ТИРЗ Тетово |
Post Reply | Page <1234> |
Author | |||||||
Robbi-MKD
Senior Member Joined: 25-Oct-2008 Location: GER, Dortmund Online Status: Offline Posts: 100 |
Quote Reply #41 Posted: 04-Nov-2016 at 16:08 | ||||||
@FoSsil Jac што барам и каде барам не е работа на падарот! Ама еве кус одговор...затоа што во времето на комунизмот, за кое многу стари комунисти сега трансформирани во LDSP т.е СДСбезМ уште жалат, на многу македонци им било толку убаво па затоа отишле по белиот свет да си го барат ќарето! Аууу заборавив беее....ти беше тој со перфидниот коментар од синоќа, дека овие нови работни места не вределе и се исмеваше на работата и професијата на луѓето! ЈАЗ'К ...подолно здравје.... Ако си ти нешто „посебно„ и СЕ не ти чине, незнам што чекаш уште таму, зимај куферот и правец каде што зимат луѓето по 5000е плата да видиш како се ваде лебот и како се „прават ТУРБИНИ„ пошто СЕ друго е шкарт, а не само да седиш од позади лаптоп да омаловажуваш други професии и да ни солиш памет! Edited by Robbi-MKD - 04-Nov-2016 at 16:17 |
|||||||
Не си глуп кога нешто незнаеш, туку кога се правиш дека знаеш сe´!
|
|||||||
FoSsiL
Senior Member Joined: 01-Mar-2009 Location: Аеродром Online Status: Offline Posts: 4699 |
Quote Reply #42 Posted: 04-Nov-2016 at 16:22 | ||||||
Па еве чим е убаво тука со ДПМНЕ 10 години, врати се.
Инаку, не се исмевавав, а критикував, и давав личен пример јас како гледам на тие работни места барем за себе. И пак ќе речам не е до парите. Има и други важни работи. И за крај, пак немате никакви аргументи со кои можете да застанете позади оваа политика, освен можеби аргументот на преживување и милостина. |
|||||||
Македонија - Земја на чудата!
|
|||||||
Robbi-MKD
Senior Member Joined: 25-Oct-2008 Location: GER, Dortmund Online Status: Offline Posts: 100 |
Quote Reply #43 Posted: 04-Nov-2016 at 16:35 | ||||||
Впрочем еден мал податок за америчката фирма "LEAR Corporation", која има своја филијала, со од прилика 500 вработени, во покраината Nordrhein-Westfalen, Rietberg, место блиску до нас во Германија, до крајот на 2019 година го затвара овде производството и го селе во странство т.е Полска, Словачка, Македонија....
Зборот ми е дека не треба да се гледат работите црно-бело...значи овдека останале 500 фамилии без работа и се невработени, а кај нас се отвориле нови 1000-3000 работни места т.е исто толку фамилии си го решиле едно горливо пашање, а можело и на пример, овие работни места да ги отворат во друга конкурентска земја како Полска, Словачка, Србија, Бугарија итн итн пошто за вакви компании и инвестиции се боре цел свет, а ние да останеме со тастатурата во рака и да кукаме како СЕ не чини, СЕ другите се поарни од нас и СЕ некој друг ни е криви!!!! Линк: http://www.westfalen-blatt.de/OWL/Lokales/Kreis-Guetersloh/Rietberg/2158126-Baender-stehen-bis-Ende-2019-still-IG-Metall-handelt-Abfindungen-und-millionenschweren-Sozialplan-aus-Lear-schliesst-Werk-in-Rietberg Edited by Robbi-MKD - 04-Nov-2016 at 16:50 |
|||||||
Не си глуп кога нешто незнаеш, туку кога се правиш дека знаеш сe´!
|
|||||||
zabegan
Senior Member Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
Quote Reply #44 Posted: 04-Nov-2016 at 16:42 | ||||||
|
|||||||
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|||||||
Robbi-MKD
Senior Member Joined: 25-Oct-2008 Location: GER, Dortmund Online Status: Offline Posts: 100 |
Quote Reply #45 Posted: 04-Nov-2016 at 16:45 | ||||||
Даа дааа сигурно, ние сите нафта пиеме, добро напиша, и добро те свативме...само да знаеш дека не е ОК твојата омаловажувачка изјава! Иначе мене ми е убаво и тука и таму, 6 месеци тука, 6 месеци МКД...Ако тебе не ти чине земи прави нешто, или работи и подобри ги нештата, како сегашната влада и ВМРО ДПМНЕ или спакувај куферот и правец каде што прават ТУРБИНИ, ВОЗОВИ, АВИОНИ, КАМИОНИ и зимај со твојот капацитет најмалце 10 000е плата, види како се ваде лебот, вака со К***T во рацете позади тастатура ништо не правиш! Edited by Robbi-MKD - 04-Nov-2016 at 16:59 |
|||||||
Не си глуп кога нешто незнаеш, туку кога се правиш дека знаеш сe´!
|
|||||||
Navigator
Senior Member Joined: 02-May-2014 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 678 |
Quote Reply #46 Posted: 04-Nov-2016 at 17:01 | ||||||
|
|||||||
zabegan
Senior Member Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
Quote Reply #47 Posted: 04-Nov-2016 at 17:31 | ||||||
|
|||||||
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|||||||
Navigator
Senior Member Joined: 02-May-2014 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 678 |
Quote Reply #48 Posted: 04-Nov-2016 at 17:45 | ||||||
|
|||||||
zabegan
Senior Member Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
Quote Reply #49 Posted: 05-Nov-2016 at 02:05 | ||||||
|
|||||||
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|||||||
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15225 |
Quote Reply #50 Posted: 15-Jan-2018 at 18:22 | ||||||
|
|||||||
За сè има вторпат
|
|||||||
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #51 Posted: 08-Jul-2020 at 12:42 | ||||||
Во ТИРЗ Тетово почна со работа фабриката за стакло „Глас Флекс“, предвидени се 300 вработувања
Во Технолошко-индустриската развојна зона во Тетово почна со работа фабриката за производство на стакло „Глас Флекс“, сопственост на македонско-холандски капитал. Вредноста на инвестицијата е девет милиони евра, а предвидени се 300 вработувања. – Фабриката е со најмодерна линија за производство на стакло единствен на Балканот, која користи најмодерна технологија со целосно автоматизиран процес. Се работи претежно за извоз, 80 проценти од производството се продава на пазарите на поранешните југословенски републики и западноевропските држави, изјави Гоце Пешов, менаџер во „Глас Флекс“. Министерот за економија Крешник Бектеши, кој присуствуваше на настанот, рече дека се прават напори да не се стопираат градежните активности во зоните и покрај пандемијата. – Како Министерство за економија имаме добиено апликација за отворање на нов капацитет на германска компанија за изработка на компоненти за автомобилска индустрија тука во технолошко индустриската развојна зона, рече Бектеши. Фабриката „Глас Флекс“ има објект од 9.000 метри квадратни, а ќе се произведува калено, луминирано и друг вид специјализирано стакло. https://nezavisen.mk/vo-tirz-tetovo-pochna-so-rabota-fabrikata-za-staklo-glas-fleks-predvideni-se-300-vrabotuvanja |
|||||||
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #52 Posted: 18-Sep-2020 at 07:12 | ||||||
СТАРОНОВИ ИНВЕСТИЦИИ: Киел ќе гради нова фабрика во тетовската зона, ама не смее да го затвори објектот во Желино
Со особена задоволство и радост беше најавено отворањето на новата фабрика за производство за седишта на возови во технолошко индустриската зона во Тетово. Министерот за економија Крешник Бектеши напиша дека фабриката е во вредност од 3,5 милиони евра и дека ќе биде за производство на седишта за возови. Тој најави и дека во фабриката ќе бидат отворени нови 300 работни места. Станува збор за стар странски инвеститор кој веќе работи во земјава. Киел Македонија има свој објект во Желино и впрочем новата инвестиција е проширување на дејноста. Иако имаше шпекулации дека компанијата се префрла во зоната надлежните тврдат дека ова е нова инвестиција. Законски компаниите кои функционираат надвор од зоните немаат право да се префрлаат во одреден период од работата во зона каде би имале и државна помош и даночни олеснувања. Според член 9 од Законот за Технолошки индустриски зони Корисникот на зоната кој спроведува продуктивни инвестициски вложувања остварува даночни ослободувања и олеснувања, само ако врши нова дејност, а не ја пренесува дејноста од друго подрачје на државаа во зоната. Од Министерството за економија за Фактор велат дека со отварањето на новата фирма нема да се префрла дејноста на фирмата од локацијата во село Желино во ТИРЗ Тетово. „Законот не го дозволува тоа, односно Законот вели дека доколку се случи такво нешто, инвеститорот ќе биде изземен од можноста за ослободување од плаќање даноци. Фирмата во село Желино ќе продолжи да работи и да го произведува тоа што го произведува и сега, стои во одговорот од Министерството за економија. Според најавите фирмата Киел во ТИРЗ Тетово согласно договорот ќе произведува композити и композитни материјали односно седишта за возови. Во фабриката во Желино пак се произведуваат седишта за автобуси. И од Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони за Фактор велат дека дале мислење според кое Киел нема да може едноставно да се префрли во зона. Оваа компанија треба да го задржи работењето во објектот во Желино кој не е во зона и да ги задржи и истиот број на вработени таму. Инаку зоната во овој град не е под управување на Дирекцијата. Сличен случај имаше кога домашната фирма Хај тек отвори нов објект во скопската слободна зона. Сепак тоа не беше префрлување на фабриката туку комплетно нов објект додека стариот во скопско Орешани продолжи да постои. Киел Македонија е дел од меѓународната Кил групација, водечки производител на иновативни транзитни патнички седишта за комерцијални возила и јавен превоз, вклучувајќи решенија за седење за автобуси, тренери и возови на локално, регионално и меѓуградско ниво. Кил работи глобално со производствени погони во САД, Германија, Полска, Холандија и во Турција. Компанијата Franz Kiel е основана во 1947 година со седиште во германскиот град Нордлинген. Фактор побара одговор и од Киел ама до денеска не добивме никаква информација за нивните планови. https://faktor.mk/staronovi-investicii-kiel-kje-gradi-nova-fabrika-vo-tetovskata-zona-ama-ne-smee-da-go-zatvori-objektot-vo-zelino |
|||||||
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #53 Posted: 26-Apr-2021 at 13:13 | ||||||
Еуровиа ќе гради новата фабрика на Американскиот Гигант – Леар
Поради претходната успешна приказна при работењето на Индустриската зона во Тетово, Американскиот Гигант од индустријата за автомобилски делови одлучи да го удвои сопствениот производствен капацитет од 7500 м2, сега на дополнителни 7500 м2, што вкупно ќе создаде 15.000 м2 производствен и магацински објект. https://www.facebook.com/euroviamk |
|||||||
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #54 Posted: 07-May-2021 at 17:16 | ||||||
Новата заедничка инвестиција од 15 милиони евра на ЛЕАР и Нормак во Технолошко Индустриската развојна зона во Тетово e нов стимул за националната економија. Со оваа инвестиција се отвораат од 1000 до 1500 нови работни места.
Компанијата ЛЕАР веќе вработува над 1350 граѓани од овој регион што е за речиси 50% повеќе од првично преземените обврски. Компанијата минатата година исплатила за 22% повисоки плати во однос на 2019 година, а за новиот инвестициски циклус Владата веќе преговара за мерки со кои ќе се поттикне значително зголемување на платите. Со овој пристап обезбедуваме подобар живот за нашите граѓани. https://www.facebook.com/VladaMK |
|||||||
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #55 Posted: 11-Aug-2022 at 12:44 | ||||||
Владата објави: „Еколог“ за 130 милиони евра ќе произведува електрични возила во Тетово
Првиот вицепремиер Артан Груби објави дека домашната интернационална компанија „Еколог“ ќе произведува електрични возила со Next e.Go Mobile во Тетово, а инвестицијата ќе биде 720 милиони евра. „На годишнината од Охридскиот мировен договор, во сабота на 13 август ќе поставиме камен-темелник на новата фабрика со современа технологија за производство на електрични возила во Технолошко-индустриската развојна зона во Тетово. На денешната владина седница одобривме државна помош за оваа инвестиција од 130 милиони евра, со што се отвораат 3000 до 4000 нови работни места“, напиша министерот за политички систем без да прецизира колкава ќе биде државната помош. Домашната интернационала компанија „Еколог“ која оперира во светски рамки, на својата адреса во Тетово на улица „Индустриска“ ја доби како новорегистрирана германската старт-ап компанија Next e.Go Mobile позната по тоа што се занимава со производство на мали електрични возила, напиша веќе претходно „Фактор“. Оваа компанија пред точно една година објави дека ќе инвестира 140 милиони евра во производство на електрични возила во Бугарија. Оваа вест ја потврди тогашниот бугарскиот министер за економија Кирил Петков, инаку доскорешен премиер на Бугарија. Фабриката ќе се отвори во 2023, а истата ќе се наоѓа северно од градот Ловеч. Во истата ќе работат околу илјада работници. На потпишувањето на меморандумот беше и Али Везвеи, прв човек на Next e.Go, кој исто така е и извршен директор на тетовската компанија Ecolog International. Next e.Go на пазарот на електрични возила ќе се позиционира на мали градски нискобуџетни возила, а амбициите на овој нов производител е да постигне годишно производство од 20 илјади електрични возила. Петков тогаш како министер за економија рече дека бугарската влада ќе обезбеди вкупно 34 милиони евра за поддршка на германскиот Next.e.GO во три транши. Првиот ќе биде платен кога компанијата ќе почне да ги произведува своите електрични автомобили, вториот - кога ќе достигнат 10.000 автомобили, а последниот со 20.000 автомобили годишно. Од „Еколог“, по испратените прашања од „Фактор“, засега не сакаат да одговорат дали Next e.Go Mobile има амбициозни планови во Македонија, или Тетово ќе биде само придружен логистички центар. Регистрираната дејност од 1 август е „производство на моторни возила“, а за управител е именуван Фабијан Вајсенборн. https://faktor.mk/vladata-objavi-ekolog-za-720-milioni-evra-kje-proizveduva-elektrichni-vozila-vo-tetovo |
|||||||
Carpe diem
|
|||||||
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #56 Posted: 13-Aug-2022 at 16:56 | ||||||
ПОТПИШАН ДОГОВОРОТ ЗА ИЗГРАДБА НА ФАБРИКА ЗА ЕЛЕКТРИЧНИ ВОЗИЛА ВО ТЕТОВО, ЌЕ ВРАБОТУВА 890 ЛУЃЕ
Директорот на Технолошката индустриска развојна зона (ТИРЗ) во Тетово, Јован Деспотовски и менаџерите на германската компанија „Е-го“ денеска го потпишаа договорот за државна помош, со што започнува реализацијата на инвестицијата од 130 милиони евра, со која во Македонија ќе се произведуваат електрични автомобили. Фабриката ќе се гради во рамките на ТИРЗ на површина од 60.000 квадратни метри и ќе вработува 890 луѓе. „Голема чест и задоволство е што денеска почнува нова инвестициска приказна, мултимилионска инвестиција на германската компанија ‘Е-го‘, првата фабрика за електрични автомобили во Северна Македонија и регионот. За првпат кај нас ќе се произведува целосен автомобил. Досега се произведуваа автоделови, но сега ќе се прави финален производ, корисен автомобил за урбани средини, одржлив, економичен и без штетни емисии. Оваа инвестиција ми е лично посебно драга, зашто ова е наш влог за идните генерации“, изјави премиерот Димитар Ковачевски. „Е-го“ е компанија за електрични возила со седиште во Ахен, основана во 2015, а првите примероци од нејзините погони беа испорачани во мај 2019. „Чест е да се биде тука и да се сподели овој прекрасен момент. Ова е историски ден, ден кога креираме иднина. Пред 15 години ја напуштив земјата во потрага по подобра иднина и сега се враќам за да им оставам нешто на идните генерации. Северна Македонија со оваа микрофабрика станува една од ретките држави на светот во која ќе се произведуваат целосно електрични автомобили“, изјави извршниот директор на компанијата, Али Везваи. Директорот Јован Деспотовски најави дека до крајот на годината, во ТИРЗ треба да се реализираат уште два договора, со вкупна вредност од 160 милиони евра. https://sdk.mk/index.php/makedonija/potpishan-dogovorot-za-izgradba-na-fabrika-za-elektrichni-vozila-vo-tetovo-ke-vrabotuva-890-luge/ |
|||||||
Carpe diem
|
|||||||
Galileo
Senior Member Joined: 25-May-2010 Location: Wien Online Status: Offline Posts: 1461 |
Quote Reply #57 Posted: 13-Aug-2022 at 19:26 | ||||||
Това е много интересно ,защото още миналата година e Go подписаха договор с правителството за изграждането на завод край град Ловеч. Next.e.GO Mobile baut neue Mikrofabrik in Bulgarien Next.e.GO Mobile macht einen grossen Schritt in seiner globalen Wachstumsstrategie: Der Elektroautohersteller wird eine neue Mikrofabrik in Lovetsch erbauen. https://www.nau.ch/news/wirtschaft/nextego-mobile-baut-neue-mikrofabrik-in-bulgarien-65965303 Според българското правителство вече е издадено строително разрешение за започването на градежа на завода. The plant for electric cars has been under construction since September, investors expect $1 billion from the New York Stock Exchange. The factory for Bulgarian electric cars “Next.e.Go” already has a construction permit, and the first sod for its construction should be in September. The final document was issued by the municipality of Lovech two weeks ago. Both the EIA assessment and the investment project already appear in the register of the local administration. It is clear from them that four buildings will be built. Logistics areas and several parking lots are planned, as well as a track for testing cars. They will be located in the “Balkan Industrial Park” in the northern industrial zone of Lovech. The total capacity is for over 500 jobs. https://bulgaria.postsen.com/news/37464/The-plant-for-electric-cars-has-been-under-construction-since-September-investors-expect-1-billion-from-the-New-York-Stock-Exchange.html В България вече има регистрирано и подразделение- ,,Next.e.GO България,, Next.e.GO се листва на борсата в Ню Йорк и започва строеж на завод за електромобили в Ловеч А съвсем скоро ще започне строителството на завода за електромобили в Ловеч. Това разказа арх. Любомир Станиславов, изпълнителен директор на Next.e.GO България, в ефира на „Бизнес старт“ с водещ Христо Николов. https://www.bloombergtv.bg/a/16-biznes-start/109071-nextego-stroyat-zavod-za-elektromobili-v-lovech-koyto-shte-zaraboti-do-kraya-na-2023g Край Ловеч вече е струпана техника ,която е започнала да разчиства терена. Нещо в случея много смърди и е неточно. Не вярвам да строят два завода едновременно в две съседни страни. Некои някъде лъже и има голямо изкривяване на информацията. Или e Go са некаква пирамида и мамят и двете страни. Ще взема да се поразровя тия дни за повече яснота. |
|||||||
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #58 Posted: 14-Aug-2022 at 14:22 | ||||||
Тетовски автомобили со бугарски таблици на струја од јаглен
Спомнувањето на светските автомобилски теми во Македонија, по правило предизвикува смеење. Иронично смеење. Автомобил од компакт класа денес чини 25.000 евра, а платите се несменети уште од 2000-те години. Електричните автомобили ја сочувуваат животната средина, а струјата за нив се добива од јаглен за чијшто увоз се надлежни некои чудни структури. Европските градови имаат еко-зони во коишто се вози темпо 30, а скопските автопати имаат зелен бран што е натокмен за темпо 100. Најновата тема за не-смеење: Во Влада.мк решиле да ѝ помогнат на една пропадната германска марка и милиони народни пари да се потрошат на божемна фабрика за електрични автомобили, којашто само за малку нема да се изгради. Германците за тоа велат дека е „шнапс-идее“, односно оригинално Schnapsidee. Тоа е една од оние вредни идеи што доаѓаат кога човек е малку повеќе поднапиен, и во таква блажена состојба цени дека таа идеја е решение за сите проблеми во светот. Попродуктивните генерации на овие простори, порано кажуваа „како мали Ѓокица замислува…“ За денешнава вест од влада.мк, ќе биде потребно малку посликовито објаснување. Замислете си дечиња што во убаво темперирано августовско претпладне се седнати во урбаномафијашки усмрден микро-парк пред зграда, и во пауза меѓу шах и жмурки се договараат да произведуваат електрични автомобили. Така денес Македонија дозна дека оние чудните структури се решиле да произведуваат електрични автомобили. Можеби нема да биде токму Mercedes EQS SUV, дизајниран од Славче Таневски, а нема да биде ниту Peugeot e-208, со којшто лани докажавме дека може без проблем и во максимална електро-еуфорија да се вози до мариовска Градешница и назад. Но, овој автомобил е голема надеж. Досега не успеал да се пробие на сцената и компанијата банкротирала веројатно шеснаесетпати, но проблемот очигледно е во тоа што автомобилот не се произведува во Тетово. Станува збор за еден спин-оф на Рајнско-Вестфалиски Технички Универзитет Ахен, почнат во времето кога електромобилноста уште беше ентузијазам и луѓе веруваа дека од сопствената гаража можат да го сменат светот и преку ноќ да го префрлат да се вози на струја. Компанијата денес се води под Next e.GO mobile SE и на автомобилската сцена има апсолутно ултрамаргинално значење. Не постои производител што помалку значи на автомобилскиот пазар. Концептот на автомобилот и технологијата за истиот потекнуваат од раните 2010-ти години. Значи, утка уште пред старт. На тест-возење во прочуениот германски магазин Ауто Билд, нашите ценети колеги заборавија секаков патриотизам и навивачка еуфорија и оценија дека тоа е најлошиот автомобил што воопшто се појавил на тест во историјата на магазинот. Дури и името на автомобилот е останато во тие времиња, кога се замислуваше како еден ден ќе изгледа електромобилоста: Автомобилот се нарекува e.Go. Несреќниот e.Go досега никој не го сакал, и нема ниту да го сака, затоа што е катастрофално лош автомобил, во поглед на изработката, во поглед на комфорот, во поглед на индустриското искуство. Најголемиот дел од историјата на автомобилот, помината е во навивање. Исто како Македонија што се надева дека еден ден ќе доживее пристојна власт, така и автомобилската сцена, барем еден микро-дел од неа, се надеваше и очекуваше дека e.Go еден ден ќе стане хит на пазарот. Целата замисла пропадна откако Германија воведе субвенции за електрични автомобили. Поточно, крајот за Next e.GO Mobile дојде кога германските власти ги зголемија субвенциите. Производителите учествуваат со 3.000 евра во субвенционирањето на електричните автомобили, државата на тоа додава уште 6.000 евра. Тие 3.000 евра за Next e.GO беа премногу. Заработката што компанијата имаше намера да ја постигнува, доколку еден ден се оствареше првичната намера за e.Go да почне да се произведува во нормална серија, беше помала од субвенцијата од 3.000 евра, што производителот требаше да ја „одзема“ од цената на автомобилот. Менаџерите што ја унесреќија целата добронамерна замисла со e.Go, тогаш дојдоа на идеја да го поскапат автомобилот. Цената се движеше малку под 20.000 евра, а во новата и поскапа варијанта, требаше да се обезбеди простор за профит и да се дојде до 25.000 евра. Така се случи e.GO да добие поубава пластика, додатоци што го преправаа автомобилот да личи како да е кросовер, шарени седишта, радио со голем дисплеј. Нормално, e.Go и натаму никој не го сакаше. Народот си купуваше Renault Zoe, Nissan Leaf, BMW i3, VW e-Up, пазарот веќе имаше одлична понуда во тој ценовен сегмент, што со масивните субвенции стануваше достапен за поширок круг купувачи. Целата идеја е преку e.GO да се извлечат народни пари од буџетот и тие никогаш да не се потрошат во фабрика за електрични автомобили, од којашто истиот тој народ ќе има корист Next e.GO mobile пропадна, па се јавија некои инвеститори, за коишто на јавноста никогаш не ѝ било јасно како може да бидат толку наивни и неискусни, па да вложуваат во компанија од којашто никогаш нема да бидне нешто повеќе. Секако дека тоа не се наивни и неискусни инвеститори, туку се дрски ликови, кои штотуку се оттргнале од класичниот криминал. Тоа сега се случува со веста за e.GO во Македонија, во Тетово. Суштината е во тоа што парите што му се земаат на македонскиот народ за даноци, такси, убавини и неубавини, во милионски износи ќе се извлечат од буџетот и божем ќе се насочат за изградба на фабрика, од којашто Македонија ќе стане автомобилска светска сила. Значи, точно тоа, целта со разгласувањето дека ќе се произведуваат електрични автомобили во Тетово, не е друга, освен вадење пари што во буџетот се собрани од народот, за наводно градење фабрика. Уште отсега е сигурно. Во Тетово нема да се изработи ниту еден електричен автомобил од марката e.Go, ниту која било друга марка. Неколку прашања што папагал-медиумите пропуштија да си ги постават пред да разгласат вест дека во Македонија божем ќе се произведувале автомобили, па уште и електрични: Кој тоа ќе го купува e.GO, покрај сите останати модели на струја што денес ги нуди пазарот? Дали тетовскиот автомобил на струја ќе му го зема пазарот на електрчниот Fiat, што 100% вистинито ќе почне да се произведува веќе в година во српски Крагуевац? Каква енергија ќе користи фабриката за производство на автомобили? Јаглен? Мазут? Нуклеарна? Какви патишта водат до и од Тетово? Дали има железница, речен транспорт? Каков СО2-отпечаток ќе има производството во фабриката во Тетово? Дали производителот ќе плаќа милионски еко-пенали затоа што не може да постигне СО2-неутралност? Кога ќе почне обуката на кадар, за работа со високонапонската техника во e.GO? Дали се обезбедени потребните количини микрочипови, коишто хронично и недостигаат на браншата? Каква цена има договорено со снабдувачите со батерии? Има ли останато доволно суровини за e.GO? Тоа се само неколку основни прашања, на коишто со искуството од пластичарска улица малку кој од северно-автомобилистиве може да одговори. Реалноста е сосем различна: Македонија уште се нема ниту свестено дека крш-автомобилите донесени од бугарските отпади ја предизвикуваат катастрофалната загаденост на воздухот ширум земјата. Во Македонија не постојат субвенции за електрични, па барем и за хибридни автомобили. Токму во Тетово ќе доживеете една смешно трагична слика, кога сите се седнати да возат автомобил, само за да се возат. По улиците не е метеж, туку е пекол. Не само Тетово, сите македонски градови се обезличени и претворени во автопат и паркиралиште, во манијата дека автомобил мора да се вози. Во таква средина зборуваме не само за електрични автомобили, туку за производство на електрични автообили? Чудно е еден влијателен медиум од автомобилската сцена, да пропагира автомобилите да се возат помалку? Аутомедиа.мк се залага за култура на мобилноста, за некои наследници на пластичарите да постават стратегија во водењето на возниот парк на ниво на држава, за повторно воспоставување на кревниот природен баланс меѓу животот на човекот и потребата од автомобилот. Но, тоа е веќе нормална тема. https://automedia.mk/objavi/ego-mobile-tetovo/ |
|||||||
Carpe diem
|
|||||||
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #59 Posted: 30-Nov-2022 at 17:46 | ||||||
(ВИДЕО) Зошто доцни почетокот на изградбата на фабриката за електрични автомобили кај Тетово
https://360stepeni.mk/video-zoshto-dotsni-pochetokot-na-izgradbata-na-fabrikata-za-elektrichni-avtomobili-kaj-tetovo/ |
|||||||
Carpe diem
|
|||||||
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #60 Posted: 13-Apr-2023 at 17:39 | ||||||
(ВИДЕО) Требаше за осум недели, но и по осум месеци од првата лопата ја нема фабриката за електрични автомобили во Тетово
https://360stepeni.mk/video-trebashe-za-osum-nedeli-no-i-po-osum-mesetsi-od-prvata-lopata-nema-fabrikata-za-elektrichni-avtomobili-vo-tetovo/ |
|||||||
Carpe diem
|
|||||||
Post Reply | Page <1234> |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |