Пешачки зони и помали плоштади (општо) |
Post Reply | Page 123 58> |
Author | |
pbanks
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
Quote Reply
#1 Topic: Пешачки зони и помали плоштади (општо) Posted: 17-Dec-2007 at 11:18 |
ОК, ми се свиѓа како искочи ул. Македонија немам некои замерки освен на спојката на средната делница со Димитрие Чуповски која е тежок фушерај и може пар други ситници... Ама 5 година како се прави секција од колку 300-400м максимум? И тоа во три различни етапи. Срамота е ова да се декларира како незнам каков зафат.
BTW Аларова на почетокот на овој мандат најави трансформација по сличен терк на улицата накај Арапска куќа.
|
|
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply #2 Posted: 17-Dec-2007 at 13:34 |
Да, и мене на нерви ми иде посебно тоа проширувањето каде што стојат таксисти. Кога веќе решиле да прават проширување (што според мене не личи, ниту пак има место за повеќе од две возила ако се изведе правилно), можеле барем да го направат пошироко. Вака таксистите што чекаат таму само ги блокираат сообраќајните ленти Ако не го направиле проширувањето за таксистите, тогаш нека ги казнуваат кога се паркираат таму. Ова е добар пример како надлежните не само што не го решаваат сообраќајниот метеж, туку со сила го креиаат . Дури и од мали работи како оваа можат да се извлечат некои заклучоци... Во секој случај, таму ради таксистите се прави голема гужва, па крајно време е нешто да се превземе. Edited by Cloverstack - 17-Dec-2007 at 13:36 |
|
pbanks
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
Quote Reply #3 Posted: 17-Dec-2007 at 13:48 |
не е само тоа туку ужасно изгледа. Одавна се спремам тоа да го сликам за во урбано дивјаштво пошто ко такво го рачунам. На другата страна (кон плоштад го направија перфектно, пешачката зона е убаво споена со тротоарот и сето тоа завршува со рабник.
Од оваа страна има прекин во тротоарот (која ја претставува таа импровизирана такси станица) а пешачката зона завршув повнатре (на внатрешната граница на тротоарот) и без рабник и се гледаат сите нејзини слоеви. Катастрофа.
|
|
pbanks
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
Quote Reply #4 Posted: 11-Jan-2008 at 17:32 |
Аларова очигледно се спрема за избори. Штета што во фокус не и е улицата накај Хотел Јадран која беше најавувана како приоритет во ширењето на пешачката зона но...
Мене тука неколку работи ми бодат очи. 1. Реконструкцијата на Кејот 13 Ноември ја направи Пенов, што значи дека тој е под ингеренција на градот. Како сега овој сегмент кај Дрводекор ќе го работи Аларова колку што знам и тој е дел од 13 Ноември. 2. Дури и да е под ингеренција на Општина Центар повторно излегува на површина глупата регулатива каде ингеренциите на релација Општина-Град се менуваат на секои 100 метри. Незнам кој генијалец го смисли тоа но додека не се разреши ќе имаме малку сериозни сеопфатни проекти а многу крпеници од ваков тип, секоја скрпена според идејата на локалниот шериф. 3. Во продолжение на точка два. Кејот беше правен по еден терк (павер елементи, одреден сет на урбана опрема, илуминација со живини светилки итн) додека улица Македонија е правена со гранитни плочи, друга урбана опрема и илуминација со натриумски светилки. Иако спрема мене изведбата на Кејот со павери е прилично ефтина за една таква битна локација во градот сепак сметам дека е попаметно да се задржи истиот концепт и на неговиот преостанат дел наместо да имаме едно шаренило да дизајни. Па ако даде господ во некоја не толку далечна иднина да го реновираме повторно целиот Кеј како што треба (паверите се и онака веќе пропаднати на многу места, клупите се испокршени итн)
Извор: Вест Edited by pbanks - 10-Sep-2008 at 09:16 |
|
lslcrew
Senior Member Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
Quote Reply #5 Posted: 17-Jan-2008 at 00:38 |
Abe luge izvinete vo infrastruktura nema tema za ulica makedonija pa taka da tuk ake prasham.
Дали се планира до стара железничка да се продолжи пешачка зона и дали сае планира да се денивелира улицата чуповски (рекорд) за да може "македонија да биде цела" и дали може исто да се изведе и понатака кај стара железничка доколку се продолжи пашалката зона до стара железничка. |
|
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply #6 Posted: 17-Jan-2008 at 00:52 |
Најверојатно се планира денивелација на ул. Димитрија Чуповски, то ест да се спушти испод на тој потег - тоа е очигледно најлогично решение. Ама којзнае кога ќе го дочекаме тоа. А тој третиот дел кај стара железничка според мене ќе мора да остане отворен за сообраќај. Не е лесно воочливо, ама тоа е сепак многу важна сообраќајна врска која не може да се изведе на ниедно друго место во близина. Ама сепак тој третиот дел не е клучен, најважно е да се врзе работата помеѓу првиот и вториот дел. Edited by Cloverstack - 17-Jan-2008 at 00:53 |
|
lslcrew
Senior Member Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
Quote Reply #7 Posted: 17-Jan-2008 at 01:01 |
Па не е тоа некоја значајна уличка. се може и без неа. А ако толку треба толку таа врска тума може и две мали улички кај влезот за пазарчето тука пред аутомакедонија и уште едно уличе горе кај влезот на паркингот карши рамстор кај продавницата за теписи.
|
|
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply #8 Posted: 17-Jan-2008 at 01:14 |
Не се слагам, таа уличка е доста битна (иако, како што реков не се приметува на прв поглед). Тоа е единствената преостаната врска на ул Даме Груев, на цел потег долг над 700 метри. Ако ја нема, ќе мора навистина многу да се кружи низ центар за да се помине воздушна линија од 100 метри. Со сила да се креира дополнителен метеж поготово на некои покритични крстосници би било прескапа цена за мало продолжување на пешачката зона. А не можам ни да се сложам дека има алтернатива - не можеш туку така да го пресечеш градски ѕид и да направиш спојки на другите места. Ама мислам не е баш некоја трагедија... Ќе беше подобро да можеше цела улица Македонија да биде пешачка, али ни вака не е толку страшно. Edited by Cloverstack - 17-Jan-2008 at 01:20 |
|
pbanks
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
Quote Reply #9 Posted: 17-Jan-2008 at 01:36 |
И мене ме вади од кожа тој прекин. Се надевам дека ќе се направи тоа. А со реализација на проекти како тунел под плоштад и сл има предуслови и цел Димитрие Чуповски (од Палома Бјанка до Пелагонија) да се направи пешачка зона што спрема мене би било најправилно. |
|
lslcrew
Senior Member Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
Quote Reply #10 Posted: 17-Jan-2008 at 01:39 |
еве предлог како тоа мислев да изгледа:
мислам дека е позгодно по трасата 1 за да си личат двата пристапа. можат да бидат и едносмерни. Тој карши рамстор да биде од мито према беко, а другиот од собрание према мито. Али у секој случај може да се искористат процепите на градски ѕид обележани со зелено. Ионака тука има паркинзи , ионака не треба многу работа, само да се спојат и да се пренаменат малце паркинзите. Ај ве молам ако може некој да каже кои се тие згради што се баш под линијата и би сметале евентуално. |
|
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply #11 Posted: 17-Jan-2008 at 01:48 |
Во овој дел не се слагам. Ул. Димитрија Чуповски е важна сама по себе, без разлика на тунелот (зборам за кракот на тунелот што треба да почнува кај Блу Кафе). Со таков тунел единствено би можело да се промени режимот на сообраќај и Димитрија Чуповски да се претвори во еднонасочна, така што со Даме груев би создала едно кружно течење на сообраќајот. А пешачка зона од Пелагонија до Мекдоналдс (таму би завршувал тунелот на Димитрија Чуповски) е мислам сосема доволно. Тие дополнителни 60-70 метри до Палома Бјанка не значат нешто многу. |
|
pbanks
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
Quote Reply #12 Posted: 17-Jan-2008 at 01:53 |
@lclcrew
Неможам точно да проценам кои објекти сметаат на твоиве замислени траси. Кај зелен пазар мислам дека се станбени зградички на 4 ката едни ама не сум сиурен. Сепак и јас би го задржал постоечкиот дел од ул. Македонија како спојка со Мито Хаџивасилев. И тие паркинзи и сервисни улички си имаат намена и неможе тек така да ги пренамениме во спојки. Според мене ова треба да биде главната пешачка зона во Скопје. Улицата 11 Октомври пред парламент е оставен за едниот излез од подземниот тунел. Паркирањето во строгиот центар може да се реши со подземен паркинг под плоштад меѓу другото (кој што требаше да го прават кога реновираа ама.......). Како бонус тука се е и Калето (и таму може да се најде некакво решение за премин на црквата Св. Спас спрема Кале ама не е сташно ако остане и вака) а преку кејот има спојка и со градски парк Edited by pbanks - 17-Jan-2008 at 01:54 |
|
lslcrew
Senior Member Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
Quote Reply #13 Posted: 17-Jan-2008 at 01:59 |
@pbanks извини не те сватив ај ако можеш слика или објасни кој дел е тоа што е оставено за тунел од 11 октомври.
Ја ипак мислам дека иднината на паркирањето е во групното паркирање како катни гаражи и подземни паркинзи, а не во индивидуално по тротоари и тесни улички. Тие зградте на 4 ката тие се уште од пред земјотресот мислам ептен се стари и не кошта многу да се урнат. на другата е беко станцата која е исто време објект барака. Скопје заслужува бољи централна полициска станица. А уличките треба да бидат широки само по макс 4 метри. не би било проблем ова да се изведе. |
|
pbanks
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
Quote Reply #14 Posted: 17-Jan-2008 at 02:04 |
Не би било крај на свет доколку кружното течење не биде Даме Груев-Димитрија Чуповски туку околу целиот Мал Ринг. Точно сообраќајно би било поефикасно тоа што го збориш но мислам дека во сценарио каде цел транзит низ центар како и јавен превоз е одвлечен во тунелот Скопје би можело нормално да функционира и без Димитрие Чуповски иако ние сме научени дека таа е некако главна незаменлива улица на Скопје. Значи зборуваме и за сценарио каде имаме ефикасен јавен превоз и фактички градот со вакви методи ги обесхрабрува возачите да користат кола. Доколку има паркинг под плоштад или доколку паркирањето се врши на некоја локација во Мал Ринг или локациите залепени до Мал Ринг не е на одмет луѓето да се присилат да пешачат во таа зона. Реално од ГТЦ до Т-Мобиле или од Кино Вардар до Камени или дури и до Турска чаршија се стига за 5 минути. Секаде во рамките на Мал Ринг може да се стигне пешки за 5 минути. ОК сеа пак ти го прочитав постот и ти ја контам идејата јас кога мислам за тунелиран Димитрие Чуповски под ул. Македонија секогаш уствари мислам на подвозниче. Доколку би се реализирала варијанта каде Димитрија веќе би бил спуштен до Мекдоналдс и би искачач дури после Пелагонија тогаш се слагам и со тебе. Битно е дека малку треба да жртвуваме од сообраќајно функционален аспект а многу би добиле од многу други аспекти. |
|
pbanks
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
Quote Reply #15 Posted: 17-Jan-2008 at 02:06 |
Тунелот кој треба да проаѓа под центарот на Скопје почнувајќи некаде кај Соборна црква треба да има 2 крака. Едниот би излегувал пред Пелагонија (кај Блу Кафе негде) а другиот кај Народна Банка. |
|
UrbanFreak
Senior Member Joined: 28-Oct-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1732 |
Quote Reply #16 Posted: 17-Jan-2008 at 02:10 |
@lslcrew мислам дека тоа кај Беко е детска градинка не полициска станица. Полициската станица е сместена во самата зграда. Околу Димитрија Чуповски можеби најидеално решение би била еднонасочна како што предлага clover но со саматѕа изградба на тунелот огромен дел од сообраќајот би се пренасочил. Имам видено и таков тип на улици кои се исклучиво за јавен и такси превоз а со забрана за обични возила (Љубљана, Тел Авив, Брисел...). Можеби и оваа варијанта треба да се разгледа. Впрочем на запад во поголемите градови се наплаќа и само за проаѓање низ центарот. |
|
UrbanFreak
Senior Member Joined: 28-Oct-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1732 |
Quote Reply #17 Posted: 17-Jan-2008 at 02:12 |
Немам точна претстава но една мала денивелација на Димитрија Чуповски (подвозник) под Македонија не ми личи на преголем и прескап зафат дури ни за Трифка.
|
|
lslcrew
Senior Member Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
Quote Reply #18 Posted: 17-Jan-2008 at 02:15 |
Ако би се праела денивелација треба да се направи отприлика4 метри како не би можеле камиони да проаќаат а автобуси да може.
|
|
pbanks
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
Quote Reply #19 Posted: 17-Jan-2008 at 02:19 |
Точно така но тоа решение би било идеално доколку не постоеше варијантата со подземниот тунел. Колку што јас знам доле треба да има еден солиден трамвајско/автобуски терминал (под плоштадот) што е прекрасна варијанта. Јавниот превоз те остава под главниот градски плоштад на кој се искачуваш по ескалатори. Перверзија Значи во таква варијанта нема потреба да има линии на јавниот превоз и на Димитрие Чуповски. |
|
lslcrew
Senior Member Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
Quote Reply #20 Posted: 17-Jan-2008 at 02:21 |
Не само што не би имало потреба од димитрије него нема ни да смее да има тука превоз. Него шо мислите за сликата што ја турив горе. Може ли нешто вакво да се изведе?
|
|
Post Reply | Page 123 58> |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |