build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Патишта
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Од регионот (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 66676869>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15235
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1341 Posted: 26-Jul-2022 at 09:47
Во Хрватска денеска ќе биде пуштен во сообраќај Пељешки мост, најголемиот инфраструктурен проект во земјата, чија изградба со речиси 80 отсто ја финансираше Европската унија од сопствени средства.

Мостот е дел од проектот „патна врска со јужна Далмација“ и го претставува најважниот геостратешки проект од национален интерес, бидејќи со неговата изградба е воспоставен територијалниот континуитет на хрватската територија.

Вкупната вредност на проектот се проценува на 420,3 милиони евра и опфаќа изградба на мост, пристапни патишта и обиколница кај Стон.

Периодот на изградба беше пет години за сите фази, а Европската Унија учествуваше со 330 милиони евра или 78,5 отсто од вредноста на проектот.

Мостот е интегрална хибридна конструкција со 13 распони, од кои пет главни (централни) распони се долги 285 метри, шест централно поставени армирано-бетонски столбови се високи 33 метри, како и две ленти заедно со лента за застанување која ќе служи за одржување на мостот.

Мостот е долг 2.400 метри, а навигацискиот профил под мостот, договорен со експертската група на БиХ, е 200 на 55 метри.

Мостот го изгради кинеската државна компанија „China Road and Bridge Corporation“, објавија хрватските медиуми.




https://tocka.com.mk/vesti/417685/sveceno-otvoranje-na-peljeskiot-most-najgolemiot-infrastrukturen-proekt-vo-hrvatska
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20753
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1342 Posted: 10-Aug-2022 at 17:17
Бугарија објави тендер за дел од автопатот кон границата со Македонија

Бугарската владина агенција „Патна инфраструктура“ објави дека денеска распишала јавен тендер за избор на изведувач за изработка на идејно-технички проект со детален распоред – план за парцела за изградба на автопатот „Ѓуешево – Дупница “.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, трасата ќе овозможи удобна врска меѓу трансевропскиот транспортен коридор „Ориент/Источен Медитеран“, по кој се наоѓа трасата на автопатот „Струма“ и границата со Македонија. Оваа траса е дел од главната TEN-T мрежа. Се очекува автопатот да биде во должина од околу 62 километри.

Изградбата на новиот автопат, што е удвојување на дел од патиштата во Бугарија во регионот I-6 Ѓуешево – Ќустендил и II-62 Ќустендил – Дупница, ќе обезбеди брз, удобен и безбеден транспорт на луѓе и стоки, како и директна врска на градот Дупница со магистралниот пат Струма и целата автопатска мрежа во околината.

Со спроведувањето на јавната набавка во фазата на идејно проектирање, ќе бидат разгледани алтернативни решенија за реализација на трасата помеѓу граничната точка „Ѓуешево“ и автопатот „Струма“, со проектна брзина од 120 км/ч и габарит Г27, по што ќе се пристапи кон спроведување на соодветните еколошки процедури.

По одлука на надлежниот орган за животна средина, ќе може да се премине на изработка на техничкиот проект за одобрената траса, вклучително и проект за Детален развоен план. Проценетата вредност за реализација на договорот за јавниот проект е 3,1 милиони лева (1,6 милиони евра) без ДДВ, а средствата се од буџетот на Бугарската владина агенција за инфраструктура. Терминот за изработка на проектот е 150 календарски дена од датумот на склучување на договорот и го вклучува само времето на проектирање.

https://www.novamakedonija.com.mk/ekonomija/bugarija-objavi-tender-za-del-od-avtopatot-kon-granicata-so-makedonija/
Carpe diem
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2029
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #1343 Posted: 10-Aug-2022 at 18:28
Ова е еден од попаметните политички потези на Бугарија последниве години. После сите глупости околу Македонија што ги направија, ова е радикално спротивна политика. Ако сакаш да шириш политика некаде, треба да пристапиш побрзо. Да ја премостиш географијата која те разграничувала природно, како што истата таа географија природно не зближувала по оската север-југ.

Инаку се работи за посебен автопат со име "Рила", исто како што се и другите Хемус, Тракија, Струма, Европа. Овој автопат ќе биде од поголема корист за Македонија и за Турција одколку што ќе биде за Бугарија. За Македонија економски ќе го премости целиот сообраќај што оди према Турција, увоз-извоз, а за Турција од гео-политичко значење за врските кон Косово, Северна Албанија, Босна. Ова е баш таа хоризонтална отсечка што фали некако на балканската мрежа на коридори, на некој начин, некој природен коридор-8, а Софија е малку настрана од тој коридор.

Поздрав за потегот, и Македонија што побрзо да почне со изведна на другата паралелна трака на експресниот пат, односно што побрзо да почне да размислува за автопат. Значењето на ова парче автопат го имам образлагано тука некаде по форумов, уште пред да се појави автопат Рила во програмата за развој на Бугарската патна мрежа.

Edited by user8642 - 10-Aug-2022 at 18:29
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2029
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #1344 Posted: 10-Aug-2022 at 18:33
Само цититрање на мој пост од 6-ти Јуни 2020-та. Ако Македонија не чита што паметно имаме да кажеме тука на форумов, можда Бугарија е попаметна. Поздрав уште еднаш за идејата!

Originally posted by user8642

Има на форумот и неколку членови од Бугарија па би сакал да продискутираме една идеја. Автопат/Експресен Кјустендил-Ихтиман кој нема до толку директна корист за Бугарија, но би имал голема корист за Македонија.

Прва Делница ГКПП Гјуешево-Дупница како далеку поважна за автопатско/експресно поврзување меѓу двете држави и дел од врската Скопје-Софија.

Втора делница од Дупница-Ихтиман. Побрлиска врска на Скопје према Пловдив/Бургас/Варна/Истанбул. Многу важна делница која би била автопатската врска на Скопје со Боровец, како и Софија со Боровец и Самоков.





Edited by user8642 - 10-Aug-2022 at 18:33
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2029
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #1345 Posted: 10-Aug-2022 at 18:35
Уште еден пост на темава од Хоември 2020-та. Реконструкција на некоја постоечка магистрала, што изиграва сега Коридор 8.
Originally posted by user8642

Пред неколку месеца пишував за една патна делница во Бугарија колку би била значајна за Македонија, односно Бугарија би го скратила патот на Македонија и Косово до Турција. Со Балканскиот политички менталиете тешко дека може да се очекува така лесно на друг добро да му се направи, напротив се прави се ако може на другиот лошо да му се направи без сопствен ќар.

Сепак, ова да ти било и дел од коридорот 8, а денес Бојко Борисов има објавено на фејсбук дека е завршена реконструкцијата, не ни знаев дека се реконструирала. Добро е тоа што се направило, но уште еднаш се гледа каков третман добива коридор 8 не само од македонска страна, него и од бугарска. Добро е што нешто се работи, ама едноставно ова никој не го гледа како потенцијален автопат.



Originally posted by user8642

Има на форумот и неколку членови од Бугарија па би сакал да продискутираме една идеја. Автопат/Експресен Кјустендил-Ихтиман кој нема до толку директна корист за Бугарија, но би имал голема корист за Македонија.

Прва Делница ГКПП Гјуешево-Дупница како далеку поважна за автопатско/експресно поврзување меѓу двете држави и дел од врската Скопје-Софија.

Втора делница од Дупница-Ихтиман. Побрлиска врска на Скопје према Пловдив/Бургас/Варна/Истанбул. Многу важна делница која би била автопатската врска на Скопје со Боровец, како и Софија со Боровец и Самоков.





Edited by user8642 - 10-Aug-2022 at 18:35
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 1145
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #1346 Posted: 10-Aug-2022 at 20:30
Па ок, сега дури почнуваат идеен проект да прават. Далеку е од реализација, иако големи се шансите побрзо да завршат отколку ние.

Во каква состојба се Ќустендил-Софија и Дупница-Самоков? Радомир-Перник треба да е експресен.
Back to Top
The Wild Boy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2020
Online Status: Offline
Posts: 497
  Quote The Wild Boy Quote  Post ReplyReply #1347 Posted: 10-Aug-2022 at 20:38
Мислам дека овде на форумот имаше пратено некаде, ја барам мапата од автопатската обиколница на Куманово која што би одела према Крива Паланка.

Барав по ДУП, ГУП - ови на општина Куманово ама неможев ништо да најдам.

Додека за општина Крива Паланка има Генерален Урбанистички План на кој што покажува автопатска обиколница, ама тој важи до 2021г. неможев да го најдам новиот (или не е сеуште изгласан и донесен во одлука??)

Еве подолу:
https://app.gov.mk/?urbanplaning=%D0%B3%D0%B5%D0%BD%D0%B5%D1%80%D0%B0%D0%BB%D0%B5%D0%BD-%D1%83%D1%80%D0%B1%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B8%D1%87%D0%BA%D0%B8-%D0%BF%D0%BB%D0%B0%D0%BD-%D0%B3%D1%83%D0%BF-%D0%BD%D0%B0-%D0%B3%D1%80&lang=mk


Или пак некој ако може нека направи мапа како една целосна автопатска делница би изгледала почнувајки од Автопатската Обиколница на Куманово

Како што имам слушнато, таквата обиколница би почнувала некаде овде:
https://goo.gl/maps/kZpobRGwezbQEL2J7
Така би требало да се отстрани наплатната рампа, или пак може клучката да биде пред наплатната рампа, и така нема да има многу сообраќај од Крива Паланка према Куманово па Србска граница.

Друго што знам е дека овде:
https://goo.gl/maps/jkACigx1aRUn1uDY9
би требало да биде последната клучка од експресниот пат према Крива Паланка, или барем како што било предвидено. Бидејки од оваа клучка па понатаму према Куманово почнува "квази" брз - пат, не целосно денивелиран, не целосно ограден, со земјен пат, не соодветен пристап кон овој пат, итн итн... тука не вреди да се проширува и исправува веќе - постоечкиот пат, па така да јас погоре - означеното место го гледам како добра точка за тоа од каде би почнувал автопатот од таму према Кумановската обиколница.


Edited by The Wild Boy - 10-Aug-2022 at 20:50
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15235
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1348 Posted: 04-Sep-2022 at 20:27
Мостот кај Пелешац





https://flickr.com/photos/ruudi/albums/72177720301764549
За сè има вторпат
Back to Top
Galileo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-May-2010
Location: Wien
Online Status: Offline
Posts: 1467
  Quote Galileo Quote  Post ReplyReply #1349 Posted: 14-Sep-2022 at 18:40
А2 - Автомагистрала Хемус - Лот 10

Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2029
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #1350 Posted: 11-Nov-2022 at 19:45
Сеуште не е потврдена информација, се врти истата слика на Твитер и Скајскрејпер. Ама ако е точно, тогаш и Македонија директно економски зависи од ова тесно грло во соседна Србија, па според тоа апсолутно мислам дека е прифатливо и пожелно да понуди финансиска и оперативна помош за санирање на потпорниот ѕид.

Back to Top
The Wild Boy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2020
Online Status: Offline
Posts: 497
  Quote The Wild Boy Quote  Post ReplyReply #1351 Posted: 12-Nov-2022 at 19:52
Тука какви гигантски потпорни ѕидови има, на момент мислиш дека си во некоја Кинеска планина...

Изградбата на овој дел од автопатот А1 во Србија, преку Грделичката Клисура е навистина сомнителна работа. Не само што се развлече изградбата, имаше и големи одложувања, највеќе заради неколкуте свлечишта кои што се појавија на овој автопат дур се градеше, а и подоцна.

Исто така, после неколку години од кога се отвори автопатот мистериозно, без збор од надлежните нит од медиумите почна да се реновира еден дел од веќе - изградениот автопат. Се извади веќе - постоечкиот асфалт и се замени со нов. Зошто после неколку години од отварање на оваа нова делница, мораше да се врши реновирање, може само да шпекулираме.

Но сепак, да не заборавиме и дека овој автопат минува низ навистина тежок терен. Ќе мора овде да се најде некое решение, за во иднина да нема никакви проблеми.

Можеби ќе треба косините / карпите да се "скротат" некако, незнам. Во секој случај ова е голема работа. Подобро е сега да се среди, во период кога има најмалку сообраќај на оваа автопатска делница, него ли за време на летна сезона кога има највеќе сообраќај на оваа делница.
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2029
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #1352 Posted: 13-Nov-2022 at 16:36
Имаше демант некој од Коридори Србије ден после објавата. Немало никаква пукнатина.

Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15235
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1353 Posted: 06-Feb-2023 at 12:51
Наводно последица од земјотресот што ја погоди Турција утрово:

За сè има вторпат
Back to Top
Galileo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-May-2010
Location: Wien
Online Status: Offline
Posts: 1467
  Quote Galileo Quote  Post ReplyReply #1354 Posted: 01-Mar-2023 at 14:01
Обиколница на Бургас
Back to Top
Galileo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-May-2010
Location: Wien
Online Status: Offline
Posts: 1467
  Quote Galileo Quote  Post ReplyReply #1355 Posted: 07-Mar-2023 at 19:03
А6 Калотина-София - Лот-1 UC

Back to Top
Galileo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-May-2010
Location: Wien
Online Status: Offline
Posts: 1467
  Quote Galileo Quote  Post ReplyReply #1356 Posted: 16-Mar-2023 at 20:17
Е79 - Скоростен път Ботевград - Видин , Лот-1.

Back to Top
Galileo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-May-2010
Location: Wien
Online Status: Offline
Posts: 1467
  Quote Galileo Quote  Post ReplyReply #1357 Posted: 17-Mar-2023 at 19:43

Е79 - Скоростен път Ботевград - Видин , Лот-2.



Back to Top
Galileo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-May-2010
Location: Wien
Online Status: Offline
Posts: 1467
  Quote Galileo Quote  Post ReplyReply #1358 Posted: 18-Mar-2023 at 18:50
Е79 - Скоростен път Ботевград - Видин , Лот-3 ,дел 1.


Лот-3 ,дел 2
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15235
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1359 Posted: 11-Jun-2023 at 11:33
Од Лерин до наша граница има релативно нов експресен пат 2х2.
Од наша граница до Битола Којзнае колку долго стои така изгребан патот.
За сè има вторпат
Back to Top
Galileo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-May-2010
Location: Wien
Online Status: Offline
Posts: 1467
  Quote Galileo Quote  Post ReplyReply #1360 Posted: 11-Oct-2023 at 11:47
Лот 1 - Калотина-Драгоман од автопат А6 Европа е пуштен во употреба.


Моментално во изградба е Лот 3 - Северна експресна тангента - Сливница .

Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 66676869>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.289 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.