build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Културни
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Театар и библиотека - Тетово
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Театар и библиотека - Тетово

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 4>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Raisinloaf View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2008
Location: Gevgelija
Online Status: Offline
Posts: 227
  Quote Raisinloaf Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Театар и библиотека - Тетово
    Posted: 06-Oct-2010 at 15:52
Тетово ќе добие нов театар и библиотека



Помеѓу Центраот за култура и поштата ќе се гради новиот објект каде ќе се сместат театарот и библиотеката.

Денес беше презентирано идејното решение на четворица архитекти со работен наслов Перде.

Со новиот објект ќе се надмине проблемот на овие две национални установи од културата кои досега функционираат во рамките на центраот за култура во ограничен простор за работа.

Освен библиотека и театар, објектот ќе и трета намена односно простории кои ќе служат за културни, едукативни и деловни дејности. Во подземниот простор ќе има 109 паркинг места.

Изградбата се очекува да започне во април наредната година по завршување на сите административно-технички процедури. Објектот треба да биде готов за две години.

http://sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/tetovo-ke-dobie-nov-teatar-i-biblioteka
www.realmadrid-mk.blogspot.com
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 06-Oct-2010 at 16:43
Видеото од Сител...
Back to Top
Dragan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2009
Location: Tetovo
Online Status: Offline
Posts: 1172
  Quote Dragan Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 08-Oct-2010 at 13:39

Нов центар за култура во Тетово

Четврток, 07 Октомври 2010 09:18
Е-пошта Печати PDF

Четири ката наменети за театарот и библиотеката ,кино како и подземни гаражи и простории за други дејности

Ова треба да биде опфатено со новиот објект што од следната година треба да почне да се гради во центарот на Тетово, Денеска во Центарот за култура. беше јавно претставено првонаграденото решение за овој проект под работното име Перде . Тетовскиот градоначалник Сади Беџети најави дека општината целосно ќе ја подржи реализацијата на зградата за новиот театар и библиотека бидејќи се потреба за жителите и студентите од двата универзитета во Тетово. Моментално и двете национални установи Тетовски театар и библиотеката Кочо Рацин функционираат во несоодветни просторни услови во склоп центарот за култура. Според првичните најави целиот проект би чинел околу 15 милиони евра , а би требало да биде готов за околу 2 години. а.с/к77
http://www.kanal77.com.mk/portal/vesti/mkd/1076-2010-10-07-07-20-47.html
 
 
Back to Top
Mr.Edmund View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 23-Jul-2008
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Mr.Edmund Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 08-Oct-2010 at 17:57
Вака симпатично изгледа....на прв поглед....конечно да провее нешто современо. Само, никаде не успеав да видам кои се архитектите! Па фер е некој да ги спомнеше нивните имиња, ако ништо друго, за трудот што го вложилеBash. А, има ли изложба на конкурсните трудови? па да видиме повеќе сликички?Naughty
СМРТ ЗА ФАШИЗМОТ-СЛОБОДА ЗА НАРОДОТ
Back to Top
build.mk View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 13-May-2010
Online Status: Offline
Posts: 216
  Quote build.mk Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 09-Oct-2010 at 17:53
Во Тетово ќе се гради театар и библиотека

Помеѓу Центарот за култура и поштата во Тетово треба да никне нов културно-образовен центар каде ќе се сместат театар и библиотека, како и училиште за јазици, мало кино, отворен амфитеатар и други културни и образовни содржини, а објектот ќе содржи и простории од комерцијален карактер. Со ова меѓудругото ќе се реши долгогодишниот проблем на Тетовскиот театар и библиотеката „Кочо Рацин“, кои засега функционираат во Центарот за култура во несоодветни просторни услови. Проектот исто така предвидува подземен паркинг простор со капацитет за 221 возило. Изградбата се очекува да започне во април наредната година и да се реализира во рок од две години. Инвестицијата се проценува на околу 15 милиони евра. Автори на победничкиот конкурсен труд под работна шифра „Перде“ се „Архинг Груп“, односно архитектите Бесиан Мехмети, Бетим Зеќири, Бекир Адеми, и Никола Стрезовски.

Локацијата за изградба на објектот е тесно врзана со збиднувањата на градскиот плоштад и потесното опкружение. Контекстот на непосредната близина се состои од низа слоеви на хетерогени објекти со различни намени. Овој објект/комплекс на повеќе функции треба да се издвои од постоечката градската ткаенина. Воедно треба да допринесе во градење на ансамблот јавни објекти во поширока урбана морфологија. Потребата за густа градба и искористеност на локацијата навела до хибридизација и преплетување на три конструкти со различни намени во едно тело. Градот ги надополнува културните збиднувања со анимирање на поширок круг на граѓани од различни возрасти и интереси, преплетувајќи ги во магијата на театарот и на книгата. Процесот на длабење во хоризонтален и вертикален план на зададеното тело овозможува да се откриваат простории кои ги зближуваат и сроднуваат функциите на овој комплексен објект со диверзифициран пакет на програми. Со вдлабнување и одземање на дел од телото оформен е отворен амфитеатар / плоштад, при што еден крак широки скали се спушта од фоајето и се отвара кон градот, со што се наговестува добредојдение. На овој начин објектот влегува во интеракција со субјектот.

Посетителите на театарот и библиотеката имаат директен пристап до соодветните простории преку главниот влез на оформениот плоштад, додека пристапот за вработени и персонал е одвоен од бочните страни. Другите содржини со намена од култура, образование и деловна дејност имаат посебен пристап кој функционира сосема одвоено од првичните содржини. Економскиот влез и рампата за подземните паркизни се сместени до постоечката рампа на Домот на културата, со што се овозможува непрекинато движење и промет далеку од главниот влез на театарот и библиотеката. Можна е и врска на двата соседни објекти во подземното ниво преку заедничката рампа.

Tелото е обвиткано од фасадна структура – завеса со различен и динамичен ритам на репетитивност во повеќе правци. Во различни простории со различнен ритам на завесата во различни мигови на денот има различен интензитет на светло. Во исечокот од отворениот амфитеатар таа преминува во друго својство, потенцирајќи ја отворената природа на одземениот дел. Ваквата фасада игра голема улога и во природното уредување на микроклимата на просториите и заштеда на енергија.


1. Ситуација



2. Пресек



3



4



5



6



7



8



9. Дистрибуција на програма



10. Основа приземје



11. Основа 1 кат



12. Основа 2 кат


13. Основа 3 кат


14.  Основа 4 кат



http://www.build.com.mk/?p=5163


Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1943
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 09-Oct-2010 at 18:01
ne mi lici na teatar. mozebi na office ili trgovski centar...
Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1976
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 09-Oct-2010 at 18:13
Мене ми се допаѓа поприлично
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 09-Oct-2010 at 18:31
Фасадата многу ме потсеќа на проектот за драмски во Скопје (ако не се лажам).
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 09-Oct-2010 at 19:35
Originally posted by гитардемон

Фасадата многу ме потсеќа на проектот за драмски во Скопје (ако не се лажам).
И јас истото го помислив. Ако има некоја информација за кои архитекти учествувале таму, дали има некоја поврзаност.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 09-Oct-2010 at 20:34
Значи овде нели:
42° 0'35.57"N  20°58'22.92"E

Тетовчани, ај набацете некоја слика од тој домот на култура што е до локацијата на новиов објект... тој во добра состојба е или ќе треба и тој да се реконструира за да го заличи и театаров?





Вери најс   Cheers
Back to Top
Dragan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2009
Location: Tetovo
Online Status: Offline
Posts: 1172
  Quote Dragan Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 09-Oct-2010 at 21:50
Clover. стариот дом на колутрата т.е сегашниот е во многу добра состојба, освен на некој делови каде има недостик од фасада. Е сега јас колку што знам домот на културата исто така е поврзан со библиотеката, а има околу 800 седишта (капацитет). Ако рендериве покажуваат дека вака ќе изгледа објектов од мене чиста единица, нема да се вклопи со околните објекти (кулите,поштата,стариот дом на културата). Слики од сегашниот дом очекувај те вторник-среда 
Back to Top
Red`black View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 09-Oct-2010
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Red`black Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 09-Oct-2010 at 22:34
Архитекти на овој проект се Бесиан Мехмети, Бетим (презимето не му го знам) и Никола Стрезовски. Сите тројца се проектанти и на Драмски театар во Скопје заедно со Минас Бакалчиев, Митко Пула
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 10-Oct-2010 at 01:01
Изгледа слабо се чита, повеќе слики се гледаат  Runaway

Автори на победничкиот конкурсен труд под работна шифра „Перде“ се „Архинг Груп“, односно архитектите Бесиан Мехмети, Бетим Зеќири, Бекир Адеми, и Никола Стрезовски.



Инаку Митко не е Пула туку Хаџи-Пуља
А они работеа на театар центар, не на драмски. Драмски ќе се гради според проект на Емил Јегени, Елена Икономов, Јасна Милојковиќ и Билјана Стојменовска. Има све регистрирано по нишките.
Back to Top
Mr.Edmund View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 23-Jul-2008
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Mr.Edmund Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 10-Oct-2010 at 13:16
Еден мал детал.....не знам дали е до мене, или навистина скалите што треба да водат од тоалетите до фоајето, всушност не водат никаде?Dunno
СМРТ ЗА ФАШИЗМОТ-СЛОБОДА ЗА НАРОДОТ
Back to Top
M@RKO View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 13-Dec-2010
Location: Tetovo
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote M@RKO Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 13-Dec-2010 at 21:54
а кога ќе почне ова да се гради ,гледам почна да се реновира и гради моето Тетово
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 13-Dec-2010 at 22:10
Епа пишува бе М@RKO

Се планира да почне во април 2011 и изградбата да трае 2 години. Дали ќе се држат до овие дати, ќе видиме.
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 02-Apr-2011 at 11:26

За театар во Тетово, само празни ветувања

Комбинирана установа заедно со библиотека требаше да се гради во центарот на градот

Гојко Ефтоски


ТЕТОВО - Очекувањата на тетовци дека ќе имаат можност да гледаат театарски претстави во нов објект, се стопија како меур од сапуница. Празни останаа ветувањата дека во истата зграда на театарот ќе функционира и библиотека. Април 2011 беше терминот за кога се најави удирањето темел за нов објект од културата, но тоа не е зацртано во агендата на надлежните. Комбинираната установа требаше да се гради во центарот на Тетово, меѓу Домот на културата „Иљо Антевски-Смок“ и поштата. Но, тоа што е вклопена во „капитални објекти од областа на културата“, повлекува поинакви процедури од вообичаените. Засега нема никакви сознанија дека се почнати таквите постапки поради што спласнува оптимизмот дека конечно ќе се реши просторното прашање за библиотеката и за театарот.

На 6 октомври минатата година во Тетово беше презентиран идеен проект на четворица млади архитекти и прогласен за најуспешен на конкурсот на Министерството за култура. Во изминатата половина година требаше да се спроведе тендер за изработка на основен проект, а потоа уште еден тендер за избор на изведувач на работите. Оваа процедура трае најмалку 100 дена, но не е почната. Упатените пресметале дека нема временски можности нешто да се направи годинава.

Тетово со децении мака мачи за простор на театар и на библиотека. Театарската уметност има долги традиции, а во 1920 година тетовски актери - аматери ја извеле „Македонска крвава свадба“. Оттогаш театарската традиција постојано се негува. Во рамките на Центарот за култура „Иљо Антевски-Смок“ работи аматерско драмско студио, Детско-младински театар, а од 2007 година и Професионалниот театар. Иако јазично не е ограничен, Професионалниот театар функционира само на албански јазик и веќе има изведено 20-ина претстави. Актерите Елмир Сејфулаи и Бурхан Амети се добитници на први престижни награди на фестивалите во Дебар, Корча (Албанија) и Урошевац и во Подуево (Косово).

Што се однесува до библиотека, досега не се изгради главно поради партиско-политички игри и тоа зависно која од партиите на Албанците е во локалната, а која во централната власт. Нашите сознанија велат дека оправдувањата се наоѓале во „незавршена денационализација“, „во некомплетна документација“, „необезбедени финансиски средства“...

Во тој ист период библиотеката неколку пати се сели, или во приватни или во несоодветни простории. Во последните четири години е сместена во двесте квадрати во Домот на културата што се недоволни за елементарна работа. Библиотеката располага со над 150.000 наслови, а за нив нема простор ниту на рафтови. Не станува збор за опслужување на студентите, учениците и граѓаните - вкупно над 5.500 членови. Нема никакви услови ни за за читалница.

Чудно е зошто толку години се тактизира со изградба на објект за театар и библиотека, кога Тетово има два универзитета, шест средни и уште толку основни училишта.

Во Тетово библиотекарството има долга традиција. Во пишани документи стои дека во градот под Шара првата библиотека била отворена во 1922 година со 2.000 книги и 500 членови, главно ученици од гимназијата. Во 1945 година покрај на македонски била формирана и библиотека со книги на албански јазик. Во 1952 година овие две библиотеки биле споени во единствена, а од пред седум години има статус на национална установа.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=722BFF111FC3D14AAE163BC322E14593
Back to Top
Dragan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2009
Location: Tetovo
Online Status: Offline
Posts: 1172
  Quote Dragan Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 20-Feb-2012 at 13:14
Фрлетеа нишкава во канта ни Т ни Б од театар и библиотека, се планираше да се почне во април лани, а еве сега една година пројде и нема ништо  почнато да се гради. Инаку според мое мислење на таа локација најповолно би било да се изгради катна гаража, конечно да се реши паркингот у Тетово, а и ако остане простор да се направи и парк. Тетово ги заслужува тие две работи како еден поголем град, а не да се брука со парикирани автомобили на среде булевари, и несредено зеленило, нема човек у Тетово каде да седн да се одмори под сенка и да ужива
Back to Top
OCB View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: 54
Online Status: Offline
Posts: 921
  Quote OCB Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 20-Feb-2012 at 13:42


Нема смисла да се фрла во канта Уште помалку наместо објекти од културата и образованието да се градат катни гаражи.

Изградба на културно-образовен центар во Тетово со нов театар и библиотека, со што ќе се зачувува непроценливото културно и книжевно богатство што го поседува овој град (2015)

http://vlada.mk/node/101
Back to Top
Dragan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2009
Location: Tetovo
Online Status: Offline
Posts: 1172
  Quote Dragan Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 20-Feb-2012 at 18:12
Previous Го земам фактот дека на Тетово не му треба во моментов културни образовни центри, Тетово е универзитетски град, исто така ги има скоро сите средини школи,има театар има библиотека, има школски библиотеки ги има сите предиспозиции за образовен град, но овозможиим на луѓето да стигнат побрзо до образование, поправи ја инфраструктурата, а не цели булевари да се гушат у паркирани коли, дај им рекреативни места, зеленило, паркови,фонтани... ај да не се повторувам мислим ме сфати што сакам да кажам.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 4>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.143 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.