Маџир Маало |
Post Reply | Page <1 1112131415> |
Author | |
Théoden
Senior Member Joined: 31-May-2018 Location: Р. Македонија Online Status: Offline Posts: 564 |
Quote Reply #241 Posted: 26-Nov-2019 at 12:18 |
Не се 30. Повеќе се. Половина од маркичките за станбени згради од претходниот ДУП со ознака А2 сега се сменети во Б5. И мене ми нема никаква логика, веројатно има некоја заткулисна игра. Веројатно е само мачкање очи пред јавноста, демек еве, граѓаните сами си сакаат станбени згради. Или пак можеби е обид да се заштити дел од овој четврт од градежната експанзија, знаејќи дека нема да се најдат многу инвеститори, па во некој иден ДУП во некои подобри времиња да се пренамени земјиштето. Секако, ова второто ми е доста наивно.
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20760 |
Quote Reply #242 Posted: 26-Nov-2019 at 13:07 |
Длабоко сум убеден дека ќе одат на варијанта дека граѓаните инсистирале да се градат станбени згради и маркиците пак ќе ги вратат на А2. Можеби се крие и некоја друга игра но мислам дека сепак се сведува на мачкање очи. Реално целиот процес на мораториум не донесе драстични промени туку само привремено ја сопре градежната експанзија која за некој месец повторно ќе продолжи.
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20760 |
Quote Reply #243 Posted: 26-Nov-2019 at 15:59 |
56 ХОТЕЛИ И 52 ЗГРАДИ ПРЕДВИДЕНИ ВО ПРЕДЛОЖЕНИОТ ДУП ЗА СКОПСКО МАЏИР МААЛО, РОКОТ ЗА ЗАБЕЛЕШКИ ИСТЕКУВА ДЕНЕСКА
Во Деталниот урбанистички план за скопската населба Маџир Маало, кој се наоѓа во фаза на анкета и јавна презентација, предвидено е да се градат 56 хотелски комплекси и 52 згради за станбено домување, вели архитектката Кристина Богеска, жител на Маџир Маало. Жителите кои се против предложениот план се организираат, во месната заедница има список за потписи, а рокот за поднесување забелешки и анкетни листови истекува денеска. Не се задоволни што без претходно никаква анкета спроведена меѓу нив, според предлогот е предвидено да има повеќе хотели отколку станбени објекти за домување. Не се задоволни ниту со изградба на булеварот Крушевска Република и на нов мост, кои се предвидени со Генералниот урбанистички план. „Со ГУП-от е предвиден и булеварот Крушевска Република за кој се предвидува поделба на маалото на два дела и рушење на многу голем број на куќи и дислокација на овие жители. На растојание од 700 метри помеѓу два моста се предвидува уште еден булевар и мост. Предвидениот булевар би бил оддалечен само 350 метри од веќе постоечкиот булевар Крсте Петков Мисирков и мост (западно од маалото) и 350 метри од веќе постоечката улица Беласица и мост (источно од маалото)“, вели Богеска. Презентацијата на ДУП-овите за Маџир Маало 01 и Маџир Маало 02 беше во општинската барака 6 на 20 ноември, и жителите велат дека една недела е премалку за поднесување забелешки. Жителите не се задоволни и што во предложениот ДУП нема предвидено ниту доволно зеленило и велат дека на плановите се сечат скоро сите веќе постоечки дрва. Се предвидуваат само 6 парцели со намена парковско зеленило или вкупно 0.26% од целата површина, што според нив е многу малку. „Според различни испитувања, Скопје има 5.051.807 м2 зелена површина или 12,07 м2 по жител, што е двојно помалку од европските препораки за 25 м2. Премалку за урбана средина што постојано се развива, се гради, се дообликува и се изменува. Ова се бројки без Водно и вонградското зеленило. Според пописот од 2002 година, евидентирани се 7,66 м2 зеленило по жител“, вели Богеска. Од Општина Центар велат дека ќе земат предвид забелешките на граѓаните. Оттаму очекуваат конкретни заклучоци за месец и половина. „Во анкетните листови што ги гледаме, има луѓе што сакаат да имаат деловна намена, има и луѓе што сакаат станбена. Сега ќе гледаме ние согласно Генералниот урбанистички план да се усогласиме, така да не е само реакцијата дека некои се против, туку има и луѓе што се за и затоа треба да го извлечеме најдоброто за сите“, изјави во петокот градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ. https://sdk.mk/index.php/sakam-zeleno/56-hoteli-i-52-zgradi-predvideni-vo-predlozheniot-dup-za-skopsko-madhir-maalo-rokot-za-zabeleshki-istekuva-deneska/?fbclid=IwAR0qjPZiY1xxAVHoeZhyw7tLsrfOOxiLhc2i0C6BRqjioRAUPPU8oI00nE0 |
|
alexsend
Senior Member Joined: 11-May-2011 Location: Скопје, Центар Online Status: Offline Posts: 2085 |
Quote Reply #244 Posted: 26-Nov-2019 at 16:12 |
Сега и булеварот од ГУП смета...
Видете ги само куќите...стари по над 50 години нереновирани... Ако не се срушат пораги урбанистички план, забот на времето сам ќе ги урне... Ај реално, 50 хотели... па толку тотал во Скопје нема. Зарем има 50 инвеститори кои ќе си конкурираат на 500м? |
|
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20760 |
Quote Reply #245 Posted: 26-Nov-2019 at 19:38 |
Ova so hotelive voopsto nema poenta,inaku golem del od kukite vo maaloto se napushteni bidejki realno e neizvodlivo da se zivee vo niv taka da del od sopstvenicite ocigledno si nasle soodvetno mesto za ziveenje i ako se pocne rusenje na nivnite objekti samo bi mozele da dobijat nesto plus zavisi kako ke se dogovorat so investitorite.
Patem bulevarov Krushevska Republika go crtaat postojano a iskreno ne veruvam deka voopsto nekogas bi se realiziral bidejki e pregolem zafat a i ne sfakam kade treba da izleguva bulevarot otkako ke pomine niz maaloto? |
|
FoSsiL
Senior Member Joined: 01-Mar-2009 Location: Аеродром Online Status: Offline Posts: 4699 |
Quote Reply #246 Posted: 26-Nov-2019 at 20:38 |
Може не ме знаете бидејќи доста време не сум се уклучил да пишам нешто.
Па еве се уклучив да му објаснам на стеф4о што е булеварот Крушевска Република. Бул. Крушевска Република е една од главните сообраќајни елементи на Скопје на Кензо Танге, кое понатаму се пресликува во секој ГУП до денес. Крушевска Република е всушност замислен како урбан автопат кој ги врзува Јужниот и Северниот булевар во Скопје кои исто така се замислени како урбани автопати. Од Јужен булевар сеуште нема ништо, но Северниот до некаде е функционален, иако не е урбан автопат. Крушевска Република is a must за Скопје. Тоа е главната алка на целиот сообраќаен план за Скопје. Во оригиналниот план е замислена како друмски еквивален на Железничката станица... влезот на градот. Така да... Маџирмаалци ако сакаат можат и во кокошарници да живеат од околу, ама Крушевска Република не смеаат да помислат да ја избришат... Зашто може сеуште не е изградена а сигурно и во блиска иднина нема да биде... но ако сакаме да си извршиме урбано самоубиство во годините што следат слободно може да дозволиме да ја избришат. Побогу... Од којзнае кај дојдени... |
|
Македонија - Земја на чудата!
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20760 |
Quote Reply #247 Posted: 26-Nov-2019 at 21:55 |
Ti blagodaram na objasnuvanjeto znam deka e od golemo znacenje bulevarot no zosto nikoj dosega ne se nafatil da go realizira nema nisto poloso od toa so godini da se vlecka nacrtan vo razni GUP-ovi bez pritoa da bide realiziran. Isto taka i Juzen Bulevar i ul Eseninova ostanuvaat samo vo vecna najava deka nekogas ke se izgradat no kako odminuvaat godinite se pomalku sum ubeden deka nekoj vakov potfat ke se realizira sudejki po toa deka kruzni tekovi i novi bulevari se prosiruvaat i gradat so godini. |
|
alexsend
Senior Member Joined: 11-May-2011 Location: Скопје, Центар Online Status: Offline Posts: 2085 |
Quote Reply #248 Posted: 27-Nov-2019 at 08:17 |
Страшно е колку се сите Влади досега неоговорни спрема сообраќајот и урбаното живеење во Скопје. Кога пола држава живее во Скопје обврска е и на Владата да инвестира во капитални проекти. Ако чекаме само на Градоначалниците и нивните млитави буџети ќе поминат децении за да се реализираат клучни делови од ГУП.
Ако можеше Влада да финансира Скопје2014 за фасади и декор за туристи може и да испланираат и Скопје2022 за инфраструктура од витално значење за 50%+ жители од државава!!! Влада, опрај се. Edited by alexsend - 27-Nov-2019 at 08:18 |
|
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
|
|
FoSsiL
Senior Member Joined: 01-Mar-2009 Location: Аеродром Online Status: Offline Posts: 4699 |
Quote Reply #249 Posted: 27-Nov-2019 at 18:24 |
Правилно урбанизирање на Маџир Маало може само ако градот/општината/државата откупат половина од земјиштето, направат ДУП кој ќе ја разретчи денешната блоковска поставеност и ќе овозможи градба на неколку станбени и деловни целини, па дури и со поголема висина од вообичената.
Така треба да биде со секоја стара населба која треба да се урбанизира во Скопје. |
|
Македонија - Земја на чудата!
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20760 |
Quote Reply #250 Posted: 14-Jan-2020 at 14:34 |
https://360stepeni.mk/video-revizijata-na-dup-ovite-nema-da-gi-spasi-tsentartsi-od-visokokatnitsi/?fbclid=IwAR3zIiP0AikbahHls-pPeTvtPqYQ1AYirxo9Zp9HuzJVVe_z-tWNNI3iqz8 |
|
Staro Skopje
Senior Member Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
Quote Reply #251 Posted: 14-Jan-2020 at 23:24 |
„Ревизијата на ДУП-овите нема да ги спаси центарци од висококатници“. LOL. Центарот на градот е главното место во секој град, неговото срце; таму се вршат голем број деловни и трговски активности, секогаш се присутни голем број луѓе, неретко густо се населени голем број луѓе. Центарот на градот треба да биде неговиот најурбанизиран дел и да изобилува со деловни, трговски и станбени објекти, како и зеленило и урбани површини како би се овозможил хуман престој, проток и живот на луѓето во центарот. Центарци не треба да се „спасат“ од висококатниците сами по себе, туку од глупаво и криминално расфрлани зградурии, како што, за жал, е случајот со Скопје. Во центарот на град кој сака да биде развиен не смее да има ливади и трошни куќарки стари двеста години, освен доколку истите не се реставрирани и вклопени во историска целина, како што, за жал, не е случајот со Скопје.
Тажно и вознемирувачки е тоа што урбаната мафија создаде аверзија кон самата помисла на урбанизација, згуснување и развој на градот. |
|
Градот убав никна, но го откорнаа
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20760 |
Quote Reply #252 Posted: 01-Feb-2020 at 18:39 |
Овој дел околу новоизградената зграда на ЗСФ и речиси цела улица Петричка веќе 4-5 месеци се дават во кал поради изведба на канализација или што и да е веќе предолго трае а оваа ширинка до зградава е преполна со земја.Незнам како е предвидено со деталниот дали ќе има уште една зграда на овој празен простор,многу пологично би било да има некаков парк,зеленило или пак градинка...?
|
|
skopskodete
Senior Member Joined: 17-Feb-2017 Online Status: Offline Posts: 926 |
Quote Reply #253 Posted: 01-Feb-2020 at 19:52 |
Според ДУП-от треба да се изгради хотел, колку што знам, со тоа што меѓу хотелот и ЗСФ би имало како едно плоштадче со фонтана, но пред година и нешто мислам дека градоначалникот на Центар кажа дека најдобро би било на ова место да има градинка. Е сега, што ќе одлучат, тоа е навистина под знак прашалник.
Мое лично мислење е дека најдобро би било да има градинка на ул. Петричка, а помеѓу градинката и булеварот да има едно паркче, убаво уредено. |
|
Théoden
Senior Member Joined: 31-May-2018 Location: Р. Македонија Online Status: Offline Posts: 564 |
Quote Reply #254 Posted: 01-Feb-2020 at 23:54 |
Според новиот предложен ДУП на ова место треба да има градинка и некое метро зеленило.
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20760 |
Quote Reply #255 Posted: 05-Mar-2020 at 07:51 |
Еве поглед од зградата која моментално се гради,ќе има доста за рушење кога ќе го тргнат мораториумот...требаше тоа да биде до крај на 2019 ама сеуште нема ништо
https://www.facebook.com/domdizajn.agencijazanedviznosti |
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20760 |
Quote Reply #256 Posted: 08-Apr-2020 at 17:33 |
Поглед од дрон кон дел од маалото...
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20760 |
Quote Reply #257 Posted: 13-Jun-2020 at 14:26 |
Ова е веројатно стар план за маалото...на парцелата до зградата на ЗСФ била планирана зграда со намена А4 8 ката...но сега чинам сакаа тука некаде да прават градинка.Незнам кога ќе го тргнат мораториумот некако предолго трае а на крај нема да има суштински промени.
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20760 |
Quote Reply #258 Posted: 08-Aug-2020 at 10:27 |
од фб
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20760 |
Quote Reply #259 Posted: 08-Aug-2020 at 15:52 |
https://www.facebook.com/Здружение-Градот-Убав |
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20760 |
Quote Reply #260 Posted: 27-Aug-2020 at 11:45 |
Вака, со големи згради, е замислено да изгледа Маџир маало по сите дополнувања, измени и ревизија на планот, како што објавува
@360stepeni од твитер ------------------------------------------------- Незнам каква одлука ќе донесат за просторов,долго време ја прават ревизијата но чинам идејата со многуте хотели и деловни објекти пак ќе се сведе на А2 маркички. |
|
Post Reply | Page <1 1112131415> |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |