build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Останати теми
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Конкурси

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  12>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
igorius View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 13-Nov-2008
Online Status: Offline
Posts: 187
  Quote igorius Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Конкурси
    Posted: 17-Aug-2009 at 22:57
Оваа нишка ја отварам со цел да имаме поголем пристап и можност на информации во однос на конкурсите што се објавуваат кај нас но и надвор од Македонија.

Во оваа нишка би ве замолил да постирате инфо за конкурсот од типот - каде кога и линк до информацијаташто ја постувавате.Тоа би значело дека овдека дознаваме каде и кога има конкурс а не дебатираме и полемизираме.

Доколку сакаме да разговараме околу некој конкурс и резултатите од истиот тоа да го сториме отварајќи нова тема во делот на форумот каде што е нишката проекти до неговите подкатегории.

-Пример
Интернационален/Конкурс за излагање уметнички проекти 2010
повеќе: http://www.o3one.rs/srp/?page_id=590


Back to Top
ArchiTechTone View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2009
Online Status: Offline
Posts: 280
  Quote ArchiTechTone Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 18-Aug-2009 at 17:14
Јас можам да ви го понудам Death By Architecture, сајт кој се бави со архитектонски конкурси, да не праам копи-пејст од таму, можете слободно да разгледате, сајтот е одлично организиран, ако ви фати нешто око постирајте тука.

Мене искрено ме интересираат македонските конкурси, и би бил навистина благодарен доколку тука се постираат и дискутираат.
Back to Top
igorius View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 13-Nov-2008
Online Status: Offline
Posts: 187
  Quote igorius Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 29-Aug-2009 at 02:28
Bruce lee residence competition awards :
  • HK $87,500 



Date                    Event

 
20 July 2009       Registration opens

31 August 2009       Registration closes

15 September 2009       Deadline for submission of enquiries

15 October 2009       Deadline for Submission

November/December 2009       Announcement of Results

Early 2010       Prize award ceremony

Early 2010    Exhibition of Entries



link....

http://www.bruceleeresidence.com/


Edited by Cloverstack - 29-Aug-2009 at 12:30
Back to Top
igorius View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 13-Nov-2008
Online Status: Offline
Posts: 187
  Quote igorius Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 29-Aug-2009 at 02:31

  • Category
  • International
  • Type
  • Open
  • Registration Deadline
  • 08/31/2009
  • Submission Deadline
  • 10/15/2009
  • Open To
  • All
  • Entry Fee
  • US $150 Professionals, $75 Students
  • Awards
  • US $21,000 Total
  • Jury
  • Mike Dorin, Donald Fram, Urs P. Gauchat, Carol Johnston, Justin A. Mihalik and Rob Schmitz
  • Web Site
  • Competition Web Site
  • Description
  • Competitors are asked to address the site on a variety of issues. Designers are asked to develop a strategy for receiving patrons and educating, entertaining, and directing them. Proposals should link the diverse historic and urban opportunities located within the area.

    Address the historical, present day, and future value of this new structure in Newark.

    While the project has sufficient access via Penn Station, many patrons may utilize vehicles. Rethink options for on-site vehicular parking, while creating a pedestrian friendly site. Propose innovative solutions to existing parking conditions. Consider the significance of the site as a threshold or transition between the urban fabric of Newark, the metropolitan area and the occupants of the site.

    The financial stability of Newark, NJ often depends on the proximity of Newark to New York City. Commuter /Business operations generate revenue that can sustain Newark and the local community. Consider Newark's need for additional financial resources when developing programmatic elements for the visitor center. Envision economic strategies that may strengthen your proposal. (i.e., public-private partnerships)

    The jury will seek out powerful, transforming proposals that inspire new ways of thinking about not only the role of the visitor center relative to the adjacent context, but ways in which the new structure can co-exist and enrich the existing fabric at a macro scale.

    The jury will be guided by the following objectives in evaluating submissions and recommending winning design proposals for presentation to the City of Newark:

    - Create a clear identity for Newark that celebrates its unique urban and historical heritage.

    - Reinforce the identity of Newark as a 'gateway' to the wider metropolitan experience, as well as the initial aspirations of Newark founders "to bring the city closer to the people."

    - Reinforce the city's ethic of stewardship of historical and urban sites by maintaining and integrating existing business and interests into the Center.

    The proposed design must be potentially eligible for LEED certification.


link   http://www.visitnewarknj.org/Home/Competition_Start_Page.html

Back to Top
igorius View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 13-Nov-2008
Online Status: Offline
Posts: 187
  Quote igorius Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 22-Sep-2009 at 04:44
Конкурс за изработка на идејно архитектонско решение за изградба на објект на Јавно обвинителство и Управа за фининсиска полиција - Скопје


I.1)Податоци за договорниот орган
Служба за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија,  Кузман Јосифовски Питу бр.17,  Соња Полизовска,  1000,  Скопје,  2465 225,  2465 225,  Sonja.Polizovska@gs.gov.mk
I.1.5)Дополнителни информации и тендерската документација може да се добијат 
на горната адреса
I.2)Категорија на договорен орган, негова главна активност или дејност
Државни органи - Општи јавни услуги

ДЕЛ II: ПРЕДМЕТ НА КОНКУРСОТ ЗА ИЗБОР НА ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ
II.1)Предмет на конкурсот
Конкурс за изработка на идејно архитектонско решение за изградба на објект на Јавно обвинителство и Управа за фининсиска полиција - Скопје
II.2)Доделување на договор од опфатените дејности
Секторски договори 
II.3)Дали постапката ќе ја спроведе Централно тело  Не
II.4)Дали конкурсот ќе се реализира од група на договорни органи  Не
II.5)Референтна номенклатура за доделување на договор за јавна набавка (ОПЈН)

II.6)Подетален опис на конкурсот  
Учесниците на конкурсот треба да достават идејно архитектонско решение за објектот на Јавно обвинителство и Управа за фининсиска полиција - Скопје, со следната содржина:
1. Ситуација со поширока околина 1:500
2. Силуети 1:500
3. Решение на партер со поширок опфат 1:500
4. Партерно решение 1:200
5. Сообраќајно решение и шема на пешачки пристапи 1:200
6. Основи (основи на нивоа, меѓукатови, галерии, мезанини, технички катови и сл.) 1:200
7. вертикални пресеци (сите карактеристични подложни и попречни пресеци со кои ќе бидат опфатени сите специфични функционални и конструктивни елементи) 1:200
8. Изгледи - фасади, вклучувајќи ја и петтата фасада 1:200
9. Тродимензионални прикази
10. Шема на распоред на содржините/функциите, нивно повекенаменско користење и комуникациска поврзаност
11. Објаснувачки скици и цртежи
12. Текстуален опис на проектното решение и неговите специфики со табеларен приказ на бруто и нето површини
13. Фотографии од макета, виртуелен модел или фотомонтажа на објектот на конретната локација
14. Дигитален запис (CD или DVD) на сите наведени прилози во PDF, DWG и JPG формат

ДЕЛ III: ПРАВНИ, ЕКОНОМСКИ, ФИНАНСИСКИ И ТЕХНИЧКИ ИНФОРМАЦИИ
III.1)Конкурсот за избор на идејно решение е дел од постапка за доделување на договор за јавна набавка на услуги  Да
ако е ДА, се наведуваат минимални услови за утврдување на способност: 
Право на учество имаат домашни правни лица регистрирани за вршење на дејност - предмет на овој конкурс и да поседуваат соодветна лиценца за проектирање, односно лиценца А и домашни физички лица - дипломирани инженери-архитекти кои имаат соодветни лиценци за проектирање согласно со Законот за градење.
III.2)Од учесниците на конкурсот се бара посебна стручна квалификација  Да
ако е ДА, да се наведе која: 
Конкурсот е јавен и анонимен. Правните лица треба да се регистрирани за вршење на дејност - проектирање и да поседуваат соодветна лиценца, лиценца А и домашни физички лица - дипломирани инженери-архитекти кои имаат соодветни лиценци за проектирање на ваков вид објекти.
III.3)Целосни и детални информации за критериумите што ќе се применуваат за избор на најдобро рангираниот план/планови или проект/проекти 
Конкурсните трудови треба да се изработуваат согласно условите на конкурсот и зададената програма. Како приоритети се наведуваат следните критериуми:
- почитување на општи архитектонско - урбанистички услови пропишани со ДУП на општината (градежна и регулациона линија, височината на објектот и др.)
- почитување на стандардите и нормативите пропишани за овој тип на објекти
- потполно задоволување на условите од Конкурсот
- Целосна застапеност на програмската содржина
- Креативност и инвентивност на понудените решенија
- Оргиналност
- Успешност во воспоставувањето на новиот архитектонски контекст и дооформување на постоечкиот
- функционална и просторна структуираност како одговор на содржинските и функционалните барања на распишувачот
- форма произлезена од влијанијата на контекстот
- форма како јасна експресија на структурата, содржината и значењето на темата
- флуидност и транспарентност (во смисла на посетување, користење и напуштање на објектот) со посебен третман на пристапноста на лицата со посебни потреби
- современ третман на објектот соодветно на функцијата
- можност за спонтано интегрирање на надворешниот со внатрешниот простор
- примена на современ архитектонски израз со употреба на современи материјали
- ефикасно природно осветлување, заштита од светлината и топлина
- енергетска ефикасност
- сеизмичка стабилност
- изводливост
- економичност

ДЕЛ IV: АДМИНИСТРАТИВНИ ИНФОРМАЦИИ
IV.1)Услови за доставување на планот/плановите или проектот/проектите
Плановите или проектите да се достават најдоцна до:
02.11.2009  во 16.30  часот  Место:  Скопје
IV.2)Награди и жири комисија
Доделување на награда/награди  Да
ако е ДА, да се наведе која/кои: 
Прва награда.........200.000,00 Три откупи од по......50.000,00
IV.3)Дополнителни информации
Потребната документација за конкурсот може да се подигне во Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија, бул. Кузман Јосифовски - Питу бр. 17, Скопје.
Надоместокот за документацијата на конкурсот и проектната програма изнесува 6.000,00 денари и истиот се уплаќа со образец ПП 50 на сметка број 100000000063095, во корист на сметка на Службата број 040020008663111, даночен број 4030991222325, приходна шифра 725939 - 10 депонент Народна банка на РМ.
Трудовите кои нема да ги содржи сите елементи опишани во овој конкурс, односно се некомплетни и ненавремено доставени, нема да бидат предмет на разгледување на комисијата. Трудовите кои нема да бидат прифатени ќе се вратат во рок од 10 дена од денот на завршување на постапката. Службата ќе ги откупи трудовите кои ќе ги задоволат пропозициите на конкурсот во целост и ќе склучи авторски договори за откуп на правата на делата односно за пренос на авторските права неопходни за натамошно користење на делата за целта на овој конкурс. Откупот истовремено ќе претставува и авторски надомест за отстапените права за користење на делата, што ќе бидат децидно утврдени со договор.
За дополнителни информации може да се обратите секој работен ден од 10:00 до 16:00 часот на телефон 2 465 - 225.


Edited by igorius - 22-Sep-2009 at 05:12
Back to Top
igorius View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 13-Nov-2008
Online Status: Offline
Posts: 187
  Quote igorius Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 22-Sep-2009 at 05:05
Идејно архитектонско решение за партерно уредување на локален плоштад

КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ
 
Број  01/2009
I.1)Податоци за договорниот орган
Општина Карпош,  Бул Партизански Одреди 68,  Љупчо  Пренџов,  1000,  Скопје,  023079694,  023079694,  karpos.gov.mk,  ljupco.prendzov@karpos.gov.mk
I.1.5)Дополнителни информации и тендерската документација може да се добијат 
на горната адреса
I.2)Категорија на договорен орган, негова главна активност или дејност
Органи на единиците на локалната самоуправа и на Градот Скопје - Општи јавни услуги

ДЕЛ II: ПРЕДМЕТ НА КОНКУРСОТ ЗА ИЗБОР НА ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ
II.1)Предмет на конкурсот
Идејно архитектонско решение за партерно уредување на локален плоштад
II.2)Доделување на договор од опфатените дејности
Секторски договори 
II.3)Дали постапката ќе ја спроведе Централно тело  Не
II.4)Дали конкурсот ќе се реализира од група на договорни органи  Не
II.5)Референтна номенклатура за доделување на договор за јавна набавка (ОПЈН)

II.6)Подетален опис на конкурсот  
Целта на овој проект е создавање на осмислен отворен простор, оформен како локален плоштад, кој во себе ќе прими различни можности и ќе добие карактер на локален јавен простор со кој ќе се идентификуваат жителите. Локацијата е во населба Влае 2, Општина Карпош, Скопје.

Конкурсот е јавен и анонимен, а право на учество имаат домашни правни и физички лица. Учесниците на конкурсот се пријавуваат под шифра. Секој од учесниците има право да учествува со по еден труд.
Изборот на идејното решение ќе го изврши Комисија за оценување и избор на најдобри трудови и ќе ги објави резултатите од конкурсот во рок од триесет дена од денот на завршување на конкурсот.

ДЕЛ III: ПРАВНИ, ЕКОНОМСКИ, ФИНАНСИСКИ И ТЕХНИЧКИ ИНФОРМАЦИИ
III.1)Конкурсот за избор на идејно решение е дел од постапка за доделување на договор за јавна набавка на услуги  Не
III.2)Од учесниците на конкурсот се бара посебна стручна квалификација  Не
III.3)Целосни и детални информации за критериумите што ќе се применуваат за избор на најдобро рангираниот план/планови или проект/проекти 
-креативност и автентичност на идејното решение
-концептуална и програмска издржаност на идејното решение и негово вклопување во предвидената околина
-техничка издржаност и можност за реализација на решението

ДЕЛ IV: АДМИНИСТРАТИВНИ ИНФОРМАЦИИ
IV.1)Услови за доставување на планот/плановите или проектот/проектите
Плановите или проектите да се достават најдоцна до:
09.11.2009  во 10.00  часот  Место:  Скопје
IV.2)Награди и жири комисија
Доделување на награда/награди  Да
ако е ДА, да се наведе која/кои: 
Доколку пристигнатите идејни решенија ги задоволуваат елементите и критериумите, Комисијата ќе ги подели следните награди: -Прва награда - 150.000,00 денари -Втора награда- 120.000,00 денари -Фонд за обештетување-60.000,00 денари
IV.3)Дополнителни информации
проектната програма и конкурсните материјали се подигаат во Општина Карпош, барака бр.3, соба бр. 5.



Edited by igorius - 22-Sep-2009 at 05:11
Back to Top
igorius View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 13-Nov-2008
Online Status: Offline
Posts: 187
  Quote igorius Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 22-Sep-2009 at 05:11
Изработка на идејно решение за партерно и хортикултурно уредување за локалитет во Градски Парк


I.1)Податоци за договорниот орган
Град Скопје,  Бул. Илинденска бб,  Марија Петрова Блажевска,  1000,  Скопје,  3297-222,  3297-292,  http://www.skopje.gov.mk,  javninabavki@skopje.gov.mk
I.1.5)Дополнителни информации и тендерската документација може да се добијат 
На адреса дадена во Прилог ДИ-1
Град Скопје, бул.„Илинден“ бб 1000 Скопје,  3 297 222, 3297 292,  Град Скопје, одделение за јавни набавки - барака бр.1,
I.2)Категорија на договорен орган, негова главна активност или дејност
Органи на единиците на локалната самоуправа и на Градот Скопје - Општи јавни услуги

ДЕЛ II: ПРЕДМЕТ НА КОНКУРСОТ ЗА ИЗБОР НА ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ
II.1)Предмет на конкурсот
Изработка на идејно решение за патерно и хортикултурно уредување за локалитет во Градски Парк
II.2)Доделување на договор од опфатените дејности
Секторски договори 
II.3)Дали постапката ќе ја спроведе Централно тело  Не
II.4)Дали конкурсот ќе се реализира од група на договорни органи  Не
II.5)Референтна номенклатура за доделување на договор за јавна набавка (ОПЈН)

II.6)Подетален опис на конкурсот  
Доставениот труд потребно е да ги содржи следните прилози:
- ситуација во размера 1:500
–детален приказ на основа на локации со нови содржини во размера 1:50
-Сите потребни детали со детален опис на материјал и опрема во размера 1: 10 или 1:20
-Фотомонтажи
-Образложение на концептот, текстуален опис на решението (максимум 2000 карактери на А4 формат прикачен за првиот прилог)
-сите прилози треба да бидат доставени и во дигитален формат со PDF екстензија приложени на CD.

ДЕЛ III: ПРАВНИ, ЕКОНОМСКИ, ФИНАНСИСКИ И ТЕХНИЧКИ ИНФОРМАЦИИ
III.1)Конкурсот за избор на идејно решение е дел од постапка за доделување на договор за јавна набавка на услуги  Не
III.2)Од учесниците на конкурсот се бара посебна стручна квалификација  Да
ако е ДА, да се наведе која: 
Конкурсот е јавен и анонимен, Право на учество имаат сите правни и физички лица државјани на РМ
- Договорниот орган кој го набавува конкурсот, на учесниците ги става на располагање следните материјали:
Распис на конкурсот.
Проектна програма за изработка на идејно решение за патерно и хортикултурно уредување за локалитет во Градски Парк (текстуален и графички дел). Секој од учесниците има право на учество со по еден труд. Трудовите се предаваат на формат 70/50 на тврда подлога на најмногу 5 (пет) паноа, во затворен пакет со натпис “Идејно решение за патерно и хортикултурно уредување за локалитет во Градски Парк”. Потребно е секој прилог да се нумерира со реден број во долниот десен агол и шифра (комбинација од букви и бројки, максимум 5) во горниот десен агол. Графичката обработка на прилозите да биде на ниво на идеен проект, а техниката е по слободен избор на авторите. Текстуалниот дел се да се приложи на посебени лист А4 формат прикачен за првиот прилог. Текстовите треба да бидат испишани на македонски јазик и кирилично писмо. Оценувањето на трудовите го врши Жири-комисија (составена од претседател и два члена). Членовите на Жири-комисијата немаат право на учество на конкурсот. Жири-комисијата ќе го изврши оценувањето и ќе ги објави резултатите во рок од 10 дена од денот на завршување на конкурсот, по објавувањето на резултатите ќе се направи изложба на конурсните трудови. Трудовите кои нема да бидат наградени ќе бидат вратени на учесниците по завршувањето на изложбата.
Заради потполна анонимност на конкурсниот труд, потребно е трудовите да биде доставени во непроѕирна и запечатена обвивка обезбедена од оштетување при транспорт, со назнака за Конкурс бр. 117/09 со означување на шифрата на авторот и назнака - Не отварај!

Податоците за авторот треба посебно да се наведат во посебен затворен плик приложен во трудот со назнака “Автор“ и назначен со истата шифра. Во друг плик со назнака “Адреса за враќање на трудот“ и назначен со истата шифра, треба да се назначи адресата на која треба да се врати ненаградениот труд.
Пријавените кандидати треба да дадат согласност за откривање на идентитетот по отварање на конкурсните трудови. Со предавањето на конкурсниот труд се смета дека секој учесник ги прифаќа условите и пропозициите и одредбите на конкурсот. Трудовите кои нема да ги содржат сите елементи опишани во овој конкурс, односно се некомплетни, ненавремено доставени и не се анонимни нема да бидат предмет на разгледување на комисијата.
III.3)Целосни и детални информации за критериумите што ќе се применуваат за избор на најдобро рангираниот план/планови или проект/проекти 
-Целосно почитување на програмските барања
-Изводливост и одржливост
-Економичност на решението
-Инвентивност во пристапот на обликување
-Понуда на растителни видови и нивна прилагоденост на локалните климатските услови
-Понуда на програмски содржини и компатибилност со општата намена на просторот
-Задоволување на сите прописи за движење на лица со посебни потреби

ДЕЛ IV: АДМИНИСТРАТИВНИ ИНФОРМАЦИИ
IV.1)Услови за доставување на планот/плановите или проектот/проектите
Плановите или проектите да се достават најдоцна до:
30.10.2009  во 14.00  часот  Место:  Град Скопје, барака бр.1
IV.2)Награди и жири комисија
Доделување на награда/награди  Да
ако е ДА, да се наведе која/кои: 
-прва награда се обезбедени 60.000,00 (шеесет илјади) денари, -втора награда се обезбедени 30.000,00 (триесет илјади) денари. -трета награда се обезбедени 15.000,00 (петнаесе илјади) денари.
IV.3)Дополнителни информации
Потребнaта документација учесниците може да ја подигнат со презентирање на уплатница за платени 500,00 денари на образец кој се пополнува на следниот начин:
•УПЛАТИТЕ ЗАДОЛЖИТЕЛНО ТРЕБА ДА СЕ ВРШАТ СО ПП 50 ОБРАЗЕЦ;
•ПРИ ПОПОЛНУВАЊЕ НА ПП ОБРАЗЕЦОТ НЕОПХОДНО Е НАВЕДЕНИТЕ ПОЛИЊА ДА БИДАТ ПОПОЛНЕТИ НА СЛЕДНИОТ НАЧИН:
-во полето назив на примач потребно е да биде впишано – Трезорска сметка – Буџет на Град Скопје;
-во полето банка на примач потребно е да впишано – Народна банка на Република Македонија;
-во полето сметка потребно е да биде впишано – 100000000063095;
-полето уплатна сметка не се пополнува;
-во полето сметка на буџетски корисник потребно е да биде впишано – 7850141238 630 12;
-во полето прихродна шифра потребно е да биде впишано –724125;
-во полето програма потребно е да биде впишано-00;
-во полето цел на дознака-уплата по Конкурс бр 117/09;
-Трудовите кои нема да бидат прифатени ќе се вратат во рок од 10 дена од објавувањето на резултати на конкурсот. Доделените награди се со вклучен авторски надомест за користење на делото.

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 22-Sep-2009 at 11:47
Дали некој знае каде каде го планираат објектот на јавното обвинителство и финансиската полиција?
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 22-Sep-2009 at 14:28
На кеј, на ќошот маркицата!
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 22-Sep-2009 at 14:31


Dunno

Дај координати или подетално објаснување Smile

А од каде информацијата? Сигурна е?





Edited by Cloverstack - 22-Sep-2009 at 14:31
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 22-Sep-2009 at 14:41
И се јавив на Соња Полизовска ( 2465 225) Naughty

Она не беше многу прецизна, па ќе пренесам од збор до збор : „Хм.. Каде ќе се гради? Чекајте да се исконсултирам.
...

Вака: Таму на кеј, нели сеа градат уставен суд, е... така.. епа да, на крајот од кејот спроти гтц..да таа маркица...ништо...пријатно“

Да живее администрацијата!
 Cheers


Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 23-Sep-2009 at 21:48
Тешко може нешто со сигурност да се заклучи од таков опис, ама маркицата на крајот од кејот е за објектот на МНР:
http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=614&PN=1

Мене ми мириса дека во прашање е новозацртаната кружна маркичка. Според описот не одговара баш, ама во таа околина нема што друго да е...


Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 23-Sep-2009 at 21:55
А зашто го отфрлаш 7.2? Има ли предвидено нешто за таа маркица?
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 23-Sep-2009 at 22:00


Да, хотел, имаме регистрирано повеќе вести за тоа. Но да не должам тука бидејќи не е адекватна нишка. Битно дека и во ДУП-от таа маркичка е обележана со шифра Б - комерцијални и деловни намени, значи за јавно обвинителство и финансиска полиција не може да биде.


Edited by Cloverstack - 23-Sep-2009 at 22:02
Back to Top
igorius View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 13-Nov-2008
Online Status: Offline
Posts: 187
  Quote igorius Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 28-Sep-2009 at 19:00
КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ
-Изработка на идејно обликовно решение за заштитна ограда и илуминација на Мост на улици “Васил Аџиларски“ и “Стив Наумов“
 
Број  112/2009
I.1)Податоци за договорниот орган
Град Скопје,  Бул. Илинденска бб,  Марија Петрова Блажевска,  1000,  Скопје,  3297-222,  3297-292,  http://www.skopje.gov.mk,  javninabavki@skopje.gov.mk
I.1.5)Дополнителни информации и тендерската документација може да се добијат 
на горната адреса
I.2)Категорија на договорен орган, негова главна активност или дејност
Органи на единиците на локалната самоуправа и на Градот Скопје - Општи јавни услуги

ДЕЛ II: ПРЕДМЕТ НА КОНКУРСОТ ЗА ИЗБОР НА ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ
II.1)Предмет на конкурсот
изработка на идејно обликовно решение за заштитна ограда и илуминација на Мост на улици “Васил Аџиларски“ и “Стив Наумов“
II.2)Доделување на договор од опфатените дејности
Секторски договори 
II.3)Дали постапката ќе ја спроведе Централно тело  Не
II.4)Дали конкурсот ќе се реализира од група на договорни органи  Не
II.5)Референтна номенклатура за доделување на договор за јавна набавка (ОПЈН)

II.6)Подетален опис на конкурсот  
Конкурсот е јавен и анонимен, Право на учество имаат сите правни и физички лица државјани на РМ
- Договорниот орган кој го набавува конкурсот, на учесниците ги става на располагање следните материјали:
Распис на конкурсот.
Проектна програма за изработка на идејно обликовно решение за заштитна ограда и илуминација на Мост на улици “Васил Аџиларски“ и “Стив Наумов“.(текстуален и графички дел.
Секој од учесниците има право на учество со по еден труд.
Трудовите се предаваат на формат 70/50 на тврда подлога на најмногу 3 (три) паноа, во затворен пакет со натпис “Идејно обликовно решение за заштитна ограда и илуминација на Мост на улици “Васил Аџиларски“ и “Стив Наумов“. Потребно е секој прилог да се нумерира со реден број во долниот десен агол и шифра (комбинација од букви и бројки, максимум 5) во горниот десен агол.
Графичката обработка на прилозите да биде на ниво на идеен проект, а техниката е по слободен избор на авторите.
Текстуалниот дел се прикажува на левата страна од првиот прилог.
Оценувањето на трудовите го врши Жири-комисија (составена од претседател и два члена). Членовите на Жири-комисијата немаат право на учество на конкурсот.
Жири-комисијата ќе го изврши оценувањето и ќе ги објави резултатите во рок од 10 дена од денот на завршување на конкурсот, по објавувањето на резултатите ќе се направи изложба на конурсните трудови. Трудовите кои нема да бидат наградени или откупени ќе бидат вратени на учесниците по завршувањето на изложбата.
Заради потполна анонимност на конкурсниот труд, потребно е трудовите да биде доставени во непроѕирна и запечатена обвивка обезбедена од оштетување при транспорт, со назнака за Конкурс бр. 112/09 со означување на шифрата на авторот и назнака -Не отварај!
Податоците за авторот треба посебно да се наведат во посебен затворен плик приложен во трудот со назнака “Автор“ и назначен со истата шифра. Во друг плик со назнака “Адреса за враќање на трудот“ и назначен со истата шифра, треба да се назначи адресата на која треба да се врати ненаградениот или неоткупен труд.

Пријавените кандидати треба да дадат согласност за откривање на идентитетот по отварање на конкурсните трудови.
Со предавањето на конкурсниот труд се смета дека секој учесник ги прифаќа условите и пропозициите и одредбите на конкурсот. Трудовите кои нема да ги содржат сите елементи опишани во овој конкурс, односно се некомплетни, ненавремено доставени и не се анонимни нема да бидат предмет на разгледување на комисијата.
Доставениот труд потребно е да ги содржи следните прилози:
-улични визури во размера 1:200
-основа во размера 1:200
-изгледи во размера 1:200
-Сите потребни детали со детален опис на материјал и опрема во размера 1: 10 или 1:20
-Фотомонтажи на зададени фотографии
-Образложение на концептот, текстуален опис на решението (максимум 500 карактери)
-сите прилози треба да бидат доставени и во дигитален формат со PDF екстензија приложени на CD.

ДЕЛ III: ПРАВНИ, ЕКОНОМСКИ, ФИНАНСИСКИ И ТЕХНИЧКИ ИНФОРМАЦИИ
III.1)Конкурсот за избор на идејно решение е дел од постапка за доделување на договор за јавна набавка на услуги  Не
III.2)Од учесниците на конкурсот се бара посебна стручна квалификација  Не
III.3)Целосни и детални информации за критериумите што ќе се применуваат за избор на најдобро рангираниот план/планови или проект/проекти 
-Целосно почитување на програмските барања
-Изводливост и одржливост на објектот
-Инвентивност во пристапот на обликување
-Економичност на решението
-Задоволување на сите прописи и нормативни акти за проектирање на мостови и јавни објекти

ДЕЛ IV: АДМИНИСТРАТИВНИ ИНФОРМАЦИИ
IV.1)Услови за доставување на планот/плановите или проектот/проектите
Плановите или проектите да се достават најдоцна до:
08.10.2009  во 14.00  часот  Место:  Град Скопје, барака бр.1,Одделение за јавни набавки
IV.2)Награди и жири комисија
Доделување на награда/награди  Да
ако е ДА, да се наведе која/кои: 
-Прва награда 60.000,00 денари -Втора награда 40.000,00 денари -Трета награда 20.000,00 денари и три откупи по 15.000,00 денари
IV.3)Дополнителни информации
-Потребната документација, учесниците можат да ја подигнат со презентирање на уплатница за платени 500,00 мкд на образец кој се пополнува на следниот начин:
УПЛАТИТЕ ЗАДОЛЖИТЕЛНО ТРЕБА ДА СЕ ВРШАТ СО ПП 50 ОБРАЗЕЦ;
•ПРИ ПОПОЛНУВАЊЕ НА ПП ОБРАЗЕЦОТ НЕОПХОДНО Е НАВЕДЕНИТЕ ПОЛИЊА ДА БИДАТ ПОПОЛНЕТИ НА СЛЕДНИОТ НАЧИН:


-во полето назив на примач потребно е да биде впишано – Трезорска сметка – Буџет на Град Скопје;

-во полето банка на примач потребно е да впишано – Народна банка на Република Македонија;

-во полето сметка потребно е да биде впишано – 100000000063095;

-полето уплатна сметка не се пополнува;

-во полето сметка на буџетски корисник потребно е да биде впишано – 7850141238 630 12;

-во полето прихродна шифра потребно е да биде впишано –724125;

-во полето програма потребно е да биде впишано-00;

-во полето цел на дознака-уплата по Конкурс бр 112/09;

- Трудовите кои нема да бидат прифатени ќе се вратат во рок од 10 дена од објавувањето на резултати на конкурсот. Доделените награди се со вклучен авторски надомест за користење на делото
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 22-Oct-2009 at 19:35
КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ
 
Број  67/2009
I.1)Податоци за договорниот орган
Министерство за транспорт и врски,  ул. Црвена скопска општина 4,  Снежана Филиповска,  1000,  Скопје,  3 145 517,  3 226 392,  www.mtc.gov.mk,  snezana.filipovska@mtc.gov.mk
I.1.5)Дополнителни информации и тендерската документација може да се добијат 
на горната адреса
I.2)Категорија на договорен орган, негова главна активност или дејност
Државни органи - Општи јавни услуги

ДЕЛ II: ПРЕДМЕТ НА КОНКУРСОТ ЗА ИЗБОР НА ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ
II.1)Предмет на конкурсот
Изработка на идејно архитектонско-урбанистичко решение за Хотел со пет ѕвезди во Скопје, локација: Центар – Мал Ринг, локалитет МОБ – Парцела 7.2.
II.2)Доделување на договор од опфатените дејности
Секторски договори 
II.3)Дали постапката ќе ја спроведе Централно тело  Не
II.4)Дали конкурсот ќе се реализира од група на договорни органи  Не
II.5)Референтна номенклатура за доделување на договор за јавна набавка (ОПЈН)

II.6)Подетален опис на конкурсот  
Изработка на идејно архитектонско-урбанистичко решение за Хотел со пет ѕвезди во Скопје, локација: Центар – Мал Ринг, локалитет МОБ – Парцела 7.2.чие архитектонско обликување ќе се вклопи во амбиенталната целина со објектите во опкружувањето.
Локацијата за објектот хотел - локалитет МОБ – Парцела 7.2., како интегриран дел од подрачјето „Мал Ринг“ е во непосредна близина на Културниот центар (Македонска Опера и Балет и Македонска филхармонија) и ново предвидениот објект на Министерството за надворешни работи.
Учесникот на конкурсот задолжително доставува:
1.Ситуација 1 : 500;
2.Погледи со силуета;
3.Основа на приземје со партерно решение 1 : 200;
4.Основи на карактеристични нивоа 1 : 200;
5.Пресеци - минимум 2 карактеристични 1 : 200;
6.Сите изгледи 1 : 200;
7.3Д прикази - надворешни;
8.3Д прикази – внатрешни (хотел);
9.Образложение на идејата, анализа на концептот;
10.Анализа на површини – однос на корисен простор со комуникации;
11.Есеј, текстуален опис на решението (максимум 3000 карактеристики);
12.CD со анимации
•Секој учесник на Конкурсот е должен проектот да го достави во формат 70х100 максимум 8 листа.
•Секој прилог да се нумерира со реден број во долниот десен агол
•Секој прилог да се означи со шифра од максимум 5 букви во горниот десен агол
Детален опис на предметот на договорот, начинот на исплатата и техничките спецификации се дадени во Тендерската документација

ДЕЛ III: ПРАВНИ, ЕКОНОМСКИ, ФИНАНСИСКИ И ТЕХНИЧКИ ИНФОРМАЦИИ
III.1)Конкурсот за избор на идејно решение е дел од постапка за доделување на договор за јавна набавка на услуги  Не
III.2)Од учесниците на конкурсот се бара посебна стручна квалификација  Да
ако е ДА, да се наведе која: 
Конкурсот е јавен и анонимен
Право на учество имаат домашни и странски правни лица регистрирани за вршење дејност – предмет на овој конкурс и домашни и странски физички лица – дипломирани инжинери архитекти.
III.3)Целосни и детални информации за критериумите што ќе се применуваат за избор на најдобро рангираниот план/планови или проект/проекти 
-застапеност на програмските барања
-застапеност на бараните прилози на конкурсниот проект
-функционална организација на просторот според програмските барања
-квалитет на релацијата на објектот хотел со објектот МНР
-квалитет на релациите со непосредното опкружување
-оригиналност и иновативност
-изводливост
-пристапност до и во објектот за лицата со посебни потреби
-вид и квалитет на понудените материјали
-сеизмичка стабилност
-читливост на идеата на проектот

ДЕЛ IV: АДМИНИСТРАТИВНИ ИНФОРМАЦИИ
IV.1)Услови за доставување на планот/плановите или проектот/проектите
Плановите или проектите да се достават најдоцна до:
15.12.2009  во 12.00  часот  Место:  Министерство за транспорт и врски
IV.2)Награди и жири комисија
Доделување на награда/награди  Да
ако е ДА, да се наведе која/кои: 
Договорниот орган планира да ги додели следните награди: - прва награда во висина од 600.000,00 денари - втора награда во висина од 400.000,00 денари - трета награда во висина од 200.000,00 денари - договорниот орган дополнително може да откупи најмногу четири други идејни решенија во висина од по 60.000,00 денари.
IV.3)Дополнителни информации
Набавувачот на конкурсот на учесниците ги става на располагање следните материјали:
-проектна програма (текстуален и графички дел)
-прилози со идејните решенија за надворешниот изглед на објектите во непосредното опкружување кои се планирани или во фаза на градење
Секој од учесниците кој подигнал тендерска документација има право да учествува со по еден проект.
Проектите се предаваат во формат 70x100cm максимум 8 листа, во затворен пакет со натпис: *Јавна набавка конкурс бр. __/09 со шифра ____ со јасно напишана препорака „Не отварај“
Потребно е секој прилог да се нумерира со реден број во долниот десен агол и со шифра (од максимум 5 букви) во горниот десен агол, како и да се даде список на прилозите според редниот број.
Податоците за авторот треба да се наведат во посебен затворен плик приложен во проектот со назнака *Автор* и назначен со истата шифра. Податоците за адресата на која треба да се врати ненаградениот или неоткупениот проект треба да се наведат во друг плик со назнака *Адреса за враќање на проектот* и назначен со истата шифра.
Пријавените кандидати прифаќаат дека дале согласност за откривање на идентитетот по извршениот избор. Во случај да не е избран за награда или откуп, кандидатот може да изјави дека не сака да биде откриен идентитетот.
Графичката обработка на прилозите, потребно е да биде на ниво на идеен проект а техниката на презентацијата е по слободен избор.
Текстуалниот дел на проектот треба да се поврзе во посебна корица на А4 формат во 2 примерока.
Проектот треба да се достави во непрозирна и запечатена обвивка, обезбедена од оштетување од транспорт.
Тендерската документација може да се подигне од Министерството за транспорт и врски, улица “Црвена Скопска општина“ број 4 во Скопје, секој работен ден од 0900 до 1400 часот, за времетраење на огласот.
Само економските оператори кои подигнале тендерска документација имаат право да учествуваат на конкурсот.
Проектот кој нема да ги содржи сите елементи опишани во овој конкурс, односно е доставен ненавремено или е некомплетен, нема да биде предмет на разгледување од Жири комисијата. Жири комисијата се состои од 3 члена, а ќе го изврши оценувањето и ќе ги објави резултатите од конкурсот во рок од 30 дена од денот на завршување на конкурсот. Проектите кои нема да бидат прифатени ќе се вратат во рок од 10 дена од денот на завршување на постапката.
Договорниот орган го задржува правото да не ги додели наградите, односно да не изврши откуп на идејните решенија
Министерството за транспорт и врски ќе склучи авторски договор за пренос на авторските права, а наградите, односно откупите ќе претставуваат надоместок за откуп на авторските права за натамошно користење на делото за целта на овој конкурс.
Договрниот орган ќе ги надомести трошоците за поднесување на идејните решенија на останатите учесниците на конкурсот во висина од 6.000,00 денари, но само ако истите се изработени согласно барањата, а што го утврдува жири комисијата.
Датум на доставување до Бирото за јавни набавки
16.10.2009
Back to Top
igorius View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 13-Nov-2008
Online Status: Offline
Posts: 187
  Quote igorius Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 20-Jan-2010 at 02:10
ОГЛАС ЗА КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ

Број на оглас:  03/2010

ДЕЛ I:  ДОГОВОРЕН ОРГАН

I.1) Податоци за договорниот орган
I.1.1) Назив на договорниот орган: Град Скопје
I.1.2) Адреса: Бул. Илинденска бб
I.1.3) Град и поштенски код: Скопје 1000
I.1.4) Интернет адреса: http://www.skopje.gov.mk
I.1.5) Лице за контакт: Марија Петрова Блажевска    Адреса на е-пошта: < ="" ="text/"> \n javninabavki@skopje.gov.mk < ="" ="text/"> Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите < ="" ="text/">     Телефон/Факс: 02 3297 222/3297-292
I.1.6) Дополнителни информации и тендерската документација може да се добијат:
На горната адреса
I.2) Категорија на договорен орган, негова главна активност или дејност:
Органи на единиците на локалната самоуправа и на Градот Скопје-Општи јавни услуги

ДЕЛ II:  ПРЕДМЕТ НА КОНКУРСОТ ЗА ИЗБОР НА ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ

II.1) Предмет на конкурсот:
Изработка на идејно решение за објект-Катна гаража на улица Даме Груев
II.2) Дали постапката ќе ја спроведе Централно тело: Не
II.3) Дали конкурсот ќе се реализира од група на договорни органи: Не
II.4) Референтна номенклатура (ОПЈН)
II.5) Подетален опис на конкурсот:
Цел на конкурсот: Да се изработи проект за идејно решение за објект катна гаража на површина од 3313м² со бруто развиена површина од 26502 м² на приземје, 7 нивоа надземја и 2 нивоа подземја. Приземјето и првиот кат се наменти за деловна намена, на останатите нивоа треба да се распредели јавен паркинг простор со наплата за минимум 833 лесни возила. Фасадата на објектот треба да биде застаклена и да овозможи природна вентилација. Проектирањето треба да биде во соглсаност со важечките законски одредби за изградба на објекти за оваа намена. Доставениот труд потребно е да ги содржи следниве прилози: -Ситуација во размера 1:500 -Идејно сообраќајно решение во размера1:200 -Основи на карактеристични нивоа во размера 1:200 -Пресеци (минимум два, попречен, подолжен) во размера 1:200 -Изгледи во размера 1:200 -Тридимензионални престави со фотомонтажи -Образложение на концептот, текстуален опис на решението (максимум 2000 карактери) -сите прилози треба да бидат доставени и во дигитален формат со PDF екстензија приложени на CD. -Конкурсот е јавен и анонимен, Право на учество имаат сите правни и физички лица државјани на РМ

ДЕЛ III:  ПРАВНИ, ЕКОНОМСКИ, ФИНАНСИСКИ И ТЕХНИЧКИ ИНФОРМАЦИИ

III.1) Конкурсот за избор на идејно решение е дел од постапка за доделување на договор за јавна набавка на услуги: Да
Ако е ДА се наведуваат минималните услови за утврдување на способност:
1.На изборот за идејното решение може да учествуваат лица кои поседуваат “Б“ Овластување за проектирање.
2. За продолжување во постапка за доделување на договор за јавна набавка на услуга за изработка на идеен и осовен проект, правниите субјекти мора да поседуваат “Б“ лиценца за проектирање. проектирање.
III.2)  Од учесниците на конкурсот се бара посебна стручна квалификација: Да
Aко е ДА, да се наведе која:
На изборот може да учествуваат лица кои поседуваат “Б“ Овластување за проектирање, а за продолжување во постапка за доделување на договор за јавна набавка на услуга а изработка на идеен и осовен проект, правниите субјекти мора да поседуваат “Б“ лиценца за проектирање.
III.3)  Целосни и детални информации за критериумите што ќе се применуваат за избор на најдобро рангираниот план/планови или проект/проекти:
1. Почитување на програмски барања,
2. Инвентивност во пристапот на обликување,
3. Економичност на решението,
4. Почитување на прописите од сообраќаен аспект.

ДЕЛ IV:  АДМИНИСТРАТИВНИ ИНФОРМАЦИИ

IV.1) Услови за доставување на планот/плановите или проектот/проектите
IV.1.1) Плановите или проектите да се достават најдоцна до:
15.03.2010 во 16.0 часот. Место: преку архивата на Град Скопје, барака 16
IV.1.2) Доделување на наградa/награди: Да
Ако е ДА, да се наведе која/кои:
- за прва награда се обезбедени 250.000,00 (двестотиниипедесетилјади) денари, - за втора награда се обезбедени 120.000,00 (стодваесетилјади) денари и - за трета награда се обезбедени 100.000,00 (стоилјади) денари.
IV.2) Имиња на членови на жири комисија:
IV.3) Дополнителни информации:
Проектна програма за Изработка на “Идејно решение за за објект Катна гаража со деловни простории на ул. Даме Груев” (текстуален и графички дел). Секој од учесниците има право на учество со по еден труд. Трудовите се предаваат на формат 70/50 на тврда подлога на најмногу 7 (пет) паноа, во затворен пакет со натпис “Идејно решение за за објект Катна гаража со деловни простории на ул. Даме Груев”. Потребно е секој прилог да се
нумерира со реден број во долниот десен агол и шифра (комбинација од букви и бројки, максимум 5) во горниот десен агол.
Графичката обработка на прилозите да биде на ниво на идеен проект, а техниката е по слободен избор на авторите. Текстуалниот дел се прикажува на левата страна од првиот прилог. Оценувањето на трудовите го врши Жири-комисија (составена од претседател и два члена). Членовите на Жири-комисијата немаат право на учество на конкурсот. Жири-комисијата ќе го изврши оценувањето и ќе ги објави резултатите во рок од 10 дена од денот на завршување на конкурсот, по објавувањето на резултатите ќе се направи изложба на конурсните трудови. Трудовите кои нема да бидат наградени или откупени ќе бидат вратени на учесниците по завршувањето на изложбата. Заради потполна анонимност на конкурсниот труд, потребно е трудовите да биде доставени во непроѕирна и запечатена обвивка обезбедена од оштетување при транспорт, со назнака за Конкурс бр. 03/2010, со означување на шифрата на авторот и назнака -Не отварај!

Податоците за авторот треба посебно да се наведат во посебен затворен плик приложен во трудот со назнака “Автор“ и назначен со истата шифра. Во друг плик со назнака “Адреса за враќање на трудот“ и назначен со истата шифра, треба да се назначи адресата на која треба да се врати ненаградениот или неоткупен труд.
Со предавањето на конкурсниот труд се смета дека секој учесник ги прифаќа условите и пропозициите и одредбите на конкурсот. Трудовите кои нема да ги содржат сите елементи опишани во овој конкурс, односно се некомплетни, ненавремено доставени и не се анонимни нема да бидат предмет на разгледување на комисијата.
IV.4) Датум на објава: 15-01-2010
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 1365
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 07-Nov-2013 at 23:02
Не е баш конкурс, но не најдов посоодветна нишка од оваа, па така ова тука ќе ја објавам оваа информација.

Се работи за конкурс, т.е. натпревар на фотографи со сопствени слики на културно-историски градби, значајни згради низ град, село, општина и други слики, кои потоа треба да ги закачите на Ризницата, проект на Википедија на кој се наоѓаат сите слики кои се користат на проектите на Википедија.

Да не заборавам на крајот се доделуваат и награди.

Повелете, врска со страницата на која можете да видите повеќе информации: http://wlch.mk/
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 08-Nov-2013 at 00:46
кај мене не работи линкот?????
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1937
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 08-Nov-2013 at 01:10
Линкот е лошо поставен и затоа не функционира
http://wlch.mk

Повели
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  12>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.527 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.