Author |
Topic Search Topic Options
|
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#1 Topic: Патарини Posted: 21-Nov-2007 at 23:25 |
ова ваљда би дошло тука :(
Нема плаќање патарина со картичка
Со
автоматското плаќање на патарините требаше да се спречи корупцијата и
злоупотребите на наплатните рампи, но проектот е закочен поради
административни причини
Плаќањето
на патарините со картичка нема да почне да се применува од почетокот на
идната година, како што бомбастично најавуваше Фондот за магистрални и
регионални патишта, бидејќи проектот е закочен поради бирократските
причини. Парите за реализација на проектот во износ од околу 5 милиони
евра ги обезбеди Светската банка и со него требаше да се автоматизира
начинот на плаќање на патната такса за да се спречи корупцијата и
злоупотребите на наплатните рампи. А токму поради овие причини 29
инкасанти деновиве завршија во притвор под сомнение дека украле 5
милиони евра од наплата на патна такса. Според засега непотврдени
информации, околу 35 проценти од патарините завршувале во џебот на
инкасантите. Од Фондот за патишта потврдуваат дека проектот е
закочен бидејќи е одложено донесувањето на нов закон за јавни патишта,
кој се прави со поддршка на Европската Унија.
- Законот треба да помине на Влада и да го усвои Собранието, со што
ќе добиеме надлежност да менаџираме со наплатата. Тоа е услов Фондот да
почне со подготовка на тендер за избор на компанија која ќе треба да
понуди концепт за новиот автоматизиран наплатен систем - вели
портпаролката на Фондот за патишта, Катерина Панова- Илиевска. Според неа, одложувањето на стартот на проектот е направено и поради барањето на Светската банка да ангажира консултант од ЕУ.
- Консултатот со задоцнување се вклучи во подготовките за техничката
спецификација на новиот наплатен систем. Очекувам дека работите ќе се
одвиваат побрзо и би можеле во првите месеци од идната година да го
распишеме тендерот - објаснуваат од Фондот. Оттаму велат дека ќе
се доцни со примената на новиот систем и поради тоа што ЈП Македонија
пат, кое е задолжено за прибирање на патарината, нема направено нова
организациска поставеност како ќе функционираат наплатните рампи во
иднина во однос на број на луѓе што ќе бидат ангажирани.
Сите наплатни ленти на пунктовите треба да се опремат со нови и
ефикасни подсистеми за броење, како и да се направи категоризација кое
возило низ која лента ќе помине без разлика дали плаќањето е во готово
или на електронски начин - објаснуваат од Министерството за транспорт и
врски.
При креирањето на проектот, се користени искуствата во Турција,
Хрватска и Франција. Новиот систем на наплата предвидува повеќе начини
- во готово, со кредитни картички, со безготовинско електронско
поддржано плаќање (pripeid или postpeid картички), како и со
микробранови транспондери (TAG). Подсистемите ќе вршат и видео-надзор и
архивирање на возилата, а ќе алармираат ако биде направен прекршок на
некоја наплатна станица.
Новиот систем за наплата ќе чини од 3,5 до 5 милиони евра. Се
очекува овие средства да бидат вратени во првата година од работењето
на новиот систем бидејќи наплатата, во наредната фаза, ќе биде
стопроцентна затоа што ќе биде исклучен човечкиот фактор.
Светлана БЛАЖЕВСКА
|
Извор: Вечер
|
|
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#2 Posted: 29-Nov-2007 at 23:04 |
уште една вест во врска со патарините. На која основа доаѓаат сите овие поскапувања а одржувањето на патиштата е никакво? Ако веќе толку сакаат да ги заокружат цените можеа на подолната сума да го сторат тоа. Мал ОТ. Ништо изгледа ни од поевтиниот зелен картон што беше најавуван од Нова година.
ОД 1 ЈАНУАРИ
2008 Поскапува
патарината Патната такса поскапува само за патничките возила, во просек, за 5 денари
на поголемиот дел наплатни рампи, а најголема промена има во цената на
патарината Куманово - Миладиновци - Куманово каде што лесните возила ќе плаќаат
10 денари повеќе
|
Патничките
возила за возењето по автопатиштата низ Македонија од 1 јануари 2008 година ќе
плаќаат, во просек, за 5 денари поскапа патарина на поголемиот дел наплатни
рампи. Одлуката за зголемувањето на цената е донесена лани во март и објавена во
"Службен весник". Според новиот ценовник, на пример, патната такса за прва
категорија возила (патнички) на наплатните рампи Скопје - Петровец - Скопје,
место 35, ќе чини 40 денари. Возачите, пак, кои сега на патарините Тетово -
Гостивар - Тетово плаќаа 25 денари, од Нова година ќе плаќаат по 30 денари.
Поголемо зголемување на цената за цели 10 денари има на наплатните рампа
Куманово - Миладиновци - Куманово. Место 50 денари, од први јануари возачите на
овие рампи ќе плаќаат 60 денари. На другите рампи каде што цените и досега беа
највисоки, надоместокот за употреба на автопатот не е променет. Од ЈП
"Македонија пат" велат дека промената на висината на цената на патната такса се
прави за да им се олесни работата на инкасантите. "Изминатите години мака
мачевме со монетите од пет денари. Со најновата одлука, цените се заокружени и
повеќе не би требало да имаме проблеми со ситните пари", вели Сулејман
Сулејмани, раководител на секторот за наплата во ЈП "Македонија пат". Според
Сулејмани, поскапувањето не значи дека во касата на Јавното претпријатие ќе се
слева поголема сума пари од очекуваната, оти повисоката цена на таксата за
патничките возила ќе се компензира со поевтинувањето на патната такса за другите
потешки категории возила чија наплата стартува, исто така, на 1 јануари в
година. "За четвртата категорија возила, во која влегуваат автобусите,
шлеперите и други товарни возила, на поголемиот број наплатни рампи има
драстично намалување на цената. На пример, на наплатните рампи Куманово -
Миладиновци сега за нив таксата е 290 денари, а од Нова година ќе плаќаат само
220 денари", вели Сулејмани. Според него, кај овие категории возила е
дозволено драстично намалување на таксата, оти нивниот број е значително помал
од бројот на патнички возила кои дневно минуваат по автопатиштата низ
Македонија. (И.С.) | |
|
Извор: Вест
|
|
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#3 Posted: 20-Dec-2007 at 10:46 |
Да се надеваме дека ова значи и повеќе инвестиции во патната мрежа (и нови проекти и одржување). Да видиме само како ќе се одвива работата со воведување автоматска наплата... http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=E06AA3DFF5918C4D9B5ECBC9B1EE11EF
„Змиско око“ ги наполни касите!
Од 10 до 16 декември, на патарините, собрани се 404.296 евра, што е за 234.646 евра повеќе споредено со 2006
Менталитетот
на нашите граѓани ќе се искорени дури в година кога, според
Министерството за транспорт и врски, треба да профункционира
електронското плаќање на патарината
ВЕРЧЕ ГЕОРГИЕВСКА
Расте наплатата на
патарините. За една недела, од 10 до 16 декември, Јавното претпријатие
„Македонија пат“ собрало 404.296 евра, што е за 234.646 евра повеќе
споредено со минатата година. Во истиот период во 2006 година се
прибрани 169.650 евра. Зголемувањето на приходите, како што појаснуваат
од Министерството за транспорт и врски, е резултат на акцијата „Змиско
око“, која ја подигна свеста на граѓаните дека мора да плаќаат за
користење на автопатите, како и на инкасантите на наплатните станици
кои со страв и сега многу ретко се одлучуваат да прифатат делење на
парите со возачите според принципот „пола - пола“.
Анализите од
„Македонија пат“ покажуваат дека драстично е подобрено собирањето
средства од патарина на наплатната станица кај скопскиот аеродром,
односно кај Миладиновци, како и на станиците во Тетово, Гостивар,
Желино и Глумово. Така, од 10 до 16 декември на наплатната станица кај
Миладиновци се собрани средства во висина од 4.864 евра, што е за 2.710
евра повеќе споредено со истиот период лани. Кај наплатната станица
Тетово приливот од патарини изнесува 4.462 евра, што е речиси трипати
повеќе од лани, кога се собрани 1.281 евро. Слична е состојбата и кај
Желино, каде што од патарини има прилив во висина од 6.198 евра или
трипати повеќе од 2006 година, кога во касата се инкасирани 2.070 евра.
Од „Македонија пат“ појаснуваат дека подобрувањето на наплатата
не е само поради апсењето на инкасантите и на вработените од јавното
претпријатие, туку во вкупните резултати сега влегуваат и наплатата од
наплатните станици кај Сопот и Отовица. Овие две наплатни места точно
една година беа затворени и не се наплаќаше за патен надоместок,
бидејќи сообраќајот од Скопје до Велес беше двонасочен поради
реконструкцијата на 29 моста.
Надлежните од Министерството за
транспорт и врски истакнуваат дека парите од патарините ќе се
искористат идната година за развој на патната мрежа, која во одредени
делови е во очајна состојба, како и за изградба на нови делници.
Засега, од Министерството не прецизираат точно кои делници ќе бидат
приоритетни за санација ниту, пак, колку средства ќе се употребат за
оваа намена.
По бројните малверзации и злоупотреби од страна
на инкасантите од „Македонија пат“ и со цел да се искорени менталитетот
на нашите граѓани по секоја цена да избегнуваат да ја плаќаат
патарината изнаоѓајќи различни начини, од Министерството за транспорт и
врски велат дека се прават напори од наредната година да профункционира
електронското плаќање. На тој начин ќе се избегне можноста за неплаќање
на надоместокот за користење на автопатите. Новиот систем на
електронско плаќање, кој се' уште не е подготвен, ќе биде поддржан од
Светска банка. При подготовката на системот, треба да се вклучат повеќе
параметри, како што е плаќање во готово или со електронски картички,
како и да се обезбеди соодветна опрема на наплатните станици кои ќе
располагаат со ефикасни потсистеми за броење и за категоризација на
возилата. |
Edited by Cloverstack - 08-Feb-2008 at 18:13
|
|
vardar
Senior Member
Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
|
Quote Reply
#4 Posted: 07-Mar-2008 at 04:15 |
Во денешен дневник, накако очекував повеќе разлика откако ги уапсија патаринциве лани.
Преостанатиот дел од парите ќе се обезбедат од зголемената наплата на патарини, која бележи пораст од 700.000 евра во јануари во споредба со истиот месец лани. |
|
|
ProMKD
Senior Member
Joined: 25-Feb-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 244
|
Quote Reply
#5 Posted: 07-Mar-2008 at 04:44 |
Не сватив? Очекуваше повеќе зголемување на наплатата? Па ако е тоа, јас мислам сосема доволно се има качено. Пример викаа на почетокот дека 250% се качила наплатата уште после првите апсења во Змиско Око
|
|
vardar
Senior Member
Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
|
Quote Reply
#6 Posted: 07-Mar-2008 at 06:48 |
Да очекував многу повеќе, ако наплатата се качила 250%, 700,000 е некако малце. Месец-два после апсењата мислам се спомнуваа 5 милиони евра .
|
|
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#7 Posted: 07-Mar-2008 at 12:57 |
700.000 Месечно е прилично зголемување.
А тие 250% беа само фарбање, затоа што тука влегуваше и зголемувањето поради повторното пуштање во работа на наплатните рампи меѓу Катланово и Велес.
Исто така 10 милиони само за смена на горниот слој асфалт се прилично голема сума и ќе завршат многу работа.
|
|
ProMKD
Senior Member
Joined: 25-Feb-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 244
|
Quote Reply
#8 Posted: 19-Mar-2008 at 04:46 |
не ми текнува баш каде разговаравме околу змиско око - ама еве нови вести во врска со судењето (за кое имавме прашања)
Судењето за „Змиско око“ ќе се одржи во Царинската управа
Судскиот процес започнува на 7 април и континуирано ќе трае до 18 април годинава
Даниела Трпчевска
Судењето на групата
приведени по полициската акција „Змиско око“ за проневери на патарините
ќе започне на 7 април и непрекинато секој ден ќе трае до 18 април
годинава. Судењето ќе се одржи во амфитеатарот на Царинската управа,
каде што судот оценил дека ќе бидат обезбедени услови за одржување на
овој мегапроцес. На обвинителна клупа ќе се најдат 72 лица, од кои 54
лица четири месеци поминаа во притвор во истражниот затвор „Скопје“.
Судењето е закажано откако беа одбиени сите приговори поднесени од
страна на адвокатите на приведените. Роднините на обвинетите,
сомневајќи се дека станува збор за монтиран процес, најавуваат дека ќе
најмат странски вештаци кои ќе ја утврдат вистинската штета која е
направена на патарините и колку реално е оштетен државниот буџет.
„На
сите притворени вчера им беа врачени решенијата за почеток на судскиот
процес и ниту едно лице повеќе не штрајкува со глад во истражниот
затвор ’Скопје’“, информира директорката на затворот во Шутка Билјана
Зефиќ. Притворените во неколку наврати со штрајк со глад го изразуваа
својот револт од одолжувањето на постапката и престојот во преполниот
затвор. Незадоволството особено ескалираше откако и по петти пат им
беше продолжен притворот на 54 вработени на патарините во земјава.
Во
исчекување на почетокот на судскиот процес, на кој се очекува во
амфитеатарот на Царинската управа да присуствуваат околу 200 лица,
роднините на осомничените за проневери на патарините планираат да
најмат странски вештаци за да ја утврдат реалната штета што е направена
на патарините, оти во обвинението стои дека не е утврдена штетата.
„Подготвени
сме сами да платиме вештаци од надвор за да добиеме јасна слика колку е
оштетен буџетот, бидејќи станува збор за преседан. Досега не се случило
на некој да му се суди за неутврдена штета. Луѓето беа четири месеци во
притвор без докази, врз база на само неколку фотографии на кои не се
гледа ништо“, вели Стефан Кирков, претставник на семејствата на
притворените во акцијата „Змиско око“. Тој додава дека е чудно тоа што
претпоставената штета од пет милиони евра, за која првично се тврдеше
дека е направена со тоа што биле наплаќани патарините, а парите
завршувале во приватни џебови, едноставно ја нема во обвинението. „Тоа
е само уште една потврда дека станува збор за политички монтиран
случај. Едни беа приведени, а на нивно место веднаш беа вработени
партиски кадри“, заклучува Кирков. Тој додава дека на самото
презентирање на доказите се видени уште 70 колеги на притворените, кои
работеле на истиот начин како и уапсените, но кои не се приведени. Ова
укажува дека станува збор за селективно притворање, дециден е нашиот
соговорник.
„Во почетокот од полицијата најавија дека ќе бидат
поведени 120 обвиненија за инкасанти, но потоа имаше обвинение за 50
инкасанти на патарините, а останатите беа контролори и полицајци. Потоа
акцијата одеднаш беше стопирана. Зошто е прекината, кој ја стопирал и
зошто селективно се апсело на патарините“, прашува Кирков.
Акцијата
на полицијата наречена „Змиско око“ започна во ноември минатата година
во која од патарините во државава беа приведени инкасанти, контролор и
заменик-командир. МВР со тајно поставени камери на најфреквентните
патарини ги снимала вработените кои место фискални сметки, наводно,
издавале бланко-ливчиња. Парите на патарините, според МВР, потоа ги
делеле меѓу себе со што го оштетиле буџетот на државата.
|
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=054FA84122F40F4099300A75AC7CAC1A
|
|
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#9 Posted: 19-Mar-2008 at 12:24 |
„Подготвени
сме сами да платиме вештаци од надвор за да добиеме јасна слика колку е
оштетен буџетот |
Да, не се сомневам дека фамилиите на приведените се добро нафатирани... Инаку каква врска има тоа што не може да се одреди точна штета? Зарем е тоа навистина некаква правна одбрана? Сите знаеме дека штетата е огромна... Не верувам дека некој од вас не бил и личен сведок на тоа што се случуваше на патарините... А најважно е што сега работите се сменети. Ако за нешто и ставам плус на оваа власт, тоа е оваа акција и таа со цариниците.
|
|
ProMKD
Senior Member
Joined: 25-Feb-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 244
|
Quote Reply
#10 Posted: 19-Mar-2008 at 19:35 |
Епа тука да видиш... разбирам дека сакаат роднините да не им бидат у затвор - ама што направиле криминал, направиле... дали оштетиле за 2 милијони или 30 милијони исто ти е.. тие пари никој не ги враќа!
И сведоци како што викаш кловерстак сите сме, 100%, истите што се жалат за дупките на патиштата се тие што крадат од фондот за патишта... иронија
|
|
mitatos
Senior Member
Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
|
Quote Reply
#11 Posted: 17-Jul-2008 at 22:59 |
me nerviraat ovie glupaci na sekoi 20 km ke stavat putarina , bi im predlozil putarinata da se naplatuva 1nash i da sluzi za site patishta neka bide so nekoja poskapa cena ali sepak ke imas nekoj popust ako patuvas niz cela makedonija ,dokolku patuvas samo vo tetovo da receme , togas ke si platis po stara cena , taka valjda ke bidat po zadovolni i strancite i nie,mnogu e glupo vaka so putarinivie ,1 pred vlezot na aerodrom , druga pred izleozt na skopje posle saraj, uste nekoja ke stavat koj znae kade epten e glupo
|
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
|
|
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#12 Posted: 18-Jul-2008 at 02:30 |
Абе митатос ок ти е забелешката, до гостивар има 4 патарини, а нема ни 100 км. ама мораш да се сложиш дека тоа е тапа во денешни услови при овој начин на наплата. Во иднина когха ќе се воведат начини каде што можеби и воопшто нема да има сопирање ќе биде подобро. јас мислам дека со автоматско регистрирање на регистрација е најбољи. Ние дома ќе си плаќаме при регистрација*, а странците при излез од државата. Секако би можело и со картички или некој сличен систем на наплата.
*При регистрација може и да се даде аванс да речеме од 1000 денари, апосле при следната рег. да се прерачунаат овие 1000 па ако треба да се доплати или врати дел од парите. Ова чисто само како некоја сигурност или гаранција, иако и толку не би требало. Нормално при оттуѓување на возилото се врши наплата од последната рег. до моментот на оттуѓување за да не би дошло до покривање на туѓи долгови.
Edited by lslcrew - 18-Jul-2008 at 02:31
|
|
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#13 Posted: 18-Jul-2008 at 08:25 |
во Словенија само што воведоа вињета. 35ЕУР за пола година возиш кај сакаш.
|
|
vardar
Senior Member
Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
|
Quote Reply
#14 Posted: 18-Jul-2008 at 10:49 |
Мислам дека вињетата не е практична за странци, додека е многу евтино ако често возиш по автопатите (без да го рачунаме бензинот се разбира ). Знам дека на ссц комшиите на словенците се бунат поради вињетата (особено тие што транзитираат низ краток дел од словенија да стигнат до хрватска а плаќаат 35евра).
@lslcrew тоа со читање на регистрација е несигурно и може лесно да се злоупотреби (особено кај нас)
Кај нас треба да се тргнат непотребните патарини, на пример зошто 4 патарини помеѓу скопје-гостивар кога може со две? (ќе се застанува само 2 пати и плус помалце вработени) и да се воведе electronic toll collection и тоа со transponder со што ќе се елиминира кај нас омилениот начин на плаќање ( пола-пола ) итн..... На ова поле и ЕУ треба малце да поработи, едноставно нема причина да не се стандардизира начинот на наплата во цела европа (пример со транспондерот ти си поминуваш низ патарина и после во мк си подмируваш сметка, ако се донесат такви закони лесно може да ги натераат производителите на автомоили да мора да вградат ваков уред во секоја нова кола и ете решен проблемот)
Edited by vardar - 18-Jul-2008 at 10:50
|
|
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#15 Posted: 18-Jul-2008 at 11:02 |
Originally posted by vardar
Кај нас треба да се тргнат непотребните патарини, на пример зошто 4 патарини помеѓу скопје-гостивар кога може со две?
|
На нашите автопати има релативно доста излези/влезови, што нормално има доста позитивни страни, но тоа наметнува потреба од повеќе патарини, за да не биде премногу атрактивна опцијата да ги „заобиколуваш“.
|
|
vardar
Senior Member
Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
|
Quote Reply
#16 Posted: 18-Jul-2008 at 11:06 |
Па добро сега ако се држиме до таа филозофија треба на секој излез да ставиме патарина....
|
|
vardar
Senior Member
Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
|
Quote Reply
#17 Posted: 18-Jul-2008 at 11:08 |
Него баш ми текна дека на некои автопати се наплаќа по километар (на секој влез/излез има уред и слично ко на патарина ти наплаќа, можеби кога ќе се воведе електронска наплата и вакво нешто би можеле да направат)
|
|
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#18 Posted: 18-Jul-2008 at 11:26 |
Originally posted by vardar
Па добро сега ако се држиме до таа филозофија треба на секој излез да ставиме патарина....
|
Па добро не реков дека не можеш да заобиколиш, туку дека тоа вака е прилично дестимулирано.
Originally posted by vardar
Него баш ми текна дека на некои автопати се наплаќа по
километар (на секој влез/излез има уред и слично ко на патарина ти
наплаќа, можеби кога ќе се воведе електронска наплата и вакво нешто би
можеле да направат) |
Да има и таков концепт, ама ќе биде многу зезнато и скапо сега допрва да ги редизајнираме автопатите за таков систем. Тоа се планира од сам почеток, не може туку така да ги менуваме концептите. Затоа треба да се знае од почеток на што точно се цели и да се планира долгорочно.
Edited by Cloverstack - 18-Jul-2008 at 11:35
|
|
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#19 Posted: 19-Jul-2008 at 12:47 |
@vardar знам дека се бунат соседите на Хрватите но колку е тоа оправдано? Па претходно сигурно не ги чинело под 15-20ЕУР во двата правца да ја поминат Словенија (од и до море) колку тие 15ЕУР плус им менуваат на луѓето нешто? Напротив Австриците и Унгарците можат за многу поевтина пара многу почесто да патуваат низ Словенија.
Мислам дека системот на вињета е добар за кај нас и во контекст на она што го кажа Кловер (многу влезови излези од автопат иако не се сложувам со таа констатација напротив мислам дека кај нас ги има премалку во споредба со други земји).
Но колку таков систем би се почитувал овдека е друго прашање.
Се плашам дека најдобро што може да направиме за да ја дигнеме наплатава на патарини е да ги дадеме и постоечките патишта под концесија (во пакет со новите). Така веројатно концесионерот ќе го стегне ременот, ќе инсталира современ систем за патарина и нема да има вакви заебанции.
Видете го примерот со ЕВН, води вистинска војна со неплаќачите но очигледно е дека полека но сигурно ја добива и тоа е добро.
Секако би го условиле и да ги модернизира патиштата бидејќи голем дел од нив плачат за крупни интервенции.
Најдобра делница за ова ми личи Тетово-Гостивар која е добро да добие профил на вистински автопат а таму и дефинитивно има поволен ПГДС.
|
|
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#20 Posted: 19-Aug-2008 at 21:17 |
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=A1E65C183B663547BFD2FFE6B35808A7
Судењето за „Змиско око“ од почеток
Судењето
против обвинетите за случајот „Змиско око“ вчера почна од почеток
бидејќи изминаа законски дозволените 60 дена од последното рочиште.
На вчерашното судење Судскиот совет од Основниот суд Скопје 1 по
предлог од одбраната им одреди куќен притвор на првообвинетиот Зоран
Јаневски и последнообвинетиот Дејан Готиќ. Судот го одби барањето на
другите да бидат ослободени од куќен притвор.На рочиштето не се појави
вештакот Борис Арсов, кој треба да објасни како се регулирале
автоматските бројачи на патарината за да се утврди висината на
украдените пари.
Процесот против 72 обвинети, кои како
вработени на наплатни рампи се товарат за злоупотреба на службената
должност бидејќи парите ги ставале в џеб, почна во минатата недела во
простории на Царинската управа. Полициската акција за апсење на
инкасаторите почна во ноември лани. Апсењата се одвиваа во неколку
поголеми групи што биле фатени од скриени камери како парите за
патарина, наместо во каса, ги земале за себе, а притоа не издавале
сметки. Тогаш беше соопштено дека државната каса од наплатата по
принципот „пола-пола“ само за пет месеци била оштетена за милиони евра.
Обвинетите во почетокот од судењето тврдеа дека се невини и дека не
земале од парите за патарина. |
Edited by Cloverstack - 19-Aug-2008 at 21:17
|
|