build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Урбанистички целини
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Дали ќе се руши „Скопје 2014“?

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
mkdgoran View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 30-Sep-2020
Online Status: Offline
Posts: 2
  Quote mkdgoran Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Дали ќе се руши „Скопје 2014“?
    Posted: 30-Sep-2020 at 04:01
1. Дали ќе се руши или ревизира Скопје 2014, и кое е вашето мислење за Скопје 2014?
2.Кој архитектонски стил би требало да го користи Скопје за да изгледа како еден европски град и метропола?

Edited by mkdgoran - 30-Sep-2020 at 04:03
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20753
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 30-Sep-2020 at 06:42
Не е време за дискусии и мислења, туку за уривање дивоградби – сметаат архитектите



https://telma.com.mk/2020/09/29/не-е-време-за-дискусии-и-мислења-туку-з/
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 926
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 30-Sep-2020 at 11:29
Originally posted by mkdgoran

1. Дали ќе се руши или ревизира Скопје 2014, и кое е вашето мислење за Скопје 2014?
2.Кој архитектонски стил би требало да го користи Скопје за да изгледа како еден европски град и метропола?


1. Има работи кои треба да се дислоцираат, но се' она кое е завршено со градба, сега воопшто не е ни приоритет, а можеби е и прашање дали треба да се руши.
2. Скопје има многу проблеми за да може да размислува за вакви теми за кои потребно е да се имаат премногу пари за да нешто излезе од вакви размислувања (се' уште гледаме што излезе од такво фрлање пари баш за овој проект...).
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20753
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 30-Sep-2020 at 11:44
Originally posted by mkdgoran

1. Дали ќе се руши или ревизира Скопје 2014, и кое е вашето мислење за Скопје 2014?
2.Кој архитектонски стил би требало да го користи Скопје за да изгледа како еден европски град и метропола?


1.Освен галиите кои се опасност при надоаѓање на Вардар и споменикот на Мајка Тереза кој е буквално насаден среде улица друго не би требало и не е приоритетно да се чепка туку треба тековно да си се одржува а треба да се стави фокус на недовршените градби кои ги има 6-7 во строг центар и истите што поскоро да се довршат.

2.Доста тешко прашање,веќе е настанат микс од се и сешто низ градот до стаклени фасади ставан барок и многу други комбинации кои веќе го имаат изнесено градот во лоша насока и потребни се доста средства да се уреди некој добар модерен блок(незнам што планираат кај Холидеј Ин) а останатите населби се поприлично уништени од евтини и некреативни решенија и пренатрупани со згради.За Ново Маало,Расадник и Крњево има некоја шанса но чинам ќе се сведат на многу 7 катници и ништо повеќе.
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 926
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 30-Sep-2020 at 15:22
Originally posted by stef4o

Originally posted by mkdgoran

1. Дали ќе се руши или ревизира Скопје 2014, и кое е вашето мислење за Скопје 2014?
2.Кој архитектонски стил би требало да го користи Скопје за да изгледа како еден европски град и метропола?


1.Освен галиите кои се опасност при надоаѓање на Вардар и споменикот на Мајка Тереза кој е буквално насаден среде улица друго не би требало и не е приоритетно да се чепка туку треба тековно да си се одржува а треба да се стави фокус на недовршените градби кои ги има 6-7 во строг центар и истите што поскоро да се довршат.

2.Доста тешко прашање,веќе е настанат микс од се и сешто низ градот до стаклени фасади ставан барок и многу други комбинации кои веќе го имаат изнесено градот во лоша насока и потребни се доста средства да се уреди некој добар модерен блок(незнам што планираат кај Холидеј Ин) а останатите населби се поприлично уништени од евтини и некреативни решенија и пренатрупани со згради.За Ново Маало,Расадник и Крњево има некоја шанса но чинам ќе се сведат на многу 7 катници и ништо повеќе.

Да бидеме реални, за ништо нема шанса. Градов нема дефиниран архитектонски стил или архитектонски стилови, ниту во догледно време ќе има. Во Ново Маало, Расадник и Крњево единствениот архитектонски стил ќе биде профит.
Back to Top
JovanOdGjorche View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Oct-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 516
  Quote JovanOdGjorche Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 30-Sep-2020 at 16:00
Originally posted by mkdgoran

1. Дали ќе се руши или ревизира Скопје 2014, и кое е вашето мислење за Скопје 2014?
2.Кој архитектонски стил би требало да го користи Скопје за да изгледа како еден европски град и метропола?


1. Скопје 2014 има и негативни и позитивни страни. Позитивни се тоа што до некаде се стави крај на „јавниот криминал“ со плаќањето кирии од страна на јавните институции/министерства со тоа што добија свои објекти. Исто така морам да кажам и дека музеите се добредојдени иако кај некои си постои криминал со тоа што не е добро извршена градбата (поплавените подруми на Археолошки и како и Театарот). За непотребни проекти би ги избрал галиите и споменикот на Мајка Тереза а за дислокација можам само за Цар Самоил да се согласам да се прати за Охрид кај Тврдината.

Скопје пред да се одлучи за стил првин нека го заврши тоа што е почнато. Нека се довршат фасадите, како сакаат нека ги направат само да не е гипсот кој се лепи на секоја зграда во земјава. Исто така нека се погрижат аа испуканите плочи на секој чекор и нека ги одржуваат спомениците како што треба, како што се: споменикот на Александар Македонски, Портата (ако не ја срушат) и сите кои ќе влезат како „прифатливи“ во ревизијата на историјата која ќе ја гледаме во иднина.

Edited by JovanOdGjorche - 30-Sep-2020 at 16:01
And something, somewhere was lost in 1938...
Back to Top
Dzeksi View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Apr-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 413
  Quote Dzeksi Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 30-Sep-2020 at 18:14
Па кога немаат креатива ќе рушат гревчињата тешко за државичево наше
Back to Top
Marxentric View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Apr-2020
Location: Paionia
Online Status: Offline
Posts: 334
  Quote Marxentric Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 30-Sep-2020 at 19:00
Чудно како за изродов споменици и капии (макар и дивоградби) му се ужасни злостори, а не му е ужасно она што Грците го правеле на соселаните на неговите предци пред 100 години. Не му е ужасно тоа што изјави дека ние сме создадени од Тито и треба да му сме благодарни за тоа, или па кога истресе дека 16-кракото сонце нема ништо со нашиот идентитет, туку е грда кражба. Но за волја на вистината, црепов го дизајнираше новото знаме кое повторно беше асоцирано со сонце, но изгледа не бил упознаен дека македонските цркви се исцртани со вековно стари сонца и тоа не само 16-краки, туку и 8-краки, така да очигледно тој е оној што направил грда кражба, па после се афирмирал како некој архитект или дизајнер, а всушност е една болна особа, која плаче да биде сместена во ментална установа.
Back to Top
mkdgoran View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 30-Sep-2020
Online Status: Offline
Posts: 2
  Quote mkdgoran Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 30-Sep-2020 at 23:37
Потполно се согласувам и се надевам што поскоро ќе ги урнат сите дивоградбни. Но во Македонија има премногу станови и куќи кој се дивоградби, кој се градени нелегално и потоа истите се продаваат, дали мислиш дека и тие треба да се уриваат и како би ги урнале тие објекти?

Иако најверојатно нема да се уриваат станови и куќи!
Back to Top
 Post Reply Post Reply

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.474 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.