Индустриски објекти и зони (општо) |
Post Reply | Page <1 32333435> |
Author | ||
user8642
Senior Member Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2029 |
Quote Reply #661 Posted: 24-Mar-2021 at 23:35 | |
user8642
Senior Member Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2029 |
Quote Reply #662 Posted: 24-Mar-2021 at 23:38 | |
Еве повеќе вести од лани, ќораф рендер нема:
https://iportal.mk/lokalno/se-gradi-nov-centar-za-logistichki-uslugi-vo-skopje-investicija-od-45-milioni-evra/ https://nezavisen.mk/se-gradi-nov-centar-za-logistichki-uslugi-vo-skopje-investicija-od-45-milioni-evra/?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=se-gradi-nov-centar-za-logistichki-uslugi-vo-skopje-investicija-od-45-milioni-evra https://lokalno.mk/se-otvoraat-90-rabotni-mesta-skopje-ke-dobie-nov-tsentar-za-logistichki-uslug/ https://www.slobodenpecat.mk/se-gradi-nov-czentar-za-logistichki-uslugi-vo-skopje-investiczija-od-45-milioni-evra/ https://opserver.mk/biznis/se-gradi-nov-centar-za-logistichki-uslugi-vo-skopje-investicija-od-45-milioni-evra/ https://opserver.mk/biznis/spasovski-na-svechenost-za-izgradba-na-nov-logistichki-centar-na-deni-internacional/ https://emagazin.mk/investici-a-od-4-5-milioni-evra-pochna-izgradbata-na-nov-centar-za-logistichki-uslugi-na-kompani-ata-deni-internacional/ |
||
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply #663 Posted: 24-Mar-2021 at 23:57 | |
|
||
axel
Senior Member Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
Quote Reply #664 Posted: 25-Mar-2021 at 21:02 | |
od vcera pocna da stiga metalnata konstrukcija na gradilisteto betonskiot del e zavrsen za nekoj mesec bi trebalo da bide zavrsen objektot/A renderi nema ni na gradilisteto
Edited by axel - 25-Mar-2021 at 21:03 |
||
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20753 |
Quote Reply #665 Posted: 12-Apr-2021 at 12:42 | |
ОПШТИНА ВЕЛЕС НЕ СЕ СОГЛАСУВА СО ИЗГРАДБА НА ЦЕМЕНТАРНИЦА ВО КРУГОТ НА ФАБРИКА ЗА ВАР СРЕДЕ ГРАД
Општина Велес е против продолжување на постапката за изградба на цементарница во приградската населба Превалец, со барање да се предложи друга локација која ќе биде соодветна и безбедна за животната средина и здравјето на луѓето. Ова е одговорот од локалната власт до Министерството за животна средина, а по најавата за изградба на цементарница во кругот на каменоломот и фабриката за вар во населбата Превалец. „Сметаме дека локацијата на инсталацијата не ги дозволува предложените активности затоа што цементарниците припаѓаат на класа на намена Тешка градежна индустрија и производство на неметали. Населбата Превалец не е дел од Генералниот урбанистички план (ГУП) на град Велес и моментално населбата не е покриена со важечка урбанистичка планска документација. Во отсуство на планска документација за предметната локација, добивањето на Одобрение за градење е невозможно. Инвеститорот пред да ја купи инсталацијата требало да се консултира со Општина Велес, но тој побара средба откако ја купил фабриката“ изјави градоначалникот Аце Коцевски. Тој одржал средба со новиот сопственик на инсталацијата, кој изјавил дека во моментот се води постапка на пренесување на сопственоста. На средбата била претставена намерата за нова инвестиција – цементарница која треба да се изгради во кругот на каменолом во населба Превалец, инвестиција од 300 илјади долари и вработување на 300 лица. „Во известувањето за намера треба задолжително да биде наведен и предложениот капацитет или големина на проектот, кој отсуствува, а е клучен при определување на обемот на оцена на влијанието врз животната средина. Во известувањето не е наведено дали се предвидени алтернативни локации кои би биле земени во предвид, доколку оваа локација се покаже како несоодветна за изградба на цементарница“, пишува во мислењето на Општина Велес испратено до Министерството за животна средина. Од локалната власт предупредуваат дека во производниот процес на цементарницата ќе се создаваат емисии на прашина, јаглероден диоксид и гасови при согорување на фосилните горива. Посочуваат дека индустријата за цемент е втор по големина емитер на јаглерод диоксид, а емисијата на азотен оксид е значајна во ова производство. „Понудената локација заради кумулативниот ефект на загадувачки материи од постоечкиот каменолом, не може да издржи дополнително оптоварување на животната средина. Особено загрижува податокот дека процесот ослободува диоксини и фурани кои во нашата држава не се мерат, па цементарниците од овој вид мораат да ангажираат акредитирани лаборатории од странство, а кои СЗО ги класифицира како можен карценоген за луѓето, кои предизвикуваат имунолошки и ендокрини проблеми и влијаат врз здравјето на луѓето“, кажа Коцевски. Од Општина Велес стравуваат дека оваа инвестиција може да предизвика и обратен ефект на иселување на младите и родителите со мали деца, на кои им е премногу тешко да живеат во близина на постојната инсталација – каменоломот. „Добро за сите нас да се инвестира во Велес, но на безбедна локација, со современи технологии што нема да го загрозуваат здравјето на луѓето, животната средина и природата. Затоа што, поучени од лошите искуства од тридецениското опасно загадување од поранешна Топилница, никаков профит, никаков економски интерес не може и не смее да биде поважен од здравјето на луѓето“, кажа Коцевски. Против намерата да се гради цементарница во Превалеци се и еколошките здруженија од Велес. Со ова негативно мислење на Општина Велес, не завршува постапката за изградба на цементарница. Министерството за животна средина продолжува со следните чекори, предвидени согласно Законот. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/opshtina-veles-ne-se-soglasuva-so-izgradba-na-tsementarnitsa-na-mestoto-od-kamenolomot-i-varnitsata-vo-prevalets/ |
||
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20753 |
Quote Reply #666 Posted: 29-Apr-2021 at 11:58 | |
Investor: Total Logistic
Location: Ilinden, Skopje Surface Area: 1000 m2 https://eurovia.mk/works/construction-of-industrial-hall/ |
||
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20753 |
Quote Reply #667 Posted: 14-Jun-2021 at 12:05 | |
СИТЕ 13 СЛОБОДНИ ЗОНИ ВО ЗЕМЈАВА СЕ ИСКОРИСТЕНИ САМО 29 ОТСТО - државата нема да отвора нови, прво да се „наполнат“ постојните
Технолошко индустриската развојна зона Скопје 1, односно онаа во Бунарџик, има површина од 140 хектари, од кои корисна површина е 71 отсто. Површина издадена под закуп е 49 процентио, а процентот на искористеност е само 20 отсто. Додека, пак, слободната зона Скопје 2, има површина од 97 хектари, од кои корисна површина е 63 отсто, додека, пакл, од неа, издадени под закуп се 67 проценти. Процентот на искористенот е 34 отсто. Ова го покажува, мнеѓу другото, студијата што ја изработи Дирекцијата за ТИРЗ, за ефектите на дел од мерките за поттикнување на странски инвестиции. Зоната во Штип има 205 хектари, и корисна површина од 66 отсто, а издадена под закуп е само 11 проценти. Од нив, пак, процентот на искористеност е само 28 отсто. Всушност, оваа студија покажа дека во 13 те зони кои постојат на територијата на државава, многу од просторот внатре е неискористен. Активни се само седум зони, и тоа Скопје 1 и 2, Штип, Тетово, каде концесионер е Нормак, потоа Прилеп, Кичево, Струга и Струмица, додека неактивни се шест зонио, и тоа Гевгелија, Виница, Берово, Делчево, Ранковце и Радовиш. Вкупната површина на сите овие 13 зони е 826 хектари, од кои корисна површина е 66 отсто. Издадена површина под закуп е 31 отсто, а процентот на искористеност е 29 отсто. Тоа на државата и дава за право се повеќе да биде склона кон опцијата да не брза со отворање на нови зони, туку да се труди како да се искористи потенцијалот што постои внатре во зоните, а кој сега буквално зјае празен и неискористен. Ова го потврдува и првиот човек на Дирекцијата за ТИРЗ, Јово Деспотовски. „Од она што ни го покажа анализата, имаме доста голем потенцијал неискористен. Тоа значи дека и во оние зони, каде што на хартија имаме закупено голем процент од слободните парцели, а во рамки на самите парцели, искористеноста на парцелите е мала. Секој оној кој што има било каква допирна точчка со бизнисот во градежништвото, знае дека тоа е трошок. Значи, во нашава ситуација очигледно имаме доста голем број на парцели кои што се веќе дадени на користење, но не се доволно искористени. Наша цел ќе биде, согласно деловните планови кои компаниите ги имаат доставено, да следиме како тој капацитет ќе се реализира до крај. Доколку не се искористи целиот потенција, на крајот на денот тоа е ресурс со кој располага државата. Репарцијализирањето е секогаш опција. Тоа значи дека нема да влегуваме постојано во отворање на нови и нови зони, туку, ајде да видиме, тоа што веќе постои, каде што веќе имаме фрлено пари за вложување во инфраструктура, да можеме диополнително да го искористиме, плус да го извадиме максималниот приход од тоа што е веќе напаравено“, рече Јово Деспотовски, директор на Дирекцијата за ТИРЗ. Оваа студија, и даде неколку насоки на Дирекцијата за ТИРЗ, меѓу кои и таа дека треба да се искористи потенцијалот на постоечките зони. Односно, пристапот за привлекување на нови ДСИ треба да се осврне на вистинската потреба на корисникот и потенцијалот за разој, и на тој начин ТИРЗ да обезбеди адекватна распределба во согласност со планираниот развој на зоните, како и самата локација во зоната. Со ваков пристап, зоните може да обезбедат површина за поголем број на корисници на веќе изградената инфраструктура. Втора насока е развојот на ТИРЗ на целата територија на земјава да се реализира во фази кои треба да бидат организирани во согласност со постоечка патна инфраструктура, за да се обезбеди брз транспорт на луѓе и стоки. Со ваков пристап, ТИРЗ ќе има системски пристап за издавање земја под закуп, мал процент на слободна земја, како и котролирани вложувања во инфраструктура. Врз основа на искуствата во ТИРЗ и останатите слободни економски зони во регионот и пошироко, политиката на привлекување нови корисници треба да се надополни во корист на поголема јавна корист и тоа развој на дел од работната сила која се соочува со стагнација во личниот и професионален напредок во преработувачката индустрија и компатибилни со неа, паради неконкурентност на пазарот на труд; како и политика за развој на трговија во ТИРЗ помеѓу корисниците преку принципот за намалување на транспортни трошоци, конзистентност и навремена достава на стоки и услуги. Исто така, како една од насоките што е наведена во студијата, е механизам за елиминација, односно предвремено раскинување на договорите за закуп и останатите субвенции во случај на неисполнување на целите предвидени со државната стратегијата за економски развој и раст. А, како следни чекори, за кои веќе објави Фактор, се наведуваат креирање механизам за поттикнување на поголем искористеност на зоните надвор од Скопје; паметно вложување во инфраструктурата; како и поттикнување рамномерен развој, односно бенефит за сите граѓани. https://faktor.mk/site-13-slobodni-zoni-vo-zemjava-se-iskoristeni-samo-29-otsto---drzavata-nema-da-otvora-novi-prvo-da-se-napolnat-postojnite- |
||
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20753 |
Quote Reply #668 Posted: 17-Jul-2021 at 14:58 | |
Зголемена активност во ТИРЗ – за 6 месеци 105 милиони евра странски инвестиции со 1.850 работни места
Работењето во Технолошко-индустриските развојни зони бележи напредок, а само во првите шест месеци од годинава е остварена највисока економска активност, се пофали првиот човек на оваа институција Јован Деспотовски. Рече дека во овој период се склучени договори за нови странски инвестиции во вредност од 105 милиони евра, кои ќе отворат 1.850 нови работни места, истакна Деспотовски. Проекциите до крајот на мандатот се многу поголеми. „До крајот на овој мандат очекувам вкупен обем на нови инвестиции од една милијарда евра и дополнителни 14 илјади работни места. Ова не го кажуваме како пуста желба, ова го кажуваме врз база на фактот дека во моментов разговараме со 30 компании кои што планираат вкупен обем на инвестиции над 400 милиони евра и кои што веќе планираат 8.500 нови работни места“, истакна Јован Деспотовски. Деспотовски вели дека неодамна имал средби и со бизнис секторот, но и дека се прават и напори за инвестиции и во другите региони на државата. „Направивме анализа, односно вреднување, прв пат после 20 години на тоа колку реално вреди земјиштето со кое што располага државата во Технолошко-индустриските развојни зони кое што ни е една од алатките за поттикнување на рамномерен регионален развој. Она што е важно е дека сите инвеститори кои што сакаат да инвестираат во поголемите урбани средини, конкретно во Скопје ќе имаат помалку придобивки од државата, односно инвеститорите кои што ќе инвестираат во останатите средини“, посочи Јован Деспотовски. Што се однесува до 2020 година, Македонија има најголем пад на странски инвестиции во регионот, покажуваат податоците објавени од Конференцијата за трговија и развој на ОН. Странските инвестиции во регионот во 2020 година се намалиле за 14 отсто во однос на 2019 година, во Македонија падот бил скоро три пати поголем. Само Црна Гора успеала да ги зголеми странските инвестиции дури и во пандемијата. Во 2020-та Македонија имала 224 милиони долари странски инвестиции, што е најмалку во споредба со сите земји во регионот. https://mk.tv21.tv/zgolemena-aktivnost-vo-tirz-za-6-mesetsi-105-milioni-evra-stranski-investitsii-so-1-850-rabotni-mesta/ |
||
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20753 |
Quote Reply #669 Posted: 10-Sep-2021 at 17:11 | |
INDUSTRIAL HALL
Location: Skopje, North Macedonia Architects:Pro-Engineering, Tetovo Year: 2021 https://www.facebook.com/proengineering.mk/ |
||
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20753 |
Quote Reply #670 Posted: 14-Sep-2021 at 17:10 | |
Седум ТИРЗ зони сосема празни
Никој не инвестирал во ТИРЗ зоните во Берово, Делчево, Гевгелија, Виница, Ранковце, Радовиш и во третата зона во Скопје… Иако парцелите во скопскиот регион се 10 пати поскапи од тие во внатрешноста, а се добиваат и дополнителни поволности, странските инвеститори се одлучуваат за нив, поради близината на главниот град, аеродромот и автопатот. Дополнителен проблем сега веќе е и недостигот од работна сила, поради масовното иселување од помалите места, што, пак, е предизвикано од немањето инвестиции. Директорот на ТИРЗ решението го гледа во промената во размислувањето. Според анализите, тие кои инвестираат овде, поминале добро, оттаму и Македонија повеќе нема да се нуди како дестинација со евтина работна сила, туку како можност за заработка. Од почетокот на годинава, нема компанија која заминала од ТИРЗ, но се раскинати неколку договори за закуп на земјиште кои воопшто не беа почнати со инвестицијата. Деспотовски кој најави три нови странски инвестиции во зоните во Скопје, Штип и Кичево, убедува дека економијата ги надмина последиците од кризата и влегува во зона на пораст. https://telma.com.mk/2021/09/14/седум-тирз-зони-сосема-празни/ |
||
user8642
Senior Member Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2029 |
Quote Reply #671 Posted: 14-Sep-2021 at 20:42 | |
|
||
<Fresno>
Senior Member Joined: 13-Jun-2010 Online Status: Offline Posts: 1145 |
Quote Reply #672 Posted: 15-Sep-2021 at 11:17 | |
Решението го гледал во промена на размислувањето. Може Самак и Мизо да си ги земе да го поднаучат нешто.
|
||
axel
Senior Member Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
Quote Reply #673 Posted: 15-Sep-2021 at 16:08 | |
Jovan Despotovski e eden od retkite kadri na ovaa vlada sto vredi,samo ne mi e jasno kako Mizo ke go uci koga tokmu toj mizo privlekuvase investitori so dojdete vo Makedonija ima evtina rabotna sila skoro pa dzabe..
|
||
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20753 |
Quote Reply #674 Posted: 16-Sep-2021 at 17:17 | |
НОВА ИНВЕСТИЦИЈА ВО ЗОНАТА ВО САРАЈ „One cable“ произведува бакарни кабли и ПВЦ гранулат
Економската активност во земјава расте и во услови на пандемија, а приватните инвестиции, како оваа, се потврда за довербата што ја градиме со бизнис заедницата и за предвидливиот, стабилен деловен амбиент за вложувања, рече премиерот Зоран Заев по посетата на фабриката „One cable“ за производство на кабли во индустриската зона „Сарај“. „One cable“ произведува бакарни кабли и ПВЦ гранулат за електрична енергија со најмодерна технологија. Се работи за инвестиција од три милиони евра која моментно вработува 30 висококвалификувани кадри. Производите на компанијата се пласираат на домашниот пазар и во наколку земји од странство. – Оваа инвестиција, на „One cable“, е охрабрена токму од поддршката што ја дава Владата – подвлече премиерот. Со него на промоцијата на инвестицијата бea и првиот заменик-претседател и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, министрите Фатмир Бесими и Крешник Бектеши, градоначалниците Петре Шилегов и Блерим Беџети. Пред присутните се обрати и лидерот на ДУИ, Али Ахмети. https://plusinfo.mk/nova-investici-a-vo-zonata-vo-sara-one-cable-proizveduva-bakarni-kabli-i-pvc-granulat/ Edited by stef4o - 16-Sep-2021 at 17:17 |
||
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20753 |
Quote Reply #675 Posted: 16-Sep-2021 at 17:19 | |
<Fresno>
Senior Member Joined: 13-Jun-2010 Online Status: Offline Posts: 1145 |
Quote Reply #676 Posted: 16-Sep-2021 at 22:56 | |
Нема човекот искуство во реален бизнис сектор, а со ФИТР одлично се покажа за пумпање на секакви фирми. И да, ефтина работна сила ќе ни биде предност, сакале или не, се додека имаме пониска просечна плата од било кој во Европа. Али еве, нова фабрика за кабли, може 1500 ќе биде плата. |
||
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20753 |
Quote Reply #677 Posted: 06-Jan-2022 at 18:21 | |
Veles Municipality
Coming Soon… GAN LOGISTIC https://www.facebook.com/nbcompany.mk/videos/1139191476840613 |
||
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15235 |
Quote Reply #678 Posted: 24-Jan-2022 at 14:25 | |
https://nezavisen.mk/bitolskite-pozharnikari-kako-akrobati-pri-gasnenjeto-na-pozharot-vo-zhito-bitola/ Edited by Џоле - 24-Jan-2022 at 14:26 |
||
За сè има вторпат
|
||
MKDSTRUGA
Senior Member Joined: 20-Jun-2018 Online Status: Offline Posts: 460 |
Quote Reply #679 Posted: 24-Jan-2022 at 15:27 | |
Dali nekoj ima info za aktivnostite vo industriskata zona ili dry dock najaven kako strateska investicija vo blizina na Negotino?
|
||
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20753 |
Quote Reply #680 Posted: 20-Apr-2022 at 15:12 | |
Almero Gostivar производство на душеци,веројатно нов капацитет за нивните потреби
https://www.facebook.com/profile.php?id=100060182417831 |
||
Carpe diem
|
||
Post Reply | Page <1 32333435> |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |