ЕВН (бивша Градска куќа) |
Post Reply | Page <1 11121314> |
Author | |
skopskodete
Senior Member Joined: 17-Feb-2017 Online Status: Offline Posts: 926 |
Quote Reply #241 Posted: 01-Oct-2019 at 17:03 |
Најлош градоначаник во историјата... Убедливо.
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20987 |
Quote Reply #242 Posted: 28-Oct-2019 at 17:44 |
Трампа на зградата на „Макотекс“ за Градска куќа!?
Барокната зграда покрај Вардар во интересот на бизнисмените. Газдата на „Макоил“, Мите Јовановски, нема ништо против да ја трампа неговата зграда „Макотекс“ за Градска куќа, или пак за некоја катна гаража, или пак, Градот да му ја плати. Се сретнал со градоначалникот Шилегов, но ништо конкретно не договориле. Шилегов неодамна најави дека во плановите е проширување на улицата „Даме Груев“ во булевар. На трасата на идниот булевар се наоѓа токму зградата „Макотекс“. Изградбата на Градска куќа чини 12,7 милиони евра и тоа е почетната цена по која ќе се продава. Зградата „Макотекс“ се проценува на околу 7 милиони евра Газдата на бензинските пумпи „Макоил“, Мите Јовановски, кој е и сопственик на објектот “Макотекс“, нема ништо против да ја трампа оваа зграда во центарот на Скопје за барокната Градска куќа која ја изгради Град Скопје и сега градоначалникот Петре Шилегов сака да ја продаде. Тој во изјава за весникот „Вечер“ истакна дека дава дозвола градските власти да ја урнат зградата на „Макотекст“, ама соодветно да платат за неа бидејќи станува збор за објект кој е на ептен атрактивна локација и многу вреди. – Ќе им речам, земете ја и платете ја колку што вреди. Јас имам свој проценител за зградата, тие нека си донесат свој. Нека седнат двајцата проценители и нека се договорат за цената – истакна Јовановски. Тој се согласува и да се направи замена – неговата зграда за барокната зграда Градска куќа, но би прифатил градските власти да искомпензираат и со некоја од катните гаражи во градот или некоја друга варијанта. Јовановски рече дека за зградата „Макотекс“ се разговарало за евентуална компензација и со претходното градско раководство, но преговорите пропаднале. – Сметам дека и овој пат нема да се реализира. Со Шилегов се сретнавме еднаш и немаме ништо конкретно договорено. Кој сака да ја земе, нека плати како што е. Ако повторно ме викнат, ќе одам да разговараме. Од моја страна нека не се очекува дека нешто ќе понудам, бидејќи испаѓа дека пошто-зошто ја давам зградата – рече Јовановски. Градоначалникот Шилегов неодамна најави дека во плановите за централното градско подрачје е проширување на улицата „Даме Груев“ во булевар. На трасата на идниот булевар се наоѓа токму зградата „Макотекс“. Според најавите на Шилегов, изградбата на Градска куќа чини 12,7 милиони евра и тоа е почетната цена по која ќе се продава. Зградата „Макотекс“ се проценува на околу 7 милиони евра. (С.Бл.) https://www.vecer.press/трампа-на-зградата-на-макотекс-за-г/ |
|
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15284 |
Quote Reply #243 Posted: 05-Nov-2019 at 12:19 |
ЕВН ЈА КУПИ ГРАДСКАТА КУЌА ЗА 12,7 МИЛИОНИ ЕВРА
Компанијата ЕВН ја купи Градската куќа на кејот на реката Вардар. Градоначалникот Петре Шилегов за САКАМДАКАЖАМ.МК вели дека јавната акција за продажба на Градската куќа се одржала вчера, а единствен понудувач бил ЕВН. „До 31 октомври беше пријавувањето на заинтересирани фирми за учество на електронската аукција. Се пријави само компанијата ЕВН, а електронската аукција се одржа вчера. Почетната цена беше 12,7 милиони евра и тоа е цената по која Град Скопје ја продаде Градската куќа. Во наредните 15 дена ќе биде склучен договорот“, вели градоначалникот Шилегов. Шилегов на 26 септември најави дека Градската куќа која почна да ја гради неговиот претходник Коце Трајановски ќе се продава бидејќи немало место за сите вработени туку само за 350 и ‘местото на администрацијата на главниот град не е некаде фрлено на страна, туку во центарот на градот’. Каде ќе се сели Град Скопје сега откако Градската куќа е продадена Шилегов не кажува. Вели се разгледуваат неколку опции кои ќе обезбедат многу посоодветни услови за вработените и за странките. Градската куќа покрај Вардар почна да се гради во 2011, а при поставувањето на камен-темелникот ексградоначалникот Коце Трајановски најави дека ќе биде готова кон средината на 2015. За изградба на објектот Град Скопје склучи договор од 15 милиони евра со „Бетон“, потоа склучи и дополнителен договор од 3 милиони евра за изградба на енергетски ефикасна фасада. Идејно решение е на Иван Кокалановски и Борче Стојковски. https://sdk.mk/index.php/naslovna/evn-ja-kupi-gradskata-kuka-za-12-7-milioni-evra/ |
|
За сè има вторпат
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20987 |
Quote Reply #244 Posted: 05-Nov-2019 at 12:30 |
Дали ова значи дека ЕВН од плоштад ќе се сели тука а градската администрација ќе се смести во зградата на ЕВН на плоштад за чија фасада се најавува дека наскоро ќе биде довршена??
|
|
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15284 |
Quote Reply #245 Posted: 05-Nov-2019 at 15:34 |
За ЕВН се шират гласини дека дефинитивно ја напуштаат зградата на плоштад, наводно поради глупостите со промена на фасадата и сл. се нарушила нејзината безбедност, меѓу другото. Е сега, ова се само гласини.
|
|
За сè има вторпат
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20987 |
Quote Reply #246 Posted: 05-Nov-2019 at 17:09 |
Незнам зошто би била небезбедна зградата но како и да е верувам дека градот ќе ја среди и ќе се смести во неа.Но останува прашањето со зградата на ЕЛЕМ сеуште нема технички прием,незнам кога они ќе ја напуштат зградата на плоштад или веќе ја напуштиле немам баш инфо околу тоа??
|
|
Glava
Groupie Joined: 08-Sep-2014 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 78 |
Quote Reply #247 Posted: 06-Nov-2019 at 07:41 |
EVN одамна ја има напуштено зградата на плоштад. Веќе неколку години се под кирија што во Соравија што во други згради.
Со цена од 12,5 мил. Еур во непосредна близина на другата нивна зграда - ова се чини за нив добра зделка ако е искомбинирана со продажба на старата зграда. Ова е Вин - Вин комбинација за нив затоа што ем ќе се отарасат од зградата на плоштад која којзнае кога ќе се реновираше (+ трошоци од 5 мил. Еур за реновирање) ем нема да плаќаат ќирија (помали трошоци за ЕВН), ем новата зграда ќе ја добијат џабе (оти за исти пари ќе ја шитнат старата што не им е во употреба, ем ќе им овозможат на градските џаболебаџи (администрација) да го сместат газот во центар од каде ќе тераат подобра кафе шема. |
|
hcitrS
Senior Member Joined: 27-Nov-2015 Online Status: Offline Posts: 880 |
Quote Reply #248 Posted: 07-Nov-2019 at 22:35 |
На една од претходните страни наведено е дека објектот има 1200 квадрти во основа плус 5 ката. Значи 6000 метри квадратни? Не се некако многу 2116 еур по квадрат за изградба?
|
|
stratus
Senior Member Joined: 19-Aug-2010 Location: Bitola/Skopje Online Status: Offline Posts: 754 |
Quote Reply #249 Posted: 08-Nov-2019 at 00:37 |
Моја проценка (Мислам дека сумата е целосно реална)
Парцела = 2300м2 (400 евра квадрат) = 1м Објект = 5+П х 1270м2 = 7620м2 (1400евра квадрат) = 10,7м Паркинг места = 153 (~6000евра по паркинг место) = 1м Вкупно = 12.7м Според призма.бирн.еу, овој објект е платен 20.5 милиони евра |
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20987 |
Quote Reply #250 Posted: 10-Dec-2019 at 07:47 |
Дали ќе се оствари желбата на Шилегов да има канцеларија на плоштад?
Нова фасада и можеби нови станари во зградата на ЕВН. Од АД ЕСМ одговорија дека пред десетина дена добиле официјална понуда од ЕВН за продажба на нивниот дел од зградата. – Управниот одбор ја разгледува понудата и до крајот на месецов ќе ја извести Владата како сопственик на АД ЕСМ. Доколку се откупи зградата, тогаш следен чекор е завршување на фасадата. Според нацртите кои веќе се подготвени, стилот нема да биде барок туку ќе биде во духот на претходната препознатлива стаклена фасада на ЕСМ, информираа од ЕСМ Скопскиот градоначалник Петре Шилегов ниту ја негираше, ниту ја потврди информацијата дека градската администрација ќе се всели во зградата на ЕВН која се наоѓа на Градскиот плоштад. Дали со ова ќе се оствари желбата Шилегов, да има канцеларија на плоштад останува да се види, бидејќи и тој самиот рече дека за тоа сè уште не е одлучено. – Градот нема донесено одлука за преселба на администрацијата, кога ќе се донесе ќе се знае – истакна Шилегов. Тој најави дека многу брзо ќе биде решен проблемот со фасадата на зградата на ЕВН која се наоѓа во центарот на Плоштад „Македонија“. – Очекувам брзо да биде распишан јавен оглас, ЕВН и ЕЛЕМ ги имаат надминато правните проблеми. Кога ќе се прекине договорот за барокната фасада која беше дел од проектот „Скопје 2014“ ќе може да се започне постапката – изјави Шилегов. ЕВН сакаше да го продава својот дел од зградата и не беше заинтересирана да ја прави фасадата, додека ЕСМ топката ја префрлаше на ЕВН дека со продажбата ги кочи работите со фасадата. Од ЕВН за весникот „Вечер“ изјавија дека оваа зграда ќе биде предмет на продажба и дека во тоа не се сами, бидејќи дел од зградата ја има и ЕСМ па не би можеле да кажат што понатаму ќе се случи со фасадата. Од АД ЕСМ одговорија дека пред десетина дена добиле официјална понуда од ЕВН за продажба на нивниот дел од зградата. – Управниот одбор ја разгледува понудата и до крајот на месецов ќе ја извести Владата како сопственик на АД ЕСМ. Доколку се откупи зградата, тогаш следен чекор е завршување на фасадата. Според нацртите кои веќе се подготвени, стилот нема да биде барок, туку ќе биде во духот на претходната препознатлива стаклена фасада на ЕСМ – информираа од ЕСМ. Според ЕСМ, правните проблеми се однесуваа на тристраниот договор за фасадата меѓу ЕЛЕМ, ЕВН и Бетон, кога реновирањето пред неколку години беше запрено по барање на ЕВН. https://www.vecer.press/дали-ќе-се-оствари-желбата-на-шилегов-д/ |
|
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15284 |
Quote Reply #251 Posted: 05-Jan-2020 at 16:43 |
Тргнати се тарабите...
влезот: |
|
За сè има вторпат
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20987 |
Quote Reply #252 Posted: 05-Jan-2020 at 16:59 |
Сега веројатно треба ЕВН да се преселат тука...? Ќе треба со нешто да го покријат изрезбаниот грб на градот бидејќи сега нема некоја голема поента откако се изврши продажбата...
|
|
гитардемон
Senior Member Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5424 |
Quote Reply #253 Posted: 05-Jan-2020 at 19:31 |
Уште не научија дека ваквите градби треба да имаат огромна импозантна влезна врата, а не едно онакво вратиче.
|
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
|
Staro Skopje
Senior Member Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
Quote Reply #254 Posted: 06-May-2020 at 23:49 |
Штета што не се изградил проектот на Равникар Дали некаде може да се најде победничката идеја на Константиновски од 1978?
извор |
|
Градот убав никна, но го откорнаа
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20987 |
Quote Reply #255 Posted: 22-Sep-2020 at 20:49 |
Од пред скоро време ЕВН се преселиле во објектов. Незнам како е во внатрешноста,за градот беше тесна но ете очигледно за нив е доволна. Веројатно повторно е проблем паркинг за странки,незнам како е тоа решено.
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20987 |
Quote Reply #256 Posted: 25-May-2021 at 08:50 |
Опис:
Изградена е Градска куќа за потребите на администрацијата на Град Скопје. Објектот е во неокласичен стил и таму треба да бидат сместени: кабинетот на градоначалникот на град Скопје, Архивата на Град Скопје, салата за Советот, како и други простории за градската администрација. Изградена е со конвенционални материјали и фасада во стакло. Вредност: 14.300.000 € Период: 06/2011 - 11/2019 https://www.beton.com.mk/project/izgradba-na-gradska-kukja/ |
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20987 |
Quote Reply #257 Posted: 29-Jul-2021 at 15:31 |
Деновиве изгледа има некакви интервенции на фасадата
https://www.facebook.com/jusmdooel |
|
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15284 |
Quote Reply #258 Posted: 31-Jul-2021 at 13:05 |
Градскиот грб е дефинитивно избришан, се гледа и горе на фотката.
|
|
За сè има вторпат
|
|
skopskodete
Senior Member Joined: 17-Feb-2017 Online Status: Offline Posts: 926 |
Quote Reply #259 Posted: 31-Jul-2021 at 15:29 |
Јас мислев ЕВН ќе пишат на истото место.
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20987 |
Quote Reply #260 Posted: 04-Oct-2021 at 09:12 |
ГРАД СКОПЈЕ ОБЈАВИ ОГЛАС ЗА КУПУВАЊЕ ГРАДСКА КУЌА, МОРА ДА БИДЕ ВО СТРОГИОТ ЦЕНТАР И ДА ЧИНИ ДО 11 МИЛИОНИ ЕВРА
Град Скопје објави оглас за купување Градска куќа. Според условите наведени во огласот, новиот објект во кој ќе бидат сместени градоначалникот на Град Скопје и градската администрација, мора да биде во строгиот центар на градот односно во Мал ринг. Да има површина од 4.000 до 9.000 метри квадратни, паркинг простор за 20 до 70 возила, обезбедена инфраструктура и имотен лист или лист за предбележување. „Проценетата вредност за набавка на објектот не треба да биде поголема од 11 милиони евра со вклучен ДДВ. Парите се обезбедените од буџетот на Град Скопје, а плаќањето ќе се врши на најмногу 24 месечни рати“, стои во огласот објавен во неколку дневни весници минатата недела. Рокот на поднесување на понудите е 15 календарски дена од денот на објавување на огласот, односно понудите треба да се достават најдоцна до 13 октомври. Во моментов, градоначалникот на Град Скопје и администрацијата се сместени во бараките кај Градски парк. Откако ќе се исели градската администрација во нов објект, на местото на бараките ќе се гради монтажен паркинг со спортски терени. Маркичката за деловен простор на оваа парцела, со приземје, 5 ката и поткровје, e избришана со новиот Детален урбанистички план Градска четврт 3.12- локалитет Парк 1 и дел од Дебар Маало 2. Градоначалникот Петре Шилегов пред две години за 12.7 милиони евра ѝ ја продаде Градската куќа на кејот на реката Вардар под тврдината Кале на австриската компанија ЕВН. Одлуката за продажба на објектот кој почна да го гради неговиот претходник Коце Трајановски беше донесена со образложение дека се наоѓа на несоодветна локација и нема да ги собере сите вработени во Градот. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/grad-skopje-objavi-oglas-za-kupuvane-gradska-kuka-mora-da-bide-vo-strogiot-tsentar-i-da-chini-do-11-milioni-evra/ |
|
Post Reply | Page <1 11121314> |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |