Возен парк (општо) |
Post Reply | Page <1 404142 |
Author | ||
Zelenikovo
Senior Member Joined: 19-Oct-2017 Online Status: Offline Posts: 1631 |
Quote Reply #821 Posted: 09-Aug-2018 at 15:01 | |
на поклонет коњ не му се гледа во забалото, треба да сме задоволни што и вакво нешто сме успеале да скрцаме, иако нели треба и одржување и поправање, но и надополнување веројатно размислуваат дека по К8 треба да врват нови гарнитури!? може и идните власти ќе одат со главен критериум најниска понуда по тендери, та и тие на поклон да добиваат нови композиции!? и навистина дали коњо не бил на поклон!? ако се земе цената на композициите како репер пример во однос инстант расходованите нагибни влакови во Хрватска ние не да сме на коњ ами еднорог, бидејќи тие бомбардерите беа последна серија, веројатно мислеа Кончар ќе ги оправа, додека нашиве се прва и логично ќе гледаат кинезите топ да ги сервисираат, ако нам ни е до тоа! може некој очекува дека се селфрипеир!? za 34 milijuna eura Od osam nagibnih vlakova vozi samo jedan - https://www.jutarnji.hr/vijesti/hrvatska/kako-je-propala-najveca-investicija-hz-a-od-osam-nagibnih-vlakova-vozi-samo-jedan-a-i-njemu-je-zabranjeno-naginjanje/1358211/ за 25 милиони евра 4+2 интерсити воза https://faktor.mk/makedonski-zheleznici-kje-biraat-megju-shvajcarski-i-kineski-novi-vozovi туку нови гарнитури, дали имаме за ова средства, хм, и да ги немаме некој ќе гледа да ја искористи инфраструктура, ако истата јасно е комплетирана сигурно ќе си најдат концесионер кој би имал екстра корист дури немале самите ние ко Држава, особено ако има и сега некоја екстра делница, она додека да се скрцаат 500 милиони евра за комплетирање на К8 во Западна Македонија, пр. екстра коридор т.е. крак меѓу ОХ и БТ, а не пак да имаат во план железнички прстен и околу Охридско Езеро [1] а за која пак ж.обиколница можат да ја искористат и стопираната траса за експресниот пат до Свети Наум кој го прекинаа, ем поеколошки би било да има пруга наместо ескпресен пат [2] но планерите и помали абери немаат во предвид а не пак тро поголеми пр. ко изместување на К8 за да минува и низ ОХ [3] може навистина за ова думаат битолски линк ... единствен гајрет но не и воопшто мал е експлозија на хедонизмот во Охридско вака, таман и оние кои им е мака или немаат волја со лесно на енѕеро да си се истоварат, уште на Субрата фалеше комарникот во езеро и еден аеродром на вода да спростреа за светскиот шљам да може директ во казино да слета, среќа немаме средства ниту акал инаку ќе го заглавиме озбилно Изворот на Православното Словенство! чиниш за и постојното хедонистичко загадување да се ресетира најдобро е Охрид да биде само Велосипедски френдли град, коли камиони автобуси само за Охриѓани да се дозволени, но мајнмулук ќе си изградат парајлиите секој по една куќа та да заобиколи и ваква штопна, иако ако се почитува Закон за Живеалиште не секој ќе може да каже дека е Охриѓанец ... |
||
sase
Senior Member Joined: 02-Apr-2015 Location: makedonija Online Status: Offline Posts: 429 |
Quote Reply #822 Posted: 25-Nov-2018 at 13:32 | |
За што служи ова жолтово шинско возило.
Првпат гледам нешто вакво. |
||
ironm
Senior Member Joined: 07-Jun-2018 Location: Frankfurt Online Status: Offline Posts: 886 |
Quote Reply #823 Posted: 15-Aug-2019 at 15:06 | |
Со турски дрезини во иднина ќе се одржуваат македонските пруги
Јавното претпријатие за железничка инфраструктура – Железници на РСМ набави две нови дрезини за одржување на железничката инфраструктура во земјава. Станува збор за инвестиција вредна над два милиона евра, со која делумно ќе се обнови возниот парк задолжен за одржување на пругите низ земјава. Како што се наведува во објавениот договор на Електронскиот систем за јавни набавки, дрезините ќе бидат набавени од турската компанија „Технички железнички системи, Пејзаж изградба, инженеринг, индустрија и трговија со ограничена одговорност“ од Анкара. Цената за една дрезина изнесува 1.045.000 евра, без ДДВ. Турската компанија е должна да го испорача возниот парк во рок од 130 дена по добивањето на порачката од ЈП за железничка инфраструктура. Договорот со турската компанија е склучен на почетокот од август годинава, од досегашниот директор на ЈП за железничка инфраструктура Ирфан Асани. Понудата доставена од фирмата од Турција била единствена на распишаниот тендер. Идентично како и кај локомотивите и вагоните на Железници на РСМ – Транспорт, возниот парк за одржување на македонските пруги е стар неколку децении и е само делумно обновен изминативе години. Дрезините се специјални железнички возила што служат за изградба и
реконструкција на пругите, како и за изведба и редовно одржување на
контактната мрежа на електрифицираните пруги. |
||
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20753 |
Quote Reply #824 Posted: 25-Sep-2020 at 13:38 | |
Железница мака мачи со сервисирањето на кинеските возови, возниот ред едвај се одржува
И покрај тоа што летово не сообраќаа брзиот воз Скопје-Приштина-Скопје и експресните возови за Белград и Солун, Железници на РСМ-Транспорт едвај го одржува актуелниот возен ред со само 15 предвидени поаѓања на возови дневно од скопската железничка станица. Изминатово лето 40 дена не сообраќаше патничкиот воз меѓу Скопје и Кочани поради поправка на расипаната локомотива што го влечеше овој воз, а немаше замена на друга локомотива за одржување на релацијата. Главниот проблем со кој се соочува железничкото претпријатие е сервисирањето на набавените шест кинески возови. Една од дизел моторните гарнитури е надвор од сообраќај од 2018 година, а проблеми со одржувањето има и кај два други воза, по еден дизел и електро моторен воз. Како последица на повременото испаѓање од сообраќај на кинеските возови, од претпријатието се приморани да пуштаат локомотиви со патнички вагони за одржување на релациите, но и нивниот број е ограничен, поради потребата од одржување и на товарниот железнички сообраќај. Од Железници на РСМ-Транспорт за „Мета.мк“ објаснуваат дека велат во декември минатата година нивна делегација одржала состанок со кинеската компанија ЦРРЦ, која е производител на гарнитурите. – На состанокот е разговарано за активностите што треба да ги преземе кинеската компанија за да се оспособат горенаведените гарнитури за сообраќај. Но, поради состојбата со ковид-19 и неможноста стручна екипа од Кина да допатува во Скопје, сите активности се ставени во мирување – се вели во одговорот на Железници на РСМ-Транспорт. Инаку, паралелно со пуштањето во сообраќај на кинеските возови, железничкото претпријатие пред четири години ги стави надвор од сообраќај дотогашните дизел и електро моторни гарнитури, со кои се одвиваше патничкиот железнички сообраќај. Некогашните гарнитури „Горбачов“ се расипаа по масивниот бран на бегалци, коишто беше превезувани со овие возови во 2015 година. Шпанските дизел гарнитури пак исто така се гаражирани во депото „Лисиче“ и чекаат на обнова, но за што се неопходни финансиски средства што претпријатието во моментов ги нема. Од Железници на РСМ-Транспорт појаснуваат дека сите возови се ставени во полн капацитет, но и дека се случува поради преголема искористеност на возниот парк да се случи дефект на воз, но веднаш се пристапувало кон санација и отстранување на дефектот. Инаку, железничкото претпријатие уште од минатото лето преговараше со кинескиот производител за да си ги исполни обврските од склучениот договор за набавка на шесте возови, во делот на надминување на техничките недостатоци на гарнитурите. Поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев минатото лето изјави дека половина од набавените гарнитури од Кина се неисправни и дека не е извршен технички прием на гарнитурите. Но, проблемите со кинеските возови останаа актуелни и нерешени до денешен ден. Македонија е првата земја во Европа што се одлучи да набави возови од Кина за железничкиот сообраќај. Покрај шесте дизел и електро моторни возови за патнички сообраќај, од оваа земја се набавија и четири електрични локомотиви што се користат првенствено за одржување на товарниот железнички сообраќај. https://meta.mk/zheleznicza-maka-machi-so-servisiranjeto-na-kineskite-vozovi-vozniot-red-edvaj-se-odrzhuva/ |
||
tenny
Newbiе Joined: 26-Jun-2020 Online Status: Offline Posts: 0 |
Quote Reply #825 Posted: 28-Sep-2020 at 00:12 | |
Во каква состојба се моментално Шпанците и Горбачов?
|
||
Тркало
Senior Member Joined: 31-Dec-2010 Location: Охрид Online Status: Offline Posts: 1179 |
Quote Reply #826 Posted: 30-Aug-2021 at 22:29 | |
Од Шпанците веројатно само 712-101/102 е активен и баш од пред некој ден или поточно денеска според видеото. За другите тешко...осве ако не испаднат уште некоја гарнитура аут. Бидејќи од новите гарнитури 711-105/106 е на сервис, а не застана цела година кон Битола секојдневно и плус покривање локал кон Велес и Куманово, а и до Гевгелија поради недостаток на електро влеча. Претходно 711-107/108 подолг период беше аур (не знам дали е уште), така да активни останати се 711-101/102 и 103/104 од "новите". Пред некој ден и Кенеди 661-410 единствена засега активна, отиде со два вагони кон Битола. Од другите дизелки за 236 не е сигурно, а 408 и 234 подолго време се во депо и не е оптимистичка нивната иднина. За Кочани и Кичево прашање е дали воопшто возат.Маневарка за Кочани подолго време немаше, за Кичево 712. Ако не беше недостатокот на Кинези немаше ни да ја средат и овас веројатно. Кога ќе си одат директорите од МЖ најдобро е да продолжат бизнис со старо железо. Едит: 661-410 на линија Битола - Скопје , сликано во Велес. Едит: Според видеово 712 (Шпанецот) возел до Белес, па од таму продолжувал 711 до Битола и назад, па пак со Шпанецот до Скопје. Дали спојувале линии или проблем е Богомила за 712, ама зошто воопшто да се префрлат на друг воз за 55 км. само... Македонски Железници in it's finest! Edited by Тркало - 30-Aug-2021 at 22:45 |
||
FiLo
Senior Member Joined: 26-Apr-2015 Online Status: Offline Posts: 142 |
Quote Reply #827 Posted: 31-Aug-2021 at 18:44 | |
Во 2016та година им посакав да престанат да постостојат како претпријатие.
Кај и да е, мојата желба ќе се исполни, им се гледа крајот
|
||
Тркало
Senior Member Joined: 31-Dec-2010 Location: Охрид Online Status: Offline Posts: 1179 |
Quote Reply #828 Posted: 13-Sep-2021 at 23:08 | |
Ниту една од електромоторните гарнитури не се во сообраќај.Ни "новите" кинески гарнитури, за Горбачов да не ни спомнуваме.
Од Макосите дамо една поддотерана коллу за до Велес, а од таму со 711 (дизел кинеската гарнитура).Нелогично ама ич.Сигурно не е за заштеда на гориво, бидејќи и 661-410 (Кенеди) локомотива одела два пати до Битола, а по ново и со ЕДЕН вагон (можда поради истечените ревизии на повеќето т.е. нивна небезбедност иако и така ги возеле) одела до Велес па се префрлале во Кинезот. Од 442/461 локомотивите е само по една активна, кинеските влечат само карго. 462 веројатно сите три се на пауза, како и поголем дел од 441. Од маневарките е останата само 401 (една од трите последно ремонтирани во Словенија пред 7-8 години).Другите ги користат за делови за неа изгледа... Распад систем! Edited by Тркало - 13-Sep-2021 at 23:12 |
||
ehrlich
Senior Member Joined: 31-May-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 1365 |
Quote Reply #829 Posted: 14-Sep-2021 at 20:16 | |
Буквално распад систем, за жал.
|
||
user8642
Senior Member Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2029 |
Quote Reply #830 Posted: 14-Sep-2021 at 20:29 | |
Златно време за приватизација на МЖ-Транспорт. Да се не мачиме со една нога у погрешен минат систем.
|
||
ehrlich
Senior Member Joined: 31-May-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 1365 |
Quote Reply #831 Posted: 15-Sep-2021 at 20:27 | |
Железницата не е само тоа. Во оваа фаза веќе е одминато времето за негова приватизација, затоа што нема што да се продаде.
Воедно, пругите со нивни некористење заминуваат неповратно во историјата. Велес-Кочани ќе стане целосно неупотреблива, а на добар пат е Скопје-Кичево (каде сигналите светат веќе една недела дека поминува воз, а тој кутриот го нема со месеци) и Скопје-Блаце. |
||
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply #832 Posted: 15-Sep-2021 at 22:01 | |
А пожарот во Рајхстагот беше златно време за укинување на демократијата во Германија и за воведување на Нацистичката диктатура. Нацистите сами го подметнаа. Не е исклучено дека катастрофалната ситуација во МЖ-транспорт има делумно слична генеза Од кога е почнат форумов во 2007 (а и пред тоа), крвнички лошо се раководи со тоа претпријатие. И секако транспарентност нула, ама сепак и со голо око постојано гледаме работи што се косат со здравиот разум, како да има кругови што се трудат трошоците и загубите да бидат што поголеми! А се си мислам и дека потенцијалниот „приватник“ нема баш да биде воодушевен од долговите, дека тие ќе мора претходно да се префрлат на државата. Веќе гледан филм. Не, благодарам!
Сигурно не е цела Европа со една нога у погрешен систем. Факт е дека практично секоја развиена европска земја има државен железнички превозник кој е стожер на системот. И не само тоа, туку еве сега направив мало истражување, речиси сите се сочно профитабилни (иако дел од нив се занимаваат само со патнички превоз, а сите имаат конкуренција). Deutsche Bahn, ÖBB, RENFE, Nederlandse Spoorwegen, SBB, Trenitalia, České dráhy... Сигурно не ќе е лошо да се угледаме на вакви имиња. Сите овие се државни и прават убав профит! А за какви златни кокошки станува збор вистинска слика би се добила тек ако се земе нивната многу поширока економска и општествена улога, која е неспоредливо поголема од чистата сметководствена добивка што ја прават. На другата страна е Велика Британија, која во 1997 приватизираше све живо во железницата, ама тоа резултираше со низа негативни ефекти и со јавно мислење што сега е убедливо во полза на повторна национализација. Тоа се случува и покрај тоа што државата продолжи да го субвенционира железничкиот превоз, и што субвенциите всушност пораснаа у бестрага! Али мала група профитери се сигурно презадоволни. Далеку сум јас од некаков комунист, еве баш прееска реплицирав на друга тема, со целосно капиталистички став. Ама овде се работи за железница побогу. Некаде треба да се повлече линија. Нас не ни треба приватизација на МЖ, напротив нас ни треба државата таму многу сериозно и долгорочно да улета. Таму треба да се назначи раководство од врвни луѓе (ако треба и од странство да ги најмиме и скапо да ги платиме). Треба да се наметне дисциплина и отчетност. Треба да се постави јасна и амбициозна долгорочна стратегија што адекватно ќе се финансира (сигурно нема да биде ефтино) за да после 10-тина години имаме профитабилно претпријатие, но уште поважно, за како ѓраѓани и како општество да имаме слични бенефити како што имаат оние западноевропски земји на кои се повикав претходно. Еве им на МЖ-транспорт и одлична отскочна даска: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=488&PID=251378#251378 |
||
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20753 |
Quote Reply #833 Posted: 07-Nov-2021 at 14:00 | |
ДВА МЕСЕЦА НЕ Е ПОПРАВЕН ЕДИНСТВЕНИОТ ВОЗ КОЈ ОДИ СКОПЈЕ-ТЕТОВО-ГОСТИВАР-КИЧЕВО
Железничката станица во Тетово повеќе од два месеца зјае празна. Пероните се пусти, нема патници, а шините веќе почнале да зараснуваат во коров. Единствениот патнички воз кој сooбраќаше на релацијата Скопје-Тетово-Гостивар-Кичево, се расипал и сé уште не е поправен, а со тоа и сиот патнички превоз на оваа релација е во прекин. Персоналот од железничката станица редовно си оди на работа и покрај тоа што тука не поминува ниту еден воз, но и тие не знаат кога повторно ќе се воспостави железничкиот сообраќај. Возот кој сooбраќаше од Скопје до Кичево пред два месецa се расипал и оттогаш на оваа железничка делница не се одвива патничкиот железнички сообраќај. Тој беше од оние кинеските. Дали уште го поправаат или ќе пуштат нов, ние навистина не знаеме. Слушнавме дека можно е да го пуштат во декември кога почнува да важи зимскиот возен ред, но за тоа ништо сигурно не можеме да кажеме. Порано низ оваа станица минуваа по патнички три возови дневно, потоа нивниот број се намали на два па на еден, а еве и тој се расипа. Но и покрај тоа, ние сме редовно на работните места и работиме на одржување на постоечката инфраструктура“, ни рекоа од железничката станица во Тетово. Кога повторно ќе проработи оваа железничка линија одговор побаравме од Железници на Северна Македонија. На нивната официјална веб-страна има поставено телефонски број и е-пошта на која можат да се добијат информации од јавен карактер. Но, ниту некој се јавува на тој телефонски број, ниту пак праќаат одговор на поставените прашање преку електронската пошта. Пред два месеца на празните перони на железничката станица во Тетово се одржа изложба на фотографии со која беше одбележана 70-годишнината од почетокот на градбата на пругата Скопје-Кичево, односно кога тесношинскиот колосек се заменил со нормален колосек. Низ фотографии и записи беше прикажан ентузијазмот со кој тогашните жители на Тетово учествувале во градбата на овој дел пругата. https://sdk.mk/index.php/naslovna/dva-mesetsa-ne-e-popraven-edinstveniot-voz-koj-odi-skopje-tetovo-gostivar-kichevo/ |
||
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20753 |
Quote Reply #834 Posted: 23-Feb-2023 at 18:05 | |
ВО СООБРАЌАЈ ПУШТЕНА ПОПРАВЕНАТА ЛОКОМОТИВА „РОМАНКА“, КОЈА ПЕТ ГОДИНИ БИЛА ВОН УПОТРЕБА
МЖ Транспорт пушти во сообраќај електрична локомотива која поради неисправност била вон употреба пет години. Таа сега е репарирана и поправена и го засили скудниот возен парк на МЖ Транспорт. „Со поправката на оваа локомотива заштедивме 500.000 евра, со тоа што ја извршивме со сопствени капацитети. Нашата работа и визија е со максимална посветеност на секои 5-6 месеци да пуштиме во употреба локомотива која со години била нефункционална“, информираа од МЖ Транспорт. Локомотивата со број 462-002 е популарна кај персоналот како „романка“, бидејќи е од романско производство, а по германска лиценца. Таа ќе сообраќа на делницата Табановце-Гевгелија и обратно. Истовремено, вработените од МЖ Транспорт работат на поправката на уште една ваква локомотива. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/vo-soobrakaj-pushtena-popravenata-lokomotiva-romanka-koja-pet-godini-bila-von-upotreba/ |
||
Carpe diem
|
||
Post Reply | Page <1 404142 |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |