Author |
Topic Search Topic Options
|
beTon
Senior Member
Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
|
Quote Reply
#1 Topic: Книжара Posted: 22-Feb-2009 at 00:20 |
прво би ја посочил јубилејната монографија за скопскиот земјотрес Скопје ’63-’83 од која веќе има извадоци на форумов. иако не е енциклопедиска и е поопшта книга со најголем акцент на последната скопска катастрофа, сепак истата изобилува со раритетни и добри фотки од кои повеќето од новото скопје се постирани во истата нишка ... во контекст еве уште една нова интересна книга со малку по поетски пристап која се надевам дека во догледно време и за неа ќе најдам време
"Девојката и архитектот" роман на Васил Василевски
Неодамна во Македонската академија на науките и уметностите беше промовиран романот "Девојката и архитектот" од Васил Василевски. За книгата академик Крум Томовски напиша дека е ова роман во кој авторот на суптилен начин го опишува учеството на бројни експерти од областа на архитектурата, урбанизмот и на градежништвото во обновата на Скопје, по силниот земјотрес во 1963 година. Томовски вели дека авторот пишува за залагањето на главниот јунак во расчистувањето на урнатините, но ја опишува и неговата љубов која е повеќе имагинарна и која е голема инспирација за неговата работа. Академик Радован Павловски за делото на Василевски, кој е познат по неговите книги од областа на архитектурата и кому ова му е прва литературно дело, вели дека овој роман е несекојдневен настан во нашата литература. "Тој е напишан со жив, современ јазик и е со лесни дијалози, лесно се чита зашто на едноставен начин се опфатени настаните во период од педесетина години". Во изданието е пренесен текст и од академик Момир Поленаковиќ кој, меѓу другото, пишува дека ова е книга за големата љубов на главниот лик, љубов која во целост не се остварува, што е причина поради која тој речиси целиот живот го минува во страдања. Книгата чини 300 денари.
Вест - 05.02.2009 |
Edited by beTon - 20-Aug-2023 at 14:23
|
|
beTon
Senior Member
Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
|
Quote Reply
#2 Posted: 22-Feb-2009 at 02:00 |
"Да не ја утнам темата" збирка фељтони за СК од Мојсо Мојсовски ... Оваа книга претставува цела серија написи издадени во колумните на двонеделникот “ Свет” во периодот од 1995 – 1997 година. Тоа се 55 посебни наслови што ги врзува една единствена нишка – Скопје од нашата младост, од 50-те па се до предземјотресните години. Всушност книгата ќе им помогне на читателите да се потсетат на својот град што стана метропола, но го загуби својот лик, шмекот и душата. Потсетувајќи се на добрите стари времиња добиваме желба да му го вратиме она што му недостасува на саканиот град. |
"Црнопис за еден непребол" поетска збирка за СК од Марко Илкоски во која 40 песни се поетски влог во одбележувањето на 40 годишнината од скопскиот земјотрес на 26 јули 1963 година.З аедничка цел е збогатување на збирката песни за Скопје што поетите го потврдуваат континуитетот на поетското творештво за својот град, ја продолжуваат благородната мисија за чување на спомените од преземјотресно Скопје, за градот на нашето маало и нашата младост, но даваат и поддршка кон сечиј искрен придонес во развојот на ново и современо Скопје, како град на иднината и светската солидарност. [1] |
Edited by beTon - 20-Aug-2023 at 15:00
|
|
La Linea
Senior Member
Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
|
Quote Reply
#3 Posted: 22-Feb-2009 at 02:16 |
Бетон, како ја замислуваш нишкава? Како „музика“ но за книжевност? Некој посебен литературен правец можеби ?
|
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
|
beTon
Senior Member
Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
|
Quote Reply
#4 Posted: 22-Feb-2009 at 02:22 |
"Песни за Скопје" поезија за СК од Васил Тоциновски
Градовите како луѓето имаат душа.Тоа се оние градови кои имаат свое минато, па по тоа градовите и луѓето се слични што на најуверлив начин ги потврдуваат илјадниците стихови на македонските и поети од сите страни на светот посветени на Скопје. Така тие ја испишале единствената, неповторлива и оригинална лирска историја на градот. |
"Ѕвездите над Скопје" роман за СК од Томислав Османли
Два драмски текста “Светулки во ноќта” и “Техно ѕвезда”, кои низ богатството од ликови и карактери, настани и случки од спомените за старо Скопје нe враќаат во неговите шеесети години до катастрофалниот земјотрес во 1963 година и во последната година од траyматичното столетие кое ги остава своите траги и врз неговата опстојба. |
"Го сакам Скопје" фељтони за СК од Данило Коцевски
Книгата е составена од кратки прозни записи за времиња, настани и личности од историјата на Скопје, за нештата кои некогаш биле живот, а денеска многу од сето тоа останало да живее само во спомените. Книга за возвратена љубов кон македонската престолнина од неговите луѓе и од сите оние кои некогаш престојувале или само минале низ него. 800 ден. |
~
~
Скопје 1963-2013 ~ Блаже Конески / Гане Тодоровски / Славко Јаневски [1] |
Две изданија со драми за Скопје од Томислав Османли
април 9, 2019 ~ Деновиве e објавен изборот „Драми за Скопје 1 и 2“ на драмскиот автор, сценарист и прозаист Томилав Османли. Станува збор за издание во два дела, во која се поместени пиеси, монодрами и сценски прикази со Скопје, кои се еден вид хронологија на неговото драмско творештво.
Во првата книга се содржани трите целовечерни пиеси: „Светулки во ноќта“, „Техно ѕвезда“ и „Пат за Парамарибо“, проследени со информации за нивните изведби и со предговорите на авторот напишани за театарските програми. Во втората книга се посметени монодрамите „Облачна исповед“ и „Дирекција за внатрешна контрола“ (единствен неизведен текст од двотомната објава), како и сценските повести „Мементо за еден град“ и „Пруга за ледната пролет“.
Во своите пиеси, Османли се јавува делумно со носталгии во историските чувствувања на Скопје, но и со тревожен драматски лиризам. Во своите театарски текстови тој критички говори за времињата на новите искушенија на Градот низ судбините и психолошките прекршувања на неговите обични, мали луѓе. Така, два од неговите драмски текста се непосредни реплики на југословенската војна која во 1999 се случуваше во соседството („Техно ѕвезда“, изведена 2000 година), и на судирот од 2001 година кај нас, и светскиот судир започнат со терористичките акти врз Америка (во пиесата „Пат за Парамарибо“, изведена 2002-та).
Книгоиздателството „ВиГ Зеница“, издавач на ова издание, кои овие две дела на Османли ги претставуваат, како имагинативно бродење низ историјата, и сценски погледи врз нејзините хировити игри што се случуваат на еден простор, во Скопје, но и во драмата на обичниот човек збиен во големата, драматична мелница на историјата. Во овие драми на свој начин се спојуваат минатото сегашноста и иднината.
За досегашните сви драми поставени на сцените во театрите во Макеоднија авторот има добиено и повеќе награди и признанија.
https://www.kulart.mk/kultura/dve-izdanija-so-drami-za-skopje-od-tomisva-osmanli/ |
Скопје, 16 октомври 2021 (МИА) - Од печат излегоа две книги за Скопје, насловени „Песни за Скопје“ и „Есеи за Скопје“ со кои авторот Христо Петрески ја надополнува новата едиција со изданија посветени на Скопје.
„Песни за Скопје“ е во издание на Издавачката куќа „Феникс“. Станува збор за нов поетски избор, кој го Петрески, а се застапени вкупно 21 поет од земјава и странство. Меѓу нив се и Катица Ќулафкова и Милутин Ѓуричковиќ од Србија, Владо Јаневски од Австралија, Трајче Кацаров и Саво Костадиновски од Германија, Наталија Неделкова од Бугарија, Олга Панкина од Русија, Мито Спасевски, Емељ Туна, Атанас Чупоски и други.
Додека пак, во издание на Институтот за наука, алтернатива, култура и уметност - ИНАКУ е објавена книгата „Есеи за Скопје“. Во неа се застапени 11 автори, меѓу кои Томислав Маријан Билосниќ од Хрватска, Славчо Ковилоски и Бранка Селаковиќ од Србија, Звонко Танески од Словачка, Васил Тоциновски, Огнен Неделковски и Ерол Туфан од Турција, Мимоза Рајл и други.
Минатата година Петрески ја подготви и објави и книгата „Планета Скопје“, во која, исто така, беа застапени поголем број македонски прозаисти со свои раскази. [1] |
Edited by beTon - 20-Aug-2023 at 14:58
|
|
beTon
Senior Member
Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
|
Quote Reply
#5 Posted: 22-Feb-2009 at 02:24 |
Originally posted by La Linea
Бетон, како ја замислуваш нишкава? Како „музика“ но за книжевност? Некој посебен литературен правец можеби ? |
од стручна литература па се до белетристика, јасно во контекст на форумов!!!
|
|
beTon
Senior Member
Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
|
Quote Reply
#6 Posted: 22-Feb-2009 at 02:42 |
Нова книга за Скопје од Данило Коцевски
Издавачката куќа „Магор“ ја објави книгата „Чај од јужните мориња“, најново дело на писателот Данило Коцевски, кое ги тематизира настаните и обележјата на старо Скопје, што е и најголема инспирација на овој автор, познат хроничар на Скопје.
Во препознатливиот стил од претходните „Го сакам Скопје“ и „Белешки на осамениот шетач“, и во оваа книга, седма посветена на градот и богата со атрактивни фотографии од некогашно Скопје, Коцевски пишува за мирисите, боите, атмосферата на Скопје, правејќи исклучителна синтеза меѓу старото и новото.
„Ода за скопските костени“, „На Теа, со љубов“, „Егзотично Скопје“, „Приказна за најубавите палати“, „Гулабите се исти, ние сме сменети“, „Најмалата улица на светот“, „Која била кралската ќерка“, се само дел од текстовите застапени во оваа хронологија за Скопје. „И во оваа моја книга, вели авторот, се чувствува мирисот на јужните мориња, за што, впрочем, зборува и насловот, но тоа е метафора на скопската атмосфера и скопскиот асфалт кој копнее по далечни патувања. Текстовите во книгата „Чај од јужните мориња“ беа објавувани од 2002 година во „Време“, „Форум“, „Македонско сонце“, „Дневник“, „Булевар“ и „Денес“, а овојпат првпат се публикувани во целина. “ Книгата е збогатена со фотографии од Музејот на град Скопје и Архивот на Македонија, дел од нив се од приватната колекција на авторот, а дел се позајмени од приватни збирки. Утрински - 26.11.2008 |
|
|
beTon
Senior Member
Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
|
Quote Reply
#7 Posted: 22-Feb-2009 at 23:53 |
ОБЈАВЕНИ РАСКАЗИТЕ „ПРИКАЗНИ ОД СКОПЈЕ“ Томислав Османли влезе во „Најчитаните“ - 08.02.2005
Книгата раскази „Приказни од Скопје“ од прозаистот и драмски автор Томислав Османли излезе деновиве во издание на книгоиздателството „Култура“, во рамките на библиотеката „Најчитаните“. Книгата вклучува 25 помали и поголеми раскази и новели лоцирани во Скопје од предземјотресниот период до денес. „Приказни од Скопје“ го носат поднасловот „за пеперутките, облаците, насмевките и брчките на градот“.
Текстовите во книгата носат топла потрага по моралните и човечки вредности, загубени во земјотресно исчезнатиот град, или потиснати во сенката на транзицискиот меркантилен лавиринт, во кој денес се загубени човекот и градот.
„Приказни од Скопје“ на Османли вклучуваат раскази и новели од неговите две збирки „Пеперутката на детството“, издание на „Мисла“ (1993) и „Виолетни светлини и сенки“, објавена од „Матица“ (2001). Во книгата, под насловот „Облачна исповед“, е и подолгата проза напишана во прво лице, за која Османли пред две години ја доби првата награда на 4. Фестивал на монодрамата во Битола.
Збирката се состои од лирски, носталгични и моралистички интонирани раскази, поделени во четири циклуси: фантазии, облаци, лица и четири годишни времиња, чијашто структура е своевиден мозаик со повеќе теми и раскажувачки стилови, секогаш со топло човечко исходиште. Во таквото видување, топографијата и локацијата на Скопје за авторот не се само поводи за прозните записи посветени на драмата, љубовта, надежта, сеќавањата и на осаменоста на современиот човек, туку и за нашиот сограѓанин запретан во мрежите на носталгијата кон минатото и на меланхолијата на современото живеење. Култура 300 ден. Време - 08.02.2005 |
Томислав Османли [1][2][3] Кон 'Приказни од Скопје" - Пеперугата на скопското детство - У - 18.04.2005 Светулки во ноќта драма за Скопје од шеесетите - Скопска Порака - Томислав Османли „Облачна исповед“ монодрамски текст на Томислав Османли
Иван Ивановски: Нестандардна монодрама со класични атрибути „Апокалиптична комедија“ театарски текст од Томислав Османли
Edited by beTon - 23-Feb-2009 at 03:30
|
|
La Linea
Senior Member
Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
|
Quote Reply
#8 Posted: 23-Feb-2009 at 00:12 |
Јас само би ја посочил книгата на Евлија Челеблија чии патеписи се доволни да отвориме 200 нишки на форумов. Може да се најде во книжарница „ТРИ“
|
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
|
beTon
Senior Member
Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
|
Quote Reply
#9 Posted: 23-Feb-2009 at 02:40 |
дали е оваа "Евлија Челеби за Македонија - 320 ден. избор, адаптација, превод од турски и предговор Илхами Емин". јас оваа ја немам, ги имам неговите патеписи, но во поголема книга помеѓу различни патеписи насловот е "Македонија во делата на странските патеписци 1371-1777" во редакција на акад.Александар Матковски а во издание на Мисла од '91, инаку ова е едиција од девет продолженија знам уште за 1850-1864, 1894-1902 и сега ова новото десетто продолжение.
НОВА КНИГА ПАТЕПИСИ
Македонија во делата на странските патеписци 1903-1904 година
Македонија е убава земја, преубава за да биде гнездо на расна омраза и крвопролевање. Плодна, но сиромашна: продуктивна, но нема ништо, зашто се поти и црнчи за своите пљачкаши..., запишал англискиот новинар Џон Бут непосредно по Илинденското востание "За време на тие возбудливи денови ми се отвори срцето на Македонија, дознав работи што се кријат од жителите на градовите, работи што се дотерани со веродостојна статистика" - ова е дел од извештајот на англискиот новинар Џон Бут, официјален воен дописник на весникот График", објавен во Македонија во делата на странските патеписци 1903-1904". Во книгата се поместени записи на тројца странски патеписци кои ја посетиле Македонија за време и непосредно по Илинденското востание. Најобемен е записот на англискиот публицист Хенри Ноел Брејлсфорд, кој во Македонија дошол веднаш по Илинденското востание како член на Британскиот фонд за помош и пет месеци патувал низ земјата. - Крепосните и сиромашни селани кои немаат ниту сигурност, ниту права, ќе бидат еманципирани само кога ќе бидат ослободени од секојдневното измачување, оценува авторот, изненаден од суровиот даночен систем на Турција совршен за пљачкосување и искористување". - Тие навистина немаат пари, но, од друга страна, немаат потреба од нешто екстра. Во основа, нивниот материјален живот е онаков каков што го воделе нивните предци пред илјада години... Животот се карактеризира со едноставност, работливост и со ограничувања... Ништо не бара од надворешниот свет. Неоптоварен е од развојот и напредокот. Да не се постојаните закани од насилство и измами, човек може да биде среќен во својот материјален свет, запишал Брејлсфорд. Рускиот новинар Рејнхелит Николај Николаевич престојувал во јуни 1904 за да пишува статии за руските весници за поствостаничката состојба.- На прв поглед Македонија не е голема, но какво етнографско шаренило претставува таа само на едно место! Не можете да направите разграничување ниту по националности, ниту по стремежи, ниту по богатство, ниту по сиромаштија. Сето ова е во едно купче, во пределите на еден ист санџак, на една иста каза. Тука е мирното население, тука се заговорниците, тука се ограбените и ограбувачите... Да имаше ред, колку би цветала земјата, констатира рускиот новинар. ... Книгата ја објави издавачката куќа "Ѓурѓа". Редактор е академик Александар Матовски, а оригиналите се чуваат во Конгресната библиотека во вашингтон. Вечер - 17.10.2008 |
~
https://motika.mk/skopje-kumanovo-bitola-ohrid-i-prilep-sto-kazal-za-ovie-gradovi-poznatiot-patopisec-evlija-celebija-roden-na-denesen-den/
Edited by beTon - 20-Aug-2023 at 15:07
|
|
beTon
Senior Member
Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
|
Quote Reply
#10 Posted: 26-Feb-2009 at 13:23 |
"Скриена Македонија" на македонски јазик
Во издание на "Матица македонска" деновиве излезе од печат книгата "Скриена Македонија" од американскиот автор Кристофер Делисо. Книгата пред извесно време беше објавена во Англија, на англиски јазик, а македонското издание пред нашата публика ќе ја претстави самиот автор на претстојниот Саем на книгата, кој започнува во вторник. Делисо в четврток, на штандот на "Матица", ќе ги потпишува книгите.
"Ова ќе биде генерална проба за Саемот во Франкфурт есенва каде што планираме една пообмислена промотивна програма со која, освен книгата и авторот, ќе се обидеме да ја промовираме малку поударно и нашава земја ", вели Дејан Павлевски од "Матица". "Скриена Македонија" е еден вид патопис од охридско-преспанскиот регион од автор кој е, инаку, новинар и истражувач во најпознатиот европски туристички водич "Лоунли планет".
"Сакав да ја погледнам Македонија не од политичка точка туку од аспект на луѓето што живеат околу езерата и од аспект на организацијата на животот. На пример во Пустец, во Албанија на радио пее Тоше Проески, се пие 'скопско', а телефонскиот сигнал е од 'Т-Мобајл'. Чудно: дел од Македонија кој не очекувате да биде таму", вели авторот Делисо.
Вест - 11.04.2008 |
НА МАКЕДОНИЈА И Е ПОТРЕБНА ПРОМОЦИЈА! - ЕГО
Edited by beTon - 20-Aug-2023 at 15:10
|
|
Max
Senior Member
Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3664
|
Quote Reply
#11 Posted: 29-Jul-2011 at 21:45 |
3 томно енциклопедиско издание - Градителите во Македонија - 18-21 век Автор: Георги Константиновски http://www.tabernakul.com.mk/kategorija.asp?ID=1
Книгата е посветена на градителите во Македонија и на нивното творештво што го зафаќа временскиот период од крајот на XVII до крајот на XX век. Таа е поделена во шест поглавија според времето на творештвото и местото на нивното живеење.Книгата има фактографски, историски, едукативен и енциклопедиски карактер. Содржи 280 страници во кои се застапени 393 колор фотографии од објекти и личности, како и 153 основи, пресеци и цртежи. На читателот му е овозможено на лесен и прегледен начин да го согледа богатото духовно и материјално минато создавано во текот на два века. 276 страни, 280mm x 210mm, тврда подврска
Цена: 3.496 ден |
Вториот том од монографијата посветена на градителството во Македонија го обработува творештвото на архитектите во втората половина на ХХ век. 312 страни, 210mm x 280mm, тврда подврска
Цена: 3.496 ден |
Оваа книга е богато илустрирана со голем број фотографии во боја, како и планови на објекти и заедно со претходните две книги го опфаѓаат градителството во Македонија во период од преку 250 години. 360 страни, 210mm x 280mm, тврда подврска
Цена: 3.950 ден |
|
|
mitatos
Senior Member
Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
|
Quote Reply
#12 Posted: 29-Jul-2011 at 22:18 |
Леле какви цени за една книга од 280 страни , wow =)
|
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
|
|
Max
Senior Member
Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3664
|
Quote Reply
#13 Posted: 29-Jul-2011 at 22:43 |
трите книги на проф.Петар Муличкоски - „Духот на македонската куќа-2000„, Духот на македонскиот град-2002„ и „Духот на македонската градба (конструкциите)-2006„ сите изданија на БИГОСС http://www.kubon-sagner.de/opac.html?query=Muli%C4%8Dkoski%2C%20P.
трудовите се дел од научно-истражувачкиот проект-елаборат за културата на просторот од областа на архитектонското и урбанистичкото творештво во Македонија, во периодот од 5 век п.н.е. до 20 век н.е. |
негови изведени објекти т.е. дела се Палата на Управата(Владата), НУБ, Градска Куќа Чаир итн. http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=303&PID=46853#46853
...Петар Муличкоски, професор на Архитектонскиот факултет и автор на книгите „Духот на македонската куќа“, „Духот на македонската градба“ и „Духот на македонскиот град“, информира дека во светот и во архитектонската литературата се познати три куќи, кинеската, јапонска, помпејска и, како што рече, кон нив треба да се додаде и македонската куќа.
Тој потенцира дека македонската куќа и македонскиот град се познати архитектонски творби.
- Македонската национална куќа има посебна вредност затоа што е просторно расчленета и се развива по катови. Македонската куќа е во приземје и кат, но во Охрид куќите имаат два или три ката и се оди по различни скали, веранди, тераси и од тука куќата е расчленета и многу атрактивна. Мислам дека има кредибилитет во современата архитектура, рече Муличкоски.
Тој додаде дека во Македонија недостига Министерство за архитектура, урбанизам и градежништво. Според него, затоа се прават грешки во архитектонската естетика и урбанистичкото планирање. http://www.mia.com.mk/default.aspx?vId=74731709&lId=1&pmId=505 |
|
|
Max
Senior Member
Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3664
|
Quote Reply
#14 Posted: 29-Jul-2011 at 23:43 |
Митат ако сакаш евтино само по огласи http://www.nadlanka.com/viewad.asp?id=50141633021112403 или по препродавачите во центар...
Промовирани 30 книги за архитектура
http://d9500098.u1159.c8.ixwebhosting.com/cat.php?id=8&p=1
Нови 30 стручни книги од проектот на Владата за превод на учебници кои се користат на универзитетите во САД и во Европа беа промовирани изминатава недела на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Новите изданија се од областа на архитектурата и на градежништвото, а досега на македонски јазик се преведени и објавени вкупно 195 книги од 500, колку што се планирани во првата фаза на капиталниот проект. Се работи за книгите „Културата на градење“ од Хауард Дејвис и „Средновековната архитектура“ од Чарлс Б. Мек-Клендон и уште 28 прирачници, најголем дел од нив се изданија на Меѓународната федерација на советодавни инженери (ФИДИК). Во преводите се обработени деловното преговарање и договарање во градежништвото, управување со човечките потенцијали во таа дејност, трошоците, консултантските услуги, изработката на договори за градба и проектирање.
- Изданијата на ФИДИК се користени низ светот, како основен стандард при склучување на договорите, неопходни за почеток на градежни проекти. Од денеска, најзначајните изданија на оваа федерација се достапни и во нашата земја на македонски јазик. Со овој проект, овие врвни дела стануваат лесно достапни во нашите библиотеки, што ќе му овозможи на секој студент да го прошири видикот на знаења, лесно да допре до странската и до врвната литература и да учи од учебниците од кои учат и неговите врсници од најреномираните универзитети во САД, Англија, Франција и во Германија - истакна премиерот на промоцијата од проектот за превод на 500 стручни книги. Книгите етапно ќе се печатат во оваа и наредната година. Целиот проект и преводот на сите 1.050 книги треба да заврши до 2012 година, а секоја книга отпечатена во илјада примероци.
http://architect.mk/arhitektura/domashna/437-promovirani-30-knigi-za-arhitektura |
http://d9500098.u1159.c8.ixwebhosting.com/book.php?id=555 „Нојферт архитектонско проектирање“ е насловот на 39.издание на книгата објавена првпат на македонски јазик, а промовирана денеска на Архитектонскиот факултет во Скопје.
Стручниот рецезент на книгата проф. Анета Христова на денешната промоција рече дека станува збор за прирачник од Ернст Нојферт односно библија на архитектонското проектирање.
- Тоа е првиот досега најопфатен извор на информации за сите области на архитектонското проектирање. Промоцијата се совпаѓа во два јубилеја - 25-годишнината од смртта на Ернст Нојферт и 75-годишнината од издавањето на првото издание на книгата, истакна Христова.
Таа посочи дека во изданието се содржани актуелни теми во архитектурата и градежништвото, од кои најактуелни се јакнењето на свеста за животната средина, за енергетската ефикасност, заштита на енергетските ресурси итн.
Основачот на издавачката куќа Арс Ламина, Дарко Фидановски истакна дека досега изданието е појавено на 18 јазици и го има во над милион копии тираж насекаде низ светот.
- Бидејќи книгата беше дел од проект 500 книги на Владата преку Министерството за транспрот и врски, таа се изработи и е поделена по библиотеките и на други места каде што ќе биде дистрибуирана. Решивме да направиме наше сопствено издание кое ќе биде во продажба засега во книжарницата „Три“ во ГТЦ. Цената на изданието е 3.900 денари, што е 20 до 30 отсто пониска цена од соседните земји. Ќе бидат доделени ваучери за сите студенти да го добијат по цена од 50 отсто попуст, додаде Фидановски.http://miaweb.mia.com.mk/default.aspx?vId=81432761&lId=1&pmId= |
Edited by Max - 29-Jul-2011 at 23:57
|
|
Max
Senior Member
Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3664
|
Quote Reply
#15 Posted: 01-Aug-2011 at 13:41 |
ова не е лошо Andrej_LJ или pavce да ја пазарат, искенираат и качат тука книгава во pdf формат, нели имаше законска одредба дека авторските права престануваат да важат за издавачот т.е. изданието после 50год., во секој случај треба да се праша и авторот... кај нас како реиздание ја нема, освен во библиотека...
Автор: Инж. Арх. Борис Чипан Обем: 61 стр. Формат в мм.: 265х210 Издател: Печатница "Гоце Делчев" - Скопjе Мека подвързия Година на издаване: 1960Състояние: Книгата е в идеален вид и състояние, рядко се намира така запазен екземпляр.
Описание: рядко специализирано издание, ограничен тираж , за ценители , за архитектурата на старият Охрид, придружено от множество фотоси, заснемания, планове и др.
http://bgbook.dir.bg/antbook_old.php?ID=8597 |
|
|
Max
Senior Member
Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3664
|
Quote Reply
#16 Posted: 02-Aug-2011 at 17:14 |
Света Софија, Катедрален храм на Охридската Aрхиепископија
Size: 290x330x10mm Hardback with a protective colour cover Language: Macedonian Pages: 145
Comment: An architectural chronology of the construction and the age-old existence of this church. The book also includes number of architectural sketches and schemes and is further graced with beautiful photographs.
Actual Price: € 89.95 EUR Member Price: € 79.95 EUR http://www.macedonia.co.uk/client/WebForm1.aspx?pid=-1&info=1500 |
http://mk.wikipedia.org/wiki/Борис_Чипан#Библиографија
|
|
Max
Senior Member
Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3664
|
Quote Reply
#17 Posted: 02-Aug-2011 at 17:18 |
|
|
Max
Senior Member
Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3664
|
Quote Reply
#18 Posted: 06-Aug-2011 at 14:21 |
Ognen Marina, Divna Pencic - URBAN TRANSFORMATIONS OF SKOPJE (FRAGMENTED CITY – LEGACY OF HISTORY)
http://www.scribd.com/doc/32179426/Urban-Transformations-of-Skopje
|
|
Max
Senior Member
Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3664
|
Quote Reply
#19 Posted: 10-Aug-2011 at 11:41 |
Даворин Трпески ВИРТУЕЛНИ МОДЕЛИ НА ЖИВЕАЛИШТА ОД МАКЕДОНСКОТО НАРОДНО ГРАДИТЕЛСТВО (Институт за Етнологија и Антропологија) http://www.iea.pmf.ukim.edu.mk/MKD/Kniga_Trpeski.pdf
Виртуелни модели на живеалишта од македонското народно градителство / Даворин Трпески ; [превод на англиски Благица Богдановска]. - Скопје : Природно-математички факултет, 2006 (Скопје : Алфа 94). - 128 стр. : илуст. ; 24 см + 1 ЦД-РОМ |
|
|
Max
Senior Member
Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3664
|
Quote Reply
#20 Posted: 11-Aug-2011 at 17:41 |
печатена пропаганда во очи версајската мировна конференција Македония в образи — La Macedoine illustree (Комитет за изучаване българските земи София 1919) http://promacedonia.com/rami/am/ http://www.kroraina.com/knigi/rami/am/
Иван Микулчиќ Средновековни градови и тврдини во Македонија (МАНУ 1996) http://www.kroraina.com/knigi/im3/index.html http://www.kroraina.com/macedon/mikul.html
|
|