Спортски објекти (општо) |
Post Reply | Page <1 171819 |
Author | |
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20753 |
Quote Reply #361 Posted: 31-Mar-2021 at 17:09 |
https://www.facebook.com/prizma.mk |
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20753 |
Quote Reply #362 Posted: 07-Sep-2021 at 15:23 |
Ставен во функција спортско-рекреативниот комплекс кај Прилепското езеро
https://www.prilep.gov.mk/staven-vo-funkczija-sportsko-rekreativniot-kompleks-kaj-prilepskoto-ezero/ |
|
гитардемон
Senior Member Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5422 |
Quote Reply #363 Posted: 07-Sep-2021 at 19:18 |
Најтажно е што обрачите на ДВАТА коша се веќе скршени. Имаше видео пред 2-3 дена како еден мајмун виси обесен на него и се клати за да го докрши. Не ми е јасно... навистина. |
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
|
hcitrS
Senior Member Joined: 27-Nov-2015 Online Status: Offline Posts: 878 |
Quote Reply #364 Posted: 19-Nov-2021 at 16:50 |
....Токму затоа, вториот капитален проект, кој ќе биде реализиран од страна на оваа локална самоуправа, со поддршка од Советот на општина Битола е изградбата на спортски комплекс во вредност од 184.500.000 денари..
... izvor |
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20753 |
Quote Reply #365 Posted: 24-Feb-2022 at 17:50 |
Во Петровец има услови за голф-терени, се чекаат сериозни инвеститори
Досега имало тројца заинтересирани инвеститори од Англија, Холандија и од Бугарија, кои барале земјиште со површина од над 100 хектари и на кои градоначалникот им покажувал земјиште од трета до четврта класа во Чифлиг, место викано Кисела Вода, помеѓу ’Ржаничино и Долно Коњари, од десната страна, кое, како што вели тој, е на височинка и е погодно токму за голф-терени. Но, инвеститорите не се вратиле. – Овде има одводен канал и доколку се затвори, може, по природен пат, да се оформат мали вештачки езерца, што ќе биде своевидна атракција – смета Митевски. Уште во 2007 година, Општина Петровец донесе урбанистички план за мултифункционалната зона Ќојлија, во која беше предвидено на 203 хектари земјиште да се градат голф-терени, хотели и филмски град Градоначалникот на Општина Петровец, Борче Митевски, не се откажува од идејата да се изградат голф-терени која остана нереализирана. Како што објасни Митевски, заинтересираниот инвеститор за изградба на голф-терените во зоната Ќојлија, „Реј Пауер“ од Велика Британија, се откажал од оваа идеја и оваа зона кога дошол на чело на Општината пред 12 години, ја пренаменил во зона за незагадувачка индустрија, но вели дека и сега има заинтересирани инвеститори и ќе го овозможи тоа. – Ако има сериозно заинтересирани инвеститори, јас ќе го дозволам тоа. Досега имаше тројца, кои бараа земјиште со површина од над 100 хектари. Имаше од Англија, Холандија, а последниот, пред една година, беше од Бугарија – истакна Митевски. Тој додава дека им покажувал земјиште од трета и од четврта категорија (каде што житните култури се слаби) во Чифлиг, место викано Кисела Вода, помеѓу ’Ржаничино и Долно Коњари од десната страна кое, како што вели, е на височинка и е погодно токму за голф-терени. Но, инвеститорите не се вратиле. – Овде има одводен канал и доколку се затвори, може, по природен пат, да се оформат мали вештачки езерца, што ќе биде своевидна атракција – смета Митевски. Градоначалникот им препорачал на заинтересираните инвеститори да разговараат со претставници од Владата, од каде што треба да се добие одобрение за пренамена на земјоделско земјиште. – Доколку добијам одобрение од Владата, веднаш би ја започнал постапката за пренамена на земјиштето. Освен тоа, комуналиите се минимални. Но, не знам од кои причини инвеститорите повторно не се појавија – објаснува Митевски. Инаку, уште во 2007 година, Општина Петровец донесе урбанистички план за мултифункционалната зона Ќојлија, при што беше предвидено на 203 хектари земјиште да се градат голф-терени, хотели и филмски град. https://www.vecer.press/во-петровец-има-услови-за-голф-терени-с/ |
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20753 |
Quote Reply #366 Posted: 04-Jul-2022 at 12:18 |
ОПШТИНА БУТЕЛ ДОБИВА НОВ СПОРТСКО РЕКРЕАТИВЕН ЦЕНТАР “ГО САКАМ БУТЕЛ”
Наскоро во населбата Бутел на местото познато како “Ливада” поточно крајот на улица Марко Крале ќе никне нов спортско рекреативен центар! На ова место се предвидува да има: Ново фудбалско игралиште со вештачка трева Ново баскет игралиште со сертифицирана FIBA подлога. 👫⛩Ново детско игралиште со модерни содржини, покрај спортските игралишта предвидено е да има ново урбано уредување со клупи и летниковец. Ново лед осветлување. Ќе биде поставено и ново зеленило и целиот простор ќе биде холтикултурно уреден. Исто така ќе започне и со пробивање и изградба на новата улица од улица “Марко Крале” кон улица “Зуфер Мусиќ” Проектот е во завршна фаза а за неколку недели ќе се започне со изведба. https://www.facebook.com/darkokostovskizabutel |
|
Carpe diem
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20753 |
Quote Reply #367 Posted: 11-Jun-2023 at 17:52 |
ОПШТИНА КУМАНОВО ЌЕ ЈА РЕКОНСТРУИРА СПОРТСКАТА САЛА СОКОЛАНА
До крајот на месецов ќе започне реконструкцијата на спортската сала Соколана, која е една од најубавите и највредни архитектонски зданија во Куманово, изградена во 1930-тите. Реконструкцијата на објектот следува откако Министерството за транспорт и врски издаде ја дозволата за градба, а Конзерваторскиот центар даде позитивно мислење дека на објектот може да се работи и завршена е тендерската постапка. Работите ќе се извршуваат етапно, а за почеток Општина Куманово издвои 130 илјади евра. „Ние од буџетот обезбедивме приближно 8 милиони денари. Интервенцијата на овој објект е поделена во 4 фази. Првиот дел е зајакнување на статиката на објектот и санација на поправка на кровот. Во втората фаза е планирано да се работи на фасадата и да се менува столаријата. Во третата фаза е целосно завршување од внатрешноста на објектот и негова адаптација за истите содржини за кои е изградена. Последно е партерното уредување на дворот. До крајот на годината се надеваме дека ќе се завршат половина од работите и веќе следната година ќе размислуваме за другите две фази“, изјави градоначалникот Максим Димитриевски. Минатата година, Владата одобри 9 милиони денари за реконструкција на салата, но биле повлечени откако не биле потрошени во разумен рок. Градоначалникот очекува државата повторно да издвои средства за таа намена, работите да завршат побрзо, бидејќи Соколана не е само од значење на Општината, туку и за државата. Во 2019, Владата по 20 години ги врати на Куманово комплексот Соколана, Градскиот стадион, стрелиштето и спортската сала, а најави е дека ќе помогне финсиски за нивна реконструкција. Овие објекти беа дадени на стопанисување на приватни фирми во времето на владењето на ВМРО-ДПМНЕ. Сега сите се руинирани и во очајна состојба. Општината најави дека ќе ги обнови и ќе ги стави во функција на граѓаните. Спортската сала Соколана е симбол на богатиот спортски и забавен живот на Куманово од минатиот век, и граѓаните со нетрпение очекуваат да и се врати некогашниот сјај. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/opshtina-kumanovo-ke-ja-rekonstruira-sportskata-sala-sokolana/ |
|
Carpe diem
|
|
beTon
Senior Member Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3887 |
Quote Reply #368 Posted: 02-Feb-2024 at 23:47 |
што било проблемот да биле одвоени средства а не биле искористени?, дали некој одговарал што ги руинирал како закупец претходно?, зошто државата само да издвои пари за ревитализација, нели е можно заради мултиетнички моментум општината да брка кофинансирање од еУ?, ако пак општината нема основа за ова, нека им ги отстапи на Граѓански Спортски Здруженија кои би се обиделе и на ваков начин да измолзат екстра кеш од еУ фондои кои за Млади и без проблем ќе одврзат чекмеџето [1] колку што се сеќавам сега меѓугранични општински проекти со лесно поминуваат, и евентуално основна инфраструктура како Водовод, но преку НВО-а ако не друго за спортски манифестации ќе може да се повлеквит камен!
|
|
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15235 |
Quote Reply #369 Posted: 21-Feb-2024 at 09:35 |
Почна реконструкцијата на внатрешноста на Соколана под стручен надзор на конзерватори
Во тек се активности за зајакнување на столбовите, по што ќе се премине на замена на кровната конструкција и фасадата. Градежните работи се одвиваат под контрола на стручни лица. „Се работи интензивно, се зајакнуваат внатрешните столбови, а реконструкција на кровот предвидува скоро целосна замена. Се работи строго по препораки и насоки на експерети од Националниот конзерваторски центар, затоа што тоа е споменик на културата. Сепак се чекаат подобри временски услови и поубаво време за работа на екстериерот, иако и внатре е многу студено“, изјави претседателката на Советот Ивана Ѓорѓиевска. За реконструкција на кровот се обезбедени 12 милиони денари, а за другите две фази ќе се предвидат по завршување на изборниот процес. Изведувачот планира проектот да го заврши до септември годинава. Ѓорѓиевска е малку скептична што се однесува на крајниот рок, затоа што постојано излегуваа непредвидени работи на конструкцијата. „Би била пресреќна доколку се се заврши до крајот на годината. Има реални шанси, но оставам простор за непредвидени ситуации“, потенцира Ѓорѓиевска. Истовремено продолжува и средувањето на околината на комплексот- поставена е нова тартан подлога на новоизградениот спортски терен во партерниот дел, веќе се работи на разеленување на паркот, се средуваат тротоарите на улицата „Тонко Димков“, планирана е и средување на паркинг просторот кај самиот објект. Реконструкцијата на Соколана започна кон крајот на октомври минатата година. Во првата фаза од реконструкцијата беше предвидено зајакнување на статиката на објектот и санација на кровот, а вкупната проектирана сума изнесува 130 илјади евра. Во втората фаза ќе се работи на фасадата и замена на столаријата. Во третата фаза е целосно завршување од внатрешноста на објектот и негова адаптација за истите содржини за кои е изградена. Последно е партерното уредување на дворот. Реконструкцијата на објектот следува откако Министерството за транспорт и врски издаде ја дозволата за градба, а Конзерваторскиот центар даде позитивно мислење дека на објектот може да се работи. Спортската сала Соколана е симбол на богатиот спортски и забавен живот на Куманово од минатиот век, и граѓаните со нетрпение очекуваат да ѝ се врати некогашниот сјај. https://www.kumanovonews.mk/vesti/sokolana-se-rekonstruira-pod-strucen-nadzor-na-nacionalniot-konzervatorski-centar |
|
За сè има вторпат
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20753 |
Quote Reply #370 Posted: 08-May-2024 at 14:26 |
od fb-06.05.2024 |
|
Carpe diem
|
|
UROS
Senior Member Joined: 28-Mar-2023 Online Status: Offline Posts: 181 |
Quote Reply #371 Posted: 04-Aug-2024 at 14:05 |
Vo Dekemvri ke bide otvorena Ski pateka vo blizina na Kavadareckoto detsko odmoraliste Mihajlovo. A vo sklop na sportskiot centar " Jasmin " ke se gradi lizgaliste, kuglana, gimnasticka sala i mini akva park. https://www.facebook.com/regionalnaKTVKavadarci/videos/1903038700201512/
|
|
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15235 |
Quote Reply #372 Posted: 21-Aug-2024 at 18:14 |
Некој нов спортски центар во Велес:
|
|
За сè има вторпат
|
|
Marcello
Groupie Joined: 22-May-2024 Online Status: Offline Posts: 46 |
Quote Reply #373 Posted: 22-Aug-2024 at 09:42 |
Ристовски: Започна санацијата на спортското игралиште во Ајдучко Маало Тетово
Вчера ветено, денес реализирано, порача министерот за спорт Борко Ристовски. https://www.facebook.com/share/p/9qSnFe2BC1rVV149/?mibextid=oFDknk -Започна со санација спортското игралиште во Ајдучко Маало во Тетово, напиша тој на својот Фејсбук профил. https://netpress.com.mk/ristovski-zapochna-sanaci-ata-na-sportskoto-igralishte-vo-a-duchko-maalo/ Ова игралиште колку пати да беше чистено, средувано, беше кршено и полно со ѓубре. Низ годините во ова игралиште навечер правеа тинејџери собиранки/пијанки и никој не си го собираше ѓубрето од куп пластични шишиња, чаши, стакло. Теренот за баскет е целосно уништен, лизгалките исто, нишалките.. Edited by Marcello - 22-Aug-2024 at 09:47 |
|
UROS
Senior Member Joined: 28-Mar-2023 Online Status: Offline Posts: 181 |
Quote Reply #374 Posted: 22-Aug-2024 at 12:57 |
So donacija od 300 000 evra od strana na makedonskata i italijanskata avtomobilisticka federacija vo Kavadarci ke se gradi karting staza. Na 42:50 od videoto Gradonacalnikot Mitko Jancev zboruva za donacijata. https://www.youtube.com/watch?v=i5ZzmpXOxDU Edited by UROS - 22-Aug-2024 at 13:28 |
|
UROS
Senior Member Joined: 28-Mar-2023 Online Status: Offline Posts: 181 |
Quote Reply #375 Posted: 22-Aug-2024 at 15:27 |
Kako i sto najaviv pred nekoe vreme, vo Kavadareckoto detskoto odmaraliste Mihajlovo, na nadmorska visina od 1200 metri ke se gradi ski pateka so pomos na kompanijata Kozufcanka i Komercijalna banka koj ke doniraat po 115 000 evra. https://ktv.mk/read/%D1%98%D0%B0%D0%BD%D1%87%D0%B5%D0%B2-%D0%B3%D0%BE%D0%BB%D0%B5%D0%BC%D0%B0-%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B0%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%BA%D0%BE%D1%98%D0%B0-%D0%B3%D0%BE-%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B4%D0%BE%D0%BB%D0%B6%D1%83%D0%B2%D0%B0-%D0%B8-%D1%82%D0%B0%D0%BA%D0%B0-%D0%B1%D1%80%D0%B7%D0%B8%D0%BE%D1%82-%D1%80%D0%B0%D0%B7%D0%B2%D0%BE%D1%98-%D0%BD%D0%B0-%D0%BA%D0%B0%D0%B2%D0%B0%D0%B4%D0%B0%D1%80%D1%86%D0%B8
|
|
Post Reply | Page <1 171819 |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |