build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Изградба и ентериери
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Градење куќа во Македонија - услови и комбинации

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 12131415>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #261 Posted: 22-Aug-2015 at 20:10
се познавам со еден што им беше директор на еден од погоните, кога ќе го сретнам(а ми треба нешто лично) ќе го прашам
Back to Top
antigona View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 16-Jan-2012
Online Status: Offline
Posts: 86
  Quote antigona Quote  Post ReplyReply #262 Posted: 29-Aug-2015 at 22:32
Се двоумам дали да купам стара барака со плац во населба Лисиче во близина на стариот трговски центар, на Улица Митре Влаот. Ве молам, дали може некој да ми каже дали навистина во тој дел на Скопје загадувањето на воздухот навистина е најголемо? Било какво мислење за тој дел на Скопје многу би ми значело. Благодарам!
Back to Top
one1 View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 13-Mar-2013
Online Status: Offline
Posts: 416
  Quote one1 Quote  Post ReplyReply #263 Posted: 29-Aug-2015 at 22:38
Погледни на Гугл Земја прво тој дел е блато многу е ниско како што е цел Аеродром второ нема баш некоја добра иднина тој дел на Скопје од проста причина што со проширувањето на Првомајска до Драчево околу индустриската зона само ќе расте. Плус Цементара нема никогаш да престане со работа а таа мислам дека е најголем загадувач.
Back to Top
antigona View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 16-Jan-2012
Online Status: Offline
Posts: 86
  Quote antigona Quote  Post ReplyReply #264 Posted: 29-Aug-2015 at 23:24
Ти благодарам на мислењето. На линија е на тоа што го слушам од други лица. Усје и новите погони накај Драчево чинам не се главниот проблем - вториве во најголем дел се незагадувачки објекти (магацини), а Усје инсталираше какви-такви филтри. Проблемот е нискиот терен кој наводно ги прибирал сите околни загдувања (возила, дрва за греење и сл.). А штета, за мене населба Лисиче е една од поубавите во Скопје, правилно урбанистички решена, со одлична сообраќајна поврзаност...

Edited by antigona - 29-Aug-2015 at 23:26
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2670
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #265 Posted: 30-Aug-2015 at 10:09
Originally posted by antigona



Ти благодарам на мислењето. На линија е на тоа што го слушам од други лица. Усје и новите погони накај Драчево чинам не се главниот проблем - вториве во најголем дел се незагадувачки објекти (магацини), а Усје инсталираше какви-такви филтри. Проблемот е нискиот терен кој наводно ги прибирал сите околни загдувања (возила, дрва за греење и сл.). А штета, за мене населба Лисиче е една од поубавите во Скопје, правилно урбанистички решена, со одлична сообраќајна поврзаност...



Eве јас како кумановец мислам дека можам да дадам најнепристрасно мислење. А тоа е дека населбата Лисиче спаѓа во најпогодните места за живеење во градската зона на Скопје. Има булевар и плански улци кои се вкрстуваат под прав агол. Има одлична сообраќајна поврзаност и ноќни линии. Етнички мислам дека е чиста. Единствено не знам какво е загадувањето и дали дотаму доаѓа правот од Цементарница.

Која би била подобра населба од Лисиче?

1. Кобајаги елитната населба Јака која се наоѓа во непосредна близина на автопат, електрифицирана пруга и предаватели!?
2. Припор со единствената тесна и стрмна уличка која ги поврзува со Кисела Вода?
3. Кисела Вода која нема простор за паркирање, која е лошо поврзана со автобуски линии и која нема ноќни линии? И нема директна врска со соседната општина Аеродром, туку мора да кружиш или откај Транспортниот Центар или откај Џеваир?
4. 11. Октомври со трошни бараки и со енормно загадување од Цементарница?
5.Пинтија исто така со трошни бараки и без тротоари на главната улица?
6. Драчево кое е поврзано со Скопје со тесна, фреквентна, раскопана и каллива улица без тротоари?
7.Капиштец и Козле со тесни улички, уште потесни и узурпирани тротоари, без простор за паркирање?
8. Трнодол и Жданец поврзани со по една стрмна уличка кон главната и без автобуски превоз?
9. Водно каде што за многу брзо време ќе дојде до свлекување на земјиштето поради ерозија, кое е поврзано со еден тесен булевар со Центарот кој со изградбата на Сончев Град ќе стане уште потесен, и која се наоѓа во нездрава осојница бидејќи лежи на северните падини на планината Водно!?
10. Даме Груев со никакви и тесни улички и со кучиња скитници?
11. Бутел и Радишани за кои за да стигнеш дома треба да поминуваш преку небезбедниот Чаир полн со криминалци од секаков вид, нецивилизирани луѓе и вехабисти?
12. Ќерамидница која нуди услови супстандардни и за едно просечно скопско село?
13. Автокоманда опкружена со индустриски погони и со шума, а со самото тоа не влева чувство на сигурност?
14. Железара која е во непосредна близина на Чаир, објаснив погоре зошто?

Многу битна работа е да испиташ дали во бараката која ја купуваш има Хартманови јазли кои се многу штетни по здравјето. Лично имам слушано неофицијален муабет дека овие јазли ги има на дури 80% од територијата на град Скопје!

Еве повеќе за тие јазли:

http://www.igape.edu.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=22&Itemid=29&lang=mk[url">

http://www.soncevzrak.com/index.php?option=com_content&view=article&id=53&Itemid=76&lang=mk

Edited by phenomenon - 30-Aug-2015 at 10:36
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
antigona View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 16-Jan-2012
Online Status: Offline
Posts: 86
  Quote antigona Quote  Post ReplyReply #266 Posted: 30-Aug-2015 at 12:30
phenomenon, фала ти и за твоите коментари. Се ова што го велиш се причините поради кои разгледувам опции да се преселам во населба Лисиче која многу ми се допаѓа. Но, џабе сите урбанистички и сообраќајни предности на таа населба кои се неспорни, ако навистина има енормно загадување на воздухот. Според мерачот на загадување чии резултати можат редовно да се следат на сајтот на Министерството за животна средина, во населба Лисиче и до 6 месеци во годината има надминување на дозвленото загадување на воздухот. Е сега, мерната станица во н. Лисиче се наоѓа околу 900 метри воздушна линија од бараката/плацот кој сакам да го купам. Мерната станица е лоцирана на многу прометна раскрсница (помеѓу Бул. Србија и бул. 12та Македонска бригада), веднаш до крстот, така да можно е параметрите да се полоши поради сообраќајните загадувања...така да се уште сум под голема дилема, бидејќи компромис со здравје нема...инаку, дополнителен сомнеж за можно големо загадување дава фактот дека бараките во населба Лисиче се барем 1/3 поефтини од сличните во Тафталиџе...
Back to Top
one1 View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 13-Mar-2013
Online Status: Offline
Posts: 416
  Quote one1 Quote  Post ReplyReply #267 Posted: 30-Aug-2015 at 13:57
Според мене Козле, Тафталиџе, Жданец. Трнодол се убавиот дел на Скопје веднаш под Водно. Иако многу бргу ќе се урбанизираат сеуште се мир а се веднаш до центар. Ако зборуваме за тој дел подобро Сопиште и Сончев Град евтини земјишта со голема квадратура се подобра оплција според мене.
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1937
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #268 Posted: 30-Aug-2015 at 16:14
Целиот живот живеам во Лисиче и доколку некогаш се одлучам да сменам тоа би било само за Јака во Илинден но со услов да имам услови постојано да користам возило за до работа и назад. 
Back to Top
antigona View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 16-Jan-2012
Online Status: Offline
Posts: 86
  Quote antigona Quote  Post ReplyReply #269 Posted: 30-Aug-2015 at 16:38
@daci92: а кое е твоето искуство и мислење за наводното големо загадување на воздухот во населба Лисиче (делот околу трговскиот)?

Edited by antigona - 30-Aug-2015 at 16:47
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15281
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #270 Posted: 30-Aug-2015 at 16:49
Од февруари годинава живеам во новата населба Лисиче, така што мислам дека можам да коментирам. Загадувањето е огромно. Зимно време воздухот има кисел мирис. Летно време навечер постојано смрди на изгорено. Не можеш да отвориш прозорец (а лето е, да му се невиди). Мислам дека е најзагадениот дел на Скопје. Урбанистички можеби е најдобрата населба за живеење (мислам на општина Аеродром како целина, но посебно Ново Лисиче и населбата Лисиче, не селото), но џабе е тоа кога загадувањето е огромно и се чувствува. Јас сум привремено населен, и воопшто не мислам да останам да живеам и ќе се селам на друго место. Секаде е подобро од таму, верувај ми на зборот. Им се чудам на луѓето што живеат таму и на смрдеата што секојдневно ја поднесуваат.
За сè има вторпат
Back to Top
antigona View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 16-Jan-2012
Online Status: Offline
Posts: 86
  Quote antigona Quote  Post ReplyReply #271 Posted: 30-Aug-2015 at 19:03
Џоле, фала ти. Сношти баш шетав низ населбата и да, мирисаше на запалено...си реков, ај можеби е само случајно, ама очигледно не е...затоа изгледа има толку многу бараки за продажба во населба Лисиче, на преубави локации, а за доста ефтини пари...народот наместо да реагира бурно како во секоја нормална земја со толкаво загадување, решава да се исели и продаде се за мали пари...тоа е нашиот менталитет, наведната глава демек сабја не ја сече...
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1937
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #272 Posted: 30-Aug-2015 at 21:02
За загадено е загадено, овој дел на Скопје има и секогаш погуста магла. 
Back to Top
dandi View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 15-Dec-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote dandi Quote  Post ReplyReply #273 Posted: 15-Dec-2015 at 19:55
Dali nekoj moze da mi kaze kolku zakonski treba da se oddaleci kukata od medjata i dali smeat da se ostavaat prozorci na zadnata strana?Inaku kukata sto se gradi,a za koja prasuvam nema gradezna dozvola bidejki ne e dozvolena gradba.Tuka postoese stara kuka koja ja srusija i sega pocnaa nova koja nitu e na istite temeli i e dupla po kvadratura.Koi se zakonite za rekonstrukcija dali nekoj e zapoznaen?
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3664
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #274 Posted: 19-Dec-2015 at 21:32


http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=588&PID=48304#48304

moze ova kje ti pomogne, no shto fajde da mu remetish i na komshijata a i svojot mir zaradi trn vo oko neli akcija reakcija

~

dokolku si pomlad sega lesno mozes da skubnes od site komshiski gajlinja i frustracii, normalno ako i ponataka se ima reformska volja vo opshtestvovo, jasno i podobnite banki da imaat sto pogolem prag na tolerancija vo odnos kreditosposobnosta na bordzliite

Еве како да аплицирате за проектот „Купи куќа за млади“
Преку проектот „Купи куќа за млади“, младите до 35 години можат да добијат до 33.000 евра субвенции – неповратни средства од Владата за купување, изградба или надградба на куќа. Примањата треба да бидат до 900 евра за поединец или вкупен приход на брачните другари до 1300 евра. Најголем дел од популацијата во Македонија влегува во категоријата која може да се јави како баратели.

Младите можат да бираат еден од двата модела кои им се на располагање – „Субвенција на месечната рата“ или „Субвенција на учеството“.

Преку првиот модел – „Субвенција на месечна рата“ Владата во тек на 11 години отплаќа дел од ратата за кредит за куќа и тоа првите 8 години 80% од ратата (главнина и камата) и следните три години (9-та, 10-та и 11-та) 50% од ратата. Пресметките покажуваат дека граѓаните кои ќе го искористат овој модел можат да добијат и до 33.000 евра неповратни средства за купување изградба или надградба на куќа.

Пример 1:

Субвенцијата за кредит од 50.000 евра изнесува 33.000 евра

Субвенцијата за кредит од 40.000 евра изнесува 28.000 евра

Субвенцијата за кредит од 30.000 евра изнесува 20.000 евра.

Каматната стапка за првите три години е 3,95%, за четвртата и петата 4,44%, додека понатаму каматата ја утврдува банката, но не смее да биде повисока од другите станбени кредити кои ги нуди.

За вториот модел „Субвенција за учество“, Владата субвенционира 100 отсто од учеството од кредит (до 25% од земениот кредит) за купување на куќа. Средствата кои можат да се добијат преку овој модел се до 12.500 евра.

Пример 2:

Субвенција за учество за кредит од 50.000 евра изнесува 12.500 евра

Субвенција за учество за кредит од 40.000 евра изнесува 10.000 евра

Субвенција за учество за кредит од 30.000 евра изнесува 7.500 евра

Она што е особена поволност за овој модел, велат надлежните, е тоа што каматната стапка е фиксна за цело време на отплата, односно изнесува 4,5 отсто плус 6 месечен ЕУРИБОР.

За да се аплицира за проектот треба да се исполнат следните услови

– Поеднинецот кој аплицира или еден од брачните сопружници треба да има до 35 години

– Месечната плата за поединец треба да биде ПОМАЛА од 900 евра, додека за брачни другари ПОМАЛИ од 1.300 евра

– Поединецот или брачниот пар не треба да има друга куќа или стан на свое име, или треба да се обврзат да го продадат за да аплицираат за проектот

– Рокот на отплата на станбениот кредит треба да биде од 20 години

– Апликантите треба да одговараат на критериумите за добивање станбен кредит пропишани од банката

Како да аплицирате за проектот „Купи куќа за млади“

Надлежните велат дека постапката за аплицирање за проектот е многу едноставна. Доколку граѓаните ги исполнуваат горенаведените услови, треба прво да најдат плац за изградба на куќа. Откако ќе најдат плац граѓаните треба да обезбедат изведбен и идеен проект – тука може да ги искористат поволностите кои ги нуди Министерството за транспорт и врски кои даваат бесплатен изведбен проект. Потоа треба да се обезбеди дозвола за градба од општината и да се склучи преддоговор со изведувач. По ова граѓаните треба да ги поднесат овие документи со барање за проектот до една од банките кои учествуваат во проектот: НЛБ Тутунска банка, Стопанска банка, Стопанска банка Битола, Шпаркасе, Охридска банка, ТТК, Алфа и Прокредит банка.

Во случај на доградба или надградба на куќа, треба да се добие согласност од сопственикот на куќата која се надградува или доградува, а потоа постапката е иста.

http://denesen.mk/web/?p=387069

koj ti e zirant VLADATA LOL no kje beshe i polezet ako mesto banki za lihvari gi dogovorea toa Lizing kompaniite, no prvo lizingot za nedviznosti da go oslobodea od dvojno ddv, chinam seushte e vo igra istoto

Back to Top
anastasovi2004 View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 11-Jan-2016
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote anastasovi2004 Quote  Post ReplyReply #275 Posted: 11-Jan-2016 at 01:36
Имам едно прашање може некој ќе ми помогне:
Сакам да купам плац во Кисела Вода и да направам монтажна куќа како барака. Ме интересира треба ли дозвола за градење? Како ќе се излегализира?
Back to Top
King View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Apr-2015
Online Status: Offline
Posts: 654
  Quote King Quote  Post ReplyReply #276 Posted: 11-Jan-2016 at 09:21
Originally posted by anastasovi2004

Имам едно прашање може некој ќе ми помогне:
Сакам да купам плац во Кисела Вода и да направам монтажна куќа како барака. Ме интересира треба ли дозвола за градење? Како ќе се излегализира?

Секако дека треба градежна дозвола, првин треба да има градежна маркица на местото на кое сакаш да гардиш, ако има, тогаш започнуваш процедура за градежна дозвола. Неможеш да ја изградиш па подоцна да ја легализираш бидејќи законот за легализација важи само за објекти кои се изградени до 2011 година.
Back to Top
anastasovi2004 View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 11-Jan-2016
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote anastasovi2004 Quote  Post ReplyReply #277 Posted: 11-Jan-2016 at 13:06
Originally posted by King

Originally posted by anastasovi2004

Имам едно прашање може некој ќе ми помогне:
Сакам да купам плац во Кисела Вода и да направам монтажна куќа како барака. Ме интересира треба ли дозвола за градење? Како ќе се излегализира?

Секако дека треба градежна дозвола, првин треба да има градежна маркица на местото на кое сакаш да гардиш, ако има, тогаш започнуваш процедура за градежна дозвола. Неможеш да ја изградиш па подоцна да ја легализираш бидејќи законот за легализација важи само за објекти кои се изградени до 2011 година.


Фала на одговорот.
А како се добива градежна маркица?
Колку време треба да се добие градежна дозвола и колку кошта?
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1937
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #278 Posted: 11-Jan-2016 at 16:30
Градежна маркица има само доколку тој простор е во урбанистички план наменет за градење на дом или зграда односно доколку е градежно земјиште за домување, доколку не е процедурите се многу долги и бараат многу поднесоци до општината но никогаш не е гаранција дека ќе добиеш маркица. А доколку има веќе таква маркица дозволата за градба не е многу тешка за земање само треба да имаш план за градба направен од архитектонско биро кој ќе соодветствува на маркицата која е зададена за тоа земјиште.
Back to Top
Dzeksi View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Apr-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 413
  Quote Dzeksi Quote  Post ReplyReply #279 Posted: 18-Jan-2016 at 00:07
Zdravo decki dali moze nekoj da mi odgovori kolkava e razlikata vo cena megu drvo (montazno hot-hot) i kalasicnanta gradba cigla po m2 ?
Koja poveke se izplati? Moeto mislenje e deka izvedbata od drvo e po ispaltliva samo neznam zostko kaj nas ne e aktuelna mozebi razlikata vo cena ne e tolku golema?

Back to Top
jovanov.vinica View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 25-Feb-2016
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote jovanov.vinica Quote  Post ReplyReply #280 Posted: 25-Feb-2016 at 00:25
ЗДРАВО
Имам едно прашање дали некој знае да ми одговори?
Вака се работи за тоа колку може да биде МИНИМАЛНАТА ВИСИНА И МИНИМАЛНАТА ПОВРАШИНА на градба на семејна куќа, и дали е предвидена, плацот за градаба е купен на јавна лицитација од општината, во објавата стои дека вака

ПОВРАШИНА НА ПАРЦЕЛА - 320 М2
ПОВРАШИНА НА ГРАДБА - 140 М2
КОЕФИЦИЕНТ НА ИЗГРАДЕНОСТ - 44,12       
КОЕФИЦИЕНТ НА ИСКОРИСТЕНОСТ - 1,76     
БРУТО РАЗВИЕНА ПОВРАШИНА - 560 М2          
МАКСИМАЛНА ВИСОЧИНА - 10,20 М    

Во изводот од ДУП за парцелата е неведено П+2+пк

Во општина веат дека ојектот мора да биде на целата маркица 140 м2 и со висина од приземје, два спрата и поткровје или вкупна како и бруто развиената поврашина 4*140=560м2
Јас барав дали може да биде куќата со помала поврашина од 140м2 во спратовите а за катноста да биде приземје и два спрата, без поткровје, односно со рамен покрив, на што ми рекоја дека не е можно тоа дека мора да има и поткровје.
Па дали некој знае нешто повеќе за оваа проблематика?

Благодарам

Edited by jovanov.vinica - 25-Feb-2016 at 00:38
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 12131415>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.156 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.