Author |
Topic Search Topic Options
|
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#1 Topic: Луна Парк - Скопје Posted: 18-Oct-2008 at 02:26 |
Луна-паркот сонува за „Дизниленд“
Никој не се јавува на јавниот повик за обнова што го распиша „Паркови и зеленило“, претпријатието што го стопанисува објектот
Одамна поминал возот во единствениот забавен парк во Скопје
Луна-паркот најверојатно уште долго ќе работи со стари и небезбедни играчки, бидејќи досега никој не покажал интерес да го обнови
или да направи нов, велат во Јавното претпријатие „Паркови и
зеленило“.Граѓаните што често го посетуваат велат дека е тажно да се
гледа како пропаѓа ова катче за најмладите, а со старите играчки
умираат и спомените.
- Децата им се смеат на
играчките-антиквитети. Ништо не е сменето од времето кога јас бев дете.
Порано одевме во овој парк со голема возбуда, полни со адреналин, а
сега одиме само зашто нема подобар. Моите родители ме сликаа на еден
автобус-играчка во паркот. Неверојатно, речиси по 30 години јас на
мојот син му направив фотографија идентична на мојата. Дури ни боите на
автобусот не се променети. Се надевам дека мојот внук ќе има можност да
седне во некоја поинаква и помодерна играчка, вели Давор Митревски.
Граѓаните
се незадоволни и од старата, но и сиромашна понуда на реквизити за
забава. Тие се жалат што возот сообраќа само кога ќе има многу деца.
Често се случува вработените во паркот да ги советуваат посетителите
кога сакаат да се возат на вртелешките, да се распоредат така машината
да има рамнотежа.
Сите, пак, што сакаат да се вртат со
панорамата, ќе мора да причекаат подобри времиња. Од „Паркови“ велат
дека панорамата е расипана, а на распишаниот јавиен повик за нејзина
поправка не добиле ниту една понуда. Додаваат дека конкурсната
документација ја подигнала само една фирма - „Ту гајс“ од Скопје, но
никогаш не доставила проект.
- Повикот беше објавен на
македонски и на англиски јазик во сите дневни весници и беше испратен
до сите економски одделенија на странските амбасади во Скопје уште пред
една и пол година. Планираме да го обновиме паркот, но поради
беспарицата ќе чекаме подобри времиња - велат од одделението за односи
со јавност во „Паркови и зеленило“. Од Општина Карпош, на чија
територија се наоѓа забавниот парк, велат дека дополнителен проблем
претставува тоа што се' уште не е усвоен детаљниот урбанистички план за
тој дел од градот. Од Јавното претпријатие се надеваат дека со
координација меѓу Градот Скопје, Владата, Министерство за транспорт и
врски и Општината Карпош ќе можат во интерес на граѓаните да направат
мал „Дизниленд“ на местото на сегашниот забавен парк.
ИНФО-Реквизити од 1973
Забавниот парк „Младост“ е формиран во 1955 година, покрај денешно
„Езерце“. Во 1973 е дислоциран на сегашниот простор. Тогаш старите
реквизити, велосипеди, кајаци, стрелиште, рингишпил и лулашки, се
заменети со нови - детски воз на шини, панорама, ракетодром, голема
вртелешка, мал и голем автодром... Оттогаш е дополнет со детски воз на
тркала, со робот, мини-вртелешка, замок, картинг-патека со возила,
твистер, голема трамболина и мал воз на електрична енергија.
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=EE87F5FEC0DE6D46BF63D5A24BE1FD3B |
|
|
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#2 Posted: 08-Jun-2009 at 03:53 |
Луна-паркот останува со старите реквизити
Одговорните тврдат дека, и покрај староста, реквизитите се безбедни и се сервисираат
Луна-паркот ниту годинава нема да добие нови реквизити. Две години
по неуспешниот тендер да се најде приватен инвеститор, на кој не се
пријави ниедна компанија, градските власти и натаму немаат идеја како
да го подноват единственото забавно катче за децата од Скопје.
Најмладите,
како и повеќе од три децении наназад, ќе се возат на старите вртелешки,
автомобилчиња и вовче, а панорамата само ќе ја гледаат и ќе слушаат
приказни од родителите дека некогаш и таа работела. Одговорните тврдат
дека, и покрај староста, реквизитите се безбедни за децата и оти
редовно се сервисираат. „Најмалку еднаш годишно овластена институција
прави А-тест на сите реквизити, се проверуваат степенот на корозија и
општата состојба и се вршат потребните поправки. Освен панорамата,
другите реквизити се во добра состојба“, информираат градските власти.
Покрај
поновите воздушни дворци, трамболината, клацкалките и уште некој
реквизит, сопственост на приватници, Градот во Луна-паркот не
инвестирал ништо. Сепак, од таму информираат дека новиот градоначалник,
Коце Трајановски, сака да направи нов луна-парк во Скопје. Идејата е да
се прошири локацијата каде што се наоѓа сегашниот парк и да се изгради
сосема нов. Но, од Градот засега не соопштуваат дали за тоа ќе се
инвестира Градски пари или, пак, на тендер ќе се бара приватен
инвеститор за приватно-јавно партнерство. Не соопштуваат ниту дали ќе
се искористи стариот проект, презентиран пред две години или, пак, ќе
се прави нов.
Според стариот проект, Луна-паркот требаше да
добие четириесеттина нови реквизити, распоредени на поголема површина.
Старите ќе се демонтираа и продаваа, а требаше да се поставува и нова
инфраструктурна канализациона и водоводна мрежа, нова инсталација за
електрична енергија и трафостаница. За новиот луна-парк планиран е и
посебен паркинг-простор, од другата страна на Вардар, каде што „Паркови
и зеленило“, исто така, има своја земја.
http://utrinski.com.mk/?ItemID=368CAA6FA4535C4EABE4381DF95F49A6 |
|
|
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#3 Posted: 08-Jun-2009 at 03:57 |
Добро зашто постојат концесии и Приватнои-јавни партнерства. До кога ќе работиме по стар систем и државата да биде офоцијален сопственик и менаџер на комерцијални содржини. Да не звучам како црна хроника, ама додека не се деси некоја повреда или недај боже најлошото нема да се мрдне со мал прст по бзбедноста. Кога веќе сме стигнале до тоа дереџе да мериме степен на корозија, подобро да го удриме катанецот додека не се најде решение. Исто тшто го зборевме за Треска пред некој ден , оистото станува збор и тука. До кога ваквите рекреативни делови од градот ќе ни бидат цркни финансиски дупки, а башка и воопшто градот нема никава корсит, ниту финансиска, ниту пак граќаните имаат корсит. Затоа концесија и капата на страна, а во градски буџет констатен прилив на средства.
|
|
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#4 Posted: 24-Jun-2009 at 12:28 |
Новиот луна-парк ќе се гради во 2010
Од кабинетот на
градоначалникот Коце Трајановски велат дека во моментов се подготвуваат
за распишување на тендерот и, најверојатно, до крајот на годинава ќе
објават меѓународниот повик за избор на фирмата која ќе го гради и ќе
стопанисува со паркот
Скопјани
и ова година нема да добијат нов луна-парк. Градските власти сè уште не
го распишале тендерот за избор на фирма која треба луна-паркот да го
изгради по примерот на светските паркови за деца. Од кабинетот на
градоначалникот Коце Трајановски велат дека во моментов се
подготвуваат за распишување на тендерот и, најверојатно, до крајот
на годинава ќе објават меѓународниот повик за избор на фирмата која ќе
го гради и ќе стопанисува со паркот. "Во моментов разговараме кој да
го распише тендерот, односно дали тоа ќе биде Градот Скопје или ЈП
'Паркови и зеленило'. Во програмата на градоначалникот е предвидено
скопјани до октомври 2010 година да добијат сосема нов луна-парк, и тоа
нема да го заборавиме", велат од кабинетот на градоначалникот
Трајановски. Градските власти веќе неколку години наназад ветуваат
изградба на нов луна - парк, но тоа никако да го реализираат. Лани беше
распишан тендер, но тој пропадна бидејќи ниту една фирма не беше
заинтересирана да инвестира, иако од Градот велеа дека италијански,
австриски и кипарски фирми сакаат да го градат и да стопанисуваат
со паркот. Новиот луна-парк, според планот на надлежните, треба да
се протега на површина од околу 25.000 квадратни метри, односно ќе
бидат опфатени просторот на стариот парк и местото каде што сега се
наоѓаат летните дискотеки. Фирмата која ќе стопанисува со него
предвидено е сите стари реквизити да ги заменети со нови, да постави
нова инсталација, канализација и трафостаница, и целиот простор
хортикултурно да се уреди. За изградбата на новиот луна-парк потребни
се околу 5 милиони евра. Додека градските власти ваквите нивни
ветувања да ги претворат во реалност, на скопјани им останува да се
возат во искршени, дотраени и небезбедни реквизити.
http://www.vest.com.mk/?ItemID=BD602D03532ED541A292408CB6341554 |
|
|
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#5 Posted: 10-Aug-2009 at 03:50 |
Нови генерации се радуваат на старото вовче во Луна парк
Трамболина, твистер, пеинтбол, картинг се единственото освежување во последниве години
Сања Наумовска
Трамболина, твистер,
пеинтбол, картинг и неколку клацкалки се единственото освежување за
најмладите во Луна парк во последниве години. Реквизитите се на
приватници кои ги сместиле во забавниот парк, кој пак неколку децении
не инвестирал во подновување на забавните содржини. Луна парк има 16
свои реквизити кои се стари и по триесетина години, но сите, освен
панорамата, се' уште се сервисираат и работат.
Во плановите на
градските власти веќе со години се провлекува идејата за целосно
реновирање на забавниот парк, но реализацијата никако да почне. Пред
две години пропадна тендерот на кој се бараше приватен партнер што би
инвестирал во нови содржини. Во програмата на градоначалникот Коце
Трајановски стои идејата за нов луна парк, но засега не е прецизирано
дали ќе се инвестираат градски пари за тоа или, пак, на тендер ќе се
бара приватен инвеститор за приватно-јавно партнерство. Идејата е да се
прошири локацијата каде што се наоѓа сегашниот парк и да се изгради
сосема нов.
Според проектот, Луна паркот требаше да добие
четириесетина нови реквизити распоредени на поголема површина, додека
старите беше во план да се демонтираат и продаваат. Требаше да се
поставува и нова инфраструктура, односно канализациона и водоводна
мрежа, нова инсталација за електрична енергија и трафостаница. За
новиот забавен парк е планиран и посебен паркинг, од другата страна на
Вардар, каде што „Паркови и зеленило“, исто така, има своја земја.
Дотогаш,
генерации и генерации скопјани ќе имаат спомени од автодромите,
ракетите, вртелешките, вовчето..., кои и по толку години изгледаат
исто, некои дури имаат и иста боја. Панорамата е надвор од употреба
подолго време, откако беше констатирано дека нејзината основа е
кородирана до тој степен што возењето со неа е небезбедно за
посетителите.
„Цената за возење е 35 денари за сите реквизити,
освен за картингот, кој чини 170 денари, и пеинтболот, за кој се плаќа
250 денари. За реквизитите на Луна парк има и дневен билет од 10
возења, кој чини 250 денари, но тој не важи за новите реквизити што се
во приватна сопственост“, информираат во забавниот парк.
Билетите
се во неколку бои и сите не важат за сите реквизити, туку родителите
мора да се информираат за тоа на билетарницата. Оваа практика во Луна
паркот ја објаснуваат со транспарентноста на продадените карти, особено
за забавните содржини што се во приватна сопственост. http://utrinski.com.mk/?ItemID=E33AE9B46294724386E5680CB78CE99E |
|
|
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#6 Posted: 24-Nov-2009 at 21:20 |
ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ЗАБАВНИОТ ПАРК
Консултант ќе подготви постапка за партнерство
Град
Скопје ќе ангажира стручен консултант за спроведување постапка за
јавно-приватно партнерство за изградба на лунапарк. Оттаму велат дека,
имајќи ја предвид сегашната состојба на забавниот парк, во кој
преовладуваат застарени реквизити, градските власти одлучиле да вклучат
и приватен партнер во финансирањето на изградбата и давање услуги на
забавен парк, за, како што велат, да се врати сјајот на лунапаркот. -
Целта е да се добие еден забавно-рекреативен, но, пред се, едукативен
простор каде што најмладата популација ќе се запознае со законите на
физиката, планетарниот систем, сценските перформанси и сето тоа низ
забава, игра и рекреација. Со ангажирање на стручниот консултант ќе се
овозможи спроведување на постапката за јавно приватно партнерство за
изградба на забавен парк во Скопје - велат од Град Скопје. Според
изготвениот конкурс, консултантот ќе биде ангажиран за изработка на
студија, подготвување одлука за почнување постапка, потоа подготовка на
документација за објавување јавен повик, анимирање на можните кандидати
за приватен партнер, изработка на модел-договор за јавно-приватно
партнерство. Градските советници денес ќе одлучуваат дали ќе се распише
огласот, по што ќе се знае дали тоа ќе биде првиот чекор кон повторно
заживување на скопскиот лунапарк.
Е.М.
|
http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=1&EditionID=1874&ArticleID=127306
|
|
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#7 Posted: 08-Apr-2010 at 10:43 |
СЕ УШТЕ
НЕМА НИШТО ОД РЕНОВИРАЊЕТО НА ЛУНАПАРКОТ
Прастарите
реквизити ќе се вртат по нови цени
Роза Петкова
Прастарото
вовче кое испушта облаци чад додека се движи и се чини дека работи на
механизам од пред неколку векови се уште ги пречекува новите генерации
посетители на забавниот парк во Скопје. Ниту нова содржина, ниту модерни
детски реквизити не се донесени во единствениот лунапарк во градот иако
тоа постојано се најавуваше последниве неколку години. Дојдени со
ентузијазам и желни за забава, децата во моментов можат да си играат
само на ‘рѓосани реквизити, кои ги користеле и нивните родители. Покрај
тоа, раководството на паркот за пет денари ги поскапи и билетите за
возење на забавните реквизити. Неофицијално дознаваме дека билетите со
новите цени веќе се отпечатени и пристигнати во лунапаркот, а ќе почнат
да се продаваат од претстојниов викенд. Немаше никој надлежен за да даде
одговор зошто раководството се решило на ваков чекор иако одамна нема
инвестирано во нова опрема, а граѓаните ќе треба да плаќаат поскапа цена
за старите услуги. Градоначалникот Коце Трајановски во својата
предизборна програма на скопјани им вети проширен и целосно
реконструиран забавен парк до октомври годинава. Знаејќи ги долгите
тендерски постапки, кои траат и по неколку месеци, нејасно е како ќе се
случи тоа кога градежните работи на терен воопшто не се почнати, ниту
Градот избрал фирма за реконструкција. Од кабинетот на градскиот татко
уверуваат дека нов лунапарк е стратегиски проект, на кој се работи
речиси од самиот почеток на мандатот. - Во тек е постапка за избор на
консултант што ќе изработи техничка документација за приватно-јавно
партнерство. По изборот на консултантот и изработката на документацијата
за реализација на проектот, ќе се спроведе постапка според предвидените
услови од консултантот за избор на партнер. Понатаму сите постапки ќе
се одвиваат во согласност со законот. Значи работите се одвиваат според
предвидената динамика во програмата - велат од Одделението за односи со
јавност. Градските власти неодамна го завршија и конкурсот за реновирање
на стариот дел на Градскиот парк. Какви идеи се предложиле за
подобрување на содржините, кои речиси ги нема, надлежните не најдоа за
сходно да одговорат, ниту, пак, јавно да ги изложат избраните идејни
решенија. - Новиот лик на градскиот парк се реализира фазно. Веќе се
изработени повеќе интервенции во делот на хортикултурното уредување,
поставени се жардиниери, уредени се повеќе патеки, направени се рампи за
лица со посебни потреби, почна копањето на бунарите за полевање.
Деновиве е распишана и јавна набавка за изработка на изведбен проект. За
содржините ќе може повеќе да се каже кога ќе биде изработено
изведбеното решение - велат од Одделението. Дотогаш скопјани ќе уживаат
во малото камено мече, школката и лавиринтот од жива ограда, кој е
холандска донација, а и натаму ќе се надеваат да добијат подобар и
побогат изглед на паркот во некоја наредна година. http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1988&ArticleID=137936
|
|
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#8 Posted: 03-May-2010 at 01:22 |
Само една
странска фирма заинтересирана за Луна-паркот
Консултантот ќе треба да најде приватен партнер што ќе вложи
во нови реквизити
Само една странска фирма досега се јавила на повикот на Град Скопје
за избор на консултант кој ќе треба да најде приватен партнер за обнова
на Луна-паркот. До отворањето на понудите останува уште кратко време, по
што, дефинитивно, ќе се знае дали обновата на скопскиот забавен парк ќе
тргне од мртва точка. Консултантот, според замислата на градоначалникот
Коце Трајановски, ќе треба да направи студија за приватно-јавно
партнерство и да најде заинтересирана компанија која би вложила во
обнова на Луна-паркот.
Концесионерот ќе може да стопанисува со
целиот забавен парк на површина од 25.000 квадратни метри, простор во
кој ќе влезат и сегашните дискотеки. Приватниот партнер ќе треба да ги
замени старите реквизити со нови, да постави нови инсталации и целосна
подземна инфраструктура. Ќе се гради и нова трафостаница за напојување
на новите реквизити. Во план е просторот да биде модерно хортикултурно
уреден. Според процените, за целиот проект би биле потребни околу 5
милиони евра.
„За новиот Луна-парк во тек е постапка за избор на
консултант, кој ќе изработи техничка документација за приватно-јавно
партнерство. Работите се одвиваат според предвидената динамика и до
крајот на оваа година би требало да се отвори постапка за избор на
партнер за уредување на новиот изглед“, информираат од Градот Скопје.
Според
замислата на градските власти, новиот Луна-парк, освен забава, ќе треба
да им понуди на најмладите и едукативни содржини преку кои тие ќе се
запознаат со законите на физиката, планетарниот систем и сценските
перформанси.
http://utrinski.com.mk/?ItemID=FDF2FF7F39750C4B90A692572BA3CDAC |
|
|
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#9 Posted: 08-May-2010 at 10:13 |
„Тест“ за панорамското тркало во луна-паркотНа интернет-страницата на
Бирото за јавни набавки е објавен тендер за изработка на основен, идеен
и изведбен проект за панорамско тркало во луна-паркот |
|
|
|
|
|
Сé уште не се знае дали ќе се реконструира целиот парк, или, пак,
само ќе се менува „панорамата“. Скопјани што пораснале во паркот велат
дека е гревота што реквизитите се толку многу запуштени.
Се
собиравме таму и преку ден и навечер. Потоа на ред дојдоа и нашите деца.
Генерации израснаа на истите реквизити. Но сега паркот е навистина
запуштен, реквизитите се дотраени, неинтересни за децата. Секогаш кога
со децата шетаме низ Градскиот парк, поминуваме и во луна-паркот, но
едноставно повеќе не е тоа што беше. Сега на секоја страна може да се
видат шишиња од алкохол и шприцови фрлени во зеленилото - вели Марјан
Симоновски.
Од градот велат дека наскоро не се планира
реконструкција на паркот, а дека тендерот е распишан само за да се види
колку приближноо би чинело да се направи ново тркало на „панорамата“.
Можеби подоцна ќе се распишат тендери и за другите реквизити. |
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=581093379&id=14&prilog=0&setIzdanie=21978
|
|
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#10 Posted: 29-Jun-2010 at 14:33 |
БАВНО ОДИ ПЛАНОТ
ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА
Шпанци
ќе ни бараат инвеститор за „Луна-парк“
Роза Петкова
По
седум месеци градските власти конечно избраа консултант за
реконструкција на „Луна-парк“, а тој ќе работи уште цела година за да
најде приватен инвеститор кој ќе вложи во проектот. Тоа е шпанската
консултантска куќа „ИДОМ“, позната по тоа што истовремено ја прави и
студијата за сообраќајот во Скопје, за период од 20 години. Оваа фирма
била единствена која учествувала на огласот, иако претходно тројца
заинтересирани подигнале тендерска документација. Иако
градоначалникот Коце Трајановски во својата предизборна програма на
скопјани им вети проширен и целосно реконструиран забавен парк до
октомври, познавајќи ги долгите административни процедури скопјани може
да очекуваат паркот да се мрдне од мртва точка дури за година до две. -
Според договорот, шпанската компанија „ИДОМ“ во рок од една година
треба да ја изготви техничката документација за јавно приватно
партнерство. Потоа ќе се спроведе постапка за избор на партнер, според
предвидените услови од консултантот - велат од градското одделение за
односи со јавност. Во меѓувреме, додека да се најде инвеститор за да
му даде нов и модерен лик на целиот парк, Градот по вторпат бара фирма
која ќе го поправи панорамското тркало. Препознатливата „панорама“ со
години не работи, а на првиот оглас, распишан пред неколку месеци, не се
јавил никој за да направи идеен и изведбен проект за нејзина
реконструкција. Потрагата по заинтересиран инвеститор кој ќе вложи
во уредување на забавниот парк е стара веќе неколку години. Пред три
години пропадна тендер за приватен партнер што би инвестирал во нови
содржини. Следен чекор беше одлуката да се бара консултант во Градското
собрание, а тој би имал задача да ги анимира можните кандидати за
приватен партнер. Идејата е „Луна-парк“ да се прошири и да го земе
просторот каде што сега се сместени дискотеките, старите реквизити да се
заменат со нови, да се обнови подземната инфраструктура, како и
електриката. Содржините треба да бидат забавни, рекреативни и
едукативни, а најмладите низ игра да се запознаат со законите на
физиката, планетарниот систем и сценските перформанси. Дотогаш
скопјани ќе ги користат сегашните услови во забавниот парк, старото
вовче, дотраените колички и други реквизити, кои во моментот се
единствената ваква забава за најмладите во главниот град.
http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=3&tabid=1&EditionID=2056&ArticleID=143591
|
|
alexgizh
Moderator Group
Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1976
|
Quote Reply
#11 Posted: 06-Aug-2010 at 19:01 |
Владата
најави изградба на нов луна парк во Скопје. Паркот се очекува да почне
да се гради в лето идната година на местото на сегашниот Луна парк.„Консултантската куќа работи на подготовка на проект. Откако тоа ќе
биде завршено ќе се објави оглас за избор на концесионер. Или ќе оди на
база на јавно приватно партнерство, но не се исклучува и некоја трета
опција, но засега овие две се најверојатни. До крајот на годината,
почетокот на следната би требало да се објави оглас, понуди за прибирање
на концесионери. Откако ќе се изберат на пролет, некаде во мај, јуни,
јули се очекува да се почне со градба на паркот“ најави Груевски.
|
http://kajgana.com/makedonija/ke-se-gradi-nov-luna-park
|
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
|
|
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#12 Posted: 08-Oct-2010 at 19:00 |
Луна-паркот нема да остане без панорама
Луна-паркот пак ќе има панорама. Решението дали ќе се поправа
постојната или ќе се прави нова, ќе треба да го понуди проектот на
избраниот консултант за Луна-парк. Популарното тркало повторно ќе биде
атракција за посетителите. Во Градот Скопје велат дека забавниот парк не
би бил комплетен без панорама поради што и се инсистира во сите идни
планови за обнова на катчето за најмладите да има и ваков реквизит.
Градските
власти неодамна распишаа и тендер за реконструкција на панорамата, која
не работи повеќе години. Сепак, повикот беше повлечен, затоа што во
меѓувреме се избра консултантот. Тој ќе треба да подготви проект, а
потоа да најде и приватен инвеститор, кој преку јавно-приватно
партнерство со ЈП „Паркови и зеленило“ целосно ќе ги обнови реквизитите
во Луна-паркот.
„Со изборот на консултант започна постапката за
обнова на забавниот парк. Една од неговите првите задачи е изработка на
проект за идниот изглед и содржина на реквизити во Луна-паркот, во кој
свое место ќе си има и панорамата. Дополнително ќе се утврди дали е
поевтино да се набави нова панорама или да се поправа старата“,
информираат од Градот Скопје.
Панорамското тркало не работи
повеќе од шест години. При последните контроли беше констатиран висок
степен на корозија на металната конструкција, поради што реквизитот не е
безбеден за употреба.
Со приватна инвестиција, велат во Градот,
се отвора патот за поставување на четириесетина нови реквизити, а
старите ќе бидат демонтирани и продадени. Приватниот партнер ќе треба да
постави и нови инсталации и целосна подземна инфраструктура. Ќе се
гради и нова трафостаница за напојување со струја на новите реквизити.
Во план е целиот простор да биде модерно хортикултурно уреден. За
реализација на целиот проект би биле потребни околу пет милиони евра.
http://utrinski.com.mk/?ItemID=F59D78957F2B004683A7B47A26265FF5 |
|
|
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#13 Posted: 02-Jan-2011 at 16:57 |
ЗА ИДНИОТ КОНЦЕСИОНЕР
Лунапаркот скапа инвестиција
Потенцијален
концесионер се заинтересирал за изградба на нов лунапарк во Скопје, на
местото на стариот, но за него инвестицијата била преголема, па побарал
Градот да даде субвенции. Ова вчера на седница во Градското собрание го
соопшти градоначалникот Коце Трајановски, кој одговараше на советничко
прашање, но не соопшти кој е заинтересираниот инвеститор. Според
Трајановски, направени се процени за сумата што би била потребна за
изградба, па ако паркот се гради на сегашните 2,5 хектари, би чинел 12
милиони евра, а доколку се протега на површина од четири хектари
инвестицијата ќе порасне на 18 милиони евра. Концесионерот побарал
Градот да се вклучи во финансирањето преку субвенции, но за тоа
градските власти немале пари. - Градот може да учествува само во
подготовка на земјиштето. Владата треба да се вклучи во изградбата, па
се надевам дека до крајот на 2011 година градежните работи би можеле да
почнат. Се зависи од тоа како ќе тече договорот со концесионерот - рече
Трајановски. Градот летово ја избра шпанската фирма „Идом“ за
консултант во проектот за нов забавен парк и за услугата наплати околу
190.000 евра. Според договорот, консултантската куќа во рок од една
година требаше да подготви документација за јавно приватно партнерство, а
потоа да се спроведе постапка за избор на партнер. Потрагата по
заинтересиран инвеститор кој ќе вложи во уредувањето на забавниот парк
трае веќе неколку години. Првичната идеја беше Луна-парк да се прошири и
да го земе просторот каде што сега се сместени дискотеките, старите
реквизити да се заменат со нови, да се обнови подземната инфраструктура и
електриката.
http://www.time.mk/read/NONE/ef1181320e/index.html
|
|
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#14 Posted: 03-Jan-2011 at 18:22 |
Новиот лунапарк скап за Коце
"Станува
збор за скап проект. Градот нема пари за да учествува на каков било
начин во изградбата на паркот, затоа предлогот на шпанската фирма за
субвенционирање е неприфатлив. Единствен начин е да побараме пари од
Владата", вели градоначалникот Трајановски
Новиот
лунапарк ќе чини 12 милиони евра. Според проектот на консултантот
шпанската фирма "Идом" која Градот ја избра да го осмисли изгледот на
лунапаркот, тој ќе чини многу повеќе отколку што се надеваше
градоначалникот Коце Трајановски. Шпанците пред извесно време на
градоначалникот Трајановски му презентирале два проекта. Првиот предлог
бил поевтин и според него паркот би се протегал на површина од 25.000
квадратни метри, со околу 40 детски реквизити и би чинел 12 милиони
евра. Вториот проект превидувал лунапаркот да зафаќа површина од 40.000
квадратни метри и би чинел 18 милиони евра. Претставниците од фирмата
рекле дека дури и првата веријатна е доста скап проект и биле загрижени
дека ниту една фирма нема да сака да инвестира толку пари. Затоа му
предложиле на Трајановски и Градот да се вклучи во финансирањето на
лунапаркот со субвенции. "Станува збор за скап проект. Градот нема
пари за да учествува на каков било начин во изградбата на паркот, затоа
предлогот на шпанската фирма за субвенционирање е неприфатлив. Единствен
начин е да побараме пари од Владата, за да не оставиме целата
финансиска конструкција да падне на фирмата концесионер", вели
градоначалникот Коце Трајановски. Од Градот најавуваат дека иако
проектот е скап нема да прават нов поевтин, туку дека кон крајот на
месецов ќе распишат тендер за фирма која би го градела и би
стопанисувала со него. Дотогаш ќе лобираат и кај Владата за да им се
одобрат средства, со што и Градот би учествувал во изградбата. Изградбата
на новиот лунапарк се ветува со години. Според планот на надлежните
треба да се протега на површина од околу 25.000 квадратни метри, односно
ќе биде опфатен просторот на стариот парк, и местото каде сега се
наоѓаат летните дискотеки. Фирмата која ќе стопанисува со него
предвидено е сите стари реквизити да ги замени со нови, да постави нова
инсталација, канализација и трафостаница, и целиот простор хортикултурно
да се уреди. Додека градските власти ваквите нивни ветувања ги
претворат во реалност, на скопјани им останува да се возат во искршени,
дотраени и небезбедни реквизити.(А.А.)
|
http://vest.com.mk/?ItemID=7B2C727775866D419ECE169DB0C0E6A8
|
|
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#15 Posted: 25-Jan-2011 at 14:51 |
За проектирање, изградба, работење и финансирање детски забавен парк
БАРАЊЕ ЗА ИЗРАЗУВАЊЕ ИНТЕРЕС ЗА ИЗБОР НА КОНЦЕСИОНЕР ЗА НОВ ЛУНА ПАРК
|
|
Градот
Скопје објави барање за изразување интерес на релевантни компании и
конзорциуми за избор на концесионер за проектирање, изградба, работење и
финансирање забавен парк во Скопје. Главниот обем на работите на
фирмата/ конзорциумот којшто ќе биде избран се следните:
1. финансирање,
проектирање и изведување работи за изградба на нов ЛУНА ПАРК со
површина од 25.000 квадратни метри сo можност за проширување до 40.000
квадратни метри.
2. управување, работење и одржување на забавниот парк за време на концесискиот период,
3. пренос на предметот на концесијата на Градот Скопје на крајот на концесискиот период (пренос на концесија)
Во
оваа фаза Градот Скопје очекува да добие писма за изразување интерес за
учество во тендерската постапка за избор на концесионер за проектирање,
изградба, работење и финансирање на нов ЛУНА ПАРК во Скопје, под
концесија.
Градот
Скопје подготви пакет-информации со вовед и опис на проектот, главните
фактори на концесијата и прелиминарен концептуален дизајн на новиот ЛУНА
ПАРК. Заинтересираните страни потребните информации може да ги добијат
во просториите на Град Скопје или на веб-страницата:
http://www.skopje.gov.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=569 |
|
http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=3943&mid=482&tabId=1&tabindex=0
|
|
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#16 Posted: 03-May-2011 at 15:17 |
Луда железница и во нашиот Луна-парк?Доколку градот не успее да најде инвеститор, Владата вети дека
таа ќе вложи во целосна реконструкција на Луна-паркот, вели Миодраг
Атанасиевски, управител на Луна-паркот
Вовчето е главна атракција за најмладите додека се чека новиот инвеститор
Луда железница, нов автодром, ракетодром, балерина и уште многу други
забавни реквизити што ги има во сите забавни паркови во светот ќе бидат
дел од новиот Луна-парк за кој градот безуспешно бара инвеститор.
Доколку не се појави заинтересирана фирма што би го обновила паркот,
тогаш Владата ќе вложи во негова целосна реконструкција, велат од
скопскиот забавен парк.
Луна-паркот постои од 1973 година и оттогаш функционираат истите
реквизити, кои веќе ги гази времето и бараат обнова. Боите им се
избледени, дел се ‘рѓосани, оштетени, го изгубиле сјајот што треба да го
имаат забавните реквизити.
- Со години бараме инвеститор да ни помогне да го обновиме паркот, но
никој не сака да вложи. Ни требаше некој што ќе ризикува во овој бизнис,
бидејки не е рантабилен, не се заработува од продавање карти. Пресреќни
сме што градот и Владата се понудија да ни помогнат - вели Миодраг
Атанасиевски, управител на Луна-паркот.
Сите реквизити се во функција, а единствено што не работи е панорамското
тркало. Последните неколку години понудата е зголемена со картинг,
трамбулина, банџи, игротека, кои придонесоа малку да се врати
посетеноста на забавниот парк. Особено за викендите и за празниците,
кога паркот живнува. Децата не ни забележуваат дека реквизитите се
стари, но нивните родители забележуваат дека во паркот ништо не е
променето со години.
- Син ми обожава да се вози на автобусчето или на кочијата, иако се
стари и оштетени. Нему му се интересни. Но треба да се обнови
Луна-паркот, да се модернизира, да се донесат нови реквизити, па и за
возрасни, како што е лудата железница, замокот на стравот - изјави
Емилија Младенова од Козле.
Посетителите реагираат и на високите цени на билетите за едно возење,
која со последните поскапувања на струјата и на нафтата е повисока за
пет денари. Билетот за едно возење чини 40 денари, но има и билет за 250
денари за 10 возења.
Градот досега имаше неколку безуспешни обиди да најде стратегиски
инвеститор за обновување на забавните содржини во паркот. На последниот
јавен повик беше избран консултант што треба да спроведе постапка за
изработка на студија и да ја подготви документацијата за договорот за
концесионирање. Забавниот парк ќе биде со површина од 25 илјади
квадратни метри, со можност да се прошири до 40 илјади. Според
консултантот, шпанската фирма „Идом“, проектот ќе чини околу 12 милиони
евра, а доколку е 40.000 квадратни метри, ќе чини 18 милиони. Новиот
Луна-парк ќе добие четириесетина нови реквизити, нова инфраструктура,
изолација, канализација, трафостаница и целиот простор хортикултурно ќе
се уреди.
- Повеќе детали за содржините ќе се знаат по завршувањето на втората фаза - изјави Неделчо Крстевски, портпарол на градот.
http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=531191315&id=14&prilog=0&setIzdanie=22270 |
|
|
zabegan
Senior Member
Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
|
Quote Reply
#17 Posted: 04-May-2011 at 01:20 |
зошто се обидуваат да развиваат нешто кај што не му е местото, на тој простор единствено може ново и поголемо панорамско тркало да се стави, во спротивно треба паркот или да се реновира и да се освежи со нова опрема не толку далечна од старата или да се расклопи целиот и просторот да се искористи на најпаметен можен начин
навистина се потребни барем основни работи, ако ништо друго хигиената и безбедноста да ја запазеа
|
|
Konstrukt
Senior Member
БАНИРАН
Joined: 03-Mar-2011
Online Status: Offline
Posts: 124
|
Quote Reply
#18 Posted: 04-May-2011 at 13:13 |
Луда железница од 12 милиони за Лудаци - еден автопат крпен имаме - ама неееееее 12 милиони за луда железница, пази ако немало инвеститор, Владата ке даела...се забегува значи
|
|
krale
Senior Member
БАНИРАН
Joined: 28-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 1487
|
Quote Reply
#19 Posted: 04-May-2011 at 13:20 |
Originally posted by Konstrukt
Луда железница од 12 милиони за Лудаци - еден автопат крпен имаме - ама неееееее 12 милиони за луда железница, пази ако немало инвеститор, Владата ке даела...се забегува значи |
Тоа нема да бидат пари фрлени во бунар, напротив брзо ќе се исплатат. Мислам дека и добро е владата да инвестира, бидејќи за 10 години може да ги извади парите, а потоа може да го продаде објектот за слична сума на инвестираната.
|
|
OBX
Newbie
Joined: 05-May-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
|
Quote Reply
#20 Posted: 05-May-2011 at 04:20 |
Забавен парк од овој тип (со луда железница и слични реквизити) не само што и е потребен на Македонија туку му е потребен и на целиот поширок регион. Колку што јас знам најблиска луда железница имаме во Будимпешта но и таа не е ништо посебно туку само едно обично дрвено лудо вовче. Вистиски ролеркостер има дури во Германија. Ваквиот забавен парк би било добро да се изгради некаде надвор од градот каде би бил достапен за Македонија и поширокиот регион. Насекаде во светот луѓе патуваат и по стотици километри само за да поминат еден ден во забавен парк, па зошто тоа да не биде случај и тука. Секако дека тие забавни паркови вредат многу повеќе од 12 000 000 евра меѓутоа би било добро доколку би се изработил некаков план за таков парк па потоа плански отом потом еден по еден би се граделе реквизитите!
|
|