Клиника Жан Митрев (поранешна Болница Филип II) |
Post Reply | Page 123 6> |
Author | |
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply
#1 Topic: Клиника Жан Митрев (поранешна Болница Филип II) Posted: 06-Apr-2010 at 12:38 |
http://www.build.com.mk/?p=2601 |
|
axel
Senior Member Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
Quote Reply #2 Posted: 08-Jun-2010 at 12:57 |
“Филип Втори“ го доби земјиштетот за
изградба на здравствени објекти во Карпош
Приватната здравствена установа “Филип Втори“ го доби земјиштетот во населбата Карпош наменета за изградба на здравствени објекти на јавно наддавање, информираше Министерството за транспорт и врски. “За локацијата со вкупна површина од 8.400 м², ПЗУ „Филип втори“ од Скопје уплати вкупно 105.000.000 денари, согласно највисоката постигната цена на јавното наддавање од 12.500 денари по метар квадратен“, соопштуваат од Транспорт. Според ДУП за локалитет Карпош 2, помеѓу улицата Бледски договор, булевар Илинден, улицата 8 –ми Септември и булеварот Партизански одреди на оваа локација е предвидено да се изгради објект со намена здраствени инситуции со можност од алтернативна класа на намена за мали комерцијални и деловни дејности. |
|
axel
Senior Member Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
Quote Reply #3 Posted: 01-Mar-2011 at 20:54 |
Жан Митрев ќе гради нова болница
11 години
професионалност и доверба, одбележува денеска кардиохирургијата Филип
Втори. Првиот човек, доктор Жан Митрев вели - продолжуваме со нови
проекти во интерес на пациентите, наскоро ќе се гради нова болница. Со
него во вестите на Канал 5, зборуваше Мирјана Мирчевска – Јовановиќ.
- Филип Втори постои веќе втора деценија. Две единици, како што велат значи голем нов почеток. Го следиме нашиот развој и потребите кон нашата работа од страна на пациентите и неминовно е да дојдеме до овој стадуим на проширување на просторот во кој се наоѓаме, т.е. изградба на нова болница, бидејќи во овој простор каде што се наоѓаме нема повеќе ниту сантиметар кој што не е искористен. Извршуваме над 35.000 прегледи годишни, над 2.000 различни видови на интервенции, значи огромна бројка на пациенти кои што неминовно бараат адекватни просторни услови, вели д-р Жан Митрев. Целото интервју погледнете го на видеото:
01.03.2011, 18:02
http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=72025 |
|
axel
Senior Member Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
Quote Reply #4 Posted: 02-Mar-2011 at 18:57 |
ja ima na a1 na reklama novata bolnica na zan mitrev
|
|
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply #5 Posted: 03-Apr-2011 at 15:24 |
Ајде нишка и за овој проект.
Објект како од осумдесетите, со бонус „антика“. Веројатно лично Д-р Жан Митрев бил главен „архитект“. Edited by Cloverstack - 03-Apr-2011 at 15:32 |
|
lslcrew
Senior Member Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
Quote Reply #6 Posted: 03-Apr-2011 at 16:33 |
Токму спротивното, објектов е многу фино спакуван, античкиот елемент над влезот е нормално уклопен и сосема доволно антика има вообјектопв, сепак болницата се вика Филип Втори и ќе фалеше да ја немаше.
|
|
UrbanFreak
Senior Member Joined: 28-Oct-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1732 |
Quote Reply #7 Posted: 03-Apr-2011 at 16:42 |
Мене ме потсеќа на Зебра (катната гаража на Тинекс). Стилот ми е сосем ок за локацијата и намената на објектот. |
|
Dave Gahan
Senior Member Joined: 27-Oct-2008 Location: 42°0′N,21°26′E Online Status: Offline Posts: 986 |
Quote Reply #8 Posted: 04-Apr-2011 at 08:12 |
...мавајте со камења после по архитектите...како би било да доаѓаат пациенти и за нивни пари да му кажуваат by-pass како се прави најправилно... Edited by Dave Gahan - 04-Apr-2011 at 08:12 |
|
MAKE CAPITALISM HISTORY
|
|
lslcrew
Senior Member Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
Quote Reply #9 Posted: 04-Apr-2011 at 08:16 |
Жан Митрев само си го отработи статусот во оптеството, никој не дојде на тацна да му го даде како што барате како фела. Особено што не се споредува лично здравје со работи што се вака за во слободно време есететика на објекти и ничив живот не зависи од тоа. Најверојстно овие оценки што ги давате веќе не се ни сомневам, не се од професионални причини. Една друга работа што особено во вакви случаеви се злоупотребува. Сте избрале професија да ви биде неегзактна наука каде се функционира, а финалното решние е по вкус без разлика дали на инвеститор или архитект. Не е тоа ни медицина со едно решение ни математика ни технологија, уметност е. Влегувајќи во таква професија треба малку на факултет и да ви кажат како стојат работите и кој ги дава парите. Дипломата не е никаква лиценца за уредување на просторот и неможе за туѓи пари да се тера чалам кој побездушен проект ќе нацрта. Така нема во ниедно општество во свет и џабе е цело плачење дека ние нешто тука архитектите безмалку ги линчуваме. Сериозно да си ја сватите, на волкот му се остри забите зашто сам си коле офца.
Edited by lslcrew - 04-Apr-2011 at 08:39 |
|
Dave Gahan
Senior Member Joined: 27-Oct-2008 Location: 42°0′N,21°26′E Online Status: Offline Posts: 986 |
Quote Reply #10 Posted: 04-Apr-2011 at 09:04 |
А што е лиценцата? Диплома од медицински? или од ветеринарен? Твојата „љубов“ кон архитектите ми е добро позната...исто како и непознавањето на многу теми за кои цели „докторати“ полни со небулози се изначитавме овде... Не ми е јасно само во што го глеаш „плачењето“...те погодува кога некој ќе каже дека се стрескани еден куп пари за поголем куп од невкус...има ли поголема бездушност во реченицата „кој ги дава парите“!? Очигледно ти е животна девиза... |
|
MAKE CAPITALISM HISTORY
|
|
pbanks
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
Quote Reply #11 Posted: 04-Apr-2011 at 09:15 |
@lsl
По којзнае кој пат не потсеќаш дека за тебе цивилизациските норми не значат ништо и дека единствениот начин кој го прифаќаш е оној на силата и агресијата, каде посилниот има право на се, послабиот на ништо. Целото знаење, организација, специјализација.... кое човештвото ги акумулирало во својата историја не вреди пет пари пред налетот на агресијата. Да не филозофирам премногу на кратко само ќе кажам. При крај сум со изградба на семејна куќа. Ништо особено, дневна, кујна и 3 спални соби. За еден таков „обичен“ објект од фрлањето посен бетон па се до поставувањето паркет, доколку не го консултирав архитектот ќе направев еден тон грешки кои скапо ќе ме чинеа во понатамошната експлоатација на куќата. Што останува тогаш за еден ваков специјализиран комплексен објект каде специфични процеси и функционалности треба да бидат предвидени? Edited by pbanks - 04-Apr-2011 at 09:17 |
|
StreetStruck
Senior Member Joined: 18-Nov-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 415 |
Quote Reply #12 Posted: 04-Apr-2011 at 11:44 |
Добро муабетов ви звучи ко стварно Жан Митрев да ја проектирал...
Па нормално дека архитект ја проектирал и нормално дека ќе бидат запазени сите стандарди и норми што важат во медицинава. На крај краево битен е надворешниот изглед но не и пресуден, побитно е функционалноста да биде на врвно ниво. А башка што не изгледа нешто толку лошо од надвор. Сигурен сум дека и рендеров не ја доловува правата слика, така да мислам дека во живо ќе изгледа поубаво од ова. |
|
"Поробените треба да тежнеат кон слободата, а слободните кон совршенство"- Јане Сандански
|
|
pbanks
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
Quote Reply #13 Posted: 04-Apr-2011 at 12:01 |
Секако дека од рендеров не сфативме се (односно ништо) за проектот, и дека муабетот што се разви е во многу поширок контекст а не за самиот проект. |
|
N23
Senior Member Joined: 03-Feb-2011 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2159 |
Quote Reply #14 Posted: 04-Apr-2011 at 12:13 |
Веројатно Жан Митрев дал "наредба" како да изгледа, провизорно го нацртал и после го дал на далеку постручни луѓе од него да го средат во целост. За жал факт е дека на ова поднебје, кој дава пари тој и кажува како ќе изгледа. Изгледа тотално нефер спрема архитектите, ама еден мој професор константно повторува една реченица, животот не е фер, секогаш победува посилниот. Архитектите се тие кои добиваат пари за проектот и најчесто го прават по наредба и мерка од тој што уложува средства. Не би навлгал во тоа дали е тоа деградација на професијата архитект, меѓутоа силата и моќта се насекаде во светот на прв план. Затоа и Жан, а сигурно во консултација и со некои функционери, дошол до оваа идеја. Среќа во несреќа е што не е ко зградине на кеј, има нешто болничко во неа.
|
|
Dave Gahan
Senior Member Joined: 27-Oct-2008 Location: 42°0′N,21°26′E Online Status: Offline Posts: 986 |
Quote Reply #15 Posted: 04-Apr-2011 at 12:18 |
Очигледен е архитектонскиот „зафат“ со триаголен тимпанон, кој е неспоив со тоа што се случува со другиот дел од решението на фасадата...и се гледа тоа од авион...стварно не ми се јасни непотребни емотивни реакции на таа тема... |
|
MAKE CAPITALISM HISTORY
|
|
theMac3donian
Senior Member Joined: 30-Mar-2010 Online Status: Offline Posts: 306 |
Quote Reply #16 Posted: 04-Apr-2011 at 13:22 |
Function over form... maybe?
|
|
(НУ)МНМБЗДИСМНВИМНЖНКР
|
|
StreetStruck
Senior Member Joined: 18-Nov-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 415 |
Quote Reply #17 Posted: 04-Apr-2011 at 14:04 |
Нема никакви непотребни емотивни реакции, уствари нема никакви емотивни реакции.
Ништо не ме чуди. Факт е дека инвеститорот си имал свои барања но исто така факт е дека цифрата која би требало да се одвои од неговиот џеб кога објектот би бил некое си мало ремек дело, би била многу поголема. Јас едноставно гледам од друга страна, кои би биле придобивките од болницава. Знам дека сите сакаме да видиме нешто единствено и невообичаено, но тоа е тоа. И извини N23, бидејќи сочувствуваш со архитектите, сакаш да кажеш дека они, кои да се, со тие пари кои им биле на располагање не можеле да изнајдат подобро решение. Апсолутно не се сложувам со тоа бидејќи верувам дека можат да ги вметнат и барањата на инвеститорот но и финалниот производ да изгледа многу подобро, само доколку се има визија. Јас што поима немам од таа струка па ова можам да го нацртам (зборам за надворешниот изглед). А ако се воделе строго според идеите на Жан Митрев тогаш не ни заслужуваат да се нарекуваат архитекти бидејќи не успеале да наметнат свое видување и не успеале да стават свој белег и печат. Верувам дека доколку инвеститорот види нешто поубаво од својата замисла, а цената не се разликува многу би го прифатил тоа. Заклучокот е дека архитектите ова го сработиле без да сакаат да се докажат и да се издвојат, неможе никој да ме убеди дека немале простор за колку толку слобода при проектирањето (пишувам колку толку заради барањата кои инвеститорот сигурно ги наметнал). Пак ќе кажам дека изгледот не ми смета толку, побитно ми е тоа што го добиваме ние како општество од болницава, а знам дека ќе се сложат сите дека тоа не е спорно. |
|
"Поробените треба да тежнеат кон слободата, а слободните кон совршенство"- Јане Сандански
|
|
N23
Senior Member Joined: 03-Feb-2011 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2159 |
Quote Reply #18 Posted: 04-Apr-2011 at 14:15 |
Јас само ја кажувам реалноста. Конкретно во дејноста во која се образувам, иако се смета за една од најотворените, дејност во која можеш гласно да го кажеш своето мислење, па се наидува на пречки и наместо свое мислење за пари се интерпретира нечие друго мислење. Што ако му дале друг предлог па овој да им рече не сте вие задолжени предлог да ми давате него јас го сакам мојот, па да ги избрка од проектот. Премногу е сурово општествово за да се обиде на некој да му се прикаже подобра идеја. Јас не спорам дека можат далеку поквалитетен проект да изработат, сигурен сум дека сега да седнат ќе нацртаат поубав за истите пари, ама во прашање е инвеститорот. Веројатно поголем дел од нив одат на варијанта ако инвеститорот сака така, така нека му биде, само јас да не ги изгубам парите. Кога архитектите би се ценеле многу повеќе и би заработувале големи пари, сигурен сум дека работите другачие би се одвивале. Проблем е доколку ова е целосно дело на некој архитект, без и мала доза на притисок од страна. Е тогаш е стварно лошо. А доколку е обратно, не би имал зашто да ги критикувам архитектите кога и тие работат за парче леб. Многу е поважно внатрешноста на оваа болница како ќе биде проектирана, затоа што мислам дека дури после внатрешниот изглед би можеле да спориме и сл. Очигледно и самото име го дало правецот за проектирање на ваков екстериер. Се додека напред не стават некој лав или споменик ок е.
|
|
StreetStruck
Senior Member Joined: 18-Nov-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 415 |
Quote Reply #19 Posted: 04-Apr-2011 at 14:55 |
Не одат поголем дел по гзот на инвеститорите, сите одат така, јасно е ко ден. Башка што кај нас од тоа што се гради се приметува една заспаност и неинвентивност, така да не е баш за бранење и одобрување работата на архитектите. Искрено нивната професија самите си ја сведоа на дај ми пари до утре ќе ти биде готово проектчето. А да бидеме искрени вршат помала работа од другите подизведувачи како статичари, електроинжинери, машински инжинери итн, за жал. Архитектите не се толку ограничени со стандарди, форми и што ти ја знам што уште не. А пуни се пари, најискрено.
Ја реков се кладам дека ако архитектот направи нешто поубаво за око од замислата на инвеститорот и тоа во рамките на барањата и финансиските можности на инвеститорот, инвеститорот би прифатил такво решение. Затоа и постои таква професија- архитект, за да направи нешто што на другите не би им паднало ни на памет, а камо ли на тоа дело да му дадат живот. Но кај нас изгледа поубаво им е со малку труд да ги земаат истите пари. Факт е од тоа што секојдневно го гледаме дека немаат жар во тоа што го работат, а времево во кое живееме им нуди предизвици колку сакаш, само што се научиле дека и со помалку труд ќе си го добијат своето (парите). А друга работа е што нема во државава, во градовите, во општините, некој кој што ќе кажува што може да помине за градба, а што не може. Со тоа им се дава уште поголема можност да ја истакнат својата неинвентивност. И да не ја бараме кривицата во другите, тие треба да си се изборат за струката, за професијата. Почитта и просторот кои ќе им се дадат треба сами да си ги придобијат и заслужат. |
|
"Поробените треба да тежнеат кон слободата, а слободните кон совршенство"- Јане Сандански
|
|
pbanks
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
Quote Reply #20 Posted: 04-Apr-2011 at 15:10 |
Бидејќи вака лесно подели еден куп квалификации, ме интересира дали случајно беше на OUTBOX 2010, да видиш 10на одлични проекти на група наши современи архитекти во подем? Се работи за изложба на конкрусни трудови кои одговорните власти СВЕСНО БИРААТ да не ги прикажат на јавноста. Наместо да ја усмерите критика онаму каде е навистина потребна, не само што премижувате пред извртениот систем на вредности кој како општество го практикуваме, туку и јавно го подржувате притоа, единствено лоцирајќи ја одговорноста на архитектите кои според вас не треба да заработуваат за живот туку да се претворат во гладијатори кои ќе се борат да докажат...... што? Дека професијата и дипломата имаат вредност? Дека управувањето со животниот простор е одговорна работа која има далекусежни економски, социјални, демографски, енергетски и какви уште не последици? Да докажуваат работи кои се нормални во било која земја од развиениот свет? Не ми е целта да изигрувам адвокат на архитектите, тие си имаат голем дел од вината зошто не се подобро слушнати и разбрани. Но да спориме за вакви елементарни работи, небаре архитектурата е некаква експериментална споредна вуду дејност, па дури допрва треба да се етаблира, а како наука постои илјадници години е стварно.... |
|
Post Reply | Page 123 6> |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |