Скопје 2014 |
Post Reply | Page <1 326327328 |
Author | |
Macedonicus
Senior Member Google Maps: Regional Expert Joined: 29-May-2011 Location: Czech Republic Online Status: Offline Posts: 398 |
Quote Reply #6541 Posted: 23-Jul-2021 at 15:21 |
Пријатели од Чешка што беа во Скопје летово ми кажуваа колку им бил грд центарот на градот дур шетале, и ми беше тешко да им ја слушам критиката али немав контра-аргумент за да го одбранам Скопје.
|
|
ಠ_ಠ
|
|
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15235 |
Quote Reply #6542 Posted: 23-Jul-2021 at 15:41 |
Па, грд е, најгрозен дел од градот. Башка што е запуштен, со расклатени плочници и пешачки улици, ѓубре на сите страни, улични продавачи на сè и сешто... Апсолутно нема никаква претставителност за центар на еден главен град.
Edited by Џоле - 23-Jul-2021 at 15:42 |
|
За сè има вторпат
|
|
Теовел Еме
Newbiе Joined: 11-Jul-2021 Online Status: Offline Posts: 8 |
Quote Reply #6543 Posted: 23-Jul-2021 at 15:45 |
Па кога ќе искомбинираш бруталистичко изживување со стиропор барок,милион споменици,недоизградени згради,соголени и оставени згради,плус сега со 20 катниците кои не личат на ништо тоа има да биде ребрање до бесвест
Сосема си го заслужува Скопје и скопјани тој ремет,чаре не гледам. |
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20752 |
Quote Reply #6544 Posted: 23-Jul-2021 at 17:00 |
Во контекст на претходно кажаното,ситуација на ул.Македонија па и во поширокото јадро е слично еден асален плочник нема каде можеш без напрегање да се движиш,околу сите тараби има купишта отпад и измет...
------------------------------------------------------------- (Фото галерија) Улицата „Македонија“ како депонија Улицата „Македонија“, која претенциозно го носи името на државата и е незаобиколна за туристите што доаѓаат во Скопје, место заштитен знак – се повеќе личи на депонија. Естетската ерозија што му се случи на Скопје најдобро се гледа на оваа улица, која е изнатрупана со тенеке тезги, купишта клупи наставани без концепција и канти за ѓубре од кои ниту една не е функционална. Ако се суди за чистотата, убавината и урбанизмот во градот според неа, впечатокот би бил дека Скопје во оваа смисла се вратило половина век. https://nezavisen.mk/foto-galerija-ulicata-makedonija-kako-deponija/ |
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20752 |
Quote Reply #6545 Posted: 25-Jul-2021 at 15:37 |
https://www.facebook.com/TheBalkans |
|
Denko
Senior Member Joined: 14-Aug-2010 Online Status: Offline Posts: 2271 |
Quote Reply #6546 Posted: 25-Jul-2021 at 16:46 |
Veke videno. Ova e standard. Se gradi evtino i fuserajski, a potoa nedostasuva i odrzuvanje. |
|
<Fresno>
Senior Member Joined: 13-Jun-2010 Online Status: Offline Posts: 1145 |
Quote Reply #6547 Posted: 26-Jul-2021 at 09:09 |
Нема Српче што да бара на избори. Тековно одржување барем на плочници е преголем залак за него. А за квалитет на изведба, тоа мора кривично да се санкционира, вклучително и за постари проекти како СК2014. Ако нема гарантен рок во тендер или не се почитува, надзорот не си ја завршил работата итн., одма кривична и изведувачот на црна листа. Инаку ќе се повторуваат ситуации како сега со кејот или платото пред Триумфална.
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20752 |
Quote Reply #6548 Posted: 26-Jul-2021 at 11:26 |
Потрошени се милиони, а фонтаните не работат – Град Скопје: Тоа се скапи играчки, на минатата влада
Со почетокот на летото, фонтаната „Александар Велики“ и другите фонтани на плоштадот Филип Втори, беа пуштени, но не и фонтаните на реката Вардар и таа која се наоѓа среде плоштад. Фонтаната која е доста атрактивна за граѓаните, особено за децата, е надвор од употреба. На тој дел каде што извираше вода, сега минуваат граѓаните, но со зголемена внимателност бидејќи плочките се изместени. „Освен што не работи фонтаната, овој простор е опасен и небезбеден за движење на граѓаните, бидејќи како што можете да видите, недостасуваат плочки, а останатите се изместени.“, јавува репортерката на ТВ21. Портпаролот на Град Скопје, Ваљон Салиху овие две фонтани изградени во рамки на проектот Скопје 2014, ги нарече скапи играчки на ВМРО-ДПМНЕ. „Двете фонтани што ги спомнавте, кои се дел од проектот Скопје 2014, а ако можам да ги наречам, скапи играчки на минатата влада, со кои се соочуваме ние сега. Деловите за фонтаните се многу скапи, нивното одржување е многу скапо.“, вели Салиху. Не се знае кога овој простор од плоштадот кој некогаш беше фонтана, ќе остане во ваква состојба. Според она што го кажа Салиху, може да се разбере дека наскоро не се предвидува санирање на фонтаните. Тој вели дека поради состојбата со пандемијата, Градот има други приоритети. „Во моментов имаме поважни работи за кои би го користеле буџетот на Град Скопје, отколку да се санираат фонтаните. Особено таа кај Вардар, сведоци сте дека откако дојде новата влада, таа не работи, има проблем со системот на фонтаната, но и на другата фонтана, ја саниравме два –три пати и сумите беа многу високи само за санирање“, рече Салиху. Површинската фонтана беше изградена пред 6 години кога со Скопје раководеше Коце Трајановски, како дел од проект на плоштадот во вредност од 2,5 милиони евра. Инаку, 35 милиони денари се излеваат на годишно ниво од фонтаните на плоштад Македонија, плоштадот Филип Втори и фонтаните кај паркот Жена Борец кои се наоѓаат во центарот на Скопје. https://mk.tv21.tv/potrosheni-se-milioni-a-fontanite-ne-rabotat-grad-skopje-toa-se-skapi-igrachki-na-minatata-vlada/ |
|
Denko
Senior Member Joined: 14-Aug-2010 Online Status: Offline Posts: 2271 |
Quote Reply #6549 Posted: 26-Jul-2021 at 11:35 |
|
|
Bezveza
Newbie Joined: 12-Jul-2021 Online Status: Offline Posts: 33 |
Quote Reply #6550 Posted: 27-Jul-2021 at 13:38 |
Кога ќе го видам ова се срамам шо сум од Македонија
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20752 |
Quote Reply #6551 Posted: 24-Dec-2021 at 14:06 |
УГИНА ЕДЕН ОД ЛИПИЦАНЕРИТЕ, КУПЕНИ ЗА РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ПРОЕКТОТ „СКОПЈЕ 2014
Угина еден од двата коњи липицанери кои беа купени за разгледување на проектот „Скопје 2014“. Вработените во ЈП „Паркови и зеленило“ кои се грижат со години со коњите велат дека Монтоја угинал пред две недели поради болест и старост. „Коњите соодветно ги чуваме, според програма за исхрана, со редовни прегледи, се чешлаат и негуваат. Исто така ги шетаме и јаваме затоа што треба да се движат. Липицанерот кој угина беше стар околу 14 години, беше болен, мускулите му беа слаби. Сега остана само Сигојно кој неколку дена тагуваше по својот другар. Тој и оваа година ќе биде дел од прославата на Бадник пред Соборниот храм Свети Климент Охридски, но сам ќе ја влече кочијата“, ни рекоа вработените кои се грижат и ги негуваат коњите. Двата липицанери Монтоја и Сигојно беа купени во 2013 во времето на ексградоначалникот Коце Трајановски од Грција, а кочијата беше набавена од Полска и чинеа вкупно околу 40.000 евра. Со кочијата и коњите беа организирани тури низ Плоштадот Македонија за разгледување на спомениците и објектите од проектот „Скопје 2014“. По доаѓањето на градоначалничката функција на Петре Шилегов проектот беше укинат и коњите од тогаш стојат во шталата до Зоолошката градина. ЈП „Паркови и зеленило“ два пати имаше обид да ги продаде коњите, но беа неуспешни, никој не сакаше да ги купи. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/ugina-eden-od-lipitsanerite-kupeni-za-razgleduvane-na-proektot-skopje-2014/ |
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20752 |
Quote Reply #6552 Posted: 11-Feb-2022 at 11:49 |
ТРИТЕ ДРЖАВНИ БАРОКНИ ЗГРАДИ КАЈ ХОТЕЛ „БРИСТОЛ“ ВО СКОПЈЕ ЗА КОИ СЕ УНИШТИ ЗЕЛЕНИЛО СЀ УШТЕ НЕМААТ УПОТРЕБНА ДОЗВОЛА И ИМОТЕН ЛИСТ
Трите барокни згради на улица Македонија во центарот на Скопје, кај хотел „Бристол“ за кои се сечеше зеленило и се уништуваа паркови сè уште немаат употребна дозвола. Станува збор за зградата на ЕСМ, палатата Панко Брашнаров и палатата Лазар Поп Трајков. Трите згради се дел од проектот „Скопје 2014“ вкупно чинат 36,7 милиони евра, а немаат имотен лист бидејќи не можат да добијат употребна дозвола поради неправилности во градба. Во палатата Панко Брашнаров која се дигна во мини паркот кај хотелот „Бристол“ се сместени Агенцијата за млади и спорт и Агенцијата за аудио и аудиовизуелни услуги. Нејзината изградба чини 4,6 милиони евра, а објектот има низа недостатоци поради неквалитетна градба, односно протекува, оштетени се делови и постојано се расипуваат лифтовите. Во палатата Лазар Поп Трајков која чини 14,6 милиони евра и се наоѓа на ќошот на улиците Даме Груев и Македонија се сместени Комисијата за хартии од вредност, Агенцијата за супервизија, Регулаторната комисија за енергетика, Македонска навигација (М-НАВ). Вработените во овие институции велат дека од самото вселување во 2017 година немаат нормални услови за работа, подрумот се полни со вода, во голем дел од канцелариите има дупки во таванот и протекува вода, плочки се одлепуваа и паѓаат, канцеларии се изведени без прозори. Сите институции кои се влезени во зградата се вселени на диво. Регулаторната комисија за енергетика бидејќи работеше во зградата на ‘Пелагонија‘ која се реновираше немаше избор каде да оди. Зградата нема употребна дозвола бидејќи нема соодветно сообраќјано решение односно требаше да се прави улица меѓу зградите. Во овој изминат период се трудиме да добиеме дозвола оти без имотен лист не можеме да вршиме никакви санации на овој објект“, вели Марко Бислимовски претседател на Регулаторната комисија за енергетика. Од трите објекти единствено не е вселена зградата на ЕСМ спроти Музеј на Град Скопје. Од компанијата, бидејќи имаат свои деловни простории во зградата на Плоштад Македонија не сакаат на диво да се преселат и чекаат објектот да добие употребна дозвола. Од минатото раководство во текот на градбата се правеле низа измени, а за тоа не се поднесувале барања за да добијат одобренија од Министерството за транспорт и врски. „Кога се градела зградата се терале измените без да се почитува законот. Им викале од Министерството за транспорт и врски – терајте, на крај ќе ги дадеме сите дозволи. Во зградата нема пристап ниту до подземниот паркинг“, велат од компанијата ЕСМ. За да се изградат овие три згради, мораше да се смени Деталниот урбанистички план со кој се овозможи сечење на дрвјата и уништување на целиот зелен појас во тој дел од градот. Дрвјата со асистенција на полиција се сечеа во 3 часот наутро. https://sdk.mk/index.php/naslovna/trite-drzhavni-barokni-zgradi-kaj-hotel-bristol-vo-skopje-za-koi-se-unishti-zelenilo-s-ushte-nemaat-upotrebna-dozvola-i-imoten-list/ |
|
zabegan
Senior Member Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
Quote Reply #6553 Posted: 18-Feb-2022 at 01:27 |
нормално, згради правени за украс, а не за функција
|
|
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20752 |
Quote Reply #6554 Posted: 12-Jan-2023 at 13:27 |
Carpe diem
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20752 |
Quote Reply #6555 Posted: 09-Mar-2024 at 19:30 |
„Скопје 2014“: Четири милиони евра за руини, 24 милиони за празнини
Скопје 2014“ е еден од најскапите проекти спроведени во државата досега, со вкупна цена од над 700 милиони евра. Но, додека најголемиот дел од тие пари беа дадени за декорирање на градот со нови згради и за преоблекување на старите објекти во нови фасади, барем четири милиони евра досега се потрошени за објектите што веќе седум години имаат руиниран изглед. Град Скопје, Министерството за образование и наука, Министерството за култура и државната компанија Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) се институциите што повеќе од пет години имаат недоградени или нецелосно реконструирани градби во рацете, за кои сѐ уште не нашле решение, иако продолжиле, барем до одреден момент, да префрлаат пари за нив. Наспроти нив, пак, има и два завршени објекти што стојат празни, а кои, според сумите наведени во договорите за изградба, вредат 24 милиони евра. Еден милион само за соголување Зградата позната како „Пелагонија“ и деловниот објект на ЕСМ се наоѓаат на левата и на десната страна од Триумфалната порта, која, заедно со споменикот Воин на коњ стотина метри подолу, е еден од главните симболи на „Скопје 2014“. Заедничко за овие објекти им е тоа што двата останаа во руинирана форма, соголени од фасадите што претходно ги имаа, со тргнати скелиња и без никакви конкретни најави кога и како ќе се довршат – со враќање на стариот изглед, со замислениот „барокен“ изглед или со некое трето решение. Поради оваа состојба, деловниот простор „Пелагонија“ не се ни користи, додека тој на ЕСМ функционира со тешкотии. Но, и овој изглед чини пари. Град Скопје, за зградата „Пелагонија“ во 2015 година, склучи два договора за реконструкција на фасадата на „Пелагонија“, еден во вредност од 1,9 милиони евра и уште еден од 800 илјади евра, покажува архивата на јавните набавки. За изведување на работите беше избрана фирмата „ЛСГ Билдинг Солушнс“. Според податоците за исплати од трезорот, досега на компанијата ѝ биле исплатени нешто повеќе од еден милион евра од сметката на Град Скопје. Со оглед дека таа фирма нема други договори со Градот, исплатите, од кои последната била извршена во 2022 година, се за објектот „Пелагонија“. Од Град Скопје не добивме одговор кои следни чекори ќе се преземат за да се направи фасада на „Пелагонија“. Оттаму само рекоа дека „се води судски спор поради неисполнување на обврските од претходниот градоначалник“, и поради тоа не можат да ја продолжат реализацијата на проектот. Поради деловни причини, ниту компанијата што сега е сопственик на објектот, „Д-р Пановски“, не сакаше да коментира. Неофицијално, во моментов не постои план дали, како и кога ќе продолжи реконструкцијата. Од ЕСМ, во врска со нивната фасада, за БИРН, одговорија дека во изминатиов период барале ново урбанистичко решение со Град Скопје и со Општина Центар. „Но, во однос на тоа, се појавија различни толкувања околу надлежностите“, додадоа од компанијата. Според медиумски извештаи од изминатите години, на фирмата-изведувач на оваа фасада ѝ биле исплатени 400 илјади евра од договорените 3,6 милиони, а договорот бил раскинат. Од ЕСМ не ја потврдија оваа сума и не одговорија дали таа била конечна. Бидејќи ЕСМ е акционерско друштво, податоците за нејзините исплати не се наоѓаат на трезорот и не се јавни. Пирова победа на контрадемонстрантите на УКИМ „Скопје 2014“ донесе и многу активност за моторните пили во парковите низ централното подрачје на главниот град. Еден од просторите каде што беа исечени неколку десетици стари и големи дрвја беше паркот пред кампусот на универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, спроти Судска палата, за да се градат нови објекти на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) и Факултетот за физичка култура (ФФК). Имаше голем број реакции, како и протести за уништувањето на зеленилото, а согласно традицијата од тоа време, на нив се одговори со контрапротести од организации на студенти на ФИНКИ и на ФФК, кои се жалеа дека немаат соодветни просторни услови за настава и ги обвинуваа другите протестирачи дека се против тоа да им се реши овој проблем. Иако во 2015 година победи страната на контрапротестот, во 2024 година, проблемот за кој таа се жалеше сѐ уште не е решен. Објектите во кои студентите требаше да се сместат и натаму зјаат како празни бетонски карабини, со штици на куполите што пожолтуваат од временските влијанија. Природата почна да си го враќа просторот околу градилиштата, со диви грмушки и треви израснати околу паднатите градежни материјали. Работник не се појавил околу пет години, откога фирмата избрана за изведувач, „Бетон-Штип“ отиде во стечај во 2019 година. Тогаш била направена и последната исплата од Министерството за образование и наука кон компанијата за изградбата на двата објекта. Од договорените 20 милиони евра, колку што вкупно требаше да чинат завршените згради на ФФК и на ФИНКИ, Министерството во 68 трансакции му исплатило на изведувачот околу 2,9 милиони, покажуваат податоците на трезорот. Во изминативе години, неколкупати се најавуваше продолжување на изградбата и ревизија на проектите, но ништо не се случи. Нема ново решение ниту за споменикот на Мајка Тереза што се градеше веднаш до плоштадот Македонија, меѓу хотелот „Мериот“ и градилиштето за нов хотел. Тарабите околу недовршената споменична целина служат само како информативна табла за концерти и за други настани, каде што организаторите лепат плакати. Последната информација за оваа градба е дека Министерството за култура и градежната компанија „Бетон“ се во судски спор за долг од четири милиони евра, колку што биле потрошени досега, од договорените 5,6 милиони евра. Нема информации за исплати од Министерството кон компанијата за овој објект. Скапа празнотија Нема податоци ниту колку точно е досега исплатено за двете згради од „Скопје 2014“, кои со години по изградбата не се користат – деловната зграда на ЕСМ спроти Старата железничка станица и катната гаража Солунски конгрес, меѓу објектот на МЕПСО и опожарената зграда на Национална пошта. Првата никогаш не беше пуштена во употреба поради технички пропусти, а втората функционираше како единствена целосно автоматизирана гаража, но престана да работи кратко по отворањето. Поради проблеми со лифтовите, катната гаража Солунски конгрес, која според договорите за изградба вреди седум милиони евра, функционира само на долниот кат, пред лифтовите. Порано во неа автомобилот само се оставаше, а потоа автоматизираниот систем сам го носеше со лифтови до некој кат и го враќаше кога возачот ќе дојдеше да си го земе и да плати за услугата. Од Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор, кое стопанисува со повеќе катни гаражи изградени како дел од „Скопје 2014“, рекоа дека се спроведува тендер за лифтови за овој и за други објекти од разни типови, со што би се отворила нова можност гаражата што се наоѓа на кејот на Вардар, на нецели 200 метри од плоштадот, повторно да профункционира. Пуштањето во употреба на 17-милионската зграда на ЕСМ, пак, е понеизвесно. Таа не се отвори поради проблем со пристапот до подземните гаражи, кои не може да се користат и затоа не доби технички прием, односно дозвола за употреба. Од државната компанија велат дека заедно со Министерството за транспорт и врски работат на наоѓање решение како да се надмине ситуацијата. „За жал, во изминатиот период, сите обиди АД ЕСМ да може да ја користи новата зграда и да ја продаде или да ја отстапи старата, не родија плод. И покрај повеќето најави дека настанатата правна состојба може да се реши, таа сè уште не е решена, односно новата зграда на АД ЕСМ не може да добие употребна дозвола и не може да се изврши технички прием“, велат од ЕСМ во одговорот до БИРН. Оттаму потсетуваат дека ситуацијата е затекната како проблем уште при промената на власта во 2017 година. Слично како и состојбите со другите објекти. https://prizma.mk/skopje-2014-chetiri-milioni-evra-za-ruini-24-milioni-za-praznini/ |
|
Carpe diem
|
|
Dinger Carlos
Newbiе Joined: 06-Mar-2024 Online Status: Offline Posts: 9 |
Quote Reply #6556 Posted: 09-Mar-2024 at 20:17 |
Навистина штета што не се изградило. Ќе било стварно многу убаво. Ова мора да биде приоритет на градските и државните власти во наредниов период, без разлика колку ќе кошта. Да се донесе во состојба како кога било изградено. Да завети фонатаната. Штета е вака изграденото да се уништува поради хирови. Многу се запуштило.
Неодмана пријатели Авсртијци беа на прошетка во Скопје. Велат добро е, посебно новите згради, но мора малку повеќе хигиена и оддржување. Им велам, се согласувам. Добри се моите луѓе, ориенталното ни е останто од Турско. |
|
kiriOK
Senior Member Joined: 11-Apr-2012 Location: Tamworth,UK Online Status: Offline Posts: 1008 |
Quote Reply #6557 Posted: 09-Mar-2024 at 23:29 |
Пријателите Австријци сигурно не ти кажаа дека ваква убавина немаат видено?
|
|
FT
Senior Member Joined: 22-Jun-2010 Location: Kocani Online Status: Offline Posts: 571 |
Quote Reply #6558 Posted: 10-Mar-2024 at 00:40 |
Што е толку добро во згради на факултети изградени буквално врз најфреквентната раскрсница во државата? Па уште на тоа и факултети за информатика и физичко. Ало, баш нив и треба мир и зеленило, кој и да го одлучил тоа е буквално за во лудница, ништо друго. |
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20752 |
Quote Reply #6559 Posted: 15-Aug-2024 at 15:53 |
Заборавените објекти од „Скопје 2014“ ќе се довршуваат догодина, Мицкоски би сакал да бидат модерни
Според премиерот Христијан Мицкоски, во ребалансот на буџетот не се предвидени пари за таа намена, но средства, како што рече, ќе се обезбедат во наредниот буџет, за 2025 година. И по 10 години од спроведувањето на проектот „Скопје 2014“, со кој владата предводена од тогашниот премиер Никола Груевски комплетно го смени ликот на централното градско подрачје, „преслекувајќи“ ги зградите во барок, градејќи фонтани и поставувајќи споменици, дел од почнатите објекти останаа недоизградени. Таков пример е споменикот на Мајка Тереза, кој иако е дивоградба, досега не се најде решение што ќе се прави понатаму. Излупени останаа и фасадите на „Пелагонија“ и на зградата на ЕСМ, кои требаше да бидат со барокни фасади. На зградата на ЕСМ на горните катови зјаат и дупки без прозорци, што навестува дека и внатрешноста на објектот е во ужасна состојба. Претходниот градоначалник Петре Шилегов не дозволи да се спроведе планираното, па објектите останаа без фасади. Околу плоштадот сѐ уште висат скелиња и на неколку други објекти, кои ги градат приватни инвеститори. Плоштадот Македонија и неговата непосредна околина, што треба да е лицето на градот, всушност е грда слика на она што некогаш беше Скопје, иако овој простор е прв на списокот за посети на многубројните туристи што престојуваат во Скопје. Според најавите на премиерот Христијан Мицкоски, недоизградените објекти од проектот „Скопје 2014“ ќе се довршат, но не годинава, затоа што со ребалансот на буџетот не се предвидени пари за таа намена. Средства ќе се обезбедат во наредниот буџет, за 2025 година. Мицкоски се согласува дека недовршените објекти од проектот „Скопје 2014“ го грдеат лицето на главниот град и посакува поскоро да бидат завршени, иако, како што рече, е љубител на модерниот стил и би сакал така да се довршат објектите, но сепак, како што кажа, тоа ќе го кажат архитектите. Навистина тоа е прашање што мене лично многу ме засега како човек роден во Скопје, израснат тука и навистина е тоа премногу грдо онака како што изгледа сега незавршена и недовршена и бараме начин за голем број од тие објекти како да ги завршиме. Јас за вкусовите не сакам да дискутирам, можеби некој има одреден правец во уметноста што му се допаѓа, некој има друг правец во уметноста што му се допаѓа, можеби мене тоа што не ми се допаѓа некому му се допаѓа, но јас сум љубител на модерниот стил и би сакал тие згради и објекти што вие ги споменавте да бидат час поскоро завршени само за да не го грдат лицето на главниот град бидејќи се заборавени – рече Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање при посетата на Царинската управа околу тоа што планира Владата со незавршените објекти од проектот. https://www.slobodenpecat.mk/zaboravenite-objekti-od-skopje-2014-kje-se-dovrshuvaat-dogodina-mickoski-bi-sakal-da-bidat-moderni/ |
|
Carpe diem
|
|
<Fresno>
Senior Member Joined: 13-Jun-2010 Online Status: Offline Posts: 1145 |
Quote Reply #6560 Posted: 24-Oct-2024 at 14:00 |
|
|
Post Reply | Page <1 326327328 |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |