build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Пешачки зони и паркови
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Паркови (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Паркови (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 2223242526>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20753
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #461 Posted: 04-May-2022 at 17:32
од утре, четврток (5.5.2022), ќе биде ограден просторот познат како „Урбан Парк“.
На денешниот увид, од страна на инвеститорот „Лимак“, ми беше претставен проектот за тоа како ќе изгледа новиот парк, кој ќе се простира на површина од близу 5000 метри квадратни.









https://www.facebook.com/gerasimovskig
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20753
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #462 Posted: 16-May-2022 at 17:03
паркот ,,Иднина” кој се наоѓа кај кружниот помеѓу Припор и Кисела Вода, а е изграден на место на поранешна депонија.





https://www.facebook.com/1OrceGj
Carpe diem
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2029
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #463 Posted: 16-May-2022 at 17:25
Да ми кажеше некој дека е ова некој УЧК споменик во Липково, скроз ќе поверував! Па добро бе до кога со овакви скверови, "плоштади", "паркови", што врска немаат, туку се само пералница на пари преку бекатон фирми?!






Edited by user8642 - 16-May-2022 at 17:26
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20753
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #464 Posted: 28-May-2022 at 12:26
ШТИП ЌЕ ГРАДИ АДРЕНАЛИНСКО-АВАНТУРИСТИЧКИ ПАРК ПОМОГНАТ ОД ШВАЈЦАРСКАТА АГЕНЦИЈА ЗА РАЗВОЈ СО 322.000 ЕВРА



Совет на Општина Штип на последната седница донесе одлука за кофинансирање со 15 проценти во меѓународниот проект за изградба на адреналинско-авантуристички парк кој треба да биде помогнат од Швајцарската агенција за обнова и развој во износ од 19.964.000 денари .

Проектот ќе се реализира преку Центарот за развој на Источно планскиот регион во соработка со Министерството за локална самоуправа за што се создадени основните услови за апликација пред Швајцарската Агенција за развој.

„Адреналинско-авантуристичкиот парк е еден од трите проекти со кој Источно-планскиот регион ќе аплицира пред Швајцарската агенција и Министерството за Локална самоуправа . Имаме проект за уредување на коритото на реката Брегалница во Делчево и поставување мерни инструменти за водостојот и проект за селектирање на отпад за општините Пробиштип, Кочани Виница Македонска Каменица и Штип“, вели раководителот на Центарот за развој на ИПР, Зуица Ангелова.

Штипјани сметаат дека нивниот проект е најатрактивен, па токму и заради тоа Советот на Општината едногласно донесе одлука од буџетот да се издвојат 3.550.000 денари за изградба на aдреналинско-авантуристичкиот парк со што го исполнуваат основниот услов за аплицирање пред Швајцарската агенција за развој и соработка и ресорното министерство. .

„Адреналинско-авантуристичкиот парк ќе се простира на 7.100 метри квадратни и ќе содржи, детско инклузивно игралиште и простор за сензорни игри за деца со посебни потреби, катче за одмор и релаксакција за сите граѓани, потоа атлетска, велосипедска и пешачка патека, игралиште за мини голф, терен за стрелаштво со лак и стрела и парк за домашни миленици. Целиот простор ќе биде хортикултурно и парковно уреден“, вели еден од координаторите на проектот, Никола Илиев, претставник на Секторот за Локален економски развој во Општината Штип.

Според првичната проектна документација, паркот ќе се гради во излетничките месност Суитлак и Бриони во Штип на истата локација каде пред 30 години беше поставен камен темелник за Универзална спортска сала, но тој проект не се реализираше. Штипските планери сметаат дека сега постојат поголеми услови новиот проект да се реализира бидејќи во овие месности веќе постои Зоолошка градина, фудбалско игралиште со рефлектори, а пред две години почна да се гради и зимски базен.

И од Општината Штип и од ИПР се оптимисти дека со наредни проекти може да се реализира и дамнешната желба на штипјани за изградба и на Универзална спортска сала за што постојат просторни можности, а во непосредна близина на овој комплекс се наоѓа и локацијата на браната на реката Отиња чија изградба е започната.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/shtip-ke-gradi-adrenalinsko-avanturistichki-park-pomognat-od-shvajtsarskata-agentsija-za-razvoj-so-322-000-evra/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20753
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #465 Posted: 24-Jun-2022 at 14:09
Уреден новиот зелен плоштад на кеј „Димитар Влахов“
На кејот „Димитар Влaхов“ е формиран и хортикултурно уреден нов зелен плоштад. Екипите на ЈП Паркови и зеленило го завршија уредување на зелената површина на кејот, со вкупна површина од 3.244 квадратни метри.



https://www.facebook.com/ЈП-Паркови-и-зеленило-Скопје-NP-Parqe-dhe-gjelbërime-Shkup-247235442093152
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20753
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #466 Posted: 27-Jun-2022 at 11:56
Новиот модерен парк ,,Иднина”, лоциран на кружниот тек помеѓу урбаните заедници Кисела Вода и Припор, од денес и официјално е пуштен во употреба.







https://www.facebook.com/photo/?fbid=570197828066844&set=pcb.570198708066756
Carpe diem
Back to Top
Théoden View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2018
Location: Р. Македонија
Online Status: Offline
Posts: 563
  Quote Théoden Quote  Post ReplyReply #467 Posted: 27-Jun-2022 at 12:34
Парков без ни едно дрво...
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15235
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #468 Posted: 27-Jun-2022 at 15:01
Го помешале називот со „сквер“
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20753
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #469 Posted: 27-Jun-2022 at 15:04
Ги изедначија термините парк и сквер,секаде редат бекатон и клупи или пак само ќе посадат трева и нема никаква сенка.
Побитно е да се даде име на паркот отколку да се има некоја корист и сенки за во иднина.
Слично вака е и зеленилото околу новите згради,каде пред да почнат сечат огромни 50-годишни дрва.
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20753
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #470 Posted: 27-Jun-2022 at 16:53
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20753
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #471 Posted: 30-Jun-2022 at 11:48
Originally posted by stef4o

Општина Аеродром ќе плати речиси 500.000 евра за реконструкција на веќе постоечки парк





https://telma.com.mk/2020/08/07/општина-аеродром-ќе-плати-речиси-500-000-евр/


По 2 години,парков е тотално запустен,дел од плочките се расклатени а игралиштево од постот откако го направија го држат под катанец.А многу од игралиштата се со искршени реквизити и уништена подлога.

----------------------------------------------------
МЕТАЛНАТА ВРАТА ПАДНА ВРЗ ГРБОТ НА МОЈОТ СИН, ИМА СКРШЕНИЦА НА Р’БЕТОТ:



Игралиштето во Аеродром е опасно подолго време, мајката на повреденото дете сведочи за Фактор

Безгрижната детска игра стана сериозна и тешка повреда на рбетниот столб на малото скопјанче, откако тешка метална врата од детското игралиште му паднала врз грбот. Мајката, Александра Живковска Савеска, која моментално заедно со својот син е на Интензивното одделение на Клиниката за детска хирургија проговори за неговата здравствена состојба и подетално раскажа за целиот инцидент.

-Направени се сите иследувања, направена му е компјутерска томографија која покажа скршеница на петтиот пршлен на рбетот. Освен тоа целиот грб му е модар, има и гребаници. Мора да мирува, лежи на даска и во ваква положба треба да биде два до три месеци. Нема да се интервенира хируршки за среќа, чекаме појас да му стават, за да може да ја тргнат даската, но целиот летен распуст ќе го помине вака, вели Савеска.

Инцидентот се случил завчера вечерта, посолува мајката, нагласувајќи дека веднаш повикале брза помош, а полицијата направила увид во текот на вчерашниот ден.

-Влезната врата од игралиштето беше откачена и само потпрена и во таква состојба беше оставена подолго време. Тоа игралиште е во Аеродром веднаш после Железничката станица, кај високите кули до фонтаната. Како трчале, деца ко деца, се бутнале во вратата и таа тешка метална конструкција му паднала точно врз грбот на мојот син. Навистина сме револтирани од тоа што од општината досега не е изреагирано по не знам колку апели од сите нас да се поправи вратата или да се тргне.

Пријавувано е неколку пати, што значи дека требаше да се случи ваква несреќа за да се преземат мерки. Тука има стотина деца, особено летно време, меѓу сиот овој бетон од висококатници, ова им е место за рекреација, за активности, вели мајката на повреденото дете.

Фактор стапи во контакт со градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски, кој изјави дека е запознаен со несреќата на детското игралиште и оттаму добивме писмен одговор.

-Ние, како Општина, ќе ги преземеме сите мерки што се во наша надлежност да провериме за што точно станува збор и каде е направен евентуален пропуст од службите кои се грижат за безбедноста. Сепак, веднаш штом ја добивме информацијата за овој немил настан, службте во истиот момент излегоа на терен и ја санираа направената штета. Периодов активно работиме на обнова и реконструкција на сите детски игралишта на нашата територија, а еден од нашите главни приоритети е проверката на безбедноста токму на реквизитите кои се користат од децата. Истовремено, ја информираме јавноста дека Општина Аеродром досега во неколку наврати ги повикуваше и ги повикува граѓаните да ги почитуваат јавните површини и да се однесуваат совесно кон заедничките добра, затоа што тие се често мета на вандалски чинови, кои можат да имаат и лоши последици кон здравјето и безбедноста на жителите, велат од Општината Аеродром за Фактор.

https://faktor.mk/metalnata-vrata-padna-vrz-grbot-na-mojot-sin-ima-skrshenica-na-rbetot-igralishteto-vo-aerodrom-e-opasno-podolgo-vreme-majkata-na-povredenoto-dete-svedochi-za-faktor
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20753
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #472 Posted: 19-Aug-2022 at 11:30
Арсовска: Започнуваме со изградба на капитален проект - мега парк од над 30.000 м2 во Ѓорче Петров







Градот Скопје денеска ја почна реализацијата на капиталниот проект за изведба на мега парк во општината Ѓорче Петров – нова зелена површина во градот што ќе се простира на повеќе од 30.000 квадратни метри. Почетокот на активностите за изведба на овој нов парк го означија градоначалничката Данела Арсовска, градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојковски, директорот на ЈП „Паркови и зеленило“, Ангеле Сотировски и директорот на ЈП „Улици и патишта“, Борис Настов.
- Дел од приоритетните капитални проекти за скопјани согласно со програмата се пет нови мега паркови во Скопје. Затоа, денеска, во општината Ѓорче Петров го означуваме започнувањето на изградбата на првиот мега парк кој го реализираме во Скопје. Како човек кој се изборил со рак, како некој кој изгубил најблиски од оваа подмолна болест, сметам дека не постојат поважни и поприоритетни цели од тоа на секој можен начин да придонесеме Скопје да е град во кој обезбедуваме значително подобар квалитет на живот. Во Скопје отпочнуваме нешто што досега не било направено, 5 нови мега паркови кои долгорочно ќе придонесат за заштита и подобрување на состојбите со животната средина – рече Арсовска.
На место кое беше депонија од огромни размери во над 50.000 квадратни метри, екипите на Градот Скопје успеаја целосно да ја исчистат за создавање на новата паркова површина. Работните активности и хортикултурното уредување на мега паркот предвидуваат четири фази на изведба, а паркот е предвидено да има три дела на вкупна површина од над 30.000 квадратни метри.
Јавните претпријатија „Улици и патишта“ и „Паркови и зеленило“ веќе ја изведуваат првата фаза од овој нов мега парк, односно се изведува подготвително рамнење на површината, прекопување и целосно обележување согласно со проектот за парковската површина. Во оваа фаза се врши трасирање на пешачките и велосипедските патеки и просторот за останатите содржини, а се поставуваат и потребните подземни инсталации.
Предвидено е подигање на зелени површини, поставување систем за наводнување, засадување на над 2.200 дрвја од десетина различни видови, како и дополнителни цветни садници соодветни за оплеменување и зазеленување на парковската површина.
Во завршната фаза предвидено е поставување на урбаната опрема и целосно уредување на просторот со фонтани, клупи, придружни елементи, садови за отпадоци, паркинг за велосипеди, како и соодветно осветлување.
Мега паркот во секој од трите дела има внатрешни пешачки патеки и дополнителни пристапни патеки. Предвидена е изградба на детско игралиште, игралиште за миленици и фитнес зона, со соодветни реквизити, како и изградба на паркинг за посетителите.
- Во Скопје, со оглед на состојбите со загадувањето кои се особено алармантни во зимските месеци, потребни се нови зелени површини, затоа силно се залагам да се реализираат програмските приоритети. Овој мега парк со своите содржини претставува нов простор во градот за рекреација, и квалитетно минување на слободното време и истиот ќе придонесе за подобрување на состојбите во поглед на животната средина, како бенефит за сите жители во ова населено место и воопшто за сите посетители. Вкупната вредност на проектот изнесува 68.500.000 денари – објасни градоначалничката Арсовска.

https://www.facebook.com/CityofSkopje

Edited by stef4o - 19-Aug-2022 at 11:56
Carpe diem
Back to Top
Влатко View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Aug-2016
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 517
  Quote Влатко Quote  Post ReplyReply #473 Posted: 19-Aug-2022 at 13:24
Дали има некој информација каде точно локациски се наоѓа парков?
Back to Top
Влатко View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Aug-2016
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 517
  Quote Влатко Quote  Post ReplyReply #474 Posted: 19-Aug-2022 at 14:17
https://www.youtube.com/watch?v=FKK2WWHg-K4
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15235
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #475 Posted: 19-Aug-2022 at 16:20
Мислам дека е во близина на село Волково, покрај Лепенец. Тука имаше огромна дива депонија. Спроти реката е село Бардовци.
За сè има вторпат
Back to Top
Théoden View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2018
Location: Р. Македонија
Online Status: Offline
Posts: 563
  Quote Théoden Quote  Post ReplyReply #476 Posted: 19-Aug-2022 at 18:29
На претходната страница ја има локацијата.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20753
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #477 Posted: 24-Feb-2023 at 18:55
На вчерашната седница на Советот на Град Скопје се донесе Одлука за изградба на Мега парк во општина Чаир.











https://www.facebook.com/profile.php?id=100057347475587
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20753
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #478 Posted: 01-Mar-2023 at 18:03
Денеска почнаа активностите во Стар Аеродром со кои се предвидува изградба на нов парк на површина од 2300 квадратни метри, ново зеленило, место за одмор и рекреација уредено со модерна опрема и согласно најсовремените стандарди.
Се работи за уште една инвестиција со која се реализираат ветувањата за зелени проекти, подобрување на условите за урбаното живеење, како и зачувувањето на животната средина. Изградбата на паркот вклучува поставување на урбана опрема, зеленило и хортикултурно уредување, поплочување на патеките, современ систем за наводнување и модерно лед осветлување





https://www.facebook.com/OpstinaAerodrom
Carpe diem
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 878
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #479 Posted: 01-Mar-2023 at 22:16
Многу е јак концептот "изградба на парк". Чекаме следно на Шара "изградба на Национален парк"
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20753
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #480 Posted: 02-Mar-2023 at 14:25
На неколкуте избришани маркици каде беа предвидени згради кај Лиса во Ново Лисиче









https://www.facebook.com/TimcoMucunski/videos/535547175112070
Carpe diem
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 2223242526>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.535 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.