build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Хотели и одморалишта
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Хотел кај МОБ

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <123>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 23-Oct-2009 at 14:51
Originally posted by lslcrew

Овие вакви тендерски информации може би е најдобор да станат дел од ДУП-овите, па така всушност кога ќе се распишува конкурс за некоја маркиц да мора да се распишат и ови услови.
Пракса во светот е кога се гради во контекст кој има некаква историска вредност да се води сметка при обликувањето на новите објекти да не се наруши постојниот амбиент, само во овој случај (и во поголемиот дел од Скопје) ова нема потреба да се применува. Овде со сила се наметнува архитектура по нечија желба (прашањето останува чија), што е невидено глупо и го има само кај нас...
MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
Batazare View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 23-Oct-2009
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Batazare Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 23-Oct-2009 at 17:23
Благодарам на сите за гледиштата. Ѕирнете подоцна на веб-сајтот на Алфа, ќе го има прилогот на оваа тема што одеше во 17.30. http://vesti.alfatv.com.mk
Back to Top
G.I. Joe View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Aug-2009
Online Status: Offline
Posts: 416
  Quote G.I. Joe Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 23-Oct-2009 at 19:05
hotelot barem da se gradese na pristojna dovolna oddalecenost od kej a vaka premnogu ke e oddalecen za normalno da ima mesto uste edno ''remek delo''  na kej Wallbash koe ke mu parira na Arhivot. gospod da ni e na pomos so ovie planeri. buldozerski urbanizam vo idnina ke e lekot za site svesni grdenja na maliot ring
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 24-Oct-2009 at 13:51
Случајот со хотелов е чуден уште од самиот почеток во 1999

Криминал лежи во луксузниот хотел

Министерството за транспорт и врски по десет години утврдило дека земјиштето кај МОБ незаконски и' било доделено на австриската компанија „Алпине“ и во февруари го вратило во државна сопственост. Сега се бара инвеститор за хотелот, а веќе е објавен оглас за идејно решение

Австриската компанија „Алпине“ десет години незаконски на тапија ја имала атрактивната парцела кај Македонската опера и балет на која сега државата ќе бара инвеститор за изградба на хотел со пет ѕвезди, тврди Министерството за транспорт и врски.

Затоа била поништена незаконската трансформација на земјиштето, кое е вратено во сопственост на државата. Сега се бара инвеститор за хотелот, откако веќе е објавен оглас за идејно решение.

Иако парцелата незаконски е доделена, нема одговор од Министерството за транспорт дали ќе побараат некој од претходните министри во ресорот да понесе одговорност за незаконски доделеното државно земјиште.

Во компанијата „Алпине“ нема одговор што се случувало сиве овие години. Објаснувања од директорот за целиот случај најавуваат за понеделник.

Работата со парцелата е заплеткана од 1999 година, кога тогашната влада на Љубчо Георгиевски и министерот Љупчо Балковски, со непосредна спогодба земјиштето го дала на користење на австриска „Алпине“. Тогаш никој не го открил овој скандал, иако се работи за атрактивно земјиште во центарот на Скопје тешко милиони евра. Работата ја довршил Агрон Буџаку, министер на ресорот во 2003 година, кадар на ДУИ, кој истата година земјиштето и' го дал во трајна сопственост на компанијата.

Имотен лист за земјиштето добила фирмата-ќерка на „Алпине“, „Алпине Александар“ по Решение за денационализација издадено од Министерството за транспорт во 2003 година.

Работата се актуализира откако „Алпине“ сака земјиштето да му го продаде на инвестицискиот фонд регистриран во Луксембург, „Балкан хотелс анд рисортс“. Неговиот претставник Аријан Реџепи пред две години за „Дневник“ потврди дека бара понуди од повеќе хотелски брендови и најави дека на тоа место ќе се гради „Радисон САС“. Тој информира дека преговорите со „Алпине“ се при крај и треба да го добие земјиштето.

Од почетокот на 2007 до септември 2008 година никој во Министерството за транспорт не открил дека станува збор за криминална трансформација. Дури во септември лани Владата проценува дека земјиштето дадено на користење не смеело според закон да се претвори во трајна сопственост и истото тогаш повторно го враќа во државна сопственост. Од Транспорт информираа дека земјиштето е сопственост на државата и на него, според детаљниот урбанистички план, е предвидена изградба на хотел.

Пред неколку дена Министерството за транспорт објави повик за идејно решение на хотелот, иако него ќе го гради приватен инвеститор. Оттаму не одговорија зошто државата ќе потроши триесетина илјади евра за идејното решение, односно за изгледот на хотелот што ќе го гради приватен инвеститор. Во огласот стои само дека тој треба да се вклопи во „амбиенталната целина со објектите во опкружувањето“.

За експертите е спорно тоа што државата бара идејно решение за приватен инвеститор и тврдат дека ако идејата е да дојде некој од поголемите хотелски брендови, идејното решение ќе биде голема пречка.

- Големите хотелски имиња имаат свои стандарди како изгледаат нивните хотели и не би прифатиле друг тоа да им го одреди. Нема логика државата да бара идејно решение за приватен хотел - велат експертите.

Александра Филиповска

„Алпине“ го загуби хотелот, ги доби патиштата

„Алпине“ доби голем колач од парите предвидени со проектот за реконструкција и изградба на регионални патишта, за кој Владата планира да потроши 120 милиони евра. Во март годинава фирмата доби околу девет регионални правци од објавени 11, со вредност од околу 27 милиони евра. „Алпине“ беше една од заинтересираните фирми за да биде концесионер на нашите автопатиштата. Инаку, „Алпине“ имаше спор со Владата во Србија поради концесијата за изградба на автопатот Хоргош-Пожега. Поради доцнењето на градежните работи, српските власти ја раскинаа концесијата.



http://dnevnik.com.mk/?ItemID=92525FF5B61E2949982551F4677DB4CB


Edited by Cloverstack - 24-Oct-2009 at 13:51
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 27-Oct-2009 at 19:38
Уште еден текст за случајот со земјиштето за хотел кај МОБ.

Пополека се присобираат материјали за посебна нишка. Предлози за наслов?

Скандали во темелите на хотелот

Австриската компанија „Алпине“, која 5.000 квадрати кај МОБ за изградба на хотел ги добила со непосредна спогодба во 1999 година за скандалозни 100.000 евра, сега со скандалозна министерска одлука ја изгуби атрактивната парцела

Австриската компанија „Алпине“ го обвинува министерот за транспорт, Миле Јанакиески, дека незаконски им ја одзел парцелата кај Македонската опера и балет, која тие ја добиле од државата пред десет години за изградба на хотел.

И покрај тоа што второстепената владина комисија неговото решение го прогласила за незаконско, Јанакиески втор пат донел исто решение со кое им ја одзел атрактивната локација на Австријците за која тие добиле право на сопственост во 2003 година. Воедно, Министерството за транспорт минатата недела распиша оглас за идејно решение за изградба на хотел со пет ѕвезди на ова место, а инвеститор за земјиштето и хотелот допрва ќе се бара. Неизвесно е како министерот тоа ќе го изведе, кога правото за користење на парцелата се' уште е на име на Австријците.

„Алпине“ најавува дека за незаконската одлука на Јанакиески ќе ги запознае сите релевантни меѓународни институции во земјава, а постапката за враќање на земјиштето во нивна сопственост ќе ја тераат судски.

ЈАНАКИЕВСКИ НАД ВЛАДИНАТА КОМИСИЈА

- Владината комисија ја поништи одлуката на Министерството со образложение дека решението на министерот е незаконско. Таа укажа дека само одлука донесена во судска постапка може да претставува основа за промена на веќе запишаните сопственички права - вели правниот застапник на австриската компанија, адвокатот Томе Ивчески.

Австриската „Алпине“ го обвинува министерот за транспорт дека се поставил над судот и над владата. Според нив, тој не само што носел незаконски одлуки, туку и не им ги доставувал решенијата во оригинал и на време, па тие не можеле навремено да се жалат.

- На неговото решение од 15 септември 2008 година се жалевме на второстепена владина комисија. Но, министерот не само што не ја почитуваше одлуката на комисијата од 26 мај годинава, со која му укажа дека донел незаконско решение, туку додека траеше жалбениот рок повторно донесе исто решение. Ние добивме фотокопија од одлуката на комисијата на 25 јули годинава, а министерот уште на 1 јули повторно го донел спорното решение за одземање на земјиштето и тоа со погрешни датуми. На него пишува дека е донесено на 1 јули 2008 година. Таквото решение тој го прогласил за правосилно - вели Ивчески според кој, старо-новото решение „Алпине“ го добила од Министерството на 13 август годинава.

„АЛПИНЕ“ БЕЗ ЗЕМЈА, А СО ПРАВО НА КОРИСТЕЊЕ

Од компанијата обвинуваат дека министерот ги прекршил сите нивни законски права на жалба, па дури објавил и оглас за идејно решение за хотелот без до крај да се решат имотните права врз парцелата. За Ивчески е особено симптоматично тоа што Министерството деновиве ја префрлило сопственоста на парцелата на име на државата. Компанијата за промената дознала вчера, откако побарала имотен лист од Катастарот. При последната проверка на 20 октомври годинава, Австријците се' уште биле сопственици.

- Смешно е тоа што ние на имотниот лист се' уште имаме право на користење на земјиштето, бидејќи тоа решение никој досега не се сетил да го укине. А, и законски не може да го направи тоа. Според постојните закони, ние можеме да го приватизираме земјиштето, за него сме платиле и надомест - тврди Ивчески.

Според него, Министерството постапило вака оти знаело дека по судски пат не може да си го врати земјиштето, бидејќи законските рокови за поведување судска постапка (три години) се истечени.

Според документите на компанијата, во 1999 година фирмата-ќерка на австриска „Алпине“, „Алпине-Александар“ со непосредна спогодба ја добива атрактивната парцела од 5.226 квадрати кај МОБ за изградба на хотел. За него платила надомест по 20 евра за квадрат, или околу 100.000 евра и доставила банкарска гаранција од 11 милиони марки, половина од планираната инвестиција. Во 2003 година компанијата добила решение со кое земјиштето преминува во нивна сопственост, на што не се жалеле ниту владата ниту државниот правобранител. Чист имотен лист за сопственоста добиле од катастарот на 8 мај 2006 година, откако откупиле од други сопственици околу 400 квадрати.

- Тогаш почнуваат постапка за вадење документи за градба. Во 2007 година Министерството ни издава извод од план и кажува дека на парцелата може да се гради, меѓу другото, и хотел. Ништо не е спорно до септември 2008 година - вели Ивчески.

Александра Филиповска


За Транспорт се' е законски

Министерството за транспорт тврди дека одлуката за одземање на земјиштето е законска и дека ги почитувале препораките на второстепената владина комисија.

„Препораката на второстепената комисија е испочитувана и е побарано мислење од Државно правобранителство, а препораката и мислењето се вградени во второто решение донесено од страна на Министерството. Не е точно дека комисијата препорачала судска постапка затоа што се работи за управна, а не за судска постапка. Во судска постапка не се ништи управен акт, туку во управна постапка. Второто решение на Министерството е доставено до компанијата и за тоа имаме две доставници со потпис на фирмата, кои се доказ дека е примено. Грешката во датумот е ненамерна и е исправена со печат врз исправката на датумот. Значи решението не е донесено ретроактивно. Рокот за жалба е истечен и решението е правосилно од 31 август годинава“, одговара Министерството.



http://dnevnik.com.mk/?ItemID=786BA24155CEC9448AC114FF144FA03D
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 28-Oct-2009 at 15:54
Во меѓувреме се заплеткува случајот со земјиштето:

Фрчат тужби за хотелот

Тужби од сите страни за атрактивната локација кај Македонската опера и балет - тужби најавува и министерството за транспорт и врски и австриската „Алпине“

Главните менаџери на австриската компанија „Алпине“ денес доаѓаат во земјава за да го расчистат спорот со Министерството за транспорт и врски за, според нив, незаконски одземената атрактивна локација за изградба на хотел кај Македонската опера и балет. Во меѓувреме фрчат тужби од сите страни. Министерството ќе го тужи за клевета правниот застапник на фирмата ќерка на „Алпине“ во земјава, а од обвинителството бара да гони службеничка во општина Центар. Таа, наводно, во 2003 година го потпишала решението за трансформација на сопственоста врз спорното земјиште со што „Алпине“ ја добила локацијата за хотелот. Со тужби не заостанува ни „Алпине“. Правниот застапник на австриската компанија, адвокатот Томе Ивчевски, најави дека ќе го тужи министерството за незаконски одземеното земјиште, но и дека со проблемот ќе ги запознае сите меѓународни институции во државата.

Тој завчера на „Дневник“ му ги презентираше документите кои, според него, докажуваат дека министерството годинава незаконски им го одзело земјиштето кое од 2006 година е на нивно име заведено во катастар. Министерството ги демантираше сите негови тврдења квалификувајќи ги како невистини. Во демантот до „Дневник“ Министерството пишува:

„Обидот за трансформација на земјиштето од право на користење во право на сопственост бил незаконски, а со тоа и донесеното решение, кое министерот во 2008 година го поништи. Причините за поништување се неможноста по ниту една важечка законска регулатива компанијата „Алпине“ да се стекне со право на сопственост за земјиште кое им било дадено на користење, нагласуваме само на користење. Со решението за враќање на земјиштето се исправа незаконска грешка која неколку години се провлекувала“.

Адвокатот на Австријците го обвини министерот Миле Јанакиески дека се поставил над судот и над владата и донел незаконско решение.

- Второстепената владина комисија ја поништи одлуката на Министерството со образложение дека решението на министерот е незаконско. Таа укажа дека само одлука донесена во судска постапка може да претставува основа за промена на веќе запишаните сопственички права - изјави завчера Ивчески.

Министерството тврди дека во решението се содржани препораките на Владината комисија, кои министерот ги почитувал.

- Како што знаете ноторен факт во правна теорија е дека решение донесено во управна постапка не може да се поништи во судска постапка, па Министерот дури и да сакал не можел со тужба да бара поништување на тој акт во судска постапка. На Томе Ивчевски како адвокат на „Алпине“ би требало да му биде познато ова - пишува во демантот од министерството.

Правни експерти тврдат дека министерството немало право да им го одземе земјиштето на Австријците без судски да докаже дека постапката за трансформација на земјиштето од 2003 со кое тоа преминува во нивна сопственост е незаконска.

Според документите, во 1999 година фирмата-ќерка на австриска „Алпине“, „Алпине-Александар“ со непосредна спогодба ја добила атрактивната парцела од 5.226 квадрати кај МОБ за изградба на хотел. За него платила надомест по 20 евра за квадрат или околу 100.000 евра и доставила банкарска гаранција од 11 милиони марки, половина од планираната инвестиција. Во 2003 година компанијата добила решение со кое земјиштето преминува во нивна сопственост, на што не се жалеле ниту Владата ниту Државниот правобранител. Чист имотен лист за сопственоста добиле од катастарот на 8 мај 2006 година, откако откупиле од други сопственици уште околу 400 квадрати земјиште. Во 2007 година министерството им издало извод од план и кажува дека на парцелата може да се гради, меѓу другото, и хотел. Истото министерство прво во септември лани, а конечно на крајот на август годинава ја поништи трансформацијата како незаконска. Само два месеца подоцна Министерството објави оглас за идејно решение за изгледот на луксузен хотел што треба да се гради на оваа локација, а која се' уште не е ни продадена.

Александра Филиповска



http://dnevnik.com.mk/?ItemID=036C3D4B060263498AB695882072F960
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 30-Oct-2009 at 01:54
Бидејќи Dave Gahan спомна дека чудово е дадено како пример во конкурсниот материјал за хотелов, а во меѓувреме постовите беа преместени во посебна нишка за тој проект, еве го „примерот“ нека стои и тука:


Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 02-Nov-2009 at 00:17

Хотел со пет ѕвезди не значи и брендиран

Ако државата има намера да донесе познат хотелски бренд, логично е тој сам да си направи идејно решение, со своја специфика

Билјана Ангеловска

Ќе добие ли Македонија, конечно, брендиран хотел, дали државата има вистинска намера да донесе во Скопје познато име од светскиот хотелиерски бизнис или сака само да го испита пулсот кај евентуалните заинтересирани инвеститори за изградба на хотел од највисока категорија? Зашто хотел со пет ѕвезди не значи истовремено и познат бренд.

Кога пред извесно време Министерството за транспорт и врски објави

конкурс за изработка на идејно архитектонско и урбанистичко решение за хотел со пет ѕвезди во строгиот центар на Скопје, јавноста се разбранува околу локацијата планирана за тој вид градба, а веднаш почнаа и нагаѓањата каков хотел ќе се гради, па се шпекулираше со имиња како што се „Шератон“, „Радисон“, „Хилтон“. Меѓу граѓаните остана да виси дилемата кој е тој бренд што ќе го додаде Скопје како алка во својот познат синџир хотели.

Сепак, во конкурсот воопшто не се наведува дека идниот хотел ќе биде брендиран, туку само дека објектот треба да има намена хотел со пет ѕвезди. Тоа, ако се има предвид дека се бара архитектонско решение, воопшто не е проблематично, особено што, од една страна, конкурсот не е меѓународен, а од друга страна, и поради фактот дека се бара само идејно решение кое во натамошната постапка и не мора да биде обврзувачко за идниот главен проект. Имено, во конкурсот се бара „објектот да ги задоволува највисоките естетски и архитектонски критериуми преку примена на традиционалниот материјал и да има архитектонски израз што ќе биде во контекст на архитектурата, пред се', со објектот на МНР. Парцелата наменета за изградба на хотелот е со вкупна површина од 5.306 квадратни метри, од кои за градба се наменети 2.263 квадрати. Објектот ќе може да има најмногу седум ката и потпокрив, со максимална висина од 29 метри.

Оттаму, евидентно е дека бараното идејно решение ја опфаќа архитектурата на објектот, значи формата, ликот, катноста. Но, познавачите велат дека, реално, нема некоја логика во потегот да се прави идеен проект за непознат инвеститор. Доколку, сепак, се работи за некој домицилен инвеститор кој би градел хотел со пет ѕвезди, тогаш можеби сето тоа до некаде е в ред. Меѓутоа, ако е намерата навистина да се донесе некој бренд, тогаш многу е пологично тој сам да си направи идејно решение, со своја специфика. Сепак, иако во конкурсот не се спомнува брендиран хотел, не е исклучено дека такво нешто ќе се случи, бидејќи брендот отпосле ги вградува своите специфики.

Од друга страна, македонските архитекти воопшто не се во подредена положба кога треба да се проектира хотел со пет ѕвезди. Особено што се работи за објект што треба да ги исполни пропишаните домашни стандарди, кои се речиси 90 проценти усогласени со меѓународните стандарди, а се однесуваат на техничкиот дел на самиот хотел, во кој спаѓаат опременоста на собите, постоењето инвалидски соби, ПП-заштита (систем за дојавување и за гаснење пожар) и друго. Според Правилникот за категоризација, моментално во Скопје има пет хотели со пет ѕвезди - „Холидеј ин“, „Александар палас“, „Арка“, „Стоун бриџ“ и „ТЦЦ-плаза“.

„Има примери кога еден инвеститор е сопственик и го проектира, па дури и го гради објектот, а потоа некој бренд го купува. Но, притоа, секако, треба да бидат исполнети сите стандарди и да биде применета одредена технологија, се' да биде според бараните критериуми. Може проектантот да го испроектира и да го изгради објектот, а потоа да се повика некој бренд да каже дали е заинтересиран, а потоа ќе каже дали го дава името и колку чини тоа. Значи, брендот може да го стави недвижниот имот во својот синџир“, вели архитект Златко Тодоров, чија градежна фирма „Кубус“ успешно настапува на градежниот пазар во Москва, каде што веќе извесен период проектира и гради големи објекти, како што се хотели, банки и трговски комплекси.

Тодоров потенцира дека како секоја инвестиција, така и проектирањето и изградбата на хотели од највисока категорија носи ризик, во смисла дали ќе бидат испочитувани потребните стандарди и критериуми, на пример, на еден „Хилтон“. Појаснува дека е сосем логично оној што ќе се впушти во проектирање, па и изведба на еден таков објект, претходно да има контакт со потенцијалниот бренд. А, и самиот бренд, логично, прво ќе го испита пазарот, да види дали градот (во случајов, Скопје) има капацитет за неговото име и дали е исплатливо објектот да влезе во неговиот синџир. Дури потоа може да се говори за евентуален негов влез на овој пазар. (Б.А.)

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=377ED29A1D95934FB202100A4ED16C05

Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
igorius View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 13-Nov-2008
Online Status: Offline
Posts: 187
  Quote igorius Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 10-Nov-2009 at 17:14
@clove

ne vidov gahan u koj kontekst go stavi ovoj prilog ...ali clove ova nema vrska so hotelot..ova e render na mangarovski za gradska kuka na plostad ovoj proekt dobi 1vo(delea 1vo) mesto so proektot na multiplan od slovenija...Ovie prilozi sto se dadeni za hotelot se vo kontekst na toa da site ucesnici na tenderot,konkursot imaat vo predvid kakva arhitektura ke ima vo okolinata i da nivnite resenie ne otsapuvaat dramaticno nego da go pratat ambientot i da bidat dosledni na planiranata i veke izgradenata i postoecka arhitektura. Fala

Edited by igorius - 10-Nov-2009 at 17:17
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 20-Dec-2009 at 15:41
Nekade na flickr naidov na eden proekt za hotel so 5 zvezdi vo skopje, ima li nekoj prestava za sto potocno se raboti, sliki ima ,eve ke postiram nekolku me interesira lokacija za ovoj proekt, posto navistina izgleda ubav =)

1.


2.


3.


4.
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 20-Dec-2009 at 16:26
Митатос за прокетот за хотел се работи за предлог. Се работи за проект на Игориус, па кога ќе биде online ваљда ќе ти објасни за што с работи. Инаку проектот вака на прв поглед изгледа интересен, ама некако има некои црти специфични, повеќе ми одговара некаде на блиски исток, одколку во Скопје, барем според оние зашилените краеви на терасите така ми изгледа.


Edited by lslcrew - 20-Dec-2009 at 16:28
Back to Top
igorius View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 13-Nov-2008
Online Status: Offline
Posts: 187
  Quote igorius Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 20-Jan-2010 at 02:01
Originally posted by mitatos

Nekade na flickr naidov na eden proekt za hotel so 5 zvezdi vo skopje, ima li nekoj prestava za sto potocno se raboti, sliki ima ,eve ke postiram nekolku me interesira lokacija za ovoj proekt, posto navistina izgleda ubav =)



si gi nasol kaj mene na flickr

toa se del od moite renderi za konkursot sto odmina, hotel so pet zvezdi na parcela 7.2





Edited by Cloverstack - 20-Jan-2010 at 16:50
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 20-Jan-2010 at 14:49
 eee, navistina mi se dopaga proektot, mi se dopaga stilot na izrabotka =)
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4090
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 20-Jan-2010 at 15:01
nesto mi velese deka e konkurs na ova parcela no ne bev siguren
inace ubava e,
koj e pobednikot da ne znaes slucajno ?
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 20-Jan-2010 at 16:51
Сега кога знаеме на што се однесуваат горните рендери, постовите во врска со проектот на игориус ги префрлив тука
Back to Top
igorius View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 13-Nov-2008
Online Status: Offline
Posts: 187
  Quote igorius Quote  Post ReplyReply #36 Posted: 21-Jan-2010 at 01:19
@my macedonia
cekam da objavat...nemaat objaveno seuste  ke vidime

@ mitatos
 danke

@clever clover
ajde sredba ? 
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #37 Posted: 29-Jan-2010 at 11:37
МИНИСТЕРСТВОТО СЕ УШТЕ ИЗБИРА
Осум идеи за хотелот кај МОБ Осум труда се пријавени на конкурсот за идејно решение за хотелот со пет ѕвезди, кој треба да се гради пред Македонската опера и балет. Во Министерството за транспорт и врски велат дека жири-комисијата се уште ги разгледува понудите. Конкурсот заврши на 15 декември, а според прописите, комисијата во рок од 30 дена требаше да ги соопшти резултатите. Хотелот треба да се гради на површина од 2.263 квадратни метри и ќе има седум ката и потпокрив.                                                                                                                             http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=5&tabid=1&EditionID=1930&ArticleID=132650   
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #38 Posted: 17-Mar-2010 at 22:57
НЕМА ПРВОНАГРАДЕН ТРУД ЗА ИЗГЛЕДОТ НА НАЈАВЕНИОТ ОБЈЕКТ
Ниедна идеја за хотелот кај МОБ не била барокна

Роза Петкова 

Ниту едно од пристигнатите решенија на конкурсот за хотел, кој треба да се гради пред Македонската опера и балет, не ја доби првата награда затоа што сите трудови нуделе модерен изглед, а не барокна фасада како што се барало. Ова го тврдат учесници на конкурсот, наспроти официјалното објаснување на Министерството за транспорт и за врски, кои го распишаа огласот, дека е доделена само втора награда затоа што во сите други трудови нашле стручни забелешки. - Врз основа на наведените критериуми во тендерската документација жирито го изврши оценувањето на проектите, при што констатираше дека нема пристигнато проект што би можел да се прифати без стручни забелешки и без потреба од дополнителна доработка на идејните решенија. Затоа се реши да не се додели прва награда, туку само втора, во висина од 400.000 денари на шифрата „ИДЕЈА“, а другите учесници да добијат отштета од по 6.000 денари - одговорија од Министерството за транспорт и за врски. Според портпаролот Драган Симоновски, конечното решение за изгледот на хотелот, најверојатно, ќе се направи со доработка на второнаградениот труд. Во конкурсот, меѓу другото, се бараше хотелот да биде во релација со новата зграда на Министерството за надворешни работи, а неговото архитектонско обликување да се вклопи во целината со објектите во опкружувањето. Критериуми беа и оригиналноста и иновативноста на идејното решение, изводливоста, пристапноста до објектот и во објектот за лицата со посебни потреби, видот и квалитетот на понудените материјали и сеизмичка стабилност. Земјиштето за хотелот допрва треба да се продава бидејќи Министерството за транспорт и за врски го раскина претходниот договор за продажба. Хотелот ќе биде со пет ѕвезди, а идниот инвеститор ќе има обврска да го изгради со надворешен изглед според идејното решение. Објектот ќе биде на површина од 2.263 квадратни метри и ќе има седум ката и поткровје. Покрај овој, во центарот на градот ќе се гради уште еден хотел во барокен стил и ќе го има изгледот на новите објекти што се градат сега во близина на плоштадот. Тој е замислен да биде во рамките на поранешниот Офицерски дом, кој повторно ќе се гради заедно со градска куќа и со матична служба за венчавки.

http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1970&ArticleID=136504
Back to Top
shyes View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2007
Location: Australia
Online Status: Offline
Posts: 259
  Quote shyes Quote  Post ReplyReply #39 Posted: 18-Mar-2010 at 08:05
Originally posted by lslcrew


Митатос за прокетот за хотел се работи за предлог. Се работи за проект на Игориус, па кога ќе биде online ваљда ќе ти објасни за што с работи. Инаку проектот вака на прв поглед изгледа интересен, ама некако има некои црти специфични, повеќе ми одговара некаде на блиски исток, одколку во Скопје, барем според оние зашилените краеви на терасите така ми изгледа.


хехе, баш и ја на иста насока помислив кога го видов. После малку подолго "анализирање" hehe, почна да ми личи на еден добар дизајн на зграда за паркирање. Но искрено кажано ми се допаѓа дизајнот на собите и внатрешноста.

Edited by shyes - 18-Mar-2010 at 08:35
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #40 Posted: 29-Aug-2010 at 15:14
Сега приметив во клипот Скопје 2014 има една слика што многу кратко време се појавува. Дали ова е уствари хотелот кај МОБ?


Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <123>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.234 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.