build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Комерцијални
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Пуцко Петрол(поранешен G Mall Skopje)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 34567 27>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #81 Posted: 31-Jan-2009 at 21:29
Се испитува почвата, дали значи нешто мрда, или недовршена работа од порано !?


Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #82 Posted: 31-Jan-2009 at 21:38
Во недостаток на попрецизни вести за проектов и во атмосфера на замрзнување и повлекување на инвестиции, дури и оваа глетка ме радува и ме охрабрува.
Cheers


И аман, само овој распаднат ТАМ ли се користи за испитување на земјиштето низ градов LOL

Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #83 Posted: 31-Jan-2009 at 22:09
Originally posted by Cloverstack

... И аман, само овој распаднат ТАМ ли се користи за испитување на земјиштето низ градов LOL

Извинете за off
Тој олтајмер камион како да го има секаде низ цел град Crazy
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
Б.Ѓ.Т View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 15-Nov-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 311
  Quote Б.Ѓ.Т Quote  Post ReplyReply #84 Posted: 01-Feb-2009 at 15:55
pa ne e istiotBig%20smile se se takvi ko sto gi znam i gi imam videno...ima samo 2-3 ponovi i tolku.drugo se e isto i raspadnato,a koga ke zapali disenje samo na shkrgiBig%20smile
Back to Top
SkaNdErBeG View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 17-Apr-2008
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote SkaNdErBeG Quote  Post ReplyReply #85 Posted: 15-Mar-2009 at 21:08
Hi everyone! Cheers

Anything happening with this project?
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4090
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #86 Posted: 15-Mar-2009 at 21:30
i think no.in the moment we have`t information for this projekt...maybe it commin in the next monthRoll%20eyes
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #87 Posted: 15-Mar-2009 at 21:41
Originally posted by SkaNdErBeG

Hi everyone! Cheers

Anything happening with this project?


no update unfortunately, for the good or for the bad. just status quo
Back to Top
SkaNdErBeG View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 17-Apr-2008
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote SkaNdErBeG Quote  Post ReplyReply #88 Posted: 16-Mar-2009 at 23:54
Thanks for the answers.. It'll probably take some time before the construction starts, afterall its not long ago this project was announced.

Lets hope the financial crisis won't affect this project.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #89 Posted: 16-Mar-2009 at 23:57
Originally posted by SkaNdErBeG

Thanks for the answers.. It'll probably take some time before the construction starts, afterall its not long ago this project was announced.

Lets hope the financial crisis won't affect this project.


This is what we are the most afraid of
Back to Top
maestro View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 02-Aug-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 505
  Quote maestro Quote  Post ReplyReply #90 Posted: 28-Jun-2009 at 17:41
Сега на Сител Бизнис Вести имаше кајрон „Трговскиот центар кај Алумина ќе се реализира“. На сајтот не гледам ништо поставено, освен наслов од вчера кој вели за запуштеноста на објектот.


УЛТРА МОДЕРНИОТ ТРГОВСКИ ЦЕНТАР СЕ УШТЕ Е САМО ПРОЕКТ

РЕАЛНОСТ Е ЗАПУШТЕНИОТ ПРОСТОР НА НЕКОГАШНА АЛУМИНА

Наместо очекуваниот модерен шопинг центар, некогашна Алумина е претворена во рушевини.

Запуштениот простор од 150 илјади метри квадратни стои неупотребен во центарот на Скопје. На ова земјиште требаше да се гради трговски и деловен центар во вредност од 100 до 120 милиони евра. На веб сајтот на новиот сопственик, израелската компанија Газит Глоуб, може да се види и проектот за тоа како треба да изгледа ултра модерната градба. Сител во неколку наврати се обиде да добие одговор од компанијата зошто изградбата се уште не е почната.

Израелската компанија Газит Глоуб стана легален сопственик на Алумина на 30 јуни минатата година. Фабриката и земјиштето беа откупени за 22 милиони евра. Изградбата на најавениот модерен шопинг центар, луксузен хотел и деловни згради требаше да почне за 3 до 4 месеци од продажбата на скопска Алумина. Но и после цела година, од инвестицијата ни трага, а надлежните институции си ја префрлаат топката.

Продажбата на Алумина во стечај успеа по неколку пропаднати тендери на кои никој не се јави. Зделката со Газит Глоуб се реализираше преку кабинетот на екс министерот за странски инвестиции, Глигор Ташковиќ. Писмено тој ни одговори дека по продажбата нема повеќе контакти со компанијата, но дека не постојат ни рокови, ниту услови за инвестицијата, бидејќи Алумина се продала како претпријатие во стечај, без други обврски. Што ќе се случи со фабриката сега зависело само од новиот сопственик Газит Глоуб, кој е втора најголема компанија за неподвижен имот во Израел. Може единствено да се шпекулира дека плановите ги одложила економската криза која силно ги погоди недвижностите, вели Ташковиќ.

Израелците во овој бизнис работат во повеќе земји, како САД, Канада, Бразил и Индија, а во регионот се присутни во Бугарија и во Турција. Алумина е една од ретките фабрики во Македонија која беше продадена по повисока вредност од проценетата.

http://sitel.com.mk/?ItemID=5C0A05A7BC63564F9D9E5EC95AF00B7A



На линкот од Сител имате и видео.

Инаку на слика денес го имаше и истиот рендер со двете кули.

Edited by maestro - 28-Jun-2009 at 17:44
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #91 Posted: 28-Jun-2009 at 18:56


Добра вест маестро Thumbs%20Up. Еве ја објавиле и на сајтот.

ГАЗИТ ГЛОУБ - ПРОЕКТОТ КАЈ АЛУМИНА ЌЕ СЕ РЕАЛИЗИРА

Израелците не се откажуваат од изградбата на ултра модерниот шопинг центар во Македонија на земјиштето на некогашна Алумина.

Во телефонски разговор за Сител, директорот на Газит Глоуб за југоисточна Европа, Ронен Ашкенази изјави дека компанијата има сериозни намери за реализација на инвестицијата од 120 милиони евра во нашата земја, но со градба сеуште не почнале, бидејќи проект со таква големина подразбирал и голем број на процедури. Ашкенази не прецизираше за какви процедури станува збор, но најави подетални информации од компанијата во текот на неделата.

Израелската компанија Газит Глоуб стана легален сопственик на Алумина на 30-ти јуни минатата година. Фабриката и земјиштето беа откупени за 22 милиони евра, или за 20% повеќе од проценетата вредност на имотот. Проектот требаше да почне да се реализира некаде во октомври минатата година, но и после цела година на теренот се уште нема никакви активности.

Модерната градба ќе биде прва од ваков тип во Македонија. Покрај трговскиот центар, ќе се гради и луксузен хотел и деловни згради, а за целата таа структура се планирани и 2.500 паркинг места.



http://www.sitel.com.mk/?ItemID=2C4296ECFA864548A71DB55A312117A7
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #92 Posted: 29-Jun-2009 at 12:40
навистина убава вест, само ми е страв да не го заменат проектот со некој „поевтин“
и уште не знам дали треба да ги занемаруваме „процедурите“
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4090
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #93 Posted: 30-Jun-2009 at 21:34
uste eden super vest
 

ГАЗИТ ГЛОУБ ЌЕ ГРАДИ МОДЕРЕН ТРГОВСКИ ЦЕНТАР

ИНВЕСТИТОРИТЕ ВО "АЛУМИНА" ЧЕКААТ ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДБА ОД ОПШТИНА КАРПОШ

До крајот на годинава ќе почне изградбата на шопинг центарот на земјиштето на некогашна Алумина. Во телефонски разговор за Сител, директорот на Газит Глоуб за Југоисточна Европа, Ронен Ашкенази изјави дека проектот целосно е готов и компанијата чека одобрение за градба од Општина Карпош.

Ашкенази е уверен дека тоа е само процедура и дозволите ќе ги имаат до крајот на годинава, со што ќе почне да се гради трговскиот центар.

– Проектот ќе почне да се реализира оваа година, 2009-та. Имаме трговски центар кој е целосно дизајниран, чекаме само одобрение од општина Карпош. Доколку се биде во ред и ги добиеме дозволите навреме, изградбата ќе почне до крајот на годинава - изјави Ронен Ашкенази, директор на Газит Глоуб за Југоисточна Европа во телефонскиот разговор за Сител.

Од Општина Карпош не информираа дека има уште неколку процедури до реализацијата на ултрамодерната градба. Прво треба да се изработи деталниот урбанистички план, Газит Глоуб да поднесе барање за локациски услови и за проектот, кои кога ќе бидат одобрени компанијата ќе треба да плати комуналии и потоа ќе може да гради.

Модерната градба, со трговски центар, луксузен хотел и деловни згради ќе биде прва од ваков тип во Македонија. Израелската инвестиција за проектот изнесува 120 милиони евра.

Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #94 Posted: 01-Jul-2009 at 01:46
Да се надеваме дека овие најави се реални а не само колку да замолчат новинариве 5-6 месеци ....
 
 
 
Ова незнам како да го сфатам...
 
Проектот ќе почне да се реализира оваа година, 2009-та. Имаме трговски центар кој е целосно дизајниран, чекаме само одобрение од општина Карпош.
 
 
... дали дека само трговскиот ќе го градат а зградите ги оставаат за понатаму, или пак дека дизајнот за зградите не е готов ама штом завршат одма ќе поцнат со градба???
 
 


Edited by vardar - 01-Jul-2009 at 01:48
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #95 Posted: 01-Jul-2009 at 01:54


незнам како да го толкувам ова што си го потенцирал, но јас лично сум скептик за реализацијата на тие две кули. Не заради друго, туку заради премногуте примери во некои соседни градови каде се гради многу поголемо и на големо од Скопје, но ваквите проекти редовно се изјаловуваа. Просто не ми се верува дека ние кои знаеме да искомплицираме се ќе истуркаме нешто вакво.

Дополнително, тоа е огромен простој кој би требало да се изгради. Кој би го закупил?

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #96 Posted: 01-Jul-2009 at 02:05
Јас не би обраќал премногу внимание на тоа „трговски центар“. Знаете колкава поетска слобода си земаат добар дел од нашите новинари. Којзнае, можеби е речено нешто сосема трето, а нам ни е пренесено како „трговски центар“ кој е целосно дизајниран.

Не знам што да мислам за информацијата во целина... Кој не сака да го види овој проект да стартува? Но оние тврдења дека се е сигурно и спремно и дека се чека само на некои формалности е најупотребуваното клише кај нас и не гарантира ама баш ништо. Што ни останува освен да се надеваме дека нема да остане само празен муабет.
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4090
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #97 Posted: 01-Jul-2009 at 14:07
jas mislam deka ova investicija ce se realizira, deka koga se javija od nekoj vesnik da go prasat poradi proektot, tie rekoa deka ce se javat za nekolku dena i ete nad 2 dena se javija, sto znaci imaat interesi zatoa nema pricina da ne ignjorirat
 
 
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #98 Posted: 22-Aug-2009 at 17:07
Штотуку е почнато со оградување на просторот. Ми беше кажано дека рокот за рушење на фабриката и расчистување на теренот е 6 месеци.




Cheers Cheers Cheers
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #99 Posted: 23-Aug-2009 at 04:12
Се обидов со некоја проста пропорција да проценам колку е висок трговскиот центар па според тоа да видам всушност колку спрата реално е висока зградата. Се работи за реална висина од 28 спрата!




Edited by lslcrew - 23-Aug-2009 at 04:13
Back to Top
blejdsk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 320
  Quote blejdsk Quote  Post ReplyReply #100 Posted: 24-Aug-2009 at 01:25
Одлична позитивна информација,,,ова ми се допаѓа ))



Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 34567 27>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.391 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.