build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Комплекс Гранд спроти Холидеј Ин-Центар
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Комплекс Гранд спроти Холидеј Ин-Центар

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 45678 22>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 2085
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #101 Posted: 14-Apr-2021 at 17:19
Кој што сака нека збори ама ова лични многу пристојно за локацијата!
Од вчера имаат еден поддржувач плус
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19910
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #102 Posted: 14-Apr-2021 at 17:30
На увид проектот за згради кај „Холидеј Ин“ – граѓаните поделени во ставовите



https://telma.com.mk/2021/04/14/на-увид-проектот-за-згради-кај-холид/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19910
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #103 Posted: 14-Apr-2021 at 17:37
Кулата во средина ми е ок,онаа лево не е нешто посебно(слично ко оние во планот на Дајмонд и Београд на води) а деловната неможам баш да ја проценам дали ќе биде целосно во стакло рендерот не ја доловува баш најдобро.
Ме интересира зошто толку новомаалци го бранат и поддржуваат проектот,очигледно имаат некаков интерес сигурно не судат по рендери или нешто слично,во многу вести и портали фокус се става на делот со куќарките а проектов колку што сфаќам не ги опфаќа.

Еве уште една таква вест

-------------------------------------------

Жителите на Ново Маало бараат општината да даде согласност за реализација на проектот на „МГ Фешн”

Жителите на населбата Ново Маало во Центар даваат целосна поддршка на денешната презентација на инвеститорот „МГ Фешн” за проектот кој е предвиден да се гради на парцелата спроти „Холидеј ин”. Бараат општината да даде согласност за реализација на овој проект.

– По денешната јавна презенатација на планот од страна на инвеститорот, ние жителите на Ново Маало ја информираме јавноста дека целосно го поддржуваме презентираното. Драго ни е што инвеститорот најави целосно реализирање на сите обврски кон нас и очекуваме реализацијата на овој проект да почне во најбрз рок, посочуваат тие.

Од она што денеска беше презентирано, додаваат, може да се заклучи дека просторот целосно се уредува, а посебно, како што велат, е за поздавување најавата за изградба на голема зелена површина со фонтана во средината на паркингот со големина колку плоштад „Македонија”.

Ова ќе значи ново зеленило и уреден јавен простор, практично уште еден плоштад, но со многу зеленило, нагласуваат жителите на Ново Маало.

Ги осудуваат најавите и барањата на некои невладини организации за стопирање на проектот.

– Тие немаат право да одлучуваат за тоа како ние ќе живееме и заради неразумни барања да останеме да живееме во услови од 19 век. Овој план е добар, има многу јавен простор и места кои ќе бидат на сите граѓани, потенцираат во соопштението.

За утре најавуваат прес-конференција во 14 часот на паркингот кај „Холидеј Ин“.

https://www.slobodenpecat.mk/zhitelite-na-novo-maalo-baraat-opshtinata-da-dade-soglasnost-za-realizaczija-na-proektot-na-mg-feshn/
Back to Top
FT View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 22-Jun-2010
Location: Kocani
Online Status: Offline
Posts: 568
  Quote FT Quote  Post ReplyReply #104 Posted: 14-Apr-2021 at 17:49
Београд на води од Али експрес(иако и нивниот е со сомнително потекло ), ваљда и зградите ќе испаднат со подпросечен квалитет исто како и во Белград.
Дефинитивно треба неколку згради на овој простор ама згради и урбанизам од 21ви век.
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2692
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #105 Posted: 14-Apr-2021 at 18:16
Левата зграда е слаба

Значи ова е само за 1.1, а 1.4 треба да биде плоштад/зеленило. Сега само да не им текне 1.2. и 1.3. да ги претворат во П+7+Пк брбушки зашто seese katnici se strasni11!!11 па да добиеме уште едно Маџир Маало. На 1.2. (до кејот) има простор за 2 деловни и 1 станбена зграда од 20-25 ката, плус градинка, а 1.3. (до Мирче Ацев) има простор за понизок хотел или деловна зграда, катна гаража и парк. И Веро треба да добие кула од ~20 ката.

Многу побитно е да се регулира изгледот на зградите преку задолжување верност со рендерот (и недавање употребна дозвола доколку ја нема), со што би добиле квалитетни објекти со вертикално зеленило наместо мачканици.

Паралела со Лимак баш и не може да има зашто над подземната сообраќајница, која е под кејот, не би требало да има објекти.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 1120
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #106 Posted: 14-Apr-2021 at 18:51
Во презентацијата (која беше очајна и од луѓе кои не се способни за ПР) имаше одлична понуда од инвеститорот до општината и градот да финансираат уредување на кејот и на плоштадот на 1.4. Треба да го искористат тоа, наместо пред избори пак да мачкаат очи со некакви правни процедури.

Во планов за парцелава не ми е јасно зашто мораше буквално на тротоар да излегуваат двете згради и не е добро што минимално потребното зеленило не е задоволено на 0 ниво, туку со покривните површини. Како и да е, не е инвеститорот за тоа крив, туку ДУП-от и законот дозволуваат такво изигрување.
Back to Top
stratus View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Aug-2010
Location: Bitola/Skopje
Online Status: Offline
Posts: 754
  Quote stratus Quote  Post ReplyReply #107 Posted: 14-Apr-2021 at 19:07
Не е лошо, ама е многу лошо за таа локација. Веќе видена архитектура во Македонија. Од досегашното искуство сите знаеме дека ќе изгледа многу досадно и обично кога ќе го нема зеленилото од рендерите.

Две години мораториум за на крај да се гради по истиот ДУП? Што ако на сред градба на инвеститорот му текне да го прошири објектот или да додаде уште 5-6 ката, ДУП-от му го дозволува тоа.

Контра тезата дека таа локација треба да се искористи за парк или плоштад е исто така несоодветна. Во околината има неколку плоштади: Македонија, Карпошово Востание, Пела, Плоштадот кај Св. Богородица, мини плоштад пред Веро-центар. Класичен парк исто така не е решение, со оглед на големата атрактивност и проодност на граѓани. Едноставно тоа е нереализирана дупка во најстрогиот центар на градот.

Едноставно на таа локација треба да се гради. Мора да се поништи стариот ДУП, да се донесе нов според ГУП, што ќе биде соодветен за максималниот потенцијал, за корисници (станари, деловен простор, паркинг..) на овој простор.

Со оглед на тоа што оваа е најатрактивното земјиште во Скопје што значи и во државата (можеби на атрактивно второ место е парцелата кај поранешна Треска), мора да се пристапи кон сериозно урбанистичко и архитектонско планирање на овој простор што ќе даде и дополнителна додадена вредност на квалитетот на градот и државата од повеќе аспекти.

Како мислам дека ова треба да се реши.
1. Итно стопирање на овој ДУП.
2. Носење на нов ДУП согласно ГУП-от и дополнителна сериозна дополнитена анализа.
3. Меѓународен конкурс, добро платен од град Скопје, со што меѓународни конкурентни компании би аплицирале со свои понуди. Кога можел Кензо Танге да работи на мастер планот на Скопје во пред 60 гоини, може некоја светски реномирана архитектонско студио да работи на проект во овој дел.
4. Нудење на целиот тој простор како една парцела, а не расцепкан како сега. Далеку повеќе би бил задоволен со две 60-катници отколку 6 20катници.
5. Целосно употреба на објектите за деловна (можеби хотелска) намена. Како овде станари на таа локација, па потоа да рентаат станови за фирми. Глупост.
6. Сериозен голем број на паркинг места, не само за потребата на овој комплекс.

И за крај, на делот од парцелата на која е сопственик инвеститорот на овој проектникој нема во принцип да му забрани да гради и да прави профит. Нека го прави тоа, но по јасно пропишани правила. А за тие малкуте фамилии што живеат во тоа суп-стандардно маало и сакаат преку ноќ да се стегнат со огромна квадратура на станбен простор, немам зборови.

Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2019
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #108 Posted: 14-Apr-2021 at 19:20
Една работа ќе кажам, која и не е до толку мое залагање, туку е повеќе обсервирање на реалната ситуација и можности што се нудат. На оваа локација како и да гледаме на работите, колку и да чекаме, што и да се залагаме, пак на крајот и после 20 30 години ќе дојде нешто од оваков тип на проект. Ова и не изгледа толку лошо и треба да се зграби шансата. Зашто ако се опструира сега и се сруши и ова институционално и со јавен приситок и бамборење кој стигне, на крајот ќе добиеме уште едно Маџир-Маало исход и пак ништо. Можда не е најдоброто, ама мислам дека во иднина само полошо може да дојде на репертоар. Јас стварно ниакде не разбрав во целава оваа галама, од круговите кои се против ова, што реално е проблематично во ДУП-от, што е проблематично во проектот, зашто оваа галама?! Некако малку го следам овој случај, ама стварно не знам што треба да се очекува на овој простор?
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 1365
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #109 Posted: 14-Apr-2021 at 19:36
Па според мене најпроблематично е најпрвин како државата со Сугарески тогаш на чело на Министерството за транспорт и врски така произволно му го продала земјиштето за да го окрупни. Тука е првата сомнителна работа.

Мене проектот не ми се допаѓа, левата кула е како градбата на Фиат Цаноски во Центар, „зелената“ кула нема да биде зелена (но е барем доста подобра од првата), а деловната ми личи на повисока зграда од таа на салонот на Мерцедес кај ФОН. Во суштина многу потпросечен проект.

Инаку, јас сум ЗА изградба на високатници (облакодери) тука, но да се високи и тесни/витки (како да се изразам).

Edited by ehrlich - 14-Apr-2021 at 19:36
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 1120
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #110 Posted: 14-Apr-2021 at 19:37

Барем нешто што архитектонски ќе го збогати градот. Има Скопје повеќе добри примери од 1963 навака, нема зашто сега да се задоволуваме со обични згради за оваа локација. Кога веќе се прават споредби со Белград, ваков тип на објект (без оглед на висина) во комбинација со пониски објекти и содржини ќе беше соодветно за овој потег. А ова што ќе го добиеме ќе биде само ок и ништо повеќе.

Back to Top
Marxentric View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Apr-2020
Location: Paionia
Online Status: Offline
Posts: 334
  Quote Marxentric Quote  Post ReplyReply #111 Posted: 14-Apr-2021 at 20:39
Дефинитивно подобро една 60 катница, наместо овие трите обични по 20. Да има нешто импозантно по што би се препознавал градот и од далеку кога ќе го види странец да добие впечаток на метропола.
Ама изгледа толку им е капацитетот на овие, пола катност од Џеваир, со "квалитетните" материјали кои планираат да ги користат изгледа тоа е максимумот, повеќе од тоа веројатно е ризик да се сруши зградата.
А овие што трубат дека со висината се опструира просторот навистина не ги сфаќам, божем ова е Њујорк кој има 300 облакодери над 50 ката, или Хонг Конг со 500, па едвај небото се гледа.
Зарем не сфатија дека брбушките го заземаа веќе просторот, а висококатниците се на некој начин спас од уништувањето на останатото зеленило, ако се проектира како што треба нормално. Ограничени луѓе прават ограничено Скопје, па еден ден можеби ќе се учат овие глупави потези и на универзитетите, кој знае.
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2019
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #112 Posted: 14-Apr-2021 at 20:57
Originally posted by Marxentric

... и од далеку кога ќе го види странец да добие впечаток на метропола....
Ако има нешто поограничено од оваков начин на размислување.....

Правиме град за себе да ни биде убаво и удобно во него, или потемкиново село за дојам пред странци?!


Edited by user8642 - 14-Apr-2021 at 20:58
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2692
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #113 Posted: 14-Apr-2021 at 21:25
Наместо трубење дека висококатници се страшни (небаре Маџир Маало кој ретко кој го спомнува е Париз, Дебар Маало Прага, а Тафталиџе Копенхаген), подобро Скопје треба да се бара преку мораториум од најмалку 1 година на СИТЕ ДУП-ови во Скопје, а и Македонија (со што оние во рурални и приградски места каде што има куќи би се решиле во тој период, а поголемите како центарот, Дебар Маало и сл. би барале повеќе време), во кој период би се донел нов закон за Урбанистичко планирање и сите сродни закони и подзаконски акти, а потоа би се донел ГУП и нови ДУП-ови, со цел:
1. Зголемување на зеленилото
- 15-50% од ДУП-от и 10-50% од парцелите би морале да бидат зелени, во зависност од локацијата, моменталната и планираната состојба;
- постоечките дрјва би требало да останат, ако тоа не е можно да се пресадат (потребни се уште машини за пресадување), а ако ни тоа не е можно да не надоместат 2-10 кратно, во зависност од апсолутниот број, нивниот вид и вредноста и габаритот на објектот што се гради (со што минимум 25% би морале да бидат во близина, а останатите каде било во општината, освен за о. Центар);

2. Подобрување на паркингот
- Најмалку 1.8 паркинг места по стан за станбени згради и слична одредба за нестанбени, со што паркинг местото би морало да биде во склоп на зградата или непосредно до неа. Најмалку 1 паркинг место мора да биде новосоздадено, било во/под зградата, било на нов паркинг или катна гаража во непосредна близина, а не повеќе од 0.8 може да се преземат од веќе постоечки паркинзи доколку и колку со ДУП-от е предвидено (во зависност од тоа колку згради се планираат и каква е искористеноста на паркингот);

3. Здрав разум во урбанизмот
- Ѕид со прозорци да мора да биде најмалку 6 метри оддалечен од друг ѕид;
- Минимум 10 метри растојание од булевар;
- Усогласување на димензиите на згради кои се залепени една за друга (со што би биле дозволени и поголеми отстапки доколку тоа изгледа добро);
- Други правила со кои би се избегнале сегашни глупости (со што би добиле, на пример, вистински блокови, наместо долга зграда со прозорци од сите 4 страни, и на 6 метри до неа друга зграда со прозорци од сите 4 страни);

4. Подобрување на квалитетот на зградите
- Секој објект од одредена категорија (административни, деловни, поголеми станбени) или во зона од високо или средно значење да мора да приложи рендер при барањето дозвола за градба; промени би одобрувала само општината. Нема употребна дозвола ако објектот не соодветствува на рендерот (минимални отстапки би биле дозволени);
- Минимум стандарди за енергетска ефикасност и употреба на материјали;
- Одобрување на материјалите кај објекти од одредена категорија или во одредени зони;
- Повластувања за објекти со вертикално зеленило, зелен кров, самоодржливост и сл.

5. Нови институции и процедури
- Градско архитектонско биро во склоп на или при секоја општина кое би се грижело за горните работи, а особено одобрување рендери. Може да биде интерно тело кое би го бирало градоначалникот/советот или главниот архитект да се бира на избори и истиот да биде независен од општинските органи;
- Поголема улога на јавноста при носење ГУП и ДУП-ови, можеби и со онлајн референдуми;

6. Средување на веќе настанатиот хаос
- Со секој нов ДУП би се правела и кратко, средно и долгорочна стратегија за барем малку да се санираат веќе настанатите проблеми;

7. Промена на начинот на финансирање на општините
- Вистинска децентрализација со што поголем општински буџет;
- Уделот на комуналии за градба да биде што помал.

И уште многу други работи, дел начнати горе, како зонирање на градот (со што паркингот пред Холидеј Ин би се третитал како воглавно деловна зона со кластер високи згради, а согласно своите карактеристики би бил зона од многу високо значење, со што би се барал поголем квалитет на изграденото и поголема развојна компонента), повеќе меѓународни конкурси за битни зони и објекти, подобрување на образованието...

Фокусот треба да биде кон Треска (една станбена 30-катница со зеленило околу неа би било супер) и Алумина (4 станбени 20-катници и една деловна).
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4078
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #114 Posted: 14-Apr-2021 at 21:28
Originally posted by stratus

Не е лошо, ама е многу лошо за таа локација. Веќе видена архитектура во Македонија. Од досегашното искуство сите знаеме дека ќе изгледа многу досадно и обично кога ќе го нема зеленилото од рендерите.

Две години мораториум за на крај да се гради по истиот ДУП? Што ако на сред градба на инвеститорот му текне да го прошири објектот или да додаде уште 5-6 ката, ДУП-от му го дозволува тоа.

Контра тезата дека таа локација треба да се искористи за парк или плоштад е исто така несоодветна. Во околината има неколку плоштади: Македонија, Карпошово Востание, Пела, Плоштадот кај Св. Богородица, мини плоштад пред Веро-центар. Класичен парк исто така не е решение, со оглед на големата атрактивност и проодност на граѓани. Едноставно тоа е нереализирана дупка во најстрогиот центар на градот.

Едноставно на таа локација треба да се гради. Мора да се поништи стариот ДУП, да се донесе нов според ГУП, што ќе биде соодветен за максималниот потенцијал, за корисници (станари, деловен простор, паркинг..) на овој простор.

Со оглед на тоа што оваа е најатрактивното земјиште во Скопје што значи и во државата (можеби на атрактивно второ место е парцелата кај поранешна Треска), мора да се пристапи кон сериозно урбанистичко и архитектонско планирање на овој простор што ќе даде и дополнителна додадена вредност на квалитетот на градот и државата од повеќе аспекти.

Како мислам дека ова треба да се реши.
1. Итно стопирање на овој ДУП.
2. Носење на нов ДУП согласно ГУП-от и дополнителна сериозна дополнитена анализа.
3. Меѓународен конкурс, добро платен од град Скопје, со што меѓународни конкурентни компании би аплицирале со свои понуди. Кога можел Кензо Танге да работи на мастер планот на Скопје во пред 60 гоини, може некоја светски реномирана архитектонско студио да работи на проект во овој дел.
4. Нудење на целиот тој простор како една парцела, а не расцепкан како сега. Далеку повеќе би бил задоволен со две 60-катници отколку 6 20катници.
5. Целосно употреба на објектите за деловна (можеби хотелска) намена. Како овде станари на таа локација, па потоа да рентаат станови за фирми. Глупост.
6. Сериозен голем број на паркинг места, не само за потребата на овој комплекс.

И за крај, на делот од парцелата на која е сопственик инвеститорот на овој проектникој нема во принцип да му забрани да гради и да прави профит. Нека го прави тоа, но по јасно пропишани правила. А за тие малкуте фамилии што живеат во тоа суп-стандардно маало и сакаат преку ноќ да се стегнат со огромна квадратура на станбен простор, немам зборови.


Баш во иста линија сме!
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19910
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #115 Posted: 15-Apr-2021 at 12:27
Малку да извлечам некои црти од вчерашната презентација што ми останаа нејасни и плус некои дополнителни мои прашања

1.Се спомнува дека ул.Мирче Ацев треба да стане булевар(дали тоа значи некакво продолжение на Трета Македонска позади Корчагин па да се спојат на бул.Кочо Рацин или грешам...ако е така тоа е пак препуштено на градот и реализацијата којзнае дали ќе се случи.

2.Се спомна дека ако има недостиг на паркинг да се користи катната пред ССМ што е изградена,но прашањето ми е каде ќе одат сите тие возила од сегашниот паркинг спроти Холидеј Ин кој вон пандемиските услови беше преполн.

3.Куќарките се очигледно изоставени од проектов и ќе чекаат некоја си следна прилика што е многу глупо и мизерно а како што сфатив инвеститориве збореа само за парцела 1.1(ако може некој да нацрта на постоечкиот паркинг каде би стоеле зградиве од проектот бидејќи малку сум збунет?)

4.Не се спомнати никакви рокови на почеток на работите ниту како би оделе фазите на градба.

5.Дали и што е предвидено на делот кај што ги срушија бараките на Ин Такси?

6.Се спомна и некаков мост од Кеј 13 кон Плоштад пресвета богородица но прашање е дали ќе се гради рекоа дека е општинска надлежност?
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19910
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #116 Posted: 15-Apr-2021 at 12:30
Холидеј Ин: Будењето на бетонскиот џин

Од едната страна се слуша „да го спречиме бетонското чудовиште“, од другата – „погледнете, не е чудовиште“, а од трета – „помогнете, не можеме ништо да сториме сами“. Дебатата за паркингот спроти хотелот Холидеј Ин дополнително се вжешти денес, откако сопствениците претставија што сакаат да градат таму, а активисти бараат да не се гради за да се заштити јавниот интерес и животната средина.

Ова парче асфалт во центарот на Скопје повторно влезе во јавниот фокус откако се објави дека инвеститорите ги уплатиле комуналиите од речиси два и пол милиони евра и веќе се на чекор до добивање градежна дозвола, а со тоа и до почетокот на градбата. Од пред една недела се собираат потписи на онлајн-петиција против проектот, а денеска 29 граѓански организации испратија отворено писмо до премиерот Зоран Заев, за тој да го спречи градењето.

Во обид да ја поправи лошата репутација што проектот ја стекна уште на невидено, фирмата-инвеститор МГ Фешн детално претстави што точно ќе гради – две станбени згради од 22 односно 20 ката плус поткровје и една деловна 16-катница, сето тоа поврзано со трговски и деловен простор на два ката, со зеленило на терасите и во околниот простор итн.

Сликата ја комплетира градоначалникот Саша Богдановиќ, кој со денови по медиумите објаснува дека не може самиот да го спречи градењето бидејќи има законски обврски, и ги моли другите институции за помош.

Љубопитни погледи нагоре

Идејата дојде уште во меденaта фаза на првата влада на Никола Груевски, во февруари 2007 година, кога на владина седница беше донесена одлука да се создадат услови за изградба на три облакодери во блокот спроти хотелот Холидеј Ин.

Тоа значи на целиот простор од хотелот до булеварот Кочо Рацин, спроти Олимпискиот базен, што ги опфаќа паркингот и куќите од Ново маало, кои во голем дел се во распаѓање поради што се сметаше дека го нагрдуваат центарот на градот. Тогаш се образложуваше дека Владата само ќе создаде услови, и се надева дека ќе се најдат инвеститори да ги градат зградите.

Во јуни 2007 се донесе првиот ДУП за т.н. „скопски Менхетн“. Се предвиде, според образложението на општината Центар, модерен комплекс кој, повторно, ќе го опфаќа целиот блок, не само паркингот, и во кој треба да има и училишта, градинки, ресторани, станбени и деловни простори, паркинзи, сали, галерии, кина – практично да функционира како град во градот.

Во време кога на Скопје се уште не му беше смачено од градење, кога се немаа случено трансформациите на Стар Аеродром, Маџир маало, Тафталиџе, Водно и многу други делови од градот, а Скопје 2014 се уште беше само нечија неизговорена желба, оваа владина одлука поттикна размислувања за проекти што се нарекуваа „скопски Менхетн“.

Во таа и во следната година се појавија и најавите за висококатници во Аеродром, бизнисменот Бојо Андревски сакаше да прави 50-катница врз Европскиот униврзитет, а неколку згради од по триесетина ката беа предвидени во Карпош.

Новото Скопје беше замислено како град на облакодери. Како што е познато, подоцна се претвори во град на имитации на барок, неокласицизам и рококо и на десеткатници збиени една до друга како коцки, со игнорирање на стандардите за хуман урбан развој.

Овие најави во јавноста не предизвикаа некое негодување. Реакциите повеќе се сведоа на љубопитност какви спектакуларни проекти се замислени, скептичност дека тие воопшто може да се остварат, и сомнеж дали е можно да се направат облакодери од сто ката на подрачје подложно на земјотреси.

Медиумите тогаш не трчаа по реакции од урбанисти, екологисти или активисти за хуман животен простор, туку по експерти од ИЗИИС, кои стручно објаснуваа дека постојат технологии со чија помош воопшто не е проблем да се направат толкави згради во Скопје, и ги посочуваа Токио и Тајван како примери.

Ништо од тоа не се случи, со исклучок на изградбата на кулите Џеваир во Аеродром. Другите проекти, како 25-катницата кај Европски универзитет и три 30-катници во Карпош се уште „спијат“ во ДУП-овите. Така беше и со идејата за оригиналниот „скопски Менхетн“.

Остварливи и неостварливи облакодери

Полуразурнати објекти ќе го опкружуваат новиот модерен комплекс



Во 2012, кога истече петгодишниот рок на важење на ДУП-от за просторот меѓу Холидеј Ин и Олимпискиот базен, се донесе нов, со кој висината на зградите се намали од сто на 60 ката. Но, се уште ниту еден инвеститор не беше заинтересиран.

Во тој план, изработен од компанијата Билд , просторот е поделен на три засебни градежни парцели, со можност на секоја од нив да се изгради по една 60-катница со по две згради од по 20 ката од страните, со цел да се спојат во триаголник, како што предвидуваат повеќе визуелизации. Едната парцела беше врз паркингот, а другите две врз старите трошни куќи од Ново маало.

Во 2012 се донесе нов Генерален урбанистички план, со кој овој ДУП не беше усогласен. Од 2013 Општина Центар е во рацете на опозицијата, со Андреј Жерновски како градоначалник, но ништо не се смени на овој простор, иако општината имаше обврскаа да го усогласи планот. Плацот спроти Холидеј Ин функционираше како паркинг со наплата.

Ново маало остана еден од малкуте простори во поширокото централно подрачје во кој не се случуваше градежна експанзија. За разлика од другите делови на градот каде што индивидуални сопственици или заедници на станари можеа да бараат и наоѓаа инвеститори да им го надградат само нивното парче земја, тука требаше да се најде инвеститор за облакодер, кој ќе откупи 40-50 ситно расцепкани имоти за едниот и уште толку за другиот облакодер.

На некои од нив има по седум-осум заеднички сопственици, па ниту еден инвеститор не се реши да се заплетка во сложена процедура во која ќе треба да се спогоди со неколку стотини луѓе за да може да почне да гради.

Само една од парцелите немаше таков проблем – на самиот паркинг спроти хотелот Холидеј Ин. Таму поголемиот дел од просторот беше јавен, а помал дел и припаѓаше на Македонската православна црква, добиен со денационализација бидејќи на тоа место се наоѓала поранешната црква Свети Константин и Елена (која требаше да се обнови на плоштадот, па се изгради кај Домот на АРМ). Токму таа парцела ја докупи фирмата Обновители ДОО, во заедничка сопственост на МГ Фешн и на МПЦ, преку т.н. процес на окрупнување.

Идејата за трансформација на целиот блок во некаков заокружен, самоодржлив комплекс со станови, деловен простор и јавни услуги (училиште, градинка), иако и самата по себе контроверзна, практично се напушта. Бидејќи инвеститорот гради една третина од блокот, може да ги игнорира потребите за јавни објекти и да остави тие да се решат во другите два блока, каде што изгледите за градење се минимални. Ќе остане контрастот меѓу куќите во распаѓање во Ново маало и бетонскиот џин до нив.

Нови врзани раце

Во 2017, кога на чело на општината дојде сегашниот градоначалник Саша Богдановиќ и кога советот изглада мораториум на спроведувањето на урбанистичките планови, се уште стоеја трите шеесеткатници во блокот спроти Холидеј Ин. Како и многу други планови, и тој отиде на ревизија, која не се изведе.

Планот го ревидираше истата фирма што го нацрта првичниот. Таа стигна само до 14-от од 20 чекори за ревизија и поради недоразбирања меѓу планерот и општината, се раскина договорот, и обидот за ревидирање пропадна.

Бидејќи законот налага дека додека не се донесе нов ДУП стариот останува да важи, на инвеститорите им било овозможено да си уплатат комуналии и да побараат градежна дозвола. Особено откако во 2020 година, по барање на двајца анонимни граѓани на Охрид, Уставниот суд го укина мораториумот во општина Центар и ги тргна пречките за барање градежни дозволи.

Општината тогаш најави дека за спорните планови ќе побара суспензија од Министерството за транспорт и врски (како што дозволува најновата верзија на Законот за просторно и урбанистичко планирање), но ниту тоа не се случи.

„Ние побаравме суспензија, но за да се случи тоа треба да се почне нова постапка. А тоа не можеме да го направиме бидејќи чекаме тарифник“, објасни градоначалникот Богдановиќ.

На овој начин повторно профункционира принципот „врзани раце“ во односите меѓу локалните власти и градежните инвеститори, во кои властите не можат да го спречат остварувањето на приватниот интерес без разлика какви штетни ефекти тој може да има врз општото добро.

Богдановиќ вели дека се уште не се откажал, и испитува дали има можности да се спречи градбата, па бара помош од Антикорупциската комисија и од други институции.

Факт е дека практично ништо не се случуваше цели десет години додека овој бетонски џин спиеше, а кога се разбуди, можеше само да се констатира дека надлежните не можат повторно да го успијат.

https://prizma.mk/holidej-in-budeneto-na-betonskiot-dhin/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19910
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #117 Posted: 15-Apr-2021 at 12:43
ТРИТЕ КУЛИ КАЈ „ХОЛИДЕЈ ИН“ СЕ НА САМО ЕДНА ПАРЦЕЛА, ВО ПЛАНОТ НА ВМРО-ДМПНЕ КОЈ СДСМ НЕ ГО СМЕНИ, ИМА ПРЕДВИДЕНО 60-КАТНИЦИ НА УШТЕ ДВЕ ПАРЦЕЛИ



Трите згради од 16, 20 и 22 ката за 1.200 жители во срцето на Скопје кои вчера ги презентираше инвеститорот „МГ Фешн“ се наоѓаат само на една градежна парцела од вкупно три кои ги предвидува Деталниот урбанистички план (ДУП). Според ДУП-от донесен во 2012 во времето на ВМРО-ДПМНЕ и кој не е усогласен со Генаралниот урбанистички план (ГУП), просторот е поделен на четири парцели, од кои три се градежни и една е со намена плоштад со фонтана. Трите згради кои вчера беа презентирани ќе се градат на парцелата број 1.1. која е всушност државното земјиште кое му беше продадено на инвеститорот и земјиштето на Македонската православна црква (МПЦ-ОА).

На овој простор не се наоѓаат куќите на жителите на Ново Маало, кои испратија писмо со кое го поддржуваат проектот. Куќи има на парцелата за плоштадот, како и парцелите 1.2 и 1.3. Тоа значи во моментов инвеститорот не треба да обештетува граѓани и ниту една од куќите кои беа прикажани во презентација со лоши и супстандардни услови за живот, засега нема да се урне.

На презентацијата беше кажано дека идејниот проект се однесува само за првата парцела, а градбите во неа би се реализирале во три фази. Прво ќе се гради зградата од 20 ката која се наоѓа на земјиштето на МПЦ-ОА и всушност ја попречува отвореноста на плоштадот кон кејот. Такму за оваа зграда се уплатени комуналии во висина од 2.4 милиони евра на Град Скопје и Општина Центар. Потоа би се градела станбената зграда од 22 ката, со зеленило на терасите и на крај деловниот центар од 16 ката. За овие два објекти дополнително ќе се платат комуналии, а за секоја Градот и Општината ќе наплатат приближно колку висината на комуналиите за првата зграда.

На презентацијата не беше кажано што ќе биде со останатите две градежни парцели, дали инвеститорот планира да гради и таму. Управителот на МГ „Фешн“ Илија Божиновски кажа само дека нудат соработка на Општина Центар наместо плоштад четвртата парцела да прерасне во парк налик светските метрополи. Тие би биле инвеститори за негово подигнување и соодветно би ги обештетиле сопствениците кои имаат куќи во таа парцела, иако не е градежна.

Сите содржини што сега се планираат се всушност според стариот Детален план, кој дозволува по 200.000 метри квадратни изградена површина на трите парцели, или вкупно 600.000 метри квадратни и 5.000 жители. Генералниот урбанистички план кој е акт од повисок ранг дозволува на сите три парцели да живеат 1.250 граѓани или 347 семејства, а сега само во првата парцела се предвидени 1.200 жители.

Такму поради тоа Деталниот план е во спротивност на Генералниот план и тој воопшто не требал да биде одобрен од тогашниот градоначалник на Град Скопје Коце Трајановски и министерот за транспрот и врски Миле Јанакиески. Тоа значи дека сега инвеститорот ќе гради спротивно на ГУП-от, односно согласно ДУП во кој не биле запазени параметрите од повисок орган.

СДСМ која четири години е на власт во општина Центар и во град Скопје, а ја има и централната власт не успеа да спречи во срцето на главниот град да се гради според лош и неусогласен со ГУП-от план, иако пред да дојдат на власт остро ги критикуваа плановите на власта на ВМРО-ДПМНЕ велејќи дека со нив се бетонизира Скопје и ветуваа промена на урбанистичките политики.

Не само што не ја смени урбанистичката политика на ВМРО-ДПМНЕ, туку за време на оваа власт беше направено дооформување на парцелата со продажба на државно земјиште. Во 2018, кога на сила беше мораториумот за градба во Центар, од Министерството за транспорт и врски кога министер беше Горан Сугарески од СДСМ, инвеститорите го купуваат државното земјиште на овој простор со површина од 9.048 метри квадратни метри по цена од 312 евра за квадрат. Со тоа му се даде можност на инвеститорот да поседува поголем дел од просторот и наместо тоа да биде државно земјиште со кое Општината можеше да прави што сака, сега ќе мора да се пазари за содржини од јавен интерес, како што се градинки, паркови, школи и слично.

Вчера архитекти и граѓански организации испратија писмо до премиерот Зоран Заев во кое бараат да се суспендира планот и на таа локација ништо да не се гради додека не се распише конкурс за изгледот и содржините на целиот простор заедно.

https://sdk.mk/index.php/naslovna/trite-kuli-kaj-holidej-in-se-na-samo-edna-partsela-vo-planot-na-vmro-dmpne-koj-sdsm-ne-go-smeni-ima-predvideno-60-katnitsi-na-ushte-dve-partseli/
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15099
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #118 Posted: 15-Apr-2021 at 15:34
Еве еден рендер на кој се гледаат сите три кули...

(го имало и на претходната страница, нема врска, нека седи тука)



Edited by Џоле - 15-Apr-2021 at 15:35
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19910
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #119 Posted: 15-Apr-2021 at 16:44
ИНВЕСТИТОРОТ НИ РЕЧЕ ЌЕ ГРАДИ КУЛИ И НА НАШИТЕ ПАРЦЕЛИ, ВЕЌЕ ПРЕГОВАРАМЕ И БАРАМЕ ПРОЕКТОТ ДА ПРОДОЛЖИ, ВЕЛАТ ЖИТЕЛИТЕ НА НОВО МААЛО

Жителите на Ново Маало кои се дел од останатите две градежни парцели 1,2 и 1.3 на просторот кај „Холидеј ин“, велат велат дека се во преговори со инвеститорот „МГ Фешн“ висококатници да се градат и на местото на нивните куќи. Тие денеска организираа прес-конференција за да дадат поддршка на презентираниот проект за парцелата 1.1. која не опфаќа ниту една куќа, туку е Ппредвиден само за продаденото државното земјиште и парцелата на Македонската православна црква (МПЦ-ОА).

Тие побараа премиерот Зоран Заев и Општина Центар да не го есапат барањето на архитектите и граѓанските организации да се стопира Деталниот урбанистички план (ДУП) и да се спречат овие градби, туку да ги послуша нив и да дозволи нивните куќи да се урнат и да се изградат згради со што би имале нормални услови за живот.

На прашање на новинарите дали знаат дека проектот кој беше презентиран во средата не ги опфаќа нивните парцели тие рекоа дека се свесни за тоа, но очекуваат дека откако ќе стартува градбата на првата парцела, проектот ќе се прошири и ќе се гради и на нивните парцели.

„Живееме во супстандарди услови. Долги години пропуштаме инвеститори, не смееме да го пропуштиме и овој. Тоа нема да го дозволиме. Убаво го видовме проектот, тој има и зеленило и кога тој ќе почне да се гради ќе можеме и ние да го решиме нашето прашање. Сме се гледале со инвеститорот, ни беше покажано што ќе се гради и сме во фаза на преговори и на нашите парцели да се градат згради, а за возврат да добиеме станови“, вели Игор Стојанов жител на Ново Маало.

Жителите кажаа дека на двете парцели кои не се опфатени со презентацијата живеат околу 2.000 жители. Тие велат дека проектот за кулите е модерен, светски и доликува за оваа атрактивна локација.

На презентацијата на идејниот проект за парцелата 1.1. беше кажано дека проектот опфаќа три згради од 16, 20 и 22 ката. Прво ќе се гради зградата од 20 ката која се наоѓа на земјиштето на МПЦ-ОА и всушност ја попречува отвореноста на плоштадот кон кејот. Такму за оваа зграда се уплатени комуналии во висина од 2.4 милиони евра на Град Скопје и Општина Центар. Потоа би се градела станбената зграда од 22 ката, со зеленило на терасите и на крај деловниот центар од 16 ката. За овие два објекти дополнително ќе се платат комуналии, а за секоја Градот и Општината ќе наплатат приближно колку висината на комуналиите за првата зграда.

На презентацијата не беше кажано што ќе биде со останатите две градежни парцели, дали инвеститорот планира да гради и таму. Управителот на МГ „Фешн“ Илија Божиновски кажа само дека нудат соработка на Општина Центар наместо плоштад четвртата парцела да прерасне во парк налик светските метрополи. Тие би биле инвеститори за негово подигнување и соодветно би ги обештетиле сопствениците кои имаат куќи во таа парцела, иако не е градежна.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/investitorot-ni-reche-ke-gradi-kuli-i-na-nashite-partseli-veke-pregovarame-i-barame-proektot-da-prodolzhi-velat-zhitelite-na-novo-maalo/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19910
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #120 Posted: 15-Apr-2021 at 16:48
ДВЕ ШЕЕСЕТКАТНИЦИ СЕ УШТЕ ОСТАНУВААТ ВПИШАНИ - АНТИЌ ЌЕ ГРАДИ САМО НА ЕДНА ГРАДЕЖНА ПАРЦЕЛА



https://24.mk/details/dve-sheesetkatnici-se-ushte-ostanuvaat-vpishani-antikj-kje-gradi-samo-na-edna-gradezhna-parcela
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 45678 22>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.129 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.