build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Комерцијални
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Лидл маркети

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 8>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
avijacijamk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2013
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 364
  Quote avijacijamk Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Лидл маркети
    Posted: 29-Sep-2020 at 22:51
Колава и јас лично ја видов, претпоставувам дека стварно е реално и дека Лидл наскоро ќе влезе и на наш пазар
https://mnet.mk/%D0%BB%D0%B8%D0%B4%D0%BB-%D0%B2%D0%BE-%D1%88%D1%82%D0%B8%D0%BF/
Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Location: Tamworth,UK
Online Status: Offline
Posts: 1008
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 30-Sep-2020 at 00:02
Ако Лидл дојде кај нас тоа ќе значи изчезнување на Гранапи,Тинекси,Жита,Стокомаки,Рептили...Рамстор,Веро и КАМ може ќе опстојат...

Т.е повеќе губиток на работни места, башка локална производња.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 01-Oct-2020 at 15:14
Originally posted by kiriOK

Ако Лидл дојде кај нас тоа ќе значи изчезнување на Гранапи,Тинекси,Жита,Стокомаки,Рептили...Рамстор,Веро и КАМ може ќе опстојат...

Т.е повеќе губиток на работни места, башка локална производња.
не знам како успевате да дојдете до ваков заклучок после толку многу отворени маркети

како прво, Стокомак, КАМ и Жито ги има во влезот на секоја втора зграда... стварно ли мислите дека би се влечкал до Лидл за да купам основани намирници, кога ги имам овие три маркети во непосредна близина по ниски цени
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
zorant View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 26-Aug-2019
Online Status: Offline
Posts: 93
  Quote zorant Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 17-Feb-2021 at 11:31
Граѓаните не мора повеќе да одат во Врање – ЛИДЛ ДОАЃА ВО МАКЕДОНИЈА

Според описот на нивните надлежности и ограничувања, „Лидл“ планира да вложи над 10 милиони евра во продавница и да купи земјиште поголемо од 10.000 квадратни метри.


https://vecer.mk/makedonija/lidl-makedonija/
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 926
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 18-Feb-2021 at 10:16
Државава се претвори во маркети за храна и кладилници.
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2029
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 18-Feb-2021 at 10:56
Држава ХОТЕЛСКА СОБА! Спиење, и по нешто во мини-бар да се касне, и да се иде во тоалет, и за гледање тв за краток одмор. Толку! Се останато, важно, интересно, паметно, доходовно, се случува тамо некаде во некоја друга голема сала, во некое лоби, во Германија, во Франција и околината. И тоа не сме ние единствени овакви, многу држави во спални соби се претворија.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20760
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 18-Feb-2021 at 18:05
Прометот во малопродажбата опаѓа, но за „Лидл“ има интерес

Домашните трговци засега не се најрасположени да го коментираат најавениот влез на германскиот трговски синџир „Лидл“. Или немаат што да кажат или едноставно ценат дека е премногу рано да ја анализираат темата. По веста дека овој бренд ја регистрирал својата компанија во Македонија, која ќе биде управувана од бугарската филијала, „Слободен печат“ се обиде да добие изјава од најсериозните трговци на мало, но речиси и не доби одговор на прашањето: како оваа најавена инвестиција ќе се одрази врз малопродажбата, која и онака се бори за секој потрошувач?

Од дирекцијата на „Рамстор“ ни изјавија дека немаат коментар, а одговор не добивме и од „Веро“, КАМ“, „Стокомак“… Сепак, од дирекцијата на „Рептил“, ни изјавија дека сѐ уште е рано за какви било анализи и дека времето ќе покаже како домашниот пазар ќе одговори на новиот член.

Веќе неколку месеци и ние слушаме дека доаѓа „Лидл“, но сѐ уште е рано за подлабоки анализи. Секако дека граѓаните ќе бидат љубопитни за тоа што ќе нуди овој нов трговец и ќе ја посетат нивната продавница. Не се плашиме од конкуренција, секој се бори за своите муштерии, а тоа го правиме и ние, бидејќи нашите маркети се од локален карактер. Како компанија ќе продолжиме да бидеме достапни и конкурентни за нашите купувачи, иако е реално да се каже дека македонскиот пазар е премал, а куповната моќ на граѓаните е ниска. Затоа и самите трговци треба да бидат свесни за можностите за проширување на пазарот – велат за „Слободен печат“ од „Рептил“.

Од друга страна, влезот на „Лидл“ ќе биде вистинско освежување за потрошувачите, кои велат дека е добро да има конкуренција и шаренило на пазарот и покрај намалена куповна моќ. Повеќето од нив, барем еднаш влегле во некој маркет на овој бренд во Грција или Бугарија, а во последно време и во Врање, Србија. Според податоците на Таргет груп, близу 25 милиони евра добивка во текот на 2019, оствариле седум големи брендови на супермаркети во земјава, односно „Веро“, „Кам“, „Тинекс“, „Кит-го“, „Киппер“, „Рамстор“ и „Стокомак“. Истите овие седум синџири на маркети таа година имале вкупни приходи од близу 570 милиони евра.

https://www.slobodenpecat.mk/prometot-vo-maloprodazhbata-opaga-no-za-lidl-ima-interes/
Back to Top
Marxentric View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Apr-2020
Location: Paionia
Online Status: Offline
Posts: 334
  Quote Marxentric Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 18-Feb-2021 at 19:39
Секако дека домашните компании, а индиректно и државата нема да имаат некоја корист од оваа продавница, бидејќи македонски производи ќе има доста помалку, отколку во другите маркети, па профитот ќе оди кај Германците и дел кај бугарската филијала. Но од друга страна, ќе има промена и тоа позитивна, разнобразие од производи и квалитет, новитети што ги немало до сега. Освен тоа, овие имаат стандарди, верувам дека ќе обезбедат простран и пристапен паркинг, да може човек на раат да пазарува. Од друга страна нашиве транзициски деспоти и милијарда профит да имаат, душата нема да им даде да направат нешто повеќе, нешто од кое немаат директна корист, а општествено одговорни се само кога им треба евтина реклама.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20760
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 20-Feb-2021 at 09:50
Европскиот гигант Лидл бара влез во Штип. Градот му нуди две локации

Германскиот малопродажен гигант Лидл бара влез во Штип. За почеток, тој од општина Штип побарал 10 000 квадратни метри површина на кои ке се гради главниот со останатите придружни објекти.

https://www.facebook.com/televizijastar/videos/3937554182964008
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20760
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 08-Apr-2021 at 12:05
Дали по осум години „McDonald’s“ се враќа во Македонија?

Промените не стивнуваат и во периоди на пандемија, а македонскиот пазар станува атрактивна локација за нови инвестиции. По цели 8 години, интернационалиот гигант за брза храна „McDonald’s“, кој без престан работи на експанзија во речиси сите држави, доаѓа и кај нас, дознава Фактор.

Иако постојано се отвораат нови оператори за брза храна, сепак за многумина уживатели на брза храна „McDonald’s“ е омилено место.

Цените и куповната моќ се едни од главните индикатори за одредена експанзија и влез на одредени брендови. Имајќи предвид дека 2021 година навестува динамични промени, како отворање на најголемиот трговски центар, се чини дека за американскиот гигант нашата држава претставува соодветно место за експанзија.

https://faktor.mk/dali-po-osum-godini-mcdonalds-se-vrakja-vo-makedonija
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20760
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 07-May-2021 at 17:31
Лидл” отвара супермаркет во земјава, ќе инвестира 500.000 евра

По влегувањето во Словенија, Хрватска и Србија, германскиот трговски синџир „Лидл” ќе го отвори својот прв супермаркет и во Северна Македонија, објави специјализираниот портал „Јуропеан Супермаркет Магазин” (ЕСМ), со седиште во ирскиот главен град Даблин.

Според ЕСМ, германската компанија минатиот месец регистрирала своја подружница во земјава под името „Лидл Северна Македонија”, која ќе биде под надлежност на бугарскиот огранок на „Лидл” и со неа ќе раководат Милена Драгијска, Бисер Инчовски и Љубомир Хрсев.

Предвидено е „Лидл” на стартот да инвестира 500.000 евра во земјава.

Според неофицијални извори, „Лидл“ ќе стартува со една продавница и тоа во туристичкиот центар Охрид, а веќе се дискутира и за конкретна локација кај новата автобуска станица.

Според порталот, интересот на „Лидл” за отворање супермаркет во земјава следи откако неговата продавница отворена во јануари во Врање, привлече голем број купувачи од Северна Македонија, но и од Косово.

https://www.vecer.press/лидл-отвара-супермаркет-во-земјав/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20760
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 29-May-2021 at 16:55
Лидл“ ќе инвестира 300 милиони евра и ќе отвори маркети во осум градови во земјава

Германскиот ланец маркети „Лидл“ во земјава ќе инвестира 300 милиони евра , информирa премиерот Зоран Заев, претставувајќи го Интервентниот план за инвестиции.

-„Лидл“ ќе вложи 300 милиони евра во Скопје и ќе отвори и неколку маркети во Скопје и уште во седум други градови. „Лидл“ ќе има обврска да откупува земјоделски и кондиторски производи, и да ги продава во своите ланци низ Југоисточна Европа – рече Заев.

Вкупната вредност на Интервентниот план за инвестиции ИПИ 2021-2027 изнесува повеќе од осум милијарди евра, порача премиерот Зоран Заев при денешната презентација во Владата.

Најголем дел од нив, како што кажа, се приватни инвестиции или грант донации од ЕУ, концесии, јавни приватни партнерства, или се заедно вкупно 4,2 милијарди евра. За следните пет години најави голем број на инвестиции во ски-центри, енергетиката, патната, железничката и гасната инфраструктура, капацитети за преработка на отпад, како и најмалку 30 странски инвестиции во вредност од 654 милиони евра во блиска иднина на повеќе локации во земјава со голем број нови работни места.

Наши државни пари од сопствен буџет, а дел од кредитните линии коишто се потпишани се повеќе од 3,8 милијарди евра, што значи заедно надминуваме осум милијарди евра инвестиции – прецизира Заев.

За ефикасна реализација на ИПИ 2021-2027, како што кажа, ќе биде формирана и единица за следење на инвестициите која ќе претставува координативна група од јавниот и приватниот сектор и ќе биде одговорна за раководење со процедурите за справување на Интервентниот план за јавни и приватни инвестиции.

Силно верувам, посочи премиерот, дека здравствената криза одминува и дека само со работа, искрени намери и труд, ќе има подобри услови и постојано подобрување на животниот стандард за сите македонски граѓани.

– Владата е тука да даде мотив и поддршка за економска стабилност, за раст и развој на нашата држава, за мирен и стабилен живот на нашиот народ. Сето ова е комплетно комплементарно поклопено со сите наши фискални стратегии и стратегии за економски раст и развој. Верувам дека ќе може да го смени севкупниот имиџ и да го подигне економскиот стандард на граѓаните, БДП и севкупниот извоз – потенцира Заев.

https://plusinfo.mk/lidl-e-investira-300-milioni-evra-i-e-otvori-marketi-vo-osum-gradovi-vo-zem-ava/
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 29-May-2021 at 18:13
„Лидл“ ќе има обврска да откупува земјоделски и кондиторски производи, и да ги продава во своите ланци низ Југоисточна Европа – рече Заев.


Абе нема грешка, ќе имале обврска Тие го прават тоа бидејќи им е многу поевтино, ама дека имале обврска, тешко.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2029
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 30-May-2021 at 11:45
Овој народ уште барата низ општеството со термини како "гарантиран откуп", "државата да откупи", "плата по системазација", "имам право на ..... (you name it)". И затоа, пошто такви му се очекувањата, нормално дека и со такви методи е манипулиран.

Лидл нити ќе има обврска, нити па ќе откупува нешто по цена различна од тоа што му се исплати и е насекаде низ свет. Нека не се надеваат на никакви гаранции од Лидл него нека поработат малку на актуелните трендови у земјоделство, и во производи, во квалитет, во технологии. Може да се удараат у гради дека само у Македонија имало незнам каков-си розев патлиџан, ама додека не разберат дека светот тоа не јаде, многу времеќе помине. А да не збориме за тоа дека не се приближно до стандарди за големини, пакувања, ладен-ланец, чување и слично. И сега ќе дошол Лидл и ќе морал да откупува, какво-такво. Тоа само апасиев може да поверува и да пласира такви глупости.

Edited by user8642 - 30-May-2021 at 11:48
Back to Top
mirakuliks View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 06-Feb-2010
Location: New York
Online Status: Offline
Posts: 831
  Quote mirakuliks Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 01-Jun-2021 at 00:45
Лидл исто како што и Алди кога ќе влезе на пазар со своите маркет максимлано го истражува локалното производнство на прехранбени и секојдневни домаќински производи. Зошто поевтино им е да го препродаваат тоа што локално можат да го купат. Е сега исто така ако согледаат дека има одредени производствени капацитети кои можат по нарачка на Лидл/Алди нешто за нив да произведуваат по компетитивна цена, ќе ги заангажираат. И уште побитно ако се одлучи, во случајов Лидл дека има поволна цена за некои прехранбени производи тогаш има пракса да откупува цели годишни производства и тоа со тоа што ќе понуди нешто малку помала цена од пазарната ама ќе герантира целогодишен откуп. И тој стабилен пласман на производите произведени во иако по нешто пониски цени на крајот на денот носат постабилна економска состојба на производителите. А мојот впечаток е дека кај нас има многу нестабилност во пласманот на производите. Освен тоа се што ќе откупи Лидл ако знае дека нема да може да го продаде во Македонија сигурно ќе го пласира како производ во супермаркетите во соседните држави, некогаш дури и пошироко во европа.
Кој пазарел по лидл и алди сигурно забележал дека има продукти од сите земји каде ланецот има маркети.
Исто така многу ми е интересен фактот дека во КАМ има одредени продукти со брендови (особено одредени кондиторски) кои претходно ги имам видено или во Лидл или во Алди (не сум сигурен).
Back to Top
carver91 View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 09-Mar-2015
Online Status: Offline
Posts: 164
  Quote carver91 Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 03-Feb-2022 at 21:16
има ли нови информации?
Back to Top
Aowek View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 22-Sep-2021
Online Status: Offline
Posts: 53
  Quote Aowek Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 03-Feb-2022 at 22:10
Тоа што го знам е следново:
Канцелариите им се во зградата на Мерцедес во Маџари. Веќе се регрутирани ит луѓето. Регрутираат менаџери во моментов и останати позиции.
Сите менаџерски позиции одат на тренинг во Лидл Бугарија Варна или Софија по 6 месеци се платено плус кола им даваат.
Дури и дистрибутери и продавачки одат на обука во Бугарија.

Ќе има повеќе локации на маркети во Скопје. Ова се локации што ги шушкаат.
Источен влез на градот населба Хиподром / тука во игра е и Маркет во близина на нивното седиште Маџари/ Киро Глигоров булеварот.
Околина на Хубо Маркет да опфатат централно.
Западен дел на градот некаде Ѓорче
Се зборуваат локации и на булеварот кон Драчево.

Прво мора да изградат 10,000м2 магацински/откупен простор па потоа маркет.

Она што сигурност го знам од добри извори е дека Тинексот кај Кланица работи доста слабо иако е реновиран исто така и Тикенс Ист Гејт не може ни да се покрие.Ќе биде интересно да се види како ќе се одвива ова.

Пред 2023 нема да има отварање на ниту 1 маркет.

Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Location: Tamworth,UK
Online Status: Offline
Posts: 1008
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 04-Feb-2022 at 03:33
Originally posted by mirakuliks

Освен тоа се што ќе откупи Лидл ако знае дека нема да може да го продаде во Македонија сигурно ќе го пласира како производ во супермаркетите во соседните држави, некогаш дури и пошироко во европа.
Кој пазарел по лидл и алди сигурно забележал дека има продукти од сите земји каде ланецот има маркети.


Минорно...95% од асортиманот во Лидл и Алди е германски и домашен...чат пат на одредени периоди има грчка, шпанска, американска, француска недела.
Барем колку што знам во Британија и Германија е така.
Back to Top
Galileo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-May-2010
Location: Wien
Online Status: Offline
Posts: 1472
  Quote Galileo Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 04-Feb-2022 at 14:48
Originally posted by mirakuliks

Лидл исто како што и Алди кога ќе влезе на пазар со своите маркет максимлано го истражува локалното производнство на прехранбени и секојдневни домаќински производи. Зошто поевтино им е да го препродаваат тоа што локално можат да го купат. Е сега исто така ако согледаат дека има одредени производствени капацитети кои можат по нарачка на Лидл/Алди нешто за нив да произведуваат по компетитивна цена, ќе ги заангажираат. И уште побитно ако се одлучи, во случајов Лидл дека има поволна цена за некои прехранбени производи тогаш има пракса да откупува цели годишни производства и тоа со тоа што ќе понуди нешто малку помала цена од пазарната ама ќе герантира целогодишен откуп. И тој стабилен пласман на производите произведени во иако по нешто пониски цени на крајот на денот носат постабилна економска состојба на производителите. А мојот впечаток е дека кај нас има многу нестабилност во пласманот на производите. Освен тоа се што ќе откупи Лидл ако знае дека нема да може да го продаде во Македонија сигурно ќе го пласира како производ во супермаркетите во соседните држави, некогаш дури и пошироко во европа.
Кој пазарел по лидл и алди сигурно забележал дека има продукти од сите земји каде ланецот има маркети.
Исто така многу ми е интересен фактот дека во КАМ има одредени продукти со брендови (особено одредени кондиторски) кои претходно ги имам видено или во Лидл или во Алди (не сум сигурен).


Не знам откъде имаш такова впечатление ,но си в тотална заблуда и твърдението ти няма нищо общо с деиствителността.
LIDL зарежда маркетите си с 80 % собствена продукция и стоки. В страните където имат магазинини зареждат около 20% стоки месно производсво.
И тези стоки НЕ СА ОТКУПЕНИ от LIDL - а са там на бартер - оборота е за вътрешния пазар и което не се изкупи се връща.
Ако си мислиш че ще изнасят македонски стоки за другите страни много се лъжеш.
Аз за толкова години в Германия и Австрия стоки от България ,Сърбия , Хърватия и Румъния не съм видел. Има някакво Balkan Woche (Балканска седмица ) където неколко дена се продават по некои и друг продикт от тези страни и това е.
Иначе традиционно си имат französische Woche , italienische Woche , amerikanische Woche , turkische Woche i griechische Woche , но повекето продукти са произведени в Германия.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20760
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 13-Oct-2022 at 17:39
ВЕЌЕ СЕ ВРАБОТИЛЕ 80 ЛИЦА „Лидл“ наскоро ќе го отвори првиот објект во Македонија

Премиерот Димитар Ковачевски и вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи денеска се сретнаа со претставници на познатиот меѓународен малопродажен синџир „Лидл” – како од Националниот тим, така и со претставници на Меѓународниот управен одбор.

На средбата, премиерот Ковачевски изрази задоволство што „Лидл” интензивно работи на подготовките за отпочнување ефективна работа во нашата земја и веќе има вработено 80 лица, а оваа бројка дополнително ќе расте, посочувајќи дека нашата земја има поволни услови за инвестиции и ова, како што рече, е пример што треба да го следат и други странски компании.

Лидл” веќе има идентификувано потенцијална локација за својот логистички центар, на земјиште кое е околу 200.000 м2 и се наоѓа во Општина Куманово. Инвестицијата само во логистичкиот центар е околу 80 милиони евра и вклучува намера да се обезбедат повеќе од 150 вработувања.

Во оваа фаза на подготовка, „Лидл” веќе истражува различни начини за поддршка на локалните производители. Компанијата организираше извоз на македонски земјоделски производи во мрежата „Лидл” во соседните земји. И ова е само еден пример од целокупното партнерство на „Лидл” со добавувачите и производителите кое е насочено кон докажување на секојдневната поддршка и соработка како доверлив партнер во бизнисот.

https://plusinfo.mk/ve-e-se-vrabotsile-80-lica-lidl-naskoro-e-zapochne-so-efektivna-rabota-vo-makedoni-a/
Carpe diem
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 8>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.205 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.