build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Деловни
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Хипериум

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 34567>
Poll Question: Оценка
Poll Choice Votes Poll Statistics
6 [10.34%]
14 [24.14%]
19 [32.76%]
8 [13.79%]
3 [5.17%]
1 [1.72%]
1 [1.72%]
1 [1.72%]
0 [0.00%]
5 [8.62%]
You can not vote in this poll
Total votes: 58   Average: 7.40

Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1943
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #81 Posted: 13-Oct-2010 at 10:34
epa cim se otvoril ajde da postavime ocenuvanje...
Back to Top
build.mk View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 13-May-2010
Online Status: Offline
Posts: 216
  Quote build.mk Quote  Post ReplyReply #82 Posted: 13-Oct-2010 at 23:50
Хипериум ги отвара вратите

Скопје доби нов деловен објект од највисока категорија. Се работи за деловниот центар „Хипериум“, кој има површина од 16.000 метри квадратни и во чија изградба „Хипо Алпе Адриа Лизинг“ вложи 17 милиони евра. Локацијата е на аголот на булеварите 8 Септември и Илинден, од страната на електромашинскиот факултет. Проектот е дело на словенечкиот архитект Јани Возељ, а изградбата стартуваше во октомври 2010. Покрај со А класа канцелариски простор, „Хипериум“ меѓудругото располага и со конгресен центар и сопствен подземен паркинг. На вчерашната презентација беше соопштено дека и покрај тековната криза, 80% од просторот е веќе издаден под закуп, по цена од 19 евра за метар квадратен, плус трошоци за одржување.


1


2


3


4


5


6




http://www.build.com.mk/?p=5226


Back to Top
leonid23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
БАНИРАН

Joined: 30-Nov-2009
Location: Strumitza
Online Status: Offline
Posts: 579
  Quote leonid23 Quote  Post ReplyReply #83 Posted: 13-Oct-2010 at 23:56
Од мене 4ка ...
Некако на црно многу ми удара , да беше плаво можеби и цедмица би му дал


Edited by leonid23 - 13-Oct-2010 at 23:57
Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1943
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #84 Posted: 14-Oct-2010 at 11:36
od mene minimum 8, ke razmislam ubavo...
Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1943
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #85 Posted: 27-Oct-2010 at 10:19
moze li da postavime ocenuvanje???
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #86 Posted: 27-Oct-2010 at 14:26
ќе поставам денеска мислам дека имавме доволно време да слегнат впечатоците
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #87 Posted: 29-Oct-2010 at 10:59
Поставено е гласање
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #88 Posted: 29-Oct-2010 at 11:05

Од мене 8ца. Објектов навистина ми се допаѓа, иако можеби и делува малку ладно од надвор сепак со намената за деловна зграда на таа локација одлично се вклопува. Штета што немаме повеќе фотографии од внатре, но верувам дека се е одлично сработено познавајќи го високиот критериум на Австриските инвеститори.

Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #89 Posted: 29-Oct-2010 at 11:21
Од мене ќе добие една оценка повисоко од онаа што сметам дека реално заслужува, поради окуражување на ваков тип инвестиции: офиси класа А згради, кои се енергетско ефикасни, имаат вграден паркинг како и други содржини, а не треба да се занемари и фактот дека во него е вложена доста голема сума на пари. Има супер локација за својата намена, мене воопшто не ми делува ладно (каков поим е тоа ладно/топло?!), сепак е бизнис зграда. За наши стандарди многу свежо, разиграно, ново... Краен избор 9ка (иако кажав ја давам само поради стимулација, инаку реално би дал 8)!
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
OKA View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Dec-2009
Location: Yenni Maalе
Online Status: Offline
Posts: 332
  Quote OKA Quote  Post ReplyReply #90 Posted: 29-Oct-2010 at 11:57
Лично, извесен период би се воздржал од оценување, за да добијам повеќе и пообјективни сознанија за издржаноста и функционалноста на современите технолошки и енергетски системи со кои беше атрибутиран објектов.
Чисто, само поради тоа, да не се случи да дадам оценка за архитектонска „лушпа”, т.е. за идеен проект кој не е, делумно е, или е лошо изведен.
Врзи два поста без СК2014 и освој трет гратис!!!
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #91 Posted: 29-Oct-2010 at 12:21
8-ка пред се затоа што немам посебно некои замерки, единствено локацијата е некако прикриена позади салонот, макар што и ова не е "по вина" на хипериум сепак е дел од комплетната слика.

Десетката ја чувам за стадионот кога ќе биде готов и евентуално за г-малл, или па нешто количински огоромнокако нов клинички или така нешто. Така да за вакви објекти во оптек се оценки од 2-9, а со една замерка е 8-ка.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #92 Posted: 29-Oct-2010 at 13:06
Originally posted by lslcrew

8-ка пред се затоа што немам посебно некои замерки, единствено локацијата е некако прикриена позади салонот, макар што и ова не е "по вина" на хипериум сепак е дел од комплетната слика.


Ова е и мојата единствена забелешка.

Држи и она што го вели ОКА, но во најголемиот дел случаи гласаме за школките поради недостиг на подетални материјали и информации...

Дополнително, Хипериум има прилично детални информации на сајтот во врска со сите релевантни аспекти за овој проект.

И од мене 8ка.
Back to Top
Dragan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2009
Location: Tetovo
Online Status: Offline
Posts: 1172
  Quote Dragan Quote  Post ReplyReply #93 Posted: 29-Oct-2010 at 14:31
Од мене 9-ка, добра изведба се вклопува екстрериерот ( надворешноста) посебно изведбата на висечките делови, и се е во склад стандардно одлично за овие времиња, и наши простори .
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #94 Posted: 29-Oct-2010 at 15:02
8-ка, од причините претходно наведени од пбанкс и лсл. За мене исто битно е рокот во кој се изгради(2 години) што и не е така бавно.

Љубопитен сум за тоа кој ја дал 10-ката Smile ?



@oka Често кај нас инвеститорите си земаат премногу слобода кога ги атрибутираат нивните објектите како „современи“ и „енергетски ефикасни“, но мислам дека со цена од 17 милиони евра и со компанија како Хипе Алпе Адрија, може да се верува на таквите изјави.

Еве една вест со малку повеќе детали околу објектов.
Originally posted by lslcrew

Камен-темелник на деловниот центар „Хипериум“

Инвестицијата на „Хипо Алпе Адрија лизинг“ е вредна 17 милиони евра

За една година до автосалонот „МИ-ДА“ на булеварот „8 Септември“ ќе никне нов деловен центар „Хипериум“, инвестиција на „Хипо Алпе Адрија лизинг“ вредна 17 милиони евра. Изградбата на луксузниот центар започна вчера со свечено поставување камен-темелник.

„Хипериум“ ќе има пет ката, подземни гаражи со капацитет од 200 возила, а зградата ќе биде изградена во два дела меѓусебно поврзани со внатрешни мостови. По примерот на сите досега изградени деловни центри на групацијата „Хипо“, и оваа ќе биде изведена со најсовремени материјали. Просториите ќе имаат двојни подови, ќе се монтираат системи за заштеда на електрична енергија, климатизацијата ќе биде мрежно поврзана, а влезот во објектот ќе биде контролиран од три локации. (...)

http://utrinski.com.mk/?ItemID=68309ABA121AC443B836040955A103F7


Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #95 Posted: 29-Oct-2010 at 15:16
Иако името на компанијата значи, немора да се земаат така здравои за готово па да се прави аналогија помеѓу името и количината "современа ултра технологија" што ќе се монтира. Систем за контрола на влез/излез со RFID картици (беџови) не е нешто ново ниту па централна климатизација или рампа за паркинг. Во главно се е тоа само расфрлање со епитети, помалку или повеќе тоа е стандардна опрема н асекаде така да и да се пишала и да изостанала во написите сепак ја има, а и не е нешто што треба да се палиме дека го имало.
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #96 Posted: 29-Oct-2010 at 15:50
Originally posted by lslcrew

Иако името на компанијата значи, немора да се земаат така здравои за готово па да се прави аналогија помеѓу името и количината "современа ултра технологија" што ќе се монтира. Систем за контрола на влез/излез со RFID картици (беџови) не е нешто ново ниту па централна климатизација или рампа за паркинг. Во главно се е тоа само расфрлање со епитети, помалку или повеќе тоа е стандардна опрема н асекаде така да и да се пишала и да изостанала во написите сепак ја има, а и не е нешто што треба да се палиме дека го имало.


Ако е така, што според тебе треба да има една деловна зграда за може да се нарече „современа“? Опремата која ти ја наведе, а Хипериум ја има, за мене го прави овој објект „современ“ и треба да се даде тоа признание. Друго што е сигурно е дека објектов располага со системи и опрема која е интересна само за стручњаци па затоа и не знаеме за неа и е изоставена во весниците.

Патем, Хипериум е на пат да биде највисоко оценетиот објект на форумов за сега
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
OKA View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Dec-2009
Location: Yenni Maalе
Online Status: Offline
Posts: 332
  Quote OKA Quote  Post ReplyReply #97 Posted: 29-Oct-2010 at 15:53
Originally posted by La Linea

@oka Често кај нас инвеститорите си земаат премногу слобода кога ги атрибутираат нивните објектите како „современи“ и „енергетски ефикасни“, но мислам дека со цена од 17 милиони евра и со компанија како Хипе Алпе Адрија, може да се верува на таквите изјави.

Хм, ако, ако, не е на одмет мала, бенигна резервираност кога е ХИПО во прашање.
Моментно, еден од најголемите резили на финансиските пазари.
http://www.time.mk/?search=news&query=%D0%B0%D1%84%D0%B5%D1%80%D0%B0+%D0%A5%D0%98%D0%9F%D0%9E+
http://www.time.mk/read/NONE/0bdd20a58c/index.html

П.С. Седумнаесет милиони евра. На чесен збор од ХИПО!?


Edited by OKA - 29-Oct-2010 at 15:55
Врзи два поста без СК2014 и освој трет гратис!!!
Back to Top
LouReed View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2010
Location: New York
Online Status: Offline
Posts: 133
  Quote LouReed Quote  Post ReplyReply #98 Posted: 29-Oct-2010 at 16:18
Dobro istrazuvanje Oka Thumbs%20Up
Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1976
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #99 Posted: 29-Oct-2010 at 17:35
Знаев дека некој ќе биде љубопитен кој ја дал 10ката. Јас ја дадов. Апсолутно сум задоволен и од изгледот, и од локацијата, и од искористеноста на просторот. ЕДИТ: И од брзината на изведба (во наши услови). Не гледам причина да не дадам 10ка.

Edited by alexgizh - 29-Oct-2010 at 17:36
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4090
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #100 Posted: 29-Oct-2010 at 17:47
jas im dadov 7-ka!Za da dobie 10-ka treba da e kako soravia pa i uste poubava!
Objektot e dobar, no ne mozam da im davam povekje ili pomalku od 7!



Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 34567>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.227 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.