build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Административни
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Општинска зграда Центар

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 7>
Poll Question: Конкурсен труд
Poll Choice Votes Poll Statistics
6 [12.50%]
32 [66.67%]
2 [4.17%]
1 [2.08%]
7 [14.58%]
You can not vote in this poll

Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Општинска зграда Центар
    Posted: 17-Dec-2009 at 11:24
ОПШТИНА ЦЕНТАР
Пак конкурс за нова зграда Општина Центар повторно распиша конкурс за избор на идејно решение за општинска зграда, што би требало да се гради на местото на сегашните бараки. Конкурсот е меѓународен, а предвидени се прва награда од 300.000 денари и три откупи по 60.000 денари. Идејата за општинска зграда е стара и беше актуелна уште во времето на градоначалничката Виолета Аларова. Тогаш Општината, исто така, нарача идеен проект од планерската куќа „Инпума“ и требаше да почне постапка за да го добие земјиштето во своја сопственост. Во Министерството за транспорт и врски велат дека се уште не добиле барање од Центар за откуп на земјиштето.                                                                                                                                                                              http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=4&tabid=1&EditionID=1894&ArticleID=129227< = < =
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 18-Dec-2009 at 15:38
ЌЕ ДОБИЕ ЛИ ОПШТИНА ЦЕНТАР НОВ ОБЈЕКТ?
За стариот проект се бара ново решение

Роза Петкова

До петти февруари ќе се бара идејно решение за нова зграда во која треба да се сместат службите на Општина Центар. Дотогаш трае конкурсот за изработка на архитектонско и урбанистичко решение на комплексот за општинска зграда кој го распишаа општинарите. Жири-комисијата што ќе го врши оценувањето на пристигнатите трудови има обврска во рок од 30 дена од денот на завршување на конкурсот да ги објави резултатите. Надлежните во Центар велат дека немаат повеќе информации за нивниот проект, се додека не се избере идејното решение. - Што ќе понудат авторите на конкурсот кои ќе се пријават се уште не е познато и затоа не би можеле да ви кажеме нешто конкретно. На локацијата каде што се бараките на Општината, во согласност со генералниот урбанистички план е предвидена државна локална управа, а, исто така, и во ДУП стои објект за државни институции - објаснува Јовица Ацковски, портпарол на Општина Центар. Властите велат дека во општинскиот буџет за 2010 година имаат обезбедено средства за идејниот проект, а откако тој ќе се избере, ќе се знаеле податоци за тоа колку ќе чини изградбата. Изградбата на општинска зграда беше актуелна уште во мандатот на поранешната градоначалничка Виолета Аларова. Според идејното решение што тогаш го работеше фирмата „Инпума“, во објектот требаше да се влегува преку портата од старата учителска школа, која се наоѓа зад општинските бараки. Аларова најавуваше дека зградата ќе се вцрта во деталниот урбанистички план за Дебар маало, а за нејзина изградба ќе се искористат стоте илјади евра што општината во 2006 година ги доби како награда од Европската агенција за реконструкција за обнова на улицата Македонија. Според Аларова, во новите простории на Општината требаше да се смести и матичната служба. Меѓу другите, нови објекти за своите служби најавуваа и општините Гази Баба и Ѓорче Петров, со истата намера да се иселат од привремените објекти или бараки и да добијат порепрезентативни места за работа. Со години и Град Скопје најавува дека ќе гради Градска куќа, а според последните најави на градоначалникот Коце Трајановски, за проектот ќе се предвидат пари во буџетот за следната година.


http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1895&ArticleID=129339
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Online
Posts: 4091
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 18-Dec-2009 at 19:01
dali znae nekoj kade se naoga lokacijata?
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 19-Dec-2009 at 02:41
Originally posted by my Macedonia

dali znae nekoj kade se naoga lokacijata?


гуглај 42.002185,21.420946
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 23-Mar-2010 at 04:05
За општинската зграда на Општина Центар.


Општинска зграда во модерен барок

На конкурсот за нова општинска зграда пристигнале десетина труда. Комисијата задолжена за избор на најповолното решение се' уште не се изјаснила.

Од Општината велат дека покрај одличните предлози за модерна градба, со необични форми и материјали, за мостови што Општината ќе ја поврзуваат со Градскиот парк има и предлог на зграда во барок-стил.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=F143E08CD56E814E87EC6C5A8067EEC6
Back to Top
SkyBoy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote SkyBoy Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 24-Mar-2010 at 01:07
Тодоровиќ посакува барокна општинска зграда
 
 
Надлежна комисија ќе избира меѓу девет идејни решенија
 
Градоначалникот на Општина Центар Владимир Тодоровиќ сака да изгради општинска зграда во барок стил. Токму едно такво идејно решение од вкупно девет било доставено на јавниот повик за избор на решение за изградба на нов административен објект на Општината. Тодоровиќ информираше дека со исклучок на единствениот барокен стил, останатите осум предлози, генерално, нудат изградба на модерен објект изведен претежно во стакло. Сепак, како ќе изгледа општинската зграда ќе одлучи надлежна комисија за триесетина дена.

„Јас, ако се прашувам, би го избрал решението за изградба на зграда во барок стил, бидејќи таква фасада мене ме асоцира на административен објект. Моето мислење е независно од трендот за изградба на објекти со такви фасади во централното градско подрачје. Сепак, во случајов не носам одлуки јас, туку надлежната комисија“, објасни Тодоровиќ, кој се' уште размислува на кој начин Општината ќе ја покрие потребната финансиска конструкција.

Според него, голема е веројатноста земјиштето на кое би се градела зградата, а тоа е местото на постојните општински бараки, а кое е во државна сопственост, да му се отстапи на приватен инвеститор кој за возврат дел од објектот би го дал на користење на Општината без надомест. Друга опција е финансиите целосно да ги покрие Општината, која, пак, дел од просториите би ги продала или би ги издала на заинтересиран субјект и на тој начин би ги повратила вложените средства. И двата случаја, всушност, ќе наложат објектот да не биде исклучиво административен, туку во него да има и деловен простор.

„Сево ова е голема процедура, од избор на идејно решение до избор на изведувач и затворање на финансиската конструкција. И покрај се', се надевам дека зградата би почнале да ја градиме најдоцна до средината на идната година“, вели Тодоровиќ. (Дс.Т.)
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 30-Apr-2010 at 21:13
Откупени четири трудови за општинска зграда на Општина Центар

Вчера се произјасни комисијата за избор на идејно архитектонско-урбанистичко решение на комплексот за општинска зграда на Општина Центар. На конкурсот кој беше објавен на 15.12.2009 пристигнаа девет трудови и сите влегоа во конкуренција со оглед на тоа што во целост ја испочитувале конкурсната задача. Низ 4 седници и 5 индивидуални разгледувања комисијата дојде до одлука да не додели прва награда и да откупи четири трудови. Откупените трудови се на авторите М-р Слободан Велевски д.и.а и М-р Марија Мано Велевска д.и.а за конкурсниот труд со шифра ФОЛИе, Миодраг Радоњиќ-Бато д.и.а и Ранчо Христов д.и.а за конкурсниот труд со шифра МОТИВ, Звонко Тасевски д.и.а и Ирина Бојаџиевска д.и.а за конкурсниот труд со шифра МИРАЖ и Драги Зафиров д.и.а и Владимир Арсовски д.и.а за конкурсниот труд со шифра 61125.

Објектот е предвиден на локацијата на старите општински бараки. За општината да ги покрие финансиските трошоци, тој нема да биде исклучиво административен, туку ќе содржи и деловен простор. Се најавуват две опции за изградба. Првата е земјиштето да биде доделено на приватен инвеститор кој ќе го изгради објектот и дел ќе отстапи на општината, а втората е општината сама да го изгради и потоа да го продава или издава деловниот простор.


http://www.build.com.mk/?p=3187

ФОЛИе


МОТИВ


МИРАЖ


61125

Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1976
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 30-Apr-2010 at 21:48
Второто и четвртото ми се допаѓаат.

Второто е најдобар избор освен можеби деталите од вез (Туркменистан ениуан? Таман помислив на ова, па го видов третото, како да го смислил Гурбангули Бердимухамедов).

Четвртото е сосем пристојно. Му недостасува малку грандиозност, меѓутоа мислам дека периодов имавме премногу „грандиозности“ од проекти, иф ју кеч мај дрифт Stern%20Smile
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 30-Apr-2010 at 22:04
се сложувам од каде кај нас таква пластика !!!

Него друго ми падна од прво гледање, премногу тераси за оваков објект, на крај само времето ќе ги изеде, освен ако кафичи не постават на сите
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
lupo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Nov-2009
Online Status: Offline
Posts: 434
  Quote lupo Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 30-Apr-2010 at 22:09
eeeeeeeeee vtorovo e top. gi pokazuva nasite etno belezi vo modernisticki stil, a i tretovo e super. bravo za proektive sto e do 4 nekako e mn prazen i monotono
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 01-May-2010 at 00:32
Првото од старт го исфрлам, воопшто не ми се допаѓа. Четвртото е многу стерилно, особено познавајќи какви материјали има на располагање и какви се се употребуваат кај нас, може да излезе некое чудо. Всушност и најскапи и најдобри материјали не го вадат со толкава стерилност и монотоност. Второто и третото ги ставам во опција. Третото има малку специфичности околу оддржувањето. Како прво не ми е јасно толку стакло како планираат да се оддржува, а и тој релјефот исто така. Покрај булевар повеќе ќе функционира како правосмукалка.Не навлегувам во тоа на кое ниво ни е оддржувањето поради тоа што тоа е менлива категорија, но мислам дека и во побогати услови пак е тешко оддржување на еден таков објект. А од друга страна и не ми се допаѓа нешто посебно. Кога би гласал, би гласал за вториот, едноставно зашто ми се допаѓа, некако најкомпактен ми е од сите. Не гледам елементи дека авторот тука нешто истрипал, што знае да биде честа појава кај нас. едноставно бил свесен што проектира и детските сонови не ги исфрлил на укажаната шанса како што можеби тоа малку се осеќа кај другите објекти. Може би делумно кај шарата, но сепак се работи за шара, а не некоја огромна тераса што не врши никаква, ама баш никаква функција за општината. Е сега може би малку е отидено предетално со шарата, но кога шарата треба да биде централен детал на објектот тогаш ок. А и добро естетски ми изгледа вметната, не е ниту нешто посебно нападна, намалку кич или па невклоплива.
Back to Top
shyes View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2007
Location: Australia
Online Status: Offline
Posts: 259
  Quote shyes Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 01-May-2010 at 02:23
Мене првите три ми се допаѓаат. 4 то дело не е лошо но е малку ладно и како да речам згуснато.
3 то ко да ми остави печаток како нај градиозно и исто така интересен дизајн. Мислам 2 то би било нај изводливо према: дизајн, функција и симбол како општинска згрда на Центар, Скопје.

Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1943
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 01-May-2010 at 12:02
ja sum za vtoroto.
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 01-May-2010 at 12:42

Не се малку предимензионирани објективе на рендерите? Незнам колу вработени има Општина Центар, и што се треба да содржи, но според рендерите и големината на луѓето ми изгледа доволно голема да биде и градско собрание. Инаку сите 4 ми се допаѓаат, најмалку 1 додуше, 2 3 и 4 во 90% ми се допаѓаат имајќи ја во предвид намената на објектот.



Edited by UrbanFreak - 01-May-2010 at 12:43
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 01-May-2010 at 12:51
Да се обидеме да ги срочиме првите впечатоци преку гласање. Поставена е анкета, одберете го вашиот фаворит. 
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 01-May-2010 at 12:56
Originally posted by pbanks

Да се обидеме да ги срочиме првите впечатоци преку гласање. Поставена е анкета, одберете го вашиот фаворит. 

А можност за немам фаворит !!!???
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 01-May-2010 at 13:28


Вметнав
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 01-May-2010 at 13:35
Originally posted by UrbanFreak

Не се малку предимензионирани објективе на рендерите? Незнам колу вработени има Општина Центар, и што се треба да содржи, но според рендерите и големината на луѓето ми изгледа доволно голема да биде и градско собрание. Инаку сите 4 ми се допаѓаат, најмалку 1 додуше, 2 3 и 4 во 90% ми се допаѓаат имајќи ја во предвид намената на објектот.



Веројатно не со оглед на тоа што го најавуват како објект од мешан карактер.

А локацијата трпи


Back to Top
damjanh View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 15-Jun-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote damjanh Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 01-May-2010 at 14:38
Повеќе слики од конкурсниот труд под шифра "МОТИВ" изработен од АТЕЛЈЕ АЈВАР
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 01-May-2010 at 14:57


Дамјан, можеш ли да споделиш повеќе детали околу тоа како е конципиран МОТИВ? Во кој дел треба да биде администрацијата, кој дел треба да биде деловен?  Дали оние скали кои ги гледаме на слика бр. 8 излегуваат на платформата која потоа ја премостува Илинденска? За што поточно се користи приземјето и дали е идејата објектот да стане главен пешачки "коридор" кон парк наместо ул. Михаил Цоков?
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 7>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.398 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.