Експресен пат Градско - Прилеп |
Post Reply | Page <1234 23> |
Author | |||
Navigator
Senior Member Joined: 02-May-2014 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 678 |
Quote Reply #21 Posted: 31-Jul-2017 at 16:32 | ||
|
|||
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15235 |
Quote Reply #22 Posted: 31-Jul-2017 at 16:46 | ||
Аха, во ред. Благодарам за појаснувањето.
|
|||
За сè има вторпат
|
|||
WolfLeader
Senior Member Joined: 03-Aug-2015 Online Status: Offline Posts: 694 |
Quote Reply #23 Posted: 31-Jul-2017 at 21:43 | ||
Неколку пати бев на оваа делница не е битно во какво својство, и можам слободно да кажам дека сигурен сум дека нема проблеми , чисти глупости се дека е утната трасата или незнам што , работата се одвива добро , не баш со забрзано темпо али сепак динамиката на изведба е супер ,надзорот исто така добро си ја врши работата ,единствено замерка можам да кажам само под изведувачките фирми кој што вршат ископ ,тампонирање и тие работи машините што ги користат се стари и се расипуваат цело време се дефекти , еден багер со месеци стоеше расипан и оставен на сред траса , и за тоа бавно се одвива работата само во тој сегмент , иначе надзорот го вршат искусни со 40 години искуство и наши астрански така да за квалитетот на изведба нема да се сомневам,а дека можеби има ситни пропусти тоа да како и секаде ама сепак не толку очајни како што се тврди ,изгледа у мода стана тоа дека секој проект е утнат или незнам што ... Оваа делница нема да заврши во предвидениот рок тоа е факт , само поради слабите под изведувачи тоа е голема дупка .. Дај боже да грешам ама не сум оптимист за навремено завршување , барем квалитетно да се направи тоа е најбитно.
|
|||
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15235 |
Quote Reply #24 Posted: 14-Aug-2017 at 07:19 | ||
Викендов поминав оттука, забележливи беа знаци на работа, меѓутоа, немав впечаток дека се работи со големи размери.
Две-три фотки во возење: |
|||
За сè има вторпат
|
|||
WolfLeader
Senior Member Joined: 03-Aug-2015 Online Status: Offline Posts: 694 |
Quote Reply #25 Posted: 18-Mar-2018 at 20:22 | ||
Edited by Џоле - 18-Mar-2018 at 20:33 |
|||
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15235 |
Quote Reply #26 Posted: 14-May-2018 at 09:04 | ||
Почнува втората фаза од изградбата на експресниот пат Градско – Прилеп
Втората фаза на експресниот пат Градско – Прилеп почнува денеска со изградба на делницата Градско – Дреново во должина од 16 километри. Станува збор за проект вреден 23 милиони евра што ќе трае две години. Изведувач е италијанската компанија Тирена Скави. Почетокот на втората фаза ќе го означат премиерот Зоран Заев и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески. https://civilmedia.mk/potchnuva-vtorata-faza-od-izgradbata-na-ksprsniot-pat-gradsko-prilp/ |
|||
За сè има вторпат
|
|||
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply #27 Posted: 14-May-2018 at 21:22 | ||
Ако некогаш се изгради патот преку Бабуна, а апсолутно треба да се изгради и тоа што побрзо, овој „експресен“ пат Градско - Дреново ќе стане целосно бескорисен и пуст. Во не толку екстремна мерка, но сепак чудна е и инвестицијата во „експресниот“ пат Велес - Кадрифаково, кој секако требаше квалитетно да се реконструира, но не знам баш дали му требаше коловоз од 11,4 метри за да се справи со мизерниот сообраќај што ќе го има откако ќе бие во пуштен во употреба автопатот Миладиновци - Штип. Ако се држевме до Просторниот план на РМ 2002-2020 (како што требаше да се држиме затоа што тоа не е документ со кој политичари треба да си го бришат газот) немаше да имаме автопат Миладиновци - Штип, ниту „експресен пат“ Градско - Дреново, ниту „експресен пат“ Велес - Кадрифаково. Но за отприлика иста инвестиција ќе имавме автопат Прилеп - Велес - Штип, со што ќе се постигнеше многу поголем ефект и подобро интегрирање на севкупната патна мрежа. Ние несериозно инвестираме големи суми, без долгорочен план, лутаме, градиме патишта со чудни технички карактеристики, кои згора на тоа се нелогично вмрежени и лошо се надополнуваат еден со друг. |
|||
гитардемон
Senior Member Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5422 |
Quote Reply #28 Posted: 15-May-2018 at 00:43 | ||
Реално со завршувањето на добата на вмровците, Штип повторно ќе се врати на старото место што го заслужува. Регионален центар во Источна Македонија, а не втор најважен град во државата. Не дека Битола е нешто посебна, но за време на претходната власт буквално сите факултети и инвестиции од други сфери беа пренасочени кон Штип, Штип и Штип. Денес Битола не ни има студенти, особено не од други градови. Јасна ни е причината зошто се изгради автопат до Штип, иако нема никаква смисла. |
|||
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
|||
Staro Skopje
Senior Member Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
Quote Reply #29 Posted: 15-May-2018 at 20:25 | ||
На Македонија ѝ фали визија. Ние не знаеме што ќе правиме за 5 години, а не пак за 50. Треба да седнат сите урбанисти, сообраќајни инженери, архитекти, социолози, демографи, економисти, правници, политичари и да се договорат што, каде, зошто, како, колку и со што ќе правиме. Каде ќе има автопат, каде ќе се гради зграда, за колку жители ќе се планираат сите проекти во секој град, колку се исплати миграција на голем број луѓе од селата во градовите, каде ќе се пошумува, како ќе се снабдуваме со енергија, и уште многу други работи важни за развојот на земјава. Моментално не знаеме каде одиме и секоја година ги менуваме т.н. планови. И после се чудиме зошто ништо не е како што треба.
|
|||
Градот убав никна, но го откорнаа
|
|||
WhyNot
Senior Member Joined: 14-Jan-2014 Online Status: Offline Posts: 114 |
Quote Reply #30 Posted: 15-May-2018 at 21:22 | ||
не знам зошто таа негативна енергија према Миладиновци Штип... веројатно политички причини, се друго нема смисла
|
|||
daci92
Senior Member Joined: 10-Dec-2012 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1937 |
Quote Reply #31 Posted: 15-May-2018 at 23:26 | ||
Миладиновци - Штип јас го гледам како одлично решение, само доколку се продолжи до Струмица, макар и со експресен ,но вистински експресен пат а не ова квази решение кое ни го продаваат како експресен кај нас. Мада мене не ми е јасно зашто не оди до клучката туку завршува кај новата клучка за Кочани.
Градско - Прилеп е солидно привремено решение иако патот преку Бабуна требаше прв да се прави а подоцна овој да се среди ,но на долг рок за оние кој би патувале од Охрид, Ресен, Битола, Прилеп и останатите кон Источна Македонија , Западно-Јужна Бугарија е солидно решение да стане експресен, само ако се реши и делот околу Плетвар кој гледам дека немаат некој големи идеи за инвестиции. Токму денес го возев овој пат два пати и напорен е со кривините и брзините, а особено со окупираноста од камиони кој нема како да ги преминеш, а често возат прилично споро. |
|||
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply #32 Posted: 16-May-2018 at 04:11 | ||
daci, не спорам дека Штип требаше автопатски да се поврзе со коридорот 10. Но тоа можеше многу поевтино, и од многу аспекти подобро да се направи кај Отовица, односно Велес. Растојанието Скопје - Штип ќе беше само маргинално поголемо од ова што се реализираше преку Миладиновци (околу 5 километри), а единствено посериозно во километража ќе загубеше Св. Николе, релативно мало место кое сепак ќе имаше одлична врска со остатокот од државата преку автопатот Велес - Штип. Но од друга страна, со Велес како логична сообраќајна крстосница, многу други поврзувања ќе станеа поповолни. Исто така многу важно е што заштедата ќе беше голема, затоа што ќе беше потребно да се изградат помалку километри автопат и немаше да има ридско-планински делници како што има на значителен дел од автопатот Миладиновци - Штип. Со 206 милиони евра за трасата преку Миладиновци, која поскапе за дополнителни 20 милиони, стигнуваме до замашна сума. Автопат од Отовица до Три Чешми би можел да заштеди сигурно над 100 милиони евра. Додај ги тука и оние 15 милиони евра со кои се надгради стариот пат Велес - Кадрифаково, проект кој во овој случај ќе беше непотребен, доаѓаме до заштедена сума од отприлика 130-140 милиони евра кои ќе можеа да се насочат кон изградба на автопат Велес - Прилеп преку Бабуна. Мојата поента се сведува на тоа дека пакетот: - автопат Велес - Штип - автопат Велес - Прилеп е далеку подобар и пологичен од пакетот: - автопат Миладиновци - Штип - квази-експресен пат Велес - Кадрифаково - квази-експресен пат Градско - Прилеп Вториот пакет е поинфериорен дури и ако првиот пакет среднорочно наместо автопат имаше „полуавтопат“ Велес - Прилеп. Затоа што дури и полувтопат преку Бабуна со лента за искачување/претркување е неспоредливо подобро отколку неартикулиран, наводно експресен пат преку Плетвар: - Со последната усвоена траса преку Присад, патот Велес - Прилеп се крати за 25 километри во однос на опцијата преку Плетвар! - Полуавтопат би имал далеку подобри технички карактеристики отколку патот преку Плетвар, благи кривини по автопатски стандарди, и слично. Резултатот би бил дополнително кратење на времето за патување и поголема безбедност. - Патот преку Плетвар, со исклучок на две клучки кои треба да се изградат допрва, има безброј вкрстувања на ниво. - Полуавтопат може да се надгради во автопат со изградба на втор коловоз, за разлика од патот преку Плетвар.
За жал не е привремено решение, ние веќе 15 години се занимаваме со фазна надградба на патот преку Плетвар и сеуште не се гледа крајот, за 2 делници допрва ќе следат тендери, којзнае кога ќе се објават, којзнае кога ќе заврши изградбата. А еве го цехот: Градско - Дреново (во тек) 23 милиони евра Дреново - Фариш (во тек) 31,8 милиони евра Прилеп - Ленишка река + Беловодица - Каменолом (допрва) 5 милиони евра Изградба на 3-та лента на околу 20 километри во изминативе речиси 15 години веројатно 10-тина милиони евра Вкупно околу 70 милиони евра! Дали пат со такви технички карактеристики оправдува толкава инвестиција, или ќе беше попаметно овие средства да се насочат кон изградба на автопат преку Бабуна? Ако овие 70 милиони се додадат на оние 130-140 милиони заштеда со врзување на Штип преку Велес, веројатно доаѓаме блиску до заокружување на финансиска конструкција за автопат преку Бабуна, а камо ли за полуавтопат.
Се огласувам требаше приоритет да се даде на врската преку Бабуна, а потоа требаше да се средува Плетвар, но наместо од Дреново кон Градско, да се инвестира од Дреново кон А1 кај Неготино (со обиколници на Кавадарци и Неготино). Затоа што со Бабуна ќе беа решени многу подобро сите дестинации кои сега поминуваат на релација Дреново - Градско, а она што ќе преостнеше е подобро врзување со јужна и југоисточна Македонија, како и врзување со оној патот што оди од кај Криволак накај Радовиш. Затоа сум и изиритиран од оваа директна делница Градско - Дреново што сега почна да се гради, бидејќи при изградба на пат преку Бабуна, оваа останува во тотален офсајд, практично никој нема да ја користи. Мислам дека е направена голема утка, како во изборот на трасите и делниците, така и со изумот на овие наши квази-експресни патишта, со чуден профил и без јасна намена и цел. Овие „експресни“ патишта не се ни меѓусебно стандардизирани, на пример Штип - Кочани ќе биде полуавтопат, што е за поздравување, но Дреново - Раец и Велес - Кадрифаково не се. Вториот е барем денивелиран, а третиот не е, па дури поминува и низ населени места. Оди најди им НЗС... Edited by Cloverstack - 16-May-2018 at 04:31 |
|||
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply #33 Posted: 16-May-2018 at 04:25 | ||
Баш обратно, таа траса е одбрана од политички причини, а негативната енергија произлегува од тој факт. Има ли некакво објаснување зошто се напушти концептот од просторниот план на РМ каде што е предвидено поврзување Отовица - Штип, а не Миладиновци Штип? Има ли некакво истражување, или било каков документ, каде што стручно е аргументирано зошто е избрана оваа нова траса? НЕМА. Одлуката е донесена дилетантски, знаеме во чиј кабинет, само не знаеме какви глупости му се вртеле во главата во тој момент. |
|||
гитардемон
Senior Member Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5422 |
Quote Reply #34 Posted: 17-May-2018 at 14:08 | ||
|
|||
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
|||
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply #35 Posted: 22-May-2018 at 14:07 | ||
Ја разгледав стратегијата, (авто)патот Велес - Прилеп преку Бабуна никаде не се спомнува. |
|||
BOJAN
Senior Member Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
Quote Reply #36 Posted: 22-May-2018 at 15:25 | ||
Влегувам тотално без конкретни податоци за овој проект, но ме интересира поволноста што би ја донел овој автопат во иднина. Знам дека се работи за траса на Коридорот 10д, но не ми е јасно до кој степен Грција го има изградено својот дел од Меџитлија до јонското крајбрежје. Исто така, не ми е јасно дали постои некое поголемо пристаниште што би генерирало поголема бројка на сообраќај кон него. |
|||
The_Night_Hawk
Newbiе Joined: 09-May-2010 Online Status: Offline Posts: 0 |
Quote Reply #37 Posted: 22-May-2018 at 20:18 | ||
Motorway 27 (A27) is a branch of the A2 motorway (Egnatia Odos) at Kozani, which leads towards Ptolemaida and from there to Florina and the Niki border crossing with the Republic of Macedonia. Within 2012 tenders were announced for the construction of the 14,5 km section from Florina up to the border crossing with the Republic of Macedonia as a motorway.[1] Construction started in 2013 and finished in December 2015. The northern part from Florina to Niki was opened to traffic in 20 May 2016. The section from Ptolemaida to Florina is operational as an expressway and is planned to be upgraded to a motorway sometime until 2025.
|
|||
kokimih
Newbiе Joined: 18-Jan-2017 Online Status: Offline Posts: 14 |
Quote Reply #38 Posted: 23-May-2018 at 14:12 | ||
Ќе се ревидира проектот за патот Велес-Прилеп, преку Бабуна
Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, денеска во Велес, одговарајќи на новинарски прашање за патот од Велес за Прилеп, преку Бабуна, рече дека Владата сериозно размислува за тој проект. – Меѓутоа, пред да ја донесеме конечната одлука овој проект мора целосно да се ревидира за да можеме да аплицираме за средства, бидејќи станува збор за исклучително скап проект, а тоа мора да се каже јавно. Ние ги разгледуваме сите програми што ЈП за Државни патишта ги прави и во програма ги внесуваме дополнително оние патишта што треба да ги прават, за што сметаме дека треба да бидат рехабилитирани и реконструирани или да се прават нови. Во делот на субвенционирањето на ова, претходно треба да се направат анализи се’ со цел да не даваме паушални анализи, дали тоа може или не може – појасни министерот Сугарески. https://plusinfo.mk/%D1%9C%D0%B5-%D1%81%D0%B5-%D1%80%D0%B5%D0%B2%D0%B8%D0%B4%D0%B8%D1%80%D0%B0-%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B5%D0%BA%D1%82%D0%BE%D1%82-%D0%B7%D0%B0-%D0%BF%D0%B0%D1%82%D0%BE%D1%82-%D0%B2%D0%B5%D0%BB%D0%B5/ |
|||
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply #39 Posted: 24-May-2018 at 00:04 | ||
Како владата сериозно размислува за патот преку Бабуна, кога пред некој ден започна со изградба на „експресен“ пат Дреново - Градско, делница која ќе остане бескорисна во тој случај. А 23 милиони евра не се баш мала сума да се вложи во ова делница, бидејќи таму има постоечки пат кој далеку подобро го опслужува локалниот сообраќај, отколку што тоа ќе го први заобиколниот „експресен“ пат. А и не се само парите, туку зошто да се уништува земјоделско земјиште со нова траса и коловоз широк 11,4 метри ако планираат во иднина тој пат да го користат 10-тина автомобили дневно. Колку сериозно размислуваат за патот преку Бабуна, може да се извлече заклучок и од тоа што не им текнло проектот макар декларативно да го спомнат во погоре наведената Национална транспортна стратегија за периодот 2018-2030 година.
Edited by Cloverstack - 24-May-2018 at 00:07 |
|||
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply #40 Posted: 24-May-2018 at 00:32 | ||
Поволностите се такви што овој пат несомнено треба(ше) да биде на самиот врв на приоритетите. The_Night_Hawk веќе објасни до каде е конекцијата од грчката страна на границата, и тоа е голем аргумент плус, но и без тоа нашата домашна потреба од овој пат е поголема и позначајна. Македонија има повеќе од доволно внатрешни причини за изградба на патот преку Бабуна. Неколку постови погоре пишував подетално зошто е тоа така, а накратко, со тој пат би се остварила 25 километри пократка и далеку побезбедна врска пред се на Прилеп, Битола и цела Пелагонија, но и на помали градчиња и нивните околини како Ресен, Крушево, Демир Хисар, од една страна, со Скопје и Велес, со најголем дел од источна Македонија, и со практично цела Европа, од друга страна. Ќе донесе и нови економски можности за областа Азот, еден сообраќајно тотално отсечен регион, мада тоа е веќе минорен ефект со оглед на тоа колку луѓе се останати таму. Долгорочно гледано, сепак не е за потценување и таа придобивка. Edited by Cloverstack - 24-May-2018 at 00:56 |
|||
Post Reply | Page <1234 23> |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |