build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Разно

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1234 35>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 03-Nov-2008 at 02:12
По дифолт не е у ред општинска зграда да се гради на самата општинска граница. Не дека бараките се до толку подобро поставени, но за нијанса подобро таму нека размислуваат. Идеално според мене е на просторот помеѓу Првомајска и салата Расадник.

Edited by Cloverstack - 03-Nov-2008 at 02:14
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 13-Nov-2008 at 00:47

Метрополата сонува да стане град


Скопје има превоз што не го заслужува зборот градски, нема улица што не е ископанa, контејнерите не се гледаат од купиштата смет...

Скопје денес, 64 години по ослободувањето од фашистичкиот окупатор, е метропола што мака мачи да стане град, во вистинската смисла на тој збор. Ако власта - и државната и градската - го остваруваше тоа што им го ветуваше на граѓаните, тогаш во македонската престолнина ќе имаше трамвај, жичница, елитни населби, спортски терени, базени, концертни сали, сообраќајници...

Но, таа редовно го правеше тоа што не го кажуваше јавно. Затоа сега Скопје има превоз што не го заслужува зборот градски, нема улица и плоштад што не е ископан, контејнерите не се гледаат од купиштата ѓубре, не си ги знае ни границите ни бројот на жителите, ги уништува Чаршијата и урбаните простори и ги легализира дивоградбите... Да тргнеме со жичницата. Според проектот, првата станица требаше да биде кај „Рамстор“, а последната кај Милениумскиот крст, со попатна станица на Средно Водно. Но, испарија сериозните преговори за реализација, а ја снема и фирмата што наводно беше подготвена веднаш да ја изгради жичницата.Градските часовници покажуваат погрешно време откако се поставени и се' уште никој не најде успешна формула за нивно одржување.

Контејнерите требаше да се чуваат во посебно ограден простор, секој станар да има клуч за пристап. Сето тоа заврши во маалски депонии и расфрлано ѓубре. Ветуваа јавни тоалети на автобуските станици, плоштад без диви картонски тезги, цветен пазар... Градската власт најави дека ќе подготви нови правила за поставување летни тераси. Но, на Кејот 13 Ноември, нагрден со новото „најлон маало“, никна и непредвидена улица и се отвори нов градежен кратер.Тоа не значи дека во Скопје никој не направил ништо добро. По катастрофалниот земјотрес, благодарение на светската солидарност, градот беше обновен во современ центар. Беа изградени врвни објекти и поставени темелни стандарди на градското живеење. Но, сето тоа полека и сигурно исчезнуваше пред напливот од кич, личен профит, инстант-решенија и незаинтересираност за јавниот простор. Борбата за ослободување од окупаторот наречен некултура се' уште трае.

 
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=06633BCD28168C4AA28B5333A9CA61BA 
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 17-Nov-2008 at 02:56
Метропола со над 20 илјади септички јами

Проблемот нема да се реши брзо, зашто општините немаат пари да постават сами канализациски мрежи


Фекалии може да се исфрлаат само кај мостот на булевар Србија,
исклучиво со дозвола на ЈП „Водовод и канализација

Повеќе од 20 илјади семејства што живеат во Скопје се' уште користат септички јами. Поголемиот дел немаат шанса да се приклучат наскоро на градската  канализација, оти проектите за изградба на таквите мрежи е голем зафат, кој општините не можат да го платат. Септички јами нема само на периферијата, туку и во центарот на градот. Претседателот на Месната заедница „Раде Јовчевски-Корчагин“ во Маџар Маало, Драган Атанасовски, вели дека граѓаните што живеат на улиците  Охридска, Анте Хаџимитков, Велешка и на дел од улицата Ѓуро Ѓаковиќ се' уште користат нужници, и покрај тоа што тоа е едно од најстарите и најурбаните градски маала. Момо Николовски, одговорен за односи со јавноста во општината Ѓорче Петров, вели во општината има најмалку 6.000 семејства што користат септички јами.

- Сите што живеат во населбите Волково, Ново Село, Пржина, Кисела Јабука и Стопански Двор имаат септички јами. Луѓе ги чистеле јамите за симболични 300 денари. Потоа фекалиите ги исфрлале некаде во шахтите во населбата Влае. Со години имавме проблем со граѓаните што фекалиите од септичките јами ги фрлаа во реката Лепенец. Сега локацијата каде што нелегално ги исфрлаа фекалиите е заградена и тешко се приоѓа. Поставуваме канализациска мрежа на тој дел од општината и од предвидените 52, инсталацијата е поставена на 12 километри, и тоа со пари од општинската каса. Владата најави дека ќе ни помогне парично да поставиме канализација - објаснува Николовски.  

НУЖНИЦИ ПОКРАЈ ЕЛИТНА НАСЕЛБА

И покрај тоа што изгледа многу урбано, во општина Карпош, каде што се наоѓа една од елитните населби во Скопје,има многу семејства што немаат канализација. Септички јами има на Водно, во Горно и во Долно Нерези и куќите и објектите на улицата Скупи, но и во Бардовци - велат од општина Карпош.Во општина Гази Баба  нужници користат граѓаните од Инџиково и Маџари. Тони Чупоски, портпарол на општина Кисела Вода, вели дека голем дел од населбата е без канализација.

- Септички јами користат граѓаните што живеат во населбите Градинар и 11 Октомври во бараките, делови од Припор, делови од Драчево, кај месноста наречена Потстаница, пред Драчево и во Пинтија. Во последните 4 години војуваме да воведеме канализациска мрежа на територијата на општината, но за тоа се потребни многу пари, кои реално не можеме сами да ги обезбедиме - вели Чупоски. Септички јами користат и граѓаните од општината Аеродром - стотици семејства од населбите Горно и Долно Лисиче немаат канализација - иако општината поставува канализација.  

ЈАМИТЕ СЕ ЧИСТАТ НА ДИВО

Во претпријатието „Комунална хигиена“, кое има посебна служба за празнење и чистење на септичките јами, велат дека досега никој не побарал од нив да му ја исчистат јамата.

- Имајќи предвид дека илјадници семејства се' уште користат јами наместо градска канализација, не знам кој ги чисти и каде ги исфрлаат фекалиите. Нашите служби нудат ваква услуга за граѓаните и во договор со Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ фекалиите ги исфрла на соодветни места - вели Југослава Поленак, портпарол во „Комунална хигиена“.Јавното претпријатие наплаќа околу 3.300 денари за празнење на септичка јама, а приватните „комуналци“ - од 300 до 700 денари во зависност за колкава јама станува збор. Од „Водовод и канализација“ велат дека само со „Комунална хигиена“ имаат договор за исфрлање на фекалиите, а се' друго е злоупотреба на канализациската мрежа без одобрение од „Водовод“.

-  Има два главни колектора на реката Вардар - кај мостот кај булеварот Србија и во близина на фабриката „Пивара“. Фекалии може да се исфрлаат само кај мостот на булевар Србија и може да ги исфрла само „Комунална хигиена“. Се' друго е на диво - вели Никола Ѓоревски, технички директор во ЈП „Водовод и канализација“.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=6120442321B2E34CAF188C93E461EE62

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 24-Nov-2008 at 01:19
Тргнуваме на пат со автобуси за отпад

Голем број возила воопшто не треба да бидат пуштени во сообраќај бидејќи го загрозуваат животот на патниците, сметаат експертите


Со неисправни автобуси патувањето низ Македонија е ризик

Со неисправни автобуси постари и од 15 години, најчесто набавени откако биле исклучени од сообраќај во другите поранешни југословенски републики, се возат граѓаните во меѓуградскиот превоз, оценуваат експертите. Според нив, голем дел од меѓуградските автобусите воопшто не треба да бидат пуштени во сообраќај бидејќи го загрозуваат животот на патниците.

Сообраќајните експерти сметаат дека хаосот што владее во оваа дејност може да се среди со новиот закон за возилата, кој наскоро треба да стапи во сила, но само ако законските одредби се спроведуваат.

СТАРОСТА НЕ Е ПРОБЛЕМ

Професорот на Машинскиот факултет во Скопје, Драги Данев, смета дека новиот закон е добар од неколку аспекти.

- Најважно е што сите постари возила на секои шест месеци ќе одат на технички преглед. Тоа е многу позитивно, бидејќи сите дефекти ќе може навремено да се забележат и да се средат - вели Данев.

Според него, староста на автобусите не е проблем ако се почитуваат законите и возилата редовно се носат на технички преглед.

- Возило што чади од моторот или предизвикува голема бучава воопшто не треба да се пушта на улиците. На 12 години старост се прави детален преглед на возилата и се проценува нивната истрошеност, односно се утврдува дали воопшто тоа возило може и понатаму да се експлоатира - вели Данев.Тој објаснува дека најдобро е кога може автобусите да се заменат со нови, но за тоа се потребни многу пари.Доброупатените во оваа проблематика велат дека последниве неколку години се случува старите автобуси само каросериски да се репарираат по европските земји. Таквата репарација подразбира само надворешна, естетска „шминка“, а моторот останува ист.

ИСКЛУЧЕНИ ОД СООБРАЌАЈ 564 ВОЗИЛА

Државниот инспекторат за транспорт годинава спровел 4.345 контроли на возила кои вршат превоз на патници, при што инспекторите привремено исклучиле од сообраќај 564 возила. Поради прекршувања на Законот за превозот во патниот сообраќај, Државниот инспекторат поднесол 2.608 барања за поведување прекршочна постапка. Казните за правните лица што го прекршиле Законот се движат од 2.500 до 5.000 евра. За физичките лица казната е од 500 до 1.000 евра.

Граѓаните се крајно незадоволни и револтирани од автобусите во кои се возат. Речиси и да нема граѓанин што немал лошо искуство патувајќи со меѓуградски автобус. Студентка од Битола претрпела шок кога пред две недели патувала од Скопје за Битола.

- Автобусот изгледаше пристојно, беше од поновите. Но, по Прилеп внатре почна да мириса на нафта и се наполни со чад. Исплашени, свикавме по возачот да застане. Испадна дека се скинало цревото за нафта, поради што горело кај моторот. Возачот петнаесетина минути го поправаше дефектот и повторно тргнавме. Пред влезот во Битола нешто кај моторот повторно пламна и целиот автобус за кратко време се наполни со густ, црн чад. Сите истрчавме надвор. Тогаш видов дека цел пат течела нафта од автобусот. Не сакам ни да помислам што можеше да ни се случи. Често патувам на оваа релација и не е првпат да се случуваат вакви работи - раскажува студентката.

Милена Атанасоска од Прилеп вели дека поради расипан автобус нејзиното тригодишно синче во минатиот месец завршило на Клиниката за детски болести со бронхопневмонија.

- Се враќавме од кај моите родители и кај Велес автобусот се расипа. Беше многу ладно, патниците секој на свој начин се снаоѓаа за друг превоз, бидејќи фирмата немаше слободен автобус што ќе не' донесе до Скопје. Поминаа два часа додека дојде мојот сопруг. Синчето настина поради тоа што немаше можност да се вклучи греењето во автобусот. Ова што се случува е срамота - вели Атанасоска.

Превозниците не се многу расположени да зборуваат на оваа тема. Тие кратко објаснуваат дека сите автобуси пуштени во сообраќај го поминале техничкиот преглед, но оти секому може да му се случи дефект. Според нив, таквите дефекти не го загрозуваат животот на патниците.

Но, практиката го покажува спротивното. Јавноста се уште ја памети несреќата што се случи пред две години во Србија, кога поради дефект на уредот за управување автобус на битолската фирма „Транскоп“ падна во бездна. Тогаш загина еден патник, а имаше и повредени. Лани автобус на кавадаречката компанија „САМ ВЕЛ“ се запали во возење и целосно изгоре во тунелот кај Катланово. За среќа, ниту еден од 38-те патници не беше повреден.

ИНФО- Го собираме ѓубрето од странство

Автобуси постари од 15 години ги возат нашите патници во меѓуградскиот превоз. Според експертите, повеќето од овие возила се набавени откако биле исклучени од сообраќај во соседните земји и се опасни за животот на граѓаните. Професори од Машинскиот факултет сметаат дека староста на автобусите не е проблем ако се почитуваат законите и возилата редовно се носат на технички преглед.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=C469D8A7377F7B438658D4BF786039D7




Edited by lslcrew - 24-Nov-2008 at 01:29
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 24-Nov-2008 at 22:37
Во суб-форумов за урбани прашања немаме нишка за грандиозни зафати, па еве постирам тука.
Кирца се врати у општина и веднаш ја продолжи офанзивата за изградба на „декоративни“ фонтани Crazy

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=7A4C7CA9ABC79746BCEAC3B48519BCB7

Планирани седум фонтани во Аеродром

На подрачјето на општината Аеродром ќе се изградат седум нови фонтани. Како ќе изгледаат и кој ќе ги гради, допрва ќе одлучуваат надлежните од Општината, кои неодамна распишаа тендер за избор на идејно решение за фонтаните.

Засега се познати единствено локациите на кои ќе се градат.

Една од нив ќе се гради во населбата Ново Лисиче на детската улица „Тоше Проески“, една кај урбаната заедница во Горно Лисиче, а нова фонтана е планирана и во Долно Лисиче кај спортското игралиште.

Општинарите одлучиле фонтана да се изгради и на аголот меѓу булеварите „Јане Сандански“ и „Васко Карангелески“, потоа во населбата Острово меѓу четирите кули на улицата „Бојмија“, а две фонтани ќе се изградат и во населбата стар Аеродром, едната на просторот меѓу кулите на улицата „Руди Чајавец“ и една пред воениот хотел. (Дс.Т.)



Edited by Cloverstack - 24-Nov-2008 at 22:38
Back to Top
Б.Ѓ.Т View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 15-Nov-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 311
  Quote Б.Ѓ.Т Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 04-Dec-2008 at 15:49
zasto nezaev kaj da go stavam ova pa odbrav tuka


ЗА ДА СЕ ПОВРЗАТ ИЗЛЕТНИЧКОТО МЕСТО ТРИ КРУШИ И МАНАСТИРОТ "ПЕЛЕНИЦА"
Кисела Вода ќе гради трим-патека во Драчево
Трим-патеката ќе биде наменета за атлетичари, а на неа ќе се организираат и европски натпревари во маунтбајк

Излетничкото место Три Круши и манастирот "Пеленица" во Драчево, Општина Кисела Вода ќе ги поврзе со трим-патека. Делегација, составена од атлетски работници, заедно со уште неколку лица одговорни за спорт во Кисела Вода, веќе ја трасираа три километри долгата трим-патека.
"Веќе постои патека која води од манастирот 'Пеленица' до верско-рекреативниот локалитет Три Круши. Драчевци секоја година ја изодуваат по повод верскиот празник Покрсти. Но за да може да ја користат и атлетичари и на неа да се организираат натпревари од европски ранг во маунтбајк, Општината одлучи да ја направи трим-патека", велат надлежните за спорт во Кисела Вода.
Од Општина Кисела Вода потенцираат дека поради имотно-правни проблеми на постојниот пат, изградбата на трим-патеката ќе се одложи за наредната година, кога се очекувало решавање на спорот.
Во август минатата година Општина Кисела Вода изгради трим-патека за возење на ролерки и велосипеди покрај железничката пруга. (М.Ѓ.)


http://www.vest.com.mk/default.asp?id=160479&idg=8&idb=2541&rubrika=Skopje




Edited by Б.Ѓ.Т - 04-Dec-2008 at 16:29
Back to Top
Б.Ѓ.Т View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 15-Nov-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 311
  Quote Б.Ѓ.Т Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 04-Dec-2008 at 15:52

Избор на најубаво украсен двор

И оваа Нова година Општина Гази Баба ќе избира најубаво украсени двор, балкон и простор пред зграда. Од годинава ќе се избираат и најубаво украсени градинка и основно училиште во општината. Заинтересираните жители на Гази Баба, кои имаат долгогодишно искуство во украсување и сакаат да се натпреваруваат за изборот, може да се јават во Канцеларијата на едношалтерско работење во општинските бараки или на телефон 3238-966 најдоцна до 19 декември годинава. Почнувајќи од 22 до 24 декември, комисија составена од членови на Советот и претставници на Општината најпрво ќе ги посетат пријавените, а потоа и ќе ги оценуваат. Најдобрите ќе бидат наградени, а наградите ќе им ги врачи градоначалникот. (Сн.К.)


http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=CA8813BDF032354A887F3054AFE4C0BC


Edited by Б.Ѓ.Т - 04-Dec-2008 at 16:31
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 09-Dec-2008 at 00:13

Трамвај и многу ѕвезди за новогодишната ноќ

Градоначалниците од повеќето скопски општини планираат скромен дочек на свој терен

Две бини, ѕвездено небо и паркиран трамвај со ретро-музика ќе бидат дел од сценографијата за дочек на Нова година на скопскиот плоштад. Градоначалникот Трифун Костовски ветува спектакл за највеселата ноќ.

Планирано е забавата да почне со македонска музика, но главни ѕвезди ќе бидат група од Шведска, која ги пее хитовите на групата АББА, чии членовите и личеле на популарниот состав од седумдесеттите години на минатиот век. Во оригиналната копија на АББА има 16 члена, кои танцуваат и се облекуваат како во времето кога шведскиот бенд го освои светот. Сепак, организаторите очекуваат најголемото изненадување за скопјани да биде трамвајот паркиран на плоштадот.

- Во последните пет години секоја Нова година сум на плоштадот заедно со семејството. Забавата не беше секогаш успешна, а за најдобра ја сметам таа од пред четири години - плоштадот беше прекриен со светла, а на сцената настапија сите македонски ѕвезди. Сакам да има бини на повеќе места и секој да може да си одбере каде и каква музика ќе слуша. Но, пред се' сакам безбеден дочек, без петарди и оружје, ама со голем огномет - вели Благица Арсовска, од Аеродром.

И во скопските општини се планира организиран дочек на Нова година. Карпош ќе прави забава во трговскиот центар „Лептокарија“. Во Аеродром се' уште размислуваат каква програма да им понудат на своите сограѓани. Во Ѓорче Петров ќе бидат украсени улиците, ќе има три елки од светилки, а во општинскиот парк ќе постават ѕвездено небо во жолта и во сина боја. Градоначалникот Сокол Митревски, вели дека нема да расфрлаат пари за да придонесат во планот за штедење, пред економската криза што се заканува.Во општината Бутел ќе китат со лански украси, а тие што сакаат големи масовни дочеци ќе мора да одат на друго место. Слична е ситуацијата и во другите општини.

Дочекот на Новата година на градскиот плоштад не треба да биде парада од плеј-бек песни, туку вистинско шоу, велат нашите соговорници. Покрај македонските ѕвезди би сакале да ги видат и Здравко Чолиќ, Бајага, „Биело дугме“, „Прљаво казалиште“...

- Дочекот на плоштадот за постарата генерација е можност заеднички да се отпее некој познат рефрен, додека младите претпочитаат журки во ноќните клубови. Мој избор се Момчило Бајагиќ-Бајага, Чолиќ или Харис Џиновиќ, а од странците мои фаворити за големо новогодишно шоу се Ману Чао или Тина Тарнер - вели сопственикот на популарното радио „Бубамара“, Ранко.

Актерот Сашко Коцев посакува дочек на новогодишната ноќ како во странските метрополи, а негова желба е на градскиот плоштад да го види светскиот бенд „У2“.,

- Знам дека е невозможно да ми се оствари желбата. Затоа би било добро да се појават Бајага, Чолиќ и некоја од македонските ѕвезди - посочува Коцев.Пејачот Влатко Илиевски е голем љубител на рок-музиката.  Најдобра журка може да направат Роби Вилијамс, „У2“, Дјуран дјуран и Бајага од поранешните југословенски простори.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=FCA65491D6EBCA43BFBE97A04B96E465


Back to Top
Б.Ѓ.Т View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 15-Nov-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 311
  Quote Б.Ѓ.Т Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 09-Dec-2008 at 01:05
sto so tramvajot na plostad,sto ke mu praatQuestionQuestionQuestionCrazy
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 09-Dec-2008 at 02:58

Автобуската постојка пред ТЦ „Мавровка“ оставена раскопана

Скопјани веќе подолг период газат во прав, или во кал пред да влезат во автобус

Скопјани веќе подолг период газат во прашина и кал на автобуската постојка пред трговскиот центар „Мавровка“. Тоа особено беше забележливо за време на завчерашните обилни врнежи од дожд, така што граѓаните мораа некако да се снајдат за да влезат во автобус. Просторот е целиот со дупки откако Општина Чаир го раскопа стариот асфалт од пред трговскиот центар се' до паркингот кај стоковната куќа „Илинден“.

И наместо надлежните да ја поплочат целосно раскопаната површина со бехатон- плочки, тие ја обновија само пешачката патека, поставија неколку клупи, а делот пред автобуската постојка го оставија раскопан. Вработените од фирмата „Дулибал“ работеа еден ден, а следните три дена не работеа, додека сега повеќе од десет дена работите се сосема стопирани. Од општината не соопштуваат за колкава инвестиција станува збор и дали можеби парите се проблем што ги нема градежниците да ги довршат започнатите работи. Авни Калаба, одговорен за информирање, посочи дека поплочувањето ќе биде покриено со средства од буџетот на општината. Не одговори зошто работите се стопирани, но тврди дека поплочувањето ќе биде завршено.

На чаирчани втор пат им се случува да потфрлат откако ќе раскопаат за нешто да поправат. Така беше и летоска со вадењето на асфалтот од коловозите на главните сообраќајници во Топанско Поле, кои останаа раскопани се' до есенва. И тогаш од општината не одговорија зошто толку долго се чекаше за да се постави новиот слој асфалт. (Сн.К.)

 
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=E9899E3F77E0364CBBF9DF16E57AC197
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4090
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 09-Dec-2008 at 13:01

bas super ce go vidime tramvajot kako izgleda , tramvajot ce bide vo plostadot preku kamion ima extra kamioni za takvo nesto

Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 09-Dec-2008 at 15:10
изненадување ќе биде кога ќе се возиме во трамвајот, а не кога ќе го гледаме, не праат будали демек не сме виделе трамвај Nuts
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 06-Jan-2009 at 03:26
Ќе се градат хранилишта за животни на Водно

Градските власти ја усвоија информацијата за одгледување и заштита на парк-шумата Водно за 2009 година. Планирани активности за наредната година се следење на планот за санитарна сеча на дрвјата, следење на планот за обнова на шумата со подигање нови шуми на голи површини, како и поставување хранилишта за животни, куќички за гнездење на птици и нивно набљудување во соработка со невладини организации. Исто така, планирана е изградба на противпожарна набљудувачница, противпожарна опрема за 10 лица и поставување табли на видни места на кои ќе има предупредување за опасноста од појавување пожар.

Во информацијата се вели дека се предвидува поголема контрола на шумарската инспекција, комуналната и инспекцијата за животна средина.За реализација на сите овие активности од буџетот на Градот ќе бидат издвоени четири милиони денари. Со реализацијата, пак, на ланската програма, Градот Скопје постави два рустик-павилјона, шест маси со клупи, набљудувачница за заштита од пожари, беа пошумени 12 хектари од шумата, а беше вршена и санитарна сеча на дрвата, при што беа отстранети 1.060 опожарени, суви и болни дрвја.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=F35E6A4620A9DC43A98893304B200560
Ново хранилиште за грабливци

Хранилиште за ретките птици грабливци е изградено кај Демир Капија, а тоа е петто во Македонија. Хранилиштето е според пропишаните светски стандарди, според кои треба има место на кое по храна ќе слетуваат мршојадци од регионот и пошироко. Ова е една од активностите на акцискиот план за заштита на ретките птици граблицки во Македонија, Балканот и во светот. Хранилиштето е изградено со пари од странски извори.


http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=C714F7B07B89A2439E9D48A189C58A8E



Edited by lslcrew - 06-Jan-2009 at 03:32
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 12-Jan-2009 at 13:01
Originally posted by pbanks

Феноменална вест. Особено доколку навистина се применува во континуитет Applause

Акција за собирање на питачи во Скопје

Во акцијата “Питачење“, што стартуваше вчера, во Скопје, полицијата приведе 11 возрасни лица и 13 малолетни деца. Против родителите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави и прекршочни пријави по Законот за прекршочна постапка за јавен ред и мир.

Како што најави министерката за внатрешни работи оваа акција ќе се одвива во континуитет со активно учество министерството за труд и социјална политика преку јавната установа Меѓуопштински центар за социјални работи – Скопје. Главна цел на истата ќе биде превентивно делување, намалување и сузбивање на оваа негативна појава.

При вчерашното отпочнување на акцијата биле опфатени 23 критични точки низ градот и тоа највеќе на подрачјето на Полициската станица Центар, каде акцијата е реализирана на 9 места, главно крстосници, плоштадот, камениот мост и Бит Пазар. По четотири места биле опфатени на подрачјата на полициските станици Бит Пазар, Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров и уште две во Гази Баба.

Оние деца кои се веќе евидентирани дека престојувале во дневните центри и покрај постоење на претходна согласност од родителот задолжително се зема повторна согласност за нивно сместување во Дневните центри и во  тој случај тие деца од страна на инспекторите по малолетничка деликвенција и претставникот од меѓуопштинскиот центар ќе бидат згрижени  во Дневните центри.

За деца од седум – 18 години кои се затекнати на питање без присуство на родителите, во случај да не се обезбедат старателите, времено ќе се згрижуваат преку Одделението за старателство во Јавната Установа за згрижување на деца и младинци „25-ти Мај“. Исто така за деца до седум години без обезбедено присуство на родители, обврската за згрижување ќе ја превземе Одделението за старателство и тоа децата до три години ќе се згрижуваат во згрижувачки семејства, а од три до седум години во Домот за деца  без родители „ 11-ти Октомври“, во Скопје.



http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=39439&kategorija=4


Четери месеци по акцијава работите се враќаат на старо. Повторно гледам питачи на секоја раскрсница Ohno. Вчера дури видов како двајца си запалиле оган на средишното зеленило кај раскрсницата кај народна банка за да се топлат додека просат Wallbash
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 15-Jan-2009 at 03:55
во недостаток на нишка за дезинфекција, дезинсекција и дератизација Smile текстов го постирам тука
Зголемен бројот на прскања против комарци

Советот на Град Скопје ја усвои Програмата за спроведување на дезинсекција на подрачјето на Град Скопје за 2009 година. Со оваа програма се предвидува зголемување на досегашниот опфат на третираното подрачје, како и зголемување на бројот на третманите. Со авиодезинсекцијата ќе бидат третирани вкупно 40.000 хектари, наместо досегашните 20.000 хектари, и тоа во четири наврати: во мај, јуни, јули и во август против возрасни комарци, се вели во програмските планирани активности. Досега комарците беа третирани само три пати.

Со земјената дезинсекција, пак, е предвидено да бидат прскани 15.000 хектари, и тоа во јуни, јули и во август, како и 35 хектари, против ларви. Заради безбедно и ефикасно извршување на работите, граѓаните навремено ќе бидат информирани преку печатените и електронски медиуми за времето и начинот на спроведување на аеросолната дезинсекција.

Дневник - 13.01.2009

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #36 Posted: 15-Jan-2009 at 13:59
ОПШТИНИТЕ НЕЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА ИЗГРАДБА НА ЈАВНИ ТОАЛЕТИ
Старите се распаѓаат, за нови не се размислува

Скопските општини и Градот изненадени го пречекаа огласот на Министерството за транспорт и врски во кој се бара да пријават локации за изградба на јавни тоалети. Локалните власти како да не размислувале досега дека на Скопје, а особено на туристите кои доаѓаат да го посетат градот, му се потребни санитарни јазли според светски стандарди, па се најдоа затечени од барањето на Министерството. Со новиот Закон за јавна чистота се предвидува општините и Градот во годишната програма за работи од областа на чистотата да обезбедат и јавни санитарни јазли. За таа цел Министерството предвидело 48 милиони денари за годинава, кои ќе бидат распределени во сите заинтересирани општини. Град Скопје и неговите општини имаат рок до вторник да пријават локации за тоалети, а досега никој од надлежните не знаеше да ни посочи барем една локација за каде е потребен ваков санитарен објект. Од Општина Центар велат дека ќе аплицираат на огласот. - Задолживме луѓе кои ќе се ангажираат во врска со огласот. Број на локации се уште немаме определено “ соопшти Лидија Неделковска, шефица на кабинетот на градоначалничката на Центар. Од Општина Аеродром ни рекоа дека немаат предвидено локации за јавни тоалети од тврда градба, без да одговорат дали ќе се пријават на огласот. Од Карпош велат дека досега користеле само монтажни тоалети и немаа информација дали ќе се пријават на огласот. Во Гази Баба ни потврдија дека ќе достават предлози за локации откако ќе ги утврдат со општинските урбанисти и додаваат дека немале големи побарувања за вакви градби, со оглед на тоа што половина од подрачјето на општината е рурално. Градските власти нема да аплицираат на огласот бидејќи, според Законот за град Скопје, изградбата и одржување на јавните санитарни јазли е во надлежност на општините. Локациите што ќе се предложат треба да се наоѓаат во детален урбанистички план или друг урбанистички документ. Потребно е да се наведе бројот на јавни тоалети со соодносот колку од нив ќе бидат машки и колку женски, процена на средствата за нивна изградба, број на население во населбата во која се планираат и приоритетни локации, ако се наведат повеќе. Општините не се ограничени во бројот на јавни тоалети.

Никој не се грижи за јавните тоалети

За постојните јавни тоалети во центарот на градот кои со години се распаѓаат и шират зараза и нечистотија никој од локалните власти не се грижи. Општина Центар и Град Скопје и натаму не сакаат да преземат одговорност за тоалетот зад полициската станица „Беко“ или за оној под мостот „Гоце Делчев“. Во градот велат дека тие се под надлежност на Центар, а таму, пак, дека со децентрализацијата не е извршено нивно примопредавање.

http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1598&ArticleID=105633
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #37 Posted: 15-Jan-2009 at 14:02
Super e ova so toaletive, celosno poddrzuvam. Kako prvo ne mi e jasno kako edna opshtina nemoze da znae kade ima potreba od toaleti. Kako vtoro shto ushte poveke me zagrizuva e kvazi-decentralizacijata i sme dovedeni vl;adata da gradi wc-inja po opshtinite. Treta rabota koja e duri i smeshna e chiva nadleznost bile toaletite, dali na gradot dali na opshtinite!!!
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #38 Posted: 15-Jan-2009 at 14:06
Previous
Има еден збор за се ова сра ..
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #39 Posted: 15-Jan-2009 at 14:08
Јас не сум голем подржувач на овој проект. Нашата некултура е толку голема во моментот што ова ќе бидат пари фрлени во ветер. За жал. Во некое друго време да но сега....
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #40 Posted: 31-Jan-2009 at 22:14
Незнам дали во зеленило комуналец или вандализам ...


Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1234 35>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.234 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.