build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Останати теми
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Цени на станови

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 5678>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20753
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #121 Posted: 05-Jul-2023 at 13:10
ЦЕНИТЕ НА СТАНОВИТЕ ВО СКОПЈЕ УПОРНО РАСТАТ На годишно ниво растот изнесува 12,9%

Цените на становите во Скопје во вториот квартал годинава бележат раст од 1,6 проценти на квартално, а од 12,9 проценти на годишно ниво, објави денеска Народната банка.

Во првиот квартал годинава цените на становите забалежаа раст од 18,8 проценти на годишно ниво, а од 1,3 отсто на квартално ниво.

Во првиот квартал лани недвижностите поскапеа за 12,4 отсто на годишно ниво, по што следеше раст од 16,6 отсто во вториот квартал, од 21,2 отсто во третиот и од 20,6 проценти во четвртиот квартал.

Народната банка го подготвува индексот на цените на становите за територијата на Скопје, врз основа на податоци кои се однесуваат на огласите за продажба објавени од агенциите коишто се занимаваат со промет со недвижности.

[URL][https://plusinfo.mk/cenite-na-stanovite-vo-skop-e-uporno-rastat-na-godishno-nivo-rastot-iznesuva-12-9/[URL]
Carpe diem
Back to Top
Atlantida View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 24-Jul-2023
Online Status: Offline
Posts: 2
  Quote Atlantida Quote  Post ReplyReply #122 Posted: 24-Jul-2023 at 13:51
Ги заборавив старите login информации па направив нов акаунт да споделам една информација со тебе. Во мојата зграда комшиата продаде 80 квадратен полунаместен стан за 1800€/м2

Цените во Скопје се и даље много ефтини кога ке ги споредиш со Белград, Нови Сад, Сараево итн. за 1400€/м2 не можеш више да купиш ни во Врање, а камоли Белград/Нови Сад.

Така да по мене цените на новоизградени згради во широк центар на Скопје не требат да бидат испод 2000€/м2.

Луге кои ефтино ги продават сввоите станови се за мене финансииски неписмени
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 926
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #123 Posted: 24-Jul-2023 at 15:50
Originally posted by Atlantida

Ги заборавив старите login информации па направив нов акаунт да споделам една информација со тебе. Во мојата зграда комшиата продаде 80 квадратен полунаместен стан за 1800€/м2

Цените во Скопје се и даље много ефтини кога ке ги споредиш со Белград, Нови Сад, Сараево итн. за 1400€/м2 не можеш више да купиш ни во Врање, а камоли Белград/Нови Сад.

Така да по мене цените на новоизградени згради во широк центар на Скопје не требат да бидат испод 2000€/м2.

Луге кои ефтино ги продават сввоите станови се за мене финансииски неписмени

А пари луѓето од кај да најдат во државава со мизерните плати?
Back to Top
Atlantida View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 24-Jul-2023
Online Status: Offline
Posts: 2
  Quote Atlantida Quote  Post ReplyReply #124 Posted: 24-Jul-2023 at 23:55
А во Белград и Нови Сад да не се платите нешто поголемо? Градот Скопје може да на периферија изгради типски модерни населби во стил на средна Европа (Како во Виена, Загреб итн) и да им даде можност на млади семејства, учителки, полицаи, пожарникари итн. да дигнат поволни кредити и по поволна цена да ги купат становите. Не мора секој да се набие во центар, како што не секој живее во Менхетан.
Back to Top
cipiripi432 View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 05-Aug-2023
Location: Cipi
Online Status: Offline
Posts: 2
  Quote cipiripi432 Quote  Post ReplyReply #125 Posted: 06-Aug-2023 at 09:07
Дали некој знае со каков квалитет е зградата на Трим и Лум на Прашка, таа кај што е Оселот?
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2692
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #126 Posted: 15-Aug-2023 at 11:19
Индекс на цени на станови, број на завршени станови и цени на трошоци на живот, по квартали, при што 2010=100. Податоците се преземени од НБРМ и ДЗС. За бројот на завршени станови има само годишни податоци, па ги распределив по квартали.

Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Machiavelly View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 05-Jan-2023
Online Status: Offline
Posts: 5
  Quote Machiavelly Quote  Post ReplyReply #127 Posted: 22-Sep-2023 at 13:15
Machiavelly
Back to Top
nenad View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 740
  Quote nenad Quote  Post ReplyReply #128 Posted: 23-Sep-2023 at 08:31
Ne samo vo germanija, pagaat i vo SAD i UK. Se čeka toj trend da stigne isekade. A imam čuvstvo deka najpoveke ke se zadržat na Balkanot. Na primer ova se cenite vo Novi Sad. Vo Belgrad se ušte povisoki, isto i vo Zagreb, Split. Kaj nas ne pagaat ni vo Skopje ni vo Ohrid. NO da počekame ušte nekoj mesec
Back to Top
nouseforname View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 16-Dec-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 156
  Quote nouseforname Quote  Post ReplyReply #129 Posted: 17-Oct-2023 at 15:42
може да ја објасниш графава што значи?
Back to Top
builder-ot View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 21-Feb-2022
Online Status: Offline
Posts: 108
  Quote builder-ot Quote  Post ReplyReply #130 Posted: 18-Oct-2023 at 10:04
Краток прашалник со 4 прашања за цените на становите во Скопје:


Цени на станови - Скопје


Доколку сте купиле стан, пополнете го прашалникот. Резултатите ќе бидат објавени јавно.


Edited by builder-ot - 18-Oct-2023 at 10:05
< 2nd world >
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20753
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #131 Posted: 18-Oct-2023 at 17:34
Колку чини метар квадратен на становите што ги гради државата?

Само околу 700-тини евра во Скопје e трошокот на државата за метар квадратен на становите во зградите што ги гради. Ова го покажува годишниот извештај на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор за 2022, каде се наведени сумите за изградба на зградите чиј инвеститор е државата.

Од програмата на претпријатието за изградбата на станбен простор наменет за продажба, единствен објект кој бил лани изграден е зградата во Реонски центар Аеродром. Вредноста на договорот со останатите анекси за изградба на оваа зграда, според извештајот изнесува 157.696.636 денари, од кои до крајот на 2022 биле исплатени 132.930.686. Доколку се поделат овие 2,56 милиони евра со 55 стана од 3.631 метри квадратни, излегува дека еден квадрат теоретски чини 700 евра. Зградата дополнително треба да има деловен простор и гаражи од околу 1.200 метри квадратни. Сепак, не е наведено дали во оваа сума влегуваат и трошоците за комуналии и приклучоци, како и данокот.

Акционерското друштво во државна сопственост има во план за комерцијална продажба на станови да изгради уште пет згради, од кои најпрво таа во градската четврт Даре Џамбаз кај „стара воена пекара“. Во Општина Центар е предвидена уште една во Дебар Маало, како и уште две во Охрид и една во Битола. Сепак, овие згради се уште во подготовка.

Интересот за овие станови е многу голем и се купуваат веднаш кога ќе се постават темелите, дознава „Фактор“, бидејќи цените се пониски и сигурноста во квалитетот на изградбата е поголема.

Од другите активности, се градат и згради со станови за лица во социјален ризик и ранливи групи. Овие објекти се градат преку Министерството за странспорт и врски и тие не се продаваат. Најголемата социјална зграда и најголема воопшто во земјата - онаа што се доградуваше годинава во скопски Бутел, има 312 стана со вкупна површина од 12.842 метри квадратни. Во извештајот стои дека, според основниот договор и анексите, ќе чини 458.186.431 милиони денари и дека до почетокот на годинава биле исплатени 399.970.203 денари. Излегува дека овде трошокот за еден стан е уште помал - 580 евра по метар квадратен. Социјални згради лани се граделе и во Кочани, Кавадарци, Охрид и Велес.

Иако генералниот директор на АДИССДП, Зоран Георгиев, изминатата пролет амбициозно најавуваше дека државата со поинтензивна изградба ќе го регулира галопирачкото поскапување на становите, инвестициската активност на претпријатито не покажува, барем засега, дека е така на терен и дека државата може да им конкурира на приватните инвеститори.

Бројките од извештајот покажуваат дека за изградба на објекти биле потрошени само 175 милиони денари. Наплатени од продажба на недвижнини биле 307,6 милиони денари во 2022 и овој приход е зголемен за нешто повеќе од двојно за една година. Сепак, планот бил да се наплатат 623,2 милиони денари од продажбите на станови (и друг простор), но се реализирало само двојно помалку од тоа.

https://faktor.mk/kolku-chini-metar-kvadraten-na-stanovite-shto-gi-gradi-drzavata
Carpe diem
Back to Top
builder-ot View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 21-Feb-2022
Online Status: Offline
Posts: 108
  Quote builder-ot Quote  Post ReplyReply #132 Posted: 25-Oct-2023 at 15:45
Од анкетата:



Edited by builder-ot - 25-Oct-2023 at 15:46
< 2nd world >
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 2085
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #133 Posted: 26-Oct-2023 at 15:33
За кај треска допишете 2.400 евра + 18.000 евра за паркинг.
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20753
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #134 Posted: 27-Oct-2023 at 08:03
Вештачки се билдаат цените и побарувачката за нови станови

Растот на цените во Македонија многу повисок отколку во Европа
Цените на станбените објекти на македонскиот пазар на недвижности во текот на 2022 година забележаа висок двоцифрен раст, што претставува историски највисоко зголемување од периодот на глобалната финансиска и економска криза, констатира Народната банка во новиот извештај за финансиската стабилност во Македонија. Според индексот на цените на станови, номиналната стапка на раст на цените изнесуваше 17,8 проценти на годишна основа, што е повеќе за 11,7 процентни во споредба со 2021 година.

„Анализата на динамиката посочува на забрзување на растот во текот на годината, така што просечната годишна стапка се зголеми од 14,4 проценти во првото на 20,9 проценти во второто полугодие на годината. Од крајот на 2022 година, растот на цените на становите почна да забавува, што продолжи и во првата половина на 2023 година, иако сѐ уште е на повисоко ниво (12,9 проценти во вториот квартал на 2023 година)“, се вели во извештајот на Народната банка.





Станови за живеење или за други намени



Ризици
Пописот реализиран пред две години покажа јасна слика за пазарот на недвижности. Од вкупно 839.000 станови, 63,4 проценти беа населени. Од 243.000 станови во Скопје, попишувачите запишаа дека 70.000 зјаат празни.

Овие статистики не одат во прилог на тврдењата на градежниците дека не може да се постигне да се задоволи побарувачката. Доколку продолжи, нереалното билдање на цените на становите може да ја доведе во опасност финансиската стабилност на државата. На ризици предупредува и Народната банка.

„Се очекува дека промените во цените на становите во следниот период ќе бидат определени од односите помеѓу понудата и побарувачката, коишто засега не упатуваат на поголеми нерамнотежи на овој пазарен сегмент. Сепак, потребна е внимателност, особено ако се земе предвид сè уште неизвесниот амбиент и растот на трошоците за финансирање, што во услови кога инфлацијата сè уште е висока, може да ја ограничи пристапноста до банкарски кредити за одредени категории домаќинствата“, се вели во извештајот на Народната банка.

Оттаму посочуваат дека ова би можело да има одредено влијание врз побарувачката за недвижности што се финансира преку овој канал, со ефекти врз ликвидноста на пазарот и вредноста на недвижностите што се заложени кај домашните банки.

„При раст на каматните стапки, зголемена е ранливоста на постојните кредитокорисници, коишто заради зголемените трошоци, би можеле да се соочат со проблеми во отплатата на долгот. Во овој контекст е значајно дека голем дел од станбените кредити се со комбинирана каматна стапка (фиксна за определен број години, по што преминува во променлива), при што кај околу една четвртина од нив промената од фиксна во променлива ќе се случи до 2024 година“, велат од Народната банка.

Од монетарната власт потенцираат дека сето ова се фактори што може да го зголемат кредитниот ризик за банките што произлегува од нивната изложеност кон пазарот на недвижности, но потенцираат дека банкарскиот сектор е здрав и дека може да апсорбира евентуални шокови.

Всушност, сега градежниците и банките стравуваат од пад на побарувачката за станови бидејќи на подолг рок би останале празни илјадници станови што би го нарушило редовното подмирување на нивните меѓусебни должничко-доверителски односи. Од друга страна, се стравува и од пад на цените на становите бидејќи тоа ќе допринесе за обезвреднување на имотот што е заложен под хипотека. Земајќи го тоа предвид, станува јасно кому најмногу му одговара недостигот од транспарентност за цените на становите, што создава можност за шпекулации на пазарот на недвижности.

https://samoprasaj.mk/ziveacka/vestacki-se-bildaat-cenite-i-pobaruvackata-za-novi-stanovi
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20753
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #135 Posted: 03-Dec-2023 at 18:32
За дом во строг и загаден центар на Скопје 2200 евра квадрат – има ли крај на поскапувањето на становите?



„Продавам стан од 69 м2 за 150.000 евра во Капиштец, реновиран е, се продава наместен“. Друг стан од 80м2 во близина на Сити Мол се продава 140.000 евра, а за тоа се добива една спална соба, паркинг пред зграда и преубав поглед бидејќи станот се наоѓа на осми кат. Цената на квадратен метар за новоградба која треба да никне за година две во централниот дел на Скопје се приближи до 2.200 евра.

Во исто време скокнаа и цените на кириите за изнајмување станбен простор за живеење. Еден стар во Центар чини 400е за еднособен до 500 евра за двособен стан. Во близина Клинички центар киријата за стан од 40м2 е 250 евра, додека за луксузно наместен стан од околу 50м2 се плаќа 600 евра.

Оваа година цените на становите постојано се зголемуваа, а тоа го покажуваат податоците на Народната банка. На крајот од третиот квартал заклучно со 30 септември, цените рипнале за 11 отсто на годишно ниво, односно на 2,9% повеќе во однос на вториот квартал.

„Анализата на динамиката посочува на забрзување на растот во текот на годината, така што просечната годишна стапка се зголеми од 14,4 проценти во првото на 20,9 проценти во второто полугодие на годината. Од крајот на 2022 година, растот на цените на становите почна да забавува, што продолжи и во првата половина на 2023 година, иако сѐ уште е на повисоко ниво (12,9 проценти во вториот квартал на 2023 година)“, велат од НБРМ.

Експертите сметаат дека после пандемијата со коронавирусот имало зголемена побарувачка која заедно со неизвесноста од војната во Украина и растот на цените материјалите, посебно на железото, предизвика цените да се вивнат до небо.

Очекувањата се дека во следната година ќе се смири пазарот на недвижности затоа што побарувачката е намалена, а понудата е речиси двојно зголемена.

„Понудата на нови станови и натаму се зголемува, што речиси во целост се јавува поради зголемениот број станбени згради во градба. Во првите три квартали од 2022 година, просечната понуда на станови достигна 25.901 стан, што е зголемување од 13,9 проценти во споредба со истиот период од претходната година“, порача НБРМ.

Последниот Попис покажа дека од вкупно 839.000 станови, 63,4 проценти биле населени. Од 243.000 станови во Скопје, попишувачите запишаа дека 70.000 зјаат празни.

https://mk.tv21.tv/za-dom-vo-strog-i-zagaden-tsentar-na-skopje-2200-evra-kvadrat-ima-li-kraj-na-poskapuvaneto-na-stanovite/
Carpe diem
Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3588
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #136 Posted: 18-Feb-2024 at 00:03

како тргнала работа Аирлија само нек се гради битно се работи, што како нели внуци нек му ја мислат!, хм, може Мигранти ќе бидат субвенционирани од еУ за напливо на празни скопски комиблокои!?, та ето наместо да зјаат празни ќе се пополнат со лесно!

https://sitel.com.mk/cenite-na-nedvizhninite-urivaat-rekordi-kolku-se-realni
    



не дека конспи думање ќе ја опраи реалноста, но вистина колку сме безидејно повлечени во виорот на стихијно градење комиблокои чиниш ко и без да сакаме повлекуваме нога кон идна глобалистичка метропола!, бар тоа би било ефекто од manufactured controlled chaos во форма на некст грејт глобал економик депрешн стркалана како на мала врата би се доспеало до федерализација на еУ во сЕд а ден потоа мерџер меѓу сЕд сАд и Канада во еден западен суперстејт т.е. возобновување на империјалнио вајб на римското царство!, бар таква им ет и симболиката на евроатланските детерминисти [1][1] а која инерција како глобален економски дебакл посекако ќе повлече мигрантски бранои (ако гледаме нанив ко милионски дроплети) што и претходно во однос еУ беше стркалано како моментум [2] што и во сАд бидна хајп кој сега со Џо&ко доби масовен буст [3][3] а што ќе бидне речиси ко случаен историски циклус [4] но кој овој пат недвојбено делува како инициран от едикои евроатлантски глобалистички елити како на фора се тера преку опен бордерс трендои!, реално трендои кои прават екстра притисок како на микроекономски план во однос паѓањето на стандардот на локалното население (а бидејќи мигрантската ефтина работна рака ги руши по дифолт локалните платежни трендои) з'ш дефакто не станува збор за притисок од Балкан Без Граници туку еУ велкоминг економик мигрантс фром Азија енд Африка кои пак сакале ние или не и тука пополека ќе останваат, а особено доколку колабира светската економија заради икс причини!, се прашувам што ќе им прават наште скотски инвеститори во недвижности а насело фарма немаат!?, сигурно ќе си рендаат малтеро од станоите!?, та бар малу од малу да мислеше некој на рурал бекап а наместо 3 да инвестираше во 2 стана и една викендичка на Село [5] но последно што разбрав, бар за битолско, на ангро се пљачкаат селата та по дифолт имање Куќа на Село не е фикс за добра диверзификации на недвижности во овие времиња, просто ќе мора или таму да живеете илити некого на чување да клајте!, хм идеално би било да постоеше некој тренд на Општински Рурален Туризам т.е. општините да менаџираат со рентање селски кревет на намерни гости, а таквите објкети да се стандардизирани со рфид картичка и активен надзорен систем итн. итн. со што полесно би се излегло на крај со бандитос што хараат по селско железо и бела техника!




Edited by +Protagorist - 18-Feb-2024 at 00:05
HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3588
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #137 Posted: 18-Feb-2024 at 13:45

Дали Мицковци ко Зајковци ќе ја оживат КККС субвенцијата?
(сумљиво, нели велат тија немаат со старото раководство ништо!?)
та вака некако да ги заобиколите мигранти и им лапнете новите комиблокои!



HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3588
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #138 Posted: 20-Feb-2024 at 03:24


за вакви цени освен субвенции за Дом треба и за Уредувач!
HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3588
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #139 Posted: 20-Feb-2024 at 13:14


у пакет субвенцијата треба и ставка за околни Паркои,

а и' саксии по тереси гелендери кровои, нормал Оживеани!

макар терале и минимал со фотоплочки по/пред влезои!


HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20753
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #140 Posted: 03-Mar-2024 at 19:09
Растат цените на становите и во внатрешноста - метар квадратен во Штип и за 1200 евра

Од 850 до 1200 евра за метар квадратен, во зависност од локацијата и големината, се движат цените на становите во Штип. Интересот е поголем за помалите станови, па затоа се и поскапи. За две години се продадени над 650 станови. Ги купуваат претежно иселеници, луѓе од другите градови, но и странци. И додека од една страна побарувачката расте, повозрасните штипјани велат дека цените не се реални, па тешко младите кои работат овде можат да одвојат од своите примања за да вложат во недвижмости.

- Тешко и претешко, посебно за оние работници со 20 -22 000 денари примања. А, купуваат оние богаташите.

- Колкумина млади се направиле нешто, никој. Од нас што оставиме или препишеме. Две деца имам, се сум и јас дал- анкета штипјани

Од купопродажбата на становите по основ на даноци општината бележи зголемување на приходите за 30%, а се зголемува и ставката во буџетот за данок на имот. Лани се купени над 250 станови, а рекорден број продадени станови има во 2022-ра, вкупно 400, чија вредност се проценува од 20 до 30 милиони евра.

- Во 2022-ра има повеќе купено нови станови, отколку стари. Една четвртина се стари, а остатоток се претежно нови станови-изјави Драган Каров, сектор за администрирање на приходи-ЛС-Штип

Од Агенциите за недвижности велат дека интресот за купување на станови постојано расте, а има и листи на чекање. Ова се должи на трендот на вложување во недвижности, како и секаде низ регионот, а и поради фактот што Штип изминатите години прерасна во универзитетски и економски центар на истокот.

https://sitel.com.mk/rastat-cenite-na-stanovite-i-vo-vnatreshnosta-metar-kvadraten-vo-shtip-i-za-1200-evra
Carpe diem
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 5678>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.408 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.