build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Патишта
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Одморишта на патните правци

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <123
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20760
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #41 Posted: 13-Nov-2020 at 18:07
Што се однесува до Коридор 10 од Скопје до Гевгелија рута која релативно често ја минувам нема некои поголеми промени ниту најави за изградба на нови бензински или одморишта.Тие бензински кои се градеа прилично долго време веќе се во употреба(Dadi Kompani,Gulf,Detoil) а на патот Демир Капија Смоквица предвидените места за Rest Area сеуште стојат празни и мислам дека поради ситуацијата со вирусот драстично им е паднат прометот на повеќето бензински особено на оваа релација и незнам колку има економска оправданост и логика за новоизградените бензински кои буквално се празни барем тоа е мој впечаток кога минувам.
Back to Top
The Wild Boy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2020
Online Status: Offline
Posts: 497
  Quote The Wild Boy Quote  Post ReplyReply #42 Posted: 01-May-2022 at 19:32
Имам еден интересен предлог, ќе напишам подолу. Чиста win - win ситуација за секого.

Гледајки по другите држави како се развиени со одмаралиштата по патните правци, ние сме дефинитивно доста назад. Една Србија е далеку подобра... значи до кое дно сме паднале не ми се верува.

Сега како што короната "стивнува" и пополека одиме према ендемија (барем така не убедуваат научниците), мислам дека е време власта и надлежните да созреат малце и веќе еднаш да се обидеме "на големо" да привлечеме туристи и да ја зголемиме безбедноста на патните правци.

Еве што предлагам:

Да се изградат големи одмаралишта на поважните патни правци, различен микс, со модерен дизајн, зелена површина, повеќе паркинг места за автомобили и камиони.
Дополнително освен тоа може да се додадат и продавници, шопинг центри, ресторани за брза храна, паркови, јавни тоалети, клупи, маси, инфо центри па може и нешто туристичко, како на пр. продавница за сувенири или нешто од историско значење. Промоција на туризам е исто така добра опција, да има и турист - инфо бордови, луѓе кои што ќе помагаат и даваат информации на туристи. По потреба може да има и мотели, па и хотели да се изградат ако има навистина голема потреба од такво нешто.

Подолу имам објавено неколку слики, примери од различни видови на одмаралишта низ светот.








free upload photo

Сега разбирам дека овие примери се едноставно премногу за нас. Не мора толку огромни одморалишта да се направат, може и нешто по едноставно. Пратив погоре чисто за пример. Како што гледате има и одморалишта и ресторани во вид на надвозници кои што одат низ самите патишта. Такви има доста во Италија, Шведска а мислам имам видено и во Бугарија и Турција ако не се грешам. Интересен е и тој начин на одмаралишта. Вреди да се експериментира и да се направи нешто интересно.

Еве ви уште еден навистина интересен и чуден пример од Франција:
https://maps.app.goo.gl/B7FDDS4aE99cY3898

Ова е навистина интересен дизајн на оваа бензинска станица и одмаралиште. Ми се допаѓа како експериментирале, и само ги смениле насоките на патните правци од овој автопат, па наместо од десен дел на автопатот, се вклучуваш на бензинска од лева страна. Овде бенефит има и тоа што може да се направи и кружно вртење, па да се врати назад во другиот смер на автопатот. Ова би било доста од корист, на пр. ако некој ја згреши клучката каде што сака да излезе од автопатот, или за итни случаеви. Но секако ова зафаќа далеку повеќе простор исто така, бидејки се преусмерува автопатот од една на друга страна.

Е сега друго што може да се направи е да се изградат полициски станици на самите патни правци. Ваков пример имам видено во Романија:
https://maps.app.goo.gl/WCR249N3GjK583sS7

Како што гледате, Романците си имаат посебен оддел од полицијата за патрола низ автопатиштата и за оддржување на безбедноста.
Вакво нешто би помогнало и би било многу од корист кај нас, секако ако од МВР се нафатат да инвестираат на такво нешто. Има пристап од двете страни на автопатот, може да се пристапи во секој момент. Со ова самата полиција би се интегрирала уште подобро со важните патни правци во државата.


Претходно на форумов имаме доста дискутирано за лошата практика на полицијата да се паркира на страна од автопат, каде што возила одат над 100 км/ч и со тоа да стопира на многу лош и опасен начин (како што е прикажано на сликата погоре). Па затоа јас предлагам наместо таква практика, да се создаде еден посебен оддел во полицијата, да се земат посебни автомобили во цивилка (како што прават на пр. во Србија, Хрватска, по Германија), и така да се патролира по патиштата. Тие полицајци би се нарекле возачи пресретнувачи. Би тргувале од такви полициски станици / центри кои што би се изградиле покрај главните патни правци, и би патролирале, т.е. во цивилка би возеле како секој нормален, чекајки да уловат и санкционираат брзи возачи, возачи кои што возат непрописно, кои што не ги почитуваат правилата. После тоа, се пуштаат светла и текст од задниот дел кој што индицира на тој возач кој што не возел како што треба да застане на следниот паркинг или одмаралиште. Така функционира полицијата во развиени земји, така треба и кај нас да биде. Со тоа ќе се зголеми безбедноста, нема да има полиција која што ќе стои на страна од брзи патишта, и најважно нема да има полиција која што ќе запира возачи без причина. На сево ова дополнително, може да се вметнат и пожарникарите, авто мото сојузот, Македонија Пат, и многу други институции за брза реакција на патишта по потреба.

Овде заедно може да никнат и нови центри за мониторинг и безбедност на патишта, секако со камери, мерачи на брзина, мерачи за колку сообраќај поминува на таа одредена делница, сензори и други работи кои што добро би легнале со ваква инвестиција.

За сево ова гледам само бенефит.

    Ќе се зголемат одмориштата на патните правци.

    Ќе се намалат гужвите по бензинските станици, бидејки ќе има повеќе бензински и притоа поголем избор.

    Ќе се добијат повеќе места за паркирање, особено за камиони.

    Ќе се намали сметот (ѓубре) кое што секојдневно се фрла по патните правци низ државата што активно и штети на природата и околината, бидејки ќе има повеќе места на самите патни правци каде што ќе може правилно да се одстрани тој смет (контејнери, корпи, сл.).

    Ќе се зголеми безбедноста на патните правци. Со тоа што полицијата, пожарната, брзата помош ќе може да интервенираат побрзо.

    Во зимските периоди снегот ќе може да се чисти побрзо и поефикасно, ако се интегрираат центри од ЈП Државни Патишта и Македонија Пат, кои што ќе имаат камиони за чистење на снег на готовс.

    Ќе се зголеми туризмот во државата, особено транзитниот туризам, бидејки Македонија не е мала транзитна земја.

    Ќе се оствари голем профит, ем и за самите компании кои што ќе ги водат и оддржуваат истите тие одмаралишта, ем и за власта и институциите.

    Ќе се прикаже една сосема друга, и пријателска слика за Македонија, каде што секој е добредојден.


И најважно од се, возачите ќе имаат повеќе места каде што ќе можат да се одморат. Со повеќе одморени возачи, значително ќе се зголеми безбедноста, и ќе се намалат сообраќајките предизвикани од премореност.

И исто така ќе имаат и МВР со што да се изнапофалат колку ефективни си се во својата работа.

Win - Win ситуација за секого.

Инвестиција испод 100 милиони евра, насекаде низ Македонија на важните патни правци. Па тогаш ќе видите каква разлика ќе има.

Секако не мора многу вакви одморалишта, нит па многу големи. За почеток може да се почне со нешто по - едноставно, па во иднина како ќе се развива овој план да се оди на поголемо.

Што викате за овој мој интересен предлог? Сакам да чујам мислења, ајде дискусија

EDIT:

Ми текна и за уште една идеја. Аква Паркови по патиштата. Ова го имам видено на неколку места во Србија, баш покрај автопатот А1 имаат на неколку места такви аква паркови, со кафичи, со ресторани, посебни клучки до самите вакви места. И вакво нешто би било корисно за Македонија, зо што ќе се зголеми интересот за посетеноста на вакви места и ќе ни ги направи и патиштата по - атрактивни.

Edited by The Wild Boy - 01-May-2022 at 19:44
Back to Top
FiLo View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 26-Apr-2015
Online Status: Offline
Posts: 142
  Quote FiLo Quote  Post ReplyReply #43 Posted: 01-May-2022 at 21:07
2 км автопат не можат да направат (а треба 12) од Блаце до Скопје, косини на Миладиновци-Штип не средија и одрон 6 месеци не можат да исчистат, ивестиции од 100 милиони евра ќе направеле во одморалишта.

Помирете се со реалноста дека со патната инфраструктура ќе бидеме сеуште во Римско време.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20760
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #44 Posted: 01-May-2022 at 21:21
Убави примери и идеи но тешко дека би се реализирале вакви дури и поедноставни комбинации.
Има две места предвидени за одморишта на делницата Д.Капија-Смоквица кои веќе со години стојат празни,нешто почнаа и после Велес ама го забаталија.
Има доста нови бензински на Коридор 10 кои имаат доста големи паркинзи но без настрешници или било какви други погодности.
Инаку освен странски туристи кои претежно се транзит кон Грција во летните месеци другите делови од годината овој патен правец е со ептен слаба динамика(освен шлепери) се случува и по 10км да се пројдат без да наиде друго возило. Така да не верувам дека некој би се впуштил во таква инвестиција за градење комплекси како одморишта.
А исто така треба да се подобри и квалитетот на патиштата,Е 75 буквално се распаѓа целиот е дупки и крпеници.
По патиштата низ земјите што ги наведе едноставно има премногу возила и динамика(економија) во споредба со состојбата кај нас и сосем е оправдано да експериментираат со разни типови на одморишта кои се солидно посетени континуирано низ текот на целата година.
Carpe diem
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <123

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.949 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.