Нуклеарна електрана? |
Post Reply | Page <1234 18> |
Author | |||
lslcrew
Senior Member Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
Quote Reply #21 Posted: 17-Dec-2008 at 20:45 | ||
Сега малку сакам да побијам некои аргументи на Андреј. Ја повеќе се залагам за изградба на домашна нуклеарна централа.
-Црна Река е сосема доволна за разладување на некои помали реактори. Нрмално ние не би граделе 900 гигаватни реактори па да треба амазон да ги лади. Вардар е повеќе од доволен за разладување на помали нуклеарни централи. А барањето локација несмее да ни биде проблем. Со ваков рењеф Македонија, убеден сум дека има барем 10-тина перфектни локации за мини нуклеарки. -И Бугарија некогаш била дебитант у ова и традицијата не смее да биде репер. Мора некогаш да се почне. А за кадаро и воопшто не е тешко да се набави кадар. Ја незнам зашто па толку инсистирате тоа да биде некој наш граѓанин кој ќе биде стипендиран. Може да се најде кадар од странство и да зема добра плата што ќе го задржи тука. Па зарем малку луќе работат у странство. Некогаш и македонските лекари се школуваа по белград, загреб, па дали тоа било причина Македонија на нема здравствен систем. -Од каде си сигурен дека ќе се користи бугарски уран. И да се користи тоа мора да се преработи некаде у странство каде што има ацелератори (некој вид на железари за уран). Не е тоа песок, па црпи турај. Нити па нешто нашиот посебно ќе го заштеди. -Прашањето со отпадот се решава на глобален план многу лесно. Во козлодуј складот е привремен. Трајните скалдови се скапи за изработка и лидер во тоа е Франција која што по прилично пристапни цени складира туѓ отпад. Бугарија и Југославија порано на пример складираа отпад во СССР. Што се однесува до хаварија. Хаварија во Бугарија е исто како да се деси хаварија и дома. Кога пукна Чернобил (единствен случај) последици се осетија у Шведска прво и после по цела европа. Така да тоа не не прави посигурни. Инаку совет за безбедност при ООН ги одобрува ваквите централи затоа што последици евентуални се широки, а не само во рамките на својата држава. Башка хаварија не се случува туку тука како што се мисли меѓу народов наш. У чернобил се деси од невнимание, што може да се деси у секоја држава. Инаку има редовни контроли од светски организации што пак дава објективен увид во состојбата на реакторот. Влошувањето на односите е традиција на балканот. Но не е само тоа аргумент. Пред шеесетина години се дешаваше масовна национализација. Незнам дали сте знаеле ама во кралсак Југославија голем дел од нашите патишта и пруги се направени со модел на концесии на 99 години нешто слично на ова сега. И што за само 20-тина години све беше национализирано и никој не го гарантираше имотот на тие концесионери. Инаку менувањето на границите на баканот не е ништо чудно, така да ако оваа држава се грижи за своите граќани тогаш треба ваквите капацитети да ги гради што поблиску до своите граѓани како пеи евентуално политички блокади сепак струјата остане за овие граќани кои што со свои пари ја плаќале изградбата. Така да овие меќународни организации може да клапнат преку ноќ и нека не ви биде тоа многу репер дека некој ќе ни гарантирал. Додека сум на Балканов мора и малце селски да размислам зашто сепак тој од другата страна размислуваептен селски. Страв лозје чува. Ја не би дал ќеш пара 400 милиони туку така. Значи да сумирам... Против сум Македонија да се вклучува во проектот. Сметам дека сите апатични изјави дека не не бива не се воопшто точни. Edited by lslcrew - 17-Dec-2008 at 20:46 |
|||
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply #22 Posted: 17-Dec-2008 at 21:21 | ||
lsl, хаварија во нуклеарна централа може да биде од најразличен степен, не може само Чернобил да го земаш како пример. Релативно „често“ се случуваат хаварии кои прават значителна контаминација локално каде што се централите, така да воопшто не е исто дали потенцијалниот извор е во Белене, или во Мариово, или во централна Македонија.
Друга работа - кога Бугарија почнувала на ова поле во енергетиката (захтевно во секој поглед) зад нејзе во секој поглед стоел СССР и планското стопанство на СЕВ. Уште една битна работа... Нуклеарните централи се големи проекти кои бараат не само критична маса на нуклеарно гориво, туку и критична маса на разноразни општествени ресурси. Не велам дека не можеме да ги создадеме, но тоа ќе кошта, а и прашање е што е поисплатливо - по секоја цена да градиме помала (со тоа понеисплатлива) домашна нуклеарна централа, или да се обидеме да се договориме со Бугарите и да добиеме солидна понуда, затоа што Белене сигурно прави многу поголема економска логика него тоа што би го граделе ние, па со самото тоа има и доволно простор за добар договор на обострано задоволство, се разбира ако се има добра воља од двете страни. Конечно, не би ја споредувал национализацијата со оваа ситуација. Ова би било регулирано со толку многу меѓудржавни договори и со толку многу меѓународни гаранти, што доколку некогаш Бугарите добијат желба да прават злоупотреби, тоа веројатно многукратно би си го наплатиле преку отштети. Јас мислам дека нашето евентуално учество дури и ќе придонесе за подобрување на меѓудржавните односи и поблиски економски врски. Единствено може некои нивни националистички дебили да мудруваат по разни интернет форуми дека без „мајка б`лгарија“ ќе сме живееле во мрак, ама „мудростите“ на таквите типови воопшто не ме засегаат... Edited by Cloverstack - 17-Dec-2008 at 21:23 |
|||
lslcrew
Senior Member Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
Quote Reply #23 Posted: 17-Dec-2008 at 21:24 | ||
Оставам времето да ме разубеди, само да не излезе обратно...... Но сепак да има референдум ќе гласам против!
|
|||
pbanks
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
Quote Reply #24 Posted: 17-Dec-2008 at 21:31 | ||
Не сум стручен за колку вода е потребно за ладење нуклеарни реактори но сметам дека нашата хидролошка состоба воопшто не е поволна иако обожаваме да говориме дека сме земја богата со води. Би сакал да видам некакви проекции за нашите води во иднина за да оформам поубава слика за тоа.
Измеша баби и жаби. Како прво Бугарија кога го кршела мразот беше дел од еден блок каде се форсираше тој тип енергија и каде што постоеше јасна агенда за ова. Со други зборови тие имаа многу силен спонзор на полето на нуклеарна енергија додека нас тоа денеска дури и да измолиме некого да ни го предаде знаењето ќе не чини премногу пари и не верувам дека ќе биде физибилно. Дополнително Бугарија беше позната во источниот блок па дури на некој начин и форсирана како земја за високи технологии. Бугарија до скоро а можеби и сеуште е нација со најголем број на доктори на науки на жител. Со состојбата на нашиот едукативен систем денеска мене ми е страв да отидам на доктор па каму ли да му верувам на некој недоделкан да управува со нуклеарен реактор на 100км од мене. Уште ко ќе се почне со партиски вработувања..............
Зошто непотребно мешаш апатија? Како прво треба да сме реални, да се биде реален не е исто што и да се биде апатичен... Како второ треба да имаме 'cost-benefit' анализа? Имаме ли таква? Да повторам ние неможе да имаме и нуклеарни инженери, и производители на ракети, и фабрики за хемиско оружје, и дизајнери на чипови..... Треба рационално да ги искористиме и усмериме ресурсите, и материјалните и човечките. Образовно не треба да се расплинуваме на сите страни туку треба да имаме фокус. |
|||
lslcrew
Senior Member Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
Quote Reply #25 Posted: 17-Dec-2008 at 21:44 | ||
Ќе идам од назад. Ја убаво реков дека не треба да имаме нуклеарни екперти него да си платиме стручњаци од странство. Не реков дека предуслов за нуклеарка е да имаме катедра за нуклеарна физика.
Апатијата е сосема на место. Еве дури и ти ја имаш малку кога велиш партиски вработувања. Таквите вработуувања се типични за овој временски период. Тоа ќе се смени додека ние да изградиме реактор. Не е тоа нешто вечно. Што се однесува до кост-бенефит анализа, ја никаде немам видено дека е направена таква анализа за белени и дека ни се исплати учество. Воопшто и немаме некоја енергетска стратегија. |
|||
pbanks
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
Quote Reply #26 Posted: 17-Dec-2008 at 22:04 | ||
Жити се... Ем дома сите се вработивме ем имаме вишок пари па ќе увезуваме кадар па уште и скап.
Многу убаво го кажа.... Тоа ќе се смени кога ќе изградиме ние реактор Значи никад.... |
|||
Vladimir P
Senior Member Joined: 06-Apr-2008 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 3304 |
Quote Reply #27 Posted: 17-Dec-2008 at 22:36 | ||
По мене дебело треба да се размисли за улог во Бугарија, со векови овој Балкан е „буре барут“, незнам колку сте запознаети со ситуацијата Кршко, стани-пани, помеѓу две балкански држави.
Да сме комшии со некој скандинавци да дигнам четири прста, бидејќи ни гори под нозе. Но, во оваа околија останува само да се ослониме сами на себе (сиве овие децении, горко го искусивме комшилукот а и пошироко на свој грб). Каде можда е решението, - градење на зацртаните проекти. - буквално поволни концесии и олеснувања за мали централи. - одложени кредити* и ослободување од данок и царина за индивидуални. - одложени кредити* и ослободување од данок и царина за соларни колектори. - одложени кредити* и ослободување од данок и царина за солар-електрични панели. - одложени кредити* и ослободување од данок и царина за индивидуални ветерници. - одложени кредити* и ослободување од данок и царина за изолациони материјали. - одложени кредити* и ослободување од данок и царина за биогас на фарми. - ослободување од данок и царина за штедливи светла и забрана за увоз на класични сиалици од сите видови од палетата на широка употреба. * Кредити со нормални камати Ова веќе многу земји го уведова, задна беше Шпанија, која за неколку години нарасна до таму да веќе сака да ги намали бенефициите Како заклучок од ова мое скромно размислување; и до сега сме биле под разни рестрикции, па уште 2-4 год, и тоа мислам дека можеме да го надминеме, и полека да станеме земја со алтернативни извори, и вложувања во себе и во оваа наша држава. |
|||
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ |
|||
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply #28 Posted: 17-Dec-2008 at 22:44 | ||
Не дека нема ризик да се инвестира вака во друга земја, но тој ризик реално е мал и треба да го ставиме во перспектива на сите други аргументи за и против.
Инаку аналогијата со Кршко мислам не е баш најдобра, затоа што таму уште во почеток немаше чиста ситуација, па се јавија проблеми подоцна. За моменталната ситуација не сум запознаен, но немам слушнато за проблеми во последно време... А ние доколку се впуштаме во Белене, ќе треба јасно и прецизно да ги договориме сите аспекти и да обезбедиме најцврсти можни гаранти и механизми за заштита, тоа мислам се подразбира. Тоа е она што го мислам во однос на Белене, инаку потполно ги подржувам правците што ги предлагаш, независно од тоа што сум помал скептик во однос на бугарската нуклеарка. Треба добро да се извага... А токму тоа ми беше поентата прееска - за жал предолго спиевме па сега не знам колку време имаме за добри анализи и тактизирање... Edited by Cloverstack - 17-Dec-2008 at 22:46 |
|||
pbanks
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
Quote Reply #29 Posted: 17-Dec-2008 at 22:46 | ||
Дефинитивно мислам дека за сите нас кои ја подржуваме идејата за влез во Белене се подразбира дека мора да има максимално јасен договор и гаранции. Доколку не е се максимално јасно и чисто и јас би бил против. |
|||
Andrej_LJ
Senior Member Joined: 20-Oct-2008 Location: Ljubljana Online Status: Offline Posts: 2954 |
Quote Reply #30 Posted: 17-Dec-2008 at 22:51 | ||
-Воден потенциал- прво не се согласувам дека имаме некакви погодни реки за евентуална НЕК. Дури и Вардар нема постојан водотек а камо ли извор како Црна Река. Проблемот не е само да се разлади реакторот. На рекиште како што е Сава е поставена НЕК Кршко. После електраната температурата на водата е просечно зголемена за 3-5 С степени. Следствно некои врсти животни и растенија исчезнале а Загреб, град на 50 км од Кршко оттогаш се соочува со константни магли. Ајде посочи ни 3 а не 10 погодни локации за НЕК во РМ.
-Бугарија во енергетиката ите како е репер. Козлодуј функционира од далечната 1967 година, најголема НЕК на овие простори. Изградена е со огромната помош на СССР во секој поглед. Бугарија е земја која во цела источна Европа произведува најмногу ел. енергија по глава на жител. Поседува најголема ТЕЦ на Балканот (ТЕЦ-ови Мини Марица Изток-Стара Загора) и најголема рафинерија (НЕФТОХИМ-Буграс). -Бугарски уран ќе се употребува, така стои во проектот. Веќе секористи и во Козлодуј и системот со прочистување очигледно веќе е разработен. Зошто ние се сакаме на ново и од почеток даизмислиме не ми е јасно. -Складот во Козлодуј е предвиден и за Белене, така што се води за задоволливо решение. Зошто да плаќаме рента за француски складишта (тука доаѓа елементот на транспорт на отпадот, кој често пати е многу ризичен и попречуван од Грин Пис етц), кога можеме буквално скоро бесплатно да го користиме овој. -Чернобил никој не го води како човечка грешка...Незнам од каде ти е овој податок. Главна причина е недостатоци во изградбата на блокот, кој морало да се изгради предвреме за некоја комунистичка свеченост. Шведска ите како прва не ги почуствува последиците од хаваријата, тие само први обзнанија на светот за случајот. Киев и Минск се најзасегнатите. Така да елементот Локација ите како не ти држи. -НЕК бара огромен број на ангажирани и ресурси како што беше кажано горе. Во НЕК Козлодуј директно работеа над 8 000 луѓе. Целиот град е изграден само заради електраната. Еве да речеме дека сакаме во Мариово да градиме мала електрана во која биработеле 2 000 луѓе. Тоа значи дека најмалку 8 000 луѓе (вработените и нивните семејства) треба да бидат сместени во нов град Мариовград Каде е тука инфраструктурата во тие планини? -Зошто да го упропастуваме најнедопреното парче на Македонија со ваков ризичен проект? -Образованието ни е дефинитивно слаба страна. Обука на овој кадар не е како на Правен факултет, принцип табла и креда. Покрај се останато, бара градба на сопствен мал реактор за експериментални цели. Вакви на Балканот колку што знам има два, Винча во Србија (кој е затворен и со него беа поврзани скандалите со крадењето на нуклеарно гориво-видете сами колку треба да се има строга контрола над сето ова) и еден во Софија. Нуклеарна енергија е еден од 10те најголеми дострели на човештвото досега и затоа да не се залажуваме дека секоја држава е способна за изведување на овој проект. Иначе просто досега големи и моќни држави како Грција, Турција итн ќе ја имаа. |
|||
Vladimir P
Senior Member Joined: 06-Apr-2008 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 3304 |
Quote Reply #31 Posted: 17-Dec-2008 at 22:52 | ||
@ Cloverstack, @ pbanks
Превише сме изгорени, па сега дувам-е и на макеница, Edited by Vladimir P - 17-Dec-2008 at 22:58 |
|||
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ |
|||
Andrej_LJ
Senior Member Joined: 20-Oct-2008 Location: Ljubljana Online Status: Offline Posts: 2954 |
Quote Reply #32 Posted: 17-Dec-2008 at 23:01 | ||
Логикава за Буре Барут воопшто не ми се чини правилна. Веќе Блаканот се стабилизира, се модернизира, се отвара...Глобализација. Не е исто како што беше пред еден век. Ние немаме (и никој нема и не треба да има) сили се сами да си правиме. Тој начин на мислење води до изолација и стагнација. По твоја логика Владимир ние требаше да размислиме и за изградба на автопатот Скопје-Тетово-Гостивар кој за време на војната можеше да биде уништен или не дај Боже одземен. Многу јасно дека целосно и детално би биле зацртани сите права и обврски на двете страни на проектот. Потоа изворите на обновлива енергија не се целосно и задоволувачко решение. Со соларни панели нема да ја напојуваме Железара, а и да можеме, пак нема да биде посиплатливо од НЕК.
Кршко во ниеден момент немал никакви суштествени проблеми, беше предмет на технички разговори меѓу две земји кои настанаа од една. Токму Кршко е репер за ваков начин на соработка меѓу соседите. |
|||
lslcrew
Senior Member Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
Quote Reply #33 Posted: 17-Dec-2008 at 23:02 | ||
http://en.wikipedia.org/wiki/List_of_nuclear_reactors Еве ви само за споредба да видите колку централи има низ свет. Отворете некоја рандом и видете у која вукојебина е забутана и што ја лади. Македонија може да изгради сама мал реактор. Реактор со моќност многу помала од Белене. Башка никој не рече дека мора у мариово да биде. Еве ја брегалница, ене ја пчиња. Тоа се празни бришани простори.
|
|||
Andrej_LJ
Senior Member Joined: 20-Oct-2008 Location: Ljubljana Online Status: Offline Posts: 2954 |
Quote Reply #34 Posted: 17-Dec-2008 at 23:11 | ||
Брегалница и Пчиња ПРЕСУШУВААТ во летниот период. Што тогаш? Еве ти Кршко е многу мала електрана 670 MWe PWR (скоро 1/10 од Козлодуј 6000 MWe PWR) и пак предизвикува еколошки проблеми, дури и на река Сава. Мариово неколку пати е спомнуван од домашната експертска јавност. Јас мислам да си знаеме сепак колку ни е чергата и да се вратиме на земја. Второ во овој кризен период кој би ти дал кредит од милијарда или повеќе евра, при услови што во соседството се градат повеќе НЕК (во Грција, Турција, Бугарија и Романија) кои целосно ќе ги задоволат долгорочните потреби на Балканот?
|
|||
UrbanFreak
Senior Member Joined: 28-Oct-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1732 |
Quote Reply #35 Posted: 17-Dec-2008 at 23:21 | ||
100% ја поддржувам идејата дека треба Македонија да учествува во изградбата на Белане, но се плашам дека за тоа е веќе предоцна, поради веќе дефинираната финансиска конструкција на проектов. Бугарите со години ги молеа соседните држави да се вклучат, ние бевме глуви.
За аргументите за учествонемам повеќе што да додадам. Андреј, Кловер и ПБанкс опширно образложија, само ќе напоменам дека 2 пати годишно во РЕК Битола имаме хаварија од посериозни размери. Несакам ни да помислам да живеам на 100км од НЕК која е раководена од бахати политички полтрони, со желба да наместат тендер за резервни делови на свои роднини и пријатели. |
|||
pbanks
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
Quote Reply #36 Posted: 18-Dec-2008 at 14:33 | ||
Flow, m3/s = 0.9 * Mwe / ΔT
Ова е формулата која ја ископav за количеството на вода потребно да проаѓа низ нуклеарниот реактор за тековна работа каде Mwe е моќноста а ΔT е диференцијалната разлика помеѓу температурата на влезната и излезната вода (во Фаренхајти). Гледав примери со 30F и 20F (очигледно и логично се оди кон намалување на диференцијалната разлика). Ако идеме со 20F (што би дошло ~11C) и блок со моќност од 1000Mw добиваме дека е потребно 45м3 вода во секунда за тековно работење на централата. Значи без дополнителни потреби, мини хаварии кои се тековна работи и кога се потребни и поголеми количества на вода. Просечниот проток на Вардар е 174м3/с. Тоа значи дека барем 6-7 месеци во годината тој е многу многу помал. Ако одиме со просечниот проток тоа значи дека e потребна ~1/4 од водата на реката за тековна работа на централата. Што правиме при мини хаварии? Што правиме при поголеми хаварии? Што правиме при низок водостој? Централанта нема да може фактички да работи барем 4-5 месеци годишно. Секако конкретниот проток на некоја локација во Гевгелиско или во Неготинско е поголем од просечниот но сепак Вардар раскрстува со најголемите притоки до Градско. Летно време не верувам дека и таму има спектакуларен проток на вода. Се на се работата со водите воопшто не е поволно особено како што реков што немаме на располагање за дискусијава ниту точна проекција за хидролошката состојба на вардарскиот слив во иднина која сигурно не е премногу поволна. |
|||
lslcrew
Senior Member Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
Quote Reply #37 Posted: 18-Dec-2008 at 17:58 | ||
Па тогаш може да се направи непосредно после акумулација.
едит: Уствари па што тресам и ја. Исто си е секаде после акумулацијата. Ми беше зборот може една од акумулациите на погорниот тек, освен што ќе се користи за ХЕ да се користи и за контрола на доток на вода за ладење. Според равенкава ние слободно можеме да градиме и на Бабуна, како река со не така мал водотек и прилично грч вода која што ќе ја стоплуваме до поголем степен. Тоа може да биде непосредно пред да навлезе реката во топлите краеви односно ефектот од стоплувањето да биде осетен на што помалку кимлометри од текот. Edited by lslcrew - 18-Dec-2008 at 18:09 |
|||
La Linea
Senior Member Joined: 07-Nov-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2067 |
Quote Reply #38 Posted: 18-Dec-2008 at 22:55 | ||
Сакал некој да прифати или не, Белене е најпаметното решение и единствената реална опција.
Лсл, не можам да верувам дека Македонија, која не може да реализира проекти како Чебрен и Галиште би можела да реализира една нуклеарна централа, макар и најмалата. И дај ви се молам, време е да мрднеме од балканскиот менталитет и да прекинеме да живееме во сомнеж и страв од соседите. Токму таквото размислување ги подгрева тензиите. Јас давам 100% поддршка на овој проект, ако сеуште можеме да го фатиме возот. |
|||
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
|||
lslcrew
Senior Member Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
Quote Reply #39 Posted: 19-Dec-2008 at 00:20 | ||
Кој вика дека неможеме да ги реализираме давата ХЕ. Ете во фаза на реализација се. Може би поспоро но се иде кон решение. А токму балканскиот менталитет ме тера да размислам малку посељачки, а не слободно, пошто знам дека некој од другата страна размислува крајно нецивилизирано. Не може у "знак на добрососедски односи" да ги лупнеме 400 милиони. Може нема да се соочиме со секнување, ама уцени ќе трпиме, тоа е факт. Имаме толку неискористени обновливи потенцијали, а ние ќе идеме на тапа решение, ако може друг да ни мисли.
|
|||
La Linea
Senior Member Joined: 07-Nov-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2067 |
Quote Reply #40 Posted: 19-Dec-2008 at 00:31 | ||
Проблемот е во тоа што ситуацијата е таква што, нема време сега да почнуваме од нула. Затоа мора да „ризикуваме“ и да се приклучиме на Белене, додека паралелно ќе се прават други инвестиции во енергетиката, со цел да бидеме подготвени за ситуацијата од која ти се плашиш. Тврдам дека Македонија сеуште нема капацитет да се впушта во вакви проекти, со оглед на тоа што не можеме да одржуваме една РЕК Битола како што треба, а не пак нуклеарна централа. Да не збориме и за отпорот на кој ќе наиде таквата идеја со оглед на менталитетот на луѓето кои би биле во непосредна близина на нуклеарната централа, па и пошироко. Кај нас, ваков проект од многу аспекти е осуден на пропаст.
|
|||
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
|||
Post Reply | Page <1234 18> |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |