build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Пешачки зони и паркови
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Пешачки зони и помали плоштади (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Пешачки зони и помали плоштади (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 55565758>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20760
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1121 Posted: 17-Sep-2022 at 16:55
Сè уште траат работите на плоштадот во Кичево – Дехари вети дека ќе се заврши во јули оваа година



https://mk.tv21.tv/se-ushte-traat-rabotite-na-ploshtadot-vo-kichevo-dehari-veti-deka-ke-se-zavrshi-vo-juli-ovaa-godina/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20760
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1122 Posted: 02-Oct-2022 at 17:28
Кејот во Струга не издржа ни 7 години, а изеде четврт милион евра



Искршен и оштетен е кејот на реката Црни Дрим во Струга за чија реконструкција во 2015 година беа потрошени околу 250.000 евра. Општината не презема никакви мерки за санација, па граѓаните со кои зборувавме велат дека ова срам за градот бидејќи станува збор за неговиот најатрактивен туристички дел.

Што се однесува до кејот, треба да биде поуреден, почист, за туристите. Ова не личи на тоа што треба да личи. Сите средства кои се дадени досега, кој ги користи и каде се наменети, Господ знае“, рече еден граѓанин.

„Плочките да се поправат. Плочките не се во ред, откорнати се. Долго време е така“, нагласи друг граѓанин.

„…Властите треба да преземат овде нешто. Има г-дин Рамиз Мерко. Тој со неговата екипа, треба да кажи зошто е ова вака“, рече еден граѓанин.

„Ова е срамота. Сакаме туристи, а види ова што е. Луѓе паѓаат, градоначалникот не се интересира. Вели – Струга е како Швајцарија. Тоа е срамота. Ова ли е Швајцарија? Швајцарија го нема ова“, додаде друг граѓанин.

Шеталиштето беше реконструирано во времето на поранешниот градоначалник Зијадин Села, па од Алијанса на Албанците сега го обвинуваат Мерко дека не сака да одржува проекти кои биле изградени во нечиј друг мандат. Алсат праша во општина Струга дали и кога се планира реконструкција на овој дел од кејот? Одговор не добивме. Во меѓувреме, несовесни возачи на автомобили и камиони, а многу често и тешка градежна механизација се движат по кејот и дополнително го руинираат./Alsat.mk

https://alsat.mk/mk/kejot-vo-struga-ne-izdrzha-ni-7-godini-a-izede-chetvrt-milion-evra/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20760
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1123 Posted: 13-Dec-2022 at 17:57
ПЕШАЧКАТА ЗОНА ОД ТРИУМФАЛНАТА ПОРТА ДО ПЛОШТАД МАКЕДОНИЈА ЗАТРУПАНА СО КОЛИ И КАМИОНИ – ФОТОГАЛЕРИЈА

Пешачката зона од Триумфалната порта до Плоштад Македонија во строгиот центар на Скопје е затрупана со коли, таксисти, комбиња и камиони. Возила слободно си влегуваат преку Портата и си возат низ Плоштадот затоа што столпчињата се искршени.

Под Портата стојат паркирани таски возила и комбиња за превоз, а новиот плочник поставен пред две години кон Плоштадот е цел узурпиран не само од коли, туку и од камиони, автобуси и приколки. Паркирани коли стојат речиси и на Плоштадот односно пред ТЦ „Лумикс“ кај зеленилото и плочата на Мајка Тереза.

На Плоштадот слободно си влегуваат коли. Столпчињата се искршени и додека минувавме кола возеше низ Плоштадот и излезе преку Портата.

Ваквата слика во стригиот центар на градот е секојдневие, но нигде ги нема сообраќајната полиција, инспекција од Град Скопје и пајак службата.









https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/peshachkata-zona-od-triumfalnata-porta-do-ploshtad-makedonija-zatrupana-so-koli-i-kamioni-fotogalerija/
Carpe diem
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15236
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1124 Posted: 13-Dec-2022 at 19:34


А и дел од плочките се веќе искршени, се гледа на последнава фотка.
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15236
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1125 Posted: 15-Dec-2022 at 12:21
На видеово, од 1:03 до 2:45 минута може да се види улицата Македонски просветители во Охрид. Очигледно е дека со нејзиното стеснување се добил простор за косо паркирање на возила, но затоа, пак, се изгубила велосипедската лента.



Edited by Џоле - 15-Dec-2022 at 12:21
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15236
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1126 Posted: 11-Apr-2023 at 17:28
Општина Бутел

Во дворот на основното училиште „Живко Брајковски“ на местото на разрушениот и пропаднат објект ќе никне нов рекреативен центар со нов плоштад, нов парк и детски содржини.

Градоначалникот Дарко Костовски објави видео на Фејсбук и кажа дека на 2.000 м2 ќе се протега новиот парк, а новиот плоштад на 500 м2.




видео на линкот

https://www.facebook.com/watch/?v=194625030007314

Edited by Џоле - 11-Apr-2023 at 17:28
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20760
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1127 Posted: 28-Apr-2023 at 16:56
СЕ ОТСТРАНУВА НЕФУНКЦИОНАЛНАТА ФОНТАНА НА ОХРИДСКИОТ ПЛОШТАД, РЕКОНСТРУКЦИЈАТА ЌЕ ЧИНИ НАД 760.000 ЕВРА



Ппочна отстранувањето на фонтаната на плоштадот „Крушевска република“ во Охрид, која со години беше нефункционална и го нарушуваше ликот на градот. Ова е дел од подготвителните активности за реализација на проектот за реконструкција на плоштадот.

Со овој капитален проект од 47 милиони денари (над 760.000 евра) Охрид ќе добие модерен плоштад, велат од Општина Охрид. Предвидено е просторот да биде уреден со нова урбана опрема, канделабри, осветлување со лед светилки, фонтана, садници и клупи.

„Отстранувањето на фонтаната на плоштадот ‘Крушевска република’ е во согласност со предвидената реконструкција на плоштадот. Во овој момент фонтаната ќе биде отстранета, а површината ќе биде соодветно уредена. После добивањето на одобрението за реконструкција на плоштадот веднаш ќе се започне со негова целосна реконструкција“, велат од Општината.

Претходно од Завод и Музеј Охрид беа спроведени археолошки истражувања за утврдување дали и каков археолошки материјал има на тој простор за да може да се добие одобрение за реконструктивните зафати.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/se-otstranuva-nefunktsionalnata-fontana-na-ohridskiot-ploshtad-rekonstruktsijata-ke-chini-nad-760-000-evra/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20760
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1128 Posted: 14-May-2023 at 16:49
ШТИП ПОЧНА ДА ЈА ГРАДИ ТРЕТАТА ФОНТАНА НА ПЛОШТАДОТ ОТКАКО ПРВИТЕ ДВЕ НЕ НИ ПРОРАБОТЕА



Дел од плоштадот во Штип почна да се руши. Се вадат мермерните плочи, се копа означената и заградена локација, каде што, според најавата од Општината, ќе се гради фонтана.

„Новата фонтана ќе чини три милиони денари. Не личи плоштад без фонтана. Бараме од изведувачите да направат функционална фонтана и да внимаваме и оваа фонтана да не ја доживее судбината на претходните две“, вели градоначалникот на Штип, Иван Јорданов.

Десетина метри од сегашната локација на градење, пред повеќе од 40 години постоеше фонтана, која многу често не беше во функција, па се претвораше во депонија. Во новото време таа фонтана се сруши, меѓу другото, и поради потребата да има повеќе простор, затоа што на плоштадот почнаа да се одржуваат партиски митинзи и разни политички и други собири.

Пред 15-ина години, тогашната локална власт подигна нова фонтана на самиот влез на плоштадот Слобода. Но, и таа фонтана поради грешки во водоводниот систем не проработи и речиси една деценија беше нефукционална, па комуналците је претворија во жардиниера со цвеќиња и украсни растенија.

Штипјани се прашуваат дали истата судбина ја чека и новата фонтана, чија изградба веќе е почната.

„Речиси секој градоначалник кога ќе дојде на функција на ум има изградба на фонтана. Досега фонтаните на плоштадот не профункционираа, па за неколку години беа срушени. Единствено работат фонтаните кај зградата на пензионерите изградена пред пет години и онаа кај гимназијата, која на двапати се правеше“, коментираат пензионери на плоштадот во Штип.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/shtip-pochna-da-ja-gradi-tretata-fontana-na-ploshtadot-otkako-prvite-dve-ne-ni-prorabotea/
Carpe diem
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 878
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #1129 Posted: 15-May-2023 at 22:51
Originally posted by stef4o

ШТИП ПОЧНА ДА ЈА ГРАДИ ТРЕТАТА ФОНТАНА НА ПЛОШТАДОТ ОТКАКО ПРВИТЕ ДВЕ НЕ НИ ПРОРАБОТЕА
....

Хахах, прајслес наслов. Програматите и стратегиите за развој на сите македонски партии срочени во една реченица
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20760
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1130 Posted: 19-Jun-2023 at 17:04
ФОТО: Хаос и крш околу Триумфална капија

Екстремно неуреден е просторот околу Триумфалната капија во строгиот центар на Скопје.







https://24info.mk/2023/06/19/фото-хаос-и-крш-околу-триумфална-капиј/
Carpe diem
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 926
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #1131 Posted: 19-Jun-2023 at 19:22
Срамота за градот и државата.
Back to Top
Vire View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Aug-2021
Online Status: Online
Posts: 390
  Quote Vire Quote  Post ReplyReply #1132 Posted: 19-Jun-2023 at 20:48
И згора на се глутница џукели тука шо се мотат.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #1133 Posted: 22-Jun-2023 at 02:08
колку е прејако тобакото што си го има узурпирано влезот на објектот и што си о има префарбано бетонот и произволно проширено терасиче... совршена слика за состојбата на нашево општество
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20760
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1134 Posted: 23-Sep-2023 at 14:14
ВИДЕО: Од едната страна ред, од другата неред: Просторот пред Порта Македонија стана паркинг за доставувачи и таксисти



ште пред пет години, на седницата на Советот на Град Скопје одржана во март 2018 година, донесени се измени на Одлуката за организирање и дефинирање на условите за доставување стока на подрачјето на град Скопје, според која во централното подрачје забрането е да се врши достава во периодот од 7.30 до 18 часот.

На просторот кај Порта Македонија, поточно по уличката што минува под Портата и води кон градскиот плоштад, до пред шест месеци влегуваше кој како ќе стигне со автомобил – доставувачи, гости по рестораните, граѓани што одеа по пазарување во Градски трговски центар. Дивото паркирање никој не го казнуваше, а резултат на сето тоа беа уништените и искршени плочки на плочникот што беше уреден само пред две-три години.

За ваквата состојба никој не се чувствуваше одговорен, ниту полицијата ниту градските и општински инспектори, иако паркирањето на недозволено место е казниво, сѐ додека проблемот не го актуализираше „Слободен печат“. Потоа, експресно реагираа од Град Скопје, го затворија приодот кон плоштадот под Портата, ставија куќичка со чувар, кој ги пушта тука да поминат само автомобилите на станарите што живеат во зградата на плоштад. И така, се стави ред во навиките на граѓаните, кои максимално ја злоупотребуваа постојната состојба, па во отсуство на казни, рампи, хидраулични столпчиња или какви било други направи што можат да го сопрат движењето со возила, слободно се паркираа на овој простор во најстрогиот центар на градот.

Но, редот што се воспостави на потегот кон плоштадот, се претвори во сериозен неред на просторот пред влезот на Портата. Во текот на целиот ден таму се паркираат камиони и комбиња на доставувачи, таксисти, агенции за обезбедувања. Доставувачите си ги оставаат возилата и со рачни транспортери ја носат стоката до угостителските објекти околу плоштадот. Задржувањето е и по 20-ина минути, а бројот на возила на импровизираниот паркинг од ден на ден е сѐ поголем, па во утринските часови е проширен и на триаголникот кај блиските семафори.

И повторно никој од надлежните не реагира и не презема ништо за да го реши овој проблем, пред сѐ полицијата, на која и е обврска да казнува за непрописно паркирање, но и за вршење дотур на стока вон определеното време.

Уште пред пет години, на седницата на Советот на Град Скопје одржана во март 2018 година, донесени се измени на Одлуката за организирање и дефинирање на условите за доставување стока на подрачјето на град Скопје, според која во централното подрачје забрането е да се врши достава на стока во периодот од 7.30 до 18 часот. Притоа, возилата за дотур можат да запираат и паркираат додека трае истоварот и товарањето, но најмногу 15 минути. Покрај тоа, во членот 8 се вели дека доставувањето на стока може да се реализира доколку со тоа не се загрози безбедноста на сообраќајот на пешаците и возилата.

Одобрението за движење, запирање и паркирање возила поради достава на стока го издава Град Скопје. Оттаму не одговараат дали одлуката од 2018 година се почитува при издавањето одобренија, во кои, меѓу другото, се определени и зоните и временски период во кој е дозволена доставата на стоки.

Забраната за дотур на стоки од 7.30 до 18 часот важи за потесното централно подрачје, односно за потегот од улицата Френклин Рузвелт до Транспортниот центар, од булеварот Илинден до крстосницата кај ТЦ „Мавровка“, односно од булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов до Јужен булевар и за сите сервисни улици на тој простор. Што значи, важи и за просторот кај Порта Македонија.

Првата година по донесувањето на одлуката, полицијата контролираше и казнуваше за нејзиното прекршување, па за неполна година беа изречени 227 казни. Сега го толерира она што се случува близу ГТЦ. Од МВР на прашањето дали доставувачите и таксистите имаат право да се паркираат пред Порта Македонија и зошто не казнуваат за непрописно казнување и за непочитувањето на одлуката за забрана на дотур во текот на денот велат дека камионите кои вршат дотур на стока на места каде што е забрането запирање, паркирање и пешачки зони, може да вршат само со одобрение од град Скопје, додека за такси возилата постојат обележани такси стојалишта. За забранетиот дотур на стоки во текот на денот не одговараат ништо.

https://www.slobodenpecat.mk/video-od-ednata-strana-red-od-drugata-nered-prostorot-pred-porta-makedonija-stana-parking-za-dostavuvachi-i-taksisti/?
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20760
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1135 Posted: 01-Nov-2023 at 09:31
ПРОПАЃА ПЛОЧНИКОТ НА УЛИЦА МАКЕДОНИЈА, ОСТАВЕНА ДА СЕ РАСПАЃА ЦЕНТРАЛНАТА ПЕШАЧКА ЗОНА ВО СКОПЈЕ ВРЕДНА МИЛИОН ЕВРА



Пропаѓа плочникот на улица Македонија во најстрогиот центар на Скопје. Долж улицата на неколку места плочките не само што се искршени туку се и пропаднати.

Веќе подолго време, централната пешачка зона во главниот град е оставена да се распаѓа и ни Град Скопје ниту Општина Центар не ја одржуваат. Освен што плочките се искршени и пропаднати, улицата е валкана, корпите преполни со отпадоци, низ улицата слободно влегуваат коли и комбиња за дотур на стока. Не се чисти редовно, а ниту се мие. Се чека да заврне па се исчисти сета насобрана прашина која се таложи.

Дел од улицата е заградена со стакленици на кафулиња, како и со тараби од градилиштето за црквата „Свети Константин и Елена“.

Од Општина Центар велат дека не интервенираат на улица Македонија оти е под надлежност на Град Скопје. Од Градот, пак, како и цел двегодишен мандат на градоначалничката Данела Арсовска и сега не добивме одговор на прашањето зошто се дозволува централната пешачка улица да пропаѓа и зошто не се реновира со оглед на тоа дека е во очајна состојба.

Сегашниот изглед улица Македонија го доби во време на ексградоначалничката на Општина Центар Виолета Аларова, беше пуштена во декември 2004 после една година градежни работи. За реконструкцијата на улицата Општината Центар тогаш потроши околу еден милион евра. Обновени беа атмосферската, фекалната и водоводната мрежа, за да може подземната инфраструктура да издржи во наредните триесетина години. Првиот дел на градското шеталиште е со површина од 2.200 квадратни метри, а се протега од „Пелистер“ до улицата Димитрија Чуповски. Вториот дел е со површина од 6.500 квадратни метри, се протега од улицата Димитрија Чуповски до Даме Груев и ги опфаќа двата крака на улицата Луј Пастер, кон киното „Култура“ и кон зградата на „Лотарија на Македонија“.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/propaga-plochnikot-na-ulitsa-makedonija-ostavena-da-se-raspaga-tsentralnata-peshachka-zona-vo-skopje-vredna-milion-evra/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20760
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1136 Posted: 24-Nov-2023 at 18:34
ИСКРШЕНИ СТОЛПЧИЊАТА НА КЕЈОТ ВО СКОПЈЕ, ВОЗИЛА ПАК ВЛЕГУВААТ НА ШЕТАЛИШТЕТО



Искршени се дел од столпчињата на Кејот 13 Ноември во Скопје. Бидејќи се скршени столпчињата, сега возила пак влегуваат на шеталиштето. Слободно се движат и комбиња за дотур на роба.



Шеталиштето на Кејот беше реновирано во мандатот на ексградоначалникот Петре Шилегов и беше затворено за возила. Тогаш комплетно беше заменет плочникот а беа отстранети и летните тераси сред шеталиштето, со што кејот беше ослободен.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/iskrsheni-stolpchinata-na-kejot-vo-skopje-vozila-pak-vleguvaat-na-shetalishteto/
Carpe diem
Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Location: Tamworth,UK
Online Status: Offline
Posts: 1008
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #1137 Posted: 24-Nov-2023 at 21:56
Плочкиве делуваат како дасе редени пред 20 години,а не пред 2....
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15236
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1138 Posted: 25-Nov-2023 at 21:30
Originally posted by kiriOK

Плочкиве делуваат како дасе редени пред 20 години,а не пред 2....


Не знам дали ќе ми веруваш, ама дали еден месец откако беа поставени изгледаа вака.
За сè има вторпат
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 1145
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #1139 Posted: 26-Nov-2023 at 10:40
Што знам, може треба градов да почне само меѓународни тендери да распишува. Нека се навежбаат нашиве фирми прво на локални сокаци во Мала Речица, па после дозвола за работа во центар на главен град.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15236
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1140 Posted: 12-Jan-2024 at 14:46


ЕДНОНАСОЧНА УЛИЦА СЕ ГРАДИ НА КЕЈОТ НА ЦРН ДРИМ ВО СТРУГА, ОТИ ДУЌАНИТЕ И КАФУЛИЊАТА НЕМАТ МЕСТО ЗА ДОТУР НА СТОКА



Кејот на Црн Дрим во Струга, кој од едната страна се поплочи со природен мозаичен камен, ќе добие и еднонасочна сообраќајница која ќе служи за дотур на стока на дуќанџиите и угостителите кои се на самиот кеј. Стружани стравуваат дека со асфалтирање на дел од кејот, бројни возила ќе поминуваат тука особено во текот на летните месеци.

САКАМДАКАЖАМ испрати прашање до Општината, но до објавата на текстот не добивме одговор за тоа дали ваквото уредување е во согласно проектната документација, како ќе функционира, во кој временски период ќе биде дозволено поминување со моторни возила и колку чини целиот зафат?

Како што неофицијално дознаваме, еден од кејовите по течението на реката Црн Дрим во Струга со реконструкцијата бил пренаменет во пешачка зона, но претходниот градоначалник Зијадин Села не успеал да направи промена на Деталниот урбанистички план со што до ден денес тој потег се води како сообраќајница. Врз основа на таквата документација, велат нашите извори, сегашниот градоначалник Рамиз Мерко увидел дека има потреба да биде повторно вратен еден дел од овој кеј како сообраќајница за потребите на стопанствениците и граѓаните кои живеат на овој потег.



„Ќе има нарушување на јавниот ред и мир во поглед на возење на велосипеди со мотор, па и автомобили, оти такви нешта сме гледале и во изминатиов период. Со тоа е направена една мечкина услуга затоа што реално граѓаните нема да добијат нешто многу, а ќе биде сериозно нарушена безбедноста на пешаците и нивното слободно движење“, вели Никола Кукунеш, граѓански активист.

Дел од граѓаните, пак, го поздравуваат ваквото решение оти според нив, так ќе се заштити новопоставениот камен од тешката механизација.

Кукунеш вели дека реконструкција на кеј преставува тековно одржување, а плочките имаат свој рок на траење и план кога и како да бидат поставени и тоа не смее да биде изговор дека нешто ќе се заштити.

„Струшката чаршија која беше една од најубавите во државата во моментот се наоѓа во една сериозно руинирана состојба. Тоа значи дека и струшката чаршија под итно треба да биде реконструирана. Не е ни безбедна, има големи оштетувања. Кејот во изминативе 15 години е веќе трипати реконструиран“, кажува Кукунеш.

Реконструкцијата на кејот требаше да биде завршена до средината на јуни кога се одржа и Самитот на Преспа, но неофицијално поради проблеми со плаќањата, градежната фирма која била ангажирана се откажала.

На овој потег има голем број објекти кои се новоизградени, но без да се води грижа за соодветно паркинг место и начин на снабдување. Кукунеш вели дека треба да се најдат алтернативни начини без враќање на сообраќајницата на овој потег од кејот.

С. ВРЕНЦОВСКА

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/ednonasochna-ulitsa-ulitsa-se-gradi-na-kejot-na-tsrn-drim-vo-struga-oti-dukanite-i-kafulinata-nemat-mesto-za-dotur-na-stoka/?fbclid=IwAR035Zar0Yht_UgLj-8uUQAtPi1K5gEs_M_homEptcicNGaUjAnNMzWcigE
За сè има вторпат
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 55565758>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.270 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.