build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Останати теми
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Демографија

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1234 24>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4090
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 06-Apr-2011 at 13:47
Originally posted by N23

МајМаседониа не си во право. Истата слика ја добивам и во Србија и во Бугарија и во Турција. Особено во Турција каде на секој чекор ти се нудат фалц парфеми, саати и сл. Кучиња скитници имаш и во претходно набројаните земји. Не е за оправдување тоа, ама тие 3 земји имаат далеку поголем број на туристи во нивните земји. Значи не е важен само првиот впечаток, понудата е најважна.
Македониј е во право, умре времето кога државата даваше се, сеа народот треба да се избори да добие од државата, но многу повеќе да даде, за да може после извесен период да го ужива ќарот од вложеното.
МајМаседониа, вработувањето тука никад нема да се смени. Се додека во администрација се вработуваат по партиски линии и со рамковен договор, се додека поради мир во државава се вработуваат незналици, па дури и во најголемите фирми, само за да се затворат нечии усти, тогаш ништо од бизнисот. Лесно е во Европа и САД, каде најчесто не те гледаат кој си, туку ти го гледаат образованието и снаодливоста. Се додека луѓето се делат на оваа и таа страна на Вардар, дека има неправда од едни кон други, никад нема квалитетниот кадар да го задржиме. Еве јас сум меѓу тие кои први ќе избегаат од тука, затоа што нит сум партиски определен, нит па сакам да ја истакнувам својата етничка припадност. Нема да ме зачуди ако после последниов попис нема значителен пораст на населението. Регионален развој и еднаквост на сите пред работното место се единствени шанси за останување на младите првенствено во оваа земја, но и во своите градови. Ќе дадам личен пример, аплицирав на три места, за кои сметав дека се апсолутно неутрални, а добив негативен одговор поради лица кои се примени по заслуга на партиски функционери, независно од која партија се. Кратко и јасно, тука лежи зајакот.


N23 mora da priznaes deka srbija, bugarija i turcija se daleku porazvieni od nas. Bugarija, e vekje vo EU, Srbija, sepak ima sredeni granici i ulici, odi vo beograd, kje si vides sto e glaven grad, turcija e istotaka daleku porazviena od mkd, aj spored tebe celiot region e kako mkd, i sega sto???da cekame podobri veminja??Zosto ne se trudime da bideme podobri od drugite???
Drugite imale turisti, povekje od nas... DA, ama tamu e razviena infrastrukturata, hrvatska gradi patista spored germanski standati, eve jas sto ziveam vo stranstvo(pa odam i vo germanija), znaes li kakvi ulici ima???TOP!Turistot saka cistotija, bara kade da sedne da se odmara, a ne kall i strav od kucinja....bidi realen N23....
Ne, i drzavata i lugjeto trebaat da rabotat, eve rece deka so nevrabotenosta nema nisto da se smeni?Pa aj, ti sam kazuvas deka cekas nesto od drzavata.
Toa so vrabotenjeto, go poznavam od mnogu lugje, barat partiska kniska inace visokoto obrazovanije ne ti nudi....ova mora da se smeni, znci ne e samo ramkovniot....a i kaj ramkovniot, zemaat od universitetot na tetovo, sto znaci tie imaat obrazovanije.
Kaza deka kje begas, normalno covece, mora da zivees od nekade.Smile

Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 06-Apr-2011 at 15:31
Па јас се трудам сам да се наметнам во ова општество, ама тоа не ми дава простор, барем до сеа не. А јас не сум од тие што бараат многу од државата.
Ај сеа во контест на земјиве. Прво Турција. До пред 2-3 години беа хаос. Тесни булевари, прљави улици, непланска градба. Сеа се менуваат. Кушадаси - туристичко место. Кучиња скитници колку сакаш, љиљаци навечер, смрдеа од контејнери, прашина околу хотелите, неурбанизирани површини. А врие од туристи. Најтрагично е што има само 5 бара. Значи? Туристот бара море и прифатлива цена. Верувај ниту хотелите во Турција не се богзнае што, сум спиел во десетина и се на ниво ко у Охрид. Тачно и они се развиваат, ама кај нив тек сеа почнуваат да градат автопати, до сеа главните патишта од Едрене до Измир беа градени само од камења, фрлена одозгора некоја течна маса (нешто налик катран), поминато со ваљак и тоа е се. Ама ете, имаат некоја фора на која им доаѓаат туристите.
Србија. Освен Белград, Ниш колку толку и Војводина, све друго е помизерно од цела Македонија. Ако некој бил у Лесковец може да потврди дека еден Радовиш е поразвиен, или Шабац, град после Белград, или Врање или пак Крагујевац, кои среќа имаат што пак работи фабрикана за коли, иначе беа еден од подепримираните градови на Балканов. Да, јас сум воодушевен од Белград, ама ти советувам да отидеш во Нов Белград и ако имаш прилика да ја извозиш цела траса на трамвајот со бр. 9 (мислам, пошто сум подзаборавил) и ќе сфатиш дека освен централното подрачје, кое е далеку поубаво од Скопје, се останато е налик тука. Цигански маала, диви депонии, лоша инфраструктура и сл. Така да Србија спрема Македонија е во предност поради Нови Сад и делумно Белград. Ние ја иаме најмодерната граница со Србија, ама проблемот е нашиот менталитет, што не мрзи да се помрднеме од удобното столче за да зачистиме и да ги протераме кучињата. Еве кај мене у населба секој ден се чисти, се уредува зеленилото, ама ЏАБЕ, има ајвани кои сакаат да демолираат и да биде по нивно.
Бугарија. Прича за себе. Од граница до Софија, како да застанало времето. Распаднати фабрики, лош пат, запуштени села и сл. Софија е друго. Иако и таму се во фаза на градење па не обрнуваат уште толку многу внимание на градската инфраструктура, ваљда чекаат главните објекти да се завршат. Памтам пред 2 години кола ќе искршевме у центар на Софија од дупки на улица. Тука се наравно Пловдив, кој е развиен во стилот на Битола, можеби малку повеќе и Варна, за мене најубавиот град во Бугарија, кој памтам уште у 1995 коа бев беше најразвин град во тогашна мизерна Бугарија и уште од тогаш по нивните улици се возеа автобуси Мерцедес, оние истите кои денес ги гледаме како приватницине ги возат по Скопје и се радуваме на нив небаре сме затуцано племе од Африка. Факт е дека Бугарија се развива, ама и даље се прилично слични со нас. Види какви вагони праќаат на релација Софија-Белград, смрдливи и распаднати. Да, имаат уложено нешто на домашен терен, ама тоа се е со помош на ЕУ, која им ги зеде работниците поради сиромаштија. И го препорачувам Парник, град пред Софија, барем пред 2 год коа бев, беше очаен. Доволно е само да го заобиколите и ќе се согласите дека таков град немаме тука.
Имам уште низа факти за овие земји, само ќе треба предолго да пишувам. А да, Хрватска, прават автопати, само тоа е ризик, се задолжија до гуша. Парите можат да им се вратат само доколку со тоа привлечат странски инвестиции. Само кај нив е проблем што цените се повисоки дури и од некои ЕУ-држави, па државата е константно пред банкрот, поради високите плати и неможноста хрватската економија да се справи со нив.
А за туристите, спомнав, они доаѓаат кај што има море, без оглед на условите. А реални да бидеме, не знам ни овие странци како се тераат да дојдат на езеро. Освен убавините на Охрид, кои се шетаат во два дена. Еве викендов Охрид беше полн со туристи, азијати, балканци, западно-европејци. Проблемот е што понудата на историското наследство е голема, ама површински е мала и е многу тешко некој странец да го задржиш на езеро 10 дена.
И јас се согласувам дека не треба да чекаме подобри времиња и дека за инат на другите треба да се развиваме побрзо од останатите. Ама така нема да гласа нарадов за иста партија цело време. Затоа што колку побрзо се гради, толку побрзо се губи поддршката. Што ако ВМРО 90% од планираните автопатишта ги изградеше од 2006 до 2009? Па на сегашните избори ќе изгубеа кардинално. А вака градат по малце, што квалитетно, што неквалитетно, веќе трет мандат ветуваат конечно изградба на автопатишта и народот им дава легитимитет за да ја завршат својата мисија. И така веќе 5 години. Верувај ова е потврдено во пракса, а сигурен сум дека и ти си свесен за тоа. Овој народ е заложник самиот на себе. Затоа и бегаат од тука. Али бегаат и од Турција, Бугарија, Србија, Хрватска.
Не е идеално кај нас, ама мразам кога овие три земји се издигнуваат далеку над нас.
Сето ова не би го зборел и пишувал, доколку не сум бил на терен. Ама 8 години континуирано сум низ овие земји и детално сум запознаен со ситуацијата на терен. Кога шетам гледам да ги разгледувам градовите далеку од својот центар, за да ја увидам фактичката состојба. А таа, барем во овој дел од Балканот, не е ништо подобра од нашата. И ние да сме поблиску до ЕУ, ќе станеме Мека за инвеститорите од странство, па тогаш за нас ќе се збори како за земја во голем развој.
А во контекст на студентите од Универзитетот во Тетово, немам некое големо мислење, бидејќи сум имал контакти со поголем дел од нив по разни семинари, дебати и сл. Многу повеќе квалитет гледам кај оние од Штул и се надевам дека барем тие што се по рамковен ги земаат од Штул. Факт е дека има многу вредни од запослените на овој начин, сум работел (волонтирал) со нив и немам замерка. Ама е нефер што тој поради некој договор по дифолт добива шанса за работа или тој другиот што има книшка, а јас без ниту една од двете опции морам да продолжувам образование за да не дремам дома. Затоа чаре е запад, уште да ми дадат виза за живеење у Лондон и не се враќам тука никад, осим можда преку лето.
Back to Top
nenad View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 740
  Quote nenad Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 06-Apr-2011 at 17:49
nekako mi e neverjatno Bugarija da ima tolku golem demografski minus za tolku kratko vreme. Dale e toa uste edna novinarska patka? Inace vo site evropski zemji pogolem mortalitet od natalitet.taka da nacijata stagnira(vvo najdobar slucaj e pozitvna nula). Stabilnosta na populacijata ja odrzuva imigracijata.
Celata ovaa rabota e malku konfuzna, od edna strana doagaat predupreduvanja deka vo svetot ima premnogu luge (ke odi do 9 milijardi za sto nema dovolno resursi....) a od druga strana ne cini i koga ima stagnacija
A sto se odnesuva do emigriranjeto od Makedonija, koj saka da odi moze slobodnoda odi, nikoj nema d aja vrze glavata zaradi toa
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4090
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 06-Apr-2011 at 17:58
Ne ne moras, kje ti bide interesno okolinata bez komssi
Back to Top
gorco View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Google Maps: Regional Expert

Joined: 22-Oct-2009
Online Status: Offline
Posts: 642
  Quote gorco Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 26-Apr-2011 at 11:19
Originally posted by lslcrew


Ееее ееее Драган не ми требаше ваков одговор. Отиде предалеку наназад. Зборував за села што на гоогле се познавата остатоци од куќи без кровови. Три века наназад само цркви има остатоци зашто тоа е чувано, за село ич да не правиме муабет, сигурно дека ни куп камења нема останато. Зборувам за села што се иселени максимум во последните сто години. Така некако нелогичен ми беше овој предел. Нјаверојатно ми е дека е поради Криволак, ама Брегалница па од друга страна е неискористен потенцијал, ако ништо друга барем за земјоделие покрај таква рамнинска река.


ЛСЛ,

Тоа ти се претежно турски села, чии жители се иселени од Македонија во Измир после Втора Светска војна. Селата во регионот се опфатени низ општините Неготино (Шеоба), Градско (Јаношево, Убого), Лозово (Бекирлија, Кишино) и Штип (Топлик, Едеклерци, Хаџи Сејдели, Хаџи Реџепли, Хаџи Хамзали, Скандалци, Тестемелци, Јамуларци).

Тотално се напуштени и оставени на забот на времето, затоа ги гледаме остатоците од куќите.
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 11-Jul-2011 at 13:06

Скопје станува Македонија, а селата стануваат Скопје


Продолжува трендот миграциите од главниот град во околните рурални населби да бидат во поголем број од тие во спротивниот правец

 
 
%20  

Бардовци е меѓу најпривлечните дестинацииза иселениците од Скопје

Скопскиот статистички регион остана единствен од осумте во кои иселувањето од градот во околните села е поголемо отколку миграциите во спротивната насока, покажаа најновите податоци на Државниот завод за статистика за движењата на населението за минатата година. Вкупно 148 жители го напуштиле главниот град и се отселиле во неговата периферија, а во обратен правец отишле 131 жител на селата. Ова е дури и најмала разлика во изминативе години, таа порано изнесувала и по повеќе од сто луѓе. Тие бројки се незамисливи за другите региони, во кои миграциите од село во град се многу почести.

Сето тоа е поттикнато од притисокот од другите делови на земјава, од каде што во Скопје лани се доселиле 1.708 луѓе, а претходната година над 1.800. Тоа е трипати повеќе од второпласираниот регион според доселувањата, пелагонискиот. Освен тоа, миграциите статистички се следат само кога се менува и официјалната адреса, што значи дека бројките не ги опфаќаат сите што се иселиле од внатрешноста во Скопје или од главниот град во околните села.

Но тоа воопшто не значи дека граѓаните на Скопје се решаваат да го сменат начинот на живот од урбан во рурален. Урбанистите потсетуваат дека станува збор само за неконтролирано ширење на градот, односно непланска урбанизација на селата од оние што купуваат ниви и градат големи куќи во нив. Оваа појава е најчеста во Бардовци, Злокуќани, Сопиште и во Соње, но бројот на местата се зголемува.

- Луѓето бегаат во приградските, сателитски населби, зашто им пречи метежот во градските. Таму земјиштето е поевтино, комуналиите се симболични, а жителите имаат приватност. Но на овој начин се создаваат големи диви населби што не се опремуваат за нормално живеење. Таму нема доволно училишта, нема услови за родителите да ги носат децата да вежбаат спорт, балет, музика и слично. Накратко, нема ништо освен куќи. Градот треба да опреми неколку такви населби, за на тој начин да се олесни метежот и да им се дадат услови за живот на сите што бараат алтернатива во периферијата - вели архитектката и урбанист Мила Искреновиќ.

Експертите многупати предупредувале на опасностите од неорганизираното ширење на Скопје. Социологот Илија Ацевски, чија специјалност е социологијата на градот, смета дека ова е американизација од 1970-тите години, но за разлика од САД, каде што градовите се ширеле организирано, стихијноста на истиот процес може да предизвика уште поголем хаос во Скопје.

%20


http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=71111846227&id=9&prilog=0&setIzdanie=22327
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 11-Aug-2011 at 11:04

Македонците ќе станат малцинство и во Македонија


Минатата година повеќе Македонци умреле отколку што се родиле бебиња, па природниот прираст, иако официјалната статистика бележи негово благо зголемување, е негативен и изнесува минус 1.763 лица

 
 
%20  

Прираст што обесхрабрува

Македонскиот народ може да стане малцинство во сопствената држава, алармираат статистичките податоци. Минатата година се родиле 12.535 деца од родители со македонска етничка припадност, а починале 14.298 Македонци. Иако официјалната статистика покажува благо подобрување на состојбата со природниот прираст во земјава, минатогодишниот податок за соодносот меѓу новородените и починатите покажува дека прирастот е негативен и изнесува минус 1.763 лица. Во истиот период се родиле 7.200 деца од родители со албанска етничка припадност, а умреле 3.073 Албанци.

Состојбата со природниот прираст на државно ниво е на релативно незавидно ниво, за што зборуваат статистичките податоци дека бројот на новороденчиња лани се намалил за 18,8 отсто во споредба со 1995 година. Бројот на починатите, пак, лани споредено со 1995 година се зголемил за 18,2 отсто.

Статистиката открива и дека сé повеќе се зголемува бројот на разводите во Македонија, што исто така негативно влијае врз природниот прираст. За 142,3 отсто повеќе разводи имало во текот на минатата година споредено со 1995 година. Лани бројот на разведени бракови помеѓу сопружници-Македонци е речиси двојно поголем отколку бројот на разводи помеѓу сопружници-Албанци. Од друга страна, лани имало 6.920 склучени брака во кои младоженецот и невестата биле од македонска етничка припадност, а 4.779 брака во кои младоженците биле Албанци.

Од аспект на соживот меѓу двете страни, интересен е податокот дека лани имало само 16 склучени брака помеѓу Албанец и Македонка и 119 брака помеѓу Македонец и Албанка.

Од вкупно 1.720 разведени брака во минатата година, најголем е бројот на разводи (324) во кои сопругот бил на возраст од 35 до 39 години. Статистиката покажува дека брачните двојки најчесто се одлучуваат на развод откако ќе поминат од 5 до 9 години во брак. Забележително е дека лани имало и 59 разводи во кои сопружникот имал над 60 години.

Според психолозите, брзиот начин на живот поттикнат од стремежот за заработувачка е главна причина за зголемениот број разводи.

%20


http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=8111183639&id=10&prilog=0&setIzdanie=22353
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 25-Nov-2011 at 15:09

Прирастот пораснал, бројот на разводи намален


http://img.plusinfo.mk/large_pics/2011/11/25/novorodence%20so%20majka%20mu.jpg

Позитивен природен прираст е забележан во земјава од август до октомври, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.


Во Македонија во третото тримесечје од годинава се евидентирани 6.108 живородени деца, што е за 7,4 отсто помалку од истиот период лани.


За 5,2 проценти е помал и бројот на умрените лица во споредба со третиот квартал од 2010 година и изнесува 4.350 лица, а од нив 49 се умрени доенчиња. 


Природниот прираст изнесува 1.758 лица, што значи дека за толку лица бројот на живородените деца е поголем од бројот на умрените лица. 


Во периодот јули - септември биле склучени 4.641 брак или за 11,8 отсто повеќе од истото тримесечие од 2010. 


Разведените бракови, пак, бележат намалување и нивниот број изнесува 259.

http://daily.mk/cluster3/268bb4cb4f34ffed45956db2b02dcfcf/1016545/gostivarskata-bolnica-dobi-tri-vozila-za-transport-na-pacienti

Back to Top
ilyrianeagle View Drop Down
Newbiе
Newbiе

БАНИРАН

Joined: 10-Dec-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote ilyrianeagle Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 10-Dec-2011 at 18:37
vo makedonija pocna malce da se zgolemuva natailtetot no, vo sporedba so kosovo kade ima 1.7 milioni ziteli a vo 2010 imase blizu 40 iljadi rodeni bebinja.
ako prodolzi vaka situacijata vo makedonija bez da se prevzemaat seriozni merki i so ogled na emigracijata za nekolku decenii ke bideme drzava na starci kako regionot na mariovo.
Back to Top
Dragan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2009
Location: Tetovo
Online Status: Offline
Posts: 1172
  Quote Dragan Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 11-Dec-2011 at 16:14
Originally posted by ilyrianeagle

vo makedonija pocna malce da se zgolemuva natailtetot no, vo sporedba so kosovo kade ima 1.7 milioni ziteli a vo 2010 imase blizu 40 iljadi rodeni bebinja.
ako prodolzi vaka situacijata vo makedonija bez da se prevzemaat seriozni merki i so ogled na emigracijata za nekolku decenii ke bideme drzava na starci kako regionot na mariovo.


Колку е валидна таа информација дека Косово има 1,7 милиони жители,како првин не е логички толкав број на жители, Косово како држава со толкава површина двојно помалаа од Македонија. За да има толкав број на жители косово треба да има 3-4 града над 100.000 жители, а тоа го нема една Приштина со околку 500.000 илјади жители, и Косовска Митровица околу 100.000
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 11-Dec-2011 at 17:00
за косово не знам ама израел има помала површина од македонија а скоро 4 пати повеке жители од мкд.значи површината многу не е битна,на косово селата се густо населени а кај нас останаа малку живи села мислам со повеке жители и млади луге .
Back to Top
Dragan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2009
Location: Tetovo
Online Status: Offline
Posts: 1172
  Quote Dragan Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 11-Dec-2011 at 22:11
Previous Да али Израел има 3 града што се милионскии, а косово освен Приштина нема друг така поголем, и селата во косово не можат да имаат повеќе од 10.000 жители, спорет моја проценка косово има околу 1,2-1,3 милиони жители


Edited by Dragan - 11-Dec-2011 at 22:14
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 11-Dec-2011 at 22:15
А според онаа на ЦИА Фактбуук, Косово има 1,8 милиони и несомнено е поточна од твојата.
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 11-Dec-2011 at 22:34
Originally posted by Dragan


Previous Да али Израел има 3 града што се милионскии, а косово освен Приштина нема друг така поголем, и селата во косово не можат да имаат повеќе од 10.000 жители, спорет моја проценка косово има околу 1,2-1,3 милиони жители


Сега да не излезе навредливо но види го Чаир и Арачиново, на колкава површина колку народ живее. Според википедиа за Косово пишува:
Површина-10.887 km²
Број на жители-1.733.872 или
159,3 жители на km² (и тоа не е воопшто премногу ако се знае дека на пример:
Германија има 229 жители на km²
,а Холандија дури 402 жители на km²



Што се однесува до градовите, 10-те најголеми се:
Prishtina 198.214
Prizren     178.112
Uroševac 108.690
Peć 95.723
Đakovica 94.158
Gjilan 90.015
Podujevо 87.933
Kosovska Mitrovica 71.601
Vučitrn     69.881
Suva Reka 59.702

Или околу 1 милион и 50 илјади жители.

И тоа не е воопшто премногу ако се знае дека на пример:

Германија има 229 жители на km²

а Холандија дури 402 жители на km²

Edited by kultuzin - 11-Dec-2011 at 22:43
Back to Top
Dragan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2009
Location: Tetovo
Online Status: Offline
Posts: 1172
  Quote Dragan Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 11-Dec-2011 at 23:39
Originally posted by kultuzin

Originally posted by Dragan


Previous Да али Израел има 3 града што се милионскии, а косово освен Приштина нема друг така поголем, и селата во косово не можат да имаат повеќе од 10.000 жители, спорет моја проценка косово има околу 1,2-1,3 милиони жители


Сега да не излезе навредливо но види го Чаир и Арачиново, на колкава површина колку народ живее. Според википедиа за Косово пишува:
Површина-10.887 km²
Број на жители-1.733.872 или
159,3 жители на km² (и тоа не е воопшто премногу ако се знае дека на пример:
Германија има 229 жители на km²
,а Холандија дури 402 жители на km²



Што се однесува до градовите, 10-те најголеми се:
Prishtina 198.214
Prizren     178.112
Uroševac 108.690
Peć 95.723
Đakovica 94.158
Gjilan 90.015
Podujevо 87.933
Kosovska Mitrovica 71.601
Vučitrn     69.881
Suva Reka 59.702

Или околу 1 милион и 50 илјади жители.

И тоа не е воопшто премногу ако се знае дека на пример:

Германија има 229 жители на km²

а Холандија дури 402 жители на km²


Па милион и 50 илјади како што велев, и сите села во косово нека имаат над 250 илјади и вкопно околу 1,3 милиони, али до 1,7 милион тешкоо немаа маса, тие борокји каде се вели дека косово има над 1,7 милиони се чиста пропаганда за светска политика


Edited by Dragan - 11-Dec-2011 at 23:41
Back to Top
tomi_z View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Oct-2010
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 196
  Quote tomi_z Quote  Post ReplyReply #36 Posted: 12-Dec-2011 at 14:04
Претпоставувам дека 100тина илјади од 1,7 милиони се водат на хартија иако се во реалноста во странство, кој само на работа, кој иселен. Ама бројката горе-долу е точна.
Back to Top
ilyrianeagle View Drop Down
Newbiе
Newbiе

БАНИРАН

Joined: 10-Dec-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote ilyrianeagle Quote  Post ReplyReply #37 Posted: 14-Dec-2011 at 21:12
abe covek toa se oficijalni rezultati so se pokazuvaa i kaj nas, a vidi so ima oficijalno na world bank http://www.google.com/publicdata/explore?ds=d5bncppjof8f9_&met_y=ny_gdp_mktp_cd&idim=country:MKD&dl=en&hl=en&q=gdp+of+republic+of+macedonia#ctype=l&strail=false&bcs=d&nselm=h&met_y=sp_pop_totl&scale_y=lin&ind_y=false&rdim=country&idim=country:KSV&ifdim=country&hl=en&dl=en plus ovie blizu 1.8 milioni se bez trite srpski opstini a sto se odnesuva do ova pred 10 godini vo kosovo imase poveke ziteli otkolku sega i so ogled na toa deka ima visok natalitet no svoeto go pravi emigracijata nadvor od drzavata, a ako sakas da se uveris kolku grada ima nad 100.000 iljada eve oficijalno statistikata na nadleznoto ministerstvo od kosovo, i vidi kolkav procent od populacijata zivee vo ruralni sredini. PEACE
Back to Top
ilyrianeagle View Drop Down
Newbiе
Newbiе

БАНИРАН

Joined: 10-Dec-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote ilyrianeagle Quote  Post ReplyReply #38 Posted: 14-Dec-2011 at 21:13
http://esk.rks-gov.net/statistikat-e-popullsise
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #39 Posted: 19-Dec-2011 at 00:34

СТРАВОТНИ СТАТИСТИЧKИ ПОKАЗАТЕЛИ

Македонците ги снемува, Албанците сe побројни

Податоците што се однесуваат на периодот од 2004 до 2010 година произлегуваат од разликата меѓу вкупниот број новородени деца и умрени лица во Македонија. Kај Македонците бројот на умрените е значително поголем од бројот на новородените, додека кај Албанците состојбата е обратна

Бројот на етничките Македонци во земјава за последниве седум години е намален за 12.559, додека кај етничките Албанци тој се зголемил за 31.013 лица, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика до кои дојде „Дневник“. Податоците што се однесуваат на периодот од 2004 до 2010 година произлегуваат од разликата меѓу вкупниот број новородени деца и умрени лица. При ова, кај Македонците бројот на умрените е значително поголем од бројот на новородените, а кај Албанците состојбата е обратна. Поразителната состојба за трендот на намалувањето на етничките Македонци доведе до состојба во која во дури 65 од 84 општини во земјава нивниот број се намалува во текот на овие години. Инаку, во текот на овие години бројот на населението во просек се зголемувало меѓу 3.004 и 5.417 лица, при што последна процена од јуни минатата година е дека во земјава има 2.055.004 жители.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=4E9B084F7C504B449E7A252701A486A6

Back to Top
nenad View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 740
  Quote nenad Quote  Post ReplyReply #40 Posted: 14-Jul-2012 at 20:49
НАД 230.000 МАКЕДОНСКИ ГРАЃАНИ СЕ ИСЕЛЕНИ ОД 1998 ГОДИНА ДОСЕГА

Дејан Азески
Тоа е повеќе од 10% од населението во државата. Податоците кои ексклузивно ги анализира „Капитал“ покажуваат дека само во земјите на ЕУ во моментот живеат 176.423 македонски граѓани со привремен престој. Од нив најголем број се во Италија, 78.048. Според официјалните податоци, за една деценија вкупно 56.506 Македонци добиле странско државјанство

Повеќе од 230.000 македонски граѓани се иселиле од земјава од 1998 до 2011 година во Европската унија и во САД. Тоа е повеќе од 10% од населението во државата. Податоците кои ексклузивно ги анализира „Капитал“ покажуваат дека само во земјите на Европската унија во моментот живеат 176.423 македонски граѓани со привремен престој. Од нив најголем број се во Италија, 78.048, потоа во Германија 58.007, во Австрија 15.698, во Словенија 9.511...
Од 1998 година, државјанство во САД стекнале 6.378 Македонци. Според официјалните податоци, за една деценија вкупно 56.506 Македонци добиле странско државјанство. Дури 11.444 Македонци се трајно иселени во Германија, а потоа следува Австрија, каде што државјанство добиле 6.070 Македонци. Потоа следуваат Белгија, каде што се издадени 2.726 државјанства на македонски граѓани, Шведска со 2.833, Италија со 2.610, Словенија со 1.726 и Велика Британија со 1.376 пасоши за македонски државјани. Бугарски пасош добиле 18.533 Македонци.
Ова покажува дека иселувањето од Македонија е големо и застрашувачко. Немањето работа, безбедносната нестабилност и лошите услови за живот се клучните причини за иселување.
Професорот Драган Тевдовски од Економскиот факултет во Скопје смета дека никој не е свесен и целосно не може да ги согледа последиците од она што се случува со миграцијата.
„Трагедија. Едноставно тоа & се случува на земјава со одлив на младото население. Државата треба да сфати дека не само што губи идни ресурси туку и губи средства кои ги инвестирала во развојот и во образованието на тие млади луѓе. Бидејќи очигледно емиграцијата не запира, на долг рок ќе се соочиме не само со демографско стареење на населението, туку со екстремност на целосно стара држава, која ќе почива на пензионери и на ништо друго“, констатира професор Тевдовски.
И професорот Славе Ристевски е со сличен став и не е оптимист во врска со демографската иднина на државава. Тој се повикува на меѓународни истражувања, кои покажуваат уште повчудовидувачки податоци.
„Најверојатно ќе се остварат црните претпоставки на САД и на Светската банка дека до 2030 година Македонија ќе има одвај 1.800.000 жители. Ако се знае дека овој процес кај нас се одвива во последниве неколку децении, не треба да н$ зачуди ако за 10 години, од кога не е одржан попис, не сме загубиле добар дел од градското население од внатрешноста на земјава“, вели Ристевски.
Од здруженијата на иселеници се свесни за состојбата и велат дека странското државјанство во секој случај е поатрактивно од домашното.
Софија Стефковска, поранешен генерален секретар на Матица на иселеници, вели дека уште поголема болка од фактот дека македонските граѓани се иселуваат е кој дел од населението најмногу се иселува.
„Интелектуалците, цутот на македонската држава во најголем дел бараат работа во странство. Навистина лоша слика е да се види завршен студент на нашите универзитети како послужува пијачки во САД, бидејќи условите на Запад налагаат да не се пребира работа. Точно е дека дел од нив подоцна ќе успеат во кариерата, но Македонија во секој случај губи со иселувањето“, заклучува Стефковска.

Што им нуди Западот, а не можат да го најдат во Македонија?

Италија е земја во која во моментов привремено престојуваат 78.048 македонски граѓани, а 2.610 се стекнале со граѓанско право во последниве 10 години. Најмногу се застапени Македонци од дебарскиот, кочанскиот и од виничкиот крај. Од локалната самоуправа на овие места ги детектираат причините кои ги носат нивните сограѓани во оваа држава.
Ратко Димитровски, градоначалник на Кочани и стопанственик, вели дека улога во иселувањето играат и безбедносната состојба и квалитетот на живот, но можноста за наоѓање работно место сепак е пресудна.
„Јасно е дека економските услови најмногу ја поттикнуваат емиграцијата. Нашите сограѓани се поттикнати од позитивни примери на некои луѓе кои успеале и, во немање друг излез, решаваат да си ја пробаат среќата. Тоа се случува без прекини во последниве 20 години. Ако моите сеќавања се точни, првите случаи почнаа за време на бегањето од регрутација во ЈНА во 1991 година, а сестраната економско-политичка криза оттогаш наваму само го потхранува процесот“, вели Димитровски.
Или Мирзо од општина Дебар вели дека се селат цели семејства.
„Едноставен одговор е дека Италија им нуди работа на иселеници, нешто што Македонија во изминатиов период не можеше да им го понуди. За луѓето од нашиот крај емиграцијата е начин за да се преживее. Има секакви случаи, во последно време се селат и цели семејства. Но, бидејќи ги познавам луѓето, добро знам дека доколку им се обезбедат услови, не подобри туку блиски на оние во Италија, никој не би се селел“, потенцира Мирзо.

Не се бираат средства за да се дојде до странско државјанство

Македонците со привремен регулиран или нерегулиран престој на Запад живеат со постојана опсесија за стекнување државјанство. Ова го потврдува секој наш земјак кој ја поминал голготата за стекнување каков било странски пасош. Поради ограниченоста и постојаната несигурност што им ја наметнува статусот на привремен престој, Македонците по секоја цена се трудат што побрзо да се стекнат со државјанство за нив и за нивните фамилии во земјите во кои престојуваат.
„Се склучуваат фиктивни бракови, се запишуваат на непостоечки универзитети, најмуваат адвокати и советници. Важно е да се остане ден повеќе на саканата дестинација. Во никој случај не велам дека кој било од овие луѓе не ја сака Македонија ама едноставно засега туѓиот пасош им е билет за подобар живот“, заклучува Стефковска.

http://www.kapital.mk/mk/makedonija/86365/nad_230_000_makedonski_gragjani_se_iseleni_od_1998_godina_dosega.aspx

Дали некој кој се разбира во демографија и статистика може да ми го објасни ова. Ако во државата населението се зголемува за 5000 годишно, а во исто време се иселиле толку луѓе, тогаш не може да живеат во РМ 2055000 жители. Населението би требало да опажа.
Некој тука не брои добро.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1234 24>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.219 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.