build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Интернет и телекомуникации

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1112131415 28>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #241 Posted: 27-May-2009 at 14:36
Originally posted by beTon

таман мислев дека со космофон со ало-ало пакетот ќе пуштат и интернет за домашни корисници, кога ето словенечка статива!
ајде може и ќе пуштат срце словенциве па малку и да ја дисперзираат концентрацијата на интернет исклучиво по жица! ова со интернет по ало пакетот ќе дојде нешто kako старата понуда на он.нет со wadsl доколку и навистина направат вакво нешто во иднина! 
Originally posted by lslcrew

Па спојувањево не очекувам нешто драстично да смени освен што ќе добиеме уште една  трпл-плеј понуда на пазарот покрај сегашните на т-мобиле и кабелтел.

Во последно време на пазарот веќе сервисот не бира медиум, односно сите три сервиси (тв+нет+тел) веќе се присутни преку сите оператори (мобилни+фиксни+кабелски) што е доста здраво за пазрот на телекомуникации. Ваквите окрупнувања како неодамнештото со т-хоме и т-мобиле и сегашново на словенциве само ја олеснува дистрибуцијата на сервиси до граѓаните.
јас посочувам за ало ало пакетот како бежична припејд телефонска конекција, значи како што тераат интернет со 3G да тераат и со ало ало, но ало телефонијата мислам дека е на wadsl принцип !?


Edited by beTon - 27-May-2009 at 14:39
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #242 Posted: 27-May-2009 at 14:41
За ало-ало не сум сигурен ама мислам дека е обичен апарат како и секој мобилен телефон. Домашната станица мислам дека е со СИМ-картица. Односно ти дома имаш мобилен само што ти е спакован како фиксен.
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #243 Posted: 27-May-2009 at 14:51
мислев дека sagem-ов е аксес поинт кутија со телефонот!

Edited by beTon - 27-May-2009 at 14:55
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #244 Posted: 04-Jun-2009 at 21:42

Пропаднаа националните Вајмакс оператори?!

Националните Вајмакс оператори Америкoм (компанија на грчки Космотелко) и Некском (американско-бугарска компанија), најверојатно ќе ги загубат лиценците за Вајмакс концесии кои што ги добија во 2007 година, дознава Тотал од Агенцијата за електронски комуникации.

Како што не информираа неофицијални извори, Агенцијата за електронски комуникации на 23 јули според договорот ќе изврши ревизија во двата Вајмакс оператори. Според непотврдени информации и двата оператори ги немаат исполнето потребните услови за да ја задржат лиценцата. Еден од тендерските услови беше поставување на базни станици и 80% покриеност на Македонија во рок од две години. Америком, како што информираше Агенцијата за електронски комуникации во март годинава, до тогаш имаше поставено само една базна станица.
Тотал се обиде да стапи во контакт и со двата оператори но во текот на целиот ден никој не одговараше на нивните официјални телефонски  броеви. Станува нејасно дали двата оператори воопшто функционираат и ја извршуваат својата дејност.

Според познавачите на состојбите  една од причините поради која што ќе им пропадне бизнисот на Вајмакс операторите е фактот што Вајмаксот како услуга е премногу скап за да се користи од страна на физички лица, а уште поскапа е опремата за поставување на инфраструктурата. Поради нискиот стандард на македонските граѓани и компании овој бизнис е неисплатлив. Токму поради тоа во ваков вид на електронска комуникација главно инвестираат развиените западни земји со повисок стандард на живеење.
Кога во 2007 година ги добија лиценците „Некском“ ветуваше дека ќе вложи 10 милиони, а  „Америком“, пак, вети 500 милиони евра инвестиции во наредните една-две години, и тоа не само во вајмаксот туку во областа на банкарството и енергетиката.
За добивање на националнтата лиценца Некском плати 115.002 евра, а Америком 1.500.000 евра.



http://www.total.com.mk/default.aspx?mId=16&eventId=17718
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #245 Posted: 04-Jun-2009 at 21:58
Телеком Словенија со услугата пренос на дигитална телевизија ќе стартува од септември годинава

Телеком Словенија со услугата пренос на дигитална телевизија ќе стартува од септември годинава. Агенцијата за електронски комуникации на компанијата официјално и ја предаде десетгодишната лиценца за која плати 300 илјади евра. Граѓаните ќе добијат поквалитетна слика и услуга, а приемниците Телеком Словенија ќе ги постави бесплатно. За почеток ќе се користи инфраструктурата на Космофон, а вкупно компанијата ќе инвестира 90 милиони евра.

- Месечна претплата за, странските програми практично, е 423 денари + ДДВ или нешто под 500 денари. Доколку сами си обезбедите приемник од друго место, на овој оператор – Телеком Словенија, не треба да плаќате ништо, значи ќе можете да ги гледате. Македонските канали, нешифрираните ќе можат слободно да се гледаат како и сега. Што ви треба? Приемник . Значи за да гледате Македонска телевизија, Канал 5, Сител, ви треба телевизор. Новите телевизори, сите доаѓаат со вградени дигитални приемници – велат од Телеком Словенија.

Извор: http://www.kanal5.com.mk/ShowNews.aspx?ItemID=53503&mid=1500&tabId=1&tabindex=0


Дали ви е јасно ова Nuts
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #246 Posted: 04-Jun-2009 at 23:12
Дека наместо да добиваш аналоген сигнал ќе добиваш дигитален, само што за тоа ти треба понов телевизор, кој го има вградено тој уред од мајка. Нешто како со телефоните, кога имавме сите аналогни, за дигитален сигнал ни требаа од 'поновите' телефони. Освен ако не прашуваше за тој дел...
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #247 Posted: 05-Jun-2009 at 05:56
Валдимир, јас мислам дека господинот сакал да објасни дека пакетот од националните телевизии ќе биде бесплатен, а за оние кои сакаат дополнително и странски телевизии ќе треба да се плаќа ~500 денари.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #248 Posted: 10-Jun-2009 at 06:55
Занемеа јавните телефонски говорници

Од Македонски телеком, кој има инсталирано околу 1.850 јавни говорници низ земјава, не се согласуваат дека времето го прегазило овој начин на телефонско комуницирање и затоа не планираат да ги отстранат



Јавните телефонски говорници со доаѓањето на мобилната телефонија и интернетот повеќе не се користат. Многу ретко може да се види како некој телефонира од говорница, а нивната состојба, особено по руралните населби каде собираат прашина, покажува дека нивното време е поминато.
Но, од Македонски Телеком кој има инсталирано околу 1.850 јавни говорници не се согласуваат дека времето го прегазило овој начин на телефонско комуницирање и затоа не планираат да ги отстранат.
-Точно е дека се намали нивната употреба, но и покрај тоа што голем дел од корисниците имаат мобилни телефони и користат интернет, сепак дел од граѓаните се уште ги користат јавните говорници. Македонски Телеком, како општествено одговорна компанија, а со цел да им излезе во пресрет на потребите и барањата на граѓаните, има лоцирано говорници речиси во сите населени места во земјава. Приближно половината од нив се поставени во руралните населби - велат од Македонски телеком.
При одржување на говорниците, Македонски телеком има регистрирано релативно мал број на дефекти.
- Според податоците од теренот, во просек околу 10 отсто од вкупниот број на говорници се вон употреба. Поточно, околу 1.650 јавни говорници се постојано активни, односно функционираат и им се достапни на граѓаните. Би сакале да потенцираме дека Македонски Телеком обезбедува одржување на јавните говорници и со оглед на тоа дека говорниците се на јавни места и од јавен карактер, очекуваме граѓаните да водат сметка за хигиената при нивното користење - нагласуваат од Телеком.
Во многу земји тамошните телекоми се обидуваат да изнајдат начин што да прават со нив. Австријскиот телеком до јавните говорници доградува мултимедијални терминали. Во Велика Британија, пак, најстарите примероци на говорници ги продаваат на собирачи на антиквитети.
Словенечката Агенција за телекомуникации планира до крајот на овој месец да објави јавен повик преку кој ќе побара иновативно решение за користење на јавните телефонски говорници. Ова, Словенците ќе го применат по неуспешниот обид говорниците да ги организираат како "информативни точки", во кои туристите би добивале информации за сообраќајот, хотелите и туристичките знаменитости на Словенија. Сега словенечката Агенција ќе понуди дополнителна концесија за компанијата која во говорниците би давала иновативни услуги. Од Телеком Словенија очекуваат дека ќе им биде обновена концесијата за телефонирање со картички што се воведени уште од 1990 година како последен изум на тогашната технологија, но не кажуваат некоја нова идеа што со јавните говорници.
Иако бројот на телефонски говорници во тек на времето ќе се намалува, што е и неминовност, сепак ќе мора да останат оние што се наоѓаат на фреквентни места, како што се автопатиштата и аеродромите, потоа во установите како што се болници и затвори. Од Телеком Словенија велат дека фиксната телефонија ќе го издржи тестот на времето и како техничка златна резерва, бидејќи кога ќе снема струја, се исклучуваат телефонските врски поврзани со широкопојасниот интернет и во тој случај комуникацијата може да се остварува само со класичните телефонски линии.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=3E6B4178578F654DA527B49E768C220D
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #249 Posted: 10-Jun-2009 at 07:00
Еве јас ќе им предложам да си заменат со комјутерски терминали како о цел нормален свет. ЛПотребите на луѓето за компјутер се огромни, а неможе секој да влечка лаптоп или па воопшто голем број од лучќето немаат лап-топ. Нема човек каде да префрли нешто од/на картица. Да не праиме муабет за E-Mail или за некои други потреби или па евентуално build Yes додека чекаш автобус.

За пари не им е проблем сигурно, пари се пуни. Колку што знам хот-спот-ови имаат, а и можат постојните кабли за говорниците да ги пренаменат на АДСЛ, така што само им фали да ги купат терминалите и да ги постават. Интересот ќе биде огромен. Башка и нема да пречи доколку се остави чат пат по некоја говорница колку за оние кои имаат потреба од тоа. На пример на плоштад немора да има петнаесет говорници, доволно е една или две, другото нека бидат компјутерски терминали.
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #250 Posted: 10-Jun-2009 at 12:41
Австриската компанија „Капш“ отвори фирма во Македонија
10.06.09


Австрискаtа компанија „Капш“, чии клиенти меѓудругото се „ЕВН“ и „Телеком Австрија“, отвори фирма во Македонија, како дел од стратегијата за ширење во поширокиот регион.

На денешната презентација во Скопје присуствуваше и сопственикот на компанијата Кари Капш кој истакна дека Македонија беше логичен чекор во рамките на стратегијата на Капш да ги следи своите најголеми клиенти.

„Австрија е еден од најважните инвеститори во Македонија. Нашето присуство на македонскиот пазар веќе е почнато во согласност со стратегијата „Следи го клиентот“. Со претставништвото во Скопје ќе можеме да го опслужиме речиси целиот регион“, рече Капш.

Првиот проект во Македонија ќе биде испорака на поинт-то-поинт радио системи за потребите на ЕВН. Предвидено е со овој систем да се поврзе центарот на потрошувачи на ЕВН со интернет и ИТ системите на претпријатието.

Со цел поефикасно да работи на македонскиот пазар, Капш се стреми кон стратегиско партнерство со универзитетите во областа на развојот и науката.

Капш е глобална компанија со 2.600 вработени, а во изминатата фискална година остварила вкупен приход од 507 милиони евра.

Компанијата е специјализирана за комуникациски решенија за провајдери на фиксни и мобилни мрежи во доменот на пренос на говор и податоци. Притоа ги покрива сите области од анализа, советување, дизајни, развој, интеграција, инсталација, тренинг, до одржување на комплетни мрежни системи.

извор: http://www.makfax.com.mk/mk-mk/Details.aspx?itemID=5339

линк на компанијата: http://www.kapsch.net/en/Pages/default.aspx


Edited by Vladimir P - 10-Jun-2009 at 12:43
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #251 Posted: 12-Jun-2009 at 00:06

„Т-мобиле“ стартува со 3Г-технологијата

Мобилниот оператор Т-мобиле ја воведе 3Г технологијата која на корисниците ќе им овозможи врвни технолошки решенија и услуги, како што се брз мобилен Интернет и видеотелефонија.

Оваа мрежа на Т-мобиле нуди пристап за брз мобилен Интернет со брзина до 7,2 мбпс., која ќе биде овозможена автоматски за сите Т-мобиле корисници и тарифни модели, припејд, постпејд и бизнис. Користењето на оваа мрежа на Т-мобиле ќе биде овозможено доколку корисникот поседува телефон, кој поддржува 3Г, да се наоѓа во 3Г мрежно покривање и да се најави за 3Г мрежата. Цените на видеоповиците и на Интернет по завршувањето на промоцијата се дефинирани посебно за секој тарифен модел и ќе бидат објавени на Интернет-страницата на Т-мобиле. За почеток, мрежното покривање ги опфаќа поголемите градови во Македонија, а понатаму ќе се проширува и во другите населени места низ Македонија.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=C3ADA158D799D24CB4189088B8A19E6E
Back to Top
Radioamater View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 06-May-2009
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Radioamater Quote  Post ReplyReply #252 Posted: 20-Jun-2009 at 15:11
Originally posted by pbanks

Пропаднаа националните Вајмакс оператори?!

треба да им ги земат лиценците оти ништо не направија до сега.
Ова ми личи како намерно уназадување на македонија во ИТ подрачјето
Едната фирма е бугарска а другата од јужниот сосед, мене ми личи дека атинската и бугарската влада одвоиле по 10 милјони евра за да ја уназадад Македонија во Wimax сверата за најмалце 2 години

Originally posted by Vladimir P

[quote]


- Месечна претплата за, странските програми практично, е 423 денари + ДДВ или нешто под 500 денари.

Доколку сами си обезбедите приемник од друго место, на овој оператор – Телеком Словенија, не треба да плаќате ништо, значи ќе можете да ги гледате.


скапо е 500 ден. за странски ТВ канали кои сега ги имам за 350 ден. преку кабелска



Edited by Radioamater - 20-Jun-2009 at 15:23
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #253 Posted: 30-Jun-2009 at 22:08
Космофон нема да се вика Космофон!


Телеком Словенија до крајот на годинава ќе ги спои Космофон и Он.нет кои ќе работат под заедничко комерцијално име што нема да ги содржи називите на двете компании


До крајот на годинава, Космофон и Он.нет ќе се спојат во една заедничка компанија и ќе работат под едно заедничко име кое засега одговорните во двете компании не сакаат да го обелоденат. Според првиот човек на Космофон, Оливие Понсин, новата заедничка компанија ќе има име кое нема да ги содржи сегашните комерцијални називи на двата оператори.
- Новиот назив на заедничката компанија ќе биде нешто ново и свежо, што нема да ги содржи имињата на Космофон и Он.нет, ниту пак некој назив на бренд од Телеком Словенија. Значајно е што ќе ги споиме сите технологии што ги поседуваат двете компании - нагласи Понсин.

Тој не прецизира колкаво намалување на бројот на вработени ќе предизвика спојувањето на мобилниот и фиксниот оператор со интернет провајдерот.
-Телеком Словенија, а ниту јас имаме некаков таен план за отпуштање на вработените. Откако ќе се направи спојувањето на двете компании ќе видиме дали има преклопување на работните места. Тогаш ќе има реорганизација и анализа на функциите. Некои од вработените ќе си заминат, но не се знае колку - појасни Понсин.

Тој најави дека за неколку дена во Космофон и Он.нет ќе бидат назначени нови менаџерски тимови. Промени во раководството и реорганизацијата во Космофон уследи откако негов нов сопственик кон крајот на март годинава стана Телеком Словенија, кој од грчки Космоте го купи мобилниот оператор и продажниот синџир Германос за 190 милиони евра.

Телеком Словенија неодамна од Агенцијата за електронски комуникации доби лиценца за услугата дигитална телевизија, чиј старт го најави за септември годинава. Според последните најави на раководството на Телеком Словенија, првиот човек на Он.нет, Предраг Чемерикиќ ќе ја раководи компанијата што ќе го менаџира работењето на дигиталната телевизија.
Понсин вели дека ќе учествуваат и на вториот тендер за фиксна телефонија на владините институции што ќе биде распишан наскоро.


http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=2E7AB2806620AA4184DE95411977E4A1
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #254 Posted: 02-Jul-2009 at 15:05

Преносливоста на броеви ќе чини најмногу 200 денари

Најмногу 200 денари плус ДДВ еднократно ќе смеат да наплаќаат мобилните и фиксните оператори за услугата преносливост на броеви, што е многу пониска цена од досегашните. Одлуката за намалување на еднократниот трошок стапи во сила вчера, а операторите имаат рок до 1 август да ги приспособат своите системи на промената, соопштија вчера од Агенцијата за електронски комуникации (АЕК). Од почетокот на услугата преносливост на броеви пред 10 месеци, операторите наплаќаа различни цени. Дел воопшто не наплаќаа, додека меѓу тие што наплаќаа највисокиот износ во фиксната телефонија изнесуваше 800 денари, а во мобилната 600 денари плус ДДВ.

Според податоците на Агенцијата, услугата преносливост на броеви досега ја искористиле 3.500 корисници во мобилната и 11.000 од фиксната телефонија. Директорот на АЕК, Петар Ивановски, објасни дека оваа услуга во европските држави просечно чини 5,5 евра, поради што оцениле дека за македонски услови најсоодветен износ на тој надомест е околу четири евра.


http://dnevnik.com.mk/?ItemID=3879F9C92EF9FB439AED1375044A776A
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #255 Posted: 03-Jul-2009 at 22:19
Пенетрацијата на мобилна телефинија е само 80 проценти


Вип оператор останува да работи само во мобилната телефонија и нема да шири својот дијапазон на услуги во фиксната телефонија или во броудбендот (интернетот). Главниот извршен директор на Вип оператор, Никола Љушев смета дека на мобилниот пазар во земјава има се уште простор за работа и остварување на приходи.
-Погрешно е тврдењето дека стапката на пенетрација на мобилната телефонија изнесува 115 проценти. Според истражувањето што го нарачавме од независна куќа покажа дека пенетрацијата е околу 80 проценти што говори дека другите два оператори покажуваат неточни податоци за бројот на нивните активни СИМ броеви. Значи дека нашата конкуренција дава искривена слика за пазарот бидејќи ги брои и оние мртвите, неактивни СИМ броеви што се изгубени или фаќаат прашина во некоја фиока - смета Љушев.

Од Вип нагласуваат дека од декември 2008 година и заклучно со јуни годинава нема корекција на стапката на пенетрација што говори дека кризата го забавува пазарот и операторите единствено водат борба за преземање на корисници од своите конкуренти. Во таа насока од Вип ја поздравуваат последната одлука на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) за намалување на цената за преносливост на броевите од еден во друг оператор на само 200 денари плус ДДВ.
-Со последната одлука на АЕК се дефинираат точно условите под кои не може некој корисник да премине кај друг оператор. Досега многу често се злоупотребуваа договорите за лојалност за да не му се дозволи на некој корисник да премине во друг оператор. Придобивка е и скратувањето на времето од 14 до 16 дена на само пет дена за пренесување на бројот од еден кај друг оператор - рече Љушев.

Од 1 септември, од кога е воведена можноста за преносливост на броевите, 1.623 корисници од другите оператори ги пренеле своите броеви во ВИП оператор, а во истиот период 70 корисници од ВИП заминале кај другите оператори.

Љушев истакна дека од 3.870 барања кои биле поднесени за преносливост на броевите, одобрени се 2.247 од страна на операторите каде што биле корисниците на поднесените барања. Од страна на ВИП оператор биле одбиени 51 барање за преносливост на броевите. ВИП оператор, како што информира Љушев, веќе ја применува најновата одлука за преносливост на броевите, која досега чинела 300 денари плус данокот на додадена вредност.

Тој ја поздрави одлуката на АЕК за воведувањето на асиметричната интерконекција која очекува дека ќе му овозможи на Вип, како најмлад оператор на пазарот, да оствари задоволителен пазарен удел од 20 проценти. Љушев го поздрави новиот менаџерски тим на Космофон и очекува дека тие ќе се однесуваат фер-плеј и нема да настапат со агресивни цени. За навестувањата за спојување на Македонски телеком со Т-Мобиле, Љушев смета дека имаат повеќе разработени сценарија кога ќе се случи тој чин, но очекуваат дека Телеком, како оператор со значителна пазарна моќ нема да може да протежира својот мобилен оператор на сметка на другите.


http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=BD686094050F494B84800F33836D77E7
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #256 Posted: 27-Jul-2009 at 15:25
Не премногу битна, но интересна вест   Cheers

ВО ГРАДСКИ ПАРК И ВО „ЖЕНА-БОРЕЦ“
Бесплатен безжичен интернет за скопјани

Скопјани, почнувајќи од викендов, имаат можност во Градски парк, спроти бараките на администрацијата на Град Скопје, и во паркот „Жена борец“ да користат бесплатен безжичен интернет. Интернетот е бесплатен и се користи без впишување лозинка. - Со овој проект Градот Скопје се приклучува кон развојот на Република Македонија со информатичка технологија. Вкупните трошоци на овој проект се 24.800 денари месечно или околу 300.000 денари годишно, изјави градоначалникот Коце Трајановски, кој го промовираше проектот за бесплатни интернет-точки. Тој посочи дека реализацијата на проектот била предвидена за 2010 година, но е завршена порано.



http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=1&EditionID=1768&ArticleID=118585


Edited by Cloverstack - 27-Jul-2009 at 15:25
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #257 Posted: 27-Jul-2009 at 15:38


мене ми е комплетно безвезна. Прво кој е тој интернет што кошта 500 ЕУР месечно.

Второ... зошто треба да се трошат буџетски пари на вакви глупости (макар што е банална сумата) во време на 3G и во време кога секој кафиќ има WiFi.

Знам дека му беше во програмата ова, но мене ми е комплетно безвезна идејава
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #258 Posted: 27-Jul-2009 at 23:31

Се сложувам со Пбанкс, мислам дека на оваа вест не и заслужува да и се даде воопшто некаква важност. Па на тие локации ионака се фаќаат 5-6 слободни мрежи од околните кафулиња, а и мислам дека воопшто не е работа на градот да обезбедува бесплатни сервиси. Градот наместо бесплатен интернет би можел да ги понуди бесплатно само градските сервиси и информации, па на различни места да можат туристите на своите мобилни да добијат информација повеќе за градот, објаснување, може и аудио за што точно се наоѓа пред туристот и сл. Тоа веќе би била соодветна употреба на безжичните телекомуникациски сервиси и технологии на модерен начин, а во полза на градот.

Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #259 Posted: 29-Jul-2009 at 08:51

Интересна вест, штета што нема податок за процентот на интернет пенетрација:

[quote]

Расте пазарот на електронски комуникации

Коментари (0)   
28.07.2009 14:55
 
 

Приходите на пазарот на електронски комуникации од година во година бележат значителен раст во сите сегменти, освен во фиксната телефонија.

Најголем дел од вкупните приходи отпаѓа на мобилната телефонија - 58 проценти, фиксната телефонија учествува со 32, интернет услугите со осум, а најмал дел од два отсто има преносот на радио телевизиска програма до крајните корисници.

На пазарот за фиксна телефонија во Македонија во првото тримесечие од годинава активни се шест оператори, на пазарот за мобилна телефонија три, како и 70 кабелски оператори, 52 интернет провајдери и 42 даватели на јавно достапни телефонски услуги на фиксна локација (ВОИП).

Тоа се наведува во Извештајот за развојот на пазарот за електронски комуникации во Македонија за првиот квартал од годинава, што денеска го објави Агенцијата за електронски комуникации.

Раководителот на Секторот за анализа на пазар при АЕК Васка Петровиќ истакна дека кај фиксната телефонија утврден е значителен процент на опаѓање на фиксните линии во однос на првиот квартал од 2008 година од 399.975 линии на 375.461.

Тоа не се однесува на деловните линии во фиксната телефонија кои од квартал во квартал, како што вели Петровиќ, одат во нагорна линија, од 37.057 на 41.535 крајни корисници.

[/qoute]
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #260 Posted: 18-Aug-2009 at 22:10
Шокантно Eeek2  Ohno

Мислам и на мало дете му е јасно колку беше без врска цел овој "проект" уште пред да се реализира.

Бесплатен интернет има, сурфери ни за лек!

Ниту во паркот Жена - борец, ниту во Градскиот парк спроти бараките на администрацијата на Град Скопје не можат да се видат граѓани со лаптопи в раце кои сурфаат по веб страниците. Безжичната конекција иако е достапна во текот на 24 часа, ретко се користи и преку мобилни телефони


Скопјани не ги користат поволностите од бесплатни интернет - зони што пред триесетина дена им ги овозможија градските власти. Ниту во паркот Жена - борец, ниту во Градскиот парк спроти бараките на администрацијата на Град Скопје не можат да се видат граѓани со лаптопи в раце кои сурфаат по веб страниците. Безжичната конекција иако е достапна во текот на 24 часа, ретко се користи и преку мобилни телефони.
На бројните посетители на паркот, ништо не им значат ни информативните табли на кои пишува дека се наоѓаат во слободна интернет зона.
- Гледате и сами, во парков доаѓаат повозрасни луѓе, пензионери или родители кои ги шетаат своите деца. Ние доаѓаме за муабет, за дружење, за партија шах со другариве, за малку одмор во зеленилово. Не знам да работам со компјутер, а да ти кажам право и да знам тоа не би го правел овде во парк, туку дома. Можеби тоа е модерно, ама не сум видел никој овде да седи со компјутер - ни рече чичко Стојан кој е еден од најредовните посетители во Жена Парк. Младите пак, кои без исклучок се зависници од интернет комуникацијата и редовно се приклучени на популарните скајп, месинџер, на блогови, ги поддржуваат ваквите проекти, но велат дека треба да помине време да се створи навика кај населението.


- Во светот лаптопите се многу поевтини од кај нас, така што таму може да си дозволи да си купи секој. Кај нас најчесто ги користат деловните луѓе, а за нив е можеби малку социјално да седнат на клупа за да завршат некоја работа на интернет. Препоставувам дека попрво би седнале во кафуле. Сепак добро е што вакви проекти почнаа да се реализираат и кај нас, што ми дава надеж дека и ние ќе го стигнеме светот - вели студентката Мирјана Анчева.
Од Градот Скопје велат дека се уште е рано за конкретни заклучоци околу позитивните или негативните резултати на проектот бидејќи во моментов течел тест периодот во рок од месец. Сепак, задоволни се од досегашното функционирање и најавуваат дека догодина слободните интернет зони ќе ги прошират уште на неколку локации.
Безжичниот интернет-пристап е слободен, без лозинка и може да го користи секој што има пренослив компјутер или пак, мобилен телефон што има можности за безжична конекција. Минималната брзина на преземање на податоци од Интернет е четири мегабита во секунда, а минималната брзина за испраќање на податоци е биде 512 килобита во секунда. Вкупните трошоци на проектот за двете локации изнесуваат 24.800 денари месечно или 298.000 денари на годишно ниво. Овој проект е предвидено да заврши во 2010 година.



http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=CFA4361818DAF844B8C65132A391209D
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1112131415 28>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.174 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.