build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Здравствени
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Поликлиника - Сарај

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  12>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20753
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Поликлиника - Сарај
    Posted: 29-Jun-2020 at 16:00
ЕУРОВИА потпиша договор за изградба на нова поликлиника во Сарај, Скопје. Станува збор за модерен комплекс кој ќе обезбеди квалитетни здравствени услуги и социјална заштита. Проектот се состои од површина од 1485,00 м2 и се планира да се спроведе како проект „клуч на рака“ , што значи дека ние ќе бидеме тие кои ќе бидат одговорни за сè, од скицирање на планот до завршување на проектот. Благодарение на нашиот квалификуван, мултидисциплинарен тим и 10-годишно искуство, ЕУРОВИА успешно раководи со сите активности што ги носи изградбата на „клуч на рака“ проекти.

Инвеститор на проектот е Министерството за Здравство Скопје.
Предвидено е проектот да се заврши во 2023 година.



https://www.facebook.com/euroviamk/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20753
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 19-Oct-2020 at 07:28
Originally posted by stef4o

ЕУРОВИА потпиша договор за изградба на нова поликлиника во Сарај, Скопје. Станува збор за модерен комплекс кој ќе обезбеди квалитетни здравствени услуги и социјална заштита. Проектот се состои од површина од 1485,00 м2 и се планира да се спроведе како проект „клуч на рака“ , што значи дека ние ќе бидеме тие кои ќе бидат одговорни за сè, од скицирање на планот до завршување на проектот. Благодарение на нашиот квалификуван, мултидисциплинарен тим и 10-годишно искуство, ЕУРОВИА успешно раководи со сите активности што ги носи изградбата на „клуч на рака“ проекти.

Инвеститор на проектот е Министерството за Здравство Скопје.
Предвидено е проектот да се заврши во 2023 година.



https://www.facebook.com/euroviamk/


Почнуваат со изградба(од фб)



Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20753
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 18-Nov-2020 at 10:33
RC FOUNDATION BEAMS
POLYCLINIC CENTER - SARAJ





https://www.facebook.com/mne.2018

Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20753
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 18-Nov-2020 at 16:23
od instagram

Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20753
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 06-Mar-2021 at 12:42
Се гради нова Поликлиника во Сарај која ќе служи на близу 45 илјади жители



Во тек е изградбата на Поликлиниката во Општина Сарај, која ќе биде дел од Здравствениот дом во Скопје. Според министерот за здравство Венко Филипче, оваа амбуланта ќе служи на близу 45 илјади жители од овој регион кои во овој момент немаат ниту една поликлиника во близина.

Филипче денеска изврши увид во градежните работи на Поликлиниката, и изјави дека ова е дел од една голема инвестиција, посебно во делот на примарното здравство во градот Скопје.

-Оваа амбуланта треба да биде дел од здравствениот дом Скопје и да служи на навистина голем број на жители кои што живеат во овој регион, тоа се близу 45 илјади жители од преку 20 населени места кои во овјо момент немаат поликлиника, ниту амбуланти близу до своите домови, рече Филипче.

Тој посочи дека во оваа Поликлиника треба да има повеќе дејности како лекари по општа медицина, специјалисти, рентген дијагностика и лабораторија, нешто што според министерот, значајно ќе го олесни пристапот кон здравствена услуга.

Филипче исто така потенцира дека е во план во следниот период целосно да се заменат амбулантите во скопските општини во Аеродром, Лисиче, Бутел, Ѓорче Петров и во Карпош. Тоа се, како што рече, амбуланти кои се навистина дотраени. Тој информира дека за првпат исто како тука во Сарај, ќе има нова поликлиника и во Кисела Вода.

Целиот овој систем, оваа инвестиција покажа дека јавното здравство е навистина многу битно. Истиот систем го направивме и со делот на модуларните болници, навистина брзо и ефикасно сега се спремни и се веќе во огромен број и ставени во функција. Навистина има потреба согласно ова зголемување на бројот на новодгијагностицирани пациенти кои што се случува во изминатиот период, рече Филипче.

Дел од инвестицијата, како што посочи, не беше само во инфраструктурата, туку и во примање на кадар.

Изминатиот период примени на работа се над 140 доктори, над 200 медицински сестри, околу 30 лекари специјалисти и сето тоа заокружено со зголемувањето на платите, на примањата сумите за дежурства. Една сериозна инвестиција во јавното здравје, нешто што навистина ни помага да се зголеми квалитетот на услугата, да се олесни пристапот, а сега видливо како во овие услови на пандемија тоа е многу битно, додаде министерот.

Градоначалник на Сарај, Блерим Беџети кој денеска исто така изврши увид во градежните работи во амбулантата, изјави дека ова е многу значаен период за граѓаните на Општина Сарај, во делот на изградбата на поликлиниката, имајќи предвид и бројот на жителите во Сарај и времето и предизвиците кои се пред нас.

-Благодарен сум на Министерството за здравство и на министерот за коректноста со вакво темпо кое се одвиваат работите многу брзо ке биде во финална фаза, и конечно услуги од ваков вид на здравство во поликлиника ќе може да ги добиваат граѓани на Сарај но и другите граѓани, рече градоначалникот.

https://nezavisen.mk/se-gradi-nova-poliklinika-vo-saraj-koja-kje-sluzhi-na-blizu-45-iljadi-zhiteli/
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2029
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 06-Mar-2021 at 16:05
"Здравствен Дом Скопје" со години нема изградено нова амбуланта од калибар на псотоечките 9 како дел од системот на примарно и секундарно јавно здравство: Чаир, Идадија, Букурешт, Јане Сандански, Бит-Пазар, Ѓорче Петров, Ченто, Шуто Оризари и Драчево. Еве добро е што во Сарај се гради поликлиника, но на Скопје му требаат барем уште 4 што сум успеал да ги избројам, а сигурне сум дека и повеќе.

Кога веќе сме се решиле како држава дека сакаме огромен дел од јавното здравство сеуште да стои под државна капа, и не сакаме да го дисперзираме примарното здравство, тогаш барем да се изградат потребните објекти. Наместо да изградиме нормална капиларна мрежа од доктор во секое маало сместени во приватни деловни објекти, ние сакаме да држиме сеуште на купче 10 матични доктори, неколку лаборатории, ренгени и што друго не. У секој случај и да се решиме понатака за друг концепт,обејктите остануваат во служба на приватните ординации, така да во секој случај е добро да ги имаме изградено.

јас идентификував 7 потребни:
- Радишани, во служба на Радишани, сите села од скопска црна гора како и граѓани од Бутел кои по сопствен избор, заради можда етнички мотиви би сакале да не ја користат поликлиника Чаир.
- Скопско Поле, може би и најпотребна. Би ги опслужувала селата: Јурумлери, Петровец, Кадино, Мралино, Илинден, Марино, Идризово, Огњанци, Трубарево. Можда треба и две локации, но ова е огромен дел од население кое мора да добие градски услови за живот и да има саглам здравствена заштита. Сега функционира само приватната болница во Петровец што беше италијанска инвестиција, ама незнам дали покрива све од асортиманот на здравтсни услуги во примарно и секундардно јавно здравство.
- Кисела Вода (одамна општината се подели со Аеродром, а и Јане Сандански како регионална е далеку. Би опслужувала Припор, Усје, Пржино, Црниче, Расадник.
- Лисиче. Далеку е и Аеродром и Драчево. Би опслужувало населба Лисиче, Горно Лисиче, дел од Ново Лисиче и може би Долно Лисиче.
- Соње, регионална за Долно/Горно Соње, Ракотинци, Сопиште, Чифлик, Света Петка, Говрлево, Добир Дол. Практично за цела општина Сопиште. Може би нема многу население, ама не е ни малку, а не е ни близку до останатите. Сега па и со работењево од дома, а и претходно се повеќе наро го бира овој дел од Скопје за свое живеалиште. Не мора да биде со фул-капацитет. На пример доволно е пункт за земање крв и брисеви но немора локална лабаораторија да ги испитува, туку да се носат во друга амбуланта. Не мора да има ОРЛ, очно и незнам некои специјализира лаборатории кои стварно немора да ги има. Доволно е интернист, можда гинеколог, стоматолог и нешто почесто користено. Редуциран, но доволен капацитет.
- Волково, со Кучково кое има се повеќе луѓе кои користат викендици за подолго. Тука се и Никиштане и Орман, можда во иднина и Бардовци кога ќе има саглам нов мост преку Лепенец. Исто така како Сопиште со редуциран капацитет.
- Арачиново, општина со доста население и неколклу околни села кои би ги опслужувало.



Edited by user8642 - 06-Mar-2021 at 16:06
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 06-Mar-2021 at 16:24



Во железара/автокоманда поликлиниката не е дел од "Здравствен Дом Скопје"?



Edited by Cloverstack - 06-Mar-2021 at 16:25
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 1365
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 06-Mar-2021 at 16:33
Чаир, Идадија, Букурешт, Јане Сандански, Бит-Пазар, Ѓорче Петров, Ченто, Шуто Оризари и Драчево, овие набројани се Поликлиники, што значи имаат поголем опфат на услуги, матични лекари, стоматолози, рендген, ехо, специјалисти за повеќе работи и слично.

Железара/Автокоманда, Волково, Дексион, Влае... се амбуланти, што значи нудат мал избор на здравствена заштита.

Инаку, сите се во рамките на Здравствениот дом Скопје.
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2029
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 06-Mar-2021 at 16:41
Незнаев дека постои во Волково амбуланта.

Мислам дека во Драчево порано беше на статус на амбуланта и после тоа се подигна на статус на поликлиника со воведување плус некои услуги.

Слична една има во Кисела Вода (41.974693° 21.443725°), ама ниту знам дека некој ја користел или па дали сеуште работи? Затоа и овие помаливе не ги избројав.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20753
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 06-Mar-2021 at 16:50
Today in the municipality of Saraj were inspected on the construction of the polyclinic, which will have activities as general medicine, rentgen diagnostics specialist and laboratory.
In the presence of the Minister of Health Mr. Venko Filipçe, Deputy Minister Mr. Ilir Hasani, Deputy Minister of Transport and Relations Mr. Bekim Rexhepi and everyone else present we inspected the works of the polyclinic - a very important project for our municipality.
The Polyclinic project is very important for the needs of the municipality of Saraj, this project is the results of good cooperation between Saraj municipality and the Minister of Health and we think that all construction will be completed with this dynamic for a short time and citizens of Saraj municipality will be able to perform health services.
I thank the Minister of Health Mr. Venko Filipçe and Deputy Minister Mr. Ilir Hasani for the implementation of this project up to this stage and I hope that in a short time we will complete the project - President Bexheti stressed.
There are about 45 thousand inhabitants of 24 settlements who have no polyclinics and no ambulance near their homes so they can provide health services - Minister Venko Filipçe stressed.
The construction of the polyclinic is a great project that besides the Municipality of Saraj, it is also in the interest of other municipalities.
_______________________________________________
Today in the presence of the Minister of Health Mr. Venko Filipce, Deputy Minister Mr. Ilir Hasani, Deputy Minister of Transport and Connections Mr. Bekim Rexhepi and everyone else present in the field we have learned about this very important project for the citizens of the municipality of Saraj.
Policyclinic is a very important project for all citizens of the Municipality of Saraj, this is proof of good cooperation between the municipality and the Ministry of Health and I think that with this dynamic in a short time, citizens will have the opportunity to receive health services in the territory of the Municipality of Saraj.
I want to thank the Minister Mr. Venko Filipce and Deputy Minister Mr. Ilir Hasani for the realization of this project to this stage and hopefully for a short time to be ready.
There are about 45 thousand residents of 24 settlements that currently have no polyclinic or ambulance near their homes to be able to provide health services - said Minister Venko Filipce.
The construction of the polyclinic is a great project that, in addition to the Municipality of Saraj, is also in the interest of other municipalities.







https://www.facebook.com/Komuna-Saraj-Municipality-of-Saraj-Општина-Сарај

Edited by stef4o - 06-Mar-2021 at 16:50
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 06-Mar-2021 at 17:01

@ ehrlich

Железара официјално се вика „ЈЗУ Поликлиника на секундарно ниво“, а има и широко портфолио:


На примарно ниво се обезбедува здравствена заштита на населението, на вработени и пензионери, со матични доктори од општа медицина, стоматологија и гинекологија, кои со трансформацијата на примарната здравствена заштита работат како концесионери во установата.

На секундарно ниво ЈЗУ Поликлиника на секундарно ниво Железара – Скопје, обезбедува специјалистичко консултативна здравствена заштита која се извршува на високо професионално и стручно ниво. Таа овозможува здравствена заштита и унапредување на здравјето, навремено лекување, континуирано следење на здравствената состојба на населението.


ЛИСТА НА ОРГАНИЗАЦИОНИ ЕДИНИЦИ во ЈЗУ Здравствствена станица Железара-Скопје

1. СЛУЖБА ЗА ПРЕВЕНТИВНА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА НА РАБОТНИЦИ

2. СЛУЖБА ЗА СПЕЦИЈАЛИСТИЧКО-КОНСУЛАТАТИВНА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА
    2.1. Кабинет за интерна медицина со ултразвучна дијагностика
    2.2. Кабинет за оториноларингологија
    2.3. Кабинет за офталмологија
    2.4. Кабинет за психијатрија
    2.5. Кабинет за дерматовенерологија
    2.6. Кабинет за дијабетес
    2.6. Кабинет за дијабетес
    2.7. Кабинет за третман на предијализни пациенти - нефролошка амбуланта
    2.8. Кабинет за дензитометрија
    2.9. Кабинет за физикалкна терапија
    2.10. Кабинет за неврологија
    2.11. Кабинет за ЕЕГ

3. СЛУЖБА ЗА РЕНТГЕН ДИЈАГНОСТИКА
    3.1. Отсек за мамографија со ехосонографска есплорација на дојка
    3.2. Отсек за РТГ на бели дробови и скелет

4. СЛУЖБА ЗА БИОХЕМИСКА ЛАБОРАТОРИЈА
    4.1. Отсек за хематологија и биохемија
    4.2. Отсек за имунологија

https://jzuzelezara.mk/index.php/mk/

Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2692
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 06-Mar-2021 at 17:26
Драчево од пред 10-тина години е поликлиника. Околу замислата на user, мислам дека подобро би било поликлиниката за Скопско поле да биде во самото село Кадино, кое е на половина пат од Илинден до Петровец и центар на овој дел од регионот.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 1365
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 06-Mar-2021 at 19:17
@Cloverstack

Не ја знаев таа, во тој случај, а и според тоа што го прати, оваа е ист случај како Поликлиниката Железничар кај Полициската станица „Беко“, кои во минатото биле создадени како посебни здравствени установи за вработените во овие две огромни претпријатија, Железара и Железница.

Така што, овие две се надвор од Здравствениот дом Скопје и работат како посебни единици.

ЈЗУ Железничар

Edited by ehrlich - 06-Mar-2021 at 19:18
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2029
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 06-Mar-2021 at 19:45
Истото е со поранешната Поштенска Амбуланта (сегашна зграда на Управен Суд) веднаш до Телеком, која некогаш била за вратонеите на ПТТ. Таква е и полициската амбуланта позади QBE која порано имаше и дополнителна ексклузивна улога да издава лекарски уверенија за возачки испити. Тие се дел од примарното здравство но за осигуреници вработени во одредни претпријатија и нивните потесни фамилии. Можеби денес е паметно да се трансформираат во генерални амбуланти за било кого под ЦЈЗ, а не под полиција или железница, од проста причина што ниту полиција ниту железница не се регистрирани за вршење здравствена дејност. Исто како што јас со службена кола на службен терен несмеам да качам авто-стопер зашто компанијата во која работам не е регистрирана за дејност превоз на патници и постои опасност да бидам казнет и јас и компанијата, така нема што полиција и железница да се занимаваат со давање и финансирање здравствени услуги. Е тоа е тој момент кој го зборевме во темата за здравство пред некој ден. Дека приватизација на здравствениот фонд и цепкање во мали фондови приватни под капата на осигуретелните компании ќе доведат до природен след на работите да се исплати на осигуителните компании да отвораат здравствени подружници по фабрики и помали населби кои сега немаат примарна здравствена заштита во близина. Инаку порано мислам дека и во кругот на ОКТА имало амбуланта која сега незнам дали функционира.

Edited by user8642 - 06-Mar-2021 at 19:45
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 1365
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 06-Mar-2021 at 20:40
Originally posted by user8642

Истото е со поранешната Поштенска Амбуланта (сегашна зграда на Управен Суд) веднаш до Телеком, која некогаш била за вратонеите на ПТТ. Таква е и полициската амбуланта позади QBE која порано имаше и дополнителна ексклузивна улога да издава лекарски уверенија за возачки испити. Тие се дел од примарното здравство но за осигуреници вработени во одредни претпријатија и нивните потесни фамилии. Можеби денес е паметно да се трансформираат во генерални амбуланти за било кого под ЦЈЗ, а не под полиција или железница, од проста причина што ниту полиција ниту железница не се регистрирани за вршење здравствена дејност. Исто како што јас со службена кола на службен терен несмеам да качам авто-стопер зашто компанијата во која работам не е регистрирана за дејност превоз на патници и постои опасност да бидам казнет и јас и компанијата, така нема што полиција и железница да се занимаваат со давање и финансирање здравствени услуги. Е тоа е тој момент кој го зборевме во темата за здравство пред некој ден. Дека приватизација на здравствениот фонд и цепкање во мали фондови приватни под капата на осигуретелните компании ќе доведат до природен след на работите да се исплати на осигуителните компании да отвораат здравствени подружници по фабрики и помали населби кои сега немаат примарна здравствена заштита во близина. Инаку порано мислам дека и во кругот на ОКТА имало амбуланта која сега незнам дали функционира.


Сите наведени во мојата објава работат и со надворешни пациенти. Всушност, за Железничар знам дека отсекогаш работел и со надворешни, а од 2005 г. со одлука на Влада е целосно одвоен од Македонски железници, така што е дел од примарното здравство. Веројатно истото е и со другите.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20753
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 25-Apr-2021 at 13:54




https://www.facebook.com/blerimbexhet1/videos/1180991179011538
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20753
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 24-Jan-2022 at 18:04
Кога ќе биде готова поликлиниката во Сарај? МЗ не одговори за набавката на опрема







Првата поликлиника во Сарај почна да добива форма. Но кога ќе им биде на услуга на граѓаните од таа страна на Скопје, кои со години го чекаат овој медицински центар? Градоначалникот Блерим Беџети рече дека останато е МЗ да обезбеди опрема, од каде што, како што рече, го ветиле тоа.

„Изведувачите ми рекоа дека во вториот месец ќе ја завршат нивната работа за поликлиниката, останува МЗ да обезбеди опрема, со нив бев во комуникација и при усвојување на буџетот и ме уверија дека средства има и се разбира така како што е предвидено очекувам да се пуш ти во употреба.“, рече Беџети.

ТВ21 два дена чека одговор од МЗ, но не добивме никаква реакција во врска со прашањата за колку средства се издвоени за опремување на поликлиниката во Сарај со потребните медицински апарати, кога ќе биде во функција и колку лекари е предвидено да работат таму.

Поликлиниката во општина Сарај ќе биде дел од здравствениот дом Скопје. Оваа амбуланта ќе опслужува речиси 45 илјади жители од овој дел на градот а кои немаат поликлиника во општината, додека најблиската се наоѓа во општина Ѓорче Петров.

https://mk.tv21.tv/koga-ke-bide-gotova-poliklinikata-vo-saraj-mz-ne-odgovori-za-nabavkata-na-oprema/
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 1365
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 24-Jan-2022 at 20:40
Ова материјалов алубонд ли е како на бензинските станици што ставаат? Поевтино да пројдат изгледа

Инаку, навистина е потребна поликлиникава, ај на Сарај и да им е поблиску поликлиниката во Ѓорче, ама во Општина Сарај има села по 20 и повеќе километри оддалечени од Ѓорче.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15235
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 25-Jan-2022 at 11:35
Зошто нишкава има наслов на англиски? Треба да си стои Поликлиника Сарај.

Јас не можам да го сменам насловот, пробувам ама нејќе. Стефчо?
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20753
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 25-Jan-2022 at 12:19
Originally posted by Џоле

Зошто нишкава има наслов на англиски? Треба да си стои Поликлиника Сарај.

Јас не можам да го сменам насловот, пробувам ама нејќе. Стефчо?


Средено,не ми текнува зошто сум и дал таков назив веројатно под тоа име ја најдов во рефернци на Еуровиа и така сум ја запишал.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  12>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.361 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.