има доста бараки и паркови. Во дел од тие бараки има доста познати ресторани / кафани, и долж поголемиот дел на самата улица доста паркови. Да се отстранат тие паркови, тоа би предизвикало доста негативни реакции од жителите таму. И да се гради Јужен Булевар таму, така или вака тие паркови и бараки ќе треба да отидат... простор многу нема, а најголемата грешка е направена уште за време на Југославија, кога се дозволило тие згради и куќи да нараснат толку блиску до планираната траса на булеварот. Еве за Трета Македонска Бригада, може комотно и на streetview да се види дека има оставено дополнително зеленило, дополнителен простор за проширување. И самата фабрика Раде Кончар, и самото средно школо, се направени со раздалечен простор за проширување во иднина. Таков случај овде нема, на горенаведената улица. Ако има некој од старите ГУП - ови / ДУП - ови за таа улица, слободно нека ги прати овде да ги разгледаме.

Затоа јас мислам дека тој дел за жал неможе да се среди како што треба за да поминува пруга таму. Многу грешки се направени во минатото а и во сегашноста.

Е сега од аспект на жители за ова може да се дебатира доста... дали имаме цврсти статистики и укажувања на тоа дека Скопје нема да расте, барем не толку како што растел порано? Што кажува овој "расипан" попис, има ли некакви демографски статистики, нешто да ни покаже колку има пораснато градот, колку се предвидува да расте?

Инаку, еве ако прогугламе:
https://sites.google.com/site/metrosystemsoftheworld/world-metro-system-facts

Пишува "

THE smallest city in the world to have a rapid transit metro is Lausanne in Switzerland. Lausanne is just 41.37 square kilometers in size and it's fifteen kilometer long Metro Lausanne consists of two lines and twenty eight stations."

Популацијата на овој град е 137,810 жители во последниот попис направен во 2017.

Еве и за Солун ако погледнеме, во 2022 пишува дека има 814,000 жители, а пишува исто така дека тоа е 0.12% пораст за разлика од претходната година, што не е многу.

Значи дефинитивно има помали градови од Скопје, градови кои што не ни растат толку многу, а имаат или добиваат метро системи.

Знам дека Скопје нема доволно жители, но тоа не значи дека Скопје неможе да изгради барем една метро линија која што ќе направи многу за да се средат доста проблеми во градот, особено сообраќајните проблеми.

Е сега, секако постојат и поевтини решенија, како LRT, BRT, Трамвај. Но за мене сите тие било какви решенија кои што се врзани на самата улица (под ова мислам одат на улица) се бескорисни и проблематични. Затоа и бев против BRT.

Како прво, било каков јавен сервис кој што треба да оди на улица, ќе се меша со сообраќајот во градот. БРТ системот тоа на интересен начин го решаваше, со тоа што би одел во сегашното зеленило на булеварите (што значеше дека треба да се исечат доста дрвја), и би поминувал на не - физички - раздвоени раскрсници, каде што сепак автомобилите треба да застанат за да му дадат предност на тој автобус што би поминувал.
Најголемиот проблем се нашите идиоти - возачи кои што они вака возат како ќе им текне, не почитуваат правила.

Замислете ако се изградеше посебна лента за БРТ, која што ќе би се користела само за автобуси. Кој нам ни гарантира нека нема на некој лудак да му текне да се пикне во лентата на автобуси? Дали знаете колкав хаос би настанал тогаш?? Истиот проблем горе доле доаѓа и со трамвај, и со ЛРТ. Па така, најголемиот проблем е тоа што било каков "приземјен" систем мора на некој начин да се меша со сообрќајот. Физички одвоен систем, како во овој случај Метро, оди во посебен подземен тунел, каде што таму нема раскрсници, нема коли, може слободно да се движи воз од 70 па дури и до 100 километри. Чекаат луѓе на станица, влегуваат во воз, изглегуваат на станица. Не се сече никакво зеленило, се гради испод сите цевки и притоа не претставува никаква загрозеност, секако ако се испланира и изгради како што треба.

Еве ви подолу еден артикл, објаснува за се тоа што тргнало наопаку со БРТ системот во Делхи:
https://www.itdp.in/far-from-global-standards-heres-what-went-wrong-with-delhi-brt/

Кога ќе погледнете каков хаос настанал таму, и зошто на нив им пропаднал системот, можеме да се запрашаме и ние овде каков хаос би станал нашиот БРТ систем. И тогаш Шилегов викаше дека туку така магично сите Скопјани ќе си се префрлат да се возат во автобус, и дека намалувањето на ленти од 3+3 формација во 2+2 формација нема да создаде проблеми, напротив тоа уште повеќе би ја влошило ситуацијата.

Е сега за некаков си издигнат јавен превоз, на мостови, виадукти, или што не... не ми фаќа око. Највеќе бидејки градот е сеизмички активен, со доста силни земјотрези. Гледате самата Железничка Станица колку цврсто е направена, и со колку столбови. Како прво градење на такви мостови, виадукти над улици само би го срушил изгледот на градот... можам да замислам тоа како би изгледало да има такво нешто низ партизанска, или јане сандански... од многу причини едноставно не сум за било каков издигнат јавен превоз. Цената на тавко нешто би била енормна, и би требало погоелмо оддржување. Додека, кај тунел еднаш ќе го наместиш и не е потребно често да се оддржува. Погледнете ги тунелите во Лондон и Њу Јорк, уште од раните 1900 години, еве ги уште стојат.

Затоа за мене, нај ефикасно е некаков вид на јавен превоз кој што нема на има никаква допирна точка со улица / булевар, ќе оди сосема посебно, во овој случај под земја, без никаква обструкција.

Затоа и пратив линк во претходниот post, постои еден вид на метро што се вика Лесно Метро. Го објаснив тоа на претходниот post што е тоа. Софија користи лесно Метро, Солун со 814,000 жители исто така гради и ќе корсти лесно метро, и тоа во Солун се планираат уште 2 линии + една кружна линија.

Градско - Приградската Железница како што кажав е лесна работа, не треба многу да се направи за да се добие нешто функционално. Мислам Cloverstack имаше направено една многу добра анализа, дека Градско - Приградската Железница на Македонски железници би и донела огромен профит, буквано таков систем може да ги извади Македонски Железници од загубари и да ги однесе во профитери... само да имавме политичари кои што размислуваа паметно, а не крадци...

Можам да замислам само колку профит ќе донесе едно Скопско метро, па барем и првата линија. Луѓето сами по себе ќе си дојдат, а бенефитот од таков јавен транспорт ќе биде огромен, особено да намалување на гужвите во одредени делови во градот... сепак, сакаме зелена иднина, намалено аеро - загадување, повеќе гужви во градот, нели?

Со метро = многу бенефити, помалце проблеми, постојат по едноставни и евтини варијанти на метро системи, како што објаснив еден од нив Лесно Метро.
Со трамвај / BRT / LRT = малку бенефити, повеќе проблеми, но далеку поевтино од било што.
Со издигнат јавен транспорт = многу бенефити (исто како кај подземно метро), помалку проблеми, но затоа па далеку најскапо и бара највеќе оддржување.


Инаку да, неколку метро станици ми се поврзани со станиците од градско - приградската железница, еве за пример ќе ја земам метро станицата Скопје Север, кај булеварот Босна и Херцеговина после Чаир.

Размислував за тоа, ама како прво ако се промени трасата, ќе треба да оди дел од трасата под куќи и згради, што би ја зголемила цената. Гледав каде што можам трасата да минува испод улици, за да биде по евикасно, по евтино, по лесно за оддржување, едноставно така се прави на многу места во многу градови. Повеќето метро станици како што гледате се испод поголем дел од крстосниците, за да се зголеми искористеноста на самите станици. Па така во овој дел се одлучив трасата да ја поместам малку подалеку од самата железничка станица, бидејки метро станицата би опслужила повеќе патници ако е испод некоја раскрсница, и поблиску до населеното место. Сепак, тоа не е проблем што метро станицата не е поврзана директно до железничката станица Скопје Север, едноставно може да се осигура подобра пешачка и велосипедска поврзаност, и мислам дека тоа не би било проблем.

Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #140 Posted: 22-Aug-2023 at 16:34

тро да сонам и на темава откако ѕирнав како е Дримкол ...

велат Шкотје без метро не ја бива, в Скотје БРТ изгледа ќе стигне, а Скопје може и ЛРТ ќе види ... односно ЛРТ би одело меѓу булевари сред постојните булеварски жардињери, чунки еднонасочно за и со помал буџет да се опфатат повеќе релации [1] додека БРТ логично ет на прва жолта лента дека би летало [2][2] а Метро нормал по Кеј [3] но знаејќи колку то новите мостои ја имаат блокирано маршута за на Кеј та логично би било евентуално идно шкотско метро да се трасира ко Хиперлуп сред Вардар [4] но прво нека ја заокружат пречистителна станица пред да би се исфурал таков пред и се' туристички спин, практично така би се сркцало 2 у 1 од фајдиња а 3-то би било доколку низ таков двосмерен хиперлуп оит и Карго [5] хм може делува ко сајнс фикшн арно ама треба некој локален инвентор да склепа концепт за плексиглас вакум тјуб ем за Вардар да не го однесе траса од полукружни бетонски елемнти от Карпош незнам само дали за Транспортни Вакум Капсули поарни ќе бидат шкотски прилагодени бобсанки или скафандери илити дипровери [6] нормал по локален ноухау [7]

... е сега пред и' некогаш да почне на јаве да ѕирка муабетов, експертски, арно ет некој да спореди колку ваква траса сред Вардар би чинела во однос класично Метро или ЛРТ по сред булевари, значи без кочии, а исто колку поскапи би биле кочии за хиперлуп во споредба оние за Метро или ЛРТ, ем дали и како Колска би можело да извади такво нешто на трака!?, тука треба да се има во предвид дека ваква цевка би одела од Петровец до Сарај, а ето бонус функција и за брз карго меѓу новата железничката станица и аеродромот ...

Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 5678>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.266 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.