ГУП - Скопје |
Post Reply | Page <1 891011> |
Author | ||
David
Senior Member Joined: 05-Feb-2020 Online Status: Offline Posts: 211 |
Quote Reply #181 Posted: 21-May-2020 at 18:24 | |
ok ok my bad |
||
David
Senior Member Joined: 05-Feb-2020 Online Status: Offline Posts: 211 |
Quote Reply #182 Posted: 22-May-2020 at 08:09 | |
Јас мислам дека веќе ни во Дака,Бангладеш не се градат вакви заостанати сраља,сликата не доловува колку ефтино изгледа зградава,една рака боја фрлиле и толку. Местово беше таман за деловен објект до Веро,тие на сред булевар градат вакво НЕШТО. Одлична улога изигра Филип Темелковски најнеодговорниот и најнеспособен градоначалник во цела Македонија,одлично го продолжи архитектонското и економско уништување на Кисела Вода. Браво. |
||
Staro Skopje
Senior Member Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
Quote Reply #183 Posted: 22-May-2020 at 09:32 | |
Ми се стемни кога ја видов
Добро би било некој да поразговара со инвеститорот и архитектот и да ги праша зошто објектот е ваков каков што е, а и со купувачите, да дознае зошто купиле стан токму тука, како се задоволни од зградата, паркингот, околината... Среќа у несреќа е што фасади се менуваат, ама тоа треба да биде на личен трошок на вработените во општината, инвеститорот и станарите. Да се најде некој начин сите ѓубредржачи да се притиснат на тоа. Edited by Staro Skopje - 22-May-2020 at 09:33 |
||
Градот убав никна, но го откорнаа
|
||
gox_
Newbiе Joined: 25-Nov-2019 Online Status: Offline Posts: 2 |
Quote Reply #184 Posted: 22-May-2020 at 11:36 | |
Живеам во близина на зградава, и ја следам градбата уште од почеток. Во живот немам видено нешто понеквалитетно во поглед на материјали и изведба. За пример, од страната на Веро, на трет или четврти спрат имаа испапчен буквално конвексен надворешен ѕид кој што после само го покрија со фасадата. И да, воопшто не личи на рендерот. Инаку мислам дека изведувачот е некој фирма од с. Вратница. |
||
smickovskid
Newbiе Joined: 22-May-2020 Online Status: Offline Posts: 0 |
Quote Reply #185 Posted: 22-May-2020 at 14:43 | |
Здраво дечки,
Во потрага сум по стан и многу ми се допаѓаат мали зградички како што градат во тафталиџе / козле (тој регион отприлика). Неколку фирми и проектанти / архитекти успеав да дознаам додека скролав низ thread-ov, па ако имате некоја фирма да препорачате да видам дали градат или планираат нешто. Барам во стилот на Атика, Lapiz darvage, ОСНАП Архитекти. Ако ви текне на некои вакви фирми би ми помогнало за да ги исконтактирам и да видам какви идни проекти имаат. Фала |
||
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20960 |
Quote Reply #186 Posted: 22-May-2020 at 15:37 | |
Па тука би ги додал Seismic Design и ДДМ Инженеринг,и двете компании нудат вакви мали зградички од по 3-4 ката и чинам дека најавуваат нови проекти низ Влае и Тафталиџе(посети ги веб и фб страните на компаниите кои ги споменав за повеќе инфо и плус фб страната на МА Дизајн каде го има комплексот кој ДДМ треба да го градат во Влае). |
||
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20960 |
Quote Reply #187 Posted: 22-May-2020 at 15:42 | |
Објектот на Бонор Инженеринг во Кисела Вода
https://www.facebook.com/БОНОР-инженеринг-BONOR-inzenering |
||
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15281 |
Quote Reply #188 Posted: 22-May-2020 at 15:43 | |
Автокоманда, кај кружниот тек пред Железара
|
||
За сè има вторпат
|
||
user8642
Senior Member Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2034 |
Quote Reply #189 Posted: 23-May-2020 at 13:39 | |
Ме зачудува како тоа така на лесен начин се прелеа оваа култура на поткровја и надвор од Скопје. Да, во Скопје мотив беше висината на комуналиите кои се поефтини и јагмата секој да живее во Карпош, Центар, Кисела, Вода , Аеродром, или па цената на земјиштето па мораше да се извади повеќе или број на стари куќи кои требаше да бидат обештетени.
Ама како тоа побогу отиде ете вака во Кочани, па у Кочани ниту комуналиите се толку високи, ниту па некој се тепа да живее во Кочани, ниту земјиштето е скапо , напротив го има во изобилство. Што па мора да се иде на 100% процент на изграденост? Ако Скопје некогаш беше провинција за Белград и архитектонските ветрови што тамо дуваа се пренесуваа како фарса во Скопје, што па мора сега урбаното дивјаштво афтентично скопско, да се пренесува и по други градови некаде. Толку ли им треба тоа поткровје во Кочани кое има барем 100тина куќи празни со преку 100m2. |
||
Staro Skopje
Senior Member Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
Quote Reply #190 Posted: 21-Sep-2020 at 21:07 | |
ПОТПИШАН ДОГОВОРОТ ЗА НОВИОТ ГУП НА СКОПЈЕ
skopje.gov.mk |
||
Градот убав никна, но го откорнаа
|
||
Staro Skopje
Senior Member Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
Quote Reply #191 Posted: 22-Sep-2020 at 11:14 | |
Која е трасата на јужната обиколница?
|
||
Градот убав никна, но го откорнаа
|
||
Théoden
Senior Member Joined: 31-May-2018 Location: Р. Македонија Online Status: Offline Posts: 569 |
Quote Reply #192 Posted: 22-Sep-2020 at 13:16 | |
Од зад Реплек, над Жданец, Трнодол и Козле, треба да излезе на Панорама, и оттука над Кисела Вода да заврши на последниот кружен тек на бул. „Србија“. Се гледа и на тековниот ГУП погоре, обична улица е, не булевар.
|
||
MKDSTRUGA
Senior Member Joined: 20-Jun-2018 Online Status: Offline Posts: 460 |
Quote Reply #193 Posted: 22-Sep-2020 at 13:46 | |
Juzen bulevar ili juzna obikolnica pominuva na mestoto na parkovite pokraj bulevarot Teodosij Gologanov pa se nadovrzuva na Tunelite pod Limak i izleguva pozadi Flatron zgradata na Adora vo Kisela voda potoa odi pravi izleguva od Skopje i se spojuva na avtopatot nekade kaj obikolnicata. Zapadniot vlez pocnuva od avtopatot TE-SK nekade pred Saraj i kaj Replek se spusta na mestoto od parkovite pokraj Tesodosij Gologanov.
|
||
skopskodete
Senior Member Joined: 17-Feb-2017 Online Status: Offline Posts: 926 |
Quote Reply #194 Posted: 22-Sep-2020 at 18:12 | |
Новиот ГУП го има некаде?
|
||
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20960 |
Quote Reply #195 Posted: 22-Sep-2020 at 20:51 | |
Новиот(2022-2032) е во изработка стариот е од 2012. |
||
Théoden
Senior Member Joined: 31-May-2018 Location: Р. Македонија Online Status: Offline Posts: 569 |
Quote Reply #196 Posted: 22-Sep-2020 at 20:54 | |
Јужен булевар =/= јужна обиколница. Се работи за две различни сообраќајни врски. И јас прво се сепнав кога првпат најавија дека ќе ја бришат јужната обиколница, да не случајно мислат на Јужен булевар, но не е така. За јужната обиколница веројатно е и подобро вака да се избрише, но бришење на јужниот булевар би било фрлање една вечна клетва за хаотичен сообраќај над Скопје. |
||
Staro Skopje
Senior Member Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
Quote Reply #197 Posted: 22-Sep-2020 at 21:27 | |
„Јужна обиколница“ за мене значи автопат ист како и северната обиколница. Изградба на автопат на подножјето на Водно е глупост која би ја уништила природата, а не би била од големо значење за сообраќајот, особено ако се изградат останатите сообраќајници.
Улицата за која зборува Theoden е обична улица која ваква каква што е можеби би била корисна (иако треба добра анализа за влијанието врз животната средина), но во никој случај не смее да прерасне во нешто поголемо, ниту пак може да има некаква улога во градскиот и меѓуградскиот транзит. Јужен булевар во голем дел е или пробиен, или на места каде што не ја загрозува природата. Пореални прашања се дали тој треба да биде урбан автопат, со клучки и сервисни улици до него, или булевар со по некоја клучка, како и тоа дали треба пробивање помеѓу нас. 11 Октомври и пругата, или доволно е да го следи бул. Борис Трајковски од клучката кај Билна. Помалку реално е прашањето за пробивање на Јужен од Нерези до обиколница во Сарај; шансите за ова се и онака мали. Засега е доволно подобрување на постоечкиот пат, а за Јужен би можело да се размислува ако во Сарај се изгради станбена населба за 15-20 илјади луѓе. |
||
Градот убав никна, но го откорнаа
|
||
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20960 |
Quote Reply #198 Posted: 28-Jul-2021 at 11:19 | |
Дали ќе стане Скопје град со кој повторно ќе може да се гордееме или место неподносливо за нормален живот најмногу ќе зависи од параметрите во новиот Генерален урбанистички план 2022-2032 и од начинот на неговата примена. Овој план се изработува со финансиска поддршка на Министерството за транспорт и врски, а во неговата подготовка директно е вклучена Агенцијата за просторно планирање. Од Град Скопје чијшто Совет го има последниот збор за усвојувањето на финалната верзија на новиот ГУП велат дека интензивно се работи на овој стратешки документ. Од Агенцијата решија да молчат.
https://samoprasaj.mk/istrazuvanja/na-vizijata-za-skopje-i-nedostiga-zdrav-razum/ |
||
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20960 |
Quote Reply #199 Posted: 07-Jun-2022 at 10:21 | |
НОВИОТ ГЕНЕРАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА СКОПЈЕ УШТЕ Е НА ПОЧЕТОК, УРБАНИСТИТЕ ВЕЛАТ И ВГОДИНА ЌЕ СЕ ПЛАНИРА СПОРЕД СТАРИОТ
Новиот Генерален урбанистички план (ГУП) на Скопје нема шанси да биде готов годинава, а мали се шансите да се изработи и да биде донесен и догодина. Генералниот план, според кој сега се планира градот и се изработуваат Деталните урбанистички планови (ДУП), беше донесен во времето на ексградоначалникот Коце Трајановски и е со важност 2012-2022 година. Веќе сме средина на 2022, а новиот ГУП е на почеток. Урбанисти од неколку скопски општини кои работат во секторите за урбанистичко планирање за САКАМДАКАЖАМ.МК велат дека нема абер од новиот ГУП, кој како што ветуваа и од минатата и од сегашната градска власт, треба да донесе подобро планирање на главниот град и средување на урбанистичкиот хаос. „И догодина Скопје ќе се планира според стариот ГУП. Законски пречки можеби нема што во 2023 уште ќе немаме нов план за Скопје бидејќи на стариот му истекува важноста, но проблемот е тоа што ќе се планира и гради Скопје според лош план. Дури сега бевме повикани од Град Скопје да доставиме податоци, што значи дека постапката е на самиот почеток. Допрва треба да се снима теренот, па да се изработува планот, а за тоа е потребно време“, велат од секторите за урбанизам во скопските општини. Директорката на Агенцијата за планирање на просторот која треба да го изработи новиот ГУП, Андријана Андреева, не сакаше да каже кога ќе биде готов новиот план. Ни изјави дека постапките си течат и за сите информации да ги бараме во Град Скопје кои се нарачатели на планот. Од Град Скопје редакцијата САКАМДАКАЖАМ.МК еден месец не доби информација до каде е постапката за новиот ГУП, кога се очекува да биде готов и какви ќе бидат насоките за идниот развој на градот и ставовите на градоначалничката Данела Арсовска. Прашањата ги испративме на 6 мај и до денеска одговор нема. Градоначалничката Данела Арсовска во изборната кампања велеше дека кога ќе се изработи новиот Генерален план ќе го даде на увид на граѓаните, па дури откако ќе ги слушне нивното мислење, тој ќе биде донесен. „Новиот ГУП ќе мапира и ќе креира каква ќе ни биде иднината на нас овде во главниот град, воопшто и во државата, затоа што Скопје е центарот на Македонија и верувам дека треба да биде оставен на сите оние личности кои се експерти од областа затоа што има луѓе кои што можат добро и квалитетно да ја завршат оваа работа. Меѓутоа, уште поважно е тоа што сметам дека Генералниот урбанистички план треба да се отвори за граѓаните. Секој од граѓаните да може да види и да знае што е она кое што се планира да му се направи, да му се изгради или да се креира како решение во неговото маало, да не почнеме да се будиме наутро и да гледаме дека некој на три метри од прозорот ни гради ново здание бетонско и ни гради нова зграда“, говореше Арсовска во изборната кампања. Ексградоначалникот Петре Шилеговв во октомври 2019 на прес-конференција најави дека Град Скопје ја почнува постапката за носење на новиот ГУП. Тогаш Шилегов кажа дека со новото планирање на главниот град ќе се избрише јужната обиколница на Водно. „Во текот на изработката на новиот ГУП, верувам дека ќе бидат разгледани можностите за отстранување на некои недостатоци од постојната планска документација. За пример ја земам постојната јужна обиколница, која според мое мислење и мислење на стручната јавност, е спротивна на принципите за заштита на животната средина, имајќи предвид дека за нејзиното пробивање потребно е да се уништи добар дел од зеленилото на Водно“, рече Шилегов на прес-конференцијата во октомври 2019. Сега сите Детални урбанистички планови се носат врз основа на Генералниот план на Скопје. Градоначалниците на скопските општини при носењето на ДУП-те, маркичките за згради што ги цртаат ги правдааат дека тоа е предвидено со ГУП и дека не може да цртаат зеленило кога со генералниот план се предвидува намена домување. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/noviot-generalen-urbanistichki-plan-za-skopje-ushte-e-na-pochetok-urbanistite-velat-i-vgodina-ke-se-planira-spored-stariot/ |
||
Carpe diem
|
||
Vire
Senior Member Joined: 17-Aug-2021 Online Status: Online Posts: 396 |
Quote Reply #200 Posted: 07-Jun-2022 at 12:20 | |
Вака накратко јас шо би подвлекол ко поважно според мене:
1-Драстично бришење и намалување на катност на оние зградурини шо се 6+1,8+2,5+1 2-Воведување на архитектонски правец за сите следни градби шо ќе добијат одобрение оти вака каша попара личи градо,јас пример би му дал одврзани раце на АТТИКА и слични компании од тој правец,знат шо прат љуѓето. 3-Стопирање за проширување и градење нови улици,катни гаражи,паркинзи,најмногу заради преголемата загаденост,на Запад ги одвикнаја љуѓето од кола,а и на Исток бога ми,редно е и оваја стока овде да се научит на ред. 4-Метро или Трамвај,некаков корисен јавен превоз а да не се автобуси кои се покажаја ко завршена приказна со појќе контра ефекти отколку корист. 5-Ослободување на простор,рушење на згради,ѕидови,бараки кои се дотраени,опасни или во бескрајна судска процедура,исто така и на нови згради изградени под сомнителни околности. 6-Дрва,не паркој,клупи,урбана опрема,споменици,фонтани и слични шеми за перење пари,туку само дрва,за почеток. 7.Облакодери,да сум за облакодери,за вистински модерен изглед на еден главен град,не оваков каков шо презентирање данела,стакларник,имат и други материјали некој требит да и кажи. 8.Да се најди решение за онај граден недограден барок,или нека се рушит или нека се догради со вистински материјали,макета фасадите да се тргнат и да се напрат ко што личит центаро на секој главен град во Европа ДА во БАРОК,и НЕ барок не е само антички столбој и споменици аман,ГТЦ со зградите прв требит да се среди,АКО се користат вистински материјали(КО ЗА МИНИСТЕРСТВО ЗА ЕКОНОМИЈА),оти ги знаеше Ставре шо прат и не му даде да му сместат пластика и стиропор,естетски убо ќе изгледат тој дел средит да заличит на нешто поасално. 9-Градски Ѕид,Пошта,УКИМ,пијќето згради на главен булевар шо гледат...не зна за ними шо е чарето ама некое чаре требит да се најди оти тие згради ем се грди,ем се симбол на руско влијание/комунистички режим. 10.Туристички атракции,моментално пондудата е Буши и наргиле дување. |
||
Post Reply | Page <1 891011> |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |