Спомен куќа на Тоше Проески - Крушево |
Post Reply | Page <1 4567> |
Author | |
KraliMarko
Newbiе Joined: 17-May-2011 Location: Macedonia Online Status: Offline Posts: 0 |
Quote Reply #101 Posted: 17-May-2011 at 14:44 |
Potpolno se soglasuam, koga bev na grobot na Tose, go vidov nasproti grobot na Pitu GUli koj e krajno zapostaven i zapaliv sveka i kaj nego. Mnogu neubo se pocuvstvuvav, ne vidov eden covek da zastani pokraj nego, kako da ne postoi toj grob!Golema nepravda, pa kapak na se eden krusevcanec mi rece deka bil obicno pijaniciste!
|
|
Makedonij
Senior Member Joined: 08-Apr-2009 Location: Celje - Виница Online Status: Offline Posts: 2190 |
Quote Reply #102 Posted: 22-May-2011 at 08:01 |
Edited by Makedonij - 22-May-2011 at 08:01 |
|
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
|
N23
Senior Member Joined: 03-Feb-2011 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2159 |
Quote Reply #103 Posted: 28-Jun-2011 at 12:23 |
ovaj_stariov
Senior Member Joined: 02-May-2008 Location: Prilep Online Status: Offline Posts: 1321 |
Quote Reply #104 Posted: 24-Jul-2011 at 00:52 |
Админи,слободно можете да ставита знак завршено на проектов
|
|
build.mk, гради форумска историја
|
|
ovaj_stariov
Senior Member Joined: 02-May-2008 Location: Prilep Online Status: Offline Posts: 1321 |
Quote Reply #105 Posted: 24-Jul-2011 at 00:53 |
|
|
build.mk, гради форумска историја
|
|
ovaj_stariov
Senior Member Joined: 02-May-2008 Location: Prilep Online Status: Offline Posts: 1321 |
Quote Reply #106 Posted: 24-Jul-2011 at 00:54 |
|
|
build.mk, гради форумска историја
|
|
kultuzin
Senior Member Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
Quote Reply #107 Posted: 24-Jul-2011 at 09:54 |
Овој стариот браво за фотките. Кажи како изгледа во живо објектот и околината.
|
|
ovaj_stariov
Senior Member Joined: 02-May-2008 Location: Prilep Online Status: Offline Posts: 1321 |
Quote Reply #108 Posted: 25-Jul-2011 at 16:52 |
Местото како да не си во Македонија,убаво средено,зеленилото постојанно се одржува,само нека продолжат така. |
|
build.mk, гради форумска историја
|
|
macedonia
Senior Member Joined: 01-Feb-2008 Location: Lerinsko Online Status: Offline Posts: 753 |
Quote Reply #109 Posted: 25-Jul-2011 at 22:57 |
Something like this would have been better for the Mother Teresa memorial house in Skopje
|
|
Mjölnir
Groupie Joined: 21-Jul-2011 Online Status: Offline Posts: 0 |
Quote Reply #110 Posted: 22-Aug-2011 at 14:42 |
НА СВЕТСКИОТ АРХИТЕКТОНСКИ ФЕСТИВАЛ ВО ШПАНИЈА
Спомен-куќата на Тоше победува и објекти од милиони евра Меморијалниот музеј на Проески во изминатава недела се искачи на високото третото место, во рамките на манифестацијата Open Bilding, People’s Choice Award 2011, која првпат ја организира Светскиот архитектонски фестивал (WAF) кој ќе се одржи во ноември во Барселона, Шпанија Спомен-куќата на Тоше Проески влезе меѓу најдобрите архитектонски дела од 65 земји кои ќе бидат презентирани на Светскиот архитектонски фестивал (WAF) во ноември во Барселона, Шпанија. Во рамките на фестивалот годинава за првпат се одржува и манифестацијата Open Bilding, People’s Choice Award 2011, каде што по електронски пат може да се гласа за објектите што ќе бидат изложени на фестивалот. Меморијалниот музеј на Проески во изминатава недела се искачи на високото третото место. Со ова Македонија за првпат ќе се презентира на една ваква манифестација преку авторите на проектот Дејан Спасеновски, Дејан Секуловски, Илија Божиновски и „Синдикат студио“ под своето уставно име. Спомен-куќата на прерано починатата македонска ѕвезда ќе се натпреварува во категорија на објекти од областа на културата - музеи. Најголеми конкуренти се: „Гуангзоу опера хаус“, Кина на Заха Хадид, „Сперон вествотер“ од САД на Фостер и партнерите, „ХАРПА концертен и конгрес-центар“ во Рејкјавик (Исланд) на „Хенинг Ларсен архитекти“ и „Батерид архитектс“, „Хоки музејот“ во Јапонија на „Никен Секеј“ и Музејот во Ливерпул, Велика Британија на 3XH. Успех за македонската архитектура Македонскиот музеј обезбеди влез во конкуренција од 1.000 проекти од светот, од кои за повеќето се потрошени милионски суми, а за селекцијата решаваше жири составено од светски докажани архитекти. - Ова е голем успех за нас, за македонската архитектура и за државата. Една од целите при создавањето на Меморијалниот музеј во Крушево беше достојно презентирање на Македонија и во меѓународни рамки, како и претставување на делото на Тоше Проески. Тоа го препознаа и од селекционата комисија составена од видни луѓе во архитектонскиот свет. Тие ја почувствуваа нашата искрена намера при создавањето на проектот, но и духот на Тоше, кој може да се насети во секој дел од куќата - истакнува архитектот Дејан Спасеновски. На Светскиот архитектонски фестивал (WAF) што ќе се одржи од 2до 4 ноември во ноември во Барселона ќе бидат изложени 704 изведени објекти и структурирани дизајни во периодот од 2010 година. Ова е клучен настан во глобалниот архитектонски календар, кој привлекува над 10.000 делегати од целиот свет. На фестивалот ќе се прогласи победник и ќе се доделат признанија, за кои ќе решава жири составено од врвни светски архитекти. - За нас голем успех е самото учество на оваа манифестација, која ја собира најдобрата архитектура под еден покрив. Не очекуваме награда од причина што таму ќе бидат изложени проекти изградени со милионски буџет. Но, често големината на зданијата и вложените пари не се пресудни да се привлече вниманието, а ние тоа го потврдивме со нашиот проект. Всушност, ова е манифестација на престиж и не се доделува парична награда - вели Спасеновски. Светскиот архитектонски фестивал е единствената средба на архитектите, набавувачите и клиентите која привлекува посетители од целиот свет. Над 100.000 го посетиле музејот Според архитектите, специфичноста на Спомен-куќата на Тоше е едноставната, чиста и монументална композиција. Основната карактеристика што го прави проектот впечатлив се двата потега: полно и празно, светло и темно, при што за материјализацијата на објектот се користени два материјала: бетон и стакло. Монументален по големина, што соодветствува со големината на делото на Тоше, по архитектонскиот израз е многу едноставен што претставува и алузија на неговата животна филозофија. - Музејот досега го посетиле 100.000 обожаватели. За нас, како архитекти, големата посетеност значи дека сме допреле длабоко во душата на посетителите. Горди сме што нашата идеја преточена од парче хартија, изработена преку изведбен проект стана реалност. Основната замисла е објектот да живее онолку колку што ќе живее и делото на Тоше Проески - појаснува Спасеновски, кој најавува дека музејот ќе биде претставен и на други светски архитектонски фестивали во светот. Музејот го изгради Владата на РМ преку Министерството за култура. Тој почна да се гради во 2009 година, а беше отворен на 23 април годинава. Министерството за култура го поддржа учеството на архитектите на Светскиот архитектонски фестивал. Соња Алексоска-Неделковска Музејот трет според интернет-гласачите Објектите што ќе бидат изложени на светскиот архитектонски фестивал во Барселона за првпат годинава се презентираат и на интернет-страницата во рамките на натпреварот Open Bilding, People’s Choice Award 2011. Според бројот на гласовите на посетителите на веб-страницата openbuildings.com/peoples_choice/waf/leaderboard, во изминатава недела меморијалниот дом на Тоше се искачи на третото место. Сите вљубениците во архитектурата ќе може да гласаат на оваа страница до 28 октомври. Доминација на светската дизајнерска елита На WAF се слават достигнувањата на огромната разновидност на архитектонските практики. Победник на ланското издание е архитектонската градба Националниот музеј уметноста на XXI, дизајнирана од Заха Хадид, која живее и работи во Лондон. Фестивалот нуди програма од презентации, семинари и изложби. Со свои проекти ќе се претстави водечката светска елита предводена од: „Фостер и партнерите“, Хадид, и 3XH, презентирани преку своите најнови достигнувања. Нивно дело е хотелот „Бурџ“ во Дубаи, дизајниран од сер Норман Фостер, добитник на највисоката награда за животно дело Pritzeker award. http://www.dnevnik.com.mk Edited by Mjölnir - 22-Aug-2011 at 14:42 |
|
zabegan
Senior Member Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
Quote Reply #111 Posted: 22-Aug-2011 at 18:00 |
ете, тоа е тоа што е потребно нс земјава и народов, да се докажуваме во светот со сопствени оригинални дела, со што се докажува посебна култура и уметност на овој народ и тоа во цивилизирани, современи рамки
а и ем си ја покажуваме музичката, ем архитектонската култура и уметност да не ме разбере некој погрешно, не го поддржувам објектов поради неговиот стил или пак целосен изглед (всушност и не ми се допаѓа толку многу), туку баш поради последниов текст што е постиран |
|
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|
axel
Senior Member Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
Quote Reply #112 Posted: 23-Aug-2011 at 14:20 |
epa ajde site da glasame za spomen kukjata na tose na ovoj link
http://openbuildings.com/peoples_choice/waf/leaderboard#!peoples_choice/waf/leaderboard |
|
strajk
Groupie Joined: 19-Mar-2011 Location: Skopyeah Online Status: Offline Posts: 0 |
Quote Reply #113 Posted: 23-Aug-2011 at 14:34 |
Neka go objavi na facebook stranava ima 125 000 fanovi http://www.facebook.com/IloveMACEDONIA?sk=wall sigurno ke glasaat , ja nemozam posto me ima banirano .
Jas glasav. |
|
ФК Вардар гордоста на Скопје
|
|
gjoko
Senior Member Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
Quote Reply #114 Posted: 19-Oct-2011 at 19:28 |
Спомен-куќата на Тоше во трка за најдобар објект во светот
Среда, 19 Октомври 2011 16:40 Споделете ја веста со Вашите пријатели Спомен куќата на нашиот Тоше Проески е помеѓу 3-те најдобри објекти на Светскиот фестивал на архитектура во Барселона. Најдобриот труд се избира со гласови од цел свет со гласање по електронски пат до на следниов линк. Гласањето трае до 4 - ти ноември кога ќе биде прогласен најдобриот светски објект за 2011 година. Курир ги повикува сите на кои им се допаѓа спомен куќата да гласаат за овој прекрасен и уникатен објект да стане најдобар архитектонски објект во светот. Годинава за првпат ќе може по електронски пат да се гласа за 65 – те објекти кои ќе бидат изложени на фестивалот, меѓу кои влезе и Меморијалниот центар на прерано починатата македонска ѕвезда. Спомен-куќата се простира на околу 870 метри квадратни во форма на крст, изградена од бетон и стакло според проектот на архитектите Дејан Секуловски и Дејан Спасеновски, во соработка со Илија Божиновски, што го реализираше Министерството за култура и Владата на Република Македонија. Во централниот дел на објектот има молитвеник и верски предмети што ги поседувал Тоше и неколку негови запишани размислувања за вербата, љубовта, семејството, пријателството. На неколку инфоточки осетливи на допир ќе можат да се добијат информации за Тоше. По должината е изграден ѕид на кој ќе може да се оставаат пораки и впечатоци. Визурата на објектот - крстот како симбол и главен мотив - ноќе е посебно нагласена со осветлувањето. Објектот има и кафетерија, сувенирница со реплики од предметите на Тоше, висински платформи со панорамски поглед на Крушево, хортикултурно уреден простор околу, парк со цреша и амфитеатар за собири и одмор на посетителите. http://kurir.mk/makedonija/kultura/46431-Spomen-kukata-na-Tose-vo-trka-za-najdobar-objekt-vo-svetot |
|
Makedonij
Senior Member Joined: 08-Apr-2009 Location: Celje - Виница Online Status: Offline Posts: 2190 |
Quote Reply #115 Posted: 20-Oct-2011 at 19:31 |
POVEKE SLIKI: http://openbuildings.com/buildings/memorial-house-todor-proeski-profile-40439#!buildings-media/0 |
|
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
|
HugoGoulding
Senior Member Joined: 05-Feb-2011 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1304 |
Quote Reply #116 Posted: 21-Oct-2011 at 15:13 |
Спомен куќата на Тоше води на листата најдобар архитектонски проект во светот за 2011
http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=43&egId=17&eventId=81736 |
|
OKA
Senior Member Joined: 11-Dec-2009 Location: Yenni Maalе Online Status: Offline Posts: 332 |
Quote Reply #117 Posted: 21-Oct-2011 at 15:18 |
|
|
Врзи два поста без СК2014 и освој трет гратис!!!
|
|
mladen_s
Senior Member Joined: 04-May-2010 Location: Macedonia Online Status: Offline Posts: 407 |
Quote Reply #118 Posted: 21-Oct-2011 at 16:43 |
Мене хортикултурното уредување ми е малку.. соц-реализам. Ама објектот е добар
|
|
gjoko
Senior Member Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
Quote Reply #119 Posted: 21-Oct-2011 at 18:06 |
малу сум неиформиран,ако сака некој нека го постави линкот за гласање,имам можност барем од 2 места да гласам одма
Edited by gjoko - 21-Oct-2011 at 18:06 |
|
redsonja
Newbiе Joined: 24-Nov-2009 Location: tuka nekade Online Status: Offline Posts: 0 |
Quote Reply #120 Posted: 21-Oct-2011 at 20:02 |
Еве овде јас гласав. Повелете
http://openbuildings.com/peoples_choice/waf/leaderboard |
|
Post Reply | Page <1 4567> |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |