build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Домови за стари лица

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  12>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Raisinloaf View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2008
Location: Gevgelija
Online Status: Offline
Posts: 227
  Quote Raisinloaf Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Домови за стари лица
    Posted: 21-Jun-2009 at 10:40
Ова првично беше наменето за старечки дом , но како одминува времето 80% е дека ке биде хотел-казино.









__________________
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 21-Jun-2009 at 12:06
Ако невистина прошла таква пренамена во ДУП-от во текот на изградбата, тогаш не знам што да кажам...   Си начул нешто или тебе така ти изгледа?
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 21-Jun-2009 at 12:29
Дали е ова тој старечки дом што со години се верглаше по медиуми?

Originally posted by pbanks


Зголемена градежна активност во Гевгелија

Во Гевгелија е забележана зголемена градежна активност. Според известувачот на Нетпрес од овој град, се финишираат работите околу изградбата на Домот за стари лица, чиј што инвеститор била скопската фирма „Беграмо инжењеринг“, а ќе се наоѓа на патот кој води кон Негорските бањи.
Во непосредна близина на железничката станица во Гевгелија на излезот од градот, во полн ек се наоѓале работите за изградба на нова бензинска пумпа на Макпетрол, а до неа ќе се градел и деловно-трговски центар.



Извор: Нетпрес

http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=13&PID=2255#2255


Што и да е лошо изгледа, очекував многу повеќе од тој проект. Ohno


Back to Top
Raisinloaf View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2008
Location: Gevgelija
Online Status: Offline
Posts: 227
  Quote Raisinloaf Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 21-Jun-2009 at 12:59
Само мачкаа очи со старечкиот дом , тогаш зошто низ цел град се расчу дека фирма која се бави со инсталирање на казино машини 3 дена работела во хотелот а и на конкурсот за вработување имало побарувања за чипери и сл.Сепак ке почекаме 1 месец додека го отворат па ке се види што ке биде.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 21-Jun-2009 at 13:11
Raisinloaf дали е тој објектот за кој зборува објавата погоре? Дали се гради на патот за Негорски бањи? Каде му е точно локацијата?
Back to Top
Raisinloaf View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2008
Location: Gevgelija
Online Status: Offline
Posts: 227
  Quote Raisinloaf Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 21-Jun-2009 at 13:35
Да тоа е објектот , на патот до негорски бањи е и е веднаш до новиот автосалон на Пежо 
Back to Top
mladen_s View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-May-2010
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 407
  Quote mladen_s Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 20-Jan-2012 at 17:16
Битола добива нов старски дом

Градоначалникот на Битола, Владимир Талески и министерот за локална самоуправа Невзат Бејта, денес во Министерството за локална самоуправа, го потпишаа договорот за изградба на нов старски дом во Битола.

Дефинитивно се завршени сите формалности околу користењето на парите од ИПА фондовите во висина од 850.549 евра, од кои од Министерството   ќе издвои 672.211 евра, додека општината Битола, 178.337 евра за изградба на новиот старски дом.

“Сју Рајдер”, во кој моментно претстојуваат над 140 стари лица ќе биде целосно срушен и ќе почне изграбата на новиот старски дом, кој според зборовите на првиот човек на Домот, Благој Илиевски ќе има капацитет од 190 легла.

Новиот старски дом во Битола ќе биде изграден по најмодерни европски стандарди и ќе ги има сите услови за пристоен живот во Домот. Додека се гради новиот старски дом, старите лица, кои ги моментно ги користат услугите на “Сју Рајдер“ ќе престојуваат во пензионерскиот хотел “Битола”. Поради тие причини деновиве, според информации на раководството на “Сју Рајдер“ стопирана е и продажбата на хотелот.

“Битола“ кој во изминатата година се продаваше во повеќе наврати, но за жал не се јави ниту еден купец. Со изградабата на новиот старски дом Битола конечно ќе добие нов и модерен старски дом, кој ќе ги задоволува сите стандарди.

Изградбата на домот ќе ја изведува битолската градежна фирма
“БВ инжинеринг”, која го доби тендерот за изградба на домот.(М.М.)

http://dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=1F42F0BEE6DFAA4F8890F0FFFF85182F
Back to Top
OCB View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: 54
Online Status: Offline
Posts: 921
  Quote OCB Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 20-Jan-2012 at 17:30
Да им ја оставиме неписменоста на новинарите. Насловот би требало да биде „Дом за постојан престој и нега на постари лица“.
Back to Top
mladen_s View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-May-2010
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 407
  Quote mladen_s Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 20-Jan-2012 at 17:36
Вообичено, општините ги излагаат проектите како готови решенија, па веројатно никогаш нема да дознаеме дали имало варијанти како да се изведе новиот дом во смисла на (дис)локација.

Морам да кажам дека постојнава локација е доста неприкладна и не овозможува никаков понатамошен развој, и е остаток од поранешни планови. Варијанта би била и адаптација на споменатиот хотел, кој инаку брзо ќе се претвори во руина. Но, не знам кои се барањата на ИПА фондовите (можеби бараат нов објект), а општина Битола сега располага со државното градежно земјиште. Добра локација може да се најде во делот околу Клиничката болница, а може и не е лошо да се издвои простор во рамки на поранешната касарна бидејќи и двете локации имаат многу подобра микроклима од оваа. Јасно ми е дека сега сакаат да го продадат секој квадрат земјиште, ама сепак има доволно за ова.

Во секој случај, уште еден пример зошто општините би можеле да бидат транспарентни и во процесот на изработка на плановите. Мислам дека премногу се наметна некоја политичка култура на „испорачување готови проекти“, па можеби и ова што го пишувам ќе се протолкува како глас против. Затоа, пофалби за собраните средства, старечкиот дом е навистина во ужасна состојба, ама можело да се побара друга локација.

Edited by mladen_s - 20-Jan-2012 at 23:38
Back to Top
mladen_s View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-May-2010
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 407
  Quote mladen_s Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 20-Jan-2012 at 17:38
Originally posted by OCB

Да им ја оставиме неписменоста на новинарите. Насловот би требало да биде „Дом за постојан престој и нега на постари лица“.


Точно, добра забелешка. Само, не знам како се менува наслов на тема?
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 20-Jan-2012 at 23:06
За жал толкав кириличен наслов платформава во моментов не дозволува, ќе мора компромис - „Нов дом за стари лица - Битола“

А локацијата навистина е катастрофа...
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 03-Mar-2014 at 20:59
Не е баш здравствен објект,ама незнаев каде да го постирам ова

(ФОТОГРАФИИ): Пуштен во употреба новиот дом за стари лица „Сју Рајдер“
Објавено во: Македонија Автор: Фаланга Датум: 03 Март, 2014
Во Битола пуштен во употреба новиот дом за стари лица „Сју Рајдер“.


Министерот за труд и социјална политика, заменик министерот за локална самоуправа, градоначалникот на општина Битола, директорката на домот за стари лица „Сју Рајдер“ и голем број други гости, присуствуваа на денешната свеченост по повод пуштањето во употреба на новиот објект. Стариот објект изграден во 1967 година, со значително мал капацитет и скромни услови, веќе е минато, а на негово место изграден е комплетно нов објект по европски стандарди.

„Ми претставува чест што денес ја имам можноста да присуствувам на отворањето на комплетно новиот дом за стари лица во Битола. Се работи за инвестиција вредна 850 000 евра реализирана во соработка на општината Битола и Владата на Република Македонија. Особено битна инвестиција која е во насока на подобрување и унапредување на постоечките капацитети за згрижување на старите лица. Овој нов и современ објект е изграден согласно сите модерни и европски стандарди за домови за стари лица и е вистински показател за грижата на Владата на Република Македонија за старите лица, како и вистински показател дека она што оваа Влада ќе го вети на граѓаните, ќе го започне и ќе го реализира. Овој објект е со значително зголемен капацитет. Имено, ако досега сместувачкиот капацитет беше за 90 лица, сега е за 150 стари лица, од кои што министерството за труд и социјална политика освен блок дотациите, го покрива и згрижувањето и сместувањето на околу 40 стари лица кои се материјално необезбедени и во тешка здравствена состојба“, изјави министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.

Секоја од собите згрижува најмногу 2 -3 лица, секоја соба има засебен тоалет, а на секој кат има трпезарија. Стручен и професионален кадар ќе им овозможи 24 часовна нега и грижа на сите лица кои се згрижени во овој старски дом.

„И овој проект е резултат на заедничка поддршка и континуитет во соработката меѓу локалната самоуправа и Владата на РМ. Тука беа две стари бараки. Реконструкцијата е направена од чиста нула. Добивме два прекрасни објекти. Едниот е за лица кои што имаат потешки здравствени проблеми, а другиот е за луѓе кои можат да се движат. Околу 650 000 евра од проектот се финансирани преку ИПА фондовите, преку министерството за локална самоуправа, а 178 000 евра се платени од општина Битола и целата разлика која тековно се појави ја надополни општината. Придобивката е многу голема, затоа што денеска можеме да кажеме дека во општина Битола се даваат најповолните услови за сместување и според цената и според условите. Голема благодарност до Владата на РМ затоа што без нивна помош, немаше да можеме овој проект да го реализираме, изјави градоначалникот на општина Битола, д-р Владимир Талески.

Министерот за труд и социјална политика најави и понатамошни вакви проекти, како и привлекување на приватни инвеститори со цел зголемување на капацитетите за сместување на старите лица. Во таа насока Владата веќе создаде повеќе поволности, како: намалување на цената на градежното земјиште на домови за стари лица во износ од 1 евро од метар квадратен почетна цена, намалени комунални такси за 95%, во соработка со единиците на локалната самоуправа дефинирани се повеќе слободни локации во кои се очекува наскоро да започнат директни инвестиции. Општина Битола, според заменик министерот за локална самоуправа е една од најуспешните општини во искористувањето на средствата од ИПА фондовите:

„Ме радува фактот што општина Битола, е една успешна приказна во искористување на средствата од ИПА програмата. Покрај овој проект, општина Битола заедно со центарот за развој на пелагонискиот плански регион, невладините организации, има искористено 23 проекти за прекугранична соработка или во вкупна вредност од 2,5 милиони евра, средства донесени во општина Битола и во интерес на граѓаните на општината“, изјави заменик министерот за локална самоуправа, Ѓоргија Сајкоски.







http://vesti.mk/read/news/904641/323864/fotografii-pushten-vo-upotreba-noviot-dom-za-stari-lica-sju-rajder
Back to Top
stratus View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Aug-2010
Location: Bitola/Skopje
Online Status: Offline
Posts: 754
  Quote stratus Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 03-Mar-2014 at 22:35
Камо еден студенски дом во Македонија вака да би изгледал.
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1937
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 03-Mar-2014 at 22:39
Старите лица се секогаш верно гласачко тело, а студентите имаат долг живот пред нив и патешествие низ него, па често долго размислуваат пред да одберат за кого да гласаат секако освен оние бојосаните.
Затоа и ниеден студентски дом нема да изгледа вака во брзо време.
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 03-Mar-2014 at 23:25
сум слушал дека ваквите пензионерски домови функционираат на принципот пензионерот да им ја отстапи со договор целосно пензијата(и тоа да е најмалку 300 евра),а тие да се грижат за него и кога оди во ВЦ.

Кај студентите нема што да земат
Back to Top
Danndy View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Sep-2010
Online Status: Offline
Posts: 410
  Quote Danndy Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 05-Mar-2014 at 22:16
Originally posted by gjoko

сум слушал дека ваквите пензионерски домови функционираат на принципот пензионерот да им ја отстапи со договор целосно пензијата(и тоа да е најмалку 300 евра),а тие да се грижат за него и кога оди во ВЦ.

Кај студентите нема што да земат


Која пензија е 300 евра во Мк? хахаха


___

American Horror Story: Asylum.
Traveling.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20760
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 22-Jan-2018 at 15:19
Еве фотки од тековната изградба на болницата превземни од фејсбук.








































Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 886
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 19-Apr-2019 at 17:45
Почна изградбата на Домот за стари лица во населба Далјан

Во местото викано Галеш во населбата Далјан, денеска, беа поставени темели на Домот за стари лица.

Местото предходно oд општината на лицитација го купи градежната фирма „Илинден“ од Струга за околу 13 милиони денари, а Домот за стари лица ќе го гради фирмата „Ха-Де“ формирана од компаниите „Еуро билдинг“ и „Океанија“.

Капацитетот на објектот ќе биде 400 легла и ќе има околу 17.000 метри квадратни корисна површина. Предвидено е изградбата да трае од две и пол до три години, а вкупната инвестиција ќе изнесува околу 5 милиони евра. – изјави за OhridNews Адријан Хасани, косопственик на фирмата „Ха-Де“.

Домот за стари лица е приватна инвестиција на фирмите „Еуро билдинг“ и „Океанија“, а во соработка со владата се водат преговори за субвенционирање на проектот преку ИПА фондовите.

Во Домот за стари лица ќе може да престојува секој којшто ќе има можности за тоа. Објектот ќе биде изграден по европски стандарди, а согласно урбанистичкиот план предвидено е во склоп на комплексот да има и мала болница. Освен сместување, Домот за стари лица ќе нуди 24 часовна нега и соодветен медицински третман. – истакна Хасани.

Домот за стари лица во Охрид беше долго најавуван, за конечно денеска да започне изградбата на овој капитален објект.

https://www.ohridnews.com/foto-pochna-izgradbata-na-domot-za-stari-lica-vo-naselba-dal-an/


Edited by ironm - 19-Apr-2019 at 17:45
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 886
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 19-Apr-2019 at 17:47



Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 886
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 19-Apr-2019 at 22:11




Edited by ironm - 19-Apr-2019 at 22:17
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  12>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.164 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.