build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Урбанистички целини
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Урбанистички планови и парцели (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 62636465>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20752
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1261 Posted: 21-Jul-2023 at 17:13
Еве ги промените

Маркичката за КАМ



На паркингот до Рамстор планирана е 9 катница



други податоци за маркичките



https://www.facebook.com/ShansaZaCentar
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20752
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1262 Posted: 22-Jul-2023 at 14:32
СКОПЈАНИ ЌЕ ШЕТААТ ПО КРОВОВИ ЗА ДА НАЈДАТ ЗЕЛЕНИЛО, ГЕРАСИМОВСКИ ВЕЛИ НАДГРАДЕНИТЕ „РАМСТОР“ И „КАМ“ ЌЕ ИМААТ ЗЕЛЕНИ ТЕРАСИ

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски вели дека со надградените објекти на трговскиот центар „Рамстор“ и објектот на „Кам“ ќе се зголеми зеленилото во градот оти ќе имаат зелени кровни тераси. Со новиот план за Стара железничка станица, кој беше усвоен на последната седница на Советот на Општина Центар, се зголемува катноста на „Кам“, а „Рамстор“ добива маркичка за проширување на објектот на паркингот. Сега овие два објекта ќе бидат со висина од 23 метри или приземје, пет ката и поткровје.

Герасимовски вели дека со измените е направено зголемување на вкупната бруто површина на ниво на градска четврт за само 10%. Станува збор за израмнување на висината на постојните објекти „Рамстор“ и „Кам“ со висина дефинирана според венецот на постојните изградени објекти долж истиот уличен фронт.

„За сметка на доградбите и зголемувањето на процентот на изграденост, инвеститорите на двете парцели се обврзуваат да изведат зелени проодни кровни тераси. Истите се прават со цел да го зголемат процентот на зеленило на ниво на градската четврт и треба да се достапни за јавна употреба. За да се реализира целосно дозволената бруто површина за градба задолжителен услов е и да го обезбедат неопходниот број на паркинг места во рамките на сопствените парцели“, велат од Општината.

Советниците од граѓанската иницијатива „Шанса за Центар“ беа против измените на овој план бидејќи со нив повторно се бетонизира центарот на градот, не се штити јавниот интерес туку се задоволуваат желбите на инвеститорите.

„Намерата на овој план, кој почна да се прави уште во процесот на мораториум, беше со измените да се реши само потребата на жителите на ќошот од просторот кон Водњанска. Не беше намерата да се зголеми површина за градење на ‘Рамстор‘ и ‘Кам’ да добие уште неколку ката. Ова е претерано. За тој дел Генералниот урбанистики план предвидува да живеат 1.000 луѓе, знаете ли колку станари ќе има само во новите четири кули кои се градат“, рече Дивна Пенчиќ, советничка од граѓанската иницијатива „Шанса за Центар“.

Планот беше усвоен со заедничко гласање „за“ на советниците на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Двe советнички од СДСМ не гласаа, „Шанса за Центар“ и Левица беа против.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/skopjani-ke-shetaat-po-krovovi-za-da-najdat-zelenilo-gerasimovski-veli-nadgradenite-ramstor-i-kam-ke-imaat-zeleni-terasi/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20752
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1263 Posted: 22-Jul-2023 at 14:46
ДУП-от кој ја пишмани општина Куманово?



Советот на општина Куманово го суспендираше Деталниот урбанистички план (ДУП) на локацијата позната како „школска амбуланта“, истиот состав на општински советници кои го изгласаа истиот ДУП пред две години, поточно во декември 2021 година.

Советот со мнозинство гласови го суспендираше планот од причините кои беа изнесени на маратонската седница која се одржа на 6 јуни и покрај противаргументите .

Одлуката беше донесена иако ѝ претходеше граѓанска петиција потпишана од околу 30 граѓани како засегната страна и поднесена до градоначалникот, до Советот и Секторот за урбанизам.

Според постоечкиот детален урбанистички план таму требаше да се изгради повеќекатница за колективно домување, но мнозинството на советот и градоначалникот Максим Димитриевски оценуваат дека со тоа се крши јавниот интерес и затоа е суспендиран.

Станува збор за детален урбанистички план за дел од урбан блок 48 (дел 2) и за дел од У.Е. „Б. С. Гојчо“, дел од урбан блок 44, плански опфат помеѓу бул. „Трета МУБ“, ул. „Перо Чичо“, ул. „Прва Петолетка“ и ул. „Миле Кипра“ – Општина Куманово, (2018-2023) со површина од 3,24ха.



Реакција и петиција на граѓаните

Засегнатите граѓани потписници на петицијата велат дека се загрижени и револтирани од ваквата одлука, каде што тие се жртви. Тие прашуваат како може план кој е донесен само пред две години од истиот состав на Советот, да се повлече со образложение дека не ги исполнува условите. Според жителите, со постапката се крши законот од лични причини, а најголема штета ќе претрпат тие како сопственици на парцелите.

„ДУП-от е донесен по повеќе од 10 години откако првпат е поднесен како предлог, неколку пати се усвојувани приговори на нацрт планот, и конечно после неколку корегирања, токму овој Совет на општината го прогласи за донесен на 28 декември 2021 година. Па сега не е јасно од каде предлагачот утврдил „несомнена штета на јавниот интерес и го суспендира истиот донесен ДУП од пред две години. Доколку планот бил противзаконски (кое нешто е основна причина за суспензија согласно чл.23 од Законот за урбанистичко планирање), тогаш се поставува прашањето, зошто Советот воопшто го има донесено. Планот бил на ревизија пред Министерство за транспорт и врски неколку пати и истиот е донесен во законски пропишана постпака“, велат засегнатите граѓани.

Граѓаните велат дека од нивна страна се направени претходни вложувања откако е донесен ДУП-от, што значи настанати се трошоци, и прашуваат кој ќе им ги надомести тие трошоци.

„Како граѓани ние бараме што побрзо да има решение, кое треба да се донесе на најдемоктратски начин. Во неофицијални разговори со советници што гласаа добивме информација дека им биле презентирани неточни информации и манипулаци дека се крши јавниот интерес. И како граѓани основно демократско право е да бараме да учествуваме во јавна расправа. Целта на нашата петиција беше да се одложи оваа точка на дневниот ред, да се свика јавна расправа каде ќе бидат поканети луѓе од стручна фела, засегнати сопственици, и другата страна, општината како и другите институции и медиумите, каде ќе се презентираат сите аргументи и документи. Но тие нѐ одбија, значи не сакаа да се слушне граѓанскиот глас“, реагираат граѓаните потписници на петицијата.

Според нив, градоначалникот единствено има само некакво фингирано писмо кое по негов налог е направено од страна на директорката на гимназијата, дека има засенчување на гимназијата, и со оваа се загрозува јавниот интерес.

Тие објаснуваат дека ова не држи, затоа што ориентацијата на планираниот нов блок е исток-запад и исто така е и гимназијата, и со тоа нема шанси да се направи засенчување.

„Но, за жал имаме незаконско суспендирање под неиздржани изговори од типот тесни пристапни улици, лажирани мерки за висина на градба од 27 метри и ред други лаги и манипулации. Суспендирањето на важечкиот ДУП најмалку ќе ги оштети инвеститорите (што веројатно е и целта на градоначалникот), а најголема штета ќе се предизвика на граѓаните сопственици на имот во тој опфат“, велат граѓаните.

Димитриевски: Се крши јавниот интерес

Според градоначалникот Максим Димитриевски во овој опфат се крши јавниот интерес, и тој во врска со ова ја потенцира гимназијата „Гоце Делчев“ и „школската амбуланта“.

„Со донесениот детален урбанистички план во овој опфат се загрозува јавниот интерес на гимназијата „Гоце Делчев“ каде што учат над 1.000 ученици. Со дополнителното известување дека ако се реализира овој ДУП од страна на општината, градоначалникот е должен за спроведување на одлуките на Советот. Затоа јас сум тука пред Советот со едно вакво барање да се суспендира еден ваков ДУП. За истиот и јас дополнително, во фаза на неговата реализација добив поголем број на дополнителни информации и укажувања од страна на надлежни институции во државата коишто ги опфаќа Законот за заштита на јавниот интерес. Можете да ја релативизирате колку сакате 'школска амбуланта', ама таа е здравствена институција и објект од јавен интерес”, објаснуваше градоначалникот, Максим Димитриевски дента кога се суспендираше планот.

Според него, друг проблем е што планираните високи згради ќе го земат воздухот и светлината на зградата на гимназијата.

„Во нашето јавно претпријатие направивме симулација на сенки. Значи, гимназијата 'Гоце Делчев', не зборувам веќе за здравствениот дом, од сабајле од 10 часот па до заоѓање на сонцето е во голема сенка. Претходно овој совет донесе одлука да се постават соларни панели со капацитет 40 мегавати на оваа институција и сега нивната функција утре ќе биде загрозена со ваквото поставување на овие објекти на оваа локација”, рече Димитриевски.

Според Димитриевски, доколку тој ден не беше донесена таква одлука, ќе се одело и на референдумско изјаснување на граѓаните. Димитриевски рече дека за овој случај бил предмет на обид за поткуп.

Во врска со петицијата на граѓаните на оваа локација кои бараа од општината да не се суспендира ДУП-от, Димитриевски рече дека некој ги довел во заблуда.

Градоначалникот најавува нов детален урбанистички план, доколку, како што рече, не наиде на опструкција од ресорните министерства.

„Дали ќе донесеме ДУП? Да, ќе донесеме доколку во меѓувреме не бидеме опструирани од ресорни министерства кои даваат согласност. И ќе донесеме идеален ДУП кој ќе ги задоволи потребите и на сопствениците на земјиштето, но и јавниот интерес. Но, ако не опструира државата тогаш ќе ја пренесеме тужбата на штета на државата за одлучување во неразумен рок. Знаете колку правни постапки води општината во кои надлежните судови не одлучуваат во разумен рок, ниту пак надлежните институции? Сите спорови се изгубени. Правдата е тешка, но доаѓа“, рече тој.



Инвеститорот: Загубите се големи

Бобан Спасовски, еден од инвеститорите од компанијата УПМ-груп, кој исто така е познат како сопственик на познатата компанија „Делукс“ од Куманово вели дека загубите се големи како за инвеститорите, така и за останатите граѓани кои имаат градежни парцели во истиот опфат на ДУП-от.

Тој објаснува дека опструкциите почнуваат само затоа што тие се инвеститори и нивната компанија е неподобна за градоначалникот Димитриевски.

„Откако дозна дека и ние тука сме како инвеститори, во тој момент почнуваат опструкциите од негова страна, по што дава наредби дека по секоја цена треба да се најде начин да се спречи издавање на дозвола за градење“, рече Спасовски.

Според него, градоначалникот ги употребил сите начини, на крај употребувајќи го и Советот на Општината.

„Градоначалникот носеше решенија, но истите беа поништени од второстепената комисија во Министерството за транспорт и врски, но тој не ја почитуваше ова одлука. Потоа, Уставниот суд ја прифати нашата иницијатива и му ја поништи одлуката во јануари 2023 година. Но тој во секој момент упорно бараше начини како да спречи издавање на одобрение за градење“, изјави кумановскиот инвеститор.

Спасовски информира дека е поднесена кривична пријава за злоупотреба на службената положба која е во процедура.

„Без разлика на сите одлуки тој суспензијата ја става на Совет и ја усвојуват. На истото поднесовме тужба до Управен суд и чекаме одлука на судот. Ние ги информиравме сите релевантни институции за ваквото незаконско однесување, меѓутоа зачудени сме како не најдоа начин да му застанат на патот на вакво однесување. Ние исто така подготвуваме тужба со оштетно побарување, поднесовме барање до министерот за транспорт и врски да му ги одземе надлежностите и чекаме одговори од сите овие институции по што ќе носиме одлуки што понатаму“, изјави Спасовски.

Според него, загубите се големи како за нив како инвеститори така и за останатите граѓани кои имаат градежни парцели во истиот опфат на ДУП-от.

„Ние во моментов имаме ангажирани вешти лица кои прваат вештачење на штетата. Првично штетата е некаде околу два милиони евра, но жалосно е што штетата ќе ја плаќаат граѓаните кои не се виновни, а нема да ја плаќа градоначалникот“, вели познатиот кумановски бизнисмен Спасовски.

Советот за и против?

Суспендирањето на ДУП-от се усвои со гласовите на коалицијата „За наше Куманово“ како и на другите партии ВМРО-ДПМНЕ, Левица, Алијанса за Албанците и Алтернатива.

Претседателката на Советот на општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска од граѓанската иницијатива „За наше Куманово“ ја образложува одлуката за суспендирање на ДУП-от, која според неа прави огромна штета на јавниот интерес.

„Навистина жалам што спорниот ДУП кај здравствниот дом е донесен од овој состав на Советот и тоа на почетокот на нашиот мандат, на третата работна седница. Изгласавме ДУП кој според сите спроведени процедури е законски, но кој прави огромна штета на јавниот интерес за кој дополнително сме известени од загрозените институции кои воопшто во постапката за давање на согласност не биле прашани од страна на ресорните министерства за здравство и образование за давање на претходно мислење за ДУП-от“, рече Ѓорѓиевска.

Според неа, лесно е од Скопје некој да дава мислење за Куманово, треба да се живее овде да се согледаат реално сите состојби и дури тогаш да се даде мислење.

„Во овој случај јавниот интерес се согледува во намалувањето на габаритот на здравствениот дом и штетата која ќе настане поради катноста и сенките на целиот комплекс врз поставените фотоволтаици на гимназијата 'Гоце Делчев'. Јавниот интерес се гледа и во слободниот пешачки простор. Мора да се напомене дека на тој потег поминуваат деца за во градинката 'Ангел Шајче', ученици од две големи основни училишта 'Крсте Мисирков' и 'Браќа Миладиновци', средношколци од гимназијата 'Гоце Делчев'. Просторот наместо да се прилагоди и при донесувањето на ДУП-от да се проширува, тој се искористува максимално. Во здравствен дом доаѓаат ученици од сите училишта на систематски прегледи, на заливање на запчиња, некои училишта од руралните средини доаѓаат со организиран превоз, каде да се паркираат, како учениците да бидат безбедни? Спорниот ДУП предвидува поголема спратност, а помала површина на здравствениот дом. Реконструкција во догледно време нема да се случи, значи видикот, светлината на сите прозорци ќе биде блокирана затоа што предвидените станбени објектите се залепени до истиот", изјави претседателката на Советот на Општина Куманово.

Таа наведува дека на седница на Советот донесена е одлука која е во корист на идните поколенија, а не во корист на поединци и инвеститори.

„Постапивме совесно водејќи се од стручниот елаборат за суспензија на применувањето на урбанистички план, изготвен од комисија за урбанизам, врз основа на добиени известувања од гимназијата и Здравствениот дом и стручно мислење од вешто лице со лиценца за вештачење од областа на урбанизмот имајќи го во предвид и мислењето од Министерството за транспорт и врски. На последната седница на Советот усвоивме одлука за зголемување на средства за ЈП 'Куманово план', кој треба во најкус можен рок да го изготви новиот ДУП. Никако не сум против развојот на градот, но мислам дека во централното градско подрачје не треба да се дозволи шаренило од семејни куќи, трикатници, седмокатници и деветокатници.

Големите станбени објекти треба да се градат на слободен простор, а го има во Куманово и градот да се шири, а не да се концентрира во централниот дел.

Во централниот дел треба да се спроведе смирен сообраќај поради огромното присуство на институции, пешаци, ученици и да се води строга сметка за нивната безбедност", рече Ѓорѓиевска.

Опозицијата предводена од СДСМ, апелираше да не се гласа одлуката за суспензија, со образложение дека таквата одлука ќе падне на Уставен суд, а во меѓувреме општината ќе добие тужба за отштета од инвеститорите.

Александар Јовановски, координатор на советничката група на СДСМ и Коалицијата Куманово рече дека во овој случај има незаконски постапки не водејќи сметка за штетата и законските процедури.

Според него проблемите почнале откако градоначалникот Димитриевски дознава дека одредени ‘неподобни’ инвеститори имаат земјиште таму и ќе градат. Тогаш започнуваат сите незаконски постапки кои тенденциозно се водат притоа не водејќи сметка за штетата и законските процедури.

„Најпрвин пред една година го наведе мнозинството на советот да донесе незаконска одлука со која најпрвин ги ограничи сите инвеститори во делот на изградбата на објекти, одлука за која и тогаш како советничка група на СДСМ и коалицијата реагиравме, укажувавме и апелиравме да не се носи затоа што навлегуваме во основното право на граѓанинот, право кое е уставно загарантирано, а тоа е правото на градење и дека како состав на совет одлуките кои се донесуваат се ставаат над законот во државата. Но попусто, одлуката беше донесена но подоцна оспорена и поништена од Уставниот суд. Кулминацијата на целава тенденциозна постапка и тврдоглавост на градоначалникот трае, и во јуни годинава на 25-та седница на Советот на општина Куманово имавме предлог точка за суспензија на целиот ДУП. Мнозинството предводено од советниците на Димитриевски, ВМРО- ДПМНЕ, Левица, Алијанса за Албанците и Алтернатива го гласаа срамното суспендирање на овој ДУП без притоа да земат збор и да дадат барем еден единствен аргумент во одбрана на градоначалникот и неговите намери“, вели Јовановски.

Според него во овој случај најважно е загрозувањето на јавниот интерес како и петицијатата којa граѓаните ја доставија да не се оди спротивно на јавниот интерес и да не се гласа за суспензија, со што ќе нанесат штета на сите кои живеат во тој дел на градот.

„Одлука за суспензија на детални урбанистички планови се донесува согласно член 23 од Законот за урбанистичко планирање, врз основа на стручен елаборат за суспензија изработен од сектор за урбанизам при општината, но по претходно добиено мислење од Министерството за транспорт и врски. Добиеното мислење од Министерството за транспорт и врски го негира во повеќе наврати самиот елаборат на општина Куманово и нема конкретни податоци за штетата по јавниот интерес. Но и покрај негативното мислење од Министерството за транспорт и врски кое општина Куманово го има добиено во врска со суспендирањето на ДУП-от и кое беше вешто затсркриено од јавноста и од нас како советници, како и решенијата на Државниот управен инспекторат , секторот за управно надзорни работи при Министерството за транспорт и врски како и насоките од Уставниот суд и Второстепената комисија изгласана е срамната суспензија на овој ДУП. Во услови на веќе установена судска пракса и очигледно кршење на законската постапка , доколку овој нов ДУП не се донесе за една година, штетите кои општина Куманово ќе треба да ги исплати на инвеститорите по основ на тужби ќе бидат повеќе милиони евра. Наместо средствата собрани од плаќањето на даноци и комуналии да завршат со некој инвестициски опфат и некој нивни комунален проблем да биде решен, за жал ќе завршат на туѓи сметки по основ на судски решенија“, изјави Јовановски.

https://mkd.mk/node/521010
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20752
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1264 Posted: 23-Jul-2023 at 14:34
Арсовска нема да дозволи да се изгради „бетонско чудовиште“ во Ќерамидница

Еден квадрат нема да дозволиме да се изгради од предвиденото бетонско чудовиште кое општина Гази Баба планира да се изгради во населбата Ќерамидница, соопшти денеска Градот Скопје. Во соопштението се наведува дека тоа е предвидено согласно деталниот урбанистички план на општина Гази Баба ЦС 10.03.

-Со планот кој шверцерски се обидува да се помине, се предвидува изградба на 16 згради со висина од 34 метри. Поточно, предвидена е изградба на 100.000 метри квадратни бетон и асфалт и ниту еден метар квадратен зеленило. Градот Скопје ќе постапи согласно поплаките на жителите на општина Гази Баба, но и во интерес на сите скопјани. Вакво бетонско чудовиште не смее и нема да биде дозволено да го наруши квалитетот на живот на граѓаните, се наведува во соопштението

Градот Скопје ќе изврши целосна ревизија на ДУП ЦС 10.03, и тој ќе се презентира пред Советот на град Скопје.

-Го каниме и градоначалникот на општина Гази Баба да образложи што мислел кога го предложил овој монструозен ДУП со кој во целост се нарушува принципот на хумано живеење. Градот Скопје мора да биде модерен град, град во кој ќе ставиме крај на дивееењто на урбаната мафија, самоволието во урбанизмот и ставањето на профитот пред здравјето на граѓаните, потенцираат од Градот Скопје.

Проблемот се актуелизира откако партијата Левица соопшти дека „бетонско чудовиште во Гази Баба ќе градат компании блиски до лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и до СДСМ.

– Раководствата и функционерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ никогаш не биле поблиски и не соработувале повеќе. Двете големи партии кохабитираат на власт. Во општина Гази Баба ќе се гради урбанистичко чудовиште од 50 илјади квадратни метри. Тоа се 16 згради со по над 10 ката на простор поголем од Ист Гејт Мол. Проект од кој ќе профитираат единствено фирми блиски до раководствата на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, а ќе биде на штета на жителите на Гази Баба и Скопје, рече на прес-конференцијата Амар Мециновиќ, партиски портпарол.

Но, вакво нешто демантира градоначалникот на Гази Баба Бобан Стефковски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

-Ја информирам јавноста дека ваквите тврдења се лажни и дека во рамки на општината не се води постапка за издавање на одобрение за градење на градба какво што се споменува во наведената прес конференција. Хуманата урбанизација, инфраструктурниот развој и напредокот на општина Гази Баба ќе продолжат и во иднина. Нема да дозволам ниту Левица, ниту било кој да го запре развојот на Гази Баба, вели градоначалникот Стефковски.

https://skopskoeho.mk/arsovska-nema-da-dozvoli-da-se-izgradi-betonsko-chudovishte-vo-kjeramidnica/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20752
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1265 Posted: 23-Jul-2023 at 17:09
Не знам каде точно ги планирале тие 16 згради над 10 ката но претпоставувам се однесува за овој дел северно од комплексот на Саник,колку што знам претходно планот предвидуваше само неколку 5 катници околу Аквалукс/Дојрана а другото беа А1 П+2+Пк






Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20752
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1266 Posted: 09-Aug-2023 at 15:37
ЛИСИЧЕ ЌЕ ДОБИЕ 2 ПАРКА И ПОМАЛКУ ЗГРАДИ Третата верзија на ДУП-от носи зеленило на 3.000 квадрати

Новиот Детален урбанистички план за дел од населбата Лисиче, скроен по барање на граѓаните, наместо бетонизација, како што тврдеа политичките партии, ќе донесе хумана урбанизација, најавуваат од Општина Аеродром.

Два нови парка и за скоро за 90% намалување на станбените површини предвидува последната верзија на планот за кој Општина Аеродром веќе објави повик за спроведување јавна анкета.

По втората верзија која предвидуваше изведба на еден парк, третата верзија предвидува уште една зелена површина на повеќе од 3.000 квадратни метри.

Во третата верзија се прават и дополнителни интервенции со намалување на бројот на станбени објекти. Во втората верзија на Деталниот урбанистички план веќе првично беше намален бројот на проектирани улици, што беше едно од клучните барања на граѓаните.

По завршување на третата анкета и по разгледување на забелешките доставени од граѓаните, Општина Аеродром ќе го достави урбанистичкиот план на мислење до сите засегнати државни институции. Неофицијално, според информациите од Општина Аеродром, досега ниту една државна институција не доставила каква било забелешка по конкретниот план.

Од Аеродром велат дека работат транспарентно, а барањата на граѓаните се во прв план. Тие додаваат дека Лисиче ќе биде модерна населба, каде ќе се изведуваат паркови и зелени површини.

https://plusinfo.mk/lisiche-e-dobie-2-parka-i-pomalku-zgradi-tretata-verzi-a-na-dup-ot-nosi-zelenilo-na-3-000-kvadrati/
Carpe diem
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2692
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #1267 Posted: 12-Aug-2023 at 23:05
Originally posted by stef4o

Не знам каде точно ги планирале тие 16 згради над 10 ката но претпоставувам се однесува за овој дел северно од комплексот на Саник,колку што знам претходно планот предвидуваше само неколку 5 катници околу Аквалукс/Дојрана а другото беа А1 П+2+Пк

Југоисточно од Ист Гејт, на просторот на Санос.

Слика преземена од тука

Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20752
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1268 Posted: 27-Oct-2023 at 08:17
ОПШТИНА КАРПОШ ЈА ПРОДОЛЖИ ПОСТАПКАТА ЗА ДЕТАЛНИОТ ПЛАН ЗА ВЛАЕ СО КОЈ НАСЕЛБАТА ЌЕ СЕ ЗАДУШИ СО ГОЛЕМА 12-КАТНИЦА

Општина Карпош ја продолжи постапката за носење на Детален урбанистички план (ДУП) за населбата Влае 2, со кој се предвидува изградба на 12-катница на површина од 20.800 метри квадратни. Регулацискиот план за овој дел од градот врз основа на кој се прави ДУП-от беше поништен со одлука на Советот на Град Скопје. Но, градоначалничката Данела Арсовска ја обжалила одлуката за поништување на планот пред Државниот градежен инспекторат, кој донел одлука дека не е важечка одлуката за поништување на планот и со тоа тој сè уште е важечки.

„Ние се обративме до Град Скопје од каде добивме одговор дека Регулацискиот план е на сила. Затоа, пристапивме кон понатамошка изработка на ДУП-от врз основа на забелешките од анкетните листови кои ги пополнија граѓаните после првата јавна презентација. Направени се измени со кои намалена е површината за градба, а зголемено зеленилото“, рече планераката Меланија Калаџиска од планерската куќа „Билд урбан“.

Со измените, избришана е маркичката за црква од плоштадот Делфина и нацртана на просторот кај „Кам маркет“ каде со првичната верзија имаше зграда. Улицата Есперанто и со овој план минува низ школото „Димо Хаџи Димов“, а во ист габарит и со висина од 12 ката останува зградата на местото на бараките на поранешно кино „Влае“.

Граѓаните кои беа на јавната презентација влегоа во жестока меѓусебна караница. Дел од нив предводени до граѓанската иницијатива „Борба за Влае“ беа против планот со кој се бетонизира насeлбата, а други, меѓу кои имаше и претставници на градежниците, велеа дека планот е добар и треба да се реализира.

„Зградата на кино Влае не припаѓа во нашата населба, а посебно не во оваа џиновска форма. Уште поважно е што парцелата на која мнозински сопственик е Аполо Инжењеринг претходно имала 19.724 метри квадратни на сите катови, а сега има 20.801. Така што, не е баш дека е скратено од зградата. Кратењето е од другата парцела, која претходно била 1.377 а сега е 944. Таа парцела е катната гаража која бидејќи е одвоена не ни мора да ја изгради за да ја изгради 12-катницата“, рекоа од „Борба за Влае“.

Граѓани прашуваа како е можно да им се нацрта градинка во приватен имот, а државно земјиште се распродава за да се градат згради?

Дел од нив велеа дека не можат да направат никакви санации, реновирања и доградби на куќите 7 години, бидејќи нема детален план.

„Мојата куќа од едната страна паѓа, а јас не можам да ја поправам оти нема план и не можам да добијам дозвола. Претходниот е поништен од Уставен суд, овој не може да се донесе и ние 7 години не можеме ништо да направиме на нашите имоти освен да градиме на диво. Има ли некој од Општината кој може да ни каже кога ќе имаме план?“, рекоа граѓаните на презентација.

Планерката молчеше на овие прашања на граѓаните велејќи дека таа е од приватна фирма, а претставниците на Општината кои беа во салата молчеа, не одговараа на прашањата на граѓаните и не влегуваа во дискусија со нив.

https://sdk.mk/index.php/naslovna/opshtina-karposh-ja-prodolzhi-postapkata-za-detalniot-plan-za-vlae-so-koj-naselbata-ke-se-zadushi-so-golema-12-katnitsa/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20752
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1269 Posted: 28-Oct-2023 at 17:32
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20752
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1270 Posted: 18-Nov-2023 at 18:03
Се продава атрактивно градежно земјиште во строг центар на Скопје на бул. Свети Климент Охридски (поранешен бул. ЈНА).
Плацот се наоѓа во Центар 1 на КП11808, како дел од Г.П. 2.1 (Дуп за Градска Четврт Ц04, Дом на градежници, Општина Центар), со намена за градба А2 - Домување во станбени згради и Б1 (деловни простории) до 20%.
КАТНОСТ П+6 и П+5 и висина на градба H= 21 и 19 метри





https://reklama5.mk/AdDetails?ad=4804881
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20752
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1271 Posted: 29-Nov-2023 at 11:39
ШВЕРЦЕРСКИ ОБИД ЗА ВНЕСУВАЊЕ НА НОВ ДУП ВО КАРПОШ Левица обвинува дека ќе никнат 16 згради на местото на ГП Маврово

Се остваруваат црните предвидувања на карпошани дека на местото на работилниците на поранешно ГП Маврово, насилно се подготвува терен за новиот ДУП за Градска четврт С3 26!, информира Левица.



https://plusinfo.mk/shvercerski-obid-za-vnesuva-e-na-nov-dup-vo-karposh-levica-obvinuva-deka-e-niknat-16-zgradi-na-mestoto-na-gp-mavrovo/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20752
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1272 Posted: 30-Nov-2023 at 17:56
На просторот кај Мавровски куќи ќе никне цела населба со згради, а за зградите ќе се прошируваат и улици



За година и пол Општина Карпош по третпат организира јавна презентација и јавна анкета за предлог Деталниот урбанистички план за Градска четврт С3 26, блок 01, односно дел од Влае познат како Мавровски куќи. Анкетата почна вчера и ќе трае една недела, поточно до 6 декември. Заинтересираните граѓани можат да го видат планот секој работен ден во периодот од 7.30 до 15.30 часот во просториите на Општината и во истиот период да поднесат повторно анкетни листови со свои забелешки за предложениот план.

Што и дали воопшто нешто е променето во предложениот ДУП по двете јавни анкети и кои забелешки на граѓаните, запишани во анкетните листови се прифатени, ќе се види на јавната презентација што ќе се одржи в понеделник, на 4 декември во 13 часот.

На оваа локација минатиот викенд се случи пожар, каде гореа стари работилници од поранешното АД „Маврово“, па за граѓаните здружени во групата „Борба за Влае“ сомнително е што тоа се случи непосредно пред да се одржи повторно јавната анкета за овој ДУП, за просторот каде што се планира изградба на повеќе згради од кои седум на 9 ката, поточно приземје – седум ката и поткровје, потоа по една деловна и една станбена на осум ката и четири згради на шест ката.

Всушност, на овој простор треба да се изгради нова станбена населба, а за потребите на станарите на новите згради треба да се пробиваат и прошируваат улици. Тоа треба да се направи со одземање дворови на постојните куќи, за што жестоко се спротивставија сопствениците на двете претходни презентации. Жителите од овој дел на Карпош се противат не само на узурпација на нивните имоти туку сметаат и дека со изградба на зградите ќе се наруши животот на населбата.

Планерите од планерската куќа „Го план“ од Гостивар на последната презентација на жителите им објаснуваа дека мора да се пробијат улиците за да се има пристап до новата населба, но дека на тој простор, ќе има и јавни содржини, односно градинка. Речено беше и дека постојните улици мора да се прошират, бидејќи според измени на законот минималната ширина на улиците мора да е 5 метри.

Според „Борба за Влае“, слично како во населбата Александрија, што е преку улица од оваа населба, на просторите каде што има магацини и привремени објекти, се планираат згради од 5 до 9 ката.

Најалармантниот дел е целиот ред маркички за згради од приземје плус 7 ката плус поткровје покрај улицата Марк Твен, северно од раскрсницата кај Лепенец, кои се градат како „линиски центар“ кој е дозволен само покрај булевари. Улицата Марк Твен е продолжение на булеварот Илинденска (кој така е нацртан во овој предлог ДУП, преземен од ГУП-от на Град Скопје иако техничките можности за директно поврзување со мост преку Вардар се речиси непостоечки поради бунарите во Долно Нерези (Лепенец), кои се резервни и многу важни за Скопје, а Градот нема најавено нејзино проширување и поврзување). Покрај оваа улица ќе може да се градат овие 7 згради од приземје плус 7 ката плус поткровје, иако продолжението на булеварот Илинденска ниту постои, ниту е предвидено да се гради во следната деценија, а којзнае и дали некогаш ќе се изгради, а сигурно населбата и улица Ацо Шопов немаат капацитет за да го издржат оптоварувањето што би го предизвикале сите овие нови згради – соопштија од „Борба за Влае“ по една од претходните презентации.

Во внатрешноста на населбата се дозволени неколку згради од 4, 5 или 6 ката и поткровје на просторите каде што сега нема куќи, односно има стопански објекти на големо државно земјиште.

Греота е да се редат наполитанки, да се планираат минимални тротоари, да не се планираат велосипедски патеки, да не се планираат дрвореди. Греота е на постојните куќи да им се одзема од дворот за улицата, а на некои со стопанските објекти да им се додава државно земјиште за да градат зградишта со кои ќе го спречат главниот ветер што доаѓа во Скопје од северозапад. Погледнете ја бетонизираната Александрија без слободни тротоари и без зеленило која беше промовирана како еко-населба! Грешките не смеат да се повторуваат – е ставот на „Борба за Влае“, кои тие го искажаа уште по првата презентација на предложениот ДУП.

https://www.slobodenpecat.mk/na-prostorot-kaj-mavrovski-kukji-kje-nikne-cela-naselba-so-zgradi-a-za-zgradite-kje-se-proshiruvaat-i-ulici/
Carpe diem
Back to Top
Lgoran View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 07-Dec-2023
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 1
  Quote Lgoran Quote  Post ReplyReply #1273 Posted: 07-Dec-2023 at 13:39
me interesira DUP za lokalitet okolu ambulanta Kozle, opstina Karpos, nemozam da go najdam na nivniot sajt
lg
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20752
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1274 Posted: 06-Jan-2024 at 14:48
(ВИДЕО) Ја доби на суд, но сега државата не брза и реално да си врати голема парцела од спорна денационализација

Пред околу дваесет години, на неколку семејства во Скопје им доаѓаат луѓе на врата кои им велат дека набрзо мора да се иселат од домовите во кои живеат со децении претходно. Иако имаат куќи на конкретна локација, земјата под нив некако е вратена со денационализација како нивните домови да не постојат. А наследниците од денационализацијата веднаш ја продаваат земјата на инвеститор
По дваесет години поминати по судови, денационализацијата конечно е поништена. Земјиштето би требало да се врати на Република Северна Македонија, за да може да се уредат односите и со жителите, но и за да се направи евентуална нова денационализација на делот од парцелата кој реално може да се врати. Но, сега државата не брза да си го врати земјиштето во своја сопственост. Зошто? Погледнете го видеото





https://360stepeni.mk/video-go-dobi-na-sud-no-sega-drzhavata-ne-brza-i-realno-da-si-vrati-golema-partsela-od-sporna-denatsionalizatsija/
Carpe diem
Back to Top
Théoden View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2018
Location: Р. Македонија
Online Status: Offline
Posts: 563
  Quote Théoden Quote  Post ReplyReply #1275 Posted: 25-Jan-2024 at 12:17

ДИГИТАЛИЗАЦИЈА НА ОПШТИНАТА: СТАВЕН ВО ФУНКЦИЈА ГИС СИСТЕМОТ НА ОПШТИНА БИТОЛА, СЕ ФИНАЛИЗИРА ПОДГОТОВКАТА НА СИСТЕМОТ ЗА ЕЛЕКТРОНСКИ ПОСТАПКИ

Општина Битола е во напредна фаза на реализација на проектот за дигитализација на општината. Градоначалникот Тони Коњановски, на денешната прес конференција, информираше дека од денес, официјално ставен е во функција ГИС системот (https://gis.bitola.gov.mk/nexuspublicportal/PublicPortal/Map), се работи на тестирање на системот за електронски постапки кој треба да го замени хартиеното водење на документација со електронско, а за многу скоро, општината ќе ја активира и услугата за електронска наплата на данок на имот.

Интегрален текст од прес конференцијата на Градоначалникот Тони Коњановски

„Како локална самоуправа, уште со доаѓањето, јасно и недвосмислено го истакнавме нашиот стремеж кон дигитализирање на општинските услуги, поедноставување на постапките и поголема достапност и транспарентност. Ова произлегува, како од надлежностите на Општината, така и од Стратегијата за локален економски развој која ја изготвивме, а истовремено е во согласност со програмата за активностите на Општина Битола во областа на развојот на информатичко-комуникациската технологија во институцијата.

Пренесувањето на административниот процес во електронска форма овозможува подобрување на ефикасноста и брзината на работа во општината. Електронските бази на податоци на кои се работеше во изминатиот период, ќе помогнат во полесно проследување на документите, како и во поефикасна комуникација помеѓу администрацијата и граѓаните.

За реализација на наведените цели, спроведовме постапка за набавка на интегриран ГИС систем и систем за електронски постапки. ГИС системот е веќе достапен за граѓаните, системот за електронски постапки е во фаза на тестирање пред финалното ставање во употреба, а веќе работиме и на систем кој ќе создаде можност за електронска наплата на данокот на имот, услуга за која граѓаните со години реагираат, поради неможноста да ја регулираат обврската електронски.

Системот за електронски постапки кога ќе биде ставен во функција ќе овозможи електронско водење на постапките кои се во надлежност на општината, а со тоа ќе ја зголеми ефективноста и ефикасноста на институцијата.

На денешната прес конференција, накратко сакам да Ве информирам за ГИС платформата за управување со урбанистичко-планска документација и други просторни инфраструктурни податоци, која ќе ја унапреди ефикасноста и точноста во работата на општината и комуналните претпријатија кои се во нејзина надлежност, ќе ја зајакне комуникацијата со другите претпријатија, бизнис заедницата и граѓаните, а ќе овозможи и исполнување на законските обврски.

Од  аспект  на  локалната  самоуправа,  ГИС  системот  е  база  на  сите  информации што  треба  да  се  поседуваат  во  еден  современ  град  или  општина  за  да  бидат  ефикасно управувани.  Дополнителна  корист  од  воспоставувањето  на  ГИС  системот  е  неговото несомнено влијание  врз   зголемување   на   електронската   размена   на   податоци  меѓу вработените во општинската администрација. Врз тој основ за работите од јавен интерес кои се од локално значење за Општината Битола, неопходно е вклучување на просторната компонента во секојдневните работни процеси.

Имплементираната ГИС платформа претставува WEB GIS решение за дигитализација на процеси и просторни податоци.

Имплементираниот ГИС систем ќе овозможи целосна дигитална трансформација во урбанистичкиот сектор, централизираност на сите урбанистички податоци и нивна визуелна презентација на мапа, а со самото тоа лесно и брзо управување со целокупната урбанистичка документација.

Податоците што се во сопственост на Општина Битола, а се изработени согласно општите современи ГИС стандарди, како и податоците за кои општината има набавено права за нивно јавно објавување достапни се преку функционалниот ГИС портал. Објавените податоци се набавени од официјални институции, просторни планови од АКН, сателитска снимка, усвоени ГУП и ДУП – ови од Општина Битола, одделението за спроведување на урбанистички планови.

ГИС – порталот овозможува лесно и брзо прегледување и пребарување на неограничен број на корисници преку интернет, транспаретно информирање на сите граѓани на Општина Битола за просторното уредување на град Битола (преглед на цела планска документација), електронска размена на податоци за сите јавни претпритатија, планери, проектанти, геодети и изведувачи на инфраструктурни градби, лесно планирање на површини и траси за инфарструктура, планирање на опфати за урбанизација и други можности во зависност од потребите и работните задачи на службите на Општина Битола.

Внесените податоци се репрезентираат во ГИС со точна географска компонента што е од суштинско значење во смисла на применливост на податокот. Притоа, надлежните служби и одговорните лица од општината и јавните претпријатија ќе можат да ги следат сите активности на терен.

ГИС платформата треба да придонесе за осовременување на работењето на администрацијата и овозможување на брзи и транспарентни услуги кон граѓаните. Воспоставувањето на системот за интегрирано управување со просторната инфраструктура треба да овозможи на различни групи на корисници контролиран пристап до податоците од електронскиот регистар во Internet/Intranet околина, да го подобри имиџот на општината и да ја промовира употребата на современи софтверски решенија во управувањето со просторот.

ГИС порталот постојано ќе се надградува, а во моментот овозможува:

  1. сателитска снимка на град Битола, (орторектификувана во координатен систем)
  2. просторни планови од АКН на градот Битола, кои содржат катастарски парцели и евидентирани објекти.
  3. важечки ГУП за Општина Битола од 1999г и блоковска поделеност на градот
  4. сите усвоени ДУП-ови и друга планска документација (како Општи акти за селата, Урбанистички проекти, ЛУПД АУП-еа и др) геореференцирани врз просторните подлогите од АКН
  5. подлога за Старото градско јадро со контактните зони на град Битола
  6. можност за брзо-електронско издавање на Извод од Урбанистички план или Уверение за градежен реон

Накратко, ГИС системот овозможува автоматизација на работните активности, а транспарентноста кон граѓаните се зголемува на начин што секој граѓанин може да пристапи на ГИС системот преку Јавен Портал – веб страната на Општина Битола при што има пристап до општите податоци за сите урбанистички планови на Општината на ниво на информативен карактер.

Ова е навистина голем чекор напред, од кој верувам дека бенефит ќе имаат сите граѓани, за што им сум многу благодарен на вработените од општинската администрација кои се дел од Комисијата задолжена за дигитализација на општината“, рече градоначалникот Коњановски на денешната прес конференција.


Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20752
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1276 Posted: 17-Feb-2024 at 16:19
ВМРО ДПМНЕ во Карпош не дозволува изгласување на ДУП, а во Ѓорче итно донесен ДУП за 26-катница



Ретко кога Совет на било која општина закажува седница во сабота, освен ако не се работи за итна, вонредна седница. Советот на Општина Ѓорче Петров очигледно го смета за итно донесувањето на деталниот урбанистички план со кој се предвидува изградба на зграда со висина од 65 метри, односно согласно прописите за градба тоа би била 26-катница.

Зградата треба да се наоѓа во близина на кружниот тек на булеварот „Партизански одреди“ со улицата „Ацо Шопов“.

https://gradska.mk/vmro-dpmne-vo-karposh-ne-dozvoluva-izglasuv%d1%9ae-na-dup-a-vo-%d1%93orche-itno-donesen-dup-za-26-katnicza/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20752
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1277 Posted: 18-Feb-2024 at 12:07
Урбанизација или бетонизација: Во ДУП-от на Ѓорче Петров зацртана дури 21 зграда, највисоката на 20 ката



радоначалникот Александар Стојкоски на Фејсбук, веднаш по седницата се пофали дека со изгласувањето на овој план овој дел од општината ќе стане модерно и урбано место за живеење, дека ќе се изгради и ново училиште и градинка и парк, но заборави да спомене колку нови згради се планираат со планот и дали со него ќе се изврши бетонизација на населбата, како што пред неколку години предупредуваа граѓаните.

На вонредна седница, која се одржа вчера, во сабота, советниците во Советот на Општина Ѓорче Петров гласаа Детален урбанистички план и го донесоа со ниту еден глас против, иако во него се вцртани дури 21 зграда со висина од 7 до 20 ката. Станува збор за ДУП за Градска четврт С3 16 кој го опфаќа и делот кај кружниот тек на булевар Партизански одреди пред пазарчето во Ѓорче Петров.

Но, градоначалникот информирајќи за донесениот ДУП заборави да спомене колку нови згради се планираат со планот и дали со него ќе се изврши бетонизација на населбата, како што пред неколку години предупредуваа граѓаните.

Со новиот ДУП веднаш до кружниот тек на влез во општината ќе никне бетонски блок од 42.000 метри квадратни станбен и деловен простор со висина од 65 метри, предупредуваат граѓаните од фејсбук групата „Наше Ѓорче“. Според нив, тоа се 4000 нови станови, односно 12 илјади нови жители.

Според она што може да се види на планот од кружниот тек ќе се пробива нов булевар од десната страна на Партизанска. Покрај вкрстувањето на двата булевари се предвидени два станбени блока, едниот покрај Партизанска со височина од 65 метри каде треба да се гради зграда со приземје и 20 ката, а другиот висок 56 метри на почетокот на новиот булевар, каде се дозволени 18 ката, поточно приземје и 17 ката. По должина на булеварот што ќе се пробива, по целата негова лева страна тргнувајќи од кружниот тек се наредени висококатници. Најпрво е споменатата п+17 ката, потоа две 14-катници, па две на 12 ката односно п+12+Пк, па една десеткатница, по неа следуваат уште две 14-катници и на крајот уште една зграда на 10 ката или како што стои во планот П+9+Пк. Во внатрешниот дел има и седум згради на седум ката, уште пет на 9 ката.

Пред три години граѓаните здружени во Иницијативата против урбано дивеење во Ѓорче Петров, во времето кога градоначалник беше Александар Наумовски, реагираа и протестираа против ДУП-овите со кои се предвидуваа изградба на згради во населбите Дексион, Хром, кај пазарот. Тогаш предупредија дека во ДУП СЗ 16 се предвидени 10-катници и 20-катници спроти пазарот во Ѓорче, на паркингот и покрај кружниот тек, дијагонално од Порта Влае.

https://www.slobodenpecat.mk/urbanizacija-ili-betonizacija-vo-dup-ot-na-gjorche-petrov-zacrtana-duri-21-zgrada-najvisokata-na-20-kata/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20752
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1278 Posted: 19-Feb-2024 at 14:52
ОПШТИНА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ НА ВОНРЕДНА СЕДНИЦА ДОНЕСЕ ПЛАН ЗА ГРАДЕЊЕ 31 ЗГРАДА ЗА 7.000 ЖИТЕЛИ И ИНДУСТРИСКИ КАПАЦИТЕТИ СПРОТИ ПАЗАРОТ



Спроти пазарот во населбата Ѓорче Петров ќе се гради 31 зграда, а највисоката ќе биде на 21 кат. Овие нови згради за над 7.000 нови жители се предвидени со Деталниот урбанистички план (ДУП) за градска четврт C3 16, кој Општина Ѓорче Петров го донесе на 15 февруари на вонредна седница.

Со планот се предвидува една 21-катница, една 18-катница, четири 16-катници, две 14-катници, шест 11-катници, седум 9-катници, една 6-катница и девет згради на пет ката. Зградите ќе се градат на просторот од кружниот тек кај Порта Влае кон гаражите на ЈСП „Скопје“, на границата на Општина Ѓорче Петров со Општина Карпош.

Како што велат од граѓанската иницијатива О2, за згради предвидена е вкупно изградена површина од 214 илјади метри квадратни, за големи трговски единици планирани се скоро 93 илјади метри квадратни, а скоро 64 илјади метри квадратни се предвидени за намена Г2 – лесна и незагадувачка индустрија. ДУП-от како што велат од О2, е во спротивност на Генералниот урбанистички план (ГУП).

„ГУП-от предвидува 3.750 максимален број на жители, а ДУП-от 7.244. Со ГУП-от максимално дозволена нето густина на населеност од 335 жители на хектар, додека со овој ДУП е 648 жители на хектар. Целиот опфат на ДУП-от е во втора заштитна зона на бунарското подрачје Нерези-Лепенец, каде меѓу другото е забранета изградба на нови индустриски комплекси кои во технолошките процеси користат опасни и штетни материи. Забранета е изградба на лесна индустрија, на згради и сè што може да ги загади подземните води, освен ако стручна експертиза докаже дека нема да има штетно влијание врз подземните води, со посебни услови, строги мерки на заштита. Наместо да се дислоцира постоечката индустрија во овој дел, да нема градби, да се заштити просторот, се планира и нова индустрија и еден тон згради“, велат од граѓанската иницијатива О2.

За ДУП-от одобрение дало и Министерство за животна средина и просторно планирање. Како што велат од О2, заменичката-министерка од ДОМ Христина Оџаклиеска го потпишува одобрението.

Првата јавна анкета за овој ДУП е во ноември 2020, кога градоначалник е Александар Наумоски од СДСМ. Потоа повторна има во ек на годишните одмори во август 2021, па веднаш потоа уште една во септември 2021, пред локалните избори, но ДУП-от не успева да го донесе пред да си замине. Последната, четврта јавна анкета е крај на ноември и почеток на декември 2022, кога градоначалник е сегашниот Александар Стојкоски од ВМРО-ДПМНЕ.

„За ДУП-от и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се залагаа да се донесе. Додека беа во опозиција ВМРО-ДПМНЕ беа против носење на ДУП-от, против бетонизација, а сега си го изгласаа без око да им трепне на вонредна седница. СДСМ тогаш беа за носење на ДУП-от, а сега не знаеме како гласале“, додаваат од О2.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/opshtina-gorche-petrov-na-vonredna-sednitsa-donese-plan-za-gradene-na-31-zgrada-za-7-000-zhiteli-i-industriski-kapatsiteti-sproti-pazarot/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20752
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1279 Posted: 11-Mar-2024 at 08:16
Добија ли понуда што не се одбива? Кој дава 7 милиони евра за 7.600 квадрати двор во скопски Аеродром!

Понудата на градежната компанија „Голден арт“ кон акционерите на „Раде Кончар – апаратна техника“ порасна од 5,8 на 7 милиони евра за два месеци! Станува збор за купување на вкупно 8.500 квадратни метри дворно земјиште и деловна зграда на Раде Кончар – заеднички дејности ДОО за што одлучувачки збор имаат акционерите на „Раде Кончар апаратна техника“

Реномираната градежна компанија „Голден арт“, специјализирана за изградба на објекти за колективно домување, ја зголеми за 20% понудата за откуп на земјиште кое припаѓа на „Раде Кончар – Заеднички дејности“ (РК ЗД). За 7.620 квадратни метри дворно земјиште и 878 квадратни метри деловен објект сопствениците на РК ЗД добија понуда вредна 7 милиони евра!

Понудата порасна за 20 отсто за помалку од три месеци. Кон крајот на декември лани понудата на „Голден арт“ изнесуваше 5,8 милиони евра.

Информацијата е официјално потврдена и достапна на СЕИ НЕТ информативниот сервис на Македонската берза за хартии од вредност и целосно е достапна на следниот линк https://www.seinet.com.mk/?docID=66910

Во официјалното соопштение пишува дека собирот на содружници на РК ЗД ДОО донел одлука ја да прифати изменетата понуда и условите за продажба на недвижниот имот. За да се реализира таа трансакција неопходно е акционерите на „Раде Кончар – Апаратна техника“ на вонредно акционерско собрание да гласаат за тој предлог и да го одобрат. „Раде Кончар – Апаратна техника“ поседува 40% од сите удели во РК ЗР ДОО и е неопходно да ја прифати понудата за да може да се реализира таа трансакција.

Доколку биде одобрено „Раде Кончар Апаратна техника“ ќе добие 2,8 милиони евра од продажбата на земјиштето кое е сопственост на РК ЗД ДОО – друштво кое е регистрирано за издавање деловен простор.

Голема е веројатноста дека одлуката ќе помине односно ќе биде прифатена затоа што четири физички лица кои се содружници во РК ЗД ДОО истовремено поседуваат и 28 отсто од акциите во „Раде Кончар Апаратна техника“.

Според најнови официјални податоци од Централниот депозитар „Раде Кончар Апаратна техника“ има над 600 домашни физички лица – акционери.

Најголем поединечен акционер во „Раде Кончар – Апаратна техника“ е Горан Антевски со 8,8 отсто од сите акции со право на глас. Јана Каневче поседува 7,55 отсто, Дарио Стојков поседува 7,35 отсто од акциите, а „Раде Кончар Сервис“ ДОО поседува 7,3 отсто од акциите во таа компанија. Други поголеми поединечни акционери се Велибор Киријас со 6,16 отсто и Владанка Трајкоска со 6,1 отсто од сите акции со право на глас.

https://www.faktor.mk/dobija-li-ponuda-shto-ne-se-odbiva-koj-dava-7-milioni-evra-za-7600-kvadrati-dvor-vo-skopski-aerodrom
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20752
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1280 Posted: 07-Apr-2024 at 14:29
УСТАВНИОТ СУД УКИНА ДУП ЗА ВЕЛЕС КОЈ ПРЕДВИДУВА 9-КАТНИЦА НА МЕСТОТО НА СТАРИОТ ТЕАТАР, ГРАЃАНИТЕ БАРААТ ТАМУ ДА СЕ ИЗГРАДИ ПАРК



Уставниот суд ја укина Одлуката за донесување на Детален урбанистички план за дел Општина Велес на левата страна од Велес. Со ова е прифатена иницијативата поднесена од страна на граѓани, кои живеат во тој дел на градот. Со промената на ДУП-от, помеѓу другото се предвидуваше изградба на покриен градски пазар, но и изградба на зграда за домување на просторот од некогашниот стар театар, која би била деветокатница. Во образоложението за одлуката, Уставниот суд објасни дека не е почитувана постапката.

„Во конкретниот случај од увидот во доставената документација неспорно произлегува дека заинтересиран граѓанин учествувал на јавната анкета во постапката за донесување на оспорената одлука на начин што поднел анкетен лист во кој истакнува забелешки по однос на предлог ДУП за дел од УБ 32 во УЕ IV и дел од УБ 47 во УЕ IX, Општина Велес. Од доставениот Извештај УП бр.1310-01 од 02.03.2020 година произлегува дека забелешката по анкетниот лист не е прифатена, но доказ за писмено известување на лицето чии забелешки биле прифатени или пак одбиени по анкетниот лист во смисла на член 35 став 12 од Законот од страна на доносителот не е доставен. Оттаму, цениме дека е направена повреда на наведената одредба, како и на член 8 став 1 алинеи 3, 9 и 10 и член 51 од Уставот“, пишува во одлуката на Уставен суд.

Граѓаните кои живеат во околината на стариот театар, по најавите за започнувањето на уривањето на објектот од стариот театар, реагираа дека тука нема не треба да се гради зграда на 9 ката, туку е потребен парк и зеленило. Токму тоа го пишале и при постапката на донесувањето на ДУП која е започната зимата 2020 година а донесен е на 12 јуни 2020 година. Доставената забелешка од граѓани, по анкетниот лист до локалната власт Општина Велес не ја прифатила, но за истата нема документација дека е вратена до засегнатата странка, граѓанинот кој реагирал. Постапката за промена на ДУП започнала со јавна анкета по Предлог ДУП за дел од УБ 32 ВО УЕ 4 и ДЕЛ ОД УБ 47 ВО УЕ 9 како и јавна презентација одржана на ден 05.02.2020 година, во просториите на Општина Велес.

Во овој период доставен бил еден анкетен лист со забелешки, кои не биле прифатени од страна на Комисијата за изготвување на извештај. Забелешките по организираните две јавни презентации и јавни анкети, локалната власт објаснува дека не биле прифатени бидејќи не биле поткрепени со доволно аргументи. Претходно била организирана првата јавна презентација одржана на 16.05.2016 година во просториите на Општина Велес и јавна анкета по Предлог ДУП организирана во периодот од 06.05 до 20.05 2016 година. По истекот на рокот за неа, до Комисијата не бил доставен ниту еден анкетен лист со писмена забелешка.

Отфрлањето на ДУП-от поради непочитување на законската регулатива, отвори жестока расправа на седницата на Советот на Општина Велес. Советничката од СДСМ Пандорка Прличкова побара одговорност, со име и презиме, за трошоците од 550 илјади денари за рушењето на зградата на стариот театар, за архитектите и градежните инженери вклучени во донесувањето на ДУП. На ова реплицираше Драган Димевски од ПОДЕМ, од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, кој констатираше дека ДУП-от е донесен 2020 година, кога токму советничката Прличкова, заедно со нејзините колеги од тогашната власт на локaлно ниво СДСМ го донеле планот. Во дискусијата се јави и градоначалникот Марко Колев, кој изнесе податок кој беше малку познат.

„Фактите за овој предмет се дека овој ДУП е донесен врз основа на ГУП донесен во периодот 2007-2009, кога градоначалник бил Аце Коцевски, избришана е зградата на театарот и впишана е висококатница“, кажа Колев.

Одлуката на Уставен суд е конечна. Доколку сака да се промени ДУП, потребно е да се смени ГУП.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/ustavniot-sud-ukina-dup-za-veles-koj-predviduva-9-katnitsa-na-mestoto-na-stariot-teatar-graganite-baraat-tamu-da-se-izgradi-park/
Carpe diem
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 62636465>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.551 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.