Реставрациja / Реконструкциja |
Post Reply | Page <1 222324 |
Author | ||
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15281 |
Quote Reply #461 Posted: 29-Aug-2021 at 15:08 | |
Во која смисла ја утнале работата? Не те разбирам баш. |
||
За сè има вторпат
|
||
my Macedonia
Senior Member Joined: 09-Oct-2008 Location: 🇲🇰🇨🇭 Online Status: Offline Posts: 4091 |
Quote Reply #462 Posted: 29-Aug-2021 at 15:20 | |
Со реновирање на кулата и употребата на нормален матриал. Кулата ја реновирало како да е обична зграда. |
||
ehrlich
Senior Member Joined: 31-May-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 1365 |
Quote Reply #463 Posted: 30-Aug-2021 at 20:44 | |
Браво за Вевчани Вака изгледаше објектот во 2018 година.
|
||
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15281 |
Quote Reply #464 Posted: 17-Sep-2021 at 15:40 | |
СЕ ОТВОРИ РЕНОВИРАНИОТ ОФИЦЕРСКИ ДОМ ВО БИТОЛА
На местото на некогашниот руиниран Офицерски дом, денес во Битола беа отворен и вратите на реставрираниот објект со културно-историско значење, кој го врати својот архитектонски сјај и екстравагантна внатрешност. Заврши реставрацијата на Домот, а увид изврши и вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, чиј кабинет исто така беше вклучен во спроведувањето на проектот. „Офицерскиот дом во Битола е еден од најзначајните културно-историски објекти во Битола кој е во централното градско подрачје, а кој долги години беше запуштен, даваше лоша слика за целата околина. Се заложивме за негова реставрација, а не рушење и градење на нов објект. Денес сите можеме да се убедиме во неговата убавина и импозатност. Реставриран е целосно по сите стандарди, почитувани се неговите историски специфики“, рече вицепремиерот Битиќи. Покрај тоа што е набавен оригинален лустер сличен на балскиот, кој пред неколку години кога објектот беше оставен без грижа падна и се уништи, поставени се и десетици светлечки тела од кристал со 200 светилки кои ја осветлуваат внатрешноста на објектот. Долната сала е поплочена со мермер, обновени се витражите на прозорците и вратите, поставен е автентичен паркет изработен како стариот со техника на интарзија во концертната сала и друго. Објектот е во надлежност на новооснованата јавна установа Културно-информативен центар, под која е и Киното „Манаки“. „Нашиот Офицерски дом е со вратен сјај каков што му доликува, подготвен за низа настани кои ќе сведочат за пулсот на Битола. Во овој дом ќе се случуваат културни настани, музејски поставки, презентации на достигнувања, дебати, венчални церемонии, промоции и се̍ она што претставува наше битисување. Не беше лесно, ни едноставно од она време кога јасно кажавме ‘не’ за негова продажба. Подготвувањето на комплетната документација и апликација од страна на Општината, пред да дојдам јас како градоначалничка беше одбиена. Следуваа измени на истата и нов процес на аплицирање, а на тоа се надврза имплементацијата“, рече градоначалничката Наташа Петровска. Реконструкцијата на објектот и неговата околина чини 59 милиони денари (околу 960.000 евра), од кои 53 обезбедени од проектот за локална и регионална конкуретноста преку ЕУ фондови, а Општината учествуваше до 5,9 милиони денари од својот буџет. Исто така, Општината инвестираше и во обезбедувањето на инфраструктурата околу Офицерскиот дом, како и партнерно и хортикултурно уредување со вкупна инвестиција од 850.000 евра. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/se-otvori-renoviraniot-ofitserski-dom-vo-bitola/ Се обнови и чешмата крај Офицерскиот дом со средства од Ротари клубот од Битола |
||
За сè има вторпат
|
||
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15281 |
Quote Reply #465 Posted: 15-Nov-2021 at 11:13 | |
https://mms.mk/255712/%D0%BD%D0%B5%D0%B2%D0%B5%D1%81%D1%82%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D0%BF%D0%B0%D0%BA-%D1%9C%D0%B5-%D1%81%D0%B5-%D0%BA%D0%B0%D0%BF%D0%B0%D1%82-%D0%B2%D0%BE-%D0%B0%D0%BC%D0%B0%D0%BC-%D0%B0-%D1%81%D0%B8%D1%82/?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=%d0%bd%d0%b5%d0%b2%d0%b5%d1%81%d1%82%d0%b8%d1%82%d0%b5-%d0%bf%d0%b0%d0%ba-%d1%9c%d0%b5-%d1%81%d0%b5-%d0%ba%d0%b0%d0%bf%d0%b0%d1%82-%d0%b2%d0%be-%d0%b0%d0%bc%d0%b0%d0%bc-%d0%b0-%d1%81%d0%b8%d1%82 |
||
За сè има вторпат
|
||
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15281 |
Quote Reply #466 Posted: 02-Jul-2022 at 14:13 | |
СПОМЕН-КУЌАТА НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ВО БИТОЛА СЕ ОБНОВУВА ЧЕТИРИ ГОДИНИ И ПОВТОРНО ЌЕ СЕ ОТВОРИ ЗА ПОСЕТИТЕЛИ
Спомен-куќата на Гоце Делчев во Битола во изминативе четири години интензивно се обновува и осовременува, со цел повторно да биде отворена за посетители, рече министерката за култура Бисера Костадиновска- Стојчевска при денешната посета. Во нејзина реконструкција државата досега вложила 1,3 милиони денари, а за годинава се предвидени уште 400.000 денари. „Навистина ми е мило што секоја година се издвојуваат средства за спомен-куќата на Гоце Делчев во Битола и очекувам повторно да биде отворена за секој посетител. Токму неговата мисла ‘Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите’ треба да биде врежана во сите нас, затоа што македонското културно наследство треба да го негуваме секојдневно“, истакна Костадиновска-Стојчевска. Конзерваторско-реставраторските зафати почнаа во 2016, кога беше изработена проектна документација. Во 2018, Министерството за култура додели 250.000 денари за замена на електричната инсталација и зафати во ентериерот, во 2019 сумата порасна на 350.000 денари, а во 2020 на 400.000 денари. За лани беа предвидени 310.000 денари. Со овие средства, досега се заменети и кровната конструкција и дограмата, реставрирана е фасадата, а сега се работи на ентериерот. Во оваа куќа, Гоце Делчев престојувал во 1901 година, кога била дом на тогашниот началник на Реонскиот комитет на ВМРО во Битолско, Михаил Ракиџиев. Во Битола останал два месеца, а за тоа време, во битолскиот затвор го посетил војводата Даме Груев и остварил средби и со други истакнати припадници на револуционерната организација. На заминување, во знак на благодарност, му подарил пиштол на Ракиџиев, што како реликвија се пренесувал од генерација на генерација и сега се чува во спомен-куќата. Објектот содржеше две изложбени простории со вкупна површина од 37 квадратни метри. Една беше со документи и фотографии, а во другата, каде Делчев ги одржувал состаноците, беше задржан ентериерот во оригинална состојба. Таму беше и гобленот од разнобојни монистри, кој му бил даден на Ракиџиев од политичките затвореници во централниот битолски затвор. Ж. ЗДРАВКОВСКА https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/spomen-kukata-na-gotse-delchev-vo-bitola-se-obnovuva-chetiri-godini-i-povtorno-ke-se-otvori-za-posetiteli/ |
||
За сè има вторпат
|
||
shkupjan166
Newbie Joined: 25-Dec-2020 Online Status: Offline Posts: 21 |
Quote Reply #467 Posted: 25-Apr-2023 at 06:21 | |
Домот на културата „Мирка Гинова“ во Демир Капија е реконструиран со околу 550 илјади евра и сега има целосно нова кино сала и реновирана библиотека со многу нови книги за читателите, дел од овие средства се и од ТАВ програмата.
Преку ТАВ програмата реализираме инфраструктурни проекти за сите граѓани низ целата држава. Проектите на ТАВ се реализираат низ сите општини низ земјава. Задоволен сум кога гледа дека со добро планирање веќе во предвидените рокови се реализирани 70% од започнатите проекти, или завршени се 56 проекти во 56 општини а во моментов 25 проекти се во тек и е планирано да бидат завршени до крајот на годината, тоа значи дека нашите сограѓани добиваат квалитет и навременост. За овие проекти аплицираа самите општини и тие имаат целосна сопственост над нив, тоа значи дека се изворно поттикнати од потребите на граѓаните кои живеат низ цела земја. Овие инфраструктурни проекти се токму оние кои ним им се потребни за подобрување на квалитетот на живот на нашите сограѓани. ----- https://facebook.com/story.php?story_fbid=646568714148110&id=100063849604316&mibextid=afzh1R Edited by shkupjan166 - 25-Apr-2023 at 06:22 |
||
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15281 |
Quote Reply #468 Posted: 31-May-2023 at 17:57 | |
ГЕНЕРАЛКА НА ПАРТИЗАНСКИОТ СПОМЕНИК ВО ШТИП
Во моментов, Завод и музеј-Штип, со средства од Министерството за култура, го санира искучително значајното дело Меморијален комплекс на паднатите борци на револуцијата, кој е поставен на источната страна на археолошкиот локалитет „Исар“. Станува збор за архитектонско-скулптурално дело од архитектот Богдан Богдановиќ, еден од најпознатите архитекти на дваесеттиот век, кој оставил силен печат на уметничкото и архитектонското наследство на некогашна Југославија. Делото на Богдановиќ (20.08.1922, Белград – 18.06.2010, Виена) било избрано на конкурс со цел да се одбележи сеќавањето на загинатите партизански војници и цивили во Штип и Штипско за време на Втората светска војна, како чин на комеморација. За завршувањето на споменичкиот комплекс во Штип на авторот му биле потребни пет години, а неговата свечена инагурација се извршила на денот на ослободувањето на Штип, 8 ноември 1974 година. Екипите од штипскиот музеј во изминатиот период ги отстраниле нечистотиите, вегетацијата, бројните графити на сите делови од комплексот со што се сочувале изворните, историските, урбанистичко-архитектонските и естетските вредности на делото и се овозможило негово користење за туристички, културни и други активности. Во овој меморијален комплекс подигнат во чест на паднатите борци во Народно-ослободителната војна, се одбележуваат неколку датуми со учество на делегации, учесници во војната и граѓани, со положување на свежо цвеќе и комеморација. На комплексот се одбележуваат: 11 Октомври, денот на почетокот на народното востание во Македонија, 8 Ноември, денот на ослободувањето на градот Штип и 23 Октомври, денот на македонската револуционерна борба. https://plusinfo.mk/generalka-na-partizanskiot-spomenik-vo-shtip-ministerstvoto-za-kultura-se-pofali-deka-konechno-go-ischistilo/ |
||
За сè има вторпат
|
||
hcitrS
Senior Member Joined: 27-Nov-2015 Online Status: Offline Posts: 880 |
Quote Reply #469 Posted: 07-Jun-2023 at 21:47 | |
Конечно, се надевам дека ќе го одржуваат.Ова ми е еден од најубавите споменици на НОБ во Македонија. Се зачитав и за авторот, интересен лик. И во другите проекти има стилски слична орнаментика. Иако модернист, не се согласувал со слоганот "ornament is crime". Имал и експериментална школа за архитектура во некое српско село, а потоа бил и градоначалник на Белград при крајот на Југославија, за на крај да замине во Виена во самонаметнат егзил како противник на тињата Милошевичова.
|
||
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15281 |
Quote Reply #470 Posted: 14-Sep-2023 at 10:12 | |
Почнале со реконструкција на старото училиште во село Кучково, ќе биде пренаменето во Центар за ресоцијализација на дечиња кои го победиле канцерот.
Проектот е на Општина Ѓорче Петров, како и на ЗГ САНО, Скопски плански регион, Град Скопје, Општина Карпош, Општина Бутел и Општина Гази Баба. Инаку, зградата е од 1921 година. Капацитетот на Регионалниот центар ќе опфаќа 15 дечиња во исто време со еден родител (вкупно 30 кревети) кои ќе бидат дел од 10-дневниот целосно бесплатен престој. Регионалниот центар организациски и просторно е уреден на следниот начин: Приземје: – Предпросторија – Влезен хол – Канцеларија за администрација – Канцеларија за професионален персонал – 2 училници – Ходник – Кујна со трпезарија – 4 бањи со тоалети – 4 спални соби – Соба за физикална терапија – Просто за скалила – Дневна соба – Тивка соба Кат 1: – Влезна сала со скали – Ходник – 2 спални соби – 1 бања со тоалет – Лифт за лица со попреченост https://www.facebook.com/aleksandarstojkoskidr https://www.slobodenpecat.mk/gjorche-petrov-kje-gradi-centar-za-resocijalizacija-na-dechinja-koi-go-pobedile-kancerot/ |
||
За сè има вторпат
|
||
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15281 |
Quote Reply #471 Posted: 13-Feb-2024 at 16:40 | |
Не најдов посебна тема за проектов, па тука нека оди:
ГРЧКИ И МАКЕДОНСКИ ЕКСПЕРТИ ЗАЕДНО ГО СПАСИЈА АНГЕЛОТ ОД КУРБИНОВО, ЗАВРШЕНА Е 80 ОТСТО ОД ЗАШТИТАТА НА ЦРКВАТА Црквата „Свети Ѓорги“ од 12 век во преспанското село Курбиново е еден од најзначајните византски средновековни споменици на културата на Балканот. Овој црковен бисер е познат и како македонската Мона Лиза поради живописот со особените сликарски остварувања и е еден од ретките претставници на уметничките текови од крајот на 12 век. Препознатлив е најмногу по оригиналната фреска на ангелот на благовестието Гаврил, кој од тука е пресликан на македонските банкноти од 50 денари. Долги години црквата беше оставена на забот на времето, објектот со нарушена статика, а фреските пожолтени. Заштитата беше заглавена во проекти на хартија и долги административни постапки меѓу институциите, па народот имаше изгубено надеж дека ќе дојде денот кога ќе се спаси Ангелот од Курбиново. Работите почнаа да се менуваат пред три години, кога беше склучен Меморандумот за соработка меѓу Завод и музеј Битола и Европскиот центар за византиски и поствизантиски споменици од Солун, Грција. Грчки и македонски експертски тим заедно спроведоа конзерваторски истражувања врз основа на кои се изработи проект за конзервација и реставрација на ѕидното сликарство. Денес, 80 отсто од заштитата е завршена, а активностите продолжуваат штом дозволи времето, односно се очекува во првата половина на 2024 црквата комплетно да биде заштитена. Грчкиот тим на експерти имаше можност да користи напредни методи и техники на работа во големи размери како ретко кога претходно. „Во конзервацијата на фреските на Курбиново, нашиот тим ги користеше најнапредните методи во документирањето на патологијата, како и најнапредните технолошки алатки во толку големи размери, што Курбиново го сметаме за студија на случај за најмногу добро проучен споменик на византискиот свет. Целиот проект е спроведен во многу позитивна и продуктивна рамка. Соработката со колегите од Битола беше одлична и се засноваше на меѓусебно почитување. Резултатите од истражувањата беа збогатени со архитектонски цртежи, планови, фотографии, тематски карти и дополнителни согледувања. Резултатот од оваа билатерална соработка беше исклучително успешен. Во текот на целиот проект разменивме ставови, мислења и развивавме дискусии за методите што беа користени при конзервацијата на овие извонредни фрески од 12 век“, вели д-р Флора Карајани, византолог и директорка на Европскиот центар за византиски и поствизантиски споменици од Солун. Конзерваторските истражувања беа спроведени со примена на неинвазивни дијагностички техники. Беше применета најнапредна апаратура од ласерско скенирање на ѕидното сликарство, фотографирање со тангенцијално странично осветлување, па ултравиолетова фотофлуоресценција, снимање со ннфрацрвена камера, примена на XRF спекторскопска техника со портабл апарат за испитување на површините со можни преслики или издвојување на авторскиот ракопис, идентификација на постари и поново употребени пигменти, индиректно утврдување на одредени интервенции, анализа на влажноста со даталогер и друго. „Применетите аналитички техники во конзерваторските истражувања не се непознати во конзерваторската пракса во Македонија, само што ускратени се можностите за нивната употреба или достапност. Истото се однесува и на примената на методите и материјалите за конзервација и реставрација со минимални отстапувања во однос на конзерваторската пракса“, вели раководителката на проектот, м-р Оливера Макриевска, историчарка на уметност, конзерваторка-советник од Завод и музеј – Битола. Двата тима укажуваат на тоа дека учеле еден од друг, а дел од методите и техниките немале можност претходно да ги применат во толкав степен каков што е случајот со Курбиново. „Во рамки на конзервација и реставрацијате на ѕидното сликарство, а со цел минимизирање на причините за нивното понатамошно оштетување, отстранети се дотраени казеински опшивки, обезбедување на живописот со опшивање на површините со ѕидно сликарство, отстранување на дотраени китови од претходните конзерваторски интервенции и на нивно место нанесени се нови, малтерисување кај површините со отпаднато автентично ѕидно сликарство од поголем обем. Материјалите кои што се користеа за опшивање, китирање и малтерисување беа од типот на варови малтери поради нивната приближна усогласеност со употребените оригинални материјали“, вели Макриевска. Таа посочува дека за зацврстување на нестабилните подлоги на ѕидното сликарство беше применет методот на микроинјектирање (вбризгување), а беа утврдени одвојувања, празнини, испакнати делови. Беа употребени и течни варови за усогласување со оригиналните употребени материјали. Стабилизирање на боениот слој беше направено со методот на фиксирање. Чистење на живописот од наслаги се вршеше по сув и воден пат врз база на вода. Применет е етички пристап во процесот на чистењето на наслаги од различен карактер имајќи во предвид дека целта на чистењето е да се зачува заштитната и посакуваната патина на фрескоживописот. Визуелното ускаладување со примена на методот на ретуш ќе биде спроведена во текот на годинава. Професионалните проекти за конзервација и реставрација на архитектурата и живописот на споменикот се одвиваа во различни фази од 1958 до денес. Постојат податоци за постарите интервенции но, за жал, малку за употребените материјали. Очигледно е дека честите интервенции дополнително придонеле за физичкото оштетување на фреските и претставуваа опасност за хемиската и физичката стабилност. „Пред две години, започна заедничкиот пат на експертите од двете соседни земји кои за првпат се среќаваат на вака високо ниво. Заедничката работа на колегите од Солун и Битола ни донесе високостручна конзервација на фрескоживописот од 12 век и на оригиналните фрески, меѓу кои и онаа на Архангел Гаврил. Сведочиме на резултати кои со децении ги посакувавме, а ги добивме токму сега. Храмот конечно добива долгорочна заштита, а византиското културно богатство достојна грижа и афирмација“, рече министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска. Средства за проектот беа издвоени токму од Министерството за култура. Сепак, иако лани летото беше најавено дека до крајот на 2023 година ќе заврши комплетната реставрација на црквата, вториот дел од заштитата на ѕидното сликарство останува за годинава. Од Завод и музеј велат дека 80 проценти од фрескоживописот е завршен и дека работа ќе се доврши годинава. Во меѓувреме, по долги години патот до црквата доби нов асфалт. Клучот од црквата веќе не е кај месното на насление, туку во Завод и музеј во Битола. Ж. ЗДРАВКОВСКА https://sdk.mk/index.php/naslovna/grchki-i-makedonski-eksperti-zaedno-go-spasija-angelot-od-kurbinovo-zavrshena-e-80-otsto-od-zashtitata-na-tsrkvata/?fbclid=IwAR21KZJEICLYm3vP-KCnwmWKpbWTYtFQtBDmdA1fGoV3OOeEGmaq71TewB0 |
||
За сè има вторпат
|
||
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15281 |
Quote Reply #472 Posted: 20-Mar-2024 at 13:24 | |
Четири години подоцна... Може да е само предизборно ветување. |
||
За сè има вторпат
|
||
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15281 |
Quote Reply #473 Posted: 19-Apr-2024 at 08:38 | |
Долго време се најавуваше реконструкција на Офицерскиот дом во Велес.
Состојба пред: И потоа (сега е претворен во бар/ресторан): Нивната фејсбук страница https://www.facebook.com/oficerski?locale=mk_MK |
||
За сè има вторпат
|
||
JovanOdGjorche
Senior Member Joined: 13-Oct-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 516 |
Quote Reply #474 Posted: 19-Apr-2024 at 10:54 | |
Браво, дај Боже што повеќе вакви примери да има со заборавените објекти низ земјава.
|
||
And something, somewhere was lost in 1938...
|
||
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15281 |
Quote Reply #475 Posted: 15-Jul-2024 at 14:53 | |
Најавена санација на Музејот на вода, Плаошник и Куќата на Момирови во Охрид
https://www.vecer.press/%D0%BD%D0%B0%D1%98%D0%B0%D0%B2%D0%B5%D0%BD%D0%B0-%D1%81%D0%B0%D0%BD%D0%B0%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D0%BC%D1%83%D0%B7%D0%B5%D1%98%D0%BE%D1%82-%D0%BD%D0%B0-%D0%B2%D0%BE%D0%B4%D0%B0-%D0%BF/ |
||
За сè има вторпат
|
||
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15281 |
Quote Reply #476 Posted: 10-Dec-2024 at 21:11 | |
Историскиот симбол на Кавадарци, Маркова кула, подготвена за реставрација
Маркова кула, историски симбол на Кавадарци, ќе биде реставрирана за да го зачува своето културно наследство. Со новата иницијатива, кулата се подготвува за нова ера, додека останува сведок на минатото и инспирација за иднината.
https://lider.mk/istoriskiot-simbol-na-kavadarci-markova-kula-podgotvena-za-restavracija/ |
||
За сè има вторпат
|
||
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20960 |
Quote Reply #477 Posted: 11-Dec-2024 at 19:42 | |
СКОПСКИОТ АКВАДУКТ ЌЕ СЕ РЕСТАВРИРА СО ГРАНТ ОД 205.000 ДОЛАРИ ОД АМБАСАДОРСКИОТ ФОНД НА САД
Скопскиот Аквадукт, споменик на културата од особено значење и значаен белег на градот, ќе биде реставриран со грант од 205.000 долари од Амбасадорскиот фонд за културно наследство на САД, соопшти денеска амбасадорката Анџела Агелер која го посети споменикот од 6 век заедно со министерот за култура Зоран Љутков. Таа рече дека проектот ќе се фокусира и на зачувување на Аквадуктот и на негова промоција во следните 2-3 години. „Се надеваме дека ќе ги видиме плодовите од овој комплексен проект до 2028 година, навреме за прогласувањето на Скопје за европска престолнина на културата“, рече Агелер. Министерот Љутков рече дека дека од 2001 година досега од Амбасадорскиот фонд за културно наследство на САД, за зачувување, конзервација и реставрација на нашето културно наследство се доделени околу 2 милиона долари. Аквадуктот на 20 април 2021 беше прогласен за споменик од особено значење и со тоа доби највисок степен на заштита. Но, остана запуштен и затрупан со ѓубре. На 21 април годинава, во чест на Денот на планетата Земја, граѓаски активисти имаа акција за чистење на Аквадуктот. Според интернет страницата на Конзерваторски центар Скопје, под чија надлежност е Аквадуктот, за 2024 е планирана третата фаза од проектот за конзерваторско-реставраторски работи, за која се предвидени над 64 илјади евра. Реставрацијата на Аквадуктот започна во септември 2021, а во првите две фази досега се изведуваше од стабилизација на столбовите. Министерот Љутков и амбасадорката Агелер и денеска го претставија реставрираниот монументален Споменик на слободата во Кочани кој е уметничко-архитектонско дело на Глигор Чемерски и Радован Раѓеновиќ. Споменикот од 2022 се реставрираше со американски грант од 254.300 долари преку Амбасадорскиот фонд на САД, што го доби Општина Кочани од Американската амбасада во Скопје. Ова е прва поддршка од овој фонд за реставрација на споменик од современата македонска уметност што ја чествува и борбата против фашизмот. https://sdk.mk/index.php/kultura/skopskiot-akvadukt-ke-se-restavrira-so-grant-od-205-000-dolari-od-ambasadorskiot-fond-na-sad/ |
||
Carpe diem
|
||
Post Reply | Page <1 222324 |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |