ТИРЗ Скопје - Бунарџик |
Post Reply | Page <1 222324 |
Author | |
гитардемон
Senior Member Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5422 |
Quote Reply #461 Posted: 27-Apr-2021 at 19:23 |
Во ниту една статија по целиот интернет не пишува во кој град е. Арно на сликите има напишано дека е во Бунарџик, инаку како да треба да се подразбира.
|
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20753 |
Quote Reply #462 Posted: 30-Jul-2021 at 09:50 |
Нова инвестиција во ТИРЗ, турската компанија „Текнопанел“ ќе инвестира 16 милони евра
Турската компанија „Текнопанел“ ќе инвестира 16 милиони евра во изградба на нов производствен капацитет во ТИРЗ Скопје. Одлуката за инвестиција е постигната на средбата во Истанбул на директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски и менаџментот на компанијата. „Текнопанел“ е еден од најголемите извозници во Турција и на листата Топ 500 водечки индустриски компании во земјата, со четири фабрики во Турција, а Македонија е првата инвестициска дестинација за оваа компанија вон матичниот пазар. – Според инвестицискиот план и финансиски проекции, „Текнопанел“ ќе отвори 120 нови работни места, со очекуван вкупен извоз од над 150 милиони евра во следните 10 години. Само како обврска за придонеси за плати, буџетот на државата ќе оствари над пет милиони евра приходи, а обврските за данок на добивка и персонален данок на плати надминуваат 2,5 милиони евра – велат од Дирекцијата за ТИРЗ и додаваат дека според новиот концепт на привлекување инвестиции во ТИРЗ, секој потенцијален инвеститор задолжително доставува 10 годишен инвестициски план врз база на кој се проценува капацитетот на компанијата и инвестицијата, и се подготвува индивидуализиран пакет за учество на државата во инвестицијата. Само од почетокот на годинава во ТИРЗ се заокружени договори со вкупен обем на инвестиции од 105 милиони евра, а во првите шест месеци е остварена највисока економска активност во зоните од нивното формирање. Во моментов се преговара со 30 компании за вкупен обем на инвестиции над 400 милиони евра. – Овие бројки се должат на новиот концепт на работење и мерки на ТИРЗ и Владата за поттикнување на инвестиции. Со ваквиот тренд, директорот Деспотовски најави дека се очекува една милијарда странски инвестиции и отворање на дополнителни 14.000 работни места до 2024 година – потенцираат од Дирекцијата за ТИРЗ. https://plusinfo.mk/nova-investici-a-vo-tirz-turskata-kompani-a-teknopanel-e-investira-16-miloni-evra/?fbclid=IwAR2G_hbbPjwFaRyMifXtKq__dD3CKLBKTkkUQ0JJsLtMFHcPfw_diMQzk5g |
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20753 |
Quote Reply #463 Posted: 18-Aug-2021 at 16:27 |
Новата инвестиција ќе донесе нови и добро платени работни места, што е од голема важност за економскиот раст во земјава. Остануваме посветени на подигнување на стандардот и условите за живот во Северна Македонија.
Првата јужнокорејска инвестиција во земјава, на компанијата „Алмак-Дура Екстружн“ е заедничка инвестиција во вредност од 29.9 милиони евра на две глобално реномирани компании во својата дејност американската „Дура Аутомотив Системс” и јужнокорејската „Алмак“. Само од почетокот на годинава Северна Македонија веќе брои над 120 милиони евра започнати или инвестиции пред започнување, кои се резултат на новиот паметен пристап во работењето на ТИРЗ и Владата. https://www.facebook.com/VladaMK |
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20753 |
Quote Reply #464 Posted: 18-Aug-2021 at 16:39 |
Во Скопје ќе се гради фабрика за 70 вработени и плати од 600 до 2.000 евра
Јужнокорејската компанија „Алмак“ и американската компанија „Дура аутомотив системс“ денеска во ТИРЗ 2 во Скопје започнаа со изградба на фабрика во која ќе се вработат 70 лица, со најниска бруто плата од 580 евра и највисока од 2.000 евра. Ова денеска го кажа премиерот Зоран Заев кој беше на почетокот на промовирањето на ноата инвестиција во земјава. Станува збор за инвестиција од околу 30 милиони евра кои ќе бидат вложени во изградба на современ објект во кој ќе се произведуваат лесни профили за автомобилската индустрија. Планирано е фабриката да се изгради на површина од 80 илјади квадратни метри и да почне со работа од следната година. Се очекува да се отворат над 70 работни места, а бруто платата за висококвалификуваните кадри ќе биде околу 2.000 евра. Просечната бруто плата за најслабо квалификуваните кадри кои ќе работат во фабриката, како што посочи Заев, ќе биде 889 евра или просечна нето плата од 580 евра. Изградбата ќе трае 12 месеци, објектот ќе биде со модерен дизајн на 80 илјади квадратни метри. Јужнокорејската компанија ја користи зелената електрична енергија во процесот на производство и 100 проценти ги рециклира остатоците при процесот на производство. https://skopskoeho.mk/vo-skopje-ke-se-gradi-fabrika-za-70-vraboteni-i-plati-od-600-do-2-000-evra |
|
гитардемон
Senior Member Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5422 |
Quote Reply #465 Posted: 18-Aug-2021 at 17:03 |
Прво бруто плата 580 евра, па подолу нето плата 580 евра. Нема грешка.
|
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
|
my Macedonia
Senior Member Joined: 09-Oct-2008 Location: 🇲🇰🇨🇭 Online Status: Online Posts: 4090 |
Quote Reply #466 Posted: 03-Apr-2022 at 23:10 |
user8642
Senior Member Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2029 |
Quote Reply #467 Posted: 04-Apr-2022 at 17:34 |
Ова е ТИРЗ Ќојлија, не е Бунарџик.
|
|
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15235 |
Quote Reply #468 Posted: 17-Oct-2022 at 17:10 |
Премиерот Ковачевски на отворање на втората фабрика на американската компанија „Кемет Електроникс“ [17.10.2022"> by Влада на Република Северна Македонија, on Flickr
Премиерот Ковачевски на отворање на втората фабрика на американската компанија „Кемет Електроникс“ [17.10.2022"> by Влада на Република Северна Македонија, on Flickr Премиерот Ковачевски на отворање на втората фабрика на американската компанија „Кемет Електроникс“ [17.10.2022"> by Влада на Република Северна Македонија, on Flickr |
|
За сè има вторпат
|
|
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15235 |
Quote Reply #469 Posted: 25-Feb-2023 at 19:04 |
Премиерот Ковачевски на презентација на новата инвестиција на „Гересхајмер” [24.02.2023"> by Влада на Република Северна Македонија, on Flickr
Премиерот Ковачевски на презентација на новата инвестиција на „Гересхајмер” [24.02.2023"> by Влада на Република Северна Македонија, on Flickr Премиерот Ковачевски на презентација на новата инвестиција на „Гересхајмер” [24.02.2023"> by Влада на Република Северна Македонија, on Flickr |
|
За сè има вторпат
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20753 |
Quote Reply #470 Posted: 18-Apr-2023 at 16:51 |
ОД ТАЈВАН ДОАЃА НАЈГОЛЕМАТА ГРИНФИЛД ИНВЕСТИЦИЈА ДОСЕГА, ВО МАКЕДОНИЈА ЌЕ СЕ ПРАВАТ ДЕЛОВИ ЗА „ТЕСЛА“ И „ЕПЛ“
Јован Деспотовски, директор на Дирекцијата за Технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ), денеска во Тајван потпиша договор со менаџментот на конзорциумот „Јагео” за најголемата гринфилд инвестиција во Македонија досега, која ќе вработи 4.000 луѓе. Договорот за инвестицијата од Таипеи тежи 205 милиони евра. „Јагео” ќе произведува резервни делови за автомобилската индустрија, но и за зелена енергија. Производствените погони ќе бидат лоцирани во ТИРЗ Скопје 1 и во ТИРЗ Штип. Нивната изградба прво ќе почне во ТИРЗ Скопје 1, во јули. Ќе ги градат домашни градежни компании. „Со Северна Македонија имаме одлично искуство. Сепак, две работи беа клучни зошто ја одбравме за нашата инвестиција. Увидовме дека е стабилна, со квалификувана работна сила, а и Владата беше максимално посветена и имаше исклучително позитивен однос кон нас. Тоа можеби беше и пресудно. Ни излегуваше секогаш во пресрет и тука беше за секој наш проблем“, кажа Дејвид Ванг,извршниот директор на „Јагео”. „Наши приоритети се воведување нова технологија и јакнење на кадарот, овозможување вработените да стекнат нови вештини и да се усовршат“, најави обуки за вработените Андреа Мејер, шеф на оперативниот сегмент. Според Јован Деспотовски, до потпишувањето на договорот процесот не бил воопшто лесен. „Во конкуренција беа многу земји, меѓу кои Хрватска и Србија. Но, ние успеавме во таа трка и ние сме денеска тука, на оваа маса, да потпишеме договор. Со оваа инвестиција стануваме дел од мапата земји кои обезбедуваат витални компоненти за производители како ‘Тесла’ и ‘Епл’, кажа тој. Деспотовски на прес-конференцијата во Таипеи рече дека компаниите во зоните вработуваат близу 17.000 лица, а влезот на „Јагео” ќе значи 30 отсто плус работна сила од оваа бројка. Церемонијата на потпишувањето се одржа во седиштето на „Јагео”. Во видео-конференциска врска се вклучи од Скопје и премиерот Димитар Ковачевски. „Јагео” има 40 илјади вработени во Азија, Европа и Америка. Електронските компоненти што ги произведува за автомобилите, се еден од светските најдобри производители за чип-отпорници и тантал кондензатори, а се користат за: авионската и автомобилска индустрија, за 5G и телекомуникациите, за медицината, управувањето со енергија, со зелена енергија. Според Ковачевски, со новиот концепт на поттикнување инвестиции, ТИРЗ и Владата успеаја да ја стават Македонија високо на мапата инвестициски дестинации кои имаат капацитет и услови да реализираат висококвалитетни вложувања. „Последниве две години се постигнати договори од над 650 милиони евра, што е над половина од вкупниот обем на донесени инвестиции во претходните 10 години. Со оваа инвестиција надминуваме износ над 850 милиони евра. Имаме над 16 500 вработени во Зоните што е за над 10.000 работници, само од 2017 година досега. Во првиот квартал имаме речиси една милијарда евра извоз што е највисоко ниво во последниве пет години. Само лани компаниите во зоните достигнаа највисоко ниво на извоз од 3.7 милијарди евра на годишно ниво“, кажа Ковачевски. Делегацијата на Деспотовски утре ќе ја посети фабриката на „Јагео“ во Каошунг. https://sdk.mk/index.php/makedonija/od-tajvan-doaga-najgolemata-grinfild-investitsija-dosega-vo-makedonija-ke-se-pravat-delovi-za-tesla-i-epl/ |
|
Carpe diem
|
|
Max
Senior Member Joined: 07-Jun-2009 Online Status: Offline Posts: 3664 |
Quote Reply #471 Posted: 09-Mar-2024 at 23:34 |
20.12.2023 ~ https://nezavisen.mk/search/тирз фино фино, но финално фино ќе биде ако пуштат ЛРТ од Ѓорче и НоЖеСт до Бунарџик, a може да се дума и потака ... единствено прашање е како се гарантирани работничките права и дали ССМ е активен играч посреди сета инерција!?, колку што сум запознаен, зависно од типот и капацитетот на погони некои компании нормирање тераат чоечки, но некаде имам чуено дека очекуваат киборг алајк бројлерлук пр. д&м битолско заради штанцање на лента за да постигнат вработените норма работат ко мравки или пак потфрлаат на плата, при што нормал здравјето ет конечно кусур!, хм би било интересно да има некаков Синдикален еФорум каде вакви абери ќе бидат доследувани инстант на ачик, а така и да се стори на културен начин притисок работодавците нели да нормализираат норма!, сепак мнозина сигурно се Благодарни што имаат можност за инстант вработување, а доколку неможат да постигнат да се прилагодат на дадено темпо ето бонус ет што може да се опробаат другде во зоната ... единствено мањак ет можеби што фабриките немаат ко во титоизам некакви работнички кампои за заслужни пролетери!, веројатно сега тоа е вклучено во бонуси на плата за натфрлена норма, чунки шијатсу фотељи имаат ко утеха!?, реално она што го донесоа ТИРЗ-оите е растоварување на стресот кај сите слоеви, а вака тркала Народ и кон средна класа доколку успее да седне на два стола, онака ко порано в титославија при што предпладне тера во фабрика а попладне нанива налозје или низшума!, хм камо в Скопско Поле секој еден тирзоец да имаше декар бонус од Држава а ко акционер во некое заедничко лозје илити овоштарник стркалан виа локалнио синдикат, и то точно да знае кој дел ет негов а не само акционер на заеднички инвестициски работнички проект!, патем не ми мерите на думава, ја пуштам чисто како мотивација за бркање екстра профит од самите работници кои само со ТИРЗ Плата тешко дека ќе најдат волја за долгорочен тирзнат стаж, не сите, практично на ваков и слични начини може да се осигура волја да се истрае мачнио Работнички Живот ... уште за МЗТ да навиваат и ето га! |
|
Max
Senior Member Joined: 07-Jun-2009 Online Status: Offline Posts: 3664 |
Quote Reply #472 Posted: 12-Mar-2024 at 18:36 |
анбливабл Скотје не дочекало сеуште бројлерлук хит ко Битољ [1] тука може и санатариум алајк вајб да пројде, нели тро подалеку ет од Градо та веројатно мачни мелодии по дифолт ќе се лепат!?, практично ова со k&sh е тешка манипулација од мотивација за бројлерлук, и то пази од селата битолско собираат довчерашни земјоделци наместо истите да се бар 50/50 субвенционирани за малку од малку Земјоделие сочуваме!, вистина има ли некој сторено студија колку "гринфилдериве" земаат државна проскура по глава а колку еден Земјоделец добива!?, битно бидејќи држава потпишала договор, дури и од понадвор бројлери да увезуваат фабрикиве ние и нив ќе ги плаќаме, но има ли таквио фол лимит, колку домашен пролетер е стимулиран вака индиректно а колку увозен?, хм можеби постои некој меѓудржавен дил за амортизирање безработица или!? |
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20753 |
Quote Reply #473 Posted: 04-Sep-2024 at 17:23 |
Германски БМЗ ја почна изградбата на фабрика вредна 65 милиони евра, ќе вработи 1.000 лица
Во Технолошко-индустриската развојна зона – Скопје, денеска беше одбележан почетокот на градбата на фабрика на германската БМЗ груп која се занимава со изградба на литум јонски батерии. Инвестицијата изнесува 65 милиони евра, се очекува фабриката да биде готова до мај следната година и да реализира извоз од најмалку 60 милиони евра во првите три години. Комерцијалното производство е почнато со браундфилд инвестиција, но недостасувал повеќе простор што ќе се обезбеди во модерна фабрика во која вкупниот број вработени се најавува да достигне илјада. Јелица Ивановска, генерален директор на БМЗ Македонија, информираше дека сега најмногу извезуваат во Германија и во Полска, но и во сите европски земји. – Ние веќе произведуваме. Сега во моментот работиме во „браунфилд“ лоциран во поранешните простории на фабриката „Раде Кончар“, односно во постоечки објект што е прилагоден на потребите на бизнисот. Во моментот имаме 110 вработени во сите сектори и работиме со пет функционални валидирани линии. Започнато ни е комерцијалното производство, со тоа што ни треба многу повеќе простор. Таму каде сме сега не е доволен просторот. Ова ќе биде нова и модерна фабрика и планирано е да имаме во првата фаза што сега ја градиме, 40 линии, а вкупниот број на вработени треба да стаса меѓу 770 и 1 000 вработени, нагласи Ивановска. Како што додаде таа, во план е фабриката да се пушти во погон во мај, а се очекува да извезуваат и надвор од европскиот пазар. https://nezavisen.mk/germanski-bmz-ja-pochna-izgradbata-na-fabrika-vo-tirz-skopje-vredna-65-milioni-evra-kje-vraboti-1-000-lica/ |
|
Carpe diem
|
|
Post Reply | Page <1 222324 |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |