Домови за стари лица |
Post Reply | Page <12 |
Author | |
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20966 |
Quote Reply #21 Posted: 24-Oct-2020 at 14:26 |
Ова беше најавено како приватна болница и еве дури сега на сајтот на Пелагонија најдов дека пишува Дом за стари лица.Согласно ова нишкава ќе ја преименувам и ќе ја префрлам во Проекти.
-------------------------------------------- Домот за стари во Гостивар полека го добива својот лик. Активно се работи на негова реализација, а се очекува да биде целосно завршен кон средината на 2020 година. Станува збор за нов модерен дом за стари лица кој ќе располага со сите потребни услуги, а ќе биде еден од технолошки најсофистицираните кај нас. Во градот Гостивар направени се повеќе инвестиции, но оваа инвестиција е посебна, бидејќи за првпат во Гостивар и пошироко во регионот се гради дом за стари лица, кој ќе им служи на граѓаните на целиот регион. http://pelagonijagv.com.mk |
|
гитардемон
Senior Member Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5424 |
Quote Reply #22 Posted: 24-Oct-2020 at 15:17 |
Дом за стари лица на 6 ката... Старите во лифтови и по скали ќе се качуваат? Има причина зошто се обично на еден или два ката максимум.
|
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
|
my Macedonia
Senior Member Joined: 09-Oct-2008 Location: 🇲🇰🇨🇭 Online Status: Offline Posts: 4091 |
Quote Reply #23 Posted: 24-Oct-2020 at 16:33 |
Треба да се каже дека Македонија нема никакво искуство со вакви домови. И во кичево се отвори таков дом- катастрофа. Не се зема во предвид дека се ептен стари и не можат да се качат како младите.
6 ката не е проблем, ако има лифт. Проблем е дека нема парк пред домот. |
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20966 |
Quote Reply #24 Posted: 26-Nov-2020 at 16:59 |
Објектов сум го гледал стопати досега поред автопат но не сум знаел дека е предвиден за старски дом,со децении стои вака сега се продава
..... Ekskluzivno Astoria Nedviżnosti nudi za prodażba objekt-karabina ( Prizemje plus 2 kata so vkupna površina od 2.300m2 ) dodeka vkupniot plac e so površina od 29.000m2. Objektot e predviden za starski dom, so uredni dokumenti od objektot i zemjišteto-imoten list. https://www.facebook.com/astoria.real.estate |
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20966 |
Quote Reply #25 Posted: 26-Nov-2020 at 18:18 |
Отворам една општа нишка за домови за стари лица,изградени или во градба што се и дел од веќе отворените нишки ќе ги преместам во оваа да ги имаме на едно место.
..................... Студио ЛЕЛЕЛЕЛЕ со Проект за ДОМ за СТАРИ лица, Илинден, Скопје, 2019-2020 https://www.facebook.com/Studio-lelelele |
|
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15281 |
Quote Reply #26 Posted: 29-Apr-2021 at 14:38 |
Во Битола се градат три домови за стари лица, инвестицијата е скоро 3 милиони евра
На просторот на поранешната касарна во Битола, во тек е изградба на три сместувачки капацитети за стари лица. Вкупната инвестиција изнесува 2.900.000 евра, а ќе обезбеди сместување на 210 лица и вработување на над 80 лица, медицински, помошен и друг персонал согласно планот за работа на инвеститорите. Како што информираат од Општина Битола, инвеститорот на првиот сместувачки капацитет за стари лица, чија градба е во напредна фаза, претставува и успешен пример за женско претприемништво. Овој објект вклучува изградба на приземје, два ката и потпокрив и истиот зафаќа површина од 2.500 квадратни метри. https://www.mkd.mk/makedonija/razno/vo-bitola-se-gradat-tri-domovi-za-stari-lica-investicijata-e-skoro-3-milioni-evra |
|
За сè има вторпат
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20966 |
Quote Reply #27 Posted: 11-Jul-2021 at 17:02 |
ВЕЛЕШАНИ ИМААТ ПОТРЕБА ОД СТАРЕЧКИ ДОМ, А НЕКОГАШНИОТ СТОИ ПРАЗЕН И ПУСТ
Велешани имаат потреба од пензионерски дом, бидејќи постојниот е со капацитет кој не може да ги задоволи барањата на највозрасна категорија граѓани. Затоа, во сега веќе далечната 1985 година беше изграден старечки дом, кој потоа се трансформираше во Хотел, а откако неговиот корисник го напушти, десетина години е пуст и празен а времето го руинира. Објектот со одлична архитектура е обележје на левата страна од градот, веднаш до Железниот мост. Во дел од зградата е сместен Техничко- технолошкиот факултет од Велес, како и неколкуте деловни простории во приземјето, кој му дават живот. „Ако се види колкав број на пензионери има во градот и колкумина живеат сами, оти нивните деца, внуци заминаа од градот, државата и нема кој да им купи храна, даде лекови, јасно е дека е неопходен“, велат велешани. Локалната власт се обиде во два наврати да го продаде објектот, откако претходно преку јавно-приватно партнерство, сакаше да го реактивира како Старечки дом, но неуспешно. Ниту за едното, ниту за другото нема интерес. Не доаѓаат охрабрувачки информации, дека објектот може да му се врати првобитната намена, преку Владата, откако општината не успеа. „Моделот како овие објекти да работат е тој да биде одржлив. Нешто што порано функционирало а денес не, значи дека моделот не бил одржлив. Не можеме да помагаме нешто, што за некоја година ќе го нема. Овој објект и сличните ќе се вратат во функција, само кога моделот за нивно работење, биде одржлив. За да не се случи, по пет години, Владата да дава нови народни пари и вложува, за да опстане. Владата јавните пари мора да ги користи на ефикасен и ефективен начин. Сакаме да се згрижи една категорија граѓани, но тоа да не биде на грбот на друга категорија“ – порача Фатмир Битиќи при неодамнешната посета на Велес. Објектот кога беше изграден имаше 60 соби со 160 кревети. Поголемиот дел од инвентарот денес е украден, подолго време не е во функција, па времето го оштетува и прокиснува вода од покривот. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/veleshani-imaat-potreba-od-starechki-dom-a-nekogashniot-stoi-prazen-i-pust/ |
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20966 |
Quote Reply #28 Posted: 31-Dec-2021 at 18:19 |
Објектов добил назив Пеламед,фотките се од пред 4 месеца https://pelagonijagv.com.mk/proekti/pelamed/ |
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20966 |
Quote Reply #29 Posted: 01-Jan-2022 at 18:31 |
На 01.01.2022 официјално се отвара првиот дом за грижа и нега по светски стандарди, Пела Мед. Лоциран во центарот на Гостивар, со совршени услови и сеопфатна нега предводена од професионален тим кој ќе се погрижи за вас и заедно ќе креирате моменти на среќа, сигурност и чувство на љубов.
https://www.facebook.com/Пела-Мед-Pela-Med-110101634742995 |
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20966 |
Quote Reply #30 Posted: 09-Jan-2022 at 11:36 |
ШТИПСКИОТ ДОМ ЗА СТАРИ ЛИЦА НЕ СЕ ГРАДИ ВЕЌЕ ОСУМ ГОДИНИ ОТКАКО БЕШЕ ПРОГЛАСЕН ЗА ДИВОГРАДБА
Штипскиот дом за сместување стари лица почна да се гради во 2014, но брзо доби статус на дивоградба зашто објектот ја немал комплетната документација. Место да се изврши адаптација на ресторанот што се наоѓаше на таа локација, се изгради зграда со четири ката. По две години судски рочишта, обвинителството го повлекло обвинението кога сите наоди говореле дека има чесна намера да се изгради дом за сместување на 100 пензионери, за кој веќе биле обезбедени пола милион евра. Судската постапка заврши, но зградата веќе осма година пропаѓа. Таа има готова карабина, без кровна конструкција, фасада и внатрешно уредување и опремување. Штипските пензионери сметаат дека и оваа година нема да продолжат работите на нивниот дом. Претседателот Стево Пендаровски не го потпиша последниот Закон за легализација на дивоградби во мај 2021, а Владата го поднесе во Собранието новиот, изменет закон, кој уште не е усвоен. „Новата верзија на Законот за легализација на дивоградби не ја знаеме, но се надеваме дека ќе нема законски пречки домот за стари лица да добие зелено светло за продолжување на изградбата. Тогаш ние настапуваме со нашите плански проекти за продолжување на изградбата“, велипретседателот на здружението на штипските пензионери, Ристе Нетков. Тој и другите членови на Здружението на пензионери во изминатите години имале неколку средби со штипските градоначалници и со министерот за транспорт и врски. Велат дека и новиот градоначалник Иван Јорданов им дал целосна поддршка за доизградба на домот. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/shtipskiot-dom-za-stari-litsa-ne-se-gradi-veke-osum-godini-otkako-beshe-proglasen-za-divogradba/ Edited by stef4o - 09-Jan-2022 at 11:36 |
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20966 |
Quote Reply #31 Posted: 13-May-2022 at 17:12 |
Најсовремен, модерен и безбеден дом за стари лица Пела Mед
Домот за стари лица Пела Mед располага со 129 кревета, 45 апартмани, специјално наменети соби за постоперативна негасо медицински кревети и декубитис душеци, вип соби, специјални програми за социјализација, соодветна технологија за постојан надзор, медицински и стручен персонал 24/7 часа, чист воздух, рекреативни програми и излети. Пела Mед нуди достоен живот на луѓето во трето доба. Пела Mед е дом за стари лица кој има специјално опремени соби за лица со посебни потреби како деменција, алцхајмер, неподвижни или им треба друга специјална нега и грижа. Една од работите што не издвојува од другите резиденции е нашата филозофија за грижа на секој од вас, развиена за да создаде средина што не поврзува, средина за активно стареење со зголемена самодоверба, стабилна емоционална благосостојба, безбедност и сигурност, чувство на припадност, подобрено здравје и среќа. https://faktor.mk/najsovremen-moderen-i-bezbeden-dom-za-stari-lica-pela-med- |
|
Carpe diem
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20966 |
Quote Reply #32 Posted: 29-Jun-2022 at 08:49 |
ДОМ ЗА СТАРИ ЛИЦА - "ФИЛИП СТОИЧОВ" с. Тработивиште - ДЕЛЧЕВО.
https://www.facebook.com/gpaarchitecture |
|
Carpe diem
|
|
hcitrS
Senior Member Joined: 27-Nov-2015 Online Status: Offline Posts: 880 |
Quote Reply #33 Posted: 31-Jul-2022 at 22:35 |
Не знам во која нишка припаѓат домови за стари лица, ето овде ќе постирам па ако треба преместете.
Се отвори нов приватен старски дом во Битола, „Софија“, во Старата касарна. Објектот зафаќа површина од 1500 метри квадратни, со капацитет за згрижување на 60 корисници. Со отпочнувањето со работа, ПУСЗ „Дом Софија“ вработува 16 лица, а при полн капацитет ќе вработува 30 лица. apla.mk и bitolanews.mk Edited by hcitrS - 31-Jul-2022 at 22:42 |
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20966 |
Quote Reply #34 Posted: 20-Aug-2023 at 17:07 |
Carpe diem
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20966 |
Quote Reply #35 Posted: 19-Nov-2023 at 18:04 |
Нов проект на компанијата Хантерс
ДОМ ЗА СТАРИ ЛИЦА – КАТЛАНОВО https://hanters.com.mk/p/45/dom-za-stari-lica--katlanovo |
|
Carpe diem
|
|
carver91
Senior Member Joined: 09-Mar-2015 Online Status: Offline Posts: 164 |
Quote Reply #36 Posted: 19-Mar-2024 at 21:32 |
дали има некаков напредок?
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20966 |
Quote Reply #37 Posted: 18-Apr-2024 at 19:10 |
Дом за стари лица во Крива Паланка
вреди 42.000.000 денари со вклучен ДДВ; со капацитет за 21 корисник, 15 еднокреветни и 3 двокреветни соби со сопствена бања; https://www.facebook.com/o.krivapalanka |
|
Carpe diem
|
|
kiriOK
Senior Member Joined: 11-Apr-2012 Location: Tamworth,UK Online Status: Offline Posts: 1010 |
Quote Reply #38 Posted: 18-Apr-2024 at 19:33 |
И кај нас веќе почнаа многу западни текови, еден од нив е и овој со старските домови. Се повеќе се оставаат старците по домови, се помалце има луѓе да се грижат за нив.
|
|
Post Reply | Page <12 |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |