build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Воздухопловство
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Аеродроми

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 122123124
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4090
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #2461 Posted: 13-Apr-2022 at 10:34
Originally posted by kiriOK

2/3 од протокот се крепи од гастарбајтери од кичевските и струшките села, вие забегавте со паралели со Санторини и Миконос, дај не се глупирајте

И што сега, да не се среди?
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #2462 Posted: 13-Apr-2022 at 17:56
Интересно како никој не ме разбра што сакав да кажам. Кога едни Миконос и Санторини со толкав обрт на патници не се баш во најдобра состојба (сликата од Миконос лажи пари, ама не е навистина така во живо, а па Санторини е како маалска автобуска), тогаш од каде да се изнајдат пари за реновирање на аеродромче кое живурка од гастарбајтери и low cost сообраќај?

Edited by гитардемон - 13-Apr-2022 at 17:58
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20760
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2463 Posted: 05-May-2022 at 17:29
ДО 28 МАЈ ПРОДОЛЖЕНО РЕНОВИРАЊЕТО НА ПИСТАТА НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ

За 12 дена е продолжено реновирањето на пистата на Скопскиот меѓународен аеродром и ќе трае до 28 мај, потврдија за САКАМДАКАЖАМ.МК од ТАВ Македонија, компанијата што е концесионер и го менаџира аеродромот. Рехабилитацијата на пистата почна на 28 март и требаше да заврши до 16 мај.

„Периодот за рехабилитација на пистата е продолжен за 12 дена, од 16 мај до 28 мај. Летовите на Меѓународниот Аеродром Скопје ќе се одвиваат во истиот временски период од денот, од 17 часот до 9 часот, како што се одвива авиосообраќајот од 28 март кога почнаа градежните работи. Продолжувањето на временската рамка се должи на потешките од вообичаено зимски временски услови со многу врнежливи денови. Бидејќи сакаме да постигнеме одличен квалитет, решивме дека ќе биде подобро да го продолжиме рокот“, велат од ТАВ.

Од компанијата велат дека е издадена важна порака во воздухопловството (НОТАМ) со која се информирани сите чинители во воздухопловството (авиокомпании, регулаторни тела и други) дека рехабилитацијата на пистата на аеродромот во Скопје е продолжена до 28 мај.

Рехабилитација на пистата значи дека се обновува горниот слој на асфалтот. Пистата на меѓународниот аеродром „Скопје“ е долга 2.950 и широка 45 метри. Последната реконструкција беше направена во 1996 година, кога аеродромот беше затворен два и пол месеци, а целиот сообраќај беше префрлен на Охридскиот аеродром.

https://sdk.mk/index.php/makedonija/do-28-maj-prodolzheno-renoviraneto-na-pistata-na-skopskiot-aerodrom/
Carpe diem
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15236
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #2464 Posted: 17-Jun-2022 at 16:33
На скопскиот аеродром денеска







извор: https://twitter.com/Giotto_mkd/status/1537786500720517123
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15236
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #2465 Posted: 17-Jun-2022 at 19:49
Уште некоја фотка







фото: Dragan Cvetic
За сè има вторпат
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #2466 Posted: 18-Jun-2022 at 15:52
Овие F35ките за малку на русофилите да им дојде памет
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15236
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #2467 Posted: 01-Jul-2022 at 13:04
Охридскиот аеродром, доцни 1970-ти



извор: https://twitter.com/skopjeairport/status/1542505868243046402/photo/1
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15236
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #2468 Posted: 11-Aug-2022 at 11:26
Видео од реконструкцијата на пистата на скопскиот аеродром

За сè има вторпат
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 2271
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #2469 Posted: 11-Aug-2022 at 13:08
Originally posted by Џоле

Охридскиот аеродром, доцни 1970-ти



извор: https://twitter.com/skopjeairport/status/1542505868243046402/photo/1
Ova mene mi izgleda na 1960-tite...?!
Back to Top
gorazd View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 29-Oct-2011
Online Status: Offline
Posts: 551
  Quote gorazd Quote  Post ReplyReply #2470 Posted: 15-Nov-2022 at 12:11
od intervju na Batak (TAV Macedonia) za germanski avioportal minatiot mesec:

na prasanjeto za sledni investiciski planovi na TAV, Batak odgovara:
"Eden od slednite proekti ke bide nov objekt na ohridskiot aerodrom so dvojno pogolem kapacitet od dosegasniot"


Edited by gorazd - 15-Nov-2022 at 12:12
Back to Top
Macedonicus View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Google Maps: Regional Expert

Joined: 29-May-2011
Location: Czech Republic
Online Status: Offline
Posts: 398
  Quote Macedonicus Quote  Post ReplyReply #2471 Posted: 23-Dec-2022 at 14:34
Има ли некакви најави или можности за втора (резервна) писта на Скопскиот аеродром?
ಠ_ಠ
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #2472 Posted: 23-Dec-2022 at 16:31
Originally posted by Macedonicus

Има ли некакви најави или можности за втора (резервна) писта на Скопскиот аеродром?


Зошто би имало такво нешто? Во моментов нема апсолутно никаква потреба.

Проблемот е локацијата на самиот аеродром и ридовите на слетната патека кои резултираат со значително поголем агол со кој се спуштаат авионите, што пак резултира со максимум CAT I можност за слетување, односно неможност да се направи автоматско слетување CAT II & CAT III (на пример на Airbus максималниот агол за autoland е 3,15° додека во Скопје се слетува со 3,3°, а нормалниот агол е 3°).

Ова значи дека во услови на ниска видливост или пак многу ниски облаци (илити магла) едноставно нема како да се слета во Скопје.

Бројот на писти нема да го реши тоа прашање. Оваа писта ќе му биде повеќе од доволна на аеродромот уште многу декади.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Macedonicus View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Google Maps: Regional Expert

Joined: 29-May-2011
Location: Czech Republic
Online Status: Offline
Posts: 398
  Quote Macedonicus Quote  Post ReplyReply #2473 Posted: 23-Dec-2022 at 21:47
Баш поради слетувањето, некаде имав прочитано дека потенцијално решение за слетување при магливо време би можело да биде нова писта под друг агол (во насока на с. Мралино). Имаше некоја статија за тоа, само не ми текнува каде беше.
ಠ_ಠ
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20760
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2474 Posted: 03-Mar-2023 at 18:23
Нова терминална зграда за охридскиот аеродром

Ќе се гради нова Терминална зграда за Охридскиот Аеродром. Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски потврди дека е разговарано изградбата на новата терминална зграда да започне во текот на оваа година во координација со ТАВ Македонија. Реализацијата на проектот ќе го зголеми капацитетот и можност за дополнителен развој на аеродромот кој низ годините го зголемува својот обем на сообраќај.

Изградбата на нова терминална зграда за Аеродромот „Св Апостол Павле“предвидено е да започне оваа година. Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, вели дека реализацијата на проектот дополнително ќе го зголеми неговиот капацитет и можноста за развој.

„Една од најважните политики за Охридскиот аеродром е изградбата на новата Терминална зграда, којашто очекувам да започне во текот на оваа година. Во координација со ТАВ Македонија, ние разговаравме за отпочнување на овој проект, Тие ги подготвуваат нивните проекти и дел од договор којшто го имаат склучено со државата е изградба и на нова терминална зграда во Охрид којашто ќе даде поголем капацитет и можност за развој на охридскиот аеродором.“- Благој Бочварски, Министер за Транспорт и врски.

Охридскиот Аеродром е класичен туристички аеродром, со најголем интензитет на летови во текот на летната сезона, но неговото значење за регионот е огромно. Има зголемување и унапредување на физичкиот обем на сообраќај на охридскиот аеродром, вели директорот на Агенцијата за Цивилно воздухопловство, Томислав Тунтев, изнесувајќи споредбени податоци од 2019 година кога имало над 300 илјади патници годнишно и во 2014 година кога имало само 45 илјади.

„Тоа големо зголемување и унапредување на физичкиот сообраќај и така и ќе продолжеше тоа го сфати и концесионерот и затоа направи план за нова терминална зграда. Во преговори се со Владата, се чека измени и дополнување на Законот за концесии, така што очекувам дека од средината на оваа година ќе започне да се гради нова терминална зграда на охридскиот аеродром. Таа ќе овозможи зголемување на нивото на услуги кои ги дава охридскиот аеродром на патниците, посебно во оние врвни периоди на сообраќајно оптеретување во текот на летните месеци.“- Томислав Тунтев, Директор на Агенција за Цивилно воздухопловство.

2022 година претставувала значително закрепнување на патничкиот авиосообраќај достигнувајќи приближно 2,4 милиони патници, односно 20 илјади летови.Моментално, 11 авиокомпании летаат од аеродоромот во Скопје до 36 дестинации, додека од аеродромот во две авиокомпании летаат до 4 дестинации.Од јуни годинава е најавено и обновување на авиолинијата Белград – Охрид како и активирање на директната авионска линија од аеродромот „Мастрихт/Ахен“ до Охрид.

https://tvm.mk/news/ohrid/nova-terminalna-zgrada-za-ohridskiot-aerodrom
Carpe diem
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 122123124

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.393 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.