build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Останати теми
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Демографија
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Демографија

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 222324
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 880
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #461 Posted: 30-Sep-2023 at 20:49
Патем, податоците од пописот 2021 во Ексел формат на следниов линк:
https://www.stat.gov.mk/PrikaziSoopstenie.aspx?rbrtxt=146

Нека седи тука оти многу тешко се наоѓа на нивната вебстрана, ова на ФБ го најдов.
Back to Top
nenad View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 741
  Quote nenad Quote  Post ReplyReply #462 Posted: 01-Oct-2023 at 09:42
fala
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15281
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #463 Posted: 07-Oct-2023 at 19:04
Интересен податок од книгата „Варшава го исцртува Скопје“:

За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20966
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #464 Posted: 15-Dec-2023 at 13:28
МАКЕДОНИЈА ДО 2035 ГОДИНА ЌЕ ПАДНЕ НА 1,5 МИЛИОНИ ЖИТЕЛИ, СПОРЕД ПРОЕКЦИЈА НА ДРЖАВНИОТ ЗАВОД ЗА СТАТИСТИКА

Населението во Македонија до 2035 година ќе се намали на 1.531.748 жители, ако се задржи сегашниот фертилитет, според проекциите на Државниот завод за статистика (ДЗС).

ДЗС денеска ги објави проекциите за населението во Македонија до 2070 година, во седум варијанти, со различни стапки на фертилитет и морталитет. Во најлошата варијанта, со низок фертилитет, населението до 2070 година ќе се намали на 1.120.272 жители, додека во варијантата со висок фертилитет, населението ќе се намали на 1.408.906 жители.

Проекциите на ДЗС се под претпоставка дека во земјата и регионот нема да има војни, ќе има нормална и стабилна внатрешнополитичка состојба, во првата половина на 2030-тите ќе се заврши процесот на асоцијација во ЕУ, ќе има економски развој и нема да има големи здравствени состојби.

Проекциите се врз основа на податоците од пописот во 2021 година.

„ДЗС врз основа на резултатите од Пописот 2021 изготви проекција според која населението до 2030 би се намалило на 1,3 милиони. Од трите клучни елементи, стапката на фертилитет, морталитет и миграција, најзагрижувачки е третиот. Барем засега, кај нас најзагрижувачки е стапката на иселување, а не стапката на фертилитет“, изјави претседателот Стево Пендаровски, на презентацијата на проекциите.

https://sdk.mk/index.php/makedonija/makedonija-do-2035-godina-ke-padne-na-1-5-milioni-zhiteli-spored-proektsija-na-drzhavniot-zavod-za-statistika/

Edited by stef4o - 15-Dec-2023 at 13:28
Carpe diem
Back to Top
MKDSTRUGA View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Jun-2018
Online Status: Offline
Posts: 460
  Quote MKDSTRUGA Quote  Post ReplyReply #465 Posted: 15-Dec-2023 at 14:11
Штета што нема вкрстување на вариантите со различен фертилитет и различни миграциски токови. Едно е јасно, мора да се подобри фертилитетот, но уште повеќе да се намали иселувањето. Би било добро при носење на демографска стратегија и мерки, да се тежнее кон висока варијанта на фертилитет (просек од 2.03 деца по жена) со најниска можна варијанта на иселување или да се увезуваат работници (со се семејства) на пример од Украина кој би го компензирале иселувањето. Со вкрстување на двете варијанти имаме шанса да оджиме население над 1.7 милиони до 2050.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15281
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #466 Posted: 15-May-2024 at 09:51
Излегоа неофицијалните податоци за пописот спроведен на Косово, многу општини имаат изгубено население, најмногу Призрен, каде речиси 40% од населението се иселило (податоците се за целите општини, не само за градовите).

Приштина

до 13 мај преброени се 196.121 лица, а во 2022 г. имала 220.538​​ жители

Призрен

сега: 106.368​, во 2022 г. имал 194.100 жители

Гнилање зголемило население, од 70.588 во 2022 г. на 78.391 жител сега

Пеќ од 96.380 спаднал на 75.125

Ѓаковица ​од 92.022 спаднала на 69.870

итн.

се очекува Косово во моментов да има околу 1,5 милиони жители (пад од 1,8 милиони според податоците од пред десетина години), а до 13 мај 2024 г. биле пребројани вкупно 1.420.148 лица.
За сè има вторпат
Back to Top
nenad View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 741
  Quote nenad Quote  Post ReplyReply #467 Posted: 16-May-2024 at 08:33
Ke dodat. Ne smee da se znae deka fali naselenie. Ne e politički dobr za Kurti i ostanatite.
Back to Top
Bridgeburner View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 17-Jan-2023
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 87
  Quote Bridgeburner Quote  Post ReplyReply #468 Posted: 16-May-2024 at 19:15
На редит плачат дека приштина не била попишана цела , па после дека тие што имале други државјанства се попишувале според нив а не според косовските.

Пак излегоа океј бројка , мое предвидувае беше 1.2-1.3 милиони
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20966
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #469 Posted: 21-Jun-2024 at 12:04
Carpe diem
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 880
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #470 Posted: 24-Jun-2024 at 23:25
Originally posted by stef4o



https://www.facebook.com/photo/?fbid=885149280317518&set=a.597672385731877
   

Тажната реалност на овој просек е дека ова се должи на краткио животен век во МК, споредено со Италија во Македонија луѓето живеат скоро 9 години помалку во просек. Резултат на сиромаштија, ќебапи, ракија, лошо здравство, катастрофални навики (пред се пушење без никаков исаф), но и ниска култура на грижа за сопственото тело и здравје (на пример замислете просечен Мк маж од 50+ кој става крем за сонце.. "thats for pussies")
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15281
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #471 Posted: 28-Jun-2024 at 11:11
Објавени се резултатите од пописот во Албанија во 2023 г. Моментално во државата живеат 2.402.113 жители и во однос на 2011 г. има изгубено 17% од населението.

https://shqiptarja.com/lajm/sa-eshte-numri-i-popullsise-instat-publikon-sot-te-dhenat-e-censit?r=kh1
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20966
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #472 Posted: 03-Jul-2024 at 18:46
АЛАРМАНТЕН ГУБИТОК НА ТАЛЕНТИ - ДРЖАВАТА НА ПЕТТО МЕСТО ПО ОДЛИВ НА МОЗОЦИ

Алармантен губиток на таленти - државата на петто место по одлив на мозоци


Според извештајот на ИОМ за 2020 година, Република Северна Македонија се наоѓа во топ 20 земји во светот со најголема емиграција во странство, додека според проценките на Светската Банка, речиси 40% од високообразовниот кадар ја има напуштено државата, а според Индексот на одлив на мозоци на Global Economy, РСМ е на високото петто место (од 41 европска земја), што јасно покажува дека државата се соочува со голем губиток на таленти

Целта на ревизијата беше да се даде одговор на прашањето ,,Дали Владата на Република Северна Македонија ги испланирала, имплементирала и мониторирала мерките и активностите од Националната стратегија за вмрежување и соработка со високообразовани и стручни кадри 2013-2020, на начин кој би можел да придонесе да се спречи одливот на високообразовани кадри?’’

Спроведените ревизорски активности и обезбедените ревизорски докази овозможија да стекнеме разумно уверување дека активностите на Владата како носител на политиките за управување со миграцијата не се доволно ефективни за намалување на одливот на високообразовниот кадар од државата.

Во последните неколку децении меѓународните миграции во светски рамки забележуваат континуиран пораст, а денес нивниот обем е поголем од било кога. Тенденцијата кон пораст на емиграцијата на високостручни кадри, како и научен подмладок од одделни факултети, имплицира промени во квалитетот на работната сила и намалување на нивото на човечкиот капитал, а со тоа и негативни ефекти во областа на економскиот развој на земјата и научноистражувачката дејност.







https://dzr.mk/mk/240702-alarmanten-gubitok-na-talenti-drzhavata-na-petto-mesto-po-odliv-na-mozoci
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20966
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #473 Posted: 09-Aug-2024 at 15:49
ПОРАЗИТЕЛНО Е ШТО ГОДИНАВА ИМАМЕ ЗА 500 ПОМАЛКУ ЗАПИШАНИ ПРВАЧИЊА, ВЕЛИ МИНИСТЕРКАТА ЗА ОБРАЗОВАНИЕ

Во мај во основните училишта се запишале 17.200 првачиња, или за 500 помалку од лани, рече вчера министерката за образование и наука Весна Јаневска.

„Податоците се поразителни. Државата не може да има иднина ако овој тренд продолжи. Ќе се потрудиме да ги промениме состојбите, да ги задржиме нашите граѓани да останат тука и да бидат задоволни од условите за образование, за работа и живеење“, рече министерката по посетата на Основното училиште „Наум Охридски“ во с. Булачани.

https://sdk.mk/index.php/makedonija/porazitelno-e-shto-godinava-imame-za-500-pomalku-zapishani-prvachina-veli-ministerkata-za-obrazovanie/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20966
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #474 Posted: 30-Aug-2024 at 17:31
Повеќе умрени отколку новородени во вториот квартал годинава

Во второто тримесечје од 2024 година, живородени се 3 840 деца и во споредба со истиот период од претходната година нивниот број е намален за 7.2 %, соопшти Државниот завод за статистика.
Бројот на умрените лица во второто тримесечје од 2024 година бележи зголемување од 0.3 % во споредба со истото тримесечје од 2023 година и изнесува 4 711 лицa, а од нив 12 се умрени доенчиња.

Природниот прираст е негативен, односно – 871 лице, што значи дека за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица.

https://www.slobodenpecat.mk/povekje-umreni-otkolku-novorodeni-vo-vtoriot-kvartal-godinava/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20966
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #475 Posted: 08-Oct-2024 at 18:55
СО 40 ОТСТО ИСЕЛЕНИ, МАКЕДОНИЈА Е НА ПЕТТО МЕСТО ВО ЕУ ПО ЕМИГРАЦИЈА НА ВИСОКООБРАЗОВАН КАДАР, ВЕЛИ ДРЖАВНИОТ ЗАВОД ЗА РЕВИЗИЈА

Во последните десетина години, 40 отсто од високообразовниот и стручен кадар заминува од земјата. Северна Македонија е во топ 20 земји со емиграција на високобразовните и стручни кадри, а на петто место во рамки на Европската унија, рече денеска државниот ревизор Максим Ацевски пред собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетски прашања.

Како што објави МИА, Ацевски презентирал извадоци од Конечниот извештај за извршена ревизија на успешност на тема „Ефективност на мерките за спречување на одливот на високообразовни и стручни кадри“ подготвен од Државниот завод за ревизија (ДЗР).

ДЗР во извештајот заклучува дека со спроведената ревизија и применета ревизорска методологија и прибраните ревизорски докази стекнале уверување дека активностите на Владата како носител на политиките за управување со миграцијата не се ефективни за намалување на одливот на високообразовниот кадар од државата.

Проценките од извршената анализа на ангажираниот експерт на ДЗР покажуваат дека во периодот 2013-2021 година просечно годишно мигрираат по околу 2.500 високообразовани кадри, за кои државата просечно годишно инвестирала по околу пет милијарди денари или вкупно за анализираниот период потрошила 44,7 милијарди денари. Се посочува дека одливот на високообразованите кадри ја чини државата 0,8 проценти од годишниот БДП.

„Дали овие податоци се реални имајќи предвид одредени отстапувања, не би можел да кажам, но бројот на високообразовните кадри што заминуваат е висок“, вели Ацевски.

Според извештајот, вкупниот ефект на опортунитетниот трошок во однос на изгубен БДП кој не е генериран заради годишната емиграција на вкупното население од државата се проценува на 5,15 проценти од БДП на годишно ниво. Доколку на ова се додаде реално изгубената инвестиција во образованието во овие кадри која во просек изнесува 3,19 проценти годишно од БДП, вкупниот негативен економски ефект рефлектира вкупна загуба од 8,34 проценти од БДП на годишно ниво.

По истекувањето на периодот на важност на Националната стратегија за вмрежување и соработка со високообразовани и стручни кадри 2013-2020 година не е усвоен нов стратешки документ кој го опфаќа проблемот поврзан со одлив на мозоци односно сеопфатна стратегија за економската миграција, со мерки и активности поврзани со намалувањето на одливот на високообразован кадар, со што би се намалиле и негативни ефекти во областа на економскиот развој на земјата и научноистражувачката дејност. Се констатира дека мерките од Стратегијата не се целосно имплементирани.

Ацевски истакна дека државата не успеала да формира единствена база на податоци за да има бројка на одлив на високообразовани и стручни кадри. Како пример посочува дека во 2023 /2024 имало околу 23.000 слободни места за упис на државните универзитети, а се запишале само 10.000. Според државниот ревизор, недостасува и точен мониторинг и колку реално студенти можат да запишат универзитетите.

Според министерката за образование и наука Весна Јаневска, бројката што се презентира е поразителна, потенцирајќи дека за задржување на кадарот во земјата е потребен мултиресорки пристап така што таа може да зборува само за образованието.

„Добро е што државата имала Стратегија за спречување на одливот на мозоци, но за жал, не го постигнала ефектот кој бил предвиден при креирањето. Нема да се навраќаме назад и да бараме виновници. Како нова Влада преку мултиресорски пристап ќе се фокусираме на креирање нови мерки и активности со кои ќе го намалиме заминувањето на квалификуваниот и високообразован кадар“, рече Јаневска.

Посочи дека со универзитетите веќе се разговара за промени со цел поквалитетен образовен систем, осовременување на студиските програми за да бидат интересни за младите, но и усогласување со потребите на пазарот на трудот.

„Затоа ќе ги ревидираме квотите за упис на факултетите, врз основа на реална анализа на состојбите во општеството и утврдување на тоа што ни недостига“, рече Јаневска.

Стипендирањето во голема мера треба да стимулира упис на дефицитарни струки, па оттука и стипендиите на МОН веројатно ќе подлежат на ревизија. Зборувајќи за шангајските стипендии, министерката кажа дека очигледно е потребно реобмислување на начинот на кој тие се даваат и на начинот кој студентите треба да возвратат.

„Веќе се консултираме со повеќе студенти кои имаат искористено ваков тип на стипендија. Имаат интересни идеи кои ги размислуваме во моментов. Најчесто нотираат потреба за поголемо поврзување со компаниите во Македонија, бидејќи администрацијата нуди ограничени можности“, рече Јаневска, додавајќи дека Министерството прави дигитален регистар за евиденција на сите стипендисти, заради полесно лоцирање, вмрежување…

Младите, како што рече Јаневска, треба да добијат повеќе можности за учество и развој во науката и затоа се планираат повеќе пари и враќање на финансирањето на научно – истражувачките проекти со апликативни цели, како и нивно вклучување во наставно – научните тимови во рамки на образовните установи каде недостига персонал.

Ќе се прошируваат и можностите за вмрежување на младите со младите од други земји преку Хоризонт, Еразмус и други програми за образование и наука.

https://sdk.mk/index.php/makedonija/so-40-otsto-iseleni-makedonija-e-na-petto-mesto-vo-eu-po-emigratsija-na-visokoobrazovan-kadar-veli-drzhavniot-zavod-za-revizija/
Carpe diem
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15281
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #476 Posted: 24-Dec-2024 at 11:06
Излегоа најновите податоци за бројот на жители во Италија:

I T A L Y
Population as of January 1, 2024
ISTAT - Italian National Statistics Institute
***

TOTAL RESIDENT POPULATION
58,971,230
-25,971 units compared to the same period of the last year


FOREIGNERS BY COUNTRY OF CITIZENSHIP

Македонските државјани се на шесто место по бројност од европските нации:



извор: https://www.skyscrapercity.com/threads/%E2%99%80-european-demography-%E2%99%82.1336875/page-442?post_id=191248799#post-191248799
За сè има вторпат
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 222324

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.250 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.